Macedoniae acta archaeologica 3 (1977) · стр. 29–56
Археолошки истражувања на локалитетот Сува Река во Гевгелија
Случајните наоди, откриени порано во Гевгелија, го направија ова место доста познато во научната јавност.1
Во последно време бројот на археолошките наоди во Гевгелија од постаро железно време, се повеке се зголемува.2 Тие се, по се изгледа, концентрирани во јужниот дел на градот,3 а наоѓани се, главно, во гробови.
Во пролетта 1975 година Републичкиот завод за заштита на споменици на културата изврши кусо заштитно ископување во коритото на Сува Река, во јужната периферија на градот. Откриени се осум гроба. Тие се гледаа во основата на брегот и со симнувањето на речниот нанос, гробовите беа целосно откриени. Градени се од камени плочи — тип на цисти (План 1, 2, са. 1, 2, 3).
ГРОБОТ 1 има димензии 1,90 0,55 м (кај нозете 0,45 м). Ориентација североисток-југозапад. Конструкцијата на гробот е од камени плочи, на бочните страни се по две правоаголни, а покривната плоча недостасува (сл. 4).
Дево од главата на покојникот откриена е обетка од бронзен тел со три навои. На просторот кај рамениците, лево и десно, најдени се по една бронзена наочареста фибула. Во висина на појасот најдена е низа од биконични бронзени мониста, а кај рацете по една бронзена белегзица од навои, во вид на спирала (сл. 4 и 5).
Од левата страна, во висина на колкот, најден е сад со една рачка со разгрлен обод. Висина 0,10 м. Работен е на витло, од светло-окер боја. Од десната страна, во висина на коленото, сад со нагласен врат и мев. Работен на грнчарско колце, рачката искршена. Концентрични темни линии околу вратот и мевот го украсуваат овој сад. Висина 0,19 м. Сличен сад но нешто поиздолжен најден е кај нозете. Висината на овој сад изнесува 0,18 м. Неговата форма оди, донекаде, кон олпе. Црвено бледи сликани линии го украсуваат овој сад. Кај нозете е најден уште еден сад работен на грнчарско колце, со кантаровидна форма. Висок е 0,10 м (са. 4 и 5).
Во гробот е откриено едно железно копје, долго сса 0,22 м. Врвот е оштетен и многу е кородирано. Најден е и еден нож во фрагментар:
ГРОБОТ 2 има димензии 2,10 X 2 mM. Ориентација исток-запад. Тип на циста. Од костурот е сочуван дел од горните екстремитети и половина од левата нога (сл. 6).
Гробните прилози ги сочинува само металот. Лево и десно од главата по еден фрагмент од кружна обетка од бронзен тел. На двете раце, по средина на мишицата, по една белегзија од бронзен тел со вкрстени краишта. Во висина на ушите, од лева и десна страна, по една железна игла (многу кородирани) (са. 7). Кај левото колено најдена е една наочареста фибула, изведена во иста техника како и оние од гробот 1 (са. 8).
ГРОБОТ 3 има димензии 2,20 х 0,50 м, височина на цистата 0,30 м. Има ориентација како и гробот 2. Остеолошките остатоци се изгниени, но можат да се назрат горните и долните екстремитети (сл. 9).
Дево од нозете најден е сад со една лентеста рачка, работен на витло. Ободот е разгрлен, а мевот нагласен. Има форма на поголема тоа. На окер светла основа сликани се хоризонтални паралелни темни линии. Садот е малку деформиран, висината е сса 8 см (сл. 10).
ГРОБОТ 4 има димензии 1 X 0,22 м со ориентација север—југ. Во прашање е детски гроб. Коските изгниени (сл. 11).
Гробниот прилог се состои само од два керамични сада. Едниот e СО нагласен мев и една искршена рачка. Работен на грнчарско колце од светло окер боја, висок 0,12 м. Другиот е со стеснато грло, нагласен мев и широка лентеста рачка, која почнува од ободот. На светла окер основа насликани се хоризонтални линии, кои слабо се распознаваат. Формата на овој сад, донекаде, нѐ потсетува на олпе (сл. 12).
ГРОБОТ 5 има димензии 0,84 х 0,30 м. Тип на циста, висок 0,30 м. Во прашање е детски гроб (сл. 13). Остетолошкиот материјал е скоро сосема изгниен.
Лево од нозете најден е еден сад во вертикална положба. Има издолжена линија и многу потсетува на источно-грчките ОАМ ОА родоско-јонскиот круг (ел. 14).
ГРОБОТ 6 има димензии 2,10 < 0,60 м. Конструкцијата како и на претходните. Ориентација cepep—југ. Коските се значително изгниени, но има остатоци од долните екстремитети (сл. 15).
Гробниот наод го сочинуваат две алки-обетки од тенок бронзен тел, најдени во висина на ушите. Две белегзии од спирални навои, како во гробот 1. Кај левото стапало откриен е мал бронзен калем
Во пределот кај нозете е најден сад со кантаровидна форма со две лентести рачки, кои почнуваат под ободот. Од едната страна видливи се бледоцрвени, хоризонтално сликани линии. Работен на грнчарско колце (сл. 18).
Во југозападниот агол откриен е сад со една рачка-форма која често се среќава во гробовите во Сува Река. Ободот е засечен и рачката почнува од него. Темноцрвени АНННН во хоризонтална положба го украсуваат овој сад работен на грнчарско колце (сл. 17). ГРОБОТ 7 има димензии 1,30 х 040 м. Ориентација североисток--југозапад. Како и претходните, припаѓа на типот цисти. Од костурот се сочувани екстремитетите (сл. 19).
Во овој гроб најден е еден сад со широка лентеста рачка, која го надвисува ободот. Работен е на грнчарско колце, светло-окераст (со енгоба). Садот е висок 0,15 м и има форма која е честа на локалитетот Сува Река (са. 20).
ГРОБОТ 8 има димензии 1,70 х 0,50 м со ориентација исток--запад. Цистата е длабока сса 0,40 м. Покривната плоча е констатирана во близина на гробот (дејство на флувијална ерозија). Од остеолошките остатоци сочуван е дел од черепот. Должина на костурот 1,60 м
Кај левата нога откриен е сад работен на рака. Темна глина со примеси на лискун, ободот оштетен. Имал рачка која го надвисувала ободот. Висина 7 см (Са. 22).
Источно од гробовите 4 1 5, најден е монументален питос, ед:
цата половина положена во земја. На неговото дно откриен е еден
сад. Податоци за овој сад во овој момент немаме. По се изгледа дека се работи за сад работен на рака.
Гробните конструкции4 од локалитетот Сува Река во Гевгелија се тип на цисти градени од камени плочи. Овие камени конструкции ја немаат онаа масивност како пространите цисти-камени гробници од архајскиот период. На доцно-геометријските и архајските некрополи во Кожани, Ајвасил, Бохемица, камените цисти се среќаваат како форма на гробна конструкција. Во Елеусина, Беотија, Еолида, Атина се забележливи промени во квалитетот на градби на цистите: наспроти постарите, прости и неправилни цисти ОД геометрискиот период (карактеристични во Фере во Тесалија),5 во архајскиот период6 преовладува форма со правилни, обработени плочи со што се приближуваат кон типот на саркофаг од класичниот период.б
Гробните конструкции во Сува Река во Гевгелија би се наредиле ВС неправилните и попрости цисти од геометрискиот период. На Аоано-македонскиот простор, во Вергина, каде преовладуваат гробови градени со камења, се јавуваат и цисти, како и сохранување во питоси.7 Во Патели, Чаушица, Бохемица, евидентни се цистите.8 На поголем број тумули во Пелагонија се сретнуваат слични камени конструкната фаза на полниот Халштат (На П), најдени се заједно со керамиции.9 Но во горно-пеонското подрачје влијанието на овие цисти е по-
Гробните наоди од локалитетот Сува Река во Гевгелија даваат една интересна слика. Имено, металните наоди карактеристични за ра-
ната фаза на полниот Халштат (На С), најдени се заједно со керамика работена на грнчарско колце. Наочарестата фибула со осмица, која е присутна во гробовите во Сува Река, е тип фибула многу раширен, како смета Beltz, на голем простор од Hallschtatt и северо-западен Балкан до Грција па и Сицилија.11 Според Мерхарт, значителна улога имаат во рано-железно време југоисточна алпска и северо-западна балканска област, од каде се шири наочарестата фибула12 кон Италија, како и преку Балкан во Грција. Гласиначките Илири многу покасно е прифатиле оваа врста фибула.
Во либурнската и јаподска група овие фибули се ставени во VIII—VII век пред нашата ера.13 Наочарестата фибула се јавува уште во протогеометриските тумули, егзистира во полниот Халштат на дод: но-камедонското подрачје.14 Според Г. Каро, овој вид фибула во Грција се јавува во времето на тамошниот јонски стил.15 М. Гарашанин констатира за наочарестата фибула дека е карактеристична за периодот Халштат С во Србија.16
Но долно-македонскиот простор, во Вергина, наочарестата фибу-Аа со осмица е чест наод. Андроникос ги разгледува фибулите од Вергина по типови, по поделбата направена од Александар.17 Формите од типот I би биле застапени, за сега, и на локалитетот Сува Река.
Другите метални наоди од локалитетот Сува Река во Гевгелија наоѓаат аналогии во многу наоѓалишта карактеристични за раната фаза на полниот Халштат, но овде ќе го споменеме АОАНО-МакеАОНСКН-
от простор, најблиското соседство. Така во Вергина се сретнуваат слични белегзии со многу навои, класирани во неколку групи, според бројот на навоите и обликот на бронзениот тел.18 Железното копје, како и ножот имаат, исто така, аналогии во долно-македонското по-Apauje, во Вергина.19
Керамичните наоди од локалитетот Сува Река во Гевгелија работени се на грнчарско колце, освен садот од гробот 8. Оваа керамика20 по сите свои одлики, оди кон керамиката од јонско-родоскиот круг, наречувана уште и источно-грчка керамика. Овој декоративен стил се сретнува уште на неколку вази, откриени во еден гроб во Гевгелија, во 1963 година.21
Познато е дека Јонците имаат основано многу колонии, првенствено градот Милет, ориентирајќи се прво на Хелеспонт и Пропонтида ти потоа кон Црно Море. Јонската роба преку грчките црноморски ко: лонии, нарочно Истрос (VII век п.н.е.) продирала на Балканскиот по-Ayocrpos. Се смета дека е ова еден од патиштата по кој можела да стасува јонската роба на Гласинац.22
Многу поголемо значење но и единствено за македонското подрачје имал Халкидичкиот Полуостров. Во текот на VIII—VII век пред нашата, ера, моќниот град Халкис од Еубеја, прв оснива на Халкидичкиот полуостров свои колонии.23 Голем интерес за овој полуостров имаат Андрос, Парос и другите Јонци. Големите рудни богатства на Халкидик со Пангејската Гора биле причина за колонизирање на оваа област. Новооснованите полиси стануваат јаки економски центри.
Керамиката од локалитетот Сува Река во Гевгелија, работена на грнчарско колце и многу слична на јонската, не упатува на Халкидик, како изворна област за нашето подрачје. Формите на садовите се предимно стомни со една рачка (но не превладува многу засечен врат) кои имаат долга традиција во македонската керамика. Неколку сада се како прототипови на подоцнежните ОАТН.
Истражените гробови од коритото на Сува Река не дале бронзе-НН висулци. Од истиот локалитет, но и во делот кон јужната периферија на градот, потекнуваат многубројни висулци, како случајни наоди. Можеби е ова индиција дека некрополата има поголем временски распон и подеталните хронолошки диференцирања би биле овозможени само преку систематски истражувања на овој локалитет. Овие бронзени висулци имаат аналогии со сличните наоди24 од многу локалитети, откриени во последно време во Македонија, како и со наодите од долно-македонскиот простор.25 И за овие бронзи изворното подрачје е Халкидик.26 Но големата бројност на овие наоди по средното и долното течение на Вардар, зборува дека пеонската област можеби имала своја работилница, но секако во зависност од матичната област — Халкидик.
Наодите од Сува Река не упатуваат кон следните можности: керамиката е можеби локална изработка, но по углед на јонската, од блиското соседство -- Халкидик, каде Јонците рано основаат свои колонии. Металните наоди ги имаат сите карактеристики од раната фаза на Халштат С. Археолошкиот материјал од овој локалитет, кој временски би можел да оди во VII век пред нашата ера, индицира постоење на голема некропола, чиј временски распон треба да се утврди. Само систематските истражувања можат да дадат поконкретни резултати. Со откривање на поголем број гробови ќе ни се овозможи согледување на временските разлики во пооделни гробни целини и поде-ТаЛНО диференцирање на заедничките наоди, на металот и керамиката работена на гринчарско колце.
Истражувањата на локалитетот Сува Река ќе бидат од голем интерес за согледувања на културно-историските процеси кои се одигрувале на ова подрачје. Се знае за длабоките превирања на долно-македонскиот простор во времето на VII век пред нашата ера, за ширење на Македонците и мигрирањето на други племиња во разни правци.27
состојба, долг сса 0,12 м (ел. 4 и 5). јавност.
Овие процеси ќе можат Аа се согледат само преку манифестациите на археолошкиот материјал и карактерот на наодите, што можат да овозможат само ископувања од поголеми зафати. Во тој правец се насочени и нашите интереси, бидејќи се работи за едно многу значи. телно подрачје, кое од секогаш побудувало интерес во научната
Белешки
- Р. Попов, Гробни находки од халштатската епоха, Списание на Блг. Академия на науките, кн. 16, София 1919. Истиот, Материјали за проучвание на халштатска и латенски култури в Б'лгария и Македония, Годишник на Народния музей за 1922 година, 164. ↩
- Покрај наодите од времето на І-та светска војна, како и неколку гроба откриени во 1951 и 1963 година, во Гевгелија во последниве години откриени се многубројни бронзени предмети, предимно висулци. Тие потекнуваат од јужниот дел на градот, од просторот кон коритото на Сува Река. По се изгледа дека се тие од гробови. На мислене сме дека овие гробови се дел од некрополата која се простира и во коритото на Сува Река. ↩
- Ископувањата се вршени под раководство на вишиот археолог-конзерватор Живојин Винчиќ. За остапениот материјал, во оваа прилика, му се заблагодарувам. ↩
- Kallipolitos—D. Feytmans, Arh. Ephemeris 1948/49, 85—111; L. Rey, Bohemica, Albania 4, Paris 1932. ↩
- Y, Bequignon, Recherches archeologiques a Pheres de Thessalie, Strasbourg 1937, 51, Pl. XV, 1, 2. ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Skopje—Beograd 1966, 35. ↩
- M. Andronikos, An early iron age cemetery at Vergina, near Beroea, Balkan Studies 2 (1961), 91. Истиот, Βεργινα I, ΑΘΗΝΑΙΣ 1969, 11. ↩
- L. Rey, op. cit., 40, 42; S. Casson, Annual of BSA XXIV, 1919, 7. ↩
- I. Mikulčić, op. cit., 20. ↩
- Ibidem. ↩
- R, Beltz, Brillenfibel, Ebert, Reallexikon, Bd. III, 5. 290. ↩
- O. von Merhart, Studien uber einige Gattungen von Bronzegefassen, Fest: schrift der R. G. Zm. in Mainz 1952, Br. II, S. 62. ↩
- Š. Batović, Diadora 1, 37; R. Drechsler-Bižić, Istraživanje japodske nekropole u Kompolju, Vjesnik AMZ III, sv. 2, Zagreb 1959, 73. ↩
- I. Mikulčić, op. cit., 16. ↩
- G. Karo, Fibel Agaischer Kreis, Ebert, Reallexikon, Bd. III, S. 314. ↩
- M. Гарашаанин, Једна скица хронологије металног доба Србије, Историски Гласник, бгд 1951, бр. 3—4, стр. 64. ↩
- Μ. Ἀνδρόνικος, Βεργινα I, ΑΘΗΝΑΙΣ 1969, 227—230, εἰκ. 67. ↩
- Μ. Ἀνδρόνικος, op. cit., 241—243. М.?Ахбвобикос, Веоли I, АОНХАТЗ = 1969, 227—230, ек. 67. M. "Аубрбллкос, ор. cit., 241—243. ↩
- Μ. Ἀνδρόνικος, op. cit., 270—272 и 267—269. ↩
- M. Lambrino, Les vases archaique d’Histria, Bucuresti 1938. ↩
- Т. Иванов, Керамика or град Сталин в Софискија музеј, Јонијска керамика, Известија на археол. дружество, кн. IX, Варна 1953, 41, 42. Истиот, Ан. тична керамика от некропола на Аполонија, Аполонија, Софија, бан 1963, 74. за ↩
- Во 1963 година, на југозападната периферија во Гевгелија, отворен е еден гроб-циста, од каде се изведени неколку слични вази, датирани во архајски период — И. Микулчиќ, op. cit., 30 (латиница). ↩
- RE III, s. v. Chalkis, 2080 (E. Oberhumer); s. v. Chalkidike, 2069, 2070 (истиот). ↩
- а Види забелешка под бр. 2. Материјалот е обработен каталошки — Праисторија во Македонија (В. Санев, Д. Симоска, Б. Китаноски, С. Саржовски) Скопје 1976, 60. ↩
- P. Amandry, Collection Helene Stathatos, Les bijoux antiques, Strasbourg 1953, 66, Tab. XVII, fig. 178, XXIV, No. 403. ↩
- I. Mikulčić, op. cit., 32. ↩
- I. Mikulčić, op. cit., 26. ↩
Summary
The Archaeological Researches on the Site Suva Reka at Gevgelija
AT DJEVDJELIJA
Radmila Pasié — Skopje
In the spring of 1975 the protecting works were carried out by7 the Republic Institute for the Protection of the Monuments of Culture, Skopje in the bed of the river Suva Reka at Djevdjelija, on which occasion eight graves of the cist type, miade of stone plates, were found (plan 1, 2 fot. 1, 2, 3). These cists could be ranged to the simple cists from the geometric period.
The grave goods give us a very interesting picture, namely the ceramics made on the potter’s wheel used to be found together2 with metal objects which are char acteristic for the early phase of3 Hallstatt C (fot. 4, 5).
The ceramic ware has the features of the Ionic-Rhodian ceramic circle, the origins of which should by all means be sought in Chalcidice, where the Ionians founded their colonies early (Chalcis on Euboea).
The finds from the Suva Reka at Djevdjelija might be ranged to the 7“ century B. C., but the excavations, which have been planned for this site, will certainly7 give more details for differentiating the periods of time in the grave entities, as well as for the differentiation of the finds of metal objects and of the ceramic ware made on the potter’s wheel.
Further researches in this site will be interesting for investigating the cultural-historic processes, because we know of turbulences in the lower Macedonian region in the 7th century B. C., and of the spread of the Macedonians and migrations of the other tribes in various directions.
ПЛАН 2