Macedoniae acta archaeologica 2 (1976) · стр. 219–235

Нови археолошки наоди на локалитетите „Козлук“, „Габавци“ и „Св. Еразмо“

Спроведувајќи го заштитниот режим службата на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј Охрид, со геодетската служба на градежното претпријатие „Гранит“ во месец јануари 1974 година изврши одбележување на осовината на делот од западната магистрала Кичево--Охрид, на просторот од Св. Еразмо до Коселска река, при што се констатира дека трасата поминува преку или покрај неколку регистрирани археолошки локалитети: ,„Козлук“, „Габавци“, „Св. Еразмо“. Врз основа на археолошкиот материјал и податоците -- искажувањата од сопствениците на нивите или работниците кои работеле на нив наведените локалитети претставуваат некрополи, поединечни објекти или уште ненидетификувани видови на населби.

Од месец мај заклучно со јуни, на трите спомснати локалитети се извршија заштитни испитувања со дупчење и сондажни испитувања. „Габавци“ и „Св. Еразмо“. Врз основа на археолошкиот материјал и рата и Народен музеј Охрид со својата стручна служба!1 и сопствена оператива, а финансираше Републичкиот фонд за патишта Скопје.

Локалитетот „Козлук“

Месноста „Козлук“ се наоѓа на првиот километар Охрид — Струга северно 500 м, југоисточно од брдото „Патерица“. Нашиот локалитет се протега во аголот што го образуваат трасата од пругата Охрид Кичево (сега колски пат) брдото ,„Патерица“ и Коселската река. Овој простор припаѓа на претпријатието „Градинар“ и е заседен со ОВОштарник. На овој локалитет се откриени остатоци од зидови и под ОД мозаик откриени од диви копачи во стара Југославија и при земјаните работи на овој простор.

Како трасата поминува на јужниот дел од овој локалитет со цел да се констатира протегањето на објектот с према југ -- откријат неговите јужни граници во должина од 100 м во правец исток-запад на просторот што го зафаќа трасата се извршија 28 дупчења со просечна длабочина од 0,60—2,40 м со кои се одржи стратиграфијата на јужниот дела од локалитетот. На оние места каде со дупчењата се дојде до културен хоризонт се поставија 14 сонди и раскопаа 327,00 м³. Се открија остатоци од зидови зидани од кршен камен и тули (користени како либажен слој), со варов малтер. Дебелината на зидовите изнесува од 0,60--0,85 м. Се протегаат ов правците север-југ и исток-запад и припаѓаат на еден монументален објект со засега се уште нејасна припадност, од кого се доби целина за една правоагалона долга просторија со правец cenep—југ и апсида на јужната страна. Подот од оваа просторија е патосан со мозаик кој се наоѓа на 2,30 м од нивото на зачуваноста на западниот зид. Мозаикот е работен со ситни коцкици 0,5 х 0,5 см на мозаична подлога од оросан со претстава на геометриски мотив — вкрстеноо поставени ромбови.

Не бевме во можност да откриеме погелем дел од мозаичната поврвина, како и да дојдеме на ниво од под во други простории од овој објект, бидејќи на кота на 2,15 м од нивото на земјата наидовме на вода. Овој непредвиден момент обуслови промена на нашата работна концепција на овој локалитет. Затоа работите се сконцентрираа само на откривање на зидовите — нивните горни сочувани површини следејќи го нивното протегање само према југ и југозапад.

На основа целосно испитување на овој простор можеме да го кажеме следното: Сите откриени зидови ѕидани се квалитетно и доста се цврсти -- компактни. Припаѓаат на еден објект кој се протега према северо-исток, доста монументален но сеуште со нејасна припадност. Дали претставува сакрална градба, вила или терми останува отворено прашање се до превземањето на систематско археолошко ископување, после претходното решавање на проблемот за отстранување на водата (преку канал или поголеми дупки, како и регулирање на коритото со прокопување од Коселска река).

Локалитет „Габавци“

Месноста „Габавци“ се наоѓа на третиот километар Охрид Струга, северно 800 м помеѓу брегот — месносота „Чекштина“ од источната страна и брдото Св. Еразмо од западна страна. На, и јужно од сегашното стрелиште од јна.

На овој простор се извршија 17 дупчења со просечна длабочина од 1,50 до 2,70 м со кои на два пункта се открија културни хоризонти (интезивно присуство на фрагментирани тули и керамиди местимично горетина како и хоризонт на камен). Се поставија 5 сонди и раскопа простор од 54,00 ма.

На просторот каде со дупчењата се најде на хоризонт камен, со сондажното испитување се констатира да се работи за хоризонт на камен со местимично присуство на фрагментирани тули и керамиди, настанат при наносите на бучарските води на кое е подлежен овој простор од северна страна. На просторот каде со дупчењата се наиде на хоризонти со интезивно присуство на фрагментирани тули и керами-АН, местимично горетина како и хоризонт на камен се поставија 3 сонди и открија остатоци од зидови зидани од кршен камен, фрагментирани тули и кал како и под од камени плочи. За посебно обележување од наодите се монетите кои ги има од Нерон до Консатини, како H фрагментите од садова керамика од касноримскиот период.

Сето ова како и податоците добиени од рекогносцирањето на овој простор на кој североисточно и северозападно од нашиов наод, на самата површина од обработливите ниви, лозја и овоштарници присуството на фрагменти од тули садова керамика како и кршен камен е интезивно, зборува за постоење на населба во правец југоисток---северозапад, која секако има врска со градината на брдото Св. Еразмо кое благо се издига од северозападната страна на овој локалитет.

Секако да со пообемните археолошки испитувања на овој локалитет ке се добие јасна слика за неговата престава и поврзаност со објектите — локалитетите во неговата непосредна близина.

Локалитет „Св. Еразмо“

Месноста Св. Еразмо се наоѓа од десната страна на патот Охрид на петтиот километар од Охрид. Тоа е брдото кое стрмно се издига покрај езерото и рамниот простор јужно од него. Во науката овој локалитет е познат по градината населбата на врвот од брдото и двете цркви поставени во самите стени посветени на Св. Еразмо.

Градината --- населбата со монументални зидови (киклопски ЅНАО-ВИ — ОД правоаголни и четвртести големи камени блокови суво зидани), на самиот врв од брдото стана мошне интересна и за неа пројавија интерес повеќе учени, давајќи свои мислења и претпоставки по откривањето на некрополата --- богатите гробови во Требенишко — Гореничкиот регион2 2. Во 1930—32 г. проф. Вилхелм Унверзакт, со Реиuiputc, Кеаер и Миодраг Грбиќ, врши археолошки испитувања на Ор-АОТО. Се открија остатоци од хеленистичко време 5идина суво зидана од обработени камени блокови како и остатоци од објекти3 3.

Други учени претпоставуваат дека оваа градина е градот Лихнид и дека таа се спротивставила и одупрела на насздата — опсадата од готите во петтиот век.4

Од двете цркви (пештерната XIII век и еднобродната прилепена на степите X!X век) пештерната црква со извонредниот фреско живопис завзема посебно место во изучувањето на пештерните цркви, а посебно фрескоживоцисот од XIII Вех.

Сочуваната традиција кај населеноето од овој регион, масовната посета на денот од патрониот празник — (сеуште присатниот култ кон Св. Еразмо) е доста интересен елемент -- момент, кој упатува на подетално испитување на овој локалитет.

На 200 м југоисточно од црквите се протега имањето на Китрозоeu. На овој простор поминува колски пат и трасата од старата пруга Охрид--Кичево (са. 1). Во 1966 година на необработениот простор сопственост на Гоше Китроз, кој се граничи од источната страна со неговото лозје, од се-BepHata со брдото, од западната со некогашните црквени лозја а од јужната со КОАСКНОТ пат и трасата од старата пруга Охрид--Кичево, кој косо се спушта од север спрема југ, сопственикот вршеше раскопување и транспортирање на земјата со цел да се здобие со оранжерија. При земјаните работи наиде на грбови со гробни прилози (бронзен накит и керамички садови), кон биле растурениа материјалот делумно собран. Покрај гробовите се открија остатоци од архитектура —- зидови од кршен камен и варов малтер малтерисани од внатрешната страна.

Са. 1. Општ поглед на локалитетот пред ископувањето
Сл. 1. Општ поглед на локалитетот пред ископувањето

дознавајќи за наодот веднаш се интервенира, стопираа понтамошните работи, прибра сочуваниот материјал, наодите од гробовите (бронзени торквеси, лачни фибули, лунуласти наушници, привесци, мониста од гердан и разни фрагменти од бронзен накит) сл. 2и 3.

Овој накит е мошне интересен откриен засега на територијата од Албанија и Црна Гора5 припаѓа на раното средновековие.

Од сопственикот Гоше Китроз, како и од постарите работници на овој простор -- регион -- локалитет дознавме дека при градењето на пругата Охрид--Кичево се наишло на остатоци од зидови на кои се поставила пругата а на просторот јужно од пругата во нивата на Гоше Китроз при изравнување на истата доста зидови биле разрушени од незнаење што тие претставуваат. При ова нивелирање биле откриени доста гробови (од големи керамиди —_ тегули, камењани плочи). На ОДделени места на самата јужна косина од пругата видливи се остатоци од симнати ѕидови КОН се протегаат према север.

На основа се горе изнесеното може да се заклучи да на овој локалитет постои античка градба над која се протега раносредновековна некропола.

Илустрација, стр. 223
Илустрација, стр. 223
Илустрација, стр. 223

Са, 2. Наоди од гробовите

Поради тоа што трасата поминува над овој локалитет се пристапи кон сондажно испитување на истиот. Се поставија 14 сонди и раскопа 192,00 м6 со кои се откри следното: остатоци од архитектура со подови од мозаик и тули на основа што се констатира дека станува збор за сакрален објект — ранохристијанска трикорабна базилика; гробови со различни правци на протегање поставени над и на самиот мозаик како и на самите зидови кои се всушност остатоци од некрополата, како и на архитектура од кршен камен и кад под од набиена глина и јами со сеуште нејасна припадност поради делумното откривање во крајниот западен АСА од локалитетот — западно од сакралниот објект 6.

Трасата према предвидениот план преминуваше преку трите локалитети наоди, што обуслови обавезното дислоцирање на истата. За таа цел испитувањата се усмерија кон пронаоѓањето на јужните граници од објектите и просторот јужно од нив, со цел трасата да се постави на слободен простор.

Са. 3. Наоди од гробовите
Сл. 3. Наоди од гробовите

Тема на нашето понатамошно излагање ќе биде ранохристијанската базилика во Св. Еразмо каде што се вршеа систематски археолошки откривања по откривањето -- добивањето на јужните граници од објектот, испитувањето на просторот јужно од нив кој е слободен и поставувајќи — одредувајќи е трасата на 7 м јужно од јужната граница на објектот.

Сл. 4. Фрагмент од живописаната цокла во северниот кораб Сл. 5. Фрагмент од живописаната цокла во нартексот Сл. 5. Фрагмент од живописаната цокла во нартексот
Сл. 4. Фрагмент од живописаната цокла во северниот кораб Сл. 5. Фрагмент од живописаната цокла во нартексот Сл. 5. Фрагмент од живописаната цокла во нартексот
Са. 6. Северни дел од атриумот Са. 7. Југозападниот агол од атриумот Са. 7. Југозападниот агол од атриумот
Сл. 6. Северни дел од атриумот Са. 7. Југозападниот агол од атриумот Са. 7. Југозападниот агол од атриумот

Се работеше од половината на август заклучно со половината на декември за кое време делумно се откри трикорабна ранохристијанска базилика со простран атриум, нартекс, северна и јужна пастофорија, крстилница со подови од мозаик и тули. Не е откриен олтарниот простор, со источните делови на трите караби, мал дел од јужната половина на нартексот средишниот дел од атриумот, просторот западно од него како и просторот околу самиот објект (план 1).

Ние на ова место не сме во состојба да навлегуваме во детални описи на архитектурата со класифицирање на фазите на градбите и давање конечни димензии на просториите, како и на детално опишување на просториите, на украсните мозаични килими, заради некомплетното откривање на објектот и нецелосното исчистување на мозаиците од скрамата кое беше спречено од бројните рано средновековни гробови откриени над нивото на подовите, на самите подови укопани во нив и во архитектурата, како и од бројните фрагменти на камена пластика. Затоа овој труд е една врста извештај за извршените работи во 1974 година на овој објект.

Откриената должина на објектот изнесува 42 м а ширината 26,60 м. Објектот е релативно добро сочуван. 5идан е од кршен камен. тули, на лаковите бигор, со варов и хоросанов малтер. Од внатрешната страна омалтерисан е со фреско малтер кој е живописан. На северлиот ѕид од северниот кораб сочувани се фрагменти од цоклата на која била исликана геометриска и растителна орнаментика со црна и црвена боја сл. 4 и остатоци од цоклата на западниот ѕид од нартексот исликан геометриски мотив со зелена, црна и црвена боја (сл. 5).

Дебелината на зидовите изнесува од 0,32--0,85 м.

Од пространиот атриум се откри северениот и јужниот дел. На северниот дел од атриумот се открија 3 простории од исток према запад со влезови од јужната страна а меѓусебе поврзани со влезови кои се покасно затворени — созидани. Во североисточниот агол од втората просторија прилепени се два зида 0,32—0,34 м кои образуваат просторија со димензии 1,25 х. 1,25 омалтерисана од внатрешната страна со водоотпорен малтер — хоросан и со канал од западната страна. На овој простор присутни се три интервенции на градење во различно време,

план 1, (са. 6).

Од овој дел на атриумот се откри и североисточниот дел од северниот ходник — трем и крајниот источен пиластер и СТОАО од северниот стилобат на тремот. (пл. 1).

На јужниот дел од атриумот кој е доста уништен (за време споменатото нивелирање на нивата) се открија негативите на уништените зидови со поомош на кои, со конечното детално расчистување на овој простор ќе може да се добие целосна слика за просториите од овој дел на атриумот (сл. 7).

Исто така се откри и јужниот коридор — трем и јужниот стилобат (со три столба и двата крајни пиластри — источен и западен)

Од атриумот преку два влеза, северен и јужен од кои целосно © откриен северниот со димензии 1,54 м поплочен со профилирана мер-

Са. 8. Крсталнијата и јужната пастофорија Сл. 9. Мозаичниот килим во нартексот и северната пастофорија Сл. 9. Мозаичниот килим во нартексот и северната пастофорија
Сл. 8. Крсталнијата и јужната пастофорија Сл. 9. Мозаичниот килим во нартексот и северната пастофорија Сл. 9. Мозаичниот килим во нартексот и северната пастофорија
Илустрација, стр. 229

мерна плоча користена како сполија се влегува во нартексот кој е долг 14,80 м а широк 3,70 м. Нартексот од северната и јужната страна е поврзан со две простории — северна пастофорија (преку влез широк 1,27 м и јужна пастофорија (преку влез широк 1,25 м). Источно од јужната пастофорија се протега крстилницата, поврзани со скалест влез широк 1,25 м. Во средината на крстилницата се наоѓа кружна писцина во која се влегувало преку скали од кои се сочувани остатоци од источната и западната страна, омалтерисана со водоотпорен малтер -- хоросан од внатрешната страна (план 1, сл. 8).

Од нартексот преку три влеза се влегува во трите кораба и тоа: северниот 1,25 м поплочен со обична сива варова плоча; централниот 2,60 м поплочен со обработена мермерна плоча; јужниот поплочен со обработена мермерна плоча кој не е откриен целосно (план I). Корабите меѓусебно се одвоени со јужен и северен стилобат. Ширинат-а на стилобатот изнесува 0,75 м со: пет откриени столбови на северниот а два на јужниот. Столбовите се зидани од оросанов малтер и тули. ОА страна на централниот кораб на северниот и јужен стилобат, припоен с ѕид од кршен камен и варов малтер 0,32 м широк (план I).

Од; 12: Остатоци од камената пластика во средишниот кораб
Од; 12: Остатоци од камената пластика во средишниот кораб

Подовите на нартексот северната и јужната пастофорија како и централниот кораб се покриени со мозаичен килим со геометриски, растителни птичји, рибји и зооморфни — животински мотиви (cA. 9 п 10).

Мозаичниот килим е релативно добро сочуван со делумни оштетувања за време подоцнешната употреба -- интервенции на овој простор. На самиот мозаик има скрама од варовик која е доста цврста и компактна настаната од составот на земјиштето, шутот, варовиот малтер, фрагментите од тули и керамиди и наѕлеоците од ситен чакал и црвена земја (сл. 9 и 10).

Одделни фрагменти од мозаичниот килим се исчистија од скрамата што беше достатно да се констатира и сознае богатството на мотивите, колоритот раскошноста на приказаните геометриски мотиви и висината на уметничката работа. Навлегувајќи во ситни детали често пратени со чист реализам а ретко шематски приказани, уметникот како да се плашел од празниот простор, исполнил секој слободен простор во медалјоните со геометриски и растителни мотиви давајќи им седна врста трета димензија — перспектива. Интересно е да се напомене да третманот на приказаните мозаични мотиви од овој објект како и колоритноста се нешто ново во комплексот на досега откриените ранохристијански објекти, во охридскиот базен (сл. 11 и 10).

Са. 13. Откриени гробови на самиот објект
Сл. 13. Откриени гробови на самиот објект

Подовите во северниот и јужен кораб како и крстилницата се покриени со тули на подлога од варов малтер. Тулите се поставени во наизменични редови хоризонтално и вертикално во северниот и јуж-ННОТ кораб, додека во крстилницата вертикално и хоризонтално се поставени по пет реда тули.

При раскопувањето --- откривање на објектот се открија мноштво фрагменти од камена пластика и тоа: мермерни столбови, капители со растителна орнаментика и пластично прикажани крстови; парапетни плочи со растителна и геометриска орнаментика како и пластично приказани крстови профилирани довратници и надвратници, мноштво мермерни плочи, преку кои сознаваме за богатата раскошна декорација на овој објект со мермерна пластика (план II, са. 12).

Ние веќе спомнавме за мнозинството откриени гробови над нивото од подовите, на самите подови, плитко и длабоко укопнаи под нивото на подовите, укопани во самата архитектура и надвор од границите од објектот (план II, сл. 13, 8, 10, 12).

Определно правило во ориентацијата при сохранувањето нема. Сохранувано е во правците: запад--исток; југозапад--североисток, северозапад--југоисток и север--југ. Присатни се неколку начини на сохранување гробни архитектури: покојникот е поставен на земја и оиричен со вертикално поставени камења;

— укопани правоаголни дупки на подовите и зидовите оивичени со еден до два реда наредени камења.

— костури кои лежат без гробна архитектура на самиот мозаик

— плитко укопана правоаголна дупка на самиот мозаик

— длабоко укопана правогалона дупка под нивото на мозаикот исполнета со земја на горниот дел во висина на подотот оивичена местимично со вертикално поставени камења и фрагментирани тули

-- длабоко укопана правоаголна дупка укопана под нивото на мозаикот покриена со камени плочи.

Покрај наведените гробни целини откриени се гробови со делум-На гробна архитектура — местимично вертикално поставени камења и фрагментарно сочувани костури. Се открија и гробови -- костури кои се поставени еден на друг.

Посебно за одбележување е што на две места се наиде на групации од растурени човечки коски.

Врз основа на Н3НСССННТе податоци за оваа некропола со сигурност може да се каже дека на овој простор — некропола е сохранувано во подолг временски интервал при што доаѓало до растурање и оштетување на поодделни гробни целини и костури.

Костурите лежат на плеќи со различно поставени раце: испружени покрај телото, поставени над карлиците, прекрстени под градниот кош, една испружена друга свиена и поставена на градите, претежно со испружени и споени нозе а ретко со испружени малку раширени нозе или свиени во колениците.

Во сите гробови нема гробни прилози. Од гробните прилози се открија бронзен накит (торквеси, лачни фибули, лунуласти наушници, прстени, гердани од стаклена паста, како и земајни садови — грнчиња со рамно дно и косо засечени венци грубо обработени од осредно прочистена земја, осредно печени со црвенкаста и црна фактура делумно орнаментирани со паралелни брановидни линии како и земјан сад во

Са. 14. и 15. Наоди од гробовите
Сл. 14. и 15. Наоди од гробовите

облик на амфора со рамно дно висок и профилиран врат благо свиен, прстенест венец и две паралелно поставени држалки кои одат од средината на вратот до стомакот на садот изжлебани, кои жлебови продолжуваат во концентрични кругови на стомакот од садот. Садот е изработен од добро прочистена земја добро е печен и е со црвенкаста фактура. (са. 14 и 15).

Бронзениот накит е идентичен со прибраниот материјал од растурените гробови од 1966 година од овој простор.

Оваа некропола со извонредните наоди -- гробните прилози е драгоцен материјал за изучувањето на раното средновековие на овој регион, период сеуште недоволно испитан.

Со целосното откривање на оваа ранохристијанска базилика богатиот фонд на ранохристијански објекти на овој регион ќе се здобие со уште еден монументален објект фрлајќи нова спетлина во изучувањето на христијанизацијата духовниот и културниот живот во АМХ-HHACKHOT регион.

Илустрација, стр. 236
Илустрација, стр. 237
Илустрација, стр. 237

Белешки

  1. Екипата ја сочинуваа археолозите: Владо Маленко, Елена Чипан, Нада Котларова. Инг. арх. Тодор Паскали, фотографот-конзерватор и препаратор Петар Алчев, конзерватор-графичар Георги Крстески, Слаѓана Стрезова, приправник по историја на уметност и Паско Кузманоски, апсолвент по археологија. Со работите раководеше археологот-конзерватор Владо Маленко. ↩
  2. Bogdan Filov, Die arhaische Nekropole von Trebenište, Leipzig—Berlin 1927. Никола Вулић, Један нов гроб код Требеништа, гснд 11, Скопје 1932. ↩
  3. W. Unverzagt, Die Burganalage über dem Kloster Sv. Erazmo am Ohrida — See, Germania 32, 1954. ↩
  4. Д-р Петар Лисичар, Легенда о Кадму и вза Лихнида са Егејом и Јадраном, Жива антика III, 1953. ↩
  5. Kalaja Dalmaces, Krue, Dikomani, Miele — kaj Vir Pazar. ↩
  6. На овие две сонди работеше археологот Елена Чипан. ↩

Summary

New Archaeological Finds in the Sites Kozluk, Gabavci and Sv. Erazmo

During the protecting works the service of the Institute for the Protection of Monuments of Culture and of the National Museum in Ohrid, as well as the geodetic service of the firm Granit, marked in January 1974 the shaft in the part of the west highway Kiéevo—Ohrid, in the area from Sv. Erazmo to the river Koselska Reka and on that occasion they stated that the track passes through or by the side of few registered archaeological sites: Kozluk, Gabavci and Sv. Erazmo.

From May НИ including July the protecting excavations and sondages were completed in these three sites, so that the following status was ascertained: — In the site Gabavci the ground of 54 cu. m was turned up. On that occasion the remains of profane architecture, the walls of stone and fragmented bricks with plaster, floor of stone plates and a good deal of sherds, bronze coins deriving from the Roman period, as well as the medieval graves were found.

-— In the site Sv. Erazmo the ground of 192 cu. m was turned up on which occasion an object, an early Christian basilica with the floors of mosaic and bricks, as well as an early medieval necropolis in the space of the basilica and around it were found.

Since the track passed through all three sites, it had to be dislocated to the south from the southern boundaries of the uncovered objets.

The theme of this work is the early Christian basilica at Sv. Erazmo, where the systematic archaeological researches started.

The site, the area at Sv. Erazmo, is situated at the fifth kilometer on the right side of the road Ohrid — Struga. This is a hill which steeply raises by the side of the lake known in the literature for the stronghold, the cyclopean walls on the very hill, and two churches in and on the very rocks, dedicated to St. Erasmus.

During the earthworks on the levelled plateau south of the hill were found graves with grave goods (torques, fibules, necklaces, ear-rings and ceramic ware) which belong to the early medieval period. These finds resulted in archaeological researches in this area.

After the sondage researches and ascertaining, what would the object represent, the systematic excavations started, during which a three-aisle early-Christian basilica with a large atrium, narthex, north and south chapel, baptistry and the remains of other rooms was found.

The object is rather well preserved and the remains of mortar show that it was frescoed with geometric and floral ornaments.

The floors of the north and south chapel, as well as the central aisle were paved with mosaics of geometric and floral motifs, with birds, fish, figures and zoomorphic motifs, while the floors of the north and south aisle and baptistry were paved with bricks set on mortar in alternately horizontal and vertical rows.

The architecture of the object shows that there were few supplantings and later buildings on the object.

A large number of the fragments of stone decorative elements (parapet plates, capitals, ornamented columns, lintels and door posts and a multitude of4 small marble plates) show that this object was richly decorated.

On the occasion of the uncovering of this object a large number of graves was found under the level of the floors, shallowly or deeply dug in the floors themselves and under them, dug in the very architecture and outside the object. There is no regulation in the burial as far as the orientation is concerned. There are few ways of burying and few types of grave architecture. Not all the graves have grave goods. The grave goods contain jewelry (torques, fibules, ear-rings, necklaces), as well as earthen vessels identical to the aforesaid ones found during the earthworks in this area. The jewelry and ceramic ware belong to the early Middle Ages.

Final uncovering the basilica and necropolis will take place in 1975.