Macedoniae acta archaeologica 2 (1976) · стр. 169–187

Две статуети на Изида од Охрид

Во месноста „Карабегомала“, на катастарските парцели 2338 од Аспасија Дедова; 2340 од Косарчев Клима, 2350/1 од Константинов Жико и 2349/4 општонароден имот, Градежното претпријатие ,,Трудбеник“ од Охрид, во месец мај 1967 година, отпочна со градење на сколиската станбена зграда фонд 2. При земјаните работи-копањето на темели и јама, на 20 м северно од кружниот северен темел од зградата, под слојот од 0,80--1,00 м чиста глина, наидоа на културен хоризонт со археолошки наоди, и тоа: во крајниот северен темел остатоци од архитектура (зидови од кршен камен и варов малтер) фрагменти од тули и фрагментарно сочувана женска статуста, изработена од светло-жолтеникав алабастер (статуета бр. 1), сл. 1, а во јамата фрагмен-ТН ОА ПИТОС, ПОДОВ оросан и мермерни плочки.

По стопирањето на понатамошните земјани работи, се отпочна со археолошко испитување. Работите ги изведуваше стручна служба од Заводот за заштита на спомениците на културата Охрид (Владо Ма-АСНКО, археолог-конзерватор и Тодор Паскали, инженер-архитект) со оператива од Градежното претпријатие „Трудбеник“.

Археолошкото испитување се одвиваше во границите на локацијата од станбената зграда -- фонд 2, и на мал дел северозападно од северозападниот агол на локацијата. Пообемно испитување не беше можно заради песлободниот простор (трафостаницата бр 5) станбени згради, садници) како и поради недостиг на финансиски средства.

Најобемни археолошки зафати се извршија во северозападниот агол од локацијата — крајниот северен темел од зградата. На овој простор се открија многу интересни архитектонски остатоци од античка градба, од кој се откри југозападниот агол, и која продолжува и се протега према северо-исток. Откриениот дел од оваа градба се состои од две простории, со димензии: 1,80 х 1,40 и 4,80 < 1,80 м поврзани со влез широк 0,70 м, кои ги одбележуваме со просторија | и просторија 2; влез широк 0,75 м од јужната страна на просторијата 1, кој всушност е комуникацијата за двете простории од надворешната страна, како и 3 пиластри и два зида северно од двете простории (план I, са. 2). Дебелината на зидовите изнесува од 0,55--0,65 м, висинската сочуваност од 0,40—1,00 M, а 5идани се со кршен камен и варов малтер. На основа на пронајдените фрагменти од тули и 5идан мал-

Илустрација, стр. 170

тер со остатоци од црвена боја, можеме да кажеме дека во зидањето како градежен материјал употребувани се тули, а внатрешноста на просториите е малтерисана и обоена. Напоменуваме, дека не се пронајде ниеден поголем фрагмент од тула врз основа на кој би ги имале димензиите должина и ширина, освен дебелината, која изнесува 4—5 см. Тулите се изработени од добро прочистена земја и добро печени, со црвена „фактура, а идниот малтер е од ситно просејана песок и вар, со добро измазнета површина. За посебно одбележување е тоа, што при ископувањето не се наиде на фрагменти од садова керамика.

Ск. 1; Странитрефијата остатоци од архитектура и ‘craryera Ор. 1.
Ск. 1; Странитрефијата остатоци од архитектура и ‘craryera Ор. 1.

Во просторијата 2 се најдоа следните наоди: во источната половина на кота 1,30 M, од нивото на земјата се најде статуетата бр. 1 (са. 3, а, 6, B, г) јужно од неа за 1,60 Mm, на кота 1,50 м од нивото наземјата се најде фрагмент --- дел од левата рака на мермерна статуа; ВО западната половина -- јужниот дел, на кота 1,70 м од нивото на земјата, се откри постоле од статуета со сочувани стапала H АСАОВН ОА нозете; во северната половина, на кота 180 м, од нивото на земјата се најдоја: фрагментарно сочувана мермерна статуета бр. 2 (са. 4, a, 6, в, т), АСА од лева рака од мермерна статуета, фрагмент од левото стапа-АО од мермерна статуета и два фрагменти од нога (кои се спојуваат од мермерна статуста(. На 1,90 м од нивото на земјата, во западниот чел од втората просторија, во правец на влезот, се наиде на два фрагменти од тули, споени со ивиците, хоризонтално поставени на цврста и доста компактна подлога од набиена земја и местимично присуство на варов малтер. Со цел да се констатира дали се овие два фрагменти од тули остатоци од подот во североисточниот агол од просторијата, се откри контролна сонда, во која се дојде до 2,10—2,20 mM од нивото на земјата и се констатира дека овие два фрагменти од тули се единствените остатоци од подот.

Тема на нашето понатамошно изложување, ќе биде опис на фрагментарно сочуваните две статуети, со краток историски осврт за нивната припадност, како и опис на петте други пронајдени фрагменти од статуети и статуи.

Са. 2. Општ поглед на откриениот простор
Сл. 2. Општ поглед на откриениот простор

Статуета бр. | е женска статуета од светложолетникав кристализиран материјал (сличен на алабастер). Фигурата е едноделна изработена заедно со потпорот на нејзината задна страна (сА. 3, а, 6, В,г)а преаставува жена во мирен стоечки став, со спуштени раце, и цврсто припиени на бочните страни од бутините, додека левата нога е малку испружена напред. Во рацете држи по еден нејасен предмет, кој што е откршен, а од кој се сочувани видливи остатоци на бочните страни од бутините. Високо поставениот стомак, а посебно градите, се посебно нагласени. Статуетата е оштетена. Недостатуваат: главата со вратот до рамениците и нозете од колената надолу. Висината на сочуваниот дел изнесува 42 см, ширината на рамениците 20 см, под колената 10 см од предната страна и 12, см од бочната страна, а ширината на потпорното столпче изнесува 6,7 см.

Илустрација, стр. 173
Илустрација, стр. 174

Фигурата е облечена во долг хитон, ситно набран на градите, а над него во мантил од нешто погруб материјал, украсен по работ со долги реси. Мантилот го прекрива предниот дел на телото, освен истакнатите и пластично нагласените гради, како и десното рамо, спуштајќи се накосо низ рамениците и плеќите. Предниот дел од мантилот е подигнат -- набран помеѓу градите и врзан во јазел, образувајќи панделка, со оној крај којшто е преку десното рамо префрлен напред. Поради тоа, под градите се создаваат паралелни кружни набори, од кои два строго вертикално паѓаат надолу низ телото помегу двете нозе. Наборите од хитонот околу телото и мантилот на плеќите, спрема вообичаената строга схема ги пратат облините на телото, додека на градите, ситните набори на хитонот се радијално распоредени околу2 дојките. Испод драпериите се назираат облините на телото. Фризурата е делумно сочувана, со четири спирално свиени прамења, на плеките (по два лево и десно од потпорното столпче) и четири од предната страна (по два на рамениците).

Врз основа на сочуваните остатоци — траги на бутините и остатоците од рачки, во рацете на фигурата, може да се дојде до заклучок дека истата во рацете држела систруми — музички инструменти, кои се употребувани во култот на богињата Изида. Систрумите, крутиот -- мирноот стоечки став, положбата на телото со спуштени раце и цврсто припиени врз бочните страни на бутини те, карактеристичната облека со мантил врзан на јазел над градите, како и фризурата, зборуваат и укажуваат на тоа, дека е во прашање претстава на богињата Изида, најголемото божество на хеленистичкиот свет. Материјалот од којшто е изработена статуетата, (алабастер) и стилските особини, во кои се гледа влијанието и одликите на египетската уметност, покрај грчката изработка на наборите од облеката, се сведоштво за најверојатната изработка --- потекло на оваа статуета, во хеленистичкиот Египет, во времето на династијата од Птоломеите.

Статуетата бр. 2 е мермерна статуета на жена, во стоечки став, изработена од СВСТОА бел мермер, со ситно зрнеста структура, од сите страни добро измазнета -- изглачана. Фигурата стои на постолје (сл. 4, а, 6, B, г). Изработена е мајсторски и со доста елеганција. Нејзините димензии се: височина 34 см, широчина во рамениците 11,5 см, дијаметар на послојето 9 см, височина на постолјето 3 см.

Фигурата со целата своја тежина се наслонува на десната нога, додека левата е малку свиена во коленото и повлечена наназад. Недостасуваат, главата и десната рака, додека прстите од левата нога се оштетени. Левата рака е свиена во лакотот, со кој се наслонува на потпорно столпче, со правоаголен облик, кое е во горниот дел е малку проширено и профилирано. Исто така недостасува и дел од левата рака испружена напред, во кој дел најверојатно се наоѓал некој предмет (рогот на изоблиство). На оштетеното место присутна --- видлива е ма-Аа железна шипка --- клин, под кој се наоѓа издупчен дел, најверојатно за слична шипка --- клин, кој требало да се наоѓа во загубената подлактица. Со помошта на желлезните шипки, клинови, двата дела од левата рака се спојувале во еден дел. Десната рака исто така недоста

Ca. 4. A u Г — Изидина cratvera 2
Сл. 4. A u Г — Изидина cratvera 2
Илустрација, стр. 177

сува. И таа била споена со трупот посредством железна шипка -- КАНН, вметнат во присутниот издупчен дел на рамото. На зидовите од овој издупчен дел во рамото, видливи — присутни се траги од железо. Главата с откршена, така да формира коса линија на откршениот дел: на предната страна во висина на рамениците, додека спрема плеќите таа косина е повисока, на која се сочувани пет прамења на коса, кои паѓаат на рамењата спирално увиени.

Фигурата е облечена во долг и богато набран хитон кој на рамењата е прицврстен со копчи, додека над хитонот е префрлен воал, слично на триаглест шал, чии краеви се врзани на градите во јазел, образувајќи голема панделка. Над сето тоа доаѓа мантил кои ги покрива левото рамо и горниот дел на левата рака, спуштајќи се косо низ плеќите и оставајќи ги притоа слободни десното рамо, десната ра-Ка, какои предниот горен дел од телото. Неговиот крај е свиткан и се крева во тешки коси набори, кон сви тканиот лакот од левата рака, преку која е префрлен и се спушта низ потпорното столпче. На слободното лево рамо, од кај плеќите, убаво се гледа долниот шал со реси, врзан на градите во голема панделка, така да под градите се формираат карактеристични кружни набори. Градите се убаво обликувани пластично нагласени.

Статуетата стои на тенко постолје, кое е доста грубо обработено, а е направено од исто парче мермер од кое е и фигурата.

Са. 5. Делови од статуи и статуети A, Б, В,Г,Д
Сл. 5. Делови од статуи и статуети A, Б, В,Г,Д

Положбата на фигурата со опирање на една нога, доста е карактеристично, повторувајќи ја познатата схема во облик на буквата 5. Облеката со специфичниот јазел и панделка на градите, го исклучуваат сомневањето, дека е во прашање претстава на богињата Изида Спрема положбата на рацете би можело да се каже, дека таа во левата испружена рака го држела Рогот на изобилието, а со десната се опира на кормило или колце. И покрај тоа што овие атрибути недостасуваат, би можело врз основа на многубројните аналогии да се тврди дека е пред нас Изида во облик на Фортуна или Тиха.

Покрај овие две стауети, во истата просторија, како што веќе спомнавме се најдоа и други делови од статуети, и статуи кои не припаѓаат на ниедна од веќе опишаните претстави на Изида (са. 5, a 6, 8, Год):

Во понатамошното излагање, ќе дадеме краток опис на овие фрагменти:

а) Дел од десна рака на статуета, сочувана од рамото до кистата (која недостасува) од бел светол ситнозрнест мермер, квалитетно изработена, измазнета од сите страни. Раката е свиена под агол од 80“. Лактото и мускулатурата кај свиениот дел се нагласени. Спрема структурата, изработката и третманот -- приказот на мускулатурата, очигледно е дека овој фрагмент припаѓал на женска фигура. Нејзините димензии изнесуваат: дијаметар кај лактото 5 см, кај рамото 4,5 см, кај киската 2,5 см; должината од киската до лактото 11 см, од лактото до рамото 9 см, (сл. 5--а).

б) Постоље од статуа со сочувани стапала — нозе до над глуждовите. Постолмето има неправилен четвртест облик со свиени агли, малку оштетено зад левото стапало. На задната страна се гледа оста-ТОК ОА потпорно столпче, изработено од едно парче мермер заедно со постоѓето. На предната страна од постоѓето сочувани се стапалата до над глуждовите, кои се поставени непосредно до самата ивица. Според изгледот и формата на нозете, може со доста сигурност да се каже, дека статуата припаѓала на машка фигура. Изработена е од жолтеникаво бел мермер, доста нечист и проткаен со жили од друг материјал. Постодсто се грубо обработено, додека нозете се извонред: но моделирани и измазнети до сјајност, а прстите се претставени доста реалистично и анатомски прецизно. Димензиите на фрагментот изнесуваат: должина на постолјето 15,5 см, широчината 17 см, височината 5—5,8 см, височината на левата нога 3,3 см, на десната 5 см, АОАжината на левото стапало 10 см, на десното „95 см (СА. 5--б).

в) Дел од лева рака на мермерна статуа. Раката е свиткана во лактото, а на сочуваниот дел се забележува делумно надлактицата и подлактицата. Овој фрагмент од статуа е изработен од сивкасто-белузлав едро-зрнест мермер, добро е измазнет од сите страни и изработен во природна големина. На надлактицата во средината на пресекот се гледа правоаголен издупчен простор -- вдлабнатина (димензии: 4,5 X 4,2 см; длабочина: 8,2 см), коешто служело за прицврстување на же-Ае3На кланфа. На горниот дел од раката, над лактото, исто така се појавува правоаголен издупчен простор — вдлабнатина (димензии: 1 х 1,5 см; длабочина 8,5 см) косо засечена поради заглавување на главата од железниот клин. Раката е убаво и благо свиткана, без нагласување на мускулатурата. Димензии: должина 39 см, дијаметар во горниот АСА на надлактицата 11,5 < 10,8 см; дијаметар во долниот дел од подлактицата 11 2. 8 см (сА. 5—B). r) Фрагмент од лево стапало на мермерна статуа. Сочуван е предниот дел од прстите изработен од ситно-зрнест бел, скоро прозирен мермер. Ногата е обуена во сандала, од која се гледа ѓонот и страничните ремчиња, со ромбоидна копча меѓу прстите. Постољето на коешто е поставена ногата е многу погрубо обработено и украсено од надворешната страна со мотиви од меандер. Во пределот од малиот прст и палецот, пластично се прикажани топчиња. Остатоци од траги од боење со црвена боја, има на постолето (меандерот) и на сандалата (топчињата). На ремчињата од сандалата видливи се паралелни надолжни врезови слични на набори. Постољето не е насекаде со иста височина. Димензии: должина 11,5: см; широчина на постолето кај прстите 3,5 см; височина напостољето 1,6 см на предниот дел и 0,6 на задниот дел. Висина на сандалата 0,5 см; сочуваниот дел од стапалото 2,5 см, (сл. 5—r).

A) Два фрагмента од нога на статуета. Сочувани се коленото и дел од бут, АСА од потколеница, со лист без глуждови и стапала. Фрагментите се изработени од едро-зрнест мермер со сивкаста боја. Коленото е пластично нагласено, додека мускулатурата на листот и над коленото претставена е шематски. На предната страна површината е измазнета, додека на задната страна од подколеницата обработката е груба, а површината на ногата € рамна 4 сплосната. На задната страна над коленото исто така се гледа рамна површина на ногата, но е подобро обработена и помазна. Двата фрагмента припаѓаат на левата нога, која, ако судиме по косината и начинот на обработката на бутот и подколеницата, претставува дел од статуа во седечка положба (нагласено колено, плосната задна страна на ногата). На сочуваниот дел од надколеницата, се наоѓа издупчен дел -- вдлабнатина, со дијамсетар од 1 см и длабочина од 3,3 см, на чии ѕидови се присутни траги од железо, што упатува на фактот дека овој дел од ногата се спојува со горниот, со помош на железен клин. Димензии: должина 14 см; дијаметарот под листот 3,5 см, дијаметарот кај бутот, 4,6 см (сл. 5--д).

Условите под кои се најдени овие скулптури, посебно фактот дека сите се најдени на едно место, во иста просторија, која припаѓа на гоголема градба, за жал целосно неоткриена и испитана докрај, убед-АНВО 300pyBa за тоа, дска најверојатно се во прашање остатоци од светилиште на Изида, односно Изида Тиха. Поопширо и подетално за тоа ќе може да се каже по евентуалните понатамошни истражувања на свој објект. Сепак овие наоди и сега даваат можност да се донесат -- постават доста интересни заклучоци.

Најголемо внимание меѓу новоткриените охридски статуи привлекува статуетата бр. 1 (сА. 3, a, 6, в, г) која се издвојува не само по материјалот од кој е изработена, фронталноста на фигурата, туку и по начинот на прикажување на нејзината облека. Облеката која е типична за египетската жена, во касниот период, во која гледаме специфичен мантил — шал, со долги реси, врзан во јазел кој сочинува пан-АСАКа на градите, се среќава само во Египет и присутна е на хеленистичките теракоти од Александрија (1). Меѓутоа, наборите на таа традиционална облека на египетската жена, прикажани се во согласност со грчкиот осет за хармонија на покретот. Во тоа се огледува вообичаеното за хеленистичката уметност, спојување со конзервативните египетски и грчки елементи. Строго укочената поза и схематизмот во ритамот на наборите од облеката, сведоштво се за уште една карактеристична особина на хеленистичката уметност, од александрискиот круг — тежба кон архаизација. На темелите од старите религиозни сфа-Kalba, грчките уметници создале нов THU на хеленизирана Изида, којшто подоцна ќе добие доста широка примена -- раскриленост. Охридската статуета, мегутоа спаѓа во оној најран изворен тип на хеленизираната Изида, кој бил омилен на дворот на египетските Птоломеи. Споредувајќи го ово дело со делата од Амарнскиот период, влијанието на грчката уметност станува исто така очигледно. Пластично прикажаните набори на облеката не се среќаваат на амарнските фигури, на кои линиите се повеќе врежани отколку извајани. Сепак статустата не е производ на колонијалната уметност. Тоа не е грчка верзија на некое традиционално египетско дело, ниту е дело на мајстор кого го привлекувала древната уметност. Изиданата статуета се производ на домашната култура- која се се повеќе хеленизира, наспроти желбата да остане верна на египетската традиција. Тоа се гледа и по изразитата сличност на охридската статуета со портретната статуста на египет ската кралица Береника П (274-222 г. пр. н. е.) која е претставена во Изидин лик со карактеристичниот јазел и панделка на градите, а се3 наоѓа во Минхенската глиптотека (2), (сл. 6); на Изидното торзо без глава, нозе под колениците и без атрибутиите кои ги држала во рацете, а која се наоѓа во Лувр (3) (сл. 7), Изида во природна големина, игработена од црн гранит, фрагментарно сочувана, без главата, рацете, предните делови од нозете, со потпорно столпче од задната страна, која се наоѓа во Александрискиот музеј (4) (са. 8); како и со мермерната статуета на една од египетските кралици со име Клеопатра, од Њујорк45 (са. 9).

Мислиме дека на основа изнесеното може да се заклучи дека охридската Изида потекнува од кругот на александриската уметничка школа и дека може да се датира уште од времето на раниот хеленизам (III век пред н. е.).

Мегу статуите на Изида, најдени во нашата земја, нема ништо слично со охридската Изида. Изидината статуа од Нин,6 за којашто до сега се смета дека е најран примерок кај Нас (I в. од н. е.) прикажува веќе друг хеленистичко-римски тип на Изида, којшто подоцна, во римско време, се јавува се до касноримскиот период.7 За него е карактеристична многу богато набрана облека, со тешки полукружни набори, на МАНТНАОТ, чиишто краеви секогаш се врзуваат во кружен правилен јазел, точно на средината на градите (а не малу накосо над десната дојка). Како што се гледа не само на статуата од Нин, туку и на скоро најдената биста од Hapona.8

Другата охридска статуета, статуетата бр. 2 (са. 4a, 6, в, г), веќе е блиска до римскиот тип, како што се гледа по материјалот (мермер), така и по стилот и самата концепција на фигурата. Во односот на првата хеленистичка Изида, разликата е веднаш уочлива и пе предизви-

Са. 7. Изидино Торзо Са. 6. Статуета на Изида, како Береника П во Минхенска
Сл. 7. Изидино Торзо Са. 6. Статуета на Изида, како Береника П во Минхенска
Са. 9. Клеопатрина статуета како Сл. 8. Изида од Александријскиот Изида -- од Њујорк музеј
Сл. 9. Клеопатрина статуета како Сл. 8. Изида од Александријскиот Изида -- од Њујорк музеј
Илустрација, стр. 183

кува никакво сомневање дека потекнува од знатно покасно време. Тоа се гледа од моделирањето на облеката и фризурата, коишто елементи се блиски со некои римски претстави на Изида, како напр.: Седумте статуи на Изиди во Александрискиот музеј изработени од мермер и гранит во природна големина, од кои има фрагментарни и це-АОСНО сочувани, а кои припаѓат на касно-хеленистичкиот и римскиот период, се слични со нашата статуета бр. 2, како по положбата на телата и атрибутите кои ги држат во рацете, така и по облеката и по карактеристичниот јазел кој га образува панделката;9 потоа, бистата на Изида од познатиот депо на скулптури во Констанца (Томис)10 или пак веќе споменатата биста на Изида од Нарона. Првата се датира во првата половина од III век на н. е., додека втората, во крајот на II или првата половина од III век. Веќе кажавме дека по типот, втората оххридска Изида го повторува познатиот лик на Изида -- Тиха или Изида — Фортуна, но со обзир на тоа дека статуата е најдена во Македонија, каде што хеленистичкото влијание било силно и во римско време можеме да зборуваме за Изида -- Тиха. Варијанта на истиот тип имаме во бронзената статуета од Прилеп,11 којашто во левата рака го држи Рогот на изобилието, а со десната, веројатно се опира на корми-АО коешто не е сочувано (сл. 10). П. Лисичар смета дека е во прашање римска копија на хеленистичкиот оригинал, додека И. Микулчиќ во неа гледа имено хеленистичка изработка од I век пр. н. е."“. Другата схридска статуета (статуетата бр. 2) која по стилските особини веројатно припаѓа на римскиот период сепак има и елементи кои ја поврзуваат со раните хеленистички споменици, нарочно со прилепската Изида — Тиха. Тие се пред се, положбата на телото, начинот на врзување на Изидиниот јазел, којшто дури и се приближува на египетската статуа од Охрид. Имајќи го сето тоа во предвид, би можело да се каже дека е во прашање можеби римска изработка но, со силни хеленистички традиции. Што се однесува до времето на изработката на оваа статуета, тешко е да се каже нешто сосема определено, но не веруваме дека таа би можела да биде подоцнежна од П в на н. е. Овој термин изгледа прифатлив уште поради едно становиште. По големите разорувања кои ги претрпела Македонија и соседните јужноилирски области, во времето на жестоките борби со Рим, периодот на обновата настапува дури некаде пред крај на I и почетокот на II в. од н. е. Тоа е забележано и во натписите на блиската Стубера (Чепигово), каде што во тоа време дошло до обновување на храмот на богињата Тиха, зидање на гимнасија и сл.13 Сочуван е голем натпис со посвета на богињата Тиха, но статуата, за жал, не е откриена, Меѓутоа, со обзир на времето во кое дошло до обнова на храмот, и распространетоста на култот на Изида, во соседниот Прилеп и Охрид би можело дури и да се претпостави дека и таа статуа би имала карактеристики на Изида — Тиха. Значајно е да се забележи дека статуетите Изиди од Схрид, спаѓаат во кругот на спомениците кои докажуваат дека на многу ограничен простор од соседните градови Лихнид, Керамис (При-

Сл. 10. Бронзена статуета на Изида од Прилеп
Сл. 10. Бронзена статуета на Изида од Прилеп

леп) и Стубера (Чепигово) како и Хераклеја Линкестис со околината, постоела силна и непрекината традиција на култот на Изида, Тиха и Изида — Тиха, почнувајќи од Ш век пред н. е. па до II век од н. е.

TWO STATUES OF ISIS FOUND IN OHRID

Vlado Malenko — Ohrid

Белешки

  1. M. Bieber, The skulpture of the Hellenistic Age, New York 1955, 92. ↩
  2. Ibid, find. 350. ↩
  3. Музеји света -- Лувр — Париз, стр. 31. ↩
  4. Фотографирана и добиени податоци за време на престојот во Александрискиот музеј (Разговор со колегите и преглед на Инв. кн.). ↩
  5. Ibid., 92, fig. 351-353. ↩
  6. M. Gorenc, Antikna skulptura u Hrvatskoj, Zagreb 1952, Tab. 51 — J. Brunšmid, Kameni spomenici Hrvatskoga Narodnoga muzeja u Zagrebu, Vjesnik HAD, n. s. VII (1903—1909) 230, sl. 34. ↩
  7. P. Selem, Egipatski bogovi u rimskom Iliriku, GodiSnjak IX; -- Centar га balkanološka ispitivanja, knj. VII, Sarajevo 1972, 47. ↩
  8. N. Cambi, Nove potvrde egipatskih kultova u antičkoj provinciji Dalmaciji, Vjesnik za arheologiju i historiju dalmatinsku, LXV—LXVII (1963—1965) 98—100, Tab. XXIII. ↩
  9. Фотографирано и добиени податоци за време на престојот во Александрискиот музеј. ↩
  10. ‘eV. Canarache i dr., Tezaurul Че skulpturi de la Tomis, Bucuresti 1963, 127, sl, 24. ↩
  11. P. Lisičar, Isis — Fortuna, Spomenici o kultu Izide — Fortune u našoj zemlji, Starinar n. s. XII (1961), 125—132, sl. 2—5; — I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza od Egejske seobe do Avgusta, Beograd 1966, 78—79, tab. XXVI, sl. 36d. ↩
  12. P. Lisičar, op. cit., 129; I. Mikulčić, op. cit., 78. ↩
  13. D. Vučković-Todorović, Styberra — antočnoe poselenie Vs. Čepigove v okrestnostjah Prilepa, Beograd 1964, 37—38. ↩
  14. A fragment of the right foot of a marble statue made of fine-grained, white, almost translucent marble. The foot had the sandal with visible sole and side straps and with a rhombic buckle between the toes. The leg 15 placed on the stand, There are traces of dying in red hue on the stand (meander) and of the sandals. The dimensions of the preserved fragment: length 11.5 cm, width 6.7 cm, height 5—5.8 cm. ↩

Summary

Two Statues of Isis Found in Ohrid

During the protecting excavations in May 1967, when building of3 the building Fond II in the quarter Krabaegomala in Ohrid was in progress, the remains of an antique structure, its south-western part, were found (two rooms of size 1.80 =< 1.40 m and 4.80 x 1.80 m) in which, among fragmented bricks and a good deal of porous fragments of dyed wall plaster, there were also two statues of the goddess Isis partly preserved and five fragments of other statuettes and statues. manis of the haird, all this speaks for the image of the goddess Isis, the most important deity of the Hellenistic world. The material of which the statuette was made and the characteristics of style, which mirror the influence of the Egyptian art, by the side of the Greek working of the folds of the garment, show that this statuette must have been made in the Hellenistic Egypt at the time of the Ptolemy dynasty.

The statuette No. 2 was made of shining, white marble of fine granular texture. It is of very fine make and full of elegance. The statuette is partly preserved because its head and the right hand are missing, while the toes are damaged. It stands on a thin pedestal, which together with the body makes one piece, while the arms, made separately, were bound with the body by iron pins. The preserved part of the statuette is 0.34 m high. The figure, leaning on one leg, repeats the well known scheme in the form of the letter »S«. The garment with the specific knot on the breast does not leave us in doubt that the statuette of Isis is concerned. According to the position of the arms we might say that its left, stretched out hand, held the cornucopia, while the right hand leaned on the steering wheel or wheel. Although these attributes are missing, we might assert because of many analogies, that we have the statuette of Isis represented as Fortuna or Tyche, which derives from a considerably later period than the statuette No. 1. The second statuette from Ohrid greatly nears the Roman type, which can be judged both by the material (marble) and the style of the conception of figure, of modelling the garment and hairdo, which near some Roman representations of Isis, with few elements linked with strong Hellenistic traditions on the basis of which we doubt that it migt be older than the 2nd century A. D.

a) A part of the right arm of a statue has been preserved from the shoulder to the hand, made of lustrous, fine granular white marble, of excellent workmanship, smoothed on all sides. The dimensions of the preserved fragment is 11 cm from the hand to the elbow and 9 cm from the elbow to the shoulder.

b) The base of the statue with preserved feet has been made of one piece of yellowish-white marble, rather impure and containing some other materials. The base is roughly worked, while the legs are excellently modeled and polished to show high brilliance. They have been represented rather realistically and precisely as far as anatomy is concerned. According to its form, the statue must have represented a male figure. The dimensions of the preserved fragment: width 17 cm, length 11.5 cm, height 11 cm.

c) A part of the left arm of a marble statue bent in the elbow, made of greyish- -white coarse-grained marble, well polished on all sides, with the traces of binding by iron pins and armature. The dimensions of the preserved fragment: length 0.39 m, diameter of the upper part of the upper arm 11.5 x 10.8 cm and of the Гоrearm П x 8 cm.

e) Two fragments of the foot of a statue, the knie and a part of the thigh, as well as the shank and the ankle. The fragments can be joined. They have been made of coarse-grained, greyish marble. The length of the preserved fragment is 14 cm.