Macedoniae acta archaeologica 3 (1977) · стр. 103–115

Извори за рударство и металургијата во Античка Македонија

Развитокот на материјалната култура во сите човечки општества е тесно поврзан со добивањето и употребата на разните рудни минерали. Праисториските луѓе уште во енеолитскиот период започнале да ги употребуват еден по друг продуктите на неживата природа и со тоа го поставиле почетокот на металургијата и рударството. Бакарот, од кој се правени најраните метални орудија, станал важен фактор и открил нови перспективи во материјалното производство. Откривањето пак на железото и неговата употреба предизвика вистинска револуција, која го зголемила уште повеќе материјалното производство и влијаела врз целокупниот општествено-политички и стопански напредок.

Како што покажале археолошките ископувања, првиот метал кој станал познат на населението од Балканскиот Полуостров е бакарот, од кој се правени и првите метални орудија на трудот. На територијата на Југославија1 и Бугарија?2 уште во енеолитскиот период (култури Винча и Марица Ве/С1) биле интензивно експлоатирани оксидните бакарни рудни лежишта. Досега во нашата земја се откриени орудија на повеќе од 180 енеолитски локалитети,3 главно во Источна Србија и Сремската област. Наспроти тоа, во нашата Република, кај наоѓалиштата од горниот период на кои досега се вршени ископувања, не се пронајдени бакарни орудија.

Не се знае за причината на овој хиатус на металургијата во Македонија и веројатно идните теренски испитувања, особено по АОАНната на Вардар и Пелагонија, по кои воделе важни патишта во сите временски периоди, ќе дадат одговор на ова прашање. Инаку, општо земено, во балканските области, во енеолитскиот период постоеле потребните услови за развиток на металургијата и рударството, а материјалните докази убедливо ја покажуваат самостојноста на енеолитската металургија.

Покрај бакарот, во енеолитскиот период човекот бил запознат и со златото, а веројатно и со среброто,4 бидејќи овие метали имаат ниска точка на топење (блиска со таа на бакарот) и се среќават заедно во составот на сулфидните, халкопиритни руди. Постоењето на самородно злато, што настанало од распаѓањето на сулфидните руди под влијање на водата, се среќава во речните песоци. Во Југославија се ретки наодите со златни предмети од СНЕОАНТОТ, а најзначителна остава е пронајдена во Сплит — Грипа.5 На подрачјето во ср Македонија досега не се регистрирани златни наоди од горниот период.

Почетокот на бронзената епоха во Македонија се поставува во средината на ПТ-от милениум и таа трае се до XII век пред н.е. Но за поточното датирање на нејзините периоди нема потполни податоци, бидејќи испитувањата на наоѓалиштата од оваа епоха се наоѓаат уште во почетна фаза6 .6

Предметите добиени од легурата на бакар и калај се укажале потрајни и поефикасни, како за одбрана така и за земјоделска и дома- 1uHa употреба. Но додека бакар се среќава и самородно на повеќе места во Југославија и другите области на Балканскиот Полуостров, голема енигма претставува добивањето на калајот (каситерит 5МО:) од страна на првобитните луѓе. Во науката преовладува мислењето дека калајот бил добиван од Мала Азија или од Рудните Планини на Чешка. Не може да се тврди со сигурност дека ваков минерал бил добиван на нашиот терен, иако во Југославија се откриени интересни појави на калај во оловно-цинковите руди.

Минералот на калајот за првпат бил откриен пред 20 години од проф. И. Јуркович?7 во Босна кај Фојница, Киселјак и Сребреница. Нако неговата минерализација не е интензивна и концентрацијата му не е голема, сепак таа била доволна за да ги задоволи тогашните потреби.8

Во Македонија досега се пронајдени мал број бронзени орудија од бронзената епоха. Тоа се три секири од кои двете потекнуваат од наоѓалиштето на Тумба, с. Кравари, Битолско а третата е случаен наод од Прилеп.9 Ваквиот мал број метални орудија го исклучува постоетето на масна металургија и рударска дејност на нашиот терен. Најверојатно овие предмети се донесени од други места на Балканскиот Полуостров. Инаку, на сите други наоѓалишта од бронзеното време, на кои се вршени досега ископувања (Варош, Бакарно Гумно, Прилепско; Тумба, с. Барешани, Битолско и др.) не се пронајдени бронзени предмети.

Покрај низа прогресивни моменти, што се појавија како резултат на откривањето и употребата на бронзата, здобиените познавања во врска со технологијата и правењето легури од два или повеќе метали, придонесоа кон крајот на бронзената и почетокот на железната епоха да се дојде по втор пат до голем развиток на рударството и металургијата во сите балкански земји.10 Во текот на железното време I СКалштат А/В), кое според проф. М. Гарашанин трае од XIII до УП век пред н.е. се пронајдени и бронзени предмети (локалитети: Попадин Дол, Прилеп; Крклино, Битола, Фортуна, трип. Но железни предмети, покрај бронзените се појавуват кон крајот на овој период, односно околу VII век пред Н.е., што е потврдено од ископувањата на голем број локалитети (Криви Дол, Радање, Штип;11 Висои (Беранци), Битола и други?12 Практичната употреба на железото, чиешто добивање од рудата преку рударска дејност во Македонија започнала порано, веќе во VII век пред н.е. одбележува брз развој на материјалното производство.

Според Омир, Траките и Пеонните, кои испратиле свои одреди во помош на Тројанците, се сметаат како добри производители и ковачи на бронзени оружја и воена опрема од бакар, злато и сребро.13 Во текот на VIII—VI век пред н.е. грчки колонисти го запоседнале Егејскиот брег и ги основуваат своите колонии. Тие влегуват во трговски врски со месното население (Македонци, Траки, Илири, Пеонци) и вршат големо влијание врз него. Наедно, тие ги продолжија работите во рудниците на Пангејската Планина, Халкидик, Дисорон и островот Тасос.

Експлоатацијата на богатите рудници на Пангејската Планина, која започнала порано, во VI век била обемна. Добиеното злато и сребро од овие рудници одиграло голема улога за развитокот на ковањето монети во Македонија, чијшто почеток е, исто така, кон VI век пред н. е. Најраните монетни емисии, како нова форма и ново средство при размената на материјалните добра, биле ковани од тракомакедонските племиња, кои ја населувале Пангејската област и бреговите на Егејското Море.

Како што е познато од нумизматичката литература, најраната монета, кована од племето Орески, се појавила во VI век и била направена од електрон (смеса од злато и сребро). Околу 500 година пред н.е. започнале да коваат монети, главно од сребро, голем број грчки колонии, како Неаполис (Кавала), Лета (Ематија), Акант, Еге (Воден), Олинт, Менде и други градови.14

Старите грчки автори ни оставија опширни податоци за рударството на Пангејската планина, како и за рудниците на Дисорон, Халкидик и на островот Тасос. Според Херодот, рудниците на Пангеј биле експлоатирани од атинскиот тиранин Писистрат околу 550 г. пред не. Прогонет од своите политички противници, тој се настанил во Пангеј и учествувал во експлоатацијата на рудниците на злато и сребро од кои заработил големо богатство.15 На друго место Херодот НН дава важни податоци не само за рударството, туку и за племињата кои ги експлоатирале, наведувајќи го следното: „На десна страна се наоѓа Пангеј, висока и голема планина, каде има златни и сребрени рудници, кои ги експлоатираат Пиерите, Одомантите и најмногу Сатрите“16 18 И жителите на островот Тасос знаеле за богатствата на Пангејската Планина, од која добивале во почетокот на У век пред н.е. годишно 200—300 таланта приход, додека само од рудниците на Скапте Хиле добивале 80 таланта приход годишно!“17 За време походот на Персијците некои од овие рудници биле завладеани и експлоатирани од нив.

Околу 465 година пред н.е. Атина ги изместила Тасијците од Пангејската област и времено ги експлоатирала нејзините рудници. Но, сепак, месното население успеало да го зачува своето господство Над нив. Интересот на античките автори за рудниците на Пангејската об-АасТ не престанала низ целата античка епоха. Многу податоци за неа, за експлоатацијата на златото и среброто, како и за настаните што се одиграле во овој крај, оставија Есхил, Еврипид, Ксенофонт, Теофраст и други автори.

Во средината на IV век пред н.е. Филип П ги проширил границите на Македонија на исток и ги зазел и рудниците на Пангеј, кои годишно му давале до 1000 таланта приход. Во 356 година тој изградил нов град, кој го нарекол по своето име Филипи, во чија околина биле откриени нови рудници на злато. Работата во овие рудници продолжила и за време на неговите наследници.18 И кај местото Крина, каде лежи градот Филипи, имало златни рудници.19

Античките автори ја покажуват долината на Стримон, како и Пеонија, за богати рударски подрачја. Особено во Пеонија често биле откривани големи парчиња од самородно злато. Според Плутарх и Ари: стотелд пеонските владетели ги наградувале со златни чаши војниците кои се истакнувале во војната.“д20

За богато рудно подрачје е прикажана од античките автори и областа околу езерото Прасијас и планината Дисорон. Според Херодот, рудниците за сребро биле во експлоатација уште во почетокот на У век, од кои Александар I добивал приход од една таланта дневно.21

Многу податоци оставил Херодот и за богатите рудници на островот Тасос, кои биле во експлоатација во У ВеК,22 додека пак Страбон ги споменува и златните рудници во Халкидик, кај местото Датон,23 кое било колонија на Тасос. Со текот на времето рудниците на Пангеј, дисорон и Халкидик биле исцрпени и работата во нив престанала.

Грчките автори не споменуват за постоењето на железни и бакарни рудници во античка Македонија, но нема спомневања дека вакви рудници постоеле како во Горна така и во Долна Македонија. Тоа го потврдуват број ните налази во наоѓалиштата од елинистичко време. Извесни податоци за тоа ни дават и кованите монети од бронза, број: ните железни предмети пронајдени во некрополите во јужните области на нашата Република.

за експлоатацијата на железните и бакарните рудници во Македонија имаме и еден многу значаен податок од времето кога Македонија попадна под власта на Римјаните. Така Ливие?424 спомнува дека „на Македонците им било забрането да ги експлоатираат златните и сресСрените рудници, додека рудниците за железо и бакар продолжиле да работат“. Но не се знае на кои места се наоѓале ваквите железни и бакарни рудници.

Ако се базираме на податкот на Страбон25 за богатата со злато долина на Струма и Пеонија, јасно е дека во елинистичко време злато било добивано од промивањето на речните песоци во реките на јужна Македонија. Изведените теренски испитувања на нашиот терен потврдија дека во реките во Гевгелиско и Валандовско (Конска и Анска Ре ка) има златоносни песоци, во кои златото изнесува до 6 грама на тон песок. На тоа индицира и хемиската анализа на откриените згури од бакарна руда на локалитетот Буковик, с. Костурино, во кои покрај бакар има и траги од злато и сребро. За рударска експлоатација на злато во коритото на Конска Река говорат и зачуваните огромни грамади од насобрани камења, кои се простират на простор од 10 км низводно од с. Конско до с. Горничет.

Испитувањето на големиот број градишта во јужниот дел на Македонија, особено оние, кои се наоѓат во близина на старите рударски реони (Мариово, Демир Хисар, Костурино, Опеница и др.) веројатно ќе даде податоци и директни и индиректни материјали докази за постоењето на рударска и металуршка дејност на нашиот терен во текот на елинистичкиот период. Тие ќе ги расветлат проблемите на најстарото рударство кои денес уште стојат на отворени претпоставки.

По завладувањето на Македонија од Римјаните настанале големи промени во организацијата на рударството. Согласно римските закони, сите рудници станале сопственост на државата и особено златните и сребрените. Притоа, лицата кои ги експлоатирале биле обврзани со половината од данокот, што порано го плаќале на македонскиот цар.26 Оваа мерка видливо била насочена за создавањето на поголем интерес при експлоатацијата на рудниците.

Врховната власт на рудниците во источните римски провинции (Македонија, Тракија, Мезија и др.) се наоѓала во рацете на императорските прокуратори, кои биле од сталежот на коњаниците. Но се случувало некогаш со раководењето на еднородни рудници од една или две провинции да се бават и лица — ослободени робови. Под власта на прокураторите имало голем број чиновници, кои ја следеле работата во одделни рудници. Притоа се среќават и ситни наематели на помали рудници, наречени Conductores, redemptores.27

Римските автори не ни оставија писмени податоци за организацијата на рударството во Македонија. Не располагаме со писмени извори кога Римјаните ја обновиле работата во старите рудници, на кои места и во кои области се одвивала рударска и металуршка дејност, каде отвориле нови рудници и какви метали и неметали биле добивани. Тоа важи не само за Македонија, туку и за другите области на Балканскиот Полуостров. Сепак, за време на археолошкото рекогносцирање се откриени на повеќе места во ср Македонија остатоци од топена железа, оловна и бакарна руда, како и стари рударски јачи. На некои места се пронајдени и директни материјални докази (рударски алатки и опрема) за постоењото на рударство во римско време.28

Најраните вести за добивање злато29 и сребро во подрачјето на Осоговската Планина потекнуваат од П век. Тоа го наоѓаме во легендите на двете ретки монетни емисии, ковани во монетарницата на Пауталија. На нив е претставена речното божество на Струма (нимфа) со персонификација на богатствата на овој крај -- четири гении. Двајцата гении со атрибути го претставуват земјоделието и лозарството, додека другите двајца гении — рударството (сребро и злато).9 Според Иречек, во Дарданија, Пауталија, и Родопите како и на други места во подрачјето на денешна Југославија, злато се добивало од речниот песок, промиван во пералишта од бедни собирачи на злато (auri le-

Илустрација, стр. 108

Според О. Девис, во околината на Кратово се одвиваала рударска дејност и во елинистичкиот период, а Римјаните ја продолжиле работата во старите рудници!31 Во поткрепа на своето гледиште тој се базира на пронајдените тетрадрахми од Александар Велики, кои претставуват само индиректни материјални докази, но не и убедливи.

За време32 на рекогносцирањето и испитувањето на остатоците од старото рударство и металургијата во ср Македонија се откриени на некои места и директни материјални докази. Така, во еден стар и напуштен рудник кај месноста „Плавица“, c. Гризилевци, Пробиштипско се откриени два релјефа од римско време. Тие се врежани на страните на јамата, околу 20 м, внатре од влезот. На едниот релјеф е претставен Херакле, кој според римската религија и традиција е почитуван и како заштнитник на рударите. Вториот релјеф, што се наоѓа на спротивната страна на истата јама, има реалистички карактер и претставува сцена од секојдневниот живот на рударите. На него е претставен рудар со рударска опрема — чекан и клин. И двата релјефи се оштетени од времето. По изработка и содржина јасно е дека се работи за римски творби, кои се однесуват до II—III век од н.е.

Са. 3—4 — Рударски алатки и парчиња олово, пронајдени кај лок. „Градиште“33 с. Секулица, Кратово
Сл. 3—4 — Рударски алатки и парчиња олово, пронајдени кај лок. „Градиште“33 с. Секулица, Кратово

Други директни материјални докази се пронајдени во Секуличкото градиште.33 Тоа се рударски алатки и делови од парчиња олово откриени во еден питос. На локалитетот Жгури, кој се наоѓа во близина на Плавица и Секуличкото градиште, и каде се вршело топење на ОАОВно-сребрената руда, се пронајдени остатоци од римско време (керамика, покривни керамиди, еден блок излеано олово и монета од Анастазиј). Тука треба да се спомнат како индиректни докази за рударската дејност во овој реон и двете остави со рановизантиски монети пронајдени на Секуличкото градиште: едната со 500 бронзени монети, а другата со повеќе од 1000 рановизантиски солиди (од кои се спасени 165 броја).

Пообемна рударска дејност се одвивала во римско време во атарот на с. Дамјан.34 Во реонот на денешниот рудник за железо се откриени стари јами во една од кои е пронајдена богата остава со голем број рударски алатки и друга опрема. Тоа се чекани, копачи, клинови, шила, потоа клешти, камена лопатка, улјаници и една стрела. И во атарот на Пехчево, кај локалитетот Раковец е пронајдена во една стара јама една помала остава со рударски алатки (копачи и чекани), а на површината на горниот локалитет има многу траги од една римска рударска населба (фрагменти од керамика, керамиди и питоси).

Во атарот на селата Рожден,35 Витолиште,36 Мајдан3737 и други села во Мариово се одвивала обемна експлоатација на железните рудници во доцноримско време. Скоро сите откриени локалитети на кои се пронајдени остатоци од топена железна руда се наоѓат на места каде постоеле рударски населби во римско време, од кои се зачувани мно Ty траги од римска материјална култура (керамика, керамиди и питоси), што се убедливи докази.

Са. 5—7 — Рударски алатки пронајдени во стара јама (Рудник Дам- , јан)
Сл. 5—7 — Рударски алатки пронајдени во стара јама (Рудник Дам- , јан)

Рударска експлоатација во римско време се вршела и во подрачјето на Демирхисарската општина, каде се откриени 23 локалитети, на кои се среќаваат остатоци од топена железна руда. Поголемиот срој од овие локалитети сеи наоѓалишта со остатоци од римска материјална култура.

Како што е наведено и погоре, античките автори говорат за постоењето на злато во текот на Струма и во внатрешноста на Пеонија. Во минатото постоело големо интересирање за откривање злато по речните песоци. Од зачуваните извештаи во Геолошкиот завод Скопје38 дознавме дека досега се вршени вакви опити за да се добие злато од тесоците на Анска Река, Валандово, Конска Река, Бошавица, Маркова Река и други. За Маркова Река, Скопско, споменува и Еванс. секакви оружја.39 Благодарејќи на тоа, производството на метални предмети, рударството, и занаетичството биле развиени до високи размери. Во НСТО време настануват и некои промени во организацијата на рударството и металургијата, како и во експлоатација на рудниците. Во Илирик била воведена и специјална должност comes metallorum per Illyricum, за западниот дела на Балканскиот Полуостров. Од тоа време се зачувани и некои топоними за населби, кои се поврзани со рударството и металургијата, како:Φρερράρια (Бела Паланка), ᾿Αργεντάρες (до Акве — Тимок), ᾿Εραρία (Ниш), Μέταλλος (Долна Мезија).40 На територијата на нашата Република е евидентиран топонимот Σιδηρόκαστρον (Демир Хисар), кој потекнува од средниот век (ХТ век), кој исто така е поврзан со рударсвото од овој крај.

Илустрација, стр. 111

Историските настани што се одиграле во втората половина на ТУ век ја продолбочиле економската и политичката криза во балканските провинции на Рим. Тоа доведе до промени во економиката и соци-Многу важно значење како рударски центар за добивање на бакар во римската епоха имала и Беласица. Западно од неа, во близина на с. Костурино, се наоѓале богати рудници на бакар. На локалитетот познат под името Буковик-Прогон се зачувани огромни количества остатоци од топена бакарна руда (со 0,70°/o бакар во згурите), како и многу остатоци од една римска рударска населба (керамика, питоси и керамиди). Тука се зачувани и остатоци од една ранохристијанска црква, до која има некропола. Наоѓалишта со бакарна руда со 2°/o бакар во згурите се откриени и во атарот на Кратово, но според изворите овие рудници биле во експлоатација во средниот век и во турскиот период. Најверојатно е дека овие рудници биле експлоатирани и во римско време.

Са. 8 — Докалитет „Раковец“, Пехчево — Рударска населба. удар
Сл. 8 — Локалитет „Раковец“, Пехчево — Рударска населба. удар
Са. 9 — Докалитет „Раковец“, Пехчево — Остава од рударски алатки пронајдени во стара јама
Сл. 9 — Локалитет „Раковец“, Пехчево — Остава од рударски алатки пронајдени во стара јама

Кон крајот на III век во Римската империја настануват големи промени во економскиот, политички и административен живот на имгеријата. Во IV век Византион се подига во нов политички центар на империјата и се преименува во Константинополис. Тогаш балканските провинции добиват уште поголемо значење за царството. Особено Македонија, преку која минувале важни патишта. Виа Егнатија станува значаен транзитен пат во комуникација со Подунавјето и Италија. Во тоа време започна и строежот на силна фортификациона система во Македонија за одбрана од северните племиња, од која се зачувани многу остатоци.

За задоволувањето на големите потреби на римското стопанство, а особено на војската, биле интензивно експлоатирани старите рудници и биле отворени нови рудници. Во поголемите центри на Балканскиот Полуостров изникнаа државни работилници (Fabricae) кои изработувале оружја и опрема за војската. Од 15-те вакви фабрики, колку што имало во Римската империја, 4 биле лоцирани во балканските провинции (Тесалонике, Наисос (Ниш), Horrea Margi (Куприја) и Рациарија (Одрин). Се знае дека во Наисос и Солун биле изработувани јалните односи, а исто така се одразило и во организацијата на рударството и во производството воопшто. Како се гледа од еден указ на Теодосие од 386 година, прокураторите на рудниците, избирани од средината на градските совети: на Македонија, Дакија, Дарданија и Мезија, бегале од своите обврски и не се грижеле за редовното внесување на придонесите од рудниците во државната каса.“д

И во текот на V—VI век во Балканскиот Полуостров се одиграле големи историски настани. Нападите на варварските племиња и Населувањето на Словените придонесоа за уништувањето на многу населби, како и за уништувањето на старото и појавата на новото население. Сето тоа влијаело за опаѓањето на рударството и металургијата. Како резултат на тоа и рударската организација изчезнува и се намалува производството во многу рудници. Но, сепак, нападите и населувањето на Словените не ја уништи насекаде рударската дејност. Особено во планинските места, каде што старото население не било наполно уништено, биле зачувани старите рударски традиции и рударска техника. Иако во намален обем, тие егзистирале и натаму, предавани од поколение на поколение се до XIII век, кога Македонија попадна под власта на средновековна Србија и кога рударството и металургијата поново обележува голем развиток.

Herod, VII, 12: "ги деќије yxerpde то -Tlayyatov брос amépywv, dv veya те xai Obyrdv, ѓу то yovoek те xal dpyboea Eve weTMAAG, TH vEnovta, ITiépec

Herod, VI, 46: oo‘ H 8 прободбо офи éytveto Ux те че Hmelpov кој dd тбу uETaAAWV éx Lev Ye TOV Ex Lxanryovancg, THY yovosWv usTeAAWY TO éximav dydonovra téhavte тов, ги де тбу év abt} Odom 204660 џѓм tobtav, ovyva dé obtm то erinav Охаќоцо, gover xxprdiv dteAéor пробие dnd те тие hretpov xat тбу

App. Bel. civ. IV, 443: »,OiAimmwv pév обу Erepog д6фос od paxpdv би Atovicov Aéyovow, ѓу фу кој те ypvocia Bot. "Абу xxAobueva; Arist. de mirab. auscult., 42: ’Tlepi Didtmmouc тис Maxedoviag civa Aéyouor pétaArn, EF MTAc éxBarrdueva drocbeuata adfaverdar pact xat pvberv yevotov:xal тобт42 ej фимербу““,

Strabo, VII frg. 34: "Orv mActota USTHAAG dort ЈАСНИ éy sats Koxvtow бтоџ viv of OtArmmon пбус tdpvtat, TAnotov0 tod Ilayyatou броџс43

Herod. V, 17: „Бол да ԁх чо Похошадос Avy | обутоџос умота, bs ха Maxedoviny торбтоу џѓу yao exetar тие Мџутс то wétHAAOV 6Е оԁ} ботероу тоотоу cahavtoy apyvetov "Адеѓаувро Тибуис ќидотис гфојта, џета. dé ТО џетиддоу Avodpov xaredpevov дрос Srephdvta elvar ѓу3 Мохедомиј“.

Белешки

  1. В. Јовановић, Технологија рударства у раном енеолиту Централног Балкана, Старинар XXII, Београд 1972, с. 4—11. ↩
  2. Н. Я. Мерперт, Е. Н. Черных, Болгаро-Съветская експедиция 1972 год., Археологические откритин 1971-1972. ↩
  3. В. Јовановић, Металургија Енеолитског периода Југославије, Београд 1971, с. 40 (прилог 4). ↩
  4. Б. Јовановић, н. д., 2, с. 36. ↩
  5. В. Јовановић, н. д., 2, с. 36. ↩
  6. М. Гарашанин и соработници, Праисториски култури во Македонија, Штип 1971, с. 15. ↩
  7. М. Раковић, Налазишта злата, сребра, бакра, калаја, железа... у ср Босни (реферат изнесен на симпозиумот по рударство во Босна, во Зеница 1973 година). ↩
  8. Според податоците добиени од инж. геолог д-р Р. Стојанов од Геолошкиот завод Скопје, и во Македонија се констатирани појави на калај во олово-цинковите руди. ↩
  9. М. Гарашанин и соработници, н. д., с. 53. ↩
  10. Х. Тодорова, Най-рани данни за употребата на метали в България, Сборник на доклади на Симпозиум по историята на минното дело в Югоизточна Европа, Варна 1975, с. 13. ↩
  11. М. Гарашанин и соработници, н. д., с. 55—56. ↩
  12. М. Гарашанин и соработници, н. д., с. 55—60. ↩
  13. Г. Кацаров, Тракия во Омировия епос, Известия на археол. дружество, год. XI/XII 1932, с. 129. Во X песна (К. 435- 442) на Илијадата се говори за добро изработени оружја, опрема и колесници направени од злато и сребро на тракискиот цар Резос во врска со реката Стримон. Се смета дека оваа песна била внесена во Илијадата во текот на VI век и стои во врска со Пизистрат, кој живеал и ги експлоатирал извесно време рудниците на Пангејската Планина. Види В. Велков, Рудодобиване и минно дело в древна Тракин, Годишник на Национ. по-AHTeXH. музеи кн. 2, Codua 1972, c. 36. ↩
  14. B. Head, Historia numorum, Oxford 1911, p. 194- 246. ↩
  15. Herod, I, 64; Arist. Ath. pol. XV. ↩
  16. Herod, VII, 112: "...ἐκ δεξιῆς χειρὸς τὸ Παγγαίον ὄρος ἀπέρχων, ἐὸν μέγα τε καὶ ὑψηλόν, ἐν τῶ χρύσεά τε καὶ ἀργύρεα ἔνι μέταλλα, τὰ νέμονται Πιέρες τε καὶ Ὀδόμανται καὶ μάλιστα Σάτραι...". ↩
  17. Herod, VI, 46: „Ἡ δὲ πρόσοδός σφι ἐγίνετο ἔκ τε τῆς ἠπείρου καὶ ἀπὸ τῶν μετάλλων ἐκ μὲν γε τῶν ἐκ Σκαπτησύλης, τῶν χρυσέων μετάλλων τὸ ἐπίπαν ὀγδώκοντα τάλαντα προσήιε, ἐκ δὲ τῶν ἐν αὐτῇ Θάσῳ ἐλάσσῳ μὲν τούτων, συχνὰ δὲ οὕτω τὸ ἐπίπαν Θασίοισι ἐοῦσι καρπῶν ἀτελέσι προσήιε ἀπὸ τε τῆς ἠπείρου καὶ τῶν μετάλλων ἔτεος ἑκάστου διηκόσια τάλαντα, ὅτε δὲ τὸ πλεῖστον προσῆλθε τριηκόσια". ↩
  18. App. Bel. civ. IV, 443: „Φιλίππων μὲν οὖν ἕτερος λόφος οὐ μακρὰν ὅν Διονύσου λέγουσιν, ἐν ᾧ καὶ τὰ χρυσεῖα ἐστι "Ασυλα καλούμενα; Arist. de mirab. auscult., 42: "Περὶ Φιλίππους τῆς Μακεδονίας εἶναι λέγουσι μέταλλα, ἐξ ὤτλα ἐκβαλλόμενα ἀποσύρματα αὐξάνεσθαι φασι καὶ φύειν χρυσίον καὶ τοῦτ' εἶναι φανερόν". ↩
  19. Strabo, VII frg. 34: "Οτι πλεῖστα μέταλλα ἐστι χρυσοῦ ἐν ταῖς Κρηνίσιν ὅπου νῦν οἱ Φίλιπποι πόλις ἵδρυται, πλησίον τοῦ Παγγαίου ὄρους" ↩
  20. Strabo, VII frg. 34: „Καὶ αὐτὸ δὲ τὸ Παγγαῖον ὄρος χρυσεῖα και 'αργυρεῖα ἔχει μέταλλα και ἡ πέραν καὶ ἐντὸς τοῦ Στρυμόνος ποταμοῦ μέχρι Παιονίας. Φασὶ δὲ καὶ τούς τὴν Παιονίαν γῆν ἀροῦντας εὑρίσκειν χρυσοῦ τινα μόρια"; Arist., De mirab. auscult., 45; Plut, Alex., 39. ↩
  21. Herod. V, 17: „"Εστι δὲ ἐκ τῆς Πρασιάδος λίμνης σύντομος χάρτα ἐς τὴν Μακεδονίην πρῶτον μὲν γὰρ ἔχεται τῆς λίμνης τὸ μέταλλον ἐξ οὗ ὕστερον τούτων τάλαντον ἀργυρίου 'Αλεξάνδρῳ ἡμένης ἑκάστης ἐφοίτα, μετὰ δὲ τὸ μέταλλον Δυσώρον καλεόμενον ὄρος ὑπερβάντα εἶναι ἐν Μακεδονίῃ". Strabo, VII frg. 34: pKat adtd 38 чо Luyyatov брос yovosiu ха. ирчоpeta eye. pwétaarra пал h mépav xalb évrdg rod Утроџдуоб потацо5 péxpr Tlatovlac. Маст де xat tobe thy Ilatoviay ѓу дродутас ebetoxety youood тиа wdora‘*; Arist., De mirab. auscult., 45; Plut, Alex., 39. ↩
  22. Herod, VI, 47. ↩
  23. Strabo, 7, 4. ↩
  24. Liv. XLV, 29, 11: »Metalla quoque auri atque argenti non exerciti (nec) ferri et aeris permitti«. Види Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје 1957, с. 48. ↩
  25. Strabo VII, frg. 34. ↩
  26. Liv. 45, 29: Спореди В. Велков, н. д., с. 29—30. ↩
  27. U. Täckholm, Studien über den Bergbau der Römischen Kaiserzeit Uppsala Inaug. Diss. 1937, p. 97 f..; Спореди В. Велков н. д., с. 30, 38. ↩
  28. A. Керамидчиев, Римското рударство во Источна Македонија, Гласник на Институтот за нац. историја ки. I, Скопје 1974, с. 119—133. ↩
  29. Н. Мушмов, Античните монети на Балканският полуостров, София 1912, бр. 4227, 4286. ↩
  30. К. Јиречек, Историја Срба I, Београд 1952, с. 29. ↩
  31. O. Davies, Roman mines in Europe, Oxford 1935, p. 227. ↩
  32. А. Керамидчиев, н. д., с. 121. ↩
  33. А. Керамидчиев, н. д., с. 122—123. ↩
  34. А. Керамидчиев, н. д., с. 128—131. ↩
  35. А. Керамидчиев, реферат, изнесен на II симпозиум на Археолошкото друштво на Македонија во Штип, во 1975 година. ↩
  36. И. Микулчиќ, Старото рударство кај Витолиште, сп. Стремеж ки. 7, Прилеп 1967, с. 46—53. ↩
  37. Извештај — Архив на Геолошки завод, Скопје. ↩
  38. Not. Dign. Or., XI, 18—29; Види В. Велков, н. д., с. 33, 38. ↩
  39. Procop., De aedificiis, IV, 4; Види В. Велков, н. д., с. 33, 38. ↩
  40. Theod. Cod., 1, 32, 5. ↩
  41. As the archaeological excavations have proved, the earliest metal implements appeared and were in use in the territory of Macedonia in the Bronze Age, but by now2 such metal implements, made of bronze, have been found in a quite limited quantity. This by all means excludes the possibility of the existence of the mining and metallurgic activity in this region and confirms the opinion that the objects of this kind_reached these areas from the other territories of the Balkan Peninsula (Serbia, Bulgaria and Greece), through barter where metallurgy was developed as early as the Eneolithic period. ↩
  42. The Iron Age is characterized by a more intensive use of metal implements mainly7 made of bronze, which were found in a good number on the sites from the aforesaid period. The appearance of iron objects (implements and weapons) falls to the 74 century7 B. C. At that time the exploitation of mines was carried out on a large scale in antique Macedonia. ↩
  43. In the period from the 6‘ till the 3™4 century B. C. intensive exploitation of mines with gold and silver took place in the region of Chalcidice and the island Thasos. On these mines the Greek authors Herodotus, Appien, Strabo, Aristotle and the others left many important data. This is especially done by Strabo, who mentions the valley of the Strymon as abounding in gold, as well as Peonia. ↩
  44. In the course of the Roman rule the mines of iron, copper and lead-silver were exploited in few places in the territory of Macedonia, but for which the Roman authors left no written data. ↩
  45. The field researches caried out by7 now have proved that in the areas of Kratovo, Zletovo, Damjan, Pehgéevo, Moriovo, Demir Hisar and Debarac iron and lead mines were exploited to a large extent in the late Roman and early Byzantine period and that the production of iron was greatly developed. ↩
  46. The researches carried out by now in Macedonia have recorded a good num ber of old mine pits, some of them deriving from the Roman times. On the other hand on 120 sites were traced the remains of smelted lead, copper and mainly iron ore, which throws light on Macedonia as on one of the richest mining centers in the Balkan Peninsula in the antique period. ↩