Macedoniae acta archaeologica 24 (2021) · стр. 165–185

Коњот од Пилав Тепе

УДК 904:[636.1:393(497.73+497.74)DOI https://doi.org/10.55973/MAA2124165s

Во 2018 година во периодот мај - август за потребите на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, во Југоисточна Македонија, беа извршени заштитни археолошки истражувања на повеќе локалитети, вклучувајќи го и локалитетот Пилав Тепе (мапа 1).

Локалитетот Пилав Тепе е позициониран во клисурата на Маденска Река, на нејзиниот десен, односно северен брег или, пак, лево од сегашниот магистрален пат Штип - Радовиш, 20 km југоисточно од Штип и 12 kmзападно од Радовиш.

Над локалитетите доминираат две купи кои се во состав на палеовулканскатаДамјанскобучимска Област. Северно од Маденска Река е позиционирана купата Пилав Тепе, која има типичен конусен изглед, со истакнатост од околу 100 - 120 m и 566 mн.в. (сл. 1).

Составена е од мошне цврсти, компактни андезити, што укажува на експлозивен вулканизам, кој е одреден како миоценски.1

На 1 kmјужно од Пилав Тепе, над левиот јужен брег на Маденска Река, се наоѓа втората карактеристична вулканска купа, позната како Плоча (мапа 2). Истакнатоста е околу 150-200 m исо 658 mн.в. По состав е иста како Пилав Тепе, односно од компактни андезитски лави.

Во Археолошката карта на Република Македонија локалитетот Пилав Тепе е заведен како неолитска населба и населба од IIдo ІVвек од н.е.2 Иако во научните кругови за него се знае дека бил населен и во хеленизмот,постарите истражувачи ја поддржуваат тезата дека тука треба да се наоѓа пајонскиот град Астраион, која теза, пак, во последно време со резерва се прифаќа од дел од помладите колеги.

Археолошкиот локалитет Плоча е регистриран како средновековен локалитет,3чија датираност беше потврдена со заштитните археолошки истражувања спроведени од страна на Заводот и музеј - Штип во 2011 година, кога меѓу останатите наоди беше пронајдена кујнска печка со средновековни садови.

На локалитетот Пилав Тепе досега не се вршени никакви археолошки истражувања, иако тој постојано се наоѓа во фокусот на интересот, но само како повремени површински проспекции,така што досега ништо не се знаеше за неговата структура и содржина. Со археолошките истражувања во 2018 се открија 3 објекти на растојание од околу 190 mво правец запад-исток. Објектите се речиси идентични и исто така позиционирани на природни тераси во правец запад-исток, со ист опус на ѕидање, двата од нив со иста површина(90 m2), додека третиот,иако не е ископан во целост, е поголем и поцврсто изграден од другите. Според движниот археолошки материјал егзистирале во ист временски период (сл. 2).

Мапа 1. Мапа на РСМ со приказ на археолошкиот локалитет Пилав Тепе.
Мапа 1. Мапа на РСМ со приказ на археолошкиот локалитет Пилав Тепе.
Сл. 1. Два археолошки локалитета: Пилав Тепе на десната и Плоча на левата страна.
Сл. 1. Два археолошки локалитета: Пилав Тепе на десната и Плоча на левата страна.
Мапа 2. Позиција на локалитетот Пилав Тепе.
Мапа 2. Позиција на локалитетот Пилав Тепе.

Објектот каде што е пронајден скелетот на коњот е најисточниот од сите три објекта, со површина од 90 m2 и две помали простории во правец запад - исток (сл. 3).Првата премиса не е многу добро зачувана, односно останале само два реда камења во висина. Западната, пак, е малку поголема просторија, но не обезбеди голема содржина во однос на движниот археолошки материјал.

Следствено, покрај многуте фрагменти од керамички садови и особено многу разбојни керамички тегови, ништо друго позначајно не е пронајдено.

Слична е содржината и на источната просторија, со тоа што покрај западниот ѕид, во северозападниот агол, се пронајдоа и еден помал питос, амфора и стамнос пиксида. Уште еден, исто така помал питос, беше пронајден и во централниот дел од просторијата, додека неколку поголеми питоси беа пронајдени на 10m северно од објектот. Според движниот археолошки материјал, како и во другите два објекти, и во овој објект се констатираше дека животот престанал во првата половина на III век пр.н.е.Просторот меѓу централниот питос и источниот ѕид од источната или како што ја именувавме, просторија 1, беше исполнет со камења.Иако беше сомнително што само тука од целиот објект имаше концентрација од камења, во согласност со наодите дојдовме до објаснување дека тоа се камења кои паднале со рушењето на самиот ѕид.Особено што од надворешната страна на ѕидот, на ниво кое соодветствуваше на долното ниво од камењата веќе имавме обработено слој од тегули, сепак многу брзо сфативме дека тие камења, иако идентични со оние кои останале во ѕидот, не се дел од него туку се дел од сосема друга структура. Имено, во северниот крај од концентрацијта на камења прво наидовме на дел од череп, а потоа и на цел скелет од коњ (сл. 4).

Сл. 2. Локалитет Пилав Тепе, јужна страна - три објекти.
Сл. 2. Локалитет Пилав Тепе, јужна страна - три објекти.
Сл. 3. Археолошки локалитет Пилав Тепе, објект 1 со пронајдениот скелет на коњ.
Сл. 3. Археолошки локалитет Пилав Тепе, објект 1 со пронајдениот скелет на коњ.

Коњот беше пронајден во лежечка позиција на својата лева страна, со извртен врат, а главата лежеше на долната вилица (сл.5). Му недостасуваше горниот дел од черепот. Оринетираноста е североисток-југозапад со поглед кон исток. Должината е 1,60m, додека висината на градниот кош 0,60m, а со нозете 1,10 m.

Нозете на коњот, поточно, положбата на метакарпалните коски и копитата, вклучително и двете предни и задни потколеници беа поставени во позиција паралелни едни со други.

Сл. 4.Скелет на коњ.
Сл. 4.Скелет на коњ.
Сл. 5. Скелетот на коњот по тргањето на камењата.
Сл. 5. Скелетот на коњот по тргањето на камењата.

Околу вилицата имаше голема бронзена алка, а десно, односно јужно од главата му била оставена уздата од коњот (сл. 6).Уздата е изработена од ковано железо. Има две масивни странични рамки со неправилен овален пресек во долниот дел и правоаголен пресек со две кружни перфорации во делот каде е вметнат подбрадникот од уздата (сл.7). Подбрадникот е составен од два елементи: внатрешна оска од масивна шипка со кружен пресек кој со нитни е прицврстен на отворите од страниците и преку него, по целата должина, цилиндер од тенок железен лим кој слободно се врти околу оската. Функцијата на подбрадникот е да ги фиксира двата странични рамки, да ја држи уздата стабилно и да не му дозволува на коњот да се ослободува од жвалото.

Горниот дел од страничните рамки се свиткани наназад под агол од 90º, завршува во триаголна форма и перфориран за прикачување жвалото. Жвалото било дводелно, со тоа што во кај нашиот примерок е сочувана само едната половина. Основа му е железна прачка со кој жвалото се прицврстувало за страничните лостови со нитна, помеѓу себе двете половини се поврзувале со петелки. На прачката е нанижана розета од два реда по четири копчести елементи и железен прстен за прицврстување.

Сл. 6. Долната вилица од главата на коњот со уздата и бронзената завиткана алка/торквез.
Сл. 6. Долната вилица од главата на коњот со уздата и бронзената завиткана алка/торквез.
Сл. 8. Идеална реконструкција (цртеж Сара Петров) на коњската узда.
Сл. 8. Идеална реконструкција (цртеж Сара Петров) на коњската узда.
Сл. 7. Узда, цртеж.
Сл. 7. Узда, цртеж.
Сл. 9а.Тракиски тип узди: а. Пилав Тепе, »Nord-West-Bulgarien, Distrikt Montana«: Trense (RGZM Inv.- Nr. O.42302/05). - (Zeichnung M. Weber; Photo V. Iserhardt, RGZM). - M. = 1:2, - after PIOTR ŁUCZKIEWICZ · MARTIN SCHÖNFELDER 2008; c. Karaburma, Gra
Сл. 9а.Тракиски тип узди: а. Пилав Тепе, »Nord-West-Bulgarien, Distrikt Montana«: Trense (RGZM Inv.- Nr. O.42302/05). - (Zeichnung M. Weber; Photo V. Iserhardt, RGZM). - M. = 1:2, - after PIOTR ŁUCZKIEWICZ · MARTIN SCHÖNFELDER 2008; c. Karaburma, Grave 16 - Todorović 1972; d. Slavonski Kobaš - after BALEN - LETUNI1986, е. Mediaş (photos S. Berecki) - after Rustoiu 2012р.

Во делот каде е прикачено жвалото исто така биле прикачени и алките со крушкаста форма кои ја поврзуваат уздата со кожениот оглав. Долниот дел од страничните рамки се свиткани кукасто кон надвор и завршуваат во калотести задебелување. На нив се прикачувал поводникот со кој се управувал коњот (сл. 8). Типологијата на уздата припаѓа на т.н.„H“форма, односно типолошки карактеристики определени како тракиски тип узди (сл. 9).

Литературата за овој тип узди е позната одамна, каде што Венедиков бил меѓу првите што пишувал за тоа во 1957 година,4 според кого овој тип узда од тракиски тип бил во употреба од 250 год. пр.н.е. до 50 год.од н.е.

Богдан Николов во својата статија за тракиските споменици во Враца, Бугарија посвети посебно внимание на овој тип узди,одредувајќи гиистовременокако тракиски5 со хронолошка определба од почетокот на III до крајот на I век пр.н.е.

Во Србија овој тип узди за првпат се појавил во гробот 16 (сл. 9а) на големата келтска некропола Карабурма во близина на Белград, која најпрвин била датирана во првата половина на I век пр.н.е.,6 а потоа е предатирана од истиот автор околу 200 год.пр.н.е.7

Второто датирање не се согласува со хронолошката определба на словенечкиот научник Божиќ, кој додека ги анализирал другите гробни предмети во гробот 16, пред cè, бронзениот торквез/алка, заклучил дека гробот е датиран во доцниот период Ла Тене,т.н. Белград 3, т.е. крајот на II и првата половина на I век пр.н.е.8

Од територијата на Србија од планината Јухор или поконкретно од врвот Белики Ветрен во 1998 година сосема случајно е окриена голема остава на орудија, опрема и оружје меѓу кои и 14 узди од кои 13 се од типот на примерокот од Пилав Тепе.9

Примерокот за узда на Славонски Кобаш во Хрватска10е речиси идентичен со оние од Карабурма и Велики Ветрен што се наоѓа во Археолошкиот музеј во Загреб и за кои освен името нема други евидентирани јавно познати податоци.

Полскиот научник Возниак го сподели своето мислење дека овој тип узди припаѓаат на средниот и доцниот периодЛа Тене, односно дека се во употреба од средината на III век пр.н.е. или уште порано, и дека овој тип узди се користел до I век од н.е.11

Вернер се согласува дека овој тип узда се користел во III век пр.н.е. Оттука, примерокот од Пилав Тепе е типизиран како тип 16 варијанта 3, со хронолошка употреба до I век пр.н.е.12

Посебно внимание на овој тип узди посвети и бугарскиот археолог Нарцис Торбов, кој направи сеопфатна анализа на 54 примероци кои беа пронајдени меѓу реките Тимок и Искра во Бугарија до 1998 година, според кои нашиот примерок и неговата класификација се совпаѓаат до типот 1 варијанта 1,13 а во исто време се согласува со хронолошката определба на претходните научници дека овој тип узда се користел од III век пр.н.е. до I век од н.е.14

Овој тип узда, покрај во Бугарија, е пронајден и на територијата одРоманија и следствено на тоа претставува голем интерес кај романските археолози, кои исто така се согласуваат со хронолошката определба дека овој тип бил во употреба од III векпр.н.е.до I век од н.е.,15при што Рустоу го скратува овој временски интервал од срединатана II до I век пр.н.е. 16

Сепак,повеќе од очигледно е дека речиси сите научници кои работеле на карактеристиките на овој тип узда имаат релативно идентична хронолошка определба. Хронолошките разлики се минимални, што доведува до заклучок дека овој тип узда сигурно бил во употреба во периодот од IIIдoI век пр.н.е.

Прашањето кое исто така е многу важно да се постави овде е - во кој контекст е пронајдена уздата? Од горенаведените примероци веднаш ќе ја отстраниме уздата од Велики Кобаш, Хрватска, која на почетокот одХХвек е донесена во Музејот во Загреб безникакви дефинирани хронолошки определби и податоци, освен оние за археолошкиот локалитет.Уздите кои беа пронајдени на местото Велики Ветрен во Србија се дел од поголем гребен со 14 врвови на копја, кој се претпоставува дека била депонирана опрема на помала коњичкаескадрила.17

Сл. 11. Северозападна Бугарија, Дистрикт Монтана«: РГЗМ инв. бр. О.42301/01-08. – (Фотографии V. Iserhardt, RGZM) 1-2 M. ca. 1:4, 3-7 М. околу. 1:3 по Пјотр Луцкиевич, Мартин Шонфелдер 2008.
Сл. 11. Северозападна Бугарија, Дистрикт Монтана«: РГЗМ инв. бр. О.42301/01-08. – (Фотографии V. Iserhardt, RGZM) 1-2 M. ca. 1:4, 3-7 М. околу. 1:3 по Пјотр Луцкиевич, Мартин Шонфелдер 2008.
Сл. 10. Булбук, Романија, нацрт 4, по Борангиќ 2014 година.
Сл. 10. Булбук, Романија, нацрт 4, по Борангиќ 2014 година.

Единствениот нејасен контекст е оној од трите пронајдени узди во Романија на територијата одОпштината Церу Бачаинци во Округот Алба, на јужната граница кај селото Булбуц.18Пред cè, поради начинот на кој се пронајдени, односно со детектор за метал од неквалификувани луѓе,19 научната заедница cè уште расправа дали јамите во кои биле закопани (сл. 10), покрај друга содржина, а уздите биле: ритуални јами или само гробови, гробови кенотаф на воини кои загинале далеку од родната земја и не можеле да се вратат. Исто така, останува неодговорено прашањето дали само е пронајдена нивната опрема или се само обични остатоци.

Сите други узди кои се пронајдени на териториите на Бугарија (сл. 11) и Романија (сл.12) се дел од содржината на кремационите гробови и подеднакво се пронајдени во гробовите на тумулите, како и во одредени рамни гробови.

Сл. 13. Малаја Копања, Транскарпатска Украина - по Рустоу 2012 година.
Сл. 13. Малаја Копања, Транскарпатска Украина - по Рустоу 2012 година.
Сл. 12. Кугир, Џуд. Алба, Романија, гроб 2 - по Пјотр Луцкиевич - Мартин Шонфелдер 2008 година.
Сл. 12. Кугир, Џуд. Алба, Романија, гроб 2 - по Пјотр Луцкиевич - Мартин Шонфелдер 2008 година.

Би сакале да го истакнеме гробот 16 од некрополата Карабурма кај Белград, кој, иако бил опустошен пред ископувањето, сепак содржел остеолошки остатоци од скелетот на коњот.20

Уздата како дел од гробните прилози од Малаја Копања во Транскарпатските Планини во Украина21е најсеверната точка каде што најмногу се распространиле овој тип узди (сл. 13).

Она што е очигледно е кога подобро ќе ја погледнеме содржината на контекстот зад овој тип узди се придружните и обединетите гробни прилози. Понатаму, ако ги исклучиме случаите на случајното пронаоѓање на Велики Кобаш и опустошениот гроб 16 од некрополата Карабурма, тогаш редовно уздата оди заедно со мечот во гробнитеприлози, окарактеризирани како латински или келтски, копја, умбо од штит, понекогаш бронзен шлем и заоблениот нож наречен сика.

Всушност, овој прецизен унифициран попис, како и ограничената територија на која биле лоцирани, северозападна Бугарија, Североисточна Србија, Југозападна Романија, го поттикнува полскиот археолог Возниак да го именува овој феномен какоПадеја-Панаѓурски колонии по две некрополи:едната лоцирана на северниот брег на реката Дунав во Олтенија, Романија, а другата лоцирана во Бугарија, на јужните падини на планината Балкан.22

Според Вернер, двата локалитета се мали, со кремирани гробови и гробни прилози кои имаат долг меч од типот на групата Ла Тене, врвови на копја, заоблен нож - сика, умбо од штитови и тракиски узда од типот XVI.Единствената разлика е во тоа што гробовите во Бугарија се под тумули, додека оние во Романија се рамни некрополи. Културната група Падеја-Панаѓурски колонии како веќе добро етаблирана во научната заедница се дефинира како конгломерат од различни етнички групи со различно потеклото во кое Скордијците и Тракијците23 имаа доминантна улога, како и учеството и влијанијата на Дакијците и Трибалите.Овие племиња, додека дејствувале под хегемонијата на истакнатите воени кланови, имале заеднички интерес, стратегија и тактика, материјализирани во специфичен израз на идентитет. Иако првично користеле оружје што било специфично за секоја етничка компонента, тоа останало како единствен белег за целата културна група.

Сл. 14а.Тока: А. Пилав Тепе; B. Квадратни токи за појас со едноставен трн; C. (високи) правоаголни токи за појас со едноставен трн или со трн со глава од патка (врата од варијанта); D. Квадратни токи за појас со аголно копче и едноставен трн (варијан
Сл. 14а.Тока: А. Пилав Тепе; B. Квадратни токи за појас со едноставен трн; C. (високи) правоаголни токи за појас со едноставен трн или со трн со глава од патка (врата од варијанта); D. Квадратни токи за појас со аголно копче и едноставен трн (варијанта Карабурма); E. Квадратни токи за појас со повлечени страни и обичен трн (варијанта Алтимир). Квадратни токи со ремени со аголни копчиња, повлечени страни и со трн со глава од патка (варијанта Sementina) - по PIOTR ŁUCZKIEWICZ · MARTIN SCHÖNFELDER 2008.
Сл. 16. Алатки и методи за убивање коњи во гробот на замрзнатиот принц во Пазирик во Берел, Алтаи, Казахстан - по Лепец 2013 година.
Сл. 16. Алатки и методи за убивање коњи во гробот на замрзнатиот принц во Пазирик во Берел, Алтаи, Казахстан - по Лепец 2013 година.
Сл. 15. Кружна тока: а. Пилав Тепе; b. Земим - Гардош, »гроб«; c. Манчинг, сонда 105, »јама« в; d. Белград - Карабурма, гроб 16 - по Божич 1984 година.
Сл. 15. Кружна тока: а. Пилав Тепе; b. Земим - Гардош, »гроб«; c. Манчинг, сонда 105, »јама« в; d. Белград - Карабурма, гроб 16 - по Божич 1984 година.

Научниците имаат слични мислења и за хронологијата на постоењето на Падеја-Панаѓурски колонии, со општ заклучок дека овие културни групи веројатно доминирале на северниот дел на Балканот во периодот Ла Тене Д1, т.е. околу 150 - 50 год. пр.н.е.

Покрај уздата до скелетот на коњот од Пилав Тепе, во близина на долната вилица на муцката на коњот беа пронајдени и железна тока и бронзена тока.

Токата припаѓа на типот едноставните токи лиена во железо со правоаголна фрома и мала димензија 4,8 × 4,4 см (Fig.14 a). Ги има во повеќе варијанти, правоаголни или квадратни, некои се со копчести додатоци на аглите. Но типолошки се делат во две основни варијанти според формата на трнот кој може да биде сосема обичен или пак форма на стилизирана глава на патка.24 Овој тип на токи се смета за типичен производ на источните Алпи и во почетокот се појавуваат како појасни токи на женска облека од Норичан-Панонска култура од Lt D1 но во одредени гробови како на пример од Попешти, Романија, токата е пронајдена заедно со меч, закривен борбен нож (сика), умбо од штит и бронзен шлем што ги прави полово рамноправни.

Токму за овие токи пронајдени во гробовите понекогаш погрешно се мисли дека се работи за токи од појас но во суштина станува збор за токи од кожениот оглав на уздата.25

Иако првично овие токи биле датирани многу порано на почетокот на III век пр.н.е., во согласност со најновите истражувачки податоци, особено на гробовите со коњичка и воена опрема, пред cè, поради закривениот меч, токите се повторно датирани во периодот Ла Тене Д1, односно втората половина на II и првата половина од I век пр.н.е.26

Бронзената тока којашто била поставен околу муцката на коњот има елипсовидна форма со кружен пресек од 15-12-0,7cm (сл. 15). Еден од рабовите завршува во форма на змиска глава со перфорација на местото на очите, додека другиот завршува во шуплив цилиндричен продолжен отвор исто така со перфорација. Работ во форма на змиска глава е вметнат во отворот и се прицврстени со конец кој поминал низ перфорациите.

Најблиски територии кои имаат аналогии се примероците од Србија, гробот 16 од големата келтска некропола Карабурма, Белград27 и примерокот од некрополата Гардош во Земун и металната кружнатока од Манчинг, Германија.28

Сега, кога ги имаме сите овие потребни податоци и информации, вообичаено погоре во текстот поставивме неколку прашања за тоа што суштински би го одредило изгледот на скелетот на коњот кој беше пронајден при ископините под камениот лак или камената надгробна плоча, а на кои се потрудивме да дадеме одговор, во една од еден од објектите во кои тогаш извршувавме заштитни археолошки истражувања, односно во просторија 1 на археолошкиот локалитет Пилав Тепе.

1. Поентата на овој текст е всушност одговорот на првото прашање, т.е. дали се работи за коњ што бил погребан дури по неговата смрт или за коњ што бил жртвуван?

Главниот проблем и најголемата загаткаво нашиот случај е што недостасува горниот дел од черепот. Понатаму, речиси во сите случаи и периоди низ целата територија на Евроазија коњите биле жртвувани и честопати убивани со специјално оружје на челото со долго и заковано сечило, како што е случајот со 13-те жртвувани коњи на гробот на замрзнатиот принц од Пазирик во Берел, Алтаи, Казахстан29 (сл. 16).

Другиот начин на убивање коњи за жртвениот ритуал е со копје прободено во градите на коњот.30

Во нашиот случај, со коњскиот скелет од Пилав Тепе поради недостигот на горниот дел на черепот не може да утврдиме или да донесеме дополнителни заклучоци дали смртта настапила по ритуален чин, а поради отсуство на палеонтолошка анализа на скелетот не може да дискутираме за тоа дали постојат рани на ’рбетниот столб, градите, знаци на засечоци и прободи од копје, рани, убод од копје што останало на градната коска или на некои од ребрата на градите.

Кога станува збор за споредба на сите примери на ритуали на жртвување коњи низ индо-европскиот свет, веднаш може да се забележи фактот дека речиси сите коњи се дел од ритуалите на погребување и дека се положени во гробот сами или во гробот на покојникот, без разлика дали станува збор за рамни или под тумули гробови, дали се работи за домашен коњ за јавање или за кочија.Затоа, со голема сигурност можеме да заклучиме дека во нашиот случај, пронајдениот коњот на Пилав Тепе бил дел од жртвен ритуал на погребување. Ритуалот на жртвување на погребување на коњот не е непознат феномен, всушност го практикувале многу културни групи, но во оваа прилика ќе наведеме само неколку примери кои се релативно територијално и хронолошки блиски до оваа ритуална манифестација кога коњот бил жртвуван и погребан во Пилав Тепе.

Илустрација, стр. 178
Илустрација, стр. 178
Сл. 17. Погребувања на коњи во посебни гробни јами: а. коњски гробови од векерцушката култура - по Кметова, Барта, 2017 година; б. Химера, северниот брег на Сицилија; в. Палајо Фалиро, Атина.
Сл. 17. Погребувања на коњи во посебни гробни јами: а. коњски гробови од векерцушката култура - по Кметова, Барта, 2017 година; б. Химера, северниот брег на Сицилија; в. Палајо Фалиро, Атина.

Жртвените ритуални погребувања на коњи депонирани во посебни јами се феномен што се случил во неколку региони, почнувајќи од југоисточниот алпски регион Халштат (група Света Луција) до североисточниот дел на Италија (античка Венети).31 Особено коњските жртвени погребувања на културата Векерцуг (сл. 17а), неговото население ги окупирало источните и северните територии на Панонскиот Басен, особено низините (Источна Унгарија, Југозападна, Јужна и Југоисточна Словачка и северозападната периферија на Романија).32

На територијата одХрватска, во градот Винковци во 1976 година, со заштитните археолошки истражувања се откриени гробови на два коња.33 Она што го споредува коњот на Пилав Тепе со овие „коњски гробови“ е фактот што ископаните скелети биле нецелосни, односно недостасуваат горните делови од черепот34 или во некои случаи нема черепи воопшто.35

Во големата некропола на северниот брег на Сицилија, Химера, исто така се закопани 30 коњи меѓу 12000 закопани Грци и Картагинци кои загинале борејќи се меѓу себе во 480 и 409 год. пр.н.е.36(сл. 17б).

Понатаму, на териториите кои се многу блиску до локалитетот Пилав Тепе се закопани и други коњи. Со археолошките истражувања кои се спроведени во периодот 2003 - 2005 година на територијата одГрција, во некрополите Синдос југозападно од Солун, пронајдени се гробови на пет коњи.37 Со слични археолошки ископувања кои се извршени во јужните предградија на Атина, Палајо Фалиро, меѓу закопаните човечки остеолошки останки на покојникот се пронајдени и четири закопани коња38(сл. 17в).

Според сите споменати примери, сосема е прифатливо да се мисли дека во локалитетот Пилав Тепе коњот бил закопан сам. Она што го прави нашиот случај различен од сите горенаведени примери, е осамената појава во смисла дека не е во близина на некрополата каде што се закопани човечките остеолошки останки, како што е случајот со другите закопани коњи.

2. Следното прашање е дали во просторијата 1 од објектот КП 10 на локалитетот Пилав Тепе, коњот бил закопан сам или заедно со коњаникот.

Вообичаениот погребен ритуал бил коњот да се закопа заедно со неговиот сопственик што го споменавме во примерите погоре како аналогии, особено доколку се работело за жртвен ритуал или ако коњот умрел од природна смрт како резултат на ранување, војна, борби и сл., тогаш бил закопуван посебно во некрополата, но покрај сопственикот или во надворешен гроб на некрополата, односно во периферијата.

Во нашиот случај сигурно е дека коњот на Пилав Тепе не е закопан како дел од меѓусебен гроб или како дел од некропола во која има човечки остеолошки остатоци.

Покрај тоа, целата област околу локацијата и гробот на коњот биле ископани, а сепак не биле пронајдени траги од човечко погребување.Можеби се појави мала конфузија поради пронајдената тока од уздата, меѓутоа, местото каде што бил пронајден скелетот на коњот, околу муцката или долната вилица на черепот на коњот, јасно укажува на фактот дека коњот бил намерно положен таму и не бил дел од ниту една човечка гробница како гробен прилог.

3. Дали коњаникот бил со локално потекло или бил странец?

Не е невозможно уздата да била донесена на оваа територија преку трговија, или едноставно да е купена од патувачки трговец или од некој од трговските урбани центри на териториите каде што биле развиени културните групи Падеа-Панаѓурски колонии. Имено, жителите на оваа културна група, исто така, често служеле како платеници надвор од нивната територија.

Сепак, покрај дадените историски и геополитички констелации за постоењето на овој воен сојуз, доста е тешко да се замисли дека на територијата на Македонија имало некаква трговија или некаква размена со новите римски правила, т.е. невозможно е жителите на културните групи Падеја-Панаѓурски колонии да се хипотезираат дека биле во каква било служба за римската војска.

4. Во кој контекст или историски настан биле погребани коњот и коњаникот?

Ситеузди слични на нашите, кои се ископани од гробовите на некрополите во Северозападна Бугарија, Југозападна Романија и Србија, беа нагласени како гробови на воинската коњаница.

Можеби одговорот се крие токму во минатото. Можеби навистина треба подетално да погледнеме што открива историјата, што се случувало на територијата на која припаѓал локалитетот Пилав Тепе во периодот II и I век пр.н.е.

Во согласност со напишаното, историјата била многу педантна во зачувувањето на настаните од тој период кои биле многу бурни, хаотични и насилни, со други зборови, сите овие настани доминирале од Скордијанците. Тие ја имаа главната и водечка улога, но во овие настани учествуваа и Медијците, Трибалите и Дарданците.Очигледно е дека нивното интензивно присуство било проследено со многу настани, а, пред cè, непријателствата и воените судири низ римската Провинција Македонија.

- Кон крајот на III и почетокот на II век пр. н.е. Скордијанците станале сојузници на македонскиот крал Филип V за да му помогнат во војната против Римјаните и Дарданците.39

- Во првата половина на II век пр. н.е. (200-150) ширењето наСкордијанцитебило толку брзо што тие биле единствениот народ/племе спомнат од историчарите во тој период.40

- Бастарите и Скордијанцитеги нападнале Дарданците во 179 год. пр.н.е.со цел да ги потчинат. Долгата борба завршила со победа на Дарданците.41

- Скордијанцитеги поразиле Римјаните во 141 год. пр.н.е.42

- Претор Маркус Коскониј, во 135 год. пр.н.е.се борел против Скордијанците во Тракија и ги протерал од Тракија.

- Во средината на II век пр.н.е.Скордијанците се рашириле до планините на Илирија, Пајонија и Тракија.43

- Околу 120 година пр.н.е. Скордијанците започнале чести напади на римската провинција Македонија.44

- Квесторот Маркус Аниус, во 119 год. пр.н.е., ги поразил Скордијанците кај Лета.45

- Римската конзуларна војска од 119 до 108 год. пр.н.е. неуспешно се бореле против Скордијанците.46

- Римскиот конзул Квинт Фабиус Максимус Ебурнус бил поразен во конфликт со Скордијанците во 116/115 год. пр.н.е.47

- Гај Порциј Като неколкупати бил поразен од Скордијанците во 114/113 год. пр.н.е.48

- Гај Кецилиј Метелус Капрариус триумфирал над Скордијанците во 113/112 год. пр.н.е.49

- Маркус Ливиус Друсус, во 112/111 год. пр.н.е. исто така триумфирал над Скордијанците.50

- Маркус Минуциус Руф успешно се борел против Скордијанците во 110/109 год. пр.н.е.51

- Митридиус ја окупирал Тракија и делови од Римска Македонија во 87 и 86 год. пр.н.е.Скордијанците учествувале во тие настани, бидејќи се споменуваат меѓу племињата што ги освоил Сула во 85 год.52

- Сула го наметнал римскиот суверенитет над Дарданците, Дентелетите и можеби Скордијанците во 85 год. пр.н.е.53

- Луциус Корнелиус Скипио Азијатикус, во 84 год. пр.н.е. тешко ги поразил Скордијанците.54

- Скордиските, заедно со Дентелетите, ја опустошиле Македонија во 16 год. пр.н.е.55

Овие историски податоци јасно укажуваат на високата фреквенција на Скордијанците на територијата одантичка Македонија како дел од Римската Империја и дека тие се присутни речиси 60 години на територијата околу која гравитира локалитетот Плав Тепе, без разлика дали станува збор за кампањи со грабежи или директни битки со римските легии.

Географската положба на локалитетот Пилав Тепекако порта низ која поминува Вардарската Долина до еден од патиштата кон богатите градови покрај реката Струмешница и понатаму до градовите покрај долината Струма, го прави историскиот запис сосема возможен дека еден од ордите на културните групи Падеја-Панаѓурски колонии поминал низ овој дел и ги опостушил со грабеж.

Заклучок

Ако се спореди хронолошката рамка во која настанало присуството на Скордијаните заедно со другите племиња на територијата од Северна Македонија, со хронолошката рамка од времето кога била во употреба уздата од локалитетот Пилав Тепе, покажува дека тие совршено се вклопуваат и јасно може да ги видиме нивните сличности. Уздата била дел од коњичкатаопрема на коњот на воинот, неизбежна е и можноста таада им припаѓала на т.н.офицери кои припаѓале на културните групи Падеја-Панаѓурски колонии. Оваа група е формирана на територијата одмодерна Југозападна Романија, Северозападна Бугарија и Североисточна Србија.Поради оваа причина е именувана по топоним од двете: Романија и Бугарија, додека нивната етничка или племенска припадност cè уште е нејасна.

Иако сите се согласуваат со доминантното влијание на Келтите или Скордијанците, културните групи Падеа-Панаѓурски колонии имале важна улога, и физички и културно заедно со Тракијците, Дакијците и другите племиња.Покрај тоа, повеќето од истражувачите се согласија дека тоа е транснационален феномен со кој управува воената елита.

Влијанието на културните групи Падеја-Панаѓурски колонии, главно, е означено и дефинирано со гробовите што содржат гробни прилози од оружје и коњичкаопрема како што е уздата од локалитетот Пилав Тепе.Концентрацијата на наодите на релативно мала географска област и мал хронолошки интервал ја поддржуваат хипотезата за унитарната култура.

Мислењето дека директна причина за хомогенизацијата на одредени значајни делови од севернобалканските племиња е пропаѓањето на античко Македонското Кралство, продолжувајќи со формирањето или, поточно, преобразувањето на античка Македонија во римска провинција, поточно, поизвесната хегемонистичка политика на Рим која ја води кон овој дел на Балканот. Фактот дека постоењето на културните групи Падеја-Панаѓурски колонии,може да се сумира во интервали од римската преокупација на античкото Македонско Кралство до 84 год. пр.н.е., кога тие биле катастрофално поразениод Scipio Praetorium Asiago, кој ја опустошил нивната територија и тие никогаш повеќе не биле сериозна воена сила или не ја вратиле својата моќ во овој регион.

Конечно, на самиот крај, може да заклучиме дека меѓу 120 и 84 год.пр.н.е. случаен непознат воин кој можеби бил јавен службеник во војската на Падеја-Панаѓурските колонии од Пилав Тепе, го закопал својот сакан коњ, кој или подлегнал на раните од некоја битка или умрел од природна смрт.

На крајот, со сета своја почит кон својот паднат другар, тој јо положил својата бронзена кружнатока во гробот на коњот додека ја кажувал молитвата:„БОЖЕ, ТЕ МОЛАМ, ПОМОГИ МИ ДА НЕ ОДАМ ВО РАЈ КАДЕ НЕМА КОЊИ“.

Белешки

  1. Маркоски Б. et.al, 2016, 143-144, сл. 4.33. ↩
  2. Археолошка карта, 1996,445. ↩
  3. Археолошка карта ,1996,429. ↩
  4. Венедиков И., 1957, 161. ↩
  5. НиколовБ., 1965, 174-186, обр. 15,17,23,25,26. ↩
  6. TodorovićJ., 1968, 148. ↩
  7. TodorovićJ.,1972, 66, 80. ↩
  8. Božić D., 1984, 136. ↩
  9. StojićM.,2003, 72. ↩
  10. Balen-Letunić D., 1986,141. ↩
  11. Wozniak Z.,1976, 394. ↩
  12. Werner-Wolfgang M.,1988,81-100. ↩
  13. ТорбовН., 1998, 15, обр.3. ↩
  14. ТорбовН., 1998, 32. ↩
  15. Bondoc D., 2009, 144, сл.8/26 ↩
  16. Rustoiu A., 2002, 53. ↩
  17. Stojić M.,2003, 81. ↩
  18. Borangic C., 2014, 280. ↩
  19. Borangic C., 2014, 279-280. ↩
  20. Todorovič J.,1972, 15. ↩
  21. Rustoiu A., 2012,176. ↩
  22. Rustoiu A., 2005, 109. ↩
  23. Borangic C., 2014, 277. ↩
  24. Łuczkiewicz P.- Schönfelder M., 2008, 162. ↩
  25. Božić D.,2004, 6. ↩
  26. Łuczkiewicz P.- Schönfelder M.,2008, 162. ↩
  27. Todorovič J.,1972, 16, Т. VI. ↩
  28. Božić D.,1984, 135, сл. l.1:1, 1:4. ↩
  29. Lepetz S., 2013, 317, сл.8 ↩
  30. Antikas T., 2011, 9. ↩
  31. Kmeťová P., 2017, 108. ↩
  32. Kmeťová.,Barta., 2017,203. ↩
  33. Majnarić-Pandžić N., 1999 - 2000, 27. ↩
  34. Majnarić-Pandžić N., 1999-2000, 29. ↩
  35. Kmeťová P. - Barta P., 2017, 203. ↩
  36. https://archaeologynewsnetwork.blogspot.com/2018/11/himera-one-of-greatestarchaeological. html#YUUi7pEjl1r0GLVy.97 ↩
  37. Antikas G.T., 2008, 25. ↩
  38. https://greece.greekreporter.com/2016/01/14/intakt horse-skeleton-discovered-in-ancient-greek cemetery/ ↩
  39. Papazoglu F.,1969, 216. ↩
  40. Papazoglu F., 1969, 217. ↩
  41. Papazoglu F.,1969, 217. ↩
  42. Papazoglu F.,1969, 220. ↩
  43. Papazoglu F.,1969, 221. ↩
  44. Papazoglu F.,1969, 221. ↩
  45. Papazoglu F.,1969, 224-226. ↩
  46. Papazoglu F.,1969, 221. ↩
  47. Papazoglu F.,1969, 227. ↩
  48. Papazoglu F.,1969, 228. ↩
  49. Papazoglu F.,1969, 228. ↩
  50. Papazoglu F.,1969, 228. ↩
  51. Papazoglu F.,1969, 230-233. ↩
  52. Papazoglu F.,1969, 240. ↩
  53. Papazoglu F.,1969, 241. ↩
  54. Papazoglu F.,1969, 241-254. ↩
  55. Papazoglu F.,1969, 261. ↩

Summary

The Horse from Pilav Tepe

In July 2018, with the protective archeological excavations at the Pilav Tepe site, a skeleton of a sacrificial horse was found in the eastern part.

The horse was found lying on its left side, with its neck bent, while its skull was positioned and resting on its lower jaw. The upper part of the skull is missing from the found material. The position of the skeleton was oriented in the direction northeast - southwest, facing east, with dimensions of about 1.60 m in length, 0.60 m in height of the chest and 1.10 m in the legs (outer parts of the horse’s hooves).

The horse’s legs, namely the position of the metacarpal bones and hooves, including the two front and rear axles, were placed in a position parallel to each other.

A bronze turquoise was tied around the jaw, while the horse’s bridle was found south of the found horse skeleton.

In the following text, among other things, we try to give the answers to the following questions:

1. Was the horse’s skeleton a sacrificial ritual or just an ordinary burial?

2. If there was a burial, was the horse buried alone or with its rider?

3. Was the horseman of local origin or a foreigner?

4. In what context or historical event were the horse and rider buried?

Comparing the chronological frame in which the presence of the Scordians together with the other tribes on the territory of Northern Macedonia, with the chronological frame from the time when the reins from the locality Pilav Tepe were in use, shows that they fit perfectly and we can clearly see their similarities. .

The bridle was part of the equestrian equipment of the warrior’s horse, it is inevitable that it also belonged to the so-called officers who belonged to the cultural groups Padea-Fair fairs.

This group was formed on the territory of modern southwestern Romania, northwestern Bulgaria and northeastern Serbia, therefore, for this reason it is named after both: Romania and Bulgaria, while their ethnic or tribal affiliation is still unclear.

Although all agree on the dominant influence of the Celts or Scordians, the cultural group Padea-Panagjurian colonies played an important role, both physically and culturally alongside the Thracians, Dacians, and other tribes. ruled by the military elite.

The influence of the cultural group Padea-Panagjurski colonies is mainly marked and defined by graves containing grave items of weapons and equestrian equipment such as the reins of the Pilav Tepe site. .

The opinion that the direct reason for the homogenization of certain important parts of the northern Balkan tribes is the collapse of the Ancient Macedonian Kingdom, continuing with the formation or more precisely the transformation of Ancient Macedonia into a Roman province, more precisely the hegemonic policy of Rome, leads to this part of the Balkans. The fact that the existence of the cultural groups Padea-Panagjurski colonies, can be summarized in intervals from the Roman occupation of the Ancient Macedonian Kingdom up to 84 years. BC, when they were catastrophically defeated by the Scipio Praetorium Asiago which ravaged their territory and they were never a serious military force or restored their power in this region.

Finally, at the very end we can conclude that between 120 and 84 BC, a random unknown warrior who may have been a public servant in the army of the Padea-Panaguri colonies of Pilav Tepe, buried his beloved horse, which either succumbed to wounded from a battle or died of natural causes.

Библиографија