Macedoniae acta archaeologica 2 (1976) · стр. 237–249
За старото рударство во Мариово
1. Археолошко рекогносцирање во атарот на селата Рожден, Мајдан и Ржаново
Планинската и шумовита висорамнина Мариово (Мориово) се протега на површина од 1390 км помеѓу Селечка Планина, Кожув и Ниџе Планина и претставува една мала обособена географска целина. Таа е и највисоката висорамнина на Македонија со средна надморска височина од 1000 м. На нејзиното подрачје доминираат високи и зарамнети КОСН со многу долови и само на некои места се појавуваат рамни полози. Малите долини се длабоки, реките и пороите богати со вода, а планините се залесени со букови и борови дрвја. Поголеми реки на мориовското подрачје се: Мајданска (или Рожденска) и Витолаишка Река.
Во геолошки поглед земјиштето на Мариово1 е составено од аргирошисти и варовити карпи, по чии раседи се среќаваат и млади еруптивни карпи. Еруптивни продукти се откриени западно и северно од Ниџе Планина а особено во атарот на селата Бешиште и Трново. На многу места по долината на Мајданска река се среќава серпентин со ситни зрна магнетит, а се евидентирани и палеозојски карпи со црвенкасти и зеленкасти филити (особено кај локал. Манкови ливади). Исто така во големи количества има бел варовик и слоеви од доломит, жици од пропилит, мермер и вулкански туф.
Во пишаните извори од римската епоха не се спомнува за експлоатација на рудното богатство во Мариово.2 Сосем ретко овој крај се спомнува и во средниот век.3 Дури кон крајот на XIX век по откривањето на рудните богатства кај с. Мајдан, станал значаен рударски центар на Македонија со експлоатацијата на антимон, арсен и реалгар, привлекувајќи го сега се повеќе вниманието на геолозите од рударските фирми на Западна Европа.
Меѓу првите познати геолози, кои се заинтересирале за рудното богатство на Мариово биле Р. Хофман,4 Шмид и Фулон. По опстојните анализи на рудата, Р. Хофман дошол до заклучок дека откриената руда кај с. Мајдан содржи многу антимон (до 60%) и арсен до 48%. Шмид, пак, во реалгарот на Мајдан открил редок минерал — лорендит, додека Фулон констатирал дека на ова подрачје постои и стиблит,5 серпентин, антимонова бленда и валентинит.6 Благодарејќи на
овие значајни откритија, во научниот свет стана јасно дека мариовскиот крај крие во своите пазуви непроцениливо рудно богатство. Воедно тоа с и најбогатото полиметално рудно подрачје на Македонија, каде што железото, никелот, хромот, антимонот доминират со огромни резерви. Овие откритија денес се повеќе ги потврдуваат геолошките теренски испитувања, што се вршени досега. Веќе се утврдени богати резерви од фероникел во атарот на с. Ржаново и во тек се поготовките за експлоатација на оваа важна суровина.
Инаку, во археолошки поглед подрачјето на Мариово до ден-денеска не е доволно проучено.7 Само делумни археолошки испитувања на некои локалитети вршеле Г. Кацаров, Б. Филов, Н. Вулиќ и И. Ми-
T. Кацаров е првиот научник, кој ги обиколил и прегледал археохошките локалитети околу с. Витолиште за време на I светска војна. Резултатите од теренското испитување тој ги објавил по војната.8 B. Филов соопштува за изведеното ископување во атарот на с. Витолиште и Полчиште.9 По нив Н. Вулиќ ги интерпретирал откриените споменици и наоѓалишта во објавената од него археолошка карта за Прилеп -- Битола.10 Подоцна, во 1966 година И. Микулчиќ ги обиколил и прегледал археолошките наоѓалишта на с. Витолиште и своите испитувања ги соопштил во сп. „Стремеж“.11
Во 1974 година и од наша страна е изведено археолошко рекогносцирање во атарот на неколку села на Мариово при што е фрлен акцент на проучувањето на старите рударски и металуршки објекти.12 За време на овие испитувања беа посетени и проучени терените во атарот на селата Рожден (со маалите Арничко и Прибош), Мајдан, Ржаново и Мрежичко (Кавадаречка општина) како и на селата Витолиште, Полчиште, Бешиште и Манастир (Прилепска општина).
Овие испитувања ни овозможија да ги доподниме со нови резултати нашите сознанија за рудното богатство на Мариово и особено за времето кога за прв пат започнала рударската експлоатација во него и во кои периоди таа продолжила. Благодарејќи на тоа можеме да добиеме појасна слика за рударската традиција и воопшто за историја на овој крај.
Во овој наш прилог се задржаваме само врз откриените рударски локалитети во атарот на селата Рожден, Мајдан и Ржаново,13 за кои даваме најосновни податоци за географската положба, за откриените остатоци од железна руда, за откриените и регистрирани стари рударски јами, за хемиската анализа на жѓурите, а кои резултати ги потврдуваме со повеќе археолошки наоди.
Рударството кај с. Рожден
Селото Рожден е разположено на источните падини на Попова Чука, на околу 1.000 м надморска висина и од него се открива широка панорама кон јужните гранични предели на Македонија. Тоа е едова подрачје е Мајданската (Рожденската), која ги собира своите води од планинските извори на Железна Врата, Камила, Кремен и Студена Вода, преку своите притоци Дабов Дол, Крушка Река, Казарик и Топли Дол. Во долниот тек таа е полноводна во сите сезони и носи име Блашчица.
Западно од с. Рожден се протега долга долина (фот. 1) оградена од север од ридовите Попова Чука и Горна Тумба, додека од јужна страна нејзината граница допира до Крушка Река. Долга е околу 5 км а нејзината ширина варира од 400 до 1.000 м. Оваа долина, која денес е во центарот на значајни археолошки и рударски испитувања, има опширни тераси на десетина места, кои благо се спуштаат кон коритото на Крушка Река. По овие тераси се зачувани многу траги од римска материјална култура и од старо рударство. Тие останале од една поголема селска населба од римско време, која била од разбиен тип, разпрсната по долината и која била рударска населба.
Оваа населба, какошто се потврди од археолошките наоди, има-Аа десетина заселоци (маади), а нејзиниот централен пункт се наоѓал кај месноста „Манастир--Извор“. Утврдениот пункт бил лоциран на високиот рид „Градиште“, кој се издига доминантно на источниот крај на долината, на левиот брег на Рожденска Река.
Населбата кај с. Рожден била рударска и нејзиното население во текот на римската епоха наоѓало егзистенција во рударската и металуршката дејност.15 Тоа се потврдува и од зачуваните остатоци железна руда, што се евидентирани на десетина места низ долината. Фактот што овие остатоци се среќаваат на местата каде што има траги од населбински живот јасно говори дека се работи за металуршка дејност од римско време, најверојатно од доцноримско време и рановизантискиот период.16 Инаку, не се пронајдени директни материјални докази (рударски алатки и опрема) со чија помош би можеле да дадеме попрецизно датирање на овие објекти. Како што ќе видиме подолу, жѓурите се распрснати по нивите и испомешани со остатоци од римска материјална култура (керамика, покривни керамиди, питоси).
Од друга страна и процентот на железото што останал во овие жѓури, откриен со хемиска анализа, се движи од 19—38%. Тоа пак говори за нивото на топилничарската техника, карактеристична за римско време. За разлика од тоа, во турскиот период!“ опаѓа, а што се гледа од големото количество железо (од 50—60%). Исклучок претставуваат жѓурите кај локалитетите Ѓоновица и Бинарка, кадешто е забележано 49—50% железо.
Инаку печките, во кои се топела железна руда, биле лоцирани на повеќе од десетина места во спомнатата долина. Овие пак претставувале не само рударски, туку и археолошки локалитети. Во прилог на тоа говори и фактот што кај нив се зачувани остатоци од римска материјална култура.
Во врска со старото рударство може убедливо да се каже дека с. Рожден е единствено место во Македонија, кое разполага со најголем број рударски локалитети и со најсовршена техника за топење на
Рударски локалитети во атарот на с. Рожден
1. Локалитетот „Дупкарови Колиби“. Тој се наоѓа во долината западно од с. Рожден оддалечен околу 5 км. Таму се регистрирани остатоци од мала населба од римско време (керамика и керамиди) и од топена железна руда. Според хемиската анализа, во жѓурите име Fe 27,79%; Pb 0,06%.
2. Докал. „Рулевец“ е оддалечен 4 км од селото во западен правец. На неговата површина изобилуваат остатоци од топена железна руда, а во неговата близина и остатоци од покривни керамиди од римско време. Хемиската анализа на жѓурите покажа резултат: Fe 36,53%; Pb 0059 и Си 00390.
3. Локалитетот „Ѓоновица“ се наоѓа источно од Рулевец (500 м.) и кај него има остатоци од римска материјална култура. Хемиската анализа потврди дека во жѓурите останало: Fe 50,78% и Pb 0,06% и само траги од бакар, цинк и антимон.
4. Локалитетот „Равниште“ (фот. 2) се наоѓа на 3 км западно од селото и кај него се евидентирани многу остатоци од една римска населба (керамика, покривни керамиди, темели од згради). Исто така овде се среќаваат големи количества жѓури, распрснати на поголема површина низ нивите. Хемиската анализа на жѓурите покажа дека во нив има: Fe 25,12%; Pb 0,03% и траги од други мстали.
5. Локалитетот „Манастир“ (фот. 3) се наоѓа на 2 км оддалечен од селото во западен правец и разположен на опширна тераса. Таму се зачувани многу остатоци од една голема селска населба, т.е. керамика, покривни керамиди и темели од згради. Евидентирана е и една некропола, која е разположена околу мала могила. И кај овој локалитет има многу остатоци од топена железна руда, во кои останале: Ее 20,13%; Pb 0,03%; Си 0,04% и траги од други метали.
6. Локалитетот „Извор“ лежи во непосредна близина до Манастир, кадешто се регистрирани многу остатоци од населба од римско време (керамика и покривни керамиди). И на ова место се зачувани многу остатоци од топена железна руда, во кои останале (според хемијската анализа): Fe 38,31% и Pb 0,03%.
7. Локалитетот „Плочите“ се наоѓа на јужната периферија на c. Рожден. На неговата површина има многу остатоци од римска населба (керамика и покривни керамиди) како и остатоци од топена железна руда. Според хемиската анализа на жѓурите, се потврди дека во нив останале уште: Fe 19,78%, Ре 0,01% и траги од други метали (цинк, антимон, бакар).
9. Локалитетот „Бинарка“ се наоѓа во самото село до училиштето каде што се забележани мал број остатоци од топена железна руда. Според хемиската анализа, во овие жѓури има: Fe 49,18% и Ре 0,08%. Во близина е пронајдена и една монета од турскиот период, кована за време на Абдул Меџит (1839—1861).
10. Локалитетот „Богоево Гумно“ се наоѓа на | км источно од селото до самиот селски пат, кој води кон местото Св. Петар. На ова место се зачувани во грамада остатоци од топена железна руда во кои има Fe 7,30% и траги од други метали.
12. Локалитетот „Долевица“ се наоѓа во планинскиот предел на заселокот Прибош, југоисточно од с. Рожден. Таму се регистрирани остатоци од римска материјална култура (керамика и покривни керамиди) и од топена железна руда. Според хемиската анализа, во овие жѓури има: Fe 18,54; Pb 0,08% и Cu 0,03%.
13. Локалитетот „Крушите“ се наоѓа во нивата на Р. Частојанов (Прибош), под ридот Смилот. Во близина има и стара рударска јама, која денес е полузатрупана, додека во нивата се регистрирани многу остатоци од топена железна руда. Хемиската анализа откри дека во овие жѓури има: Fe 27,44% и Pb 0,03%.
14. Локалитетот „Чакови Колиби“ (Прибош) се наоѓа западно од маалото Прибош, каде се регистрирани многу остатоци од топена жедина руда. Хемиската анализа покажа дека во нив има: Fe 358590 и
Рударството кај с. Majoan
Селото Мајдан или Алшар се наоѓа околу 4 км јужно од с. Рожден во долината на Мајданска Река. Кон крајот на XIX век ова село имало околу 40 семејства, кои се занимавале главно со рударство. Денес, кога рудниците не се во експлоатација, селото е раселено и во него останале уште 4 семејства, кои се занимаваат со сточарство.
Во околината на с. Мајдан се откриени следните локалитети:
1. Локалитетот „Богатица“ е оддалечен од с. Мајдан | км во јужен правец во пределот на Думчев Рид. На ова место се регистрирани остатоци од римска населба (керамика, керамиди и урнатини од згради) како и остатоци од топена железна руда. Исто така во близина се откриени 3 стари рударски јами, кои денес се полузатрупани. Според хемиската анализа, во овие жѓури има: Fe 40,62% и Pb 0,03%.
2. Локалитетот „Гоплик“ лежи северно од с. Мајдан, на левиот брег на Мајданска Река, оддалечен од селото околу 1,5 км. На ова место се откриени многу остатоци од топена железна руда, во кои има Fe 306595 и само траги од олово, бакар и антимон. На спротивната страна на реката, на една опширна тераса се забележани многу остатоци од римски керамиди и од римска грнчарија.
3. Локалитетот „Алшар“ (фот. 5) се наоѓа на 500 м јужно од селото Мајдан, на левиот брег на истоимената река. На ова место се регистрирани повеќе од 20-тина стари рударски јами од разни профили и форми, градени во стрмниот брег на реката. Овие јами се од турско време, но биле експлоатирани и за време на стара Југославија. Во некои од јамите се вршени геолошки испитувања и по ІІТ светска војна (фот. 5).
Инаку, во овој предел вршела експлоатација на антимон, арсен и реалгар познатата фирма Алатини-Сарнјо (Алшар). Во овој рударски центар работата започнала во 1891 година, односно во 1887, кога Осман Инает Ефенди од Солун добил концесија од турската влада за рок од 99 години врз земјиште од 3 км. Малку подоцна, во 1889 година, тој ѝ ја продал концесијата на фирмата Алатини и Сарнјо. Рударската работа во овие рудници продолжила со прекини до 1908 година, кога рудниците биле затворени. Одново тие биле активирани во текот на I светска војна од страна на Германците, кои ја продолжиле работата во нив до 1918 година.
Рударството кај с. Ржаново
Селото Ржаново е лоцирано високо на падините на Пештерски Камен, кои се издигаат помеѓу реките Казарик и Топли Дол. Во овој
планински предел, кај месноста ,„Сиви Кладенец“, до колибата на Jane Сакалиев, се откриени остатоци од топена железна руда како и фрагменти од римска керамика и покривни керамиди. Овие жѓури имаат хемиски состав: Fe 47,00% и Pb 0,01%.
Старата населба (со своите заселоци) западно од с. Рожден, за која стана збор погоре, е од доцноримско време и рановизантискиот период и била рударска населба. Во овој планински предел, кој е пасивен земјоделски реон, само рударската дејност може да осигури егзистенција на населението и делумно сточарството. Можно е на некои места во оваа долина (како кај Ѓоновица) да постоела рударска експлоатација уште во хеленистичко време но за тоа не разполагаме со сигурни податоци. Како што е познато, во некои некрополи во Јужна Македонија, особено во Битолско, се пронајдени железни предмети (земјоделски алатки, оружје и друго) од хеленистичко време. За нивната направа секако било употребено за материјал железо, кое било добивано од македонските рудници. Не се знае од кои места била добивана железната руда во ОКОАНната на с. Рожден, од која останале толку многу остатоци на повеќе мосста. Анкстираните лица од селото не знаат дека постоела рударска експлоатација во нивниот атар во текот на турското владеење. Не се зачувани и никакви месни легенди во врска со овие стари рударски работи. Геолошки испитувања не се вршени во атарот на с. Рожден и на локалитетите, кои ги посетивме, со исклучок на маалото Арничко, каде што во серпентинскиот масив била вршена експлоатација на хромова руда за време на стара Југославија. Ј. Цвијиќ, кој порано го посетил овој предел, споменува за хромова руда.
Најверојатно е дека старите рудници се наоѓале во пределот на Горна Тумба, Присој и Пошторид, односно во близина на спомнатата долина. Како што е познато и во римско време како и во средниот век топилниците биле лоцирани во близина на местата (рудници), од каде што била вадена рудата.
Во римско време употребената техника при топењето на железната руда во атарот на с. Рожден, иако била на повисоко ниво од таа во турскиот период, сепак не била многу усовршена. Со употребата на дрвениот јаглен за гориво металурзите не биле во можност да постигнат висока температура во печките, која била потребна за целосно топсьс на железната руда. И поради тоа во жѓурите останало големо количество железо.
Се поставува прашање — дали продолжила рударската експлоатација на железната руда во околината на с. Рожден во текот на сред-ННОТ век. Можеме со сигурност да кажеме дека рударската дејност не била обновена на ова подрачје. Не разполагаме со материјални докази (остатоци од средновековна култура) ниту со историски извори со кои би можеле да го поткрепиме постоењето на средновековна рударска дејност во атарот на с. Рожден. Во прилог на овој заклучок е и фактот што во топонимските називи во атарот на с. Рожден не се евидентирани карактеристичните имиња и етникони за средниот век: Саса, Шлегово, Штона и др., што се наложиле во други делови на Македонија (Кратово, Злетово, Дамјан) од саските рудари и металурзи.
Познатиот научник J. Цвијиќ, кој кон крајот на минатиот век го обиколил и испитал Балканскиот Полуостров и ни оставил драгоцени трудови за неговата географија и геологија, ги одбележал и остатоците на старата материјална култура околу с. Рожден. Тој не ги познавал овие остатоци, т.е. за времето од кое останале и погрешно ги сметал за остатоци од средновековни култури и оттаму заклучил дека овие остатоци од топена железна руда, што се среќават кај старите локалитети, се однесуваат до средниот век.19 Гледиштето на J. Цвијиќ подоцна го прифатил и И. Микулчиќ,20 кој навел дека во атарот на с. Рожден рударската дејност за експлоатација на антимоновата руда започнала во средниот век (ХІЈ—ХІІІ век), кога рудниците околу с. Витолиште биле исцрпени.
Што се однесува до видот на рудата, која била експлоатирана на локалитетите околу с. Рожден, како што се гледа и од хемиската анализа21 е железна и дека процентот на железото во жѓурите се движи од 19—50%. Оловото, бакарот се застапени со минимални проценти, помали од 1%, додека антимон, цинк има само траги што хемиската анализа не ги регистрира.
Врз основа на добиените податоци од теренот, на откриените остатоци од римска материјална култура, што се евидентирани на самите локалитети и на резултатите до извршената хемиска анализа на жѓурите, сметаме дека во текот на доцноримското време и во рановизантискиот период во атарот на с. Рожден, Мајдан и Ржаново се одвива-Аа обемна експлоатација на железна руда и дека ова село било еден од најглавните рударски центри на Македонија.
Белешки
- J. Цвијић, Основе за географију и геологију Македоније и Старе Србије Т. I, Београд 1906, стр. 320—325. ↩
- Во Codex Theodosianus I, 32, 5 (IV век) се говори за чиновници надзиратели на рудници, наречени procuratores metallorum, кои биле потчинети на главниот раководител на рудниците во Илирик, cornes metallorum per Illyricum. ↩
- Во првата грамота на Василије II (XI век) се споменува Мариово како центар на црковна сноврија во составот на Мгленската епископија. ↩
- R. Hoffman, Antimon-und Arsenerzberbau Allcharin Macedonien, Oesterr. Zeitschrift für Bergund Huttenwesen XXXIX, Wien 1891. ↩
- Види J. Цвијић, н. д., стр. 326. ↩
- Види J. Цвијић, н. д., стр. 326. ↩
- Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје 1957, стр. 209. ↩
- G. Kazarow, Inscriptiones et antiquites de la Macedoine occidentale, Bul. de coresp. hellenique 47 (1923), 225 i dr. ↩
- Б. Филов, Известия на Археол. дружество бр. VII, София 1921, стр. 133. ↩
- K. Мице, Archaéol. Karte, Blatt Bitoly — Prilep, Beograd 1939, 48, 49. ↩
- И. Микулчиќ, Старо рударство кај Витолиште, сп. Crpemex кн. 7, Прилеп 1967, стр. 45—53. ↩
- Теренската акција беше финансирана од Фондот за рударски испитувата на ср Македонија. Ја користиме оваа прилика од ова место да ја искажеме нашата благодарност до дирекцијата на овој фонд за финансиската помош. ↩
- "Резултатите од испитувањата во атарот на Витолиште, Полчиште и Бешиште ќе ги објавиме во другиот прилог. ↩
- Локалитетот „Р“чеви Племни“ (заселок Арничко) се наоѓа во долината на Дабов АОА, на околу 4 км северозападно од Рожден. Таму се зачувани остатоци од една мала населба од римско време (керамика, покривни керамиди и питоси, некропола). Исто така се пронајдени и остатоци од топена железна руда во кои има: Fe 31,54% и траги од други метали. Од еден извештај на инж. Дубојалски!“17 од 1922 година се дознава дека во серпентинскиот масив на Арничко во текот на 1 светска војна Германците вршеле експлоатација на хромова руда. Дневно тогаш била вадена до 50 тони руда а од мајданските рудници до 35 т. арсенова руда. ↩
- Хемиската анализа на примероци жѓури од локалитетите околу2 с. Рожден @ извршена во лабораторијата на рудниците Злетово--Саса, Пробиштип. hemical analyses of the dross confirm that iron ore is in question which was most probably taken at the foot of the Popovska Cuka, Prisoj and Gornja Tumba. The percentage of iron in this dross ranges from 19 to 50? with minimal quantity of lead (to 0,08%/o) and copper (0,049/9). This dross did not contain either antimony, zine, or silver. ↩
- Taking into consideration the data resulting from the field researches, froin the dug up remains of the Roman material culture and from the results of the chemical analyses, we consider that in the course of the late Roman and early Byzantine period extensive extraction of iron ore took place in the area of the village RoZden, Majdan and Rzanovo, and that these villages were one of the most important mining centers in Macedonia. ↩
- Вакви рударски населби се регистрирании кај Пехчево (лок. Раковец), и кај с. Дамјан (лок. Кремен и Врчва). Види A. Керамидчиев, Римско рударство во Источна Македонија, Гласник на ини xu. I, Скопје 1974, стр. 126—131. ↩
- А. Керамидчиев, н. д., стр. 128. Според хемиската анализа на жѓурите од 6 топилници на железна руда во Кривопаланечко, кои се однесуваат до турскиот исериод (XVII—XVIII век) останал поголем процент железо, кое се движи од ↩
- Архив на Геолошкиот завод, Скопје. ↩
- И. Микулчиќ, н. д., стр. 53. ↩
- Според J. Заимов (Проучване на жителските имена на Балканският полустров, София 1967, стр. 166—167) името на с. Рожден потекнува од *Рождане, ↩
Summary
Old Mining in Morihovo
The archaeological researches in Morihovo in 1974 (the area of the villages RoZden, Majdan and Rzanovo) enabled the finding and registering of 17 archaeological sites, which abound in the remains of Roman material culture (ceramic ware, tiles, pithoses), Beside that in the same sites, or in their immediate vicinity, have survived the remains of smelted iron ore which, strewed on a larger or smaller surface, are mixed with sherds and building material deriving from the older settlements.
The registered sites in the valley westward of the village RoZden were vitally linked to the big peasant settlement, the hamlets of which were situated on the terraces above the river Ruska Reka while the central point was located in the middle of the valley at the place called Manastir—Izvor. This settlement was protected by a fortress situated on the high hill Gradiste, which raises on the left side of the river RoZdenska Reka. There have been preserved the parts of the bulwark, the ruins of the buildings, as well as a good deal of Roman ceramic ware and roof tiles.
The settlement at the village RoZden is a settlement of miners who found the source for their living through the work in rich iron mines. Although written sources and direct material proofs (miners tools and equipment) are not available, the archaeological material deriving from the settlement obviously proves that it was oleaely connected with the working of mines.