Macedoniae acta archaeologica 3 (1977) · стр. 81–101
Доцноантичка микростамбена целина врз римскиот театар во Heraclea Lyncestis
Содржина
Во 1968 година во Хераклеја е извршено сондажно археолошко ископување, со цел да се одреди локацијата на Театарот, за чиешто постоење имаше доволно материјални показатели.1
Во рамките на овие испитувања беше отворена сондата „,А“ Којашто е поставена на падината на ритчето, непосредно над Големата базилика.2 Резултатите од овие испитувања и практично ја потврдија претпоставката за лоцираноста на Театарот.
Со систематските археолошки испитувања, коишто се во тек, се констатира дека тоа е римски театар, којшто не е изграден исклучиво за одржување на драмски претстави, што е, инаку, случај кај театрите во овие области. Високиот зид од ортостати, којшто ја обиколува орхестрата, (височина 2,30 м) служи за заштита на гледачите од разјарените животни кои, по правило, се наоѓа во римските амфитеатри.3
Со досегашните испитувања се откриени: кавеата, источниот и западниот парадос и проскенионот и делови од орхестрата и западното крило на театарската зграда, со што се овозможи да се констатира дека, откако Театарот беше напуштен од употреба, во почетокот на V век од н.е., по пат на ерозија е затрупан, при што централниот дел, како најдлабок, најпрво е исполнет со дебел слој светлосива, песоклига и растресита земја, чијашто дебелина изнесува и до шест метри Свој слој е богат со фрагменти од керамички садови, монети и друг придружен археолошки материјал, слеан од градбите лоцирани на акрополата и падината на ритчето, непосредно над Театарот.4
Во рановизантискиот период оној дел од Театарот којшто стрчеше на површината служете како мадем при изградбата на монументалните градби. Од досега откриениот дел на Театарот најдрастична е ситуацијата во којашто се откриени источното и западното крило на кавеата.5
На местото над веќе напуштениот, затрупан и оштетен Театар се градат градби од валчести речни камења поврзани со кал. Најстарата фаза од овие градби е констатирана само на просторот над орхестрата којашто, како најдлабока, најпрво е исполнета со ерозивен нанос.
Во овој извештај ќе се осврнеме само на најмладата фаза од овие градби, којашто се простира над целокупната површина од Театарот, со тоа што ќе дадеме опис на хоризонталниот пресек на основите на градбите (фот. 1; види план).
Како резултат на постоењето на овие градби формиран е вториот слој, којшто е составен од темносива, тврда и сува земја измешана со разурнат градежен камен, парчиња од тули и кровни ќерамиди, доста фрагменти од доцноантичка керамика и византиски монети, меѓу кои најзастапени се монети од Јустин 11“ (скица 1; фот. 2).
Познато е дека и при археолошките ископувања на повеќе антич: ки локалитети во нашата земја (Стоби, Скупи, Царичин Град, Гамзиград, Сирмиум и др.) се наиде на остатоци од доцноантички градби лопирани врз напуштените и уништени градби, главно од римскиот период, но, за жал, резултатите од нивните испитувања не се публику: вани. Доколку во некои извештаи тие се споменуваат, податоците се сумарни и без документација, со што сме лишени од можноста за ком: парација, толку значителна во проучувањето на нашите градби.
Впрочем, да го земеме за компарација известувањето од археохошките испитувања на театарот во Стоби и да видиме што ни нуди авторот по прашањето на доцноантичките градби од валчест речен камен, поврзани со кал, лоцирани врз театарот. На стр. 3—4 буквално вели: „Театарот беше покриен со дебел слој нанос, над орхестрата слојот е наместа дебел 7—8 метри. Над просторот за гледачи во раниот среден век се зидани неколку куќи. Но веќе тогаш од урнатините не можеше доста да се види театарот, затоа што помеѓу тие сиромашни византиски згради, последни остатоци на човековата населба во неко: гаш славното Стоби, коишто се собраа околу сиромашната искрпена епископска црква..."
ГРАДБА БР. 1 (6скица 2: план — 1B, 1A)
Оваа градба е лоцирана врз западниот дел на проскенионот и театарската зграда а подолжната оска е во насока СН—Ј3 (види план).
Градбата ја сочинуваат две простории со неправилна правоаголна основа, кои се надоврзуваат една на друга. Влезот во градбата е на североисточната страна (аз) со широчина 1,65 м. Тоа наедно е и влез за просторијата В. За заштита на влезот на градбата од ерозивни наноси изграден е заштитен ѕид, кој всушност е продолжение на зидот (B) во (B1) во должина од 0,95 м, а потоа свртува под прав агол спрема југ (ве) и е паралелен со зидот (а), а е оддалечен од него само 0,60 м. Овој заштитен зид е долг 5,5 м а широк 0,50 м. Suaor (в) на оваа градба е зацврстен и е широк 1,20 м. Тој, наедно, служи и за заштита од ерозивните наноси. Градбата е со вкупно корисна површина од 46,00 м6. Просторија В
Просторијата В e со неправилна правоаголна основа со корисна површина од 13,00 m?. Во просторијата се влегува од североисточната страна низ главниот влез во градбата (аз).
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина (аі = 1,30 м; аз = 1,65 м; аз = 3,05 м) а=0,75М
Bi = 1,20 м; Bp = 0,50 м c = 590m c = 0,80 M
Просторија A
Од просторијата В преку влезот (cz), којшто е широк 1,30 м, се влегува во просторијата А која е со неправилна правоаголна основа и со корисна површина од 23,00 м?. Западниот раб од зидот (f) на оваа просотрија се уште не е отворен.
Димензии на зидовите: (внатрешни мери)
АОАЅКННА широчина
ca = 2,20 m; ca = 1,30 M; сз = 2,15 M ci, c2uc3 = 0,80 mM е = 455 м e= 120m
g = 455 M g = 0,75 м
ГРАДБА БР. 2 (скица 3: фот. 3; план — 2)
Оваа градба е лоцирана над западниот парадос од Театрот, а неј. зината подолжна оска е со насоска си--ЈЗ.
Градбата се состои од една просторија со правоаголна основа, со корисна површина од сса 23,00 м². Поради оштетеност на ѕидовите, блезот во градбата не е откриен, но најверојатно се наоѓаше на ѕидот (а) покрај градбата бр. 3. Од зидот (в), којшто се надоврзуваше над супструкцијата на западното крило од кавеата, не е откриен никаков
(внатрешни мери)
должина широчина a = 3,20 м (затекната мера) a = 070м c = 3,25 m (затекната мера) c = 0,80 m d = 740m d = 070м
ГРАДБА БР. 3 (скица 4; план -- ЗА, ЗВ)
Оваа градба е лоцирана на делови од западниот парадос, запад: ното крило од кавеата и орхестрата, а нејзината подолжна оска е со насока СН—Ј3. Се состои од две простории со неправилна правоаголна основа и е со вкупно корисна површина од сса 32,00 м. Од запад: ната улица, преку влез (a1) со нагласени довратници и трем кој е со широчина од 1,60 м, се влегува во двор (5) кој е заеднички за градби: те Ор. 3 и бр. 4 и е со неправилна правоаголна основа, со подложна оска во насока СН—Ј3, се влегува во просторијата A.
Просторија А
Во оваа просторија се влегува од заедничкиот двор (5) преку7 вле зот (b1) кој е на нејзината сз страна и е со широчина од 1,10 м. Про: сторијата е со неправилна правоаголна основа, со корисна површина од 15,80 м.
Димензии на ѕидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина b = 4,70 m; bi = 1,10 m; Бе = 1,75 м b = 0,75 mM
Просторија B
Оваа просторија се надоврзува на просторијата A, којашто е по: рано изградена како одделна градба, при што нејзиниот ѕид (а) ro користи како заеднички. Влезот во оваа просторија најверојатно беше од нејзината југозападна страна, но поради оштетеност на зидот (Ф) тој не е констатиран. Просторијата е со неправилна правоаголна осно-Ва, со корисна површина од сса 16,00 м?.
Димензии на зидовите:
(Енатрешни мери)
должина широчина
и = cca 160 м fr = 0,70 м ГРАДБА БР. 4 (скица 5; план — 4)
Градбата е лоцирана на дел од западното крило на кавеата од Театарот, на простор помеѓу првиот и четиринаестиот ред од седишта. Нејзината подолжна оска е со насока СН—Ј3. Градбата се состои од една просторија со неправилна правоаголна основа, со корисна површина од 30,70 m?. Се влегува од југоисточната страна од заедничкиот двор (5) со градбата бр. 3, низ влезот (a1) кој е широк 1,30 м.
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина
а = 360м а = 080м
(a1=1,60 м; аг-- 1,00 м; as=1,70m) (a1=1,80 mM; a2=0,85 м; аз--0,45 м) Б = 880m b = 1,05 м
d = 850m d = 0,80 m
ГРАДБА ВР. 5 (скица 6; фот. 4; план 5A, 5B)
Градбата е лоцирана над просторот од западното крило на кавеата на Театарот, и тоа од осмиот ред од седишта до периметралниот ѕид. Нејзината подолжна осовина е со насока сси—ЈЈЗ. Оваа градба се состои од две простории со неправилна правоаголна основан BKVYI-НО корисна површина од 51,370 м. Најпрво е изградена просторијата А, а потоа на неа е доградена просторијата В. Двете простории, иако чинат една единствена целина, делуваат одвоено.
Просторија А
Влезот во оваа просторија највероватно е од нејзината јјз страна, на зидот (f), каде што се и заштитните зидови од ерозивни наноси (Ни Б), но не е доволно јасен приодот кон него. идот (f) е прилично оштетени сочуван е во темелни остатоци, односно под нивото на подот во просторијата, така што евентуалниот влез не е можно да се констатира. Исклучена е можноста влезот во просторијата да биде од друга страна, затоа што останатите зидови се доста високо сочувани над подот и без индиции на постоење на влез. Просторијата е со неправилна правоаголна основа, со корисна површина од 27,93 м. За заштита на влезот од ерозивните наноси изградени се заштитните su
Просторија В
Оваа просторија е дополнително прилепена кон просторијата A u делува како посебна градба. Влезот е од сси страна (a₂) кој е широк 1,35 м. Просторијата е со неправилна правоаголна основа, со корисна површина од 23,44 м² и од нејзината основа може да се забележи тенденцијата да го имитира габаритот на просторијата А, кон која се прилепци, но во спротивна насока по однос на влезовите. 3a заштита на влезот од ерозивните наноси дополнително, по изградбата на оваа просторија, се доградени заштитните зидови (Б: и bz). Заштитниот зид (bi) всушност е продолжение на зидот (b) кој лачно свртува спрема југоисток, а малата преграда (bz) има задача да го затвори аголот што го формираат заштитниот зид (bi) и зидот (а), фот. 5. За заштита на влезот од ерозивни наноси изграден с и заштитниот зид (h) кој се наоѓа северно од просторијата В.
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
молжина широчина
(ат = 1,65 м; аг = 1,35 м; аѕ = 2,80 м)
Б = 4,25 м; Би = 5,25 mM; be = 140 м do = 0,80 mM
b: = 0,70 m: bo = 0,30 м с = 565м c = 0,80 m
h = 610m h = (0,75—1,60 m)
ГРАДБА ВР. 6 (скица 7; план -- 6)
Оваа градба е лоцирана врз централниот дел од кавеата на Театарот, и тоа од ѕидот од ортостати кој ја обиколува орхестрата, до осмиот ред од седишта на Театарот. Градбата се состои од една просторија со неправилна правоаголна основа, чијашто подолжна осовина е со насока си--ЈЗ и корисна површина од 38,40 м?. Влезот во градбата е од североисточната страна на зидот (а)—аі и е широк 2,05 м. За заштита на влезот од ерозивни наноси изградено е продолжение на ѕидот (Б) — Би со должина од 2,75 м.
На оваа градба има уште две продолженија на зидовите, коишто служат за заштита од ерозивните наноси, и тоа продолжението на ѕидот (4) во ԁі којшто има за задача да ги насочува атмосфериите во правецот на источната улица и наедно да ја заштитува оставата (е) каде што се откриени остатоци од два питоси со средна големина. Дру: гото заштитно продолжение е во југозападниот агол на градбата, кадешто зидот (с) продолжува во (сі). Ова заштитно продолжение прво ја следи насоката на ѕидот (е) во должина од 1 м, а потоа свртува кон југозапад, во должина од 3,50 м. Продолжението е изградено дополнително и исклучиво и служи на централната градба (бр. 7), односно има за задача да го заштитува нејзиниот главен влез од ерозивните наноси и да ги насочува по западната улица.
Димензии на зидовите: (внатрешни мери) должина широчина
b = 6,85 mM; bi = 2,75 M b = 0,70 m; bi = 0,80 m c = 6,30 м: ci = (1,00 м: 3,50 м) c = 0,60 м; c1 = 0,70 M d = 6,10 m; di = 2,30 м d = 0,75 ма = 0,75 mM ГРАДБА BP. 7 (скица 8; maau A, B, C, D, E, F, G)
Ова градба е централна во оваа микроурбанизирана станбена 3aединица, лоцирана врз дебел слој од ерозивен нанос над орхестрата. Подолжната оска на градбата е со насока ји—C3, а од источната и западната страна ја фланкираат две улици (види план — НУ, 3Y), коишто настанал со подоцнежното мурбанизирање на овај микрореон. Градбата е со неправилна правоаголна основа и истата ја сочинуваат седум простории. За заштита на влезот од ерозивните наноси допол: нително е дограден заштитниот зид (f), кој е паралелен со североза: паднот раб на градбата и од неа е оддалечен за сса 0,80 м. За потре: бите на оваа градба изграден е и заштитниот ѕид (ст) кој е продолже ние на зидот (с) од градбата бр. 6. Всушност, и останатите градби гра витираат кон градбата и се подложни на одредени урбанистички бара ња кои одат во нејзин прилог.
Влезот во градбата е од југозападната страна (а), посебно нагла: сен со довратници и трем чијшто под е поплочен со мермерни сполии од касноантички градби. Влезот е широк 2,05 м. Градбата има вкупно корисна површина сса 168,00 м.
Просторија А
Во оваа просторија се влегува преку главниот влез (а). Простори: јата е со неправилна правоаголна основа, со корисна површина од
Димензии на зидовите: (внатрешни мери)
должина широчина
a, ai, a2 = 3,85 M ar = 0,85 Mm
с, ст = 440m c = 0,85 m
Просторија B
Во оваа просторија се влегува од просторијата А преку влезот (ет) кој е широк 1,40 м. Просторијата е со неправилна правоаголна основа. Покрај зидот (0, од надворешната страна се прилепени шест употребени рачни млинови, а еден фрагментиран е на самиот северен агол (фот. 6).
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина
c,c1 = 405м c = 0,85 mM
е = 550м з- 085м
Просторија C
Поради оштетеност на зидовите не е констатиран влезот во оваа просторија. Просторијата е со неправилна правоаголна основа, со ко рисна површина од 13,00 м?.
Димензии на зидовите
(внатрешни мери)
должина широчина
i = 300м i = 080 м
k = 305м k = 0,75 mM
h = 435M h = 0,60 м
Просторија D
Во оваа просторија најверојатно се влегувало од просторијата A, но поради оштетеност на зидовите и овде не е констатиран влезот. Ѕидот (4) органски не и припаѓа на оваа градба, и најверојатно просториите A и D чинеле една целина. Просторијата е со неправилна право: аголна основа, со корисна површина од 10,80 м?. Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина
m = 3,00m m = 070м
k = 300m k = 0,75 mM
d = 350m d = 0,80 m
1 = 3,70 м 1= 0,85 mM
Просторија Е
Југоисточниот агол од оваа просторија е доста оштетен. Во оваа просторија се влегува од просторијата, низ влезот (аг) кој е широк 1,05 м. Просторијата е со неправилна правоаголна основа и корисна површина од 28,00 м.
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина
j = 4,60 м j = 0,85 m
01, 02, оа = 5,60 м o: = 0,80 м
Просторија Е
Оваа просторија се надоврзува на просторијата Е преку влезот (аз), но поради оштетеност на зидовите нејзината поврзаност со про: сторијата D не е констатирана. Просторијата е со неправилна правоа голна основа, со корисна површина од 17,50 м.
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина
1 = 3,50 M 1 со 0,80 M
p = 5,00 mM o = 0,80 mM
o = 5,00m o = 0,80 m
q = 3,55M a = 0,75 M
Просторија С
Оваа просторија е најголема по површина, со 58,00 м. Простори: јата е со неправилна правоаголна основа, чијшто југоисточен агол е значително оштетен. Во просторијата се влегува од југозападната страна преку влез широк 0,95 м.
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина
m,p = 1020м ml, p = 0,80 m
ГРАДБА ВР. 8 (cxuua 9; план — 8A, 8B, 8С, 8E, ве (D), 8G)
Оваа градба е лоцирана вра дел од источното крило на кавеата, и тоа зафаќајќи дел од орхестрата и завршува на супструкциите од кавеата, негде до местото каде што беше тринаесеттиот ред од седи: шта. Градбата се состои од шест простории, со неправилна правоаголна основа, со вкупно корисна површина од 86,225 м?. Подолжната оска на градбата е во насока си--ЈЗ.
По се изгледа дека прво е изграден јужниот дел од градбата, со просториите (С, Е, Е (СО) и G), а потоа градбата е проширена со просториите A и В. За заштита на влезовите (аг) во просторијата A и (h1) во просторијата С од ерозивни наноси подоцна е изградено продолжението на зидот (b) во bi u bz.
Просторија А
Во оваа просторија, којашто е со неправилна правоаголна основа и корисна површина од 12,250 mM, се влегува од југозападната стра: на низ влезот (аг) широк 1,45 м.
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина а = 430 м (a1 = 1,75 mM; a2 = 1,45 м; аз = 1,10 м) a = 070м
Просторија В
Оваа просторија се надоврзува на просторијата А преку влез којшто секако се наоѓаше на зидот (с), а е сочуван во темелите. Просторијата е со неправилна правоаголна основа и има едно правоаголно проширување во северниот агол. Оваа неправилност на основата е диктирана од прилагодувањето на градбата на остатоците од супструкцијата на кавеата на Театарот. Во овој случај дел од радијален ѕид (r1) е користен за потребите на оваа градба. Оваа просторија е со корисна површина од 32,975 м?.
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина
e = 6,35 M e = 0,80 um
f= 7,45 mM f = 0,70 m
gi = 2,10Mm gi = 0,75 m
Просторија C
Во оваа просторија, со неправилна правоаголна основа и КОРНС: на површина од 6,00 м, се влегува од југозападната страна, низ влез (h1) широк 1,45 м. На североисточната страна, на нејзиниот јужен агол, е влез (Ко) кој води во просторијата Е и е со широчина од 1,10 м Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
лоджина широчина h = 290 м (ht = 1,45 m; he = 0,80 м) h = 0,70 m ke = 1,10 mM; ks = 205 м kz uw ks = 0,70 m j = 2,05 ј с 045 m
Просторија E
Оваа мала просторија, со неправилна правоаголна основа и со корисна површина од сса 3,25 м, е добиена кога со зидот (j) е прегра: ден дел од просторот на просторијата С. Поради оштетеност на 5идот () влезот во оваа просторија не е констатиран. Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина
j = 205м j = 045 um
hs = 1,80 m hs = 0,70 mM
i= 185M i= 105м
ka => 1,85 M ki = 0,70 M
Просторија Е
Во оваа просторија, која е со неправилна правоаголна основа и корисна површина од 16,800 м, се влегува од просторијата С преку влезот kz. Во северниот агол од оваа просторија откриена е фурна (О)
Фот. 7
во источниот агол. Фурната е со корисна површина од 4,30 м?. Нејзиниот под е покриен со секундарно употребени тули и ќерамиди, а по површината се откриени трагови од гаровина (фот. 7). Најверојатно, нејзиното присуство во оваа градба е поврзано со споменатите рачни млинови, потпрени на североисточната страна на централната градба, за коишто сметаме дека и припаѓале на мелница која била во градбата бр. 8. Сложените употребени рачни млинови покрај ѕидот ОА централната градба не можат да ѝ припаѓаат нејзе кога влезот во неа е од спротивната страна. Овие наоди наедно се и први од ваков вна досега откриени во Хераклеја и воопшто прва градба од областа на занаетчиството во Хераклеја.
Димензии на зидовите во просторијата:
(внатрешни мери)
должина широчина
e1 = 200 м е: = 075м
ki, ke, ks = 6,35 м ki, ke, ks = 0,70 m
Димензии на фурната (D):
(внатрешни мери)
должина широчина
= 0,90 m и = 050m
| = 1,25M l: = 0,50 m
= 120м ls = 0,50 M
ј = 065м ni = 070м
ni = 2,85M ет = 0,75 M
Просторија G
Влезот во оваа просторија не е откриен поради оштетеност на зидовите; најверојатно во оваа просторија се доаѓаше преку просторијата F, а потоа преку влез на зидот (о). Просторијата е со неправилна правоаголна основа, со корисна површина од 13,50 м?. Во североисточниот дел е надградена на радијални и попречни од супструкција-Та на источното крило на кавеата на Театарот (rz и 13).
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина
ni = 2,80 м ni = 075м
е: = 500m ег = 0,80 m ГРАДБА БР. 9 (скица 10; план -- 9)
Оваа градба е лоцирана на АСА од источното крило од кавеата на Театарот. Нејзината попречна оска е во насока СН—Ј3. Градбата е со неправилна правоаголна основа со корисна површина од 12,75 м. Влезот во градбата е на југозападната страна (а2), со широчина од 1,15 м. За заштита на влезот од ерозивни наноси, со самото градење на град-ДаТа изградено е продолжението на зидот (b)—b:i кое благо свртува кон влезот во градбата.
Димензии на зидовите:
(внатрешни мери)
должина широчина
(a1 = 1,25 mM; аг = 1,15 м; аз -- 14Ом) а - 070 м
b = 3,80 m; Би = 2,15 mM b = 0,70 m; bi = (0,70—0,95 m) c = 300m c = 0,70 m
Оваа микроурбанизирана станбена заедница е организирана на две улици, коишто ја фланкираат централната градба од источната и западната страна, и освен тоа што служат за комуницирање, служат и за одводнување на ерозивните наноси (види план 4y, Зу).
ЗАКЛУЧОК
Од досега изнесеното јасно произлегува констатацијата дека ста нува збор за една микростанбена целина во којашто се јасни меѓусебните односи помеѓу градбите, со можност на претпоставка дека цен традната градба e постара, настаната врз плато добието од ерозивниот нанос над орхестрата, повредна и функционално посложена.
Горенаведената констатација по однос на оваа градба навестува и можност за социјална издиференцираност на нејзиниот сопственик во однос на соседите. Таа во извесна смисла претставува и гравитационен центар којшто ја организира населбата околу себе. Интересно е дека наполно е јасен и меѓусебниот однос помеѓу градбите, па може да се рече дека имаат ограничена поврзаност, така да градежните делови од поедини градби функционално И служат на централната градба, односно го заштитуваат неговиот влез од ерозивните наноси (хидовите ԁі и ст од градбата бр. 6). Можеби овде треба да се бара и некоја обусловеност за изградба на градбите околу централната градба, односно придржување кон одредени норми коишто ќе придонесат да не се наруши комодитетот на сопственикот на централната градба Функционално просторот е монофункционален, односно исклучиво станбен, со извесна дополнителна функција што ја констатиравме кај централната градба со присуството на потпрените употребени рач-НН мелници покрај нејзиниот источен зид (фот. 6) и констатираната фурна во градбата бр. 8 (фот. 7).
друг однос е што градбите се групирани на еден трем и можат да претставуваат органска целина. Таков случај имаме кај градбите бр. 3 и 4 каде што низ заедничкиот влез (a1) со трем се влегува во заедничкиот двор (5). Ваквата организираност на наведените градби навестува и можност на претпоставка за одредена родбинска поврзаност Wa нивните сопственици.
Уште повеќе е интересен меѓусебниот однос на повеќе градби кои чинат еден микроурбанистички зафат со парирање на репрезентативни влезови кои наполно го дефинираат просторот меѓу двете градби. Таков однос имаме помеѓу централната градба (бр. 7) и градбите бр. 3 и 4 (види план).
Очигледно се дека односот на микростанбената целина во однос на природната основа е резултат на целата физичка структура на природната основа (конфигурација на теренот). Тоа може да се тврди од ориентацијата на двете улици, коишто освен за својата основна намена — комуницирање, служат и за одводнување и одведување на ерозивните наноси, а истото се имплицира и на архитектурата на градбите, LUTO се јавува со доградувањето на заштитните зидови коишто ги сретнавме кај градбите бр. 1, 5, 6, 7, 8 и 9 (види план).
Влезовите на градбите, главно, се ориентирани спрема двете улици, а микростанбената целина е свртена спрема движењето на сонцето, со што максимално ги користи неговите благодати, а сето тоа овозможено од идеалната поставеност на падината на ритчето кадешто таа е лоцирана.
И покрај тоа што градбите се градени од валчести речни камења поврзани со кал, што зборува за слабата економска моќ на нивните сопственици, или поточно, градени во време на слабеење на економската МОК На градот Хераклеја тие делуваат едноставно, смирено и до крајност рационализирање на средствата и просторот, створајќи таква микростанбена целина којашто во никој поглед не то нарушува организираното и монументално рановизантиско јадро во центарот на градот, во коешто секако влегувале ансаблите на Малата базилика, Големата базилика и Епископската палата, импресивни по својата монументалност, дополнета со богатиот колорит на мозаичните подови. Секако дека оваа микростанбена целина не настана стихијно, туку е резултат на богатото градежно искуство во претходните векови.
Еден од најзначајните факти за поточното временско определување на оваа микростанбена целина, во оваа прилика не навлегувајќи во културните слоеви и материјалните остатоци до коишто дојдовме при археолошките ископувања — што ќе биде тема на нареден извештај, е тој ІТО изградбата на оваа најмлада фаза, којашто беше тема на овај извештај, и следи на градењето на Големата базилика, во чијашто апсида се вградени седишта од Театарот8 и истовремено егзистира со споменатото рановизантиско јадро во центарот на градот, коешто со досегашните испитувања е откриено. Во поткрепа на оваа констатација го наведуваме и фактот, за кој сметаме дека е битен а можеби и решавачки по ова прашање, што со досегашните археолошки ископувања во Хераклеја ни во еден случај не се откриени градби од типот на нашата микростанбена целина, врз рановизантиските градби. Тие исклучиво се среќаваат на просторот на напуштените и оштетени градби од римскиот период.
Врз основа на гореизнесените констатации, ова микростанбена целина временски ја определуваме од средината на VI век од н.е. до последните децении на истиот век, кога со доселувањето на Словените во овие краишта престанува и животот во овој антички град.
Белешки
- Томе Јанакиевски, Краток осврт врз резултатите од археолошките ископувања на Римскиот театор во Хераклеја Линкестидска во периодот 1968—1972 година, Macedoniae acta archaeologica 1, Археолошко друштво на ср Македонија, Прилеп 1975 г., стр. 165. ↩
- Нав. дело, стр. 165. ↩
- Нав. дело, стр. 167. ↩
- Нав. дело, стр. 167—168. ↩
- Нав. дело, стр. 168. ↩
- Нав. дело, стр. 168, 172. ↩
- Б. Сариа, Позориште у Стобима, Годишњак музеја Јужне Србије I, Скопље 1941 г. стр. 3—4. ↩
- Томе Јанакиевски, нав. дело, стр. 165. ↩
Summary
Late Antique Micro Dwelling Entity Found Above the Theatre in Heraclea Lyncestis
In 1968 through the sondage works in the antique site Heraclea Lyncestis at Bitola the location of a theatre was ascertained for the existence of which there were already sufficient material proofs. The works carried out by7 now on this object have shown that this Roman theatre was not built exclusively for performances, as was mainly the case with the theatres in these areas. The high wall of the orthostat bordered the orchestra (2.30 m) and had to protect the audience from enraged animals, which in the rule appeared in the Roman amphitheatres.
When the theatre was abandoned, its central space above the orchestra was stuffed by earth through erosion. This layer is somewhere up to 6 m thick. It is obvious that a mirco dwelling entity is concerned with clearly7 distinguishable interrelations among the buildings which induces us to conclude that the central object was older, more important and functionally more complex. This statement announces the possibility of social differentiation between its owner and his neighbors. In a way he represented the gravitating center organized by him in the settlement that surrounded him. Quite clear are also the relations among the buildings themselves, so we may say that they were linked to a degree in order to serve functionally the central object, ie. to protect its entrance from the deposits. We may assume that setting the buildings around the central object had to adhere to certain norms in order not to incommode its owner.
As to the function, the space was monofunctional, i.e. it was used for dwelling purposes only with some additions which refer to the central object where querns were found (fig. 6), as well as to the bakery in the object No. 8 (fig. 7).
NES
LEGENDA
= POVRSINSKi SLOJ
dipling arh ACKOVSKI BOSILKO
СКИЦА 1