Macedoniae acta archaeologica 2 (1976) · стр. 143–155
Villa rustica во Пештерица кај Прилеп
Во текот на месец август 1965 година во договор со инвеститорот на работите, Тутунскиот комбинат од Прилеп, екипа од Народниот музеј од Прилеп, презеде сондажни истражувања на теренот што требаше да се потопи со акумулационото езеро, во местото викано Пештерица. Месноста Пештерица се наоѓа на околу 7 км североисточно од Прилеп, тоа е долина во која се сливаат и спојуваат два потока што ја чинат реката Ореовечка. Пештерица е позната од поодамна како богато подрачје со извори на питка вода, од кои еден и денес се користи во градскиот водовод. За време на каптирањето на овој извор во 1960 година, било утврдено дека тој бил користен уште во времето на римското царство за што сведочат тогаш откриените и уништени зидови од камен и малтер, како и делови од мермерна пластика. Претпоставуваме дека оваа каптажа служела како чешма или пак тоа бил еден мал Нимфеум, направен најверојатно од страна на сопственикот на вилата која се наоѓа на околу 200 метри североисточно од споменатиот извор.
Сондирањето на теренот беше започнато на неколку десетина метри јужно од стариот пат Прилеп--Т. Велес, преку планината Бабуна, во нивата која граничи со споменатиот пат и патот што води за село Ореовец. На длабочина од 0,30 м од површината на нивата беше откриен ѕид од камен и варов малтер, потоа беше сондата проширувана во правците кон кон водеа зидовите од зградата. Со комплетното ОТкопување на целата мрежа од зидови, се покажа дека се работи за темелните делови на една доцноантичка villa rustica.1
Вилата ја чини комплекс од три целини, споени една со друга но секоја со посебна намена, посебни простории и влезови. Види план 1. Главниот дел од вилата претставува правоаголник поставен во правец северозапад--југоисток, со нагласена потковичеста апсида на северозападната страна. Тоа е станбениот дел на вилата, долг 23,50 м, а широк 15 метри, граден од кршен камен и варов малтер, 5идовите, односно затекнатите темелни делови на истите, се широки по 0,70 м и доста солидно изведени.
Влезот во станбениот АСА од вилата с од југоисточната страна, најверојатно бил покриен со покривот од југозападното крило на вилата, широк е 2,30 м, а длабок 3,20 м. Низ влезот се доаѓало во цен-ТРаАНОТО, правоаголно и откриено двориште со димензии: 14,75 хХ 5,75 м од каде што потоа можело да се комуницира во трите останати страни. Централното двориште од североисточната и југозападната страна најверојатно било решено перистилно, т. е. со столбови и арки низ кои се влегувало во просторите за престој. Т. I, сл. 1. Во југоисточното крило на вилата биле две простории, просторијата В со димензии 3,25 X 3,20 ми Г со димензии 7 X 3,20 м во кои, низ врати широки по 1,25 м се влегувало од наткриениот влез. Во североисточното и југозападното крило на вилата, исто така, биле простории за престој од кои преградни зидови не се најдени, а северозападното крило го чини една долга просторија Е, со димензии 13,50 * 3,10 м низ која се влегувало во апсидалната просторија со димензии 5,30 X 5,70 м. За ваквото решение на средниот дел од вилата, т.е. за нејзиното отворено централ-НО двориште се решивме поради тоа што, не беа најдени носечки 5идови на покривната конструкција во средниот дел на вилата, големиот распон помеѓу североисточниот и југозападниот ограден ѕид што изнесува 15 метри а помалиот процент на покривни тегули и имбрекси, најден во културниот слој од земја во тој дел на вилата. Од друга страна, пак, за предложеното решение зборува и фактот што во севе-РОНСТОММНОТ АСА ОА вилата се најдени два мермерни тесани блока кои би биле носачи на столбовите, односно покривната конструкција од внатрешната страна. Во прилог на ваквото решение ни се чини дека зборуваат и подоцнешните преградни зидови, изведени од камен и кал, кои сега ги затвораат просториите што порано биле отворени, правејќи така нови простории. Т. I, сл. 1. Со овие подоцнешни преградувања, изведени од камен и кал, во источното крило на вилата се преградени просториите Ц (3,25 х 3,25 м), и A (10,50 х 3,00 м) види Т. I, са. 1.
Средниот дел на комплексот од вилата го чини една поголема просторија со димензии: 7,00 х 4,20 м која има влез од источната слободна страна. Оваа просторија од север се наслонува на јужниот ѕид од станбениот дел на вилата, од запад е затворена со ѕид од камен и кал а од југ ја преградува термалниот дел на вилата со кого била споена со врата која е подоцна зазидана. Види план ls
и складирал на друго место.
Во североисточниот АСА На оваа просторија била изградена пома-Аа просторија — базен, градена од кршен камен и малтер, со димензии: 2,20 х 1,50 м. Овој базен од југозападната страна е засилен со подзид кој истовремено служел и за полесно приоѓање и работење во него. Т. I, са. 2. Подот на базенот беше поплочен со шест подни цигли, со димензии: 0,68 X 0,68 м а споевите на циглите и бочните страни на базенот беа фино измалтерисани со црвенкаст малтер. Јужниот ѕид на базенот беше продупчен и во него направен излив, фино измалтерисан кој завршува над голем земјен сад со форма на превртен конус, со рамен обод украсен со трострука бранеста линија, вкопан во земјенот под. Овој базен служел за гмечење на грозје, сокот од изгмече-НОТО грозје преку НЅАМВОТ CC собирал во земјениот сад, а потоа се цр: Југоисточниот АСА на комплексот на вилата го чини термалниот простор, што е во форма на неправилен четвороаголник, со димензии: 13,00 < 9,70 м. Види план 1.
Термалниот дел го сочинуваат четири простории, во две од нив најдени се делови од хипокауст со сочувани столпчиња од кружни и правоаголни суспензури, како и делови од префурниумот.
Просторијата A со димензии 4,00 х: 4,00 м служела како спремница за огрев и приод кон просторијата B, со димензии 3,50 X 2,00 м, каде што бил сместен префурниумот, кој е изграден од тули и камен, засведен, широк 0,70 м и висок 0,70 м. Оваа просторија на западниот ѕид имала прозор за проветрување, подоцна 3аЅНАаН, а подот и беше од набиена земја врз кого беше најден дебел слој од пепел што се чистел од префурниумот. Т. II, са. 1.
Топлиот воздух од префурниумот одел во калдариумот, просторија С, со димензии: 2,00 < 5,20 м. T. II, са. 2, во кого се најдени подот од малтерна бела подлога, врз која биле зидани столичињата од суспензури со правоаголна форма во северниот дел и со кружна во јужниот. Од калдариумот се влегувало во мал базен — када, просторија A, со димензии: 1,20 х 1,40 м кој најверојатно служел за чување на топла вода. Покрај внатрешните зидови на кадата и калдариумот беа најдени многу фрагментирани тубули низ кои CTpyeA топлиот воздух што ги загревал овие простории. Од калдариумот преку три пропуста широки по 0,25 M crpyeA топлиот воздух под кадата, столпчињата што ги прават овие три пропуста, зидани беа со правоаголни тули, а покриени, во висина на подот, со поголеми тули. Т. ІІТ, са. 1.
Од калдариумот се доаѓало во просторијата Е, со димензии: 4,50 X 3,00 м која во својот јужен дел имаше доста оштетено, рамно плато, направено од по еден ред камена подлога врз која беше нанесен дебел слој од хоросан малтер. Во средниот дел на платото, веднаш крај преградниот зид, беа најдени делови од мал базен со димензии: 1,80 X 1,50 м кој најверојатно служел за чување на ладна вода, која по потреба се испуштала преку одводен канал. Јужниот ограден ѕид на оваа просторија не беше најден.
Влезот во термалниот дел е од источната страна, тоа е врата широка 1,00 M од каде 5идот продолжува уште за 4,50 м кон југ, каде што на него се наслонува ѕид, граден од по еден ред камен и кал, кој потоа под прав агол скренува кон исток, правејќи така двориштен ограден зид. Види план 1.
Врз основа на затекнатата ситуација на архитектонските елементи на оваа вила, можеме да заклучиме дека тука се присутни повеќе фази на градба, почетната, т.е. изградбата на основата на вилата од кршен камен и малтер и подоцнешните преградби, изведени во камени кал со кои се извршени извесни измени и прераспределување H2 просторот. Причините што доведе до вакви промени нам не ни се со сигурност познати. Претпоставуваме дека вилата страдала во пожар или пак била насилно урната и напуштена, а новите станари само ја санираас іН АСАУМНО преиравиле, на примитивен начини, затекнатата ситуација. Новите корисници на вилата најверојатно не ги користеле повеќе куќните терми нити пак базенот за гмечење на грозје. Оваа мисла се наметнува како резултат на зазидувањето на вратата помеѓу овие два дела, како и зазидувањето на прозорците кои служеле за вентилација на термалниот АСА.
За поточно одредување на времето на изградбата и преправките во вилата ќе мораме да се послужиме и со наодите во и околу вилата, откриени со ископувањето. Претпоставуваме дека вилата била изградена кон крајот на III век и како таква егзистирала до средината на IV век, кога страдала од пожар или насилно плачкање. Потоа била потворно користена за живеење, со тоа што биле извршени напред наведените преправки и како таква егзистирала до конечното страдање во пожар. Дека се работи за голем пожар сведочат комплетно урнатите делови од покривот заедно со тегулите и траги на изгорени дрвени греди, најдени во просторијата Д, од станбениот дел на вилата. Пожарот што ја уништил вилата во Пештерица и го замрел животот во неа за секогаш, најверојатно се случил во третата четвртина на IV век од н. ера.
Ситни наоди
Најчести наоди во релативно танкиот и сиромашен културен слој, во и околу вилата во Пештерица, беа керамичките фрагменти, монети, делови од градежен материјал, сосема малку мермерна пластика и делови од метални орудија.
Фрагментите од керамички садови се претежно од груба куќна керамика, карактеристична за доцноантичкиот период и помалку фрагменти од фина керамика и тоа претежно со сива и црвенкаста боја, премачкани со редок и слаб, темен и црвенкаст лак. Од куќната керамика најзастапени се лонците со по две лентести држалки, изработени од лошо пречистена глина помешана со ситни кристали од лискун. Исто така застапени се и стомни со по две или една лентеста држалка, издолжено тело, втиснато дно кое во средината има пластичен јазел или копче. Т. IV.
Од фината керамика констатирани се форми на чаши, шољи и не многу плитки патери поставени на ниски прстенести дна, со по една две дршки и со сива или црвенкаста боја. Т. ГУ. Повеќето од овие фрагменти носат слаби траги од употреба на редок лак со кафенкаста или црвена боја, што е карактеристика за доцноантичката фина керамика.2
Најдени беа и повеќе фрагменти од плитки паници, направени од сива глина, слабо печени и по ободите украсени со различни по форма жигосани орнаменти, какви што се најдени на повеќе наоѓалишта.3
АаРАННТе примероци од времето на доцната антика.
Целата оваа продукција на керамика најдена во Пештерица на мислење сме дека е од локална продукција, секако работена по стан-Во просторот на станбениот дел од вилата најдени беа повеќе, поголеми и помали парчиња од равно прозорско стакло.
Металните наоди во вилата се доста ретки, освен две бронзени и лиени токи, една кружна карика од бронза, железни клинови со квадратен пресек и неколку аморфни парчиња од земјоделски алатки, друго не беше најдено. Т. V—B.
Камената, односно мермерната пластика е застапена со два јонска капитела од кои едниот беше најден во југозападната некропола а другиот взидан во зид од камен и кал. Т. III, сл. 2. Два фрагмента од мермерни мензи, направени од фино мазнети мермерни плочи, украсени од внатрешната страна со плитки хоризонтални врежани линии. Еден мал фрагмент од култна слика, изработен од бел мермер, на кого се видливи само прстите од два чифта човечки нозе. Сметаме за потребно да на ова место споменеме дека сопственикот на оваа нива често вадел делови од столбови и други мермерни блокови.
Напоменуваме дека со ископувањето беше најдено мноштво од градежна керамика! и тоа тули, тегули, имбрекси, суспензури, тубули и други керамички производи. T. VI.
Монети
Како еден од најсигурните и најзастапените показатели за време траењето на животот во оваа вила ги сметаме најдените монети, првенствено во комплексот на вилата, а исто така и во двете некрополи што нејзе И припаѓаат.5
Во откопаниот комплекс на вилата најдени се монети, мали бронзи, почнувајќи од императорот Константин I, па се до императорот Теодосија 1.
На околу двадесет метри од југозападната страна на термалниот дел од вилата откопана беше некропола од дваесетина гробови и на околу 130 метри северозападно од неа уште една мала некропола со четири гроба, во кои беа најдени бронзени монети, најраната од императорот Пробе6 а најдоцната од императорот Констанције7 11.7
Судејќи според монетните наоди, почетокот на животот во вилата, односно нејзината изградба можеме да ја ставиме во време владеењето на императорот Проб (276—282 год.), а крајот, т.е. нејзиното еди во време владеењето на императорот Валентинијан 1 (364— 375 год.).
Заклучок
Сопственикот на вилата во Пештерица, најверојатно се занимавал со земјоделство и тоа конкретно со лозарство, за што ни сведочи просторот за обработка на грозјето. Околните благи ритчиња биле погодни за одгледување на таа култура, за што ни сведочат и денешните лозја на поблиското подрачје на вилата. На мислење сме дека сопственикот на оваа вила, односно лојза, не живеел постојано во неа, туку само повремено доаѓал тука. На ваков заклучок не наведува фактот, што преку зима би имал потешкотии во загревањето на просториите за живеење од една страна и недостатокот на магацински простор за сметување на виното од друга страна. Најверојатно тука сопственикот доаѓал преку летото и се задржувал до собирањето и преработката на грозјето, а виното го пренесувал во местото на постојаното живеење. Секако, преку зимата останувала послугата и наемните работници за да го одржуваат и чуваат имотот. Најблиско место кадешто би можел постојано да живее сопственикот секако е античката Керамиа, која се наоѓала во местото 3arpaA,® на околу дестина километри северозападно од вилата.
За жал, на подрачјето на Македонија на полето на рустикалните објекти е многу малку сторено, затоа не сме во можност да правиме некои аналогии или споредби. Освен систематски откопаната Villa Rustica во Разбиеница, Тиквеш,9 која е постара и на друг начин градена и конципирана, нам не ни се познати други вили, освен по усмени искажувања или само пишани напомени дека такви има. Така, на пример, вили се констатирани во Бончејца — Прилеп,10 село Турско — Придлепско,11 на современиот пат Претор -- грчка граница,12 кај местото Чаковец близу село Ресава, Беќирева чешма --- Грамаѓе кај село Дреново14 и други места.
На поширокото подрачје на нашата земја, како и во соседните, откриени се доста вили, но од нам достапната литература,15 не можеме со сигурност нашата вила да је сврстиме во некој од тамошните типови. Би се осудиле, бездруго со извесна резерва, да пештеричката вила ја сврстиме во типот на вили со отворено централно двориште.
VILLA RUSTICA IN PESTERICA NEAR PRILEP
Kostadin Kepeski — Prilep
In August 1965 a team of the National Museum from Prilep in agreement with the investitor — Tutunski Kombinat, Prilep — started sondage researches in the area which should be flooded by the future artificial lake. In fact PeSterica is a small valley about 7 km north-eastward from Prilep abounding in springs of drinking water, On the occasion of these researches a villa rustica was found immediately at the road leading from Prilep to Titov Veles through the mountain Babuna. The villa had the direction north-east/south-west and was made of broken stones and lime mortar in its first phase, while some changes were later carried out through the adding and partitioning of the walls of stones and mud.
he complex of the villa included three connected parts beginning in the north and taking the direction to the south, from the dwelling, through the economic and to terminate in the thermal part. All these parts were linked with separate approaches, one with the other, making thus a whole.
The dwelling part of the villa covers the space of 23.50 * 15.00 m, but on the north-western side of this space an apsidal U-shaped room 5.70 m deep was added. The entrance to the villa was on the south-eastern side through the central yard and from the yard the rooms, placed on all four sides of the yard, were accessible. The economic, i.e, the middle part of the villa, took the space of 7.00 “: 4.20 т. This is a larger room containing a basin of stone and mortar of 2.20 * 1.50 m, paved by bricks and plastered in the inside. The basin was used for pressing grapes, the juice of which leaked to an earthen vessel, dug at the height of the floor, through a funnel built in the southern wall of the basin.
The thermal part of the villa included a space of 13.00 9.70 m and consisted of four rooms and a small basin-bathtub for warm water. This part was entered in the eastern side and through a separate entrance people would come to the room for storing firewood and to the room with the vaulted praefurnium. In the other two rooms there were the remains of the hypocaust with small pillars made of round and rectangular bricks. The mobile archaeological material contained the sherds of coarse pottery, and of pottery with thin walls predominantly red or grey, coated with thinned, lower quality varnish.
Белешки
- B. Babić, Pešterica, Orcovec, Prilep — kasnoantička vila i nekropola, Arheološki pregled 7, Beograd 1965, str. 133. Ja користам оваа прилика да му се заблагодарам на другарот Б. Бабик, за отстапувањето на овој материјал за објавување. ↩
- И. Микулчиќ, Една античка Villa Rustica во Тиквеш, Годишен зборник Филозофски фак. Скопје, книга 23, Скопје 1971, стр. 278. ↩
- Ваква керамика е најдена кај селата Прилепец и Старо Лагово близу при-Ден и Хераклеа Линкестис — сектор Римски театар и др. ↩
- И. Микулчиќ, Една античка Villa Rustica во Тиквеш, Годишен зборник, Филозофски фак. Скопје, книга 23, Скопје 1971, стр. 272, Т. П-А. ↩
- B. Babić, Pešterica, Oreovec, Prilep — kasnoantička vila i nekropola, Arheolo’ki pregled 7, Beograd 1965, str. 131 i 133. ↩
- H. Cohen, Monaies sous l’empire romain, Graz 1955, кн. VII, No. 739. ↩
- Ibid., книга VII, No. 44. ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Dissertationes, tom III, Skopje 1966, str. 71. ↩
- Истиот, Една античка Villa Rustica во Тиквеш, Годишен зборник, Фил. фак. Скопје, книга 23, Скопје 1971, стр. 269. ↩
- Усмена информација од Б. Бабиќ за што му7 благодарам. ↩
- Усмена информација од Б. Бабиќ за што му благодарам. ↩
- Извештај за работата во 1974 година од Републичкиот завод за заштита на спом. на култ. Скопје, стр. 14, потпишан од М. Д. ↩
- A. Keramitéiev, Cakovec — Resava, Arheoloski pregled 2, Beograd 1960. str. ↩
- Микулчиќ, Една античка Villa Rustica во Тиквеш, Годишен зборник, Фил. фак. Скопје, книга 23, Скопје 1971, стр. 281. ↩
- M. Vasi¢, ROmische Villen von Typus der Villa rustca auf jugoslawischen Boden, Archaeologia jugoslavica XI, Beograd 1970, str. 45. Илустрациите ги изработи Р. Иванишевиќ, преператор во Народен музеј — Прилеп. Фотографите ги изработи Б. Јелиќ, фотограф во Народен музеј -- Прилеп. ↩
Summary
Villa Rustica in Pešterica near Prilep
Metal objects were rather scarse with the exception of bronze coins, which were found in a good quantity, beginning with the coins of Constantine I to those of Valentinian I, Stone ornaments were also rare, because only two Ionic capitals and two fragments of thin and polished marble mensae were found. According to the architecture of the villa, as well as according to the mobile archaeological ma-