Macedoniae acta archaeologica 2 (1976) · стр. 205–218
Северозападна некропола на вилата рустика во Пештерица кај Прилеп
Со изградбата на акумулационото езеро, постојниот пат Прилеп-- Титов Велес преку планината Бабуна беше делумно потопен, а изграден е нов неколку десетина метри северно од стариот. Со трасирањето на овој дел од патот, на 130 метри северозападно од вилата рустика, беа делумно откриени и оштетени неколку гробови.1 Вкупно беа откриени четири гробови од КОН повеќето беа доста оштетени од механизацијата со која беше правена северната банкина на споменатиот
Опис на гробовите
Гроб 1. Најден беше на длабочина од 0,30 м од површината на земјата ориентиран во правец северозапад--југоисток. Гробната камара- -циста, беше правоаголна направена од четири притесани шкрилести плочи, од кои двете беа долги по 2,30 м, а останатите две по 0,60 м. Четирите плочи од кои беше направена цистата на споевите беа облепени со бел варов малтер, дното направено од една шкрилеста плоча а кровните плочи не беа најдени. Делови од скелетот беа најдени само во југоисточниот дел на цистата и тоа испретурени. Корисната површина, од внатрешната страна на цистата изнесуваше; 1,90 х 0,60 х 0,55 м. T. I, ca. 2.
Прилози:
— бомбаст сад со една лентеста дршка со темно црвена боја, најден во југоисточниот дел на цистата, Инв. бр. 3168.
Гроб 2. Најден на длабочина од 0,35 м од површината на земјата, ориентиран во правец северозапад--југоисток. Гробната јама беше вкопана во тврда земја, а покриен беше со поголеми парчиња од тегули. Скелетот беше испретурен, така што мандибулата беше најдена во пределот на позете а поголемиот дел од лобањата лежеше на подигнато парче од тегула. Димензии на гробната јама: 1,40 < 0,50 х 0,30 м. Прилози немаше.
Гроб 3. Сочуваниот дел од овој гроб беше најден на длабочина од 0,30 м од површината на земјата, ориентиран беше во правец северозапад--југоисток. Гробната циста беше пресечена преку половина, најдена е само северозападната половина во должина од 1,00 mM х 040 х 0,50 м. Цистата беше направена од грубо тесани мермерни плочи на споевите облепени со бел варов малтер, покривот од парчиња од шкрилести плочи, а патос немаше освен поддигнатото зглавје направено од парче тегула со димензии: 0,40 < 0,30 м поставено на дебел слој од бел варов малтер. Скелетот како и прилози не беа најдени, најверојатно биле разнесени од механизацијата и работниците. Т. I, са. 3.
Гроб 4. Откриен на длабочина од 0,50 м од површината на земјата, ориентиран во правец северозапад--југоисток. Гробот претставува правоаголна циста исклесана од монолитен мермерен блок со фино изработени бочни страни. Патосот на оваа циста беше направен од АНСкунасти рамни плочи, чии рабови беа споени со бел варов малтер за вертикалните страни на цистата, а покривот беше направен од грубо тесани шкрилести плочи. И овој гроб е доста оштетен, искршени беа делови од југоисточната половина на цистата како и од тој дел на покривот. Преку целата ширина на цистата, во нејзиниот северозападен дел, имаше направено зглавје за покојникот од варов малтер помешан со циглена прашина во висина од 0,20 м. Димензии на цистата од внатрешната страна: 1,90 х 0,76 х 0,72 м. T. I, сл.Зи Т. II, са. 3.
Во гробот бр. 4 најдени беа два скелета, од кои постариот укоп беше собран во југоисточниот дел а поновиот беше скелет на жена, поставена на плеќи со испружени раце крај телото а главата поставена на зглавјето изведено во црвенкаст малтер. Скелетот на жената беше доста слабо очуван. Гробни прилози:
— непосредно крај десното стапало на покојната најден беше мал керамички сад, Инв. бр. 3162
— во пределот на карлицата најдени беа три фрагментирани стаклени сада, Инв. бр. 3452, 3453 и 3454 — во висина на главата и рамената на покојната најдени беа чифт
обетки од злато, Инв. бр. 2681 и 2682, и еден Ѓердан од 18 златни амфороидни зрна и десетина цевчиња од зелена стаклена паста, Инв. бр. 2683
— крај левата и десната рака најдени беа две сребрени лајчиња, Инв. бр. 3464 и 3472
-- две сребрени украсни игли, едната со полигонална а другата со биконусна глава, Инв. бр. 3461 и 3462
— една медицинска алатка од сребро, Mus. бр. 3463 — еден републикански римски денар од сребро, Инв. бр. 2926
— 43 парчиња, мала бронза, на императорот Констанције II и еден украсен дел од коскен предмет, многу оштетен.
Гробот бр. 4, покрај со бројните и вредни прилози, карактеристичен е и со тоа што над Hero била изградена гробна капела. Делови од основата на ѕиданата гробна капела беа најдени од три страни, јужната страна на капелата била урната со изградбата на банкината на патот. Од затекнатата ситуација можеме да заклучиме дека капелата имала правоаголна основа, зидана се од кршен камна H варов малтер, димензии: 3,50 х 3,00 м а затекнатата висина на темелните делови изнесуваше од 0,30 до 0,50 м и тоа на најочуваната страна на капелата, т. е северната. Т. I, са. 1.
Анализа на гробнисе прилози
КЕРАМИКА. Во четирите напред наведени гроба најдени беа само два керамички сада, по еден во гробовите бр. | и 4.
Во гробот бр. 1 најден беше бомбаст сад со една лентеста држалка која излегува од кружниот, нешто искосен спрема надвор обод, кус цилиндричен врат, бомбасто тело, дното е во средината нешто втиснато и има испакнат јазел. T. II, са. 1.
Садот е изработен од лошо пречистена глина, бојата му е темно црвена, а висок е 16 см.
Ваквите садови се доста чести наоди во доцноантичките некрополи на прилепското подрачје пр. Bapom—IIpuaen,2 Градиште?3 кај село Дебреште, Бончејца,4 југозападната некропола во Пештерица,5 а и надвор од нашето потесно подрачје како на некрополата во Скупи.6
Садот најден во гробот бр. 4 е мал и релативно плиток, направен од фино прочистена сива глина, премачкан од надворешната страна со црн редок лак кој на многу места е излупен.7 Садот има прав, малку заоблен обод, благо испакнато пластично рамо, украсено со вертикални плитки зарези нанесени со нокт, конично тело и ниско прстенасто но. Садот е висок 4,4 см. Т. ІТ, са. 2.
Садовите најдени на оваа мала некропола се од стандарден тип, чест во доцноантичките некрополи на подрачјето на Прилеп и Макеmouse и влегуваат во рамките на времето од првата половина на IV век.8
Стаклени садови
Во гробот бр. 4 најдени се три фрагментирани сада, ставени како
прилог на покојната.
-- стаклена чаша висока 6,00 см со рамно пресечен обод и слабо нагласено рамо, телото постепено се собира и заоблува спрема дното, кое во средината е малку вдлабнато. Чашата е делумно фрагментирана и има светло зелена боја. T. III, са. 1.
Вакви чаши не се ретки гробни прилози во некрополите од време-ТО на доцната антика, пр. некрополата во Птуј.9
— стаклен бомбаст сад висок 7,5 см со хоризонтално нешто извлечен спрема надвор обод, бомбасто тело и заоблено а во средината вдлабнато дно. Садот е направен од танко стакло со темно зелена боја, дел од ободот и телото му недостасува. Т. III, са. 2.
Вакви и слични форми ка стаклени садови се чести во доцноантичките некрополи во Ехона."е — стаклен благо коничен сад висок 13 см со нешто искосен спрема надвор и заоблен обод, благо конично тело и ниско прстенасто дно. Садот е доста оштетен и му недостасуваат делови од ободот и телото, бојата на стаклото е бела. Т. III, са. 3.
Вакви садови се доста чести наоди на доцноантичките некрополи во Emoua.10
Накит од сребро од гроб 4
Предмети и накит од сребро
-- сребрено лајче со листест реципиент, кој преку потковичест продолжеток, чија горна, слободна страна преминува во стилизирана животинска глава, преминува во конична H на крајот зашилена држалка. Т. IV, сл. 2. На внатрешната страна на реципиентот врежан е лик на риба — крап, чие тело е украсено со скрлушки изведени со полумесечести засеци, четирите перки на рибата се издвоени со по три коси засеци. На главата врежано е бадемасто око а со еден водорамен засек назначена е устата на рибата. Целиот лик на рибата носи слаби траги од позлата. Должината на лајчето изнесува -- фрагментирано сребрено лајче со листест реципиент, кој преку потковичест продолжеток, чија горна слободна страна завршува со стилизирана животинска глава, преминува во конично издолжена
и на крајот зашилена дршка. Т. IV, са. 1.
Средниот дел на реципиентот на лајчето недостасува, така што не сме сигурни дали и ова лајче било украсено. Должината на лајчето изнесува 16 см. -- сребрена украсна игла со масивна биконусна глава и конусно издолжен три, долга 6,5 см. IV, са. 5.
— сребрена украсна игла со полигонална масивна глава и конусно H3- должен трн, долга 7,5 см. Т. IV, са. 4
— медицинска сребрена алатка, со коса, кружна и плосната глава и и долга зашилена на крајот дршка. Непосредно под главата, алатката е украсена со врежан мотив на астрагал. Должината на алатката изнесува 15,7 см. Т. IV, са. 3.
Напред рековме дека во гробот бр. 4 имаше два укопа, од кои вториот е укоп на жена, судејќи според бројните и вредни наоди во него претпоставуваме дека се работи за жена или ќерка на сопственикот на вилата рустика, во чии рамки влегува и оваа мала некропола.
Што се однесува на употребата на лајчињата, на мислење сме дека истите служеле за култна употреба, особено лајчето што на својата внатрешна страна носи врежан, омилен христијански мотив — риба. Колку бил омилен и чест овој мотив во ширењето на христијанството ки сведочат бројните и чести, вакви прикази како во идното сликарство така и во мозаичната уметност од тоа време,12 за што ќе стане збор подоцна.
украсните сребрени игли се чести прилози во женските гробови во доцноантичките некрополи, како на пр. Скупи,13 Емона14 и др. Што се однесува до медицинската алатка, таа во гробот е осамена, но тоа не треба Аа не збунува, зашто комплети од медицински алатки а и поединечни наоди се доста чести во некрсполите од тоа време, пр.
Накит од злато
Во гробот бр. 4 најдени беа две обетки чии карики се направени од масивна златна жица со кружен пресек, раздвоени на по една страна за полесно прикачување на ушите. Т. Мед. 1.
На долниот крај од кариката, залемена е по една чаура со форма на пресечен конус, направена од златен лим, а во чаурите е поставено по едно конично зрно од стаклена паста со сина боја. Со по еден полукружен носач, направен од златна жица со кружен пресек, прицврстена е и потпрена чаурата на кариката. Пречникот на обетките изнесува 2,7 см.
Во истиот гроб најден е и ѓердан од 18 златни зрна во облик на амфора и 13 шастострани цевчиња од зелена стаклена паста, нанижани наизменично едноподруго. Т. У, са. 1. Зрната во облик на амфора се направени од танок златен лим, изработени во техника на ишчукување, украсени на средниот и најширок дел со по неколку хоризонтални плитки линии, изведени исто така со техника на ишчукување. Висината на златните зрна во облик на амфора изнесува 1 см а на шестостраните цевчиња 0,4 см.
Во доцноантичките некрополи чести се наодите на златен накит во комбинација со стаклена паста или пак полудраги камење, што претставува тогашен манир за задоволување на вкусот на игра на светло и сенка, т.е. полихромија. Бидејќи не сме во можност да се послужиме со директни аналогии за нашите обетки, зашто такви не ни се познати на подрачјето на Македонија, индиректно ни се наметнува помислата дека од овој тип на обетки, нешто подоцна, т.е. во времето на почетокот на големата селидба на народите, секако со извесни дотерувања во позитивна смисла, се развил типот на обетки, таканаречени „кошарасти“. Ова мислење го изнесуваме како претпоставка, зашто нашите обетки ги имаат сите елементи карактеристични за кошарастиот тип на обетки, со таа разлика што кај нашите обетки отсуствува техниката на тордирање.
Што се однесува до ѓерданот, и кај него се повторува играта на контрасти и полихромија, со комбинацијата на злато и зелена стаклена паста. Дека е честа и омилена оваа техника на полихромија, ни зборуваат и богатите наоди на ѓердани од стаклена паста и полудраги камења од некрополата Скупи,16 и други наоѓалишта кои и временски му одговараат на нашиот наод. Како директна аналогија за употреба на шастострани цевчиња од стаклена паста може да ни послужи наодот на ѓердан од некрополата во Бургас.17
Монети
Напред споменавме дека во пределот на главата на покојната ес најден сребрен денар на M. Антоние,18 кој највероватно дошол во гробот како обол на покојната. Малку можда збунува употребата на оваа монета како обол, по повеќе од 300 години, но бидејќи се работи за една богата и значителна личност, тоа не треба да не изненадува, особено што во пештеричките некрополи тоа не и и единствен случај.19 Во гробот бр. 4 најдени беа, исто така, и 43 монети, мали бронзи, од императорот Констанције I], на места слепени по неколку заедно, нагризени од јака дива патина, така што беше мошне тешко да се разлачат двете присутни емисии:
A} Ав. Биста на императорот во десно
Рв. Ратник во полна ратна спрема боди со копје паднат противник. В) Ав. Биста на императорот во десно
Рв. Императорот во полна воена спрема, со левата рака се потпира на копје а во десната држи глобус. Т. У, са. ди 3.
Заклучок
Да се вратиме повторно на проблемот на гробот бр. 4, т.е. на искажаната напред мисла, дали во овој гроб е закопана една христијанка или пак една богата матрона, која најверојатно била најблизок роднина на сопственикот на вилата. На таа помисла најнапред не тера самата архитектура на гробот, прилозите во него, а особено капелата, или можда малата мемориа20 изградена над гробот. Одбележувањето на тоа место, со надземен значителен белег, единствен на двете пештерички некрополи се чини не било без причина, секако не ја исклучуваме можноста дека тоа може да биде и знак на благосостојба. Но прилозите во гробот, особено сребрените лајчиња како и стаклените са-АОВН, ни се чини дека зборуваат за нешто Apyro.
Напред споменавме за омиленоста и застапеноста на ликот на рибата како христијански симбол, кој од свои оправдани причини бил употребуван како во тогашното зидно сликарство така и во мозаиците. Не е на одмет на ова место да споменеме дека рибата била еден од најомилените христијански симболи, посебно заради тоа што нејзиното грчко име одговара на иницијалите на Христа.22 Рековме дека лајчињата служеле најверојатно за култна употреба, секако во чинот на христијанските обреди.23 Некои автори?!24 на ваквите лајчиња и слични на нив, најдени во гробови им припишуваат функција на симболи на општествената положба на покојникот.
Од друга страна, пак, стаклените садови најдени во овој гроб, особено нивните форми, зборуваат, по мислењето на некои автори,25 3a нивна употреба во христијанскиот ритуал. Во прилог на ваквото толкување го посочуваме сличниот пример на гроб, над кого бил изгра-АСН мал мавзолеј, крај вилата на Црквина во Паник кај Билеќа. Во тој гроб биле најдени слични стаклени садови,26 па авторот е склоп, врз основа на овој и слични на него наоди, цитирани напред, овој гроб да го стави во склопот на христијанските гробови.
Да резимираме со констатацијата дека четирите гроба што ја чинат северозападната некропола им припаѓаат на корисниците на вилата рустика, влегуваат во рамките на првата половина на IV27 век, а гробот бр. 4, за кого сметаме дека И припаѓа на една богата и ценета христијанка, можеме поточно да го датираме во времевладеењето на римскиот император Констанције Ил, т.е. во време од 337 до 361 год. од н. ера.
Белешки
- B. Babić, Pešterica, Oreovec, Prilep — kasnoantička vila i nekropola, Arheološki pregled 7, Beograd 1965, str. 133. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на другарот Б. Бабиќ за дозволата за објавување на материјалот од оваа некропола. ↩
- Истиот, Бакалица и Ташачица, Прилеп, Археолошки преглед 3, Београд 1961, стр. 97—100. ↩
- Необјавен материјал од касноантичката некропола. ↩
- Необјавен касноантички гроб од Бончејца — Прилеп. ↩
- B. Babić, Pešterica, Oreovec, Prilep — kasnoantička vila i nekropola, Arheološki pregled 7, Beograd 1965, str. 132. ↩
- И. Микулчиќ, Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на Фил. Фак. Скопје, книга 26, Скопје 1974, стр. 139. ↩
- Ibid., стр. 139. ↩
- Ibid., стр. 140. ↩
- 7. Subic, La necropole romaine a Poetovio, Inventaria archaeologica, fascicule 14, Ptuj 1972, str. Y 138. ↩
- 5. Petru, Emonske nekropole, Ljubljana 1972. ↩
- Tbid., T. CXVIII, sl. 6, 8. ↩
- И. Николајевиќ-Стојковиќ, Касноантички мозаик из Петровац на Mopy, Зборник радова византолошког института, књ. 3, Београд 1955, стр. 159; M. Prelog, Рогес grad i spomenici, Beograd 1958. ↩
- И. Микулчиќ, Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на Фил. Фак. Скопје, книга 26, Скопје 1974, стр. 135. ↩
- Petru, Emonske nekropole, Ljubljana 1972. ↩
- Tbid., T. LXII, sl. 15—17. ↩
- И. Микулчиќ, Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на Фил. Фак. Скопје, книга 26, Скопје 1974, стр. 135. ↩
- М. Лазаров, Hexponoa от IV7 век н.е. в Бургас, Археологии, книга 4, Софија 1967, стр. 48. ↩
- A. Sydenham, The coinage of the Roman republic, London 1952, str. 196, ↩
- Во гробот бр. 14 од југозападната некропола во Пештерица најдена беше монета на градот Солун од II век ст. ера. ↩
- H. Cohen, Monaies sous l’empire romain, Graz 1955, кн. VII, стр. 446, No. 44. га [bid., str. 468, No. 187... ↩
- И. Николајевиќ-Стојковиќ, Касноантички мозаик из Петровца на Мору, Зборник радова византолошког института, кн. 3, Београд 1955, стр. 139. ↩
- Stephen Foltiny, Spätrömische und völkerwanderungszeitliche Silberlöffel aus der alten Welt im Metropolitan Museum of Art in New York, Situla 14/15, Ljubljana 1974, str. 269, T. 21. ↩
- Horst. W. Béhme, Léffelbeigabe in spatr6mischen Grabern nérdlich der Alpen, Jahrbuch des Rémisch-Germanischen Zentralmuseums Mainz, Ba. 17, 1970 (1972), S. 172—200; siehe S. 172. ↩
- E. Volbach, Kultgerate der christlichen Kirche im friihen Mittelalter, Mainz 1925, str. 18. Lajos Nagé, Panonia sacra, 5. 55. E. B. Bonis, Budapset regesegei, Bd. XIV, 1945, str. 567. ↩
- T. Cremosnik, Prvi tragovi krS¢anstva na nalazima vile u Paniku, Situla 14/15, Ljubljana 1974. str. 247. Илустрациите ги изработи Р. Иванишевиќ, преператор во Народен музеј -- Прилеп. Фотографиите ги изработи Б. Јелиќ, фотограф во Народен музеј -- Прилеп. ↩
- Kostadin Kepeski — Prilep ↩
- The necropolis was found 130 meters north-westward from the vila rustica, close to the road leading from Prilep to Titov Veles through the mountain Babuna. The necropolis is small and belongs to the aforesaid villa. In it were found only four damaged graves all oriented in the direction north-west/south-east. As to the architecture of the graves, two of them are elongated grave cists, one grave is dug in the soil, while the fourth one was made of a marble monolithic block without any floor or cover. Above the grave, the chest of which was made of a monolithic marble block, i.e. the grave No. 4, there is a small rectangular chapel of the dimensions 3.50 < 3.00 m made of broken stones and mortar. ↩
Summary
The North-Western Necropolis of the Villa Rustica in Pešterica near Prilep
IN PESTERICA NEAR PRILEP We assume that the wife or the daughter of the owner of the villa was buried in the grave No. 4 and that she must have been, either a Christian, or a great supporter of the Christianity. The find of the small, silver spoon with0 incised gilded fish induced us to this idea, because it is known that the image of fish was one of