Macedoniae acta archaeologica 4 (1978) · стр. 151–157

Еден доцноантички гроб од село Старо Лагово-Прилепско

Во текот на мај 1967 година на површините на поранешната земјоделска задруга „Мирче Ацев", што се наоѓат во атарот на село Старо Лагово, на околу 5 км. југозападно од Прилеп, со длабоко орање бил откопан, односно разнесен еден гроб.

Гробот се наоѓал во близината на задружните економски згради, а бил откриен на длабочина од 0,40 м, за жал плугот од трактор гасеничар го разнесол целиот. По известувањето од страна на изведувачот на работите, на лице место излегол домаќинст на Народниот музеј од Прилеп и ги собрал растурените и делумно уништени гробни прилози и делови од скелетот на покојникот.1

Според информациите добиени од домаќинот на Музејот, гробот бил направен од неколку големи шкрилести плочи кои во моментот на посетата биле откорнати гробот бил поставен во правец исток-запад, а прилозите биле веќе извадени и разместени од изведувачот на работите.

Најверојатно се работи за гробна правоаголна циста, направена од шкрилести делумно обработени MAOUM, доста чести на поблиското и подалечното подрачје на Прилеп.

ГРОБНИ ПРИЛОЗИ:

а) Керамика

— Бомбест сад со кус цилиндричен, хоризонтално канелиран врат, рамно и нешто задебелен обод под кој излегува една лентеста држалка. Дното на садот с нешто длабното, а на средината има WAacтично копче. Садот е со темно сива боја, направен е од добро прочистена глина и добро е печен. Димензии: 155 145/53 см. Инв. бр. 3. — Maa сад co ДВе ACHTCCTH AP7KaAKH, рамен и сосема Малку Hsвлечен према надвор, обод остро нагласен премин од стомакот кон АНОто на садот, кое е мало, рамно и масивно. Од надворешната страна на садот во два хоризонтални реда, вертикално е нанесен жигосан вегетабилен орнамент во форма на листови од питома папра. Под секоја од држалките е жигосан по еден паприн лист во хоризонтална положба. Садот е со светло сива боја, направен од лошо пречистена глина, измешана со ситна песок и лошо е печен. Димензии: 8х9х 7,3 см. Инв. Ор. 3504. Ca. 2.

— Длабока паница со рамен према надвор испуштен обод, косо тело и ниско прстенесто дно. Од горната страна на ободот е нанесен орнамент од коси зарези, поставени меѓу две концентрични линии кои чинат кружен прстен. Тањирот е делумно фрагментиран и реконструиран, боја светло сива, направен од фино прочистена глина и добро е печен. Димензии: 622 «5,5 см. Hus. бр. 3506. Са. 3.

-- Плитка голема паница, со рамно исфрлан према надвор обод, кој завршува со мали полумесечести изрази, дното широко и рамно. Во средниот внатрешен дел садот е украсен со два концентрични круга изведени со длабоки и густи убоди. Ободот од горната страна е украсен со по две вертикално поставени лифчиња изведени со жигосување, а помеѓу две групи од лифчиња наизменично со по еден зарез во форма на врв од стрела. Рамото на садот е украсено со низа длабоки канелури изведени со притискање на прст. Димензии: 35 2,5 см. Инв. бр. 3507. Са. 4.

Паницата е направена од светло сива добро прочистена глина, а лошо е печена.

6) Стаклени садови

-- Четвороаголен стаклен сад со кус цилиндричен врат, широк хоризонтален обод и малку вдлабнато дно. Димензии: 11%5,35,3 см. Инв. бр. 3496. Т. I. Са. 1.

— Четвероаголен стаклен сад со зеленкаста боја, сличен на претходниот. Димензии: 10,555,5Х 5,2 см. Hus. бр. 3497. Т. I. Са. 2.

-- Фрагментиран четвороаголен стаклен сад со искосен врат и рамен обод, боја зеленкаста. Димензии: 5,6 5,3 cm. Hus, бр. 3498

— Фрагментиран стаклен сад, најверојатно амфора, со зачуван обод и дел од вратот и траги од две држалки на ободот, боја сгетлозелена. Димензии: 4,3 X 4,00 см. Инв. бр. 3500. Т. I. Са. 4.

Во разрушениот гроб беа најдени уште неколку ситни фрагменти од други стаклени садови, кои не можат да се реконструираат.

— Фрагмент од стаклен Унгвентариј со очуван обод И дел од вратот, боја светло зелена. Димензии: 7 X1,8 см. Инв. бр. 3501.

в) Метални предмети

-- Една бронзана лачна фибула масивно АНеНа, доста нагризена од дива патина. Ногата на фибулата е украсена со 10 гравирани алчиња поставени од страна, а по средината врежана украсна лента со коси зарези, која преминува и го покрива и лакот, а рамената на фибулата се скалесто решени. Димензии: 90Х58Х12 мм. Са. 5.

-- Два фрагмента од две бронзени игли, со кружен пресек многу оштетени. Инв. бр. 3509 и 3510.

Ca. 5
Сл. 5

г) Монети

Во гробот беа најдени 13 монети, сите мали бронзи и доста оштетени. Му припаѓаат на римските императори Делмациус и Констанциус П.

Керамичките прилози во нашиот гроб, односно нивните форми се доста чести и застапени скоро во сите доцноантички некрополи од поблиското и подалечно подрачје на Прилеп. Многу честа форма на бомбасти или биконични садови со една држалка, какви ги има на некрополите во Пештерица?3 Ташачица,4 Алинци,5 Скупи6 и други.. Што се однесува до паниците од нашиот гроб, тие се направени од светло сива глина, исто така присутни во повеќето доцноантички некрополи. Меѓутоа, такви форми украсени со жигосани вегетабилни и геометриски орнаменти се насѓаат и во станбените и рустикални објекти. Идентични форми на паници се најдени во рустикалниот објект во Пештарица,7 Прилепец,8 во првиот доцноантички станбен стратум врз напуштениот театар во Хераклеја Линкестис,9 во некрополата Дукла,10 Емона!11 и други. Честата појава на разни форми на паници-плитки или длабоки, со светло сива боја, украсени на споменатиот начин, претежно по ободите на садовите, на повеќе места во Македонија, а поготово во Пелагонија, не тера на помислата дека тоа се производи од наше локално производство и дека му припаѓаат на типовите од таканаречената Македонска сива керамика.

Белешки

  1. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам за добиените информации на домаќинот на Народниот музеј од Прилеп, Цане Насески ↩
  2. Некропóли: Пештерица, Ташчица, Алинци и др. ↩
  3. К. Кепески, Северозападна некропола на вилата рустика во Пештерица kaj Прилеп. Macedoniae acta archaeologica 2, Прилеп 1976. стр. 205 ↩
  4. Б. Бабиќ, Бакалиџа и Ташчица, Прилеп, Археолошки преглед 3, Београд 1961. стр. 97—100. ↩
  5. Материјалот не е објавен. ↩
  6. И. Микуачик, Доцноюрмски гробови од Скупи, Годишен зборник на фил. фак. Скопје, книга 26, Скопје 1974. стр. 109 : : ↩
  7. Кепески, Villa Rustica но Пештерица кај Прилеп, Macedoniae acta archaeologica 2, Прилеп 1976. стр. 146 ↩
  8. Материјалот не е објавен. ↩
  9. Материјалот не е објавен. ↩
  10. А. Цермановиќ-Кузмановиќ, О. Велимировиќ-Жижиќ, Д.Срејовиќ, Античка Дукља, Некрополе, Титоград 1975. стр. 165 ↩
  11. Petru, Ermonske nekropole, Ljubljana 1972, T. CIX ↩
  12. Ibid. T. CV ↩
  13. Цермановиќ-Кузмановиќ и др. Ор. cit. 171 ↩
  14. Материјалот не е објавен. ↩
  15. И. Микулчиќ, Op. cit. XXX sl. 65 ↩
  16. S. Petru, Op. cit. T. CV, CVI ↩
  17. А. Цермановиќ-Кузмановиќ и др. Op. cit. 171 ↩
  18. Б. Бабиќ, Op cit. 97—100 ↩
  19. Материјалот не е објавен. ↩
  20. Материјалот не е објавен. ↩
  21. И. Микулчиќ, Ор. cit. 125 ↩
  22. H. Cohen, Monnaies sous lémpire romain, Graz 1955, kn. VII, No-4 ↩
  23. Ibid. kn. VII. No-293 ↩
  24. Ibid. kn. VII, No-95 ↩
  25. К. Кепески, Op. cit. 208 ↩
  26. И. Микулчиќ, Ор. cit. 121 ↩
  27. К. К. Кепески, Ор. cit. 143 ↩
  28. Материјалот не е објавен. ↩
  29. Материјалот не е објавен. ↩
  30. Материјалот не е објавен. ↩
  31. Илустрациите ги изработи Радмила Изванишевиќ, препаратор при Народног музеј од Прилеп. ↩
  32. Фотографите ги изработи Бранко Јелиќ, фотограф при Народног музеј од рилеп. ↩
  33. In 1967 during some deep furrowing of the land estate of the Agricultural Cooperation »Mirée Acev«e at the village Staro Lagovo a grave rich with objects was messed up by a plow. The village of Staro Lagovo is situated about 5 km. south-west from Prilep not far from the highway Prilep-Bitola. Coming out on the terrain the people from the museum stated that the grave was made of large schistose slightly hewed plates, that it was a rectangular grave cist and that the unearthed objects were partly destroyed. ↩