Macedoniae acta archaeologica 3 (1977) · стр. 125–141
Осврт врз извршените работи во 1975 година на ранохристијанската ТРИКОРАБНА баз илика и раносредновековната некропола на локалитетот "Св. еразмо”
ОСВРТ ВРЗ ИЗВРШЕНИТЕ РАБОТИ ВО 1975 ГОДИНА НА РАНОХРИСТИЈАНСКАТА ТРИКОРАБНА БАЗИЛИКА И
РАНОСРЕДНОВЕКОВНАТА НЕКРОПОЛА НА ЛОКАЛИТЕТОТ „СВ. ЕРАЗМО“
ВЛАДО МАЛЕНКО — Охрид
Во текот на 1975 година, од јули заклучно со ноември, се продолжи со работа на локалитетот „Св. Еразмо“. Се раскопа простор од 3,375 M, на кој се откри монументална ранохристијанска базилика со димензии: 54 м долга и 27 м широка (са. 1, 2, 3), и раносредновековна некропола со 117 гробови, која се протега на самиот објект и околу него (сл. 4, 5).
Базиликата се состои од простран атриум, нартекс, северна и ју- „на пастофорија (северен и јужен анекс), три кораба со ѓаконикон на источниот крај од северниот кораб, раскошен презвитериум со крипта и посебно обработен олтарски простор, крстилница источно од јужната пастофорита, со кружна писцина во средината и ходник кој ја поврзува со јужниот кораб од базиликата.
Напоменуваме дека работите се во тек, поради што не можеме да дадеме конечна научна интерпретација за овој објект. Овој труд е еден вид информација (како и претходниот во Macedoniae Acta Archaeologica II) за сознанијата добиени по извршените работи во 1975 година.
Откриените гробови претставуваат посебна целина. Тие ќе бидат презентирани во одделен труд, по антрополошката обработка на костурите и расчистувањето --- конзервирањето на бројните гробни прилози, како и нивното фотографирање и исцртување, зафати кои се во тек. На ова место информативно ќе ги изнесеме добиените сознанија и потребата од понатомшни зафати за целосно систематско испитување на овој локалитет.
Од откриените 117 гробови во двете кампањи, 1974/75 година, сознанието дека некрополата се протега западно од објектот, можноста да се открие уште некој гроб на просторот југоисточно од базиликата (која се уште не е дооткриена до нивото на подовите), како и уништените гробови при извршувањето на земјените работи на овој простор (нивелирање на ниви и поставување на пругата Охрид---Кичево) — може да се каже дека се работи за обемна некропола. Идните испитува-
ња на овој локалитет ќе ја определат и границата на оваа мошне интересна и значителна раносредновековна некропола. Врз основа досега откриените гробови, нивните гробни архитектури, гробните прилози како и распоредот и ориентацијата на гробовите, со сигурност може да се каже дека е во прашање некропола на која може да се следи континуитет. Ова сознание поставува нови задачи и упатува на откривање на населбата на погребените во некрополата, која најверојатно се протега во нејзина непосредна близина. Брдото „Св. Еразмо“ на кое се протега елинистичка и римска утврдена населба (2—) со неговата природна конфигурација и југоисточна падина, се чајпогодни простори на кои треба да се насочат истражувањата за пронаоѓање на раносредновековната населба.
За досега откриените раносредновековни некрополи, со гробни прилози слични на нашата, кажано е во претходниот труд објавен во Macedoniae Acta Archaeologica 11.
При досегашните ископувања откриени се остатоци од зидови на антички градби, со се уште нејасна припадност и хронолошки се уште недоволно прецизирани, на кои е поставена — соф5идана базиликата.
На просторите северозападно и североисточно од објектот се открија зидови од кршен камени кал со засега нејасна припадност и
хронолошка детерминација. Во архитектурата на самиот објект при-
сутни се подоцнежни доградувања и преградувања, кои укажуваат на егзистенцијата и развојот на самиот објект, прилагодуван спрема потребите.
Што се однесува до состојбата на објектот и по подоцнежните интервенции на овој простор, градбата е релативно добро сочувана, со исклучок на југозападниот дел на објектот, и тоа атриумот, јужните зидови на јужната пастофорија и крстилницата (сл. 6). Бидовите од југозападниот агол на атриумот се откриени во негатив, но и врз ос: нова на нив сознаваме дека се работи за просторија со засега нејасна намена. Од јужните зидови на јужната пастофорија и крстилницата сочувани се мали фрагменти од зидовите, како и нивните негативи по целата должина, кои се достатни за извршување на нивната реконструкција. Извесни делови од мозаичните површини, како и архитектурата на објектот, оштетени се во време на вкопувањето на гробовите од раносредновековната некропола (са. 4, 5). Бидовите се доста компактни, зидани од кршен камен и варов малтер, со употреба на тули како либажен слој на поодделни чидови (зидовите од нартексот, северната и јужната пастофорија и трите кораби). Столбовите од стилобатите на средишниот кораб (по 7 на северниот и јужниот) зидани се од поголеми тули, со црвенкасто-розов малтер изработен од толчена тула
и вар. Како градежен материјал употребуван е и бигор — за изработка на лаците и сводовите. Дебелината на зидовите изнесува од 0,65— 0,90 mM, а височинската сочуваност од 0,30—1,70 м од рамништето на подовите.
Врз основа овогодишните потфати — дооткривањето на источни: те делови од северниот и средишниот кораб, јужниот кораб и просторот јужно од него, јужниот АСА на нартексот и средишниот АСА ОА атриумот, можеме да го кажеме следното:
— во крајниот источен дел од северниот кораб се откри просто: рија дополнително созидана на 0,50 м од рамништето на подот (со тули), во која се влегувало со скалило од западната страна, а од источната низ влезот на источниот ѕид од северниот кораб, широк 0,96 м. Оваа просторија најверојатно претставува ѓаконикон (сл. 7).
— во источниот дел на средишниот кораб се откри раскошен презвитериум со крипта обрабен со бема и посебно обработен ОАТарски простор, со различни рамништа на подовите, (сл. 8);
-- во јужниот кораб нема влез од источната страна, туку постои влез во средината на јужниот ѕид, кој води во тесен правоаголен ходник со правец исток-запад, кој ходник ја поврзува крстилницата со јужниот кораб (сл .9);
— на крајните источни делови од северниот и јужниот стилобат се присутни подоцнежни интервенции — прилагодување на просторот за комуницирање меѓу презвитериумот, олтарскиот простор и страничните кораби;
-- западно од нартексот на базиликата се протега дворот на атриумот, во кој се влегувало од западната страна и по должина на тремовите кои се протегаат на неговата северна и јужна страна. Во центарот на дворот се наоѓа бунар созидан во СУВОЅНА, во кој зидовите се поставени во дното на бунарот, на поголема камена плоча. Особено се интересни просториите кои го опкружуваат атриумот од северната и западната страна, како и југозападниот агол. Што претставуваат тие, засега не може да се каже. Овој дел на објектот кој бил дополнително президуван, адаптиран и преградуван е интересен и по тоа што северниоти јужниот трем не се еднако созидани. Додека северниот трем е отворен спрема двориштето со 5 столици (зидани од кршен камен и раров малтер), јужниот трем по целата должина е отворен само на источната половина со 3 столпци, а западниот дел е созидан (ел. 1, 3, 6).
Од откриените две камени скали од левата страна на влезот во атриумот, од кои на горниот постојат остатоци од изделкани вдлабнатини за поставување на дрвени греди, може да се претпостави постоење на дрвени скали кои воделе на кат, во северното и западното кри ло од атриумот. Во секој случај овој распоред на простории околу атриумот, со веројатно катна конструкција, поставува се уште многу, делумно неразјаснети прашања, на кои ќе можеме да одговориме по деталните научноистражувачки испитувања.
Од мнозинството откриени цели и фрагментирани столбови, меноа, парапетни плочи — релјефно украсени со растителни и геометриски мотиви, капители и бази, камени греди од навратници и довратни-
ци, како и во големо количество мермерни плочки за оплата на ѕидовите, сознаваме за богатството и раскошот на внатрешната пластична декорација на базиликата. Меѓу мермерните плочки разликуваме плочки со различни димензии, дебелини и бои, со кои биле покриени ѕидовите на ОАТАРСКНОТ простор од внатрешната страна. Исто така, мнозинство столбови и остатоци од парапетни плочи, надвратници и довратници, како и вдлабнатините на мермерните блокови од бемата со изделкани канали 3a турање на жешко олово за нивелирање и прицврстување на столбовите, овозможуваат добивање сознание за иконостасот и преградувања во презвитериумот, за чија делумна реконструкција постојат доволно елементи.
Од зидната декорација на зидовите од северниот и јужниот кораб, како и нартексот, се открија остатоци на зидан малтер. Тоа се остатоци од цоклата, живописани со геометриски и растителни орнаменти. Сликани се со црвена, црна, жолтеникава и зелена боја.
Дека во идната декорација на оваа базилика биде застапени и зидни мозаици и режано стакло, сознаваме од мнозинството најдени фрагменти од зидан мозаик на варова подлога, и големото количество ситни мермерни коцкички, коцкички од стаклена паста, стакло и позлатени, како и режано стакло.
Во базиликата постојат неколку вида подови, и тоа: ПОДОВИ ОД камени плочи, мозаични подови од ситни коцкички и мозаици во техника опус-сектиле, како и подови од тули. Со камени плочи покриени биле подовите во атриумот, кој плочник не е сочуван, но врз основа сочуваните остатоци од западниот дел во атриумот, скалите од западниот дел во двориштето и скалите од влезот од двориштето во Нар: тексот, може да се каже, дека двориштето било поплочено со камени Плочи.
Подови од тули поставени се во северниот, јужниот кораб, како и во крстилницата, а не е исклучена можноста и во тремовите и поодделни простории во атриумот. Тулите се поставени на подлога од варов малтер, во наизменични редови хоризонтално и вертикално.
Раскошни мозаични подови го покривале просторот од влезот во нартексот, нартексот со пастофориите, ѓакониконот, средишниот кораб, олтарскиот простор и северниот и јужниот простор од презвитериумот, помеѓу бемата и зидовите од северниот и јужниот стилобат. Мозаикот е работен од ситни, камени, мермерни и керамички коцкички, како и коцкички од стаклена паста во различни димензии од 0,5— 1,3 cm’. Ситните коцкички и коцкичките од стаклена паста се употребувани при изработката на претставите во медалојните, додека со појадрите коцкички е исполнуван останатиот простор на медалјонот, геометриските орнаменти и бордурата. Регистарот на бои во изработката на мозаикот е следниот: бела-црна; сива, црвена, розова, жолтеникаво-бела, зелена и сина. Подлогата на мозаикот се состои од супструкција изработена од кршен камен и варов малтер, над кој е поставен слој од компактен малтер со поголемо количество вар, врз кој е поставувана мозаичната подлога од црвен малтер (смеса од толчена тула и вар) на која се поставувани мозаичните коцкички. На поодделни делови, каде повеќе се комуницирало, мозаичните коцкички се плитки и доста излижани, што укажува на долга употреба. Како потврда за долгата употреба на мозаикот се и извршените ретуши на поодделни места, уште во античко време на егзистенцијата и употребата на објектот. Ретушите се извршени доста нестручно и грубо, со пополнување на оштетените простори со мермерни плочки и плочки од зеленкаст камен песочник-лиска. Најмногу интервенции се извршени во западниот дел на средишниот кораб.
На влезот од нартексот, кој е ограден од северната и јужната страна со два пиластри прилепени на западниот ѕид од нартексот, претставена е розета обрабена со бордури, плетеници и геометриски мо-
тиви (ел. 10). Целата правоаголна површина од нартексот исполнета € со мозаик, кој се состои од главно, средно поле, врамено со две бордури и фриз во средината. Од источната, западната и јужната страна на бордурата дадени се квадратни и правоаголни полиња со геометриски претстави (сл. 11). Во централното поле фризот, од северната и jyжината страна врамени се две правоаголни полиња. Северното поле е поделено на два дела, така што во едниот дел е претставена вегетација и птици, додека во другиот --- меандер, кој образува полиња во кои се претставени цветови и плодови (СА. 12), а во јужното правоаголно поле е прикажан геометриски мотив (сл. 13). Во средишниот дел од фризот, претставен е геометриски мотив, кој наизменично се повторува.
Во северната пастофорија централното поле, обрабено се преплет, поделено е со четири метопи, во кои се претставени геометриски мотиви (сл. 15). Во јужната пастофорија централното поле е поделено на 20 правоаголни медалјони, во кои се претставени: птици, риби, животни, геометријски мотиви и вегетација (сл. 16).
Во ѓаконикот мозаикот е доста оштетен, сочувани се остатоци само од бордурите, во кои се застапени геометриски мотиви (сл. 7).
Средишниот кораб е покриен со раскошен мозаички КНАНМ, во кој централниот фриз е поделен на четири реда по 12 четвртести медалјони (вкупно 48 медалјони), обрабени со три бордури од различни геометриски фигури. Во четвртестите медалјони прикажани се претстави на риби, птици, животни, кантарос со винова лоза и птици, геометриско-растителни мотиви и фантастични животни. Карактеристична појава во претставата на медалјоните е исполнувањето на сиот слободен простор со растителни и геометриски мотиви, како уметникот да се плашел од слободниот простор (сл. 17).
Северно и јужно од олтарската врата се наоѓаат два поголеми правоаголни медалјони, од кои во северниот е претставен раскошен цвет во ромбоидно поле, а во јужниот се претставени две птици и геометриски и растителни мотиви (сл. 8).
На северниот и јужниот простор од презвитериумот, просторите помеѓу бемата и зидовите од северниот и јужниот стилобат, претста вени се геометриски и растителни мотиви (сл. 8).
Мозаикот во ОАТАРСКНОТ простор е фрагментарно сочуван, но достатно за да се добие претстава за мозаичниот мотив. Мозаикот го следи обликот на полукружната апсида. Во централниот фриз, кој е обрабен со две бордури, од кои на надворешната е претставен мотив од лоза, а на внатрешната преплет, во просторот на темето од апсидата претставен е кантарос со хералдично претставени елени, а лево и десно од нив фризот е исполнет со претстави на вегетација (дрвја и трева) и по две патки од обете страни (сл. 18).
Од олтарската врата на презвитериумот, широка патека пополчена со големи мермерни плочи води до чесната трпеза, под која се наоѓа крипта со крстеста форма. Отворот на криптата е покриен со мермерна плоча, на која стоела мензата врз две обработени мермерни
Подовите во презвитериумот покриени се со мозаици во техника опус-сектиле, со различни мозаични мотиви во четирите полиња од грезвитериумот, кои се протегаат северно и јужно од патеката која води до мензата и северно и јужно од мензата (сл. 8). Просторот источно од мензата и малата апсида обработен е посебно. Геометриските мотиви составени се од мермерни плочки од бела, сива и црвенкаста боја и плочки од зеленкаст песочник-лиска. Исти претстави на мозаик во техника опус-сектиле присутни се и на страничните призидани пиластри, прилепени на големата апсида.
Новооткриената базилика кај св. Еразмо се издвојува меѓу останатите ранохристијански цркви во Охрид и околината)3 и тоа, пред се со некои конструктивни особини, како што е обликувањето на полукружниот простор во склопот на големата апсида, со дополнително призиданите пиластри и ѓакониконот од северната страна, како и просториите во атриумот. Призиданите пиластри веројатно служеле како место за хорови, а истовремено како комуникација помеѓу презвитериумот и апсидалниот ходник со ѓакониконот од северната страна и јужниот кораб од јужната страна. Обликот на презвитериумот со поплочени подови од мермерни плочици во техника опус-сектиле, потсетува на базиликата ,A во Хераклеа Линкестис,4 додека во самиот Охрид таков вид подови не беше познат. Колоритот на мозаикот, неговата техника и обработените мотиви претставуваат новина во ранохристијанските базилики со разновидна декорација во охридскиот регион.5
На орнаменталните украси на мозаичните подови, кои се доста добро сочувани, се забележува дека се новина и се различни од досега познатите мотиви во охридските базилики; оставуваат впечаток дека на нив е присутна поголема архаичност.б6
По овогодишните предвидени археолошко-конзерваторски зафа: ти (археолошко доиспитување на просторот непосредно покрај самиот објект, испитување на просторите под подовите по дигањето на мозаичните површини), ќе бидеме во можност да ги определиме сите присутни градежни интервенции на овој монументален објект и интере сен простор, со конечна научна интерпретација и хронолошка АеТер: минација.
Белешки
- Работите ги изведуваше Заводот за заштита на спомениците на култура: та и Народен музеј Охрид, со стручната екипа: археолози -- Владо Маленко и Елена Чипан, В. Корошец, Даница Размоска, Ил. Кузманоски; инж. арх. Тодор Паскали, антрополог М. Стефанчиќ, фотограф и конзерватор-препаратор П. Алчев, конзерватор-графичар I. Крстески, конзерватор-академски сликар /. Дескоски и конзерватор-сликар A. Плевнеш. Со работите раководеше Владо Ма- ↩
- W. Unverzagt, Die Bunganlage tiber dem Kloster sv. Erazmo am Ochridasee, Germania XXXII, 1954. ↩
- Д. Коцо, Ранохристијански базилики во областа на Охридското Езеро, Зборник на трудови, посебно издание, Охрид 1961, 15. ↩
- Хераклеја II, Битола 1965, Таб. 11. ↩
- T. Mano Зиси, Пролегомена уз проблеме касноантичког мозаика у Илирикуму, Зборник радова Народног музеја, Београд 1959, 16. ↩
- A. Коцо, I, op. cit. ↩
Summary
A Review of the Works Carried Out in 1975 in the Three-Aisle Early Christian Basilica and the Early Medieval Necropolis in the Site Sv. Erazmo
In 1975, from June till and including November, the works continued in the site Sv. Erazmo. A space of 3.375 sq.m was uncovered in which extends a monumental three-aisle early Christian basilica 54 m long and 27 m wide. In the area of the basilica and its immediate vicinity there is an early medieval necropolis with 117 graves.
The basilica consists of the large atrium with the court and the well in the middle of it, with the rooms around the court, probably with the storied construction, narthex, northern and southern pastophory (annexes), three aisles and the diaconicon in the eastern part of the northern aisle, a beautiful presbytery bordered by7 bema, with the crypt and specially arranged altar space with few levels of the floors, as well as with the baptistery7 eastward of the south pastophory, with a round piscina in the middle of it and the hall which links it with the southern aisle of the basilica.
It should be underlined that the works are in progress and that this paper has the character of information on the results of the works carried out in 1975 and the suggestion what should be done in the future.
The unearthed graves represent an entity in which we follow the continuity of the use of the necropolis on the basis of the grave goods, grave architecture and the arrangement of the graves, although the necropolis has not been completely dug up (it extends westward of the object). Taking also into consideration the graves which have been destroyed by now (during the levelling of the ground and setting the railroad tracks from Ohrid to Ki¢evo), we may infer that a larger1 necropolis is concerned, which on the other hand points to the existence of a settlement.
On the hill Sv. Erazmo there is a fortification which existed in the Hellenistic and Roman times and which existed most probably in the early Middle Ages as well.
The basilica was built on the base of the older antique buildings used for the purposes not defined so far and chronologically not precised sufficiently. The basilica is rather well preserved except its south-western ‘corner of the atrium.
Some parts of the surfaces with mosaic and the architecture of the object were damaged at the time when the early medieval necropolis was placed there. The architecture of the object shows later additions and partitioning, ге. the deveiopment of the object itself. The walls are rather compact. Their thickness reaches 0.65 to 0.90 m, while their preserved parts are 0.50 to 1.70 m high, reckoning from the level of the floors. They were made of broken stones plastered with lime mortar. Bricks were also used for the layers of the columns and sinter for arches and vaults.
The stone-marble decorative elements, found in a large quantity, the remains of mortar of the socle frescoed with floral and geometric motifs, as well as the fragments of the wall mosaic and cut glass, give us a picture of the richness and luxury of the inner decoration of the basilica. saic floors which covered the space of the entrance to the narthex, narthex with the pastophories, diaconicon, nave, the altar space and the northern and southern space of the presbytery between the bema and the walls of the northern and southern stylobate (the mosaic was made of small stone, brick and glass paste cubes). The motifs were these: geometric, floral, figural, faunal, bird and fish-like, as well as those with phantastic animals. The surfaces with mosaic had retouchings, unskillfully made of small marble pieces and sandstone, while some of them were made in the technique »opus sectile« covering the floors in the presbytery (geometric motifs made of marble pieces in different colors and of sandstone).
The newly uncovered basilica at the Sv. Erazmo differs from the other early7 Christian churches in Ohrid and its neighborhood in the first place by some construction characteristics (the alter space with the presbytery) and by5 the floor made in the technique »opus sectile«. The coloring of the mosaic, the technique of make and the representation, as well as the motifs, are a novelty in the early Christian basilicas with varied decoration in Ohrid and its surroundings and they make an impression of greater archaicism.
After the foreseen archaeological and protecting works terminate in 1976, we shall be in a position to give a final scientific interpretation and the chronologica} determination of this extremely interesting complex.