Macedoniae acta archaeologica 3 (1977) · стр. 195–214

Исар, Штип- средновековна населба

Содржина
  1. Опис на локалитетот
  2. Наоди од профана архитектура — куќи
  3. Па. 1 — Скица на пристапниот пат и откриените објекти
  4. Керамика
  5. Заклучок
  6. ISAR, STIP -- A MEDIEVAL SETTLEMENT

минато го започнува уште во најраните времиња на човековата исто: рија.

На ова подрачје, како први траги на човечки живот, откриени се населби кај Селата Таринци3 и Анзабегово. Тие му припаѓаат на нео-АНТОТ — времето кога човекот од фазата на довечко-собирачкото стопанство поминува во етапата на доместикулацијата на животните и агрикултурната економија. Материјални остатоци од халштатскиот период наоѓаме кај селата Радање3 и Караорман.

Во историските извори Штип за првпат се споменува во времето на римскиот император Тиберие (14—37), како пеонски град Астибо. Под истото име се споменува и во III век од н.е. Обележан е и во картата на Пеонија (Tabula Peutingeriana) од IV век.5

При крајот на VI и почетокот на УП век долината на реката Брегалница ја населува едно од словенските племиња. Словенската колонизација на Балканскиот Полуостров окарактеризирана е со големи пустошења и грабежи на византиските градови. Секако, во виорот на овие словенски завојувања настрадал и византискиот Стипон. Византиското име на градот поминува во словенско — Штип.

Остатоците од тврдината на локалитетот Исар укажуваат на по: стоењето на утврдениот средновековен град Штип.

Средновековната историја на градот, која започнува со населувањето на Словените на ова подрачје, преполна е со бурни историски настани. Во првата половина на IX век, за време на бугарскиот хан Персијан, голем дел од Македонија потпаѓа под бугарска власт. Брегалничката област дефинитивно ја потчинува неговиот наследник Борис (852—889).7

Од 976 до 1014 год. Штип се наоѓа во составот на првата македонска држава. Периодот од пропаста на Самуиловата држава, па се до големото проширување на српската феудална немањичка држава на династијата Немања на југ кон Македонија, кога Штип за подолго време останува под српска власт, се карактеризира со чести менувања на господарите: до 1197 год. Византија, па Бугарија до 1207 год., потоа господарот на Просек — севастократорот Стрез до 1214 год., епирско: то деспотство до 1216 год., повторно Бугарија до 1246 год, па никејското царство до 1254 год. и тн. Во овој период чести се и навлегувањата ка Печенезите, Куманите и Норманите 8

За време на крал Милутин (1282—1321) Штип потпаѓа под српска власт H претставува гранично подрачје на српската и византиската држава. Потоа, за кусо време, повторно паѓа под византиска власт. Конечно, српските феудалци во времето на владеењето на Стефан Дечански (4321-1331) го присоединуваат Штип кон српската држава. Феудаден господар и управител на Штип во тоа време е протосевасторот Хрелја. По повлекувањето на Хрелја со градот управува Јован Оливер. Од 1355 па се до доаѓањето на Турците, во Источна Македонија управуваат браќата Константин и Драгаш Дејановиќ.

Опис на локалитетот

Археолошкиот локалитет, кој го носи турското име „Исар“, се наоѓа на едно доминантно возвишение помеѓу реките Брегалница и Отиња, со правец на простирање север--југ во должина од околу 350 M. a од коритото на реката Брегалница се издига на околу7 150 м. Ерозивната сила на споменатите реки го одделиле возвишението од околниот терен со длабоки клисури: од север и запад Брегалница, а од југ суводолицата Отиња. Крстосницата на патиштата што се наоѓа во подножјето на Исарот ја зголемува важноста на оваа местоположба. Во времето на феудализамот, кога потребата од сигурна заштита и одбрана е неопходна, таквата природна положба е искористена и на нај-ВИСОКИОТ дел од возвишението е сограден средновековен град од типот на Маркови Кули (Прилеп), Самуиловата Тврдина (Охрид), Кале (Скопје), Цареви Кули (Струмица) и др.

Целата тврдина -- град опколена е со ѕид, кој всушност ја следи конфигурацијата на теренот, простирајќи се скоро по една иста изохипса. Источната и јужната страна се најпристапни и најдобро утврдени делави на градот. Влезот се наоѓа на источната cTpana.

За Подградието на градот се претпоставуваше дека се наоѓа по косините на источната и јужната страна на Исарот, кои се најпогод: ни за подигање на една таква населба. Заштитното археолошко ископување то потврди постоењето на средновековна населба под тврдината на источната страна.

Земајќи ја предвид местоположбата и историско-политичките прилики во античкиот, византискиот и средновековниот период, на мислење сме дека средновековниот град Штип никнал врз урнатините на античките и византиските населби. За континуираниот живот на овој локалитет ни зборува и археолошкиот материјал, кој засега, иако малуброен, го навестува постоењето на населби од претходните епохи.

Наоди од профана архитектура — куќи

Во месец септември 1974 год. за време изградбата на пристапниот пат, кој води низ источната падина на Исарот до Споменикот на револуцијата, Народниот музеј беше известен дека при изведувањето на комуникациските работи се појавуваат стари зидови и керамика. По разгледувањето на теренот констатиравме дека голем дел од наодите се оштетени и постои опасност истите во целост да бидат уништени. За таа цел презедовме заштитно ископување.

На оддалеченост од околу 70 м северно од црквата Св. Архангел Михаил, по должината на веќе трасираниот пат, успеавме да фиксираме пет точки, односно сектори, на кои се забележуваат остатоци од 5идови. На стационажа 0--0 12,13 од ситуација I од проектот на патот, пронајдени се остатоци од зидови (сектор I); на стационажа 0--366,72 ѕид во должина од околу 4 м (сектор II); на стационажа 0+012,18 до 0+016,24 од ситуација II од проектот на патот, остатоци од 5ИдовИ (сектор III); на стационажа 0+040,03 зид во должина од 2,80 м (сектор IV); на стационажа 0+061,42 остатоци од зид (сектор У) (Па. I).

Илустрација, стр. 197

Па. 1 — Скица на пристапниот пат и откриените објекти

Џидовите во сите пет сектори имаат една заедничка карактеристика: изведени се со кршен необработен камен, а како сврзовен материјал употребена е кал. Сектор 1.-- На овој сектор работниците откриле ѕид со насоха север—југ во должина од околу 4 м. Источно од ЅИДОТ, во неговиот јужен дел, според нивните кажувања се наоѓало големо пепелиште, секако огниште со фрагменти од керамички садови, една амфоровидна стомна, едно грне од типот на грниња со една рачка, згура и јагленосано дрво. Ѕидот и голем дел од придружниот археолошки материјал беше отстранет, така што не можеме да дадеме некои поцелосни податоци.

Во малата сонда поставена на местото каде што се наоѓал ѕидот, на длабочина од 0,40 м се појавува ѕид со малтер и фрагменти од римска керамика. Просторот источно од споменатиот ѕид, со површина 5 X 5 м кој се наоѓа на самиот пат, е културен слој од темно-сива земја. Поради забрзаната изградба на патот, овој простор остана неи-

Са. 1 -- Куќа во сектор II
Сл. 1 -- Куќа во сектор II

Сектор II, — Јужно од сектор I во откопот се забележуваат контури од ѕид. Поголемиот дел од просторот источно од зидот веќе беше откопан до под нивото на основата на зидот, а земјата отстранета. Ѕидот и неоштетениот тесен простор источно од него, со широчина од 0,80 м, е покриен со насипана земја свлечена од повисокиот брег. Со отстранувањето на насипот се констатира дека 5идот е ориентиран во правец север--југ, со должина од 4,05 м и сочувана височина од 0,50 до 0,80 м. Јужниот крај на зидот свртува под прав агол на исток. Свој продолжеток е сочуван само во основата и е без полната широчина. Иста е состојбата и на неговиот северен крај. И овде зидот свртува под прав агол на исток, а сочуваноста му е уште послаба. Поради тоа што зидот е вкопан во здравицата на теренот, (непосредно се потпира на вертикалниот отсек на земјата), не може да се констатира неговата точна широчина, но таа не е поголема од 0,60 м. Од четвртиот, источниот зид на куќата не се најдени никакви остатоци (сл. 1).

Во насицаната земја на зидот и во просторот источно од него пронајдени се фрагменти од керамички садови, јагленосано дрво, згура и животински коски. Во северозападниот агол, на просторот што го опфаќаат зидовите, на самото подно ниво се откри тенок слој гареж јаглен и јагленосано жито. Северно од зидот, на оддалечност од 1,50 м во профилот на откопот се забележува дел од уништена јама исполнета со керамички фрагменти, ситен камен и јаглен.

Сектор III. — Југоисточно од сектор II, под високиот профил настанат при трасирањето на патот, се наоѓа големо количество кршен камен, а околната земја е со темно-сива боја. Во веќе испретураниот културен слој најдени се ситни фрагменти од керамички садови, меѓу кои и два фрагменти од глеѓосана керамика. И во овој сектор забележително е големото количество јаглен, гареж и згура.

Са. 2 — Куќа во сектор IV
Сл. 2 — Куќа во сектор IV

Сектор IV. — Северозападно од сектор III, под високиот профил кој на тоа место е највисок 2,50 м, се забележуваат зидови. И овде го имаме истиот случај како и кај секторот II. Бидовите се покриени со насипана земја свлечена од високиот брег. Ѕидот со насока северозапад--југоисток, кој се потпира на профилот од брегот, сочуван е во целата негова должина 2,80 м, а во височина од 0,60 до 1,20 м. На неговите краишта под прав агол се надоврзуваат два ѕида, кои по 0,30 — 0,40 mace губат. Местото каде што треба да постои четвртиот ѕид е на многу пониско ниво од нивото на гореопишаните зидови. И кај оваа куќа зидовите се со неполна широчина, која се движи од 0,30--0,50 м

Во првиот откоп од 0,30 м најдени се неколку покривни ќерамиди, фрагмент од кородиран железен предмет и остатоци од јагленосано дрво. Вториот откоп е сива земја измешана со ситен камен, гареж и јаглен. Третиот откоп, на длабочина од 0,85 м, претставува дебел слој гареж, јаглен и пепел. Под првиот слој гареж и пепел се откри фрагментирана црепна, два фрагмента од горен дел на сад, едно дно и една животинска коска. Под црепната, во дебелиот слој пепел во огништето се најдени голем број животински коски и обгорени фрагменти од огнишна керамика. Камењата што го оформувале огништето малку се разместени, но сепак се забележува неговата потковична форма со приближни размери од 0,70 м должина и 0,60 м широчина. На неколку места во огништето се забележува силно обгорена црвена земја, а подот е покриен со ситно искршен камен. Малку северозападно од овие наоди, до самиот ѕид се појавува уште една фрагментирана црепна (са. 3). Подот на куќата сочуван е само во тесниот појас по должината на југозападниот ѕид со широчина од 0,50 м. Составен е од набиена земја, со ситен кршен камен.

Илустрација, стр. 200

Сектор У.-- Северозападно од сектор IV е откриен ѕид идентичен со зидовите од претходните сектори. Во оштетениот културен слој најдени се поголем број фрагменти од керамички садови со дебели зидови и еден фрагментиран питос. Во сондата отворена по АОАжината на зидот на длабочина од 0,60 м се појавува зид ЅО малтер и фрагменти од римска керамика, меѓу кои и едно дно од амфора.

Во поглед намената, обликот и начинот на градење на откриените објекти може да се даде следниот заклучок: Се работи за станбени згради — куќи, за што сведочат огништето, керамиката, животинските коски и остатоците од зрнеста храна. Бидејќи само делумно се сочувани, нивниот облик можеме да го одредиме по пат на споредување со слични објекти откриени на други средновековни локалитети. Во Македонија слични остатоци од средновековна профана архитектура откриени се кај селото Варош--Прилеп, во градежниот комплекс на црквата Св. Димитрија8 и на теренот околу црквата Св. Атанас. Оа бих познат е наодот од Султиќ кај Коњиц.15 Во Бугарија среднове-КОВНН куќи од истиот тип регистрирани се на повеќе локалитети, од кои ќе ги наведеме следните: „Селиште“ во Преслав“16 и „Момина Крепост“ кај Велико Трново.17

Тоа се куќи со едно одделение, квадратни или правоаголни, со мали димензии, а служеле истовремено за спиење, подготвување храна, па дури и за вршење некои занаетчиски работи.

И двете живеалишта во секторите II и IV делумно се вкопани во здравицата на теренот и се од типот на полуземјанки. Ѕидовите почнуваат од нивото на подот. Земајќи ја предвид техниката на 5идањето (тенки зидови изведени со кал), височината на зидовите не би можела да биде голема. Бројните остатоци од јагленосано и изгорено дрво и неколу покривни ќерамиди, најдени во првиот откоп на куќата во сектор IV, укажуваат на дрвена покривна конструкција, покриена со керамиди.

Керамика

Керамичкиот материјал од населбата е застапен со повеќе типови садови, различни по големина, фактура и намена. Според обликот садовите можат да се поделат на неколку групи: амфоровидни стомни, грниња со една рачка, грниња без рачки, длабоки чинии, биконусни садови, питоси, и како посебна група се издвојуваат црепните.

Црепни. — Фрагментирана црепна најдена до југозападниот ѕид на куќата во сектор IV. Димензии: дијаметар на венецот 39 см, дијаметар на дното 36 см, височина 6,5 см, длабочината варира од 4,5—3,5 см, дебелина на венецот 1,5 см, дебелина на дното 2,5 см. Работена е рачно и се одликува со груба фактура. Добро печените з5идови содржат крупен песок а површината им е нерамна. Венецот, чија височина варира, што е резултат на рачната изработка (без грнчарско колце), завршува обло. Боја, сивкасто-пепелава со кафејави нијанси, а во пресекот црвенкава. Дното е украсено со групирани убоди, изведени со шилест предмет (сл. 4).

Илустрација, стр. 202

Фрагменти од дно и венец на црепна најдени во огништето на куќата во сектор IV. Овие фрагменти се разликуваат од првата црепна по начинот на изработката и материјалот. Дното од внатрешната страна и зидовите на венецот, кој во горниот дел е косо засечен, се одликуваат со рамни површини. Изработени се од непречистена земја, со големо количество крупен песок и органски материи. Слабо печени и со голема порозност. Фрагментот што ТО претставува средишниот дел на дното вертикално е продупчен (цртеж 1).

Фрагмент од венец на црепна од истиот сектор. И овој фрагмент ги има сите одлики на претходните фрагменти. Од нив се разликува само по обло завршениот раб (цртеж 2).

Во археолошкиот материјал од времето пред експанзијата на Словените на Балканскиот Полуостров, односно од времето на римското и рановизантиското царство, наоди од црепни не се познати. За првпат во историјата на Балканот тие се појавуваат во раниот среден век, во првите словенски населби.18 Нивната употреба кај селското население се задржува до денес.

Во Македонија фрагменти од црепни се откриени на неколку средновековни локалитети. Најстарите потекнуваат од локалитетот Градиште кај селото Дебреште, од времето на населувањето на Брсјаците на оваа територија.19 Во подоцнежните векови на средновековието црепни се појавуваат во археолошкиот материјал на локалитетите: црква Св. Димитрија во село Варош, Чука кај село Тополчани, Имарет џамија во Охрид, Капан и Сули-Ан во Скопје, во црквата на манастирот Нерези?" и на теренот околу црквата Св. Ѓорѓи во Горен Козајак. На територијата на Србија црепни се регистрирани на локалитетите: Басат кај село Подане, Нишка Тврдина, Ново Брдо, црква Св. Никола кај Куршумлија, Петрова Црква кај Нови Пазар, Сталаќ24 и други.

Во раносредновековните словенски населби на Украина, Бугарија и Романија црепната е скоро редовен придружник на истовремениот керамички материјал. Застапени се и на територијата на Унгарија, Чехословачка, Полска и Источна Германија.

Амфоровидна стомна од сектор I. Димензии: височина 26,5 см, најголема широчина 18 см, дијаметар на отворот 7 см, дијаметар на дното 9 см, дебелина на зидовите 4 мм.

Садот е од типот амфоровидни стомни со овална форма. Од најширокиот АСА на стомакот зидовите постепено се стеснуваат, правејќи го рамото, кое поминува во кус цилиндричен врат. Фрагментиравото устие во однос на вратот е проширено и веројатно со благо свиткан обод кон надвор. Дното е благо конкавно. Двете рачки со елипсовиден пресек започнуваат малку над најширокиот дел на садот, вер-ТНКААНО се издигаат и завршуваат приближно под прав агол под устието на стомната. Два релјефно изведени прстени во горниот и долниот дел на вратот истиот го одделуваат од устието, односно рамото. Долниот АСА на рамото е украсен со шест плитко врежани широки, хоризонтални паралелни линии. Мазнетите зидови на садот покриени се со разредена златножолта ангоба на места сочувана. Фактура: глина со додаток на зрнест песок, која во печењето добила сивкасто-кафејава боја. И покрај хармоничната форма, забележителна е извесна асиметричност во пределот на стомакот и рачките на садот (сл. 5).

Амфоровидните стомни се честа појава во средновековните словенски наоди од VIJI—XII век и подоцна. Садовите од овој тип не се новост во средновековната керамографија. Нив ги среќаваме во наодите од античкиот период, а Словените ги преземаат од Византија, чие творештво се развило на античка основа со живи автохтони традиции.

Од нашата територија познати се охридските средновековни ам: форовидни стомни од црквата Св. Софија, датирани во периодот од IX—XI век.26 Нашиот примерок, типолошки, а донекаде и по украсот, е сличен со овалните амфоровидни стомни од црквата Св. Софија.

Овални амфоровидни стомни откриени се во Диногетиа (Романија) од X—XI век, Левин од VIII—X век“? и Трговиште од XII век“? во Бугарија и Тиритаки во Pycuja.31

Грне од сектор I. Димензии: височина 14,5 см, дијаметар на телото 11,5 см, дијаметар на дното 6,5 см, дијаметар на отворот 9 см, дебелина 4 см.

Садот е од типот на грниња со една рачка, која излегува од работ на устието и завршува на најширокиот дел на стомакот. Ободот е Слаго свиткан кон надовршената страна, а во горниот дел, однадвор, косо засечен. Дното е рамно. Под вратот садот е украсен со врежани, релјефно изведени хоризонтални паралелни линии. Изработен е на брзо грнчарско колце. Боја сивкасто-кафејава до светло-црвена. Од надворешната страна по зидовите се забележуваат остатоци од изгоре-

Фрагмент: грне со една рачка. Димензии: 10 < 7 см. Садот е Најширок во долниот дел, при дното. Фактура: глина со додаток на ситен песок, добро печен, боја црвена, неорнаментиран (цртеж 3).

Садовите од овој тип широко се распространети во периодот од XI—XIV век. Тие се задржуваат во употреба до денес, без да претрпат некои поголеми промени.

Слични садови откриени се на локалитетот Рибница кај Доњи Милановац со кои нашиот прв примерок има голема сличност,32 Брезја кај Poraruua,33 Белград““ и др. Од Бугарија аналогни на нашите наоди се примероците од Гиген“?“ и Мадара,36 датирани во времето од ХІТ— XIV век.

Фрагмент најден во огништето на куќата во сектор ТУ. Димензии: 8 X 4,5 см, дебелина 5 мм. Овој фрагмент по својата фактура и начинот на изработката битно се разликува од досега споменатите. Фрагментот е од сад со сферично тело, кус врат и здебелен обод извлечен кон надвор, со заоблен раб. Фактура: глина со голем додаток на зрнест песок, добро печен, боја темно-кафејава со црвенкави нијанси. Под работ на ободот однадвор и под вратот од внатрешната страна се забележуваат траги од прсти. Изработен е на несовршено грнчарско колце (цртеж 4).

Фрагмент најден во огништето на куќата од истиот сектор. Димензии: 8 X 4 см, дебелина 7 мм. Фрагментот е од сад со здебелен прав

Са. 11—13; Цртеж 1-4
Сл. 11—13; Цртеж 1-4

врат, во горниот дел благо свиткан кон надвор и косо засечен раб. Од внатрешната страна, на местото кајшто рамото и вратот на садот се спојуваат, видлив е неправилен раб. Ободот на садот дополнително е додаден. Најголемата широчина на садот е во делот на рамото. По фактура е еднаков со претходниот фрагмент (цртеж 5).

Фрагмент од истиот сектор. Димензии: 8 X 7 см, дебелина 7 мм. Фактура: глина со додаток на ситен песок, добро печен, со црвеникава до сива боја. Украсен е со врежана хоризонтална развлечена брановидна лента (цртеж 6).

Сите три фрагменти по зидовите имаат остатоци од нагорено. Са: довите претставуваат огнишна керамика за секојдневна употреба. Садови изведени на бавно грнчарско колце, доработувани рачно и на кои се појавува развлечена брановидна лента типични се за постарата словенска керамика.

Со орнамент од хоризонтални брановидни линии украсени се Некои од садовите пронајдени во црквата Св. Софија во Охрид.37 Овој орнамент се појавува и на керамиката од локалитетите на село Варош -- Прилеп.

Фрагмент — сад со прав цилиндричен врат од сектор I. Димензии: 6,5 X 6 см, дебелина 5 мм. Работ на отворот е рамен и кон внатрешната страна во вид на лента проширен за 1,6 см. На овој проширен дел, кој е дополнително додаден, аплициран е еден копчест украс. На растојание од 1,5 см од оваа апликација се наоѓа лежиште за уште еден таков украс, што иницира на тоа дека целата површина на проширениот раб била украсена со копчести апликации. Вратот е украсен со врежани хоризонтални линии, а на рамото се забележуваат хоризонтални паралелни канелури. Профилот под вратот е здебелен. Веројат-НО, на тоа место излегувала рачка или, можеби, сифон? Фактура: глина со додаток на ситен песок, добро печен, боја светлоцрвена. Од надворешната страна фрагментот е покриен со разредена златножолта ангоба (цртеж 7).

Сличен сад во средновековната керамика не ми се познат.

Фрагмент, сад со висок цилиндричен врати обод благо свиткан кон надвор. Работ на отворот косо е засечен кон внатрешната страна. Вратот и рамото украсени се со широки хоризонтални паралелни линии. Фина фактура, добро печен, боја светло-црвена. Најден во сектор Ил. Димензии: 11,5 х 10 см, дебелина 5 мм (цртеж 8).

Фрагмент, сад со широко рамо, кус врат, благо свиткан обод и косо засечен раб кон внатрешната страна. Вратот и долниот дел на рамото украсени се со по две хоризонтални паралелни канелури. Фина Фактура: глина со додаток на ситен песок, добро печен, боја светло- -црвена. Од надворешната страна нагорен. Најден во сектор ІТ. Димензии: 8 х 6 см, дебелина 5 мм (цртеж 9).

Фрагмент, сад скоро идентичен на претходниот. Вратот е орнаментиран со една хоризонтална линија, а рамото со хоризонтална канелура. Најден во истиот сектор. Димензии 65 х 4,5 см, дебелина 5 мм (цртеж 10). Фрагмент, широкото рамо на садот поминува во прав врат, кој завршува со косо засечен раб кон надворешната страна. Фактура: глина со додаток на ситен песок, недоволно печен, боја кафејаво-црвенкава, во пресекот сива. Најден во истиот сектор. Димензии: 5 X 5 см, дебелина 6 мм (цртеж 11).

Цртеж 5-11
Цртеж 5-11
Илустрација, стр. 207
Илустрација, стр. 207

Овие фрагменти ги имаат сите карактеристики на подоцнежната керамика од XIII и XIV-or век. Слични фрагменти застапени се во керамиката од локалитетите на село Варош -- Прилеп и Кале во Скопје.89 Аналогна на нашата керамика е и керамиката од средновековниот град Сталаќ“40 и Момина Крепост кај Велико Трново (Бугарија), датирана во XIV век.

Фрагмент од сектор У. Димензии: 12 х 9 см, дебелина 1 см. Фрагментот е од биконичен сад со извлечен здебелен појас, украсен со втиснати косо наредени елипсовидни орнаменти кои изгледаат како тордирана врвца која го опкружува садот. Две паралелни ленти, составени од тенки хоризонтални линии, го следат појасот во хоризонтала Фактура: глина со додаток на крупен песок, средно печен, боја си:

Фрагмент од истиот сектор. Димензии: 9 X 7,5 см, дебелина нееднаква — од 1 до 1,5 см. Во долниот дел на фрагментот се забележува аплицирана хоризонтална трака украсена со издолжени косо наредени орнаменти. Фактура: глина со мал додаток на крупен песок, недо: водно печен, боја кафејаво-црвенкава, во пресекот сива (сл. 8).

Фрагмент од истиот сектор. Димензии: 7 X 4, см, дебелина 1,3 см. Фрагментот е од сад со поголеми димензии — питос. Аплицираната хоризонтална лента орнаментирана е со втиснати, косо наредени орнаменти изведени со прст. Груба фактура, боја црвена, во пресекот сива (сл. О).

Фрагмент: обод од питос, најден фрагментиран во близината на ѕидот во сектор У. Димензии: 19 х 16 см, дебелина 1,2 см. Садот ro опкружуваат аплицирани хоризонтални паралелни ленти украсени со втиснати косо наредени триаглести орнаменти. По фактура е еднаков со претходниот фрагмент (са. 10).

Фрагмент од истиот сектор. Димензии: 13 х 8 см, дебелина 1 см. Украсен е со две аплицирани хоризонтални паралелни ленти. За разлика од гореопишаните фрагменти, на кои лентите им се украсени со втиснати или врежани орнаменти, кај овој фрагмент тие се без украс. Груба фактура, недоволно печен, боја сива со кафејави нијанси

Втиснати или врежани орнаменти со овален, триаглест, ромбовиден или издолжен облик, косо наредени на здебелените појаси, или дополнително аплицираните ленти на садот, се среќаваат во керамичкиот материјал од локалитетите на село Варош, Султиќ,43 Могорјело,““, Рача,45 Басат,46 Craaak47 и др.

Идентичен на нашиот примерок, со две аплицирани хоризонтални ленти, без украс, е фрагментот од Народниот музеј Прилеп.

Кај нас оваа керамика обично се датира во XITI—XIV век, иако има и поранешни датирања.

Фрагмент: дно, најден на просторот помеѓу секторите I u II. Дијаметар на дното 7,5 см. Садот е украсен со орнамент од вертикални и коси линии изведени со бела боја. Фактура: глина со додаток на си: тен песок, недоволно печен, боја сива (са. 12).

Сличен примерок се наоѓа во Народниот музеј Прилеп.

Чинија, фрагментирана од сектор I. Димензии: височина 5,5 CM, дијаметар на дното 5,4 см, дебелина 4 мм. Садот е со форма на пресечен конус. Дното е тесно, благо конкавно, високо извлечено и здебелено. Од дното постепено се издигаат зидови со малку заоблена фор-Ма, кои завршуваат со овален раб. Од надворешната страна во горниот дел садот е орнаментиран со неколку плитко врежани хоризонтални линии. Фина фактура: глина со додаток на ситен песок, добро печена, боја светло-црвена (цртеж 12).

Чинија, фрагмент од сектор IV. Димензии: 14 X 11 см, височина 8 см. Најголемата дебелина на зидот е при дното 1,4 см, која постапно се намалува до 8 мм при работ на отворот. И оваа чинија е со конусовидна форма. Дното е здебелено и нерамно, со широк прстенест раб. Бидовите завршуваат со рамен — хоризонтален раб. Садот е украсен со една длабоко врежана хоризонтална линија, која се прекинува и неколку плитко врежани хоризонтални линии, исто така прекинати. Џ5идовите содржат крупен песок, добро печени, боја црвена со сивкасти нијанси (цртеж 13).

Наоди од чинии откриени се во средновековните населби на локалитетите Рибница и Буљино Гнездо,51 датирани во XI—XII век. Слични садови откриени се и на локалитетот средновековен град Ста: лаќ од XIV Bek.

Зделите од Рибница и Буљино Гнездо се разликуваат од нашите примероци по својата побогата декорација и профилација на работ од отворот на садот.

Садовите од овој тип се чести во средновековните наоди од X— XI век на територијата на Бугарија: Преслав, Софија“, Цар Асен, село Кладенци, Благоевград, Перник и др. Евидентирани се и во наодите од Романија од истиот период.

Капак, најден источно од сектор I. Сочувани димензии: дијаметар 12 см, височина 5 см. ЅВОНЕСТО обликуваните 5идови завршуваат со копчеста рачка (са. 13).

Конусовидните капаци, поради својата практичност, широко се распространети во средновековната керамика на Балканскиот Полуостров и Средна Европа.

Рачки. Преовладуваат рачки со елипсовиден пресек, различни по големина. Меѓу нив посебно се издвојуваат два примероци, првиот украсен со копчести апликации, другиот покриен со бела боја и ребресто извлечен раб по средината (сл. 14).

Аплицирани копчести украси се појавуваат во керамиката од локалитетите на село Варош, Скопско Кале, црквата Св: Софија во Охрид“ и на керамиката од средновековниот град Сталаќ“! Такви украси познати се и во средновековната керамика од Бугарија.

Прешлен или тег од керамички фрагмент. Димензии: дијаметар: 6,5 см, дебелина 1,5 см, (сл. 15).

Глеѓосана керамика. Трпезната глеѓосана керамика застапена е само со два фрагменти од чинии.

Фрагмент од длабока чинија најден во сектор III. Димензии: 9 X 5 см. Од надворешната страна фрагментот е глеѓосан со светло-зелена глазура, врз која дополнително е нанесена бела боја, а од внатрешната со жолто-кафејава до сива глазура, поставена преку слој од бела ангоба. Украсот е изведен во зграфито техника, со светло- -кафејава боја. Две концентрични линии формираат тесен појас, кој го одделува дното од венецот на садот. Од овој појас кон венецот појдува низа од по две паралелни линии, кои во горниот дел се шират формирајќи листовиден мотив — бршленов лист (цртеж 14).

Са. 14-15; Цртеж 12-15
Сл. 14-15; Цртеж 12-15

Фрагмент од чинија со ниско прстенесто дно од истиот сектор. Димензии: 8 X 7,5 см. Лимоново жолта глазура поставена преку слој од бела ангоба ја покрива само внатрешната страна. Украсот од геометриски и вегетабилни мотиви изведен е со црна боја во комбинација на зграфито техника и сликање. Геометрискиот мотив го сочинуваат слободно извлечени линии, кои се сечат правејќи неправилни ромбовидни полиња. Во четири ромбовидни полиња на дното на садот на-

сликан е по еден бршленов лист. Бршленовиот лист се појавува и во останатите оштетени полиња (цртеж 15).

Основна одлика и кај двата фрагмента е силната шематизација на мотивите, што е карактеристика на изразита провинциска уметност.

Бршленовиот лист, преземен од антиката како симбол на трајноста и вечниот живот, во ранохристијанската па и во подоцнежната византиска средновековна уметност и еден од најчестите украсни мотиви. Особено е популарен во времето на Комнени.

Трпезни глеѓосани садови во чии украс е застапен срцевиден бршленов лист откриени се на локалитетот Кале во Скопје, датирани во преминот од XII во XIII век! и на локалитетите во околината на Прилеп од XIII век.

Заклучок

Во поглед на временската определеност на откриените објекти- -куќи, кои се дел од населбата (подградието на градот), засега, со сигерност не може да се даде некое попрецизно датирање. Разновидноста на керамичкиот материјал, како по фактура така и по облиците, укажува на еден поширок временски период од XII—XIV век. Керамиката со здебелени ободи, украсот од развлечена брановидна лента и грнето со една рачка даваат индиции за периодот пред XIII век. Од друга страна, садовите со кус врат орнаментирани со хоризонтални паралелни линии и канелури, како и садовите со аплицирани хоризонтални ленти украсени со втиснати косо наредени орнаменти укажуваат на XIII—XIV век. Овде ќе ја споменеме и непосредната близина на црквата Св. Архангел Михаил, подигната во триесетите години на XIV век, но и таа не може да ни послужи како сигурна основа за датирање. Можеби во овој момент како најсигурна основа за датирање може да ни послужи трпезната глеѓосана керамика, украсена со мотиви од срцевиден бршленов лист, која ја датира населбата во XIII век.

На крајот, сакам да напомнам дека на локалитетот Исар досега не се вршени археолошки ископувања. Се надеваме дека овие први наоди ќе создадат зголемен интерес за овој значаен локалитет, кој несомнено бара систематско истражување. 1 М. Гарашанин--Д. Гарашанин, Неолитска населба Вршник кај селото Таринци, Зборник на штипскиот Народен музеј II, Штип 1961, стр. 7.

‘tis 2 ТІ. Корошец--Ј. Корошец, Предисториска населба Барутница, Прилеп

И. Мукилчиќ, Могила од „Орлови Чуки“52 кај село Караорман, Зборник на штипскиот Народен музеј 11, Штип 1961, стр. 47.

> Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Жива антика кн. I, Скопје 1957, стр. 224.

ч Тра.

12 При изведувањето на заштитното археолошко ископување под средновековниот културен слој во секторите I и У откриени се зидови изведени со малтер и фрагменти од римска керамика.

ч Б. Бабиќ, Варош, црква Св. Атанас -- средновековно насење, Археолошки преглед 7, Београд 1965, стр. 172.

В. Антонова—Ц. Дремсизова, Проучвания в местността „Селище“ в Преслав през 1960 и 1961 год., Преслав соборник I, Codua 1968, стр. 158—172.

Я. Николова, Две нови жилища в подножието на хълма „Момина Крепост“ във Велико Трново, Известия на Окръжния исторически музей — В. Трново, книга IV, Варна 1968, стр. 57—65.

Б. Бабиќ, Цревуља, црепна, подница — посебно значајан ослонац за атрибуцију средњевековних археолошких налазишта Балканског Полуострва Словенима пореклом са истока, Материјали IX, ААЈ, Београд 1972, стр. 101—123.

Б. Бабиќ, Црепуља, црепна, подница ......, стр. 109.

"а Материјал од ископувањата на теренот околу црквата Св. Ѓорѓи во горен Козјак. - "38 Б. Бабиќ, Црепула, црепна, подница ..., стр. 108—109.

"25 да топографската распространетост на црепната и нејзиното значење при одредувањето на средновековните словенски наоѓалишта, види Б. Бабиќ, Црепума, црепна, подница ..: ,

Д. Димитров, Керамиката от ранобългарските некрополи във Варненско, Известин на Народниа музеи — Варна, книга IX, Варна 1973, стр. 65--97, Т. X, 2.

82 p. Мише, Les problemes de datation des ceramique du site dhabitation medievale a Ribnica, Balcanoslavica 3, 1974 g., str. 59—73, Pl. I, fig. 4. 2 И. Чермошник, Налаз словенска керамике у Рачи 1947 г. и преглед Налаза словенска керамике у Босни до данас, Гласник 3eMaackor музеја у Сараје-ВУ, н. с. свеска ГУ-- У, Сарајево 1950, стр. 383-395, Т. I, 2.

38 Материјал во Народниот54 музеј Прилеп. За добиениот увид во материја дот им благодарам на колегите од Народниот музеј Прилеп.

39 Материјал во Народниот музеј Прилеп.

ч §. Николова, н. д., стр. 61, Обр. 6.

#2 Материјал во Народниот музеј Прилеп.

48 Локалитет55 црква Св. Атанас.

49 Локалитет црква Св. Атанас.

Д. Миниќ, Рибница — средњевековно насеље и некропола, Археолошки преглед 12, Београд 1970, стр. 64—66; Les problemes de datation des ceramiques vom petals MET, figs 1) 2; (33.45 a, P1. Whigs. 15,2) 3,40;

И. Чангова, Гражданска постройка в местността „Селище“ в Преслав, Известил на Археологическии институт XXXI, Софии 1969, стр. 211—230, Обр. 9,3.

57 И. Чангова, Проучвания в крепостта Перник, Археология 3, София 1963, стр. 71.

58 Материјал во Народниот музеј Прилеп.

59 Материјал во Народниот музеј Прилеп.

Ф A. Николова, н. д., стр. 61, Обр. 6.

М. Татић—Ђурић, Три византиске посуде из Народног музеја у Београду, Зборник музеја примењена уметности 6--7, Београд 1960—1961, стр. 27—44.

Цртежите ги изработи Кирил Ефремов -- сликар, кустос во Народен му: 3еј, Штип,

ISAR, STIP -- A MEDIEVAL SETTLEMENT

Zvonko Beldedovski — Stip

The archaeological site Isar is situated on a dominant elevation between the rivers Bregalnica and Otinja, in the direction north-south and in a length of about 350 m. Its height above the Bregalnica is about 150 m. On this elevation in the period of feudalism was built the medieval fortified town Stip.

In September 1974 when the road, leading through the eastern slope of the site Isar to the Monument dedicated to the Revolution, was traced, about 70 m from the church of Sv. Arhandel Mihail and alongside the road were found the objects of medieval profane architecture. The remains of this architecture were found in five sectors (pl. I). These are the houses of smaller sizes with one room, rectangular or oblong, partly dug in the subsoil and which could be ranged to the type of semi-subterranean houses. They were made of broken, unworked stones plastered with mud.

The ceramic ware found in the houses and around them varies greatly both regarding structure and forms. The vessels of the following forms were found: tile- -like, amphoroid jugs, pots with one handle, pots without handles, bowls, biconical vessels and pithoses. The decorative ornaments are these: punctures, horizontal incised lines and cannelures, stretched out wave-like bands, molded-appliquéd horizontal bands decorated with impressed, slantingly ranged oval, elongated, elipsoidal and triangular ornaments and button-like applications, while on the glazed sgraffito pottery appear ivy leaves in the form of heart.

As to the time determination of the uncovered objects, houses, which form the integral part of the medieval settlement (the suburb), it is difficult to give some precise dating for the time being. The variety of the ceramic material points to a larger period of time, from the 12‘ till the 14t century, but as the most reliable period the 13th century should be taken into consideration.

Белешки

  1. М. Гарашанин--Д. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању, Ни покидијаку „Криви Дол“, Зборник на штипскиот Народен3 музеј I, Штип 1959, стр. 9. ↩
  2. Б. Цветковски, Историски и стопански развиток на Штип од создавањето Ао 1919 год., Астибо, Скопје 1964, стр. 25. ↩
  3. Историја на Македонскиот народ, книга I, Скопје 1969 год. ↩
  4. Ibid., Б. Цветковски, н. A., стр. 29. ↩
  5. Tbid. ↩
  6. М. Јовановиќ, Хисар „Маркови Кули“4 во Штип, Зборник на штипскиот Народен музеј II, Штиц 1961, стр. 104. ↩
  7. Б. Бабиќ, Археолошки ископувања во и околу црквата Св. Димитрија во село Ви kaj Прилеп, Macedoniae acta archaeologica 1, Прилеп 1975 г., стр. ↩
  8. ТТ, Анѓелиќ, Два средновековна налаза из Султиќа код Komuua, Гласник Земањског музеја у Сарајеву н. с. свеска XIV, Сарајево 1959, стр. 203—216. ↩
  9. Tbid, 109. , 20 5B. Бабиќ, Археолошко ископување во и околу црквата Св. Димитрија, стр. 236. ↩
  10. A. Миниќ, O. Вукадин и С. Ѓорѓевиќ, Средњовековни град Сталаќ, Рашка баштина I, Крадево 1975, стр. 185—198. ↩
  11. Б. Алексова, Средновековна керамика од црквата Св. Софија во Охрид, Гласник на Институтот за национална историја, бр. 1—2, Скопје 1960, стр. 199-216. ↩
  12. Tbid., стр. 205, 203, ca. 3. ↩
  13. Tbid., стр. 205. ↩
  14. Б, Алексова, н. д., стр. 205. ↩
  15. Ibid. ↩
  16. D. Minić, Les problemes de datation des ceramique du site d'habitation medievale à Ribnica, Balcanoslavica 3, 1974 g., str. 59—73, Pl. I, fig. 4. ↩
  17. Tbid. ↩
  18. М. Бајаловиќ-Хаџи-Пешиќ, Словенска керамика на територији Београда, Материјали IX, ААЈ, Београд 1972, стр. 139- 148, Т. VI, 3. ↩
  19. М. Станчева, A. Дончева-Петкова, Средновековна битова керамика от Ес кус при с. Гиген, Apxeoaorua, книга 1, Софин 1972, стр. 22—32, Обр. 15а—ѕ. ↩
  20. Tbid., стр. 32. ↩
  21. Б. Алексова, H. A., стр. 215, T. III. ↩
  22. A. Миниќ, О. Вукадин и С. Ѓорѓевиќ, н. д., стр. 188, T. II, 1—3. ↩
  23. ЈІ. Анѓелиќ, н. A., Т. IV, 2, 4. ↩
  24. И. Чремошник, u. A., стр. 392, Т. I, 8. ↩
  25. [bid., стр. 393, T. 11, 13, 14. ↩
  26. Tbid., crp. 393. ↩
  27. A. Миниќ, О. Вукадин и С. Ѓорѓевиќ, н. д., стр. 187. ↩
  28. 3. Жеравица, bysuHo Гнездо, Поповица, Неготин -- средњевековно насеме, Археолошки преглед 12, Београд 1970, стр. 169—170, Т. III, 1: Die keramik ԁеѕ XI. Jahrhunderts aus der ansiedlung in Popovica in der Negotiner gegend und das problem ihrer ethnischen zuteilung den Slawen, Balcanoslavica 3, 1974 g, str. 121— 160, T. VIII, IX, X ... ↩
  29. A. Миниќ, О. Вукадин и C. Ѓорѓевиќ, н. д., стр. 188, T. II, 5. ↩
  30. М. Станчева, Раносредновековна керамика or Софии, Археологии 3—4 Софии 1959, стр. 64, Обр. 51, 6, стр. 65, Обр. 51, 7. ↩
  31. A, Дончева-Петрова, Трапезната керамика B BbArapua през VIII—XI B., Apxeoaorua 1, Софин 1970, стр. 21. ↩
  32. A. Станчева-Серафимова, Раскопки на крепоста при с. Долно Церово, Благоевградско, Apxeoaorua 4, Cobua 1963, стр. 26. ↩
  33. Б. Алексова, н. д. стр. 206, 213, T. I. ↩
  34. A. Миниќ, О. Вукадин и С. Ѓорѓевиќ, н. д., стр. 187. ↩
  35. Б. Бабиќ, Средновековно културно богатство на СР5 Македонија, Прилеп 1974, стр. 10, cA. 151-156; Trouvaillee scellée де poterie de table byzantine a Skop sko Kale, Archaeologia Iugoslavica XII, Beograd 1971, str. 35—53, Pl. I—VIII. ↩