Macedoniae acta archaeologica 2 (1976) · стр. 251–264
Археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај село Дебреште
Локалитетот Градиште, што се наоѓа во близината на седлото Дебреште, покрај патот Прилеп--Кичево, претставува плато со површина од околу 3 хектари, незнатно издигнато (околу 3 м височина) вооднос на околниот баровит простор. Во последната половина на нашиот милениум, најверојатно од крајот на средновековниот период, се до 1964 година, теренот на локалитетот, главно, му служел на стопанството, а од таа година влегува во склопот на реализацијата на вештачкото езеро за наводнување.
Првите ископувања на локалитетот ги спровел Никола Вулиќ во 1928 година.2 Тогаш е утврдено дека во античко време на овој локалитет постоела тврдина. Следните истражувања се предизвикани со започнатите големи земјени работи, по проектот изградба на вештачко езеро, во 1964 година. Во настојувањето да се утврди културно-историската содржина на локалитетот и да се започне борба за неговото спасување, истата 1964 година Народниот музеј во Прилеп организира археолошки ископувања.3 Ископувањата имаа карактер на значајна кампања за спасување на дел од подвижните вредности и утврдување на културните стратуми. Покрај ова, целта на кампањата беше да се изработи ситуационен план на остатоците од комплексот на тврдината. Со едномесечното ископување во 1964 година утврдено е постоење на културни стратуми од бронзенодопскиот, халштатскиот, CACHHCTHUкиот, римскиот, рано-византискиот и средновековниот период. Од таа до минатата 1974 година спроведени се помали, главно, сондажни ископувања. Напоредно со ископувањата, вршени се и конзерваторскорестовраторски работи на зидовите на комплексот на тврдината.
Од минатата, 1974 година, започнаа заеднички истражувања на Народниот музеј во Прилеп и Институтот за историја на материјалната култура на Полската академија на науките во Варшава, во источниот дел на тврдината, непосредно до нејзината главна порта.4 Тие истражувања се продолжени и во оваа, 1975 година. Главна нивна цел е да дадат објаснување за стратиграфскиот склоп на објектите откриени во 1974 година кај главната порта на доцно-римската и рано-византиската тврдина. Покрај останатото, требаше да се утврди распространетоста на некрополата, како и евентуалната поврзаност на откриените гробови со сакрална градба северно од портата.
Во текот на двете години од ископувањата, 1974 и 1975, изведувани се ископувања во квадратите 11 и 30 во секторот IV и во квадратите 279, 280, 296, 297, 298, 299 и 315 во секторот II во вкупна површина од 225 m2? Постигнатата длабочина во поедини квадрати за време на ископувањата изнесуваат: с. 1V/КВ. 11—619.78; с. IV/КВ. 30—620.14; ископувањата изнесувала:
с. П/кв. 279—621.04; c. П/кв. 280—620.59; с. П/кв. 296—620.32; с. П/кв. 297—620.24; с. П/кв. 298- 620.62; с. II/ кв. 299—619.34; с. П/кв.
Во сите истражувани квадрати е утврден приближно ист стратиграфски систем. Слојот I се состоеше од хумус, односно од нивелиран слој земја.5 Во секторот II, во квадрантот 296, утврдени се остатоци од камена конструкција на површината на земјата.6 Во тој прв слој, покрај другото, пронајдени се фрагменти од керамични садови од разни периоди, од бронзеното време та се до средниот век.
Со слојот II сврзани се остатоци од некрополата и две јами бр. 1 и бр. 2 откриени во секторот II, квадрант 315 и во секторот IV, квадрант 11. Јама 1 во основата приближно овална, со пречник 1,00. X 0,90 м. Дното на јамата е рамно. Во нејзиниот насип во дебелина од 0,65 м со темно кафејава боја, пронајдени се, покрај останатото, фрагменти од керамични садови од ран среден век, фрагменти од црепни, животински коски и еден керамичен лонец ненезнатно оштетен со откршена држалка. Врз основа на керамичните наоди, тој објект можно е да се датира во XII евентуално XIII век. Од истото време потекнува и јамата број 2, откопана во соседниот квадрант 11 во секторот П. И таа јама во основа е приближно овална со пречник 1,30 х 1,40 м. Јамата била исполнета со сиво-мрка земја со содржина од ситни фрагменти од керамични садови и фрагменти од опеки и тегули. Во Аоаниот дел на слојот I и во слојот два во квадрантите 279 и 280 во сектоpor II пронајдени се гробови со главите ориентирани на запад. Тие гробови, всушност, врзани се за слојот II. Во тоа ниво утврдени се гробови распоредени во четири реда, при што редовите ја задржуваат ориентацијата северо-исток — југо-запад.
Во квадратите 299 (гробовите 42—a и 42--в, 43 и 44) во секторот II утврдена е појава на костури во три нивоа, а во квадрантот 297-во два нивоа (гроб 33 и 38). За разбирање на стратиграфскиот состав на некрополата, важно е да се подвлече дека гробот 38 го уништил каме-ННОТ ЅИД во јужниот дел на квадрантот 297 во секторот II. Во тоа ниво утврдени се 26 сохранувања, при што во еден случај двојно.
Поголем број костури се наоѓал непосредно в земја. Кај неколку (гроб 21, 27, 31, 35 и веројатно 48) сочувани се камења од гробна конструкција. Гроб 32 бил покриен со два рачни воденички камења (горени ute
Кај подобро сочуваните скелети е утврдена позицијата на раните. Кај гробот 29 десната рака е издолжена покрај телото, а левата над карлицата; кај гробовите 31, 34, 38, 47, 48, 49, 50 рацете се свиткани во лактите а шаките сложени на долниот дел на градите, или нешто погоре; кај гробот 30 десната рака е издолжена покрај телото, а левата свиткана во лактот со шаката на горниот дел на градите; кај гробот 39 левата рака е издолжена покрај телото, а десната свиткана во лактот со шаката на градите; кај гробот 32 двете раце свиткани се во лактите и вкрстени во іѕ sani дел на градите.
Во помал број случаи покрај костурите се пронајдени примероци од накит; во гробот 27 три прстени од бронза и две обетки од бронзена жица (веројатно од истиот гроб потекнува и еден друг прстен пронајден во неговата близина); во г гробот 33 две сребрени обетки со гроздести приврзоци; во гробот 35 обетка; во гробот 47 прстен со знак на крст, а кај главата на костурот во гробот 25 римска монета од крајот па I, односно почетокот на П век.
Прелиминарната анализа на најдените подвижни споменици во некрополата ги даде следните резултати. За обектите најдени во гро-Сот 33 со гроздест приврзок можеме да најдеме низа тински аналогии на великоморавските H јужнословенските локалитети. Од теренот на Белика Морава многу се блиски наодите од локалитетот Dolny Petr.7 Во Југославија меѓу најстарите пронајдени примероци одат наодите на Трил кај Сињ со монетите од византинскиот цар Константин V (741 —775).8 По наодите во Бјело Брдо, недалеку од Осјек, овој тип обетки вклучен е во составот на истоимената култура.9 Примероци од гроздестите обетки наоѓани се во Словенија,10 Бугарија,11 потоа во Грција на Коринт.12
Широката појава на овие обетки на споменатите терени главно, се врзуваат за времето IX—XI век. Најбројниот наод на накит од некрополата на локалитетот Градиште -- прстења, по својот типолошки Капир. Слични наоди имаме, исто така, од територијата на ср Македонија, од некрополата Демир Капија, од [ІХ—Х13 век.14
Врз основа на пронајдените предмети во гробовите можно е да се датира некрополата во X век, со допуштање на веројатност дека сохранувањето во неа се изведувало и во текот на XI век. Горе опишаните сохранувања биле сконцентрирани околу ѕидовите на црквата, а повеќе од нив се наоѓаа во нејзината внатрешност. Поаѓајќи од стратиграфскиот однос на поедини гробови, претпоставуваме дека оваа црква во времето на постанувањето на некрополата била веќе во урнатини.
Во текот на експлорацијата на квадрантите 279, 280, 296, 297, 298, 299 и 315 во дното на слојот II, во слојот III_u во горната делови на слојот [V откриени се фрагменти од камени зидови широки од 0,60 до 1,00 м. Камењата во квадрантот 280 и 290 биле поврзани са варов малтер. Утврдената ситуација од наведените фрагменти на ѕидови вклучувајќи ги и зидовите откриени во 1974 година во квадрантите 316,317 и 318, ни претставува остатоци од сакрална градба тип тробродна базилика со голема полукружна апсида на источната страна на централниот брод и нартекс на западната страна. На црквата И припаѓа и зидот што се продолжува од нартексот и кој би можел да биде остаток од портик. Должината на црквата, заедно со 5идовите, изнесува 16,70 Ма широчината, исто така заедно со 5идовите, 11,40 м. Пречникот на апсидата е 4,50 м. Должината на централниот брод изнесува 8,00 м, ширината 400 м, а широчината на бочните зидови 2,00 м, широчината на нартексот е околу 2,00 м. Од односот на тие мерки произлегува дека црквата била изградена, приближно спрема пропорциите | : 4: 2. Внатре во апсидата во квадрантите 280 и 199 во јужниот и источниот дел се откриени правоаголни опеки, слабо печени, со димензии: 0,50 “ 0,32 0,06 м. Опеките биле вградени една над друга, во три-четири реда ВО регуларна оддалеченост помеѓу себе од 17 до 20 cm. Опеките се оста-ТОК ОА под НАН служеле како негов потпирач.
Со времето на егзистенцијата на црквата врзан е и гробот 36 вкопан во централниот брод, во квадрантот 298 во секторот П. Всушност тоа е правоаголна гробница со димензии 2,30 X 1,00 * 1,00 м изградена од кршен камен, опеки малтер од вар. Гробницата од внатрешната страна била многу внимателно малтерисана. Отворот бил покријан со четири камени плочи, од кои три биле споени со малтер од вар а четвртата, на западната страна, со два отвори се покажуваат траги од симнување на малтерот. Очигледно дека таа плоча во подоцнежни времиња била померувана. Во близината на северозападниот агол се наоѓал доста добро обработан камен со трапезоидна форма со димензии 0,45 х 0,30 х 0,28 M, кој првобитно веројатно бил поставен во вертикална гозиција. Внатрешноста на гробот била исполнета со земја со кафејава боја во која се наоѓани ситни фрагменти од керамични садови, животински коски, како и два фрагменти од витражно стакло. На дното на гробницата откриени се три костури, при што дра од нив во регуларна позиција, со главите на запад (двоен гроб 36—a и 36--в). Двете раце свиткани во лактот и поставени на градите. Лобањите на костурите покажуваат траги на померување. Над долниот крај на костурот 36--а најдена е испупчена бронзена плочка со крст во средината (монета). Третиот не комплетен скелет (не е нумериран) се наоѓал во
југоисточниот агол. Најверојатно тоа се остатоци од постаро сохранување, уништени во моментот при поставувањето на подоцнежните покојници во гробницата.
Внатре во апсидата, во нејзиниот централен дел (квадрат 299 во секторот II) откриена е правоаголна подподна просторија со димензии: 1,37 х 1,00 х 1,78 м. Изградена е од кршен камен, опека и малтер од вар. Отворот бил прекриен со четири камени плочи дебели 0,10 м, кои меѓу себе биле споени со дебел слој од варов малтер. Ни една од плочите на покривачот не покажува траги на руинирање. Во горниот малтерисан АСА на комората, кај западниот и источниот ѕид, утврдено е и присуство на два отвори, поставени еден спроти друг, со димензии: 0,30 х 0,21 х 0,44 ми од х 0,11 х 0,46 mM. Отворите биле затворени со камења и малтер од вар. На височина од 1,00 м во комората утврдени
се траги од под од варов малтер. На таа длабочина се појавил слој земја со кафеава боја, кој го исполнувал остатокот на комората се до нејзиното дно. Во текот на нејзината експлоарација пронајдени се бројни фрагменти од железни окови со прилепени парчиња од дрво, како и бројни железни клинци разни по големина. Во југозападниот агол на комората во 5идот е утврдена присутност на железни окови поврзани со варов малтер. Во југоисточниот агол на просторијата пронајдена е мала ниша со широчина 0,55 м. На нејзиното дно се наоѓале два поголеми камења со 0,38 х 0,56 и 0,34 х 0,45 м.
Во светлоста на направената опсервација изгледа дека во долниот дел на комората, покрај јужниот зид се наоѓала дрвен ковчег со железни окови, кој бил широк приближно на внатрешната широчина од просторијата. Изгледа дека ковчегот е поставен во комората непосредно по нејзиното градење. Во моментот кога варовиот малтер уште не бил исушен.
Во слојот под долната подлога најдени се фрагменти рачно изработени од садови од керамика од VIII—VII в. пред нашата ера. Врз основа на сочуваноста на целината на комората тешко е да се одреди нејзината намена. Сепак, нејзиното поставување во централниот простор на апсидата, како и аналогиите со другите сакрални објекти, на пример во случајот Стоби, дозволува да се претпостави дека тој објект имал култна цел. Можно е дека во горниот дел кој е внимателно малтерисан, се наоѓале реликвии а во исто време во долниот дел е сместена ризница. Педантно затворената комора, по нејзиното испразнување, камените плочи чији спојници се залиени со варов малтер, покажува. дека тоа не е направено во моментот на катастрофа туку во мирни времиња.
Стратиграфската ситуација на црквата не наведува на заклучок дска таа е изградена во периодот пред постанувањето на II слој, односно пред почетокот на користењето на тој простор за некропола, која можеме прелиминарно да ја датираме во X—XI век. Во исто време црквата можела да биде изградена по оформување на IV слој, кој најверојатно е врзан за рановизантискиот период. Извесни опсервации не доведуваат до сознание дека долниот дел од слојот III постоел во моментот на подигањето на црквата, со други зборови речено, црквата е соградена во периодот меѓу оформувањето на долниот АСА на сло- „јот П и горниот дел на слојот III, но најверојатно е дека нејзината изградба е поврзана со горниот леа од слојот III.
Со периодот на егзистенцијата на црквата поврзана е опишаната гробница 36 и гроб 37. Последниот се наоѓа во квадрантот 315, во секторот II. За неговата изградба користен како северен ѕид е дел од ѕид зидан со камен и тула на постари градби. Површината на гробот с покриена со четири камени плочи. Димензиите на откриениот дел на гробот изнесувале: 1,90 X 1,30 м. Внатрешноста на гробната јама била исполнета со кафеавската земја во која се пронајдени ситни фрагменти од керамични садови, животински коски и парче од опека. На дното на гробот, на длабочина од 619.80 надморска височина (0,77 пониско од гробниот покрив) пронајдени се слабо сочувани делови од костур во позиција запад---исток. Од времето на егзистенцијата на црквата се и гробовите 15 и 16, откриени во 1974 година, покрај јужниот ѕид на црквата, во квадрантите 316 и 317, во секторот II. Сите овие гробови истовремени со црквата, биле опљачкани. Позицијата на гробниците, нивната солидна конструкција како и појавата на плачкањето, зборува дека во нив биле сохранувани претставници на повисоките општествени слоеви. Гробницата бр. 36 во централниот брод можела да припаѓа на фамилијата на ктиторот на црквата.
Врз основа на досегашните истражувања не се успеа подблиску да се одреди во какви околности црквата е уништена. Во близината нанејзините зидови имаме отсуство на траги од пожар. Присуствовото на интензивниот слој од градежен шут на просторот на црквата, ни ја дозволува претпоставката дека девастацијата на градбата била постепена. Отсуството во близината на црквата поголемо количество камен за зидање, кој можел да потекнува од зидовите на храмот, зборува лека истиот с користен во поранешните времиња за подигање на други објекти.
Со периодот од животот на црквата треба да се поврзи и камениот ѕид откриен во фрагмент (должина на деталот 2,10 м) во квадрантот 30, во секторот IV, со ориентација север--југ. Широчината на зидот е 0,80—0,90 м. Тој зид бил поставен на слој од варов малтер со четвртеста форма. Димензиите на површината од откриената малтерна плоча изнесувале: 2,20 5 1,30 м. На нејзиниот раб од западната страна најдени се вертикално поставени опеки. Под овој слој со дебелина 0,15 M се наоѓал слој од иситнета тула, а уште подолу слој од камења прекриен со кафеава земја. Таа конструкција го покривала слојот во кој од обете страни на зидот се појавиле ободи од питос од доцноримското или рановизантиското време и веројатно му служела како базен за течни или влажни материи. Фрагментарното откритие на споменатата конструкција не дозволува позлиско одредување на неговата функција. Прелиминарно можно е Аа се одреди неговата хронологија во рановизантискиот период.
Во поедини слоеви, покрај малиот број фрагменти од керамични садови, животински коски, пронајден е известен број изработки од печена земја и метал. Најголем број му припаѓа на керамичните тегови различни по големина и облици. Во близината на црквата пронајдени се неколку опеки по форма ромбоидни со различна големина, кои веројатно можат да потекнуваат од подот на црквата. Во релативно честите наоди припаѓаат и парчиња од стаклени садови, како и фрагменти од витражи.
Ни во еден од прекопаните квадранти во 1974 и 1975 год. не се дошло до здравица, што е сосема во склад со динамиката на реализацијата на проектот на ископувањата.
Врз основа на досегашните оцени на наодите во истражувањата 1974-1975 година можно е прелиминарно да се одреди следниот редослед на фазите на животот на просторот западно и северно од главната порта на тврдината. Најстарата фаза се поврзува за периодот на праисторијата. На нејзини траги наидовме во облик на фрагменти од керамични садови во квадрантот 299, во секторот II, во комората на апсидалниот простор. Во останатите квадрати дојдовме до нивото што е можно да се поврзи за доцно-римскиот период, односно за почетокот на рановизантискиот период. Со тоа ниво, всушност, треба да се поврзат сочуваните првобитни зидови на тврдината, како и АСА од нејзините обновени партии. Врз основа на утврдените интензивни слоеви од градежен шут, траги од пожар во долниот дел на истражениот стратиграфски профил во доцноримските и рановизантинските времиња тврдината подлегнала на голема девастација.
За помладиот период, можда за VI век, можат да се врзат остатоци од откриен базен во квадрантот 30, во секторот ГУ, како и современите остатоци од сидовите пронајдени во ископувањата во 1974 година во квадрантите 12 и 31 во секторот ТУ. Следната фаза на станување претставува остаток од комплекс на црквена градба, како и остатоци од градби откриени во квадрантот 30, во секторот IV. На следната фаза и припаѓат гробовите од X—XI век и јамите од XII евентуално сл XIII век во слојот II. За жал, недостигот на поголем број елементи за датирање го оневозможува поставувањето на попрецизна периодизација на хоризонтот на станување од VI до ХІІ/ХІІІ век.
Резултатите од истражувањата во 1974 и 1975 година ни дозволуваат зацврстување на перспективна програма за археолошки ископувања во наредните години.
Како една од примарните задачи во зацртаната повеќегодишна програма за ископувањата на локалитетот Градиште кај село Дебреmire се однесува на откривањето и археолошко-историското дешифрирање на раносредновековниот хоризонт на станување. Притоа посебно вииманисто ќе биде осебно посочено на потврдувањето на апсолутната хронологија на наодите; просторните системи на неподвижниструктура на населенисто во одредени времиња како ин промени на истите во изминатите политички услови. Многу важно прашање на истражувањата се однесува на распознавањето на взаемните односи на рановизантиските хоризонти со слоеви на словенска пенетрација. Во тој случај би требало во 1976 и 1977 година да се континуират ископувањата во источниот сектор во квадрантите, 311—314, 291—295, 277 —278 и 7—10. Покрај тоа би требало да се ориентираме кон центарот на кастелнот одјеки со ископувањата по линијата на квадрантите 322, 345, 391, 23, 46, 69, 92 и 115. Истражувањата би требало да се спроведат и кај западната порта од нејзините две страни.
Белешки
- Научниот прилог се однесува на археолошките ископувања извршени во 1975 година, од 8 септември до 4 октомври. ↩
- Никола Вулић, Споменик LXXI 150—151. ↩
- Бошко Бабиќ, Градиште, Дебреште, Прилеп -- Праисторијско, хеленистичко и средњевековно населе, рановизантијски кастелум, средњевековна црква и некропола, Археолошки преглед, 7, стр. 62-64; Бошко Бабиќ, Дебреште, Нова Македонија од 12 декември 1965 година, стр. 6, подлисток за култура, наука и уметност. ↩
- Заедничките истражувања на Народниот музеј во Прилеп и Институтот за историја на материјалната култура на Полската Академија на науките во Варшава произлегува од споразумот на овие установи подпишан во Варшава во јануар 1975 година. Со споразумот се предвидуваат заеднички истражувања на територијата на Полска и Македонија (локалитети во Македонија: Градиште кај селото Дебреште и Маркови кули над Прилеп). Од Полска страна за реализација на делот од договорот, кој се однесува на Македонија, одредени се како теренски сораководители на ископувањата на локалитетот Градиште Dr Jadwiga Rauhutowa а на локалитетот Маркови Кули Мог Rita Kozlovska. За раководител на истражувањата одреден е Бошко Бабиќ а за научен консултант академикот проф. Dr Witold Hensel, директор на Институтот за историја на материјалната култура па на науките во Варшава. И на Маркови Кули и на локалитетот Градиште ископувањата во 1975 година извршени се во текот на месец септември и октомври. Во нр Полска, во текот на месец јули 1975. година, ископувања се извршени на локалитетот во селото Franknova во близина на градчето Jezjorani во регио-рот на војводството OlStin во североисточна Полска. На локалитетот Franknova утврдени се траги од раносредновековна населба и ископувања на нејзе вршени веќе со години ги изведуваат соработници на Институтот за историја на материјалната култура во Варшава. Во ова, 1975. година на нејзе се обавени завршни истражувачки работи. Од полска страна со работите на ископувањата раковолеа Mgr Ivona Donbrovska во соработка со Мег Rita Kozlovska а од југословенската страна Бошко Бабиќ во соработка со Лилмана Кепеска и Гордана Фили- ↩
- Во врска со слојот I во пределот на главната порта на тврдината треба да се напомене да во пролета 1964 година за време на почетокот на изградбата на земјаната брана на самиот локалитет, извесна дебелина на оран земјен слој на ова место симнат с со булдожер. ↩
- Од истиот разлог како и во напред споменатата забелешка најдени се остатоци од зидови скоро на самата површина на земјата. ↩
- Bohuslav Choropovsky, Vyvoj a stav archeologickeho vyskumu doby Velkomoravskej, Slovenska archeologija, XIX—2, Bratislava, 1971, str. 587. ↩
- Ljubo Karaman, Iz kolijevke hrvatske proSlosti, Zagreb, 1930, str. 122, sl. 126. ↩
- Josip Brunšmid, Hrvatske sredovječne starine, Vjesnik Hrvatskog arheološkog društva, 1903—1904, str. 31—76; F. Ivaniček, Istraživanje nekropole ranog srednjeg veka u Bijelom Brdu, Ljetopis Jugoslavenske akademije znanosti i umjetnosti, Zagreb, 1945, 55, str. 111—144; Z. Vinski, Starohrvatske naušnice u Arheološkom ↩
- Josip KoroSec, Staroslovansko grobis¢ée па Ptujskem Gradu, Ljubljana, 1950, str. 64—67. ↩
- Božena Danielczyk, Wyroby z miedzi i jej stopów z wczesnośredniowiecznego | одлики w Styrmen, Slavia Antiqua, XVI, Warszawa—Poznan, 1970, str. ↩
- G. R. Dawidson, The Minor Objects, Corinth, XII, Princeton—New Jersej, 1952, str. 253; Mirjana Corovic-Lqubinkovié, Nalazi и Korintu islovenska arheologija X—XII veka, I Miedzinarodowy kongres archeologii slowianskiej, V, Wroctaw—Warsvawa—Krak6o, 1970, str. 454—455. ↩
- објекти и придружниот инвентар: општествената и економската str. и Tbid., str. 57—58. ↩
- Blaga Aleksova, Prosek—Demir Kapija, Dissertationes, 1, Beograd, 1966, ↩
Summary
The Archaeological Researches in the Site Gradište at the Village Debrešte
AT THE VILLAGE DEBRESTE
Bosko Babié — Prilep
Witold1 Hensel1 — Warsaw
Jadwiga Rauhutowa — Warsaw
The site Gradiste is situated at the road leading from Prilep to Ki¢evo not far from the village DebreSte. The first digging up of small extent in this site was carried out in 1928 by Nikola Vuli¢ on the surface of about three hectares. In 1964, when the earthworks connected with the building of the artificial lake were carried out, in the plan of which this site was included as well, the National Museum from Prilep organized larger researching works. During these excavations which lasted one month in 1964, the culture layers of the Bronze Age, Hallstatt, Hellenistic, Roman, early Byzantine and medieval period were stated. Since 1965 down to the present the excavations in this site have been carried out in smaller extent.
Since 1974, in accordance with the arrangement attained between the National Museum from Prilep and the Institute of the History of the Material Culture of the Polish Academy of Sciences in Warsaw, a team, formed of the members of these institutions, has been making the researches in the site GradiSte.
In 1974 and 1975 the excavations were carried out in the area inside the early Byzantine fortress up to the walls of the main gate including nine quadrants of 225 sq. m. in total.
The researched quadrants showed approximately the same stratigraphical system. In the first layer appeared humus, i.e. the levelled layer of earth. In this layer, in sector II, in quadrant 296 have been found the remains of the stone construction on the surface of earth. The second layer contained the remains of the necropolis and two pits. On the basis of the objects found in the filling of the pits they can be dated to the 12th or 13th century. The preserved graves of the necropolis have been ranged in rows with orientation north-east/south-west. A larger number of the skeletons was found in the earth itself. A number of the dead were laid in stone constructions, In few graves the jewelry was laid together with the dead. In the grave 27 were found three bronze rings and two ear-rings made of bronze wire; the grave 33 contained two silver ear-rings with cluster-like pendants; in the grave 35 there were ear-rings and in the grave 47 a ring with incised cross, while the grave 25 contained a Roman coin deriving from the end of the Ist or the beginning of the 2nd century A. D.
On the basis of the objects found in the graves we may date this necropolis to the 10th century. According to some indications we may2 assume that the dead were buried there in the course of the 11th century as well. During the researches in the quadrants 279, 280, 296, 297, 298, 299 and 315, at the bottom of the layer II, in the layer III and in the parts of the layer IV7 were found the remains of the walls made of broken stones and partly of lime mortar of a thickness of 0.60 to 1.00 m. The situation of the parts of the walls including the remains of the walls found during the excavations in 1974 in the quadrants 316, 317 and 318 show the base of a sacral building of the type of a three-aisle basilica with a big semicircular apse in the eastern and narthex in the western side. The complex of the church by all sions of the church together with walls: length 16.70 m, width 11.40 m, diameter of the apse 4.50 m.
To the time of the existence of the church should be linked the grave 36, dug in the central aisle. The grave is in fact a rectangular tomb of the size 2.30 x 1.00 x 1.00 m, made of broken stones, bricks and lime mortar. The inside of the tomb was carefully plastered. On the bottom of the tomb there were three skeletons. In view the position of the cover of stone plates, we can infer that the tomb was opened. Among the objects, found in the filling of the grave, should be mentioned two fragments of stained glass.
To the time of the existence of the church should be linked, aside the grave 36, the graves 15, 16 and 37 as well. All these graves are similar to the aforesaid grave 36, as far as the construction is concerned, and they were also plundered. In the central part of the apse was found an under-floor room, rectangular in from and of size 1.37 x 1.00 x 1.78 m. It was made of broken stones, bricks and lime mortar. The opening was covered by four stone plates 0.10 m thick. The junctures of the stone pes were covered with a thick layer of lime mortar. The chamber of this under-floor construction had two floors. The lower floor up to a height of 1.00 m was not plastered, while the upper floor had the surfaces carefully covered with lime mortar. This space probably had two functions: in the lower part there was a treasury, while in the upper part there were relics.
Under the church, which was probably built in the 6th century, were examined the layers with the remains of buildings and traces of fire from the late Roman and early Byzantine times. To this period can be linked the building of the fortress