Macedoniae acta archaeologica 3 (1977) · стр. 9–25

Праисториска населба тумба во село Карамани кај Битола

Во текот на месец август во 1974 година превземени се пробни археолошки ископувања на локалитетот „Тумба“ кај село Карамани.1

Оваа населба се најдува во централниот дел на Пелагонија, на околу 1,5 км источно од селото Карамани и на околу 2 км јужно од селото Трн покрај десниот брег на реката Драгор. Со својата височина оваа тумба доминира во овој дел на Пелагониската рамнина. Нејзи ниот пречник во основата изнесува околу 100 м, а височината од ОСНОвата на рамнината во централниот дел изнесува 6 м. додека остана-ТНОТ дел е наполу помал, така да достигнува одвај 3 м (са. 1).

Највисокиот — централен леа уште во I та световна војна бил користен како воен објект, така да и денес се гледаат вкрстени ровови ископани во тоа време.

Тумбата во село Карамани во археолошката литература влезе благодарејки на V. A. Heurtley,2 кој во 1938 година ги дадде основните податоци за нејзе, како и за керамичките наоди откриени на оваа населба. За сожаление тој проба со неколку фрагменти од керамички садови собрани со рекогносцирање на тумбата, да ја стави во раното бронзано доба на Македонија. Најверојатно дека тие наоди биле само површински та затоа и У. A. Heurtley го навлекле на таков заклучок. Новите археолошки истражувања дадоја многу поширока слика и поголеми можности за подобро согледување не само на хронолошките односи на поедините културни групи во разните неолитски и енеолитски раздобја, туку и нивниот однос во преминот во ранобронзено доба и кон подоброто запознавање на општествено-економските односи на неолитските етнокултурни заедници.

Археолошките истражувања се извршени на помалата тумба која е поставена на северната периферија на една друга тумба, сега едвам видлива заради нејзината развлеченост од обработувањето на површината со современа механизација. По нејзината површина и денес се наогаат поголем број на фрагменти керамика од неолитскиот период. Сондата беше поставена на северниот крај од помалата тумба со димензии: С—Ј 4 м, а И—З 2 м. Ископувано е по откопни слоеви вкупно 55. Подвижни археолошки наоди се констатирани во првите 53 откопи, додека во последните два нив ги немаше.

Сл. 1 — Панорама на тумба Карамани — фотографија
Сл. 1 — Панорама на тумба Карамани — фотографија

Со ископувањето се утврди дека културниот слој на оваа насел: ба е дебел 6,35 м. Спрема подвижниот археолошки материјал и станбените хоризонти можат да се издвојат три културни стратуми.

I. Културен стратум започиува од котата 6,35 м и оди се до котата 4,43 м. Тој припаѓа во неолитската епоха.

II. Културен стратум започнува од котата 4,43 и завршува со котата 2,31 м. Овој стратум припаѓа во енеолитската епоха.

III. Културен стратум се наога помегу котите 2,08 — односно 2,31 и 00 м. Тој припаѓа во раната бронзена епоха.

За I. најстар културен стратум што припаѓа во неолитската епоха, во оваа прилика нема да зборуваме, бидејќи тоа го оставаме за во друга прилика, кога ќе дадеме поопширен и подетален извештај. Овој стратум заслужува посебен третман и заради фактот што неолитската тумба завзема поголема површина. Од интензитетот на населувањата, подигнувањето на неолитските населби или обновувањето на старите се гледа од дебелината на културниот слој кој изнесува 1,92 м. И зара:

Са. 2 -- Профил на сондата I — цртеж
Сл. 2 -- Профил на сондата I — цртеж

АН богатството на керамичките наоди се смета дека е неопходно повеке време и простор, за да се согледаат работите што подобро.

II. културен стратум има две фази на развој. Постарата A фаза се движни помегу котите 4,43 и 3,14 mM, а втората -- по млада В фаза помегу котите 3,14 и 2,31 (2,08 м).

Постарата А фаза се карактеризира со сивокафеава порастресита земја, на места помешана со растресит недоволно печен куќен лепеж. Над овој слој е потанок слој од сивкаста земја. Ова фаза завршува со слој од темнокафејава земја помешана со доста гареж, камење и пепел. Од ова се гледа дека постоеле два изразити хоризонти на станување.

Постарата А фаза се карактеризира со сивокафејава порастресита помешана со пепел. Над него продолжува слој од изразито сува земја со речни камења. Стратумот завршува со слој од темно кафеава растрестита земја со доста гареж и слој од компактна жолтеникаво глинеста земја која најверојатно била поставена за нивелирање на теренот. И во оваа фаза евидентни се два хоризонта на станување.

Подвижниот керамички материјал од постарата --- A фаза е многуброен и кајнего се издвојуваат повеќе облици, воглавно застапени на населбата Црнобуки3 и Шуплевец.4 Исто така во оваа фаза се појавуваати облици што досега не беа познати на споменатите енеолитски локалитети, така да со тоа листата на новите керамички облици за енеолитскиот период на Пелагонија како и Македонија се проширува.

Еден од облиците на садови карактеристични за оваа епоха несомнено е садот со конусен облик со четири испусти-рогчиња на самиот раб на садот (сл. 4). Тој е обично со сива или светло-мрка мат боја, со неравна површина, а5 се појавува исклучиво фазата А.

Втор облик многу чест не само во постарата фаза туку кој продолжува да постои и во помладата, е сад со топкалест облик со цилиндричен врат и со рамен6 раб на ободот. Рабовите на поедини при: мероци можат да бидат малку позавратени, (сл. 5) а самиот врат малку конусен, (сл. 6, 7) НАМ потполно рамен.® На тој начин и самиот премин кон стомакот односно рамото може да биде постепен или директен. Вратот по височината кај многу примероци варира, односно нивната височина е поголема или помала. Кај примероците со покуси вратови зидовите им се обично вертикални, а пак кај оние со ТІОВНСОКН зидовите добиваат седлеста профилација. Бојата им е сива, светло мрка, мат, а поедини примероци имаат и светло окер мат површини.

Во топкалестите садови припаѓаат и оние примероци кои повеќе личат на чинии. Може да се каже дека профилот им е биконусен со кус врат и вертикален рамен или малку позавратен обод. Овие садови со сива мат површина се посекако превземени од претходната неолитска епоха, и ги задржале своите одлики и во енеолитскиот период, а продолжиле да егзистираат дури и во раното бронзено доба (сл. 8).

Во Пелагонија па и цела Македонија садовите со затворен облик и рамен раб на ободот продолжуваат да постоат и во енеолитското доба. Овој тип е карактеристичен за неолитскиот период, но го сретнуваме и во оваа постара фаза, додека пак во помладата В фаза него

Илустрација, стр. 13
Илустрација, стр. 14
Илустрација, стр. 14
Илустрација, стр. 14
Илустрација, стр. 14
Илустрација, стр. 14
Илустрација, стр. 14
Са. 5 — Керамични садови -- 12—20
Сл. 5 — Керамични садови -- 12—20

воопшто го нема. Тој е MUOry карактеристичен тип за тоа што неговата мрка површина бело мелирана на садот му дава многу убав изглед, така да бил во употреба подолго време.

Во фазата А се јавуваат и садови со рогичња, (држалки). Тие рокчиња се издигаат нагоре, а по облик можат да бидат јазичести нам со правоаголен пресек. Површината им е сиво мат. Застапени се само во фазата A. Држалките на некои примероци можат да бидат и вертикал-НО кружно продупчени (са. A, 10, 11).

Са. 8 — Керамични садови — 21—26
Сл. 8 — Керамични садови — 21—26

Конусните садови исто така се застапени. Тој стар облик не го испушта ниту едно временско раздобје. Тоа се садови чии рабови на реципиентот се рамни, некаде малку задебелени или едноставно засечени на внатрешната страна. Поедини примероци имаат благо обработен раб на ободот. Само на еден примерок очувани се на надворешната страна хоризонтални полни држалки. Површината на ваквите садови им е со сива или мрка боја (сл. 12). Исто така во вториот културен стратум фаза A се сретнуваат и два типа на садови. Едниот е карактеристичен поради лентестите дрџалки што појдуваат од самиот раб на ободот или малку подолу, а се завршуваат на самиот врат, со таа одлика што долните агли на држалки се моделирани на тој начин што се проширени во вид на шепа, со среден дел благо вдлабен (са. 13, 14, 15). Овој тип на држалки можеби не треба директно да се поврзе со држалките од типот Салкутза културата, и нивните облици можеби не укажуваат на едно заедничко својство, без оглед на тоа што постојат формални сличности. Потребно е да се кажи дека садовите со ваквите држалки од седлест тип многу автори ги поврзуваат со ранобронзанодопскиот период на Македонија.7 И оваа формална сличност неможи во различни временски епохи да се поврзи. Во колку тоа се направи тогаш треба ранобронзанодопските ,„тромбети“ треба да се поврзат со овие со таа разлика што тие претставуваат корен од каде започнува нивното постоење. Ова може да се брани затоа што наодите од Карамани тоа можат и да го потврдат. Се поставува прашање зошто во помладата фаза на Карамани ги нема (2) Сметаме дека овие истражувања со мал обем не ги дадоа потребните резултати, но вака поставената хипотеза мора да се потврди со идните истражувања.

Втор тип на садови со топкалест облик со држалки или без нив на надворешната страна под самиот раб на ободот, кој може да биде профилиран или рамен, но со заедничка одлика што ободите им се нарецкани брановидно, правоаголно, триаглесто или едноставно засечени. Како и кај првите садови површините и на овие им се со сива или мрка мат боја (сл. 16, 17). Овој карактеристичен тип на садови се јавува само во фазата А додека во фазата В го нема.

Од садовите карактеристични за оваа А фаза ке ги нведиме примероците со облик на лонец со држалки на стомакот вертикално продупчени и полутопкалести чинии со рамен обод и црвенкаста или сиво мат површина. Ваквите примероци се познати од крајот на неолитот и енеолитот во овие краеви.

Орнаментални мотиви во фазата А не се воопшто познати. И оние што се застапени всушност не се орнаменти туку декоративни елемен: ти, како што е тоа случај со двојните пластични брадавици, пластич: ните плетеници или едноставните равни пластични ленти чии краеви се проширени и завршуваат со плитки вдлабнатинки (сл. 18).

Барботинираната керамика е исто така застапена но многу ретко, не длабоко пластична и богата, туку едноставна, организирана и плитка (СА. 19).

Во фазата Б на енеолитскиот период од II културен стратум из: весни облици од претходната фаза продолжуваат да егзистираат, нови се појавуваат, но и многу од постарата фаза не се појавуваат.

Од садовите кои и натаму се појавуваат се топкалестите, со конусни, седлести или вертикален цилиндричен врат и со рамен или позавратен раб на ободот. Тие во новите облици добиваат и свои наслед: ници, какви што се садовите со петличести или полумесечести апли: кации на стомакот, или лентести држалки кои во раното бронзено до:

Са. 3 — Crparym II A — типови на садови — цртеж
Сл. 3 — Crparym II A — типови на садови — цртеж

•TUMBA KARAMANI• KULTURNI STRATUM II-b•1974•

Илустрација, стр. 18

ENEOLITSKO DOBA

ба го доживуваат својот полн развој. Овие садови во фазата В на енеолитот во Карамани всушност можеби го претставуваат само зачетокот, LUTO во извесен смисол зборува и за еден континуитет помегу доцната фаза на енеолитот и раното бронзено доба. Тоа не може да се осети во сите керамички облици, но кај некои тој постои каков што е случајот со споменатите топкалести садови и со садовите со цилиндричен врат и рамен раб на ободот што имаат двојни „јазичести“ хоризонтални држалки на вратот. Таквите примероци овдека спорадично се јавуваат, но ВО раното бронзено доба се многу повеке застапени.

Конусните садови со исти профилации како и во фазата A про: должуваат да постојат и во оваа В фаза.

Полутопкалестите чинии не го напуштат ни ова раздобје но постепено исчезнуваат. Тој облик на садови од доцниот неолит во полна снага се задржал и во целото енеолитско доба, но во раното бронзено доба го нема, барем на наогалиштето во Карамани.

Интересно е дека во фазата В се појавуваат пехари што порано ги немаше. Пехарите со нормални димензии или миниатурни, чии нозе се наполно шупливи, ја започнуваат својата нова историска етапа после долга временска пауза. Во раното бронзено доба пехарите се на-ТОАНО развиени и нивните облици имаат многу карактеристични елементи во областите не само во Македонија, туку и јужна Србија и

Еден сосем нов облик претставува конусната чинија со елипсоиден реципиент и високо назначена стопа на дното. Површината и е неравна црна мат. Овдека неможе да се зборува за класичниот »Fisch-: butt« без оглед што постојат извесни елементи.

Аржалките со триаглест пресек, капаците моделирани кон реци пиентот на садот со една вертикално извлечена полна држалка, потоа подните држалки со седлеста површина и продупчените држалки моделирани во облик на кружни површини, укажуваат на претстојната смена на енеолитската материјална култура. Тоа е всушност залез на енеолитските керамички облици и првата појава на новите, кои мо: жеби укажуваат и на постепеното доагање на новите етнокултурни заедници на територијата од Пелагонија.

Нее исклучена можност садовите со бела мелирана превлака на црвена или мрка основа како многу карактеристичен елемент што беше застапен во претходната фаза и натаму да го продолжил своето постоење до крајот на енеолитот. Тој во раното бронзено доба не се појавува што е и нормално, бидејќи новите етнокултурни заедници не ги прифакале тугите работи без оглед колку се тие убави или функционални. Секој премин во историските епохи донесува нови работи, но ви феномени, кои понекогаш е многу тешко да се разјаснат.

III. културен стратум временски припаѓа во раното бронзено доба и тој има две развојни фази, постара A и помлада В фаза. Овој културен стратум од претходниот II стратум многу јасно е одвоен со слој од жолта земја која е нанесена своевремено заради нивелирање на теренот на којшто била подигната првата најстара населба. Слојот од жолта земја не е подеднакво дебел. Неговиот горен хоризонт е горе

Са. 7 — Crpatym III A — типови на садови — цртеж
Сл. 7 — Crpatym III A — типови на садови — цртеж

долу нивелиран, но затоа пак долниот навлегува во јами или вдлабнатини, заради што дошло и до нанесување на овој слој. Неговата дебелина се движи помеѓу 0,60 и 0,20 м.

Постарата A фаза III културен стратум започнува од котата 2,08 (2,31 м) и завршува на 1,42 м.

Над слојот од жолта земја со кој е нивелиран теренот се најдува слој од сиво кафејавската растресита земја на места понекој камен, а над него е слој од сива земја со доста гареж, пепел и помали и поголеми парчина од куќен лепеж. Оваа фаза завршува со потанок слој од компактен куќен лепеж релативно добро печен. Спрема тоа во оваа фаза се наога еден масивен културен хоризонт на станување дебел околу 0,60 м, кој лежи директно на слојот од 2КОАТА земја.

Керамичките облици се малубројни и тие укажуваат дека припаѓаат во раното бронзано доба. Бидејки истражените локалитети од овој и претходниот период се малубројни, тоа и на авторите им се отежува можноста за точна детерминација на поедините облици на сасадови, та можат да бидат и сличан во оваа прилика извесни облици на садови да не бидат точно културно ниту временски определени. Заради тоа за понекој садови засега треба да се зборува само условно, а со тек на времето и со нови наоди ке се дојди до точно разграничување и детерминација.

Од садовите карактеристични за оваа фаза потребно е несомне-НО да се стават во прв план топкалестите мали садови со една држалка што се издигнува над цилиндричниот врат и рамниот раб на ободот. Површината им е сиво мат и нерамна. Паралелно со ваквите садови се појавуваат и садовите со две држалки наспрамно поставени кои го надвишуваат ободот. Облиците на овие садови се со куси вратови и стабилни дна (сл. 22).

Вториот тип на садови се со конусни облици со позавратен обод, што може да биде остер или задебелен.

Тие на надворешните страни како декоративен елемент имаат двојни пластични брадавици или држалки со јазичест облик што се издигнуваат нагоре (сл. 23, 24). На овој тип треба да се додаде и варијантата на едноставните конусни садови со задебелени рабови на внатрешната страна. Како што веке рековме порано овој тип на садови се протегнува не само во енеолитското раздобје туку своето поте-КАО го има и во неолитските култури на многу балкански области.9

Еден од новите облици посекако се и садовите со цилиндричен врат на кого има хоризонтални седлести или рамни продупчени држалки. Ободите им се рамни, а долните делови кои недостасуваат, најверојатно имале топкалест облик. А изузеток во овој тип можеби е садот чии раб на ободот е задебелен и повлечен на внатре. Држалките се продупчени како и кај претходниот тип на втората варианта.

Интересно е дека дури во овој културен хоризонт се најдени и првите примероци на камени секири, коскени орудија и прешлени од земја кои заради малубројноста и атипичноста неможат Аа се детерминираат (ел. 25, 26, 27). Од орнаментиката е застапен само мотивот на низа од кружни плитки вдлабнатинки. За сожаление тој е многу редок, така да неможи да се кажи да припаѓа на оваа фаза. Таквата орнаментика можеби треба да се смести во енеолитското раздобје.

Помладата В фаза започнува со котата 1,42 и завршува со 0,0 м. Над слојот од компактниот куќен лепеж е слој од сиво пепеласта земја завршена со тенок слој од компактен лепеж. Ваква комбинација се повторува уште двапати. Над последниот слој од куќен лепеж е слој од сивопепеласта земја. Оваа фаза завршува со слој на сивока: феавкаста земја покомпактна — современ хумус.

Во оваа фаза евидентни се три хоризонти на станување, додека самиот хумус се спушта со извесни јами, така да неможи да се заклучи дали постоел уште еден — најмлад хоризонт на станување.

Подвижниот керамички материјал по својата бројност не се из: двојува од претходниот (сл. 28). И овдека истото така се застапени са-АОВН со две држалки што го надвишуваат ободот и цилиндричниот врат кој е назначен. Садот претставува по совршен облик од оној што се појави во постарата А фаза. Од претходната А фаза продолжува да егзистира конусниот сад со брадавици, кој што на понекој примероци не достасуваат, потоа садови со задебелени ободи од натрешната страна, кој се карактеристични за средното енеолитско раздобје на Ваа: канските култури.

За топкалестите садови со кус конусен врат потеклото треба да им се бара уште во садовите од енеолитскиот период, додека конусните чинии со позавратен раб на ободот, како и конусните чинии со сед: ласти држалки и засечени рабови на внатрешната страна, треба да се сметаат како сосема нов производ од овој период — ранобронза: но доба.

Интересно е да се примети дека со новото временско раздобје треба да се очекува и поголем број на нови типови на керамички производи, но за сожаление случајот со Тумба во Карамани не о таков. Факт е дека нив ги има но не во толкава мерка за да може јасно и строго да се одвојат двата претходни периоди, периодот на ранотобронзено доба од неолитот. Заради тоа се поставува и прашањето на континуитетот -- како временски исто така и културен на оваа тумба. Можеби слојот од жолта земја на котата 2,80 м и 2,31 метар прави еден временски хијатус, кој јасно го одвојува едното временско раздобје од другото. Можеби овој хијатус ја ублажува онаа граница помегу првото и вторто раздобје така да се добива извесен благ континуитет што можи да се прати. Овие размислувања можеби се и точни бидејки и карбон анализите од овие слоеви укажуваат на еден прекин на животот но не толкав за да може да се прескокне една цела културна епоха. Веројатно се работело само за една културна фаза што недостасува помегу споменатите културни раздобја.

Тумбата во Карамани неочекувано ни даде многу податоци што ќе се вткаат во хронолошките односи на другите неолитски, енеолитски и ранобронзанодопски населби кои егзистирале на подрачието на

Са. 9 — Стратум III B — Типови на садови — цртеж
Сл. 9 — Стратум III B — Типови на садови — цртеж

Авторите го задржуваат своето право во наредните разгледувања да извршат извесни коректури кои се однесуваат не само на раздобја та што се дадени во овој извештај, туку и нараздобјето на неолитот за кого настана збор во оваа прилика. Со разгледувањето на најстариот слој на тумбата во Карамани кое наскоро ке следи, како и со другите добиени резултати од археолошките истражувања на локалитетите Могила и Чука барем во сегашната фаза, слободно можи да се кажи дека се назираат поодредени хронолошки рамки на најстарите културни заедници не само во Пелагонија туку и на подрачието од Ма. кедонија, како и врските со соедните области од Балканскиот полу остров.

Белешки

  1. Овие ископувања се изведени во рамките на Проектот: „Зачетокот и раз. војот на првите земјоделски заедници во неолитскиот период и нивниот премин во метално доба на територијата на Пелагонија“, што заеднички го реализираат Народните музеи од Битола и Прилеп. ↩
  2. V. A. Heurtley, Prehistoric Macedonia, Cambridge 1939, 198. мот на истоимената култура во светлината на новите археолошки истражувања, Macedoniae Acta Archaeologica 2, Прилеп, 1976. ↩
  3. МОТ на истоимената култура во светлината на новите археолошки истражувања, Macedoniae Acta Archaeologica 2, Прилеп, 1976. ↩
  4. Гарашанин — A. Симоска, Контролни ископувања на Шуплевец и не: кои проблеми на групата Шуплевец--Бакарно Гумно, Macedoniae Acta Archaeo: logica 2, Прилеп 1976 ↩
  5. Д. Симоска, Б. Китаноски, J. Тодоровиќ, ор. с., III културен стратум, тип IIд. ↩
  6. Ibid., I културен стратум — тип IIIa, б; II купт. страт. — тип III б; III култ. стр. тип IIIб. ↩
  7. D. Berciu, Contributii la problemele neoliticului în Romînia în lumina noilor cercetari, Bucuresti 1960, 309 и н., fig. 143, 144; V. A. Heurtley, op. c., 79 и. н. ↩
  8. J, Todorovic, Die Grabung Hissar, ‘und ‘ihre Verhaltnisse zum “Aneolithikum und der3 frithen Bronzezeit, Archaeologia Iugoslavica IV, Beograd, MCMLXITI, 25 и н. T. I, T. II—III, J. Todorovic, Hisar pres de Suva Reka site de lEnéollithque et de l’Age du Bronze Ancien, Epoque préhistorique et protohistorique en Yougoslavie, Beograd 1971, 177. ↩
  9. J. Тодоровић — А. Цермановић, Бањица, насеље винчанске културе, Београд 1961. Op. cit., Grupa autora, Neolit centralnog Balkana, Beograd, op. cit. ↩

Summary

The Prehistoric Dwelling Mound at the Village Karamani near Bitola Reseaches Carried Out in 1974

RESEARCHES CARRIED OUT IN 1974

Dragica Simoska — Bitola

Blagoja Kitanoski — Prilep

Jovan Todorović — Beograd

The mound Karamani is situated in the central part of Pelagonija, about 1.5 km eastward of the village Karamani and about 2 km away7 from the village Trn. The mound rises immediately at the right side of the river Dragor and by its height it dominates this part of the plain of Pelagonija. The diameter of the base of the mound is about 100 m. Tpe height in the central part is 6 m, while in the remaining part it is considerably less, it reaches hardly 3 m. The mound of Karamani entered into the archaelogical literature thanks to V. A. Hertly, who gave the basic data about it and about the finds of ceramic ware in 1938. Unfortunately he tried to range into the early Bronze Age of Macedonia few sherds and vessels gathered during the field researches. These were probably surface finds which induced V. A. Hertley to draw such a conclusion. The new researches gave a much better picture of the site and of large possibilities of defining, not only the chronological relations of particular culture groups in various Neolithic and Eneolithic periods and their mutual relationship on the transition to the early Bronze Age, but also resulted in a better understanding of the socio-economic relations among the Neolithic ethnocultural communities.

Taking into consideration that the highest elevation was destroyed by trenches, so the archaeological works were carried out at the very edge of the upper calotte which gently descended towards the north, i.e. towards the river Dragor. During these works the stratum was stated to be 6.35 m thick. The deepest level tallied with the level of the very plain. Judging by the movable material and dwelling hoarizons, we were in a position to sort out three culture layers.

The Culture Stratum I — It starts at the elevation of 6.35 m and reaches the elevation of 4.43 m. It belongs to the Neolithic period.

The Culture Stratum II — It lies between the elevations of13 4.43 m and 2.31 m. Its movable material belongs to the Eneolithic period.

The Culture Stratum III — This stratum is to be ranged in the early Bronze Age. It lies between the elevations of 2.08 and 2.31 respectively and 0 meters.

The question has been raised concerning the continuity7 in this mound both of time and culture. Perhaps the layer of yellow clay between the elevations of 2.08 and 2.31 m makes a hiatus which clearly separates one period from the other. Perhaps this gap softens the border between two periods so that we get a continuity which is easy to follow. This thoughts may be correct because carbon dating of these layers point to a discontinuity in life, however, not so pronounced that a whole culture epoch should be left out. Perhaps only a culture phase, missing between the aforesaid culture periods, is in question.

Karamani mound unexpectedly yielded many details which should be added to our knowledge of the chronologic relations of the other Neolithic, Eneolithic and Early Bronze Age settlement, which existed in the region of the today’s plain Pelagonija.

The authors reserve the right in next papers to make some changes, which would refer, not only to the periods set out in this paper, but also to the period of the Neolithic which has not been treated this time. With the study of the oldest