Macedoniae acta archaeologica 23 (2021) · стр. 469–486

Археолошка проспекција со примена на геофизика на археолошкиот локалитет Исар - Марвинци

УДК 904:550.3(497.715)”-05/03”DOI https://doi.org/10.55973/MAA2123469n

Содржина
  1. Геолошка градба на археолошкиот локалитет Исар - Марвинци
  2. 1. Мерна опрема и мерна техника
  3. 2. Резултати од мерењето
  4. 2.1 Карти на геомагнетното поле на парцелата 1
  5. 2.2. Карти на геомагнетното поле на парцелата 2.
  6. 2.3. Карти на геомагнетното поле на парцела 3_1 и 3_2.
  7. 2.4. Карти на геомагнетното поле на парцелата 4.
  8. 2.5. Карти на геомагнетното поле на парцелата 5.
  9. 2.6. Карти на геомагнетното поле на парцелата 6.
  10. 2.7. Карти на геомагнетното поле на парцелата 7.
  11. 2.8. Карти на геомагнетното поле на парцелата 8.
  12. 2.9. Карти на геомагнетното поле на парцелата 9.
  13. 2.10. Карти на геомагнетното поле на парцелата 10.
  14. Заклучни согледувања

Археолошкиот локалитет Исар, село Марвинци, Валандово, претставува населба и некропола со континуитет од VII век пр. н.е. до IV век од н.е. Се наоѓа непосредно до селото, од неговата југозападна страна, на мошне пристапна височинка со извонреден поглед кон Валандовска Котлина и долината на Вардар.1

Во најраниот период на своето постоење населбата се протегала на просторот опфатен со Исар I и Исар II и зафаќала околу 5 ha. Исар I, всушност, претставува акропол на населбата подигнат на височинка пространа за опстанок. Акрополот бил закрепен со одбранбени бедеми и како таков егзистирал преку целиот хеленистички период. Во тоа време е населен и просторот на Исар II (сектор 5). Остатоците од куќи констатирани во сондата 6 со карактеристичен материјал го потврдуваат ова. Иако не се вршени пробни ископувања, судејќи според конфигурацијата на теренот, може да претпоставиме дека западната тераса на Исар II ја заштитувал одбранбен бедем. Населбата од овие два пункта постапно се шири, па во текот на хеленистичкото време се населени и најблиските тераси. Конципирана на овој начин, населбата имала карактер на економски, стратешки и религиозен центар во овој регион.2

Стратиграфските податоци укажуваат на три, односно четири хоризонти на живеење, од кои повеќето се уништени со уривање. Во текот на подолг временски период (од крајот на V до средината на II век пр. н.е.) за погребување се користи јужната некропола. Откриените гробови со богата содржина даваат јасна слика за промените во начинот на погребувањата и погребниот ритус.3

Исарот претставува една значително голема населба, која својот економски потенцијал го развила под локалните услови, прераснувајќи од помала агломерација во населба од градски тип. Уште во текот на раниот хеленизам, како значајна стопанска гранка се јавува рударството што го овозможувало присуството на рудни лежишта во регионот. Материјалните остатоци зборуваат дека рудата е обработувана во самата населба. Оваа појава не треба да зачудува кога се знае дека рударството во Пајонија имало длабока традиција.4

Во времето на раното Римско Царство населбата се развива и се проширува. Изгледа дека во ова време западниот крај на акрополот не бил населен, додека североисточниот дел има траги од живот. Градот во ова време ce шири и ги опфаќа соседните тераси. Обемниот археолошки материјал покажува дека градот во ова време доживува нагласен процут. Во I век претставувал автономна општина - полис, каде што постоел конвент на доселени Римјани.5

Кон средината на III век, најверојатно во времето на Готската наезда од 268 година, градот осетно настрадал. Овој историски податок се потврдува и со археолошките истражувања и со општиот впечаток за развојот на градот. Тој набргу се обновува и живее со несмален интензитет.

Во текот на III и IV век јужната некропола повторно се користи како простор за погребување. Со погребувањата од ова време се уништени многу постари гробови.6 До кога и со колкав интензитет се одржал животот на градот на Исарот cè уште не може да се утврди. Архитектонските објекти и движниот археолошки материјал го потврдуваат животот во текот на IV век. Меѓутоа, со откривањето на монета на Исак Ангел хронолошката рамка не е дефинирана. Натамошните ископувања секако ќе внесат нова светлина во постоењето и содржината на градот во ова време.

Изнесените претпоставки за идентификувањето на населбата со градовите Идомене или Добер остануваат cè уште недоволно потврдени.

Геолошка градба на археолошкиот локалитет Исар - Марвинци

Од геолошки аспект, ридот на кој е лоциран локалитетот Исар е изграден од циполини и шкрилци од палеозојска старост и биотитски гнајсеви од прекамбриска старост (сл. 1). Станува збор за стар метаморфен комплекс чија старост се проценува на повеќе од 600 милиони години.

Од геолошката карта може да се види дека поголем дел од објектот е сместен во биотитските гнајсеви.

Сл.1. Сателистка снима на тврдината Исар Штип
Сл.1. Сателистка снима на тврдината Исар Штип

Овие карпи се развиени источно од реката Вардар и се доминантен литолошки член на ридестиот потег јужно од селата Брајковци, Балинци и Марвинци. Тоа се ситнозрнести до среднозрнести, темносиво обоени стени со лентеста текстура во чиј состав влегуваат: кварц, фелдспати, биотит, епидот, гранат и поретко мусковит. Гнајсевите по својата распространетост и положба може да се смета дека претставуваат основни карпи на високометаморфниот комплекс на даденото подрачје, а останатите метаморфити се фацијални преоди.

Поради староста на овие карпи и нивната изложеност на атмосферските влијанија, тие се доста распаднати и грусифицирани, така што на површината на истражениот простор практично и не се среќаваат свежи изданоци на гнајсеви.

1. Мерна опрема и мерна техника

Целта на истражувањето беше да се истражи дел од локалитетот на кој се претпоставува дека постојат археолошки структури (гробови и објекти), кои би покажале минимални промени на геомагнетниот градиент на земјиното магнетно поле, кои би биле основа за натамошни археолошки истражувања.

Имајќи ја предвид поставената задача, проектирани се соодветни геомагнетни истражувања со зададена мрежа на мерните точки од дадените парцели. Иако се знаеше дека на истражуваниот простор не се користени печени тули, со исклучок на римската населба, кои прават поголеми аномалии на земјиното магнетното поле, сепак се очекуваше промена на мали вредности на градиентот поради нехомогеноста и некомпактноста на материјалот од кој се изработени гробовите.

За таа цел е направено едновисинско мерење со висина на сензорот од 1,5 m и 2 m на некои парцели за определување на градиентот на магнетното поле. Избрани беа карактетистични места каде би можело да се очекува промена на градиентот на тоталниот вектор на земјиното магнетно поле. Притоа, теренот беше поделен и означен на 10 парцели, додека некои парцели беа поделени на два дела. За секоја парцела се дефинираше строго определен правец на движење, насока и правилна поставеност на сензорот за мерење на аномалиите на земјиното магнетно поле. Парцелите беа исколчени со означени профили со должина од 50 m и место со белега на мерна точка (сл. 2). Така беа формирани 10 парцели составени од неколку па до 21 профили, во зависнот од теренот и со 21 мерна точка по профил, што значи за секоја парцела имаше од 200 до 441 мерни точки. На секоја мерна точка на археолошкото наоѓалиште беше означено местото каде се вршеше мерењето на тоталниот вектор. Се претпоставуваше дека растојанието од 2,5 m на поставеноста на мерните точки и висина на мерниот сензор од 1.5 m ќе биде доволна резолуција за да се забележи некоја карактеристична аномалија за појавата на магнетни диполи, кои би се формирале доколку има некоја нехомогеност и различна магнетичност на материјалот.

Сл. 2.
Сл. 2.
Сл. 3. Geometrics (лево) и Bison (десно) протон магнетометри.
Сл. 3. Geometrics (лево) и Bison (десно) протон магнетометри.
Сл. 4. Геомагнетна и сеизмолошка опсерваторија на УГД.
Сл. 4. Геомагнетна и сеизмолошка опсерваторија на УГД.

Во геомагнетните истражувања се користени инструменти за геофизички, односно геомагнетни испитувања на археолошкиот локалитет Исар. Мерењата се изработени со користење на три инструменти - Geometrix и два Bison протон магнетометри. На сл. 3 се претставени двата типа протон магнетометри.

Поради природата на испитувањата каде се користат (определување на археолошки локалитет) магнетните испитувања се засноваат на определување аномално поле со чија регистрација би се определило присуството на конструкција со различна густина и карактеристики во геолошкиот комплекс.

За прецизно определување на аномалното поле потребно беше да се елиминираат сите останати интерференции врз регистрираното магнетно поле, а најважна корекција претставуваше дневната варијација на земјиното магнетно поле.

Сл. 5. Вариометар LEMI 008 и запис на трите компонети од дневната варијација
Сл. 5. Вариометар LEMI 008 и запис на трите компонети од дневната варијација
Сл. 6. Антени за мерење на електромагнетното поле.
Сл. 6. Антени за мерење на електромагнетното поле.

На територијата од Република Македонија, на планината Плачковица, (сл. 4) има функционална магнетна опсерваторија каде се следат и дигитално се запишуваат промените на варијацијата на магнетното поле на X, Y и Z компонента за секоја секунда.

На тој начин се симулира работата на геомагнетната опсерваторија, односно се изработува базна линија за дадениот простор во периодот на геомагнетните мерења. На сликите 5 и 6 е даден приказ од опремата која е во функција во објектот на УГД на планината Плачковица.

Податоците од дневната варијација, исто така, беа споредени и со податоците од опсерваторијата во Србија (Гроцка) и Грција (Атина) кои на глобално ниво не се разликуваат многу. Деновите кога се вршеше мерењето магнетниот индекс беше многу мал, речиси к=1, така што немаше некои поголеми промени на магнетното поле, корекцијата беше речиси незабележителна.

Мереното магнетно поле пред интерпретацијата се коригира за дневните варијации регистрирани од вариометрите од опсерваторијата во ист временски интервал. Во нашиот случај вредностите беа корегирани за некои парцели на секунда, а за некои на минута, во зависнот од земањето на податоците.

2. Резултати од мерењето

2.1 Карти на геомагнетното поле на парцелата 1

Сл. 2.1. Карта на тоталниот вектор на магнетно поле на локалитет Исар, парцела 1.
Сл. 2.1. Карта на тоталниот вектор на магнетно поле на локалитет Исар, парцела 1.
Сл. 2.2. Карта на корегиран геомагнетен градиент на локалните аномалии на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 1.
Сл. 2.2. Карта на корегиран геомагнетен градиент на локалните аномалии на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 1.
Сл. 2.3. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле за парцелата 1.
Сл. 2.3. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле за парцелата 1.

2.2. Карти на геомагнетното поле на парцелата 2.

Сл. 2.4. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 2.
Сл. 2.4. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 2.
Сл. 2.5. Карта на коригиран геомагнетен градиент на локалните аномалии на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 2.
Сл. 2.5. Карта на коригиран геомагнетен градиент на локалните аномалии на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 2.
Сл. 2.6. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно - поле за парцелата 2.
Сл. 2.6. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно - поле за парцелата 2.

2.3. Карти на геомагнетното поле на парцела 3_1 и 3_2.

Сл. 2.7. Карта на тоталниот вектор на локалитет Исар, парцела 3, со поставеност на сензорот на висина од 2 m, дел 1 и висина од 1,5 m, дел 2.
Сл. 2.7. Карта на тоталниот вектор на локалитет Исар, парцела 3, со поставеност на сензорот на висина од 2 m, дел 1 и висина од 1,5 m, дел 2.
Сл. 2.8. Карта на коригиран геомагнетен градиент на локалните аномали на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 3-1 и 3-2.
Сл. 2.8. Карта на коригиран геомагнетен градиент на локалните аномали на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 3-1 и 3-2.
Сл. 2.9. Релјефни карти со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 3, дел 1 и дел 2.
Сл. 2.9. Релјефни карти со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 3, дел 1 и дел 2.

2.4. Карти на геомагнетното поле на парцелата 4.

Сл. 2.10. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 4.
Сл. 2.10. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 4.
Сл. 2.11. Карта на коригиран геомагнетен градиент на локалните аномали на магнетното поле на локалитетот Исар, парцела 4.
Сл. 2.11. Карта на коригиран геомагнетен градиент на локалните аномали на магнетното поле на локалитетот Исар, парцела 4.
Сл. 2.12. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле за парцелата 4.
Сл. 2.12. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле за парцелата 4.

2.5. Карти на геомагнетното поле на парцелата 5.

Сл. 2.13. Карти на тоталниот вектор на локалитет Исар, парцела 5, со поставеност на сензорот на висина од 2 m, дел 1 и висина од 1,5 m, дел 2.
Сл. 2.13. Карти на тоталниот вектор на локалитет Исар, парцела 5, со поставеност на сензорот на висина од 2 m, дел 1 и висина од 1,5 m, дел 2.
Сл. 2.14. Карти на коригиран геомагнетен градиент на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 5-1 и 5-2.
Сл. 2.14. Карти на коригиран геомагнетен градиент на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 5-1 и 5-2.
Сл. 2.15. Релјефни карти со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 5, дел 1 и дел 2.
Сл. 2.15. Релјефни карти со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 5, дел 1 и дел 2.

2.6. Карти на геомагнетното поле на парцелата 6.

Сл. 2.16.  Карти на тоталниот вектор на магнетното поле локалитет Исар, парцела 6, со поставеност на сензорот на висина од 2 m, дел 1 и висина од 1,5 m, дел 2.
Сл. 2.16. Карти на тоталниот вектор на магнетното поле локалитет Исар, парцела 6, со поставеност на сензорот на висина од 2 m, дел 1 и висина од 1,5 m, дел 2.
Сл. 2.17. Карти на коригиран геомагнетен градиент на тоталниот магнетен вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 6-1 и 6-2.
Сл. 2.17. Карти на коригиран геомагнетен градиент на тоталниот магнетен вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 6-1 и 6-2.
Сл. 2.18. Релјефни карти со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 6, дел 1 и дел 2.
Сл. 2.18. Релјефни карти со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 6, дел 1 и дел 2.

2.7. Карти на геомагнетното поле на парцелата 7.

Сл. 2.19. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 7, со поставеност на сензорот на висина од 2 m, дел 1 и висина од 1,5 m, дел 2.
Сл. 2.19. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 7, со поставеност на сензорот на висина од 2 m, дел 1 и висина од 1,5 m, дел 2.
Сл. 2.20. Карта на коригиран геомагнетен градиент на тоталниот магнетен вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 7-1 и 7-2.
Сл. 2.20. Карта на коригиран геомагнетен градиент на тоталниот магнетен вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 7-1 и 7-2.
Сл. 2.21. Релјефни карти со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 7, дел 1 и дел 2.
Сл. 2.21. Релјефни карти со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 7, дел 1 и дел 2.

2.8. Карти на геомагнетното поле на парцелата 8.

Сл. 2.22. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 8.
Сл. 2.22. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 8.
Сл. 2.23. Карта на коригиран геомагнетен градиент на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 8.
Сл. 2.23. Карта на коригиран геомагнетен градиент на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 8.
Сл. 2.24. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 8.
Сл. 2.24. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 8.

2.9. Карти на геомагнетното поле на парцелата 9.

Сл. 2.25. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 9.
Сл. 2.25. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 9.
Сл. 2.26. Карта на корегиран геомагнетен градиент на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 9.
Сл. 2.26. Карта на корегиран геомагнетен градиент на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 9.
Сл. 2.27. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 9.
Сл. 2.27. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 9.

2.10. Карти на геомагнетното поле на парцелата 10.

Сл. 2.28. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 10.
Сл. 2.28. Карта на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 10.
Сл. 2.29. Карта на коригиран геомагнетен градиент на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 10.
Сл. 2.29. Карта на коригиран геомагнетен градиент на тоталниот вектор на магнетното поле на локалитет Исар, парцела 10.
Сл. 2.30. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 10.
Сл. 2.30. Релјефна карта со сенка на промените на земјиното геомагнетно поле на парцелата 10.

Изработени се геомагнетни карти на тоталното магнатно поле и градиентни карти на тоталниот вектор на магнетното поле, од каде се гледа растот или падот на јачината на одредено растојание за секоја парцела.

Изолиниите на аномалното магнетно поле го реонизираат истражениот простор според неговите магнетни карактеристики. Ваквиот тип моделирање на податоците овозможува директна проспекција на испитуваниот простор, со што прецизноста на добиениот модел директно зависи од густината и бројот на геомагнетни профилни истражни линии.

Од истражувањата и анализата на геомагнетните дијаграми на аномалното поле е заклучено дека мерењата на помалата висина h = 1,5 m силно ги изразуваат блиските под површински аномалии и затоа во толкувањето се користени и мерењата на висината од h = 2 m на некои парцели.

На сликите 2.1 и 2.2 се дадени картите на тоталниот вектор на магнетно поле и гардиентот на локалните аномалии на локалитет Исар, парцела 1. Може да се види дека градиентот на аномалиите на магнетното поле се движи од -22 до 24 [nT] вкупно 46 [nT], а исто се забележуваат неколку поголеми аномалии кои можат да бидат од интерес на истражување со поставувањена археолошки сонди.

На сликите 2.4 и 2.5 се дадени картите на тоталниот вектор на магнетно и поле и гардиентот на локалните аномалии на локалитет Исар, парцела 2. Може да се види дека градиентот на аномалиите на магнетното поле се движи од -22 до 34 [nT] со вкупна промена од 54[nT]. Исто, овде се забележуваат неколку поголеми аномалии кои можат да бидат од интерес на истражување со поставување археолошки сонди.

На сликите 2.7 и 2.8 се дадени картите на тоталниот вектор на магнетно и поле и гардиентот на локалните аномалии на локалитет Исар, парцела 3. Оваа парцела е поделена на два дела. Едниот дел од парцелата е работен на висина на сонда од 2 m, дел 1, и вториот дел е работен со сонда на висина од 1,5 m. Од картите може да се забележи дека градиентот на аномалиите на магнетното поле се движи од -8 до 40 [nT] со вкупна промена од 48[nT] за делот 1. Овде се јавува поголема промена на магнетното поле во зависност од другите парцели. Но може да се забележи дека тоа е промена на геолошката средина, а не некоја локална аномалија на археолошка структура. Во делот 2 може да се одвојат неколку интересни аномалии иако градиентот е помал од -26 до 10 [nT]. Овде се забележуваат неколку аномалии кои формираат диполи кои можат да бидат од интерес на истражување со поставување на археолошки сонди.

Парцелата 4 е со иста големина 50 х 50 m како и претходните парцели. На дадените карти на сликите 2.10 и 2.11 може да се види промената на аномалиите на магнетното поле, каде градиентот се движи од -22 до 12 [nT]. Кај парцелата 4 може да издвоиме неколку аномалии за натамошни археолошки истражувања.

Парцелите 5, 6 и 7 со димензии 50 x 50 m, исто како и парцелата 3, се поделени на два дела. Делот 1, каде висината на мерната сонда е на 2 m и дел 2, каде висината на мерната сонда е 1,5 m. На сликите 2.13 и 2.14 можат да се видат промените на магнетното поле и големината на градиентот за парцела 5, каде се движи од -10 до 30 [nT] за дел-1 и -22 до 16 [nT] за дел 2.

На сликите 2.16 и 2.17 можат да се видат промените на магнетното поле и големината на градиентот за парцелата 6, каде се движи од -6 до 16 [nT],вкупно 22 [nT] за дел-1 и -20 до 16 [nT] вкупно 36 [nT] за дел 2.

На сликите 2.19 и 2.20 можат да се видат промените на магнетното поле и големината на градиентот за парцелата 7, каде се движи од -6 до 30 [nT],вкупно 36 [nT], за дел-1 и од-23 до 5 [nT] за дел 2, вкупно 28 [nT].

Парцелата 8 е со големина од 35 х 60 m и на геомагнетните карти може да се забележи промена на векторот на магнетниот градиент од -14 до 10 [nT], вкупно 24 [nT]. Исто така, и на оваа парцела можат да се издвојат места за поставување археолошки сонди.

Парцелата 9 е една помала парцела со димензии од околу 10 x 20 m (сл. 2.26), каде може да се забележи само една мала локална аномалија на магнетниот градиент со промена на магнетното поле од -2 до 9 [nT], вкупно 11[nT], која не е толку интересна.

Парцелата 10 со димензии од околу 55х65 mбеше последна изработена. На геомагнетните карти (сл. 2.29) може да се забележи промена на магнетниот градиент на локалното магнетно поле од -20 до 28 [nT] вкупно од 48 [nT]. Овде беа забележани повеќе места на аномалии на градиентот на магнетното поле кои би биле интересни за археологијата за изработка на истражни сонди.

Исто така, за секоја парцела се изработени и релјефни карти со сенка каде може убаво да се забележат геомагнетните аномалии.

Заклучни согледувања

Во рамките на геомагнетите истражувања на археолошкиот локалитет Исар - Марвинци се измерени и анализирани 10 парцели со вкупна површина од околу 2,3 ha.

Добиените резултати покажуваат ниски промени на магнетното поле и локалниот градиент, односно дека се работи за археолошки локалитет каде нема градби и објекти градени од печени тули, освен секторот на римската населба, кои предизвикуваат поголеми магнетни промени на магнетното поле од преку 100 и повеќе [nT]. Малите аномалии на магнетниот градиент веројатно укажуваат на археолошки појави (гробни конструкции).

За попрецизно утврдување на археолошките структури потребно е формирање на погуста мрежа со мерни точки. Во нашиот случај, мрежата беше изработена од 2,5 x 2,5 m, а од изнесените резултати може да се заклучи дека доколку би била погуста мрежата на мерните точки, до толку би имале поверодостојни резултати и претстава на самиот терен. За вакви мерења потребно е погуста мрежа од 0,5 до 1 m на мерна точка.

За подобро филтрирање на податоците за определуване на промените на магнетниот градиент потребно е двовисинско мерење на дадените точки.

Мерењата извршени на помали висини ги истакнуваат аномалиите предизвикани од причинители кои се поплитко залегнати и се со послаб интензитет, додека мерењата на поголема висина ги истакнува телата со поголема маса и релативно подлабока залегнатост.

За целосна потврда на извршеното магнетно истражување потребно е да се направи сондажно археолошко истражување на една од десетте парцели со цел потврдување на добиените резултати од геомагнетното истражување.

Белешки

  1. Соколовска В., 2011. ↩
  2. Соколовска В., 1986; Битракова-Грозданова В., 1987. ↩
  3. Соколовска В., 1986. ↩
  4. Картов В., 1972; Микулчиќ И., 1999. ↩
  5. Микулчиќ И., 1999. ↩
  6. Соколовска В., 1986. ↩

Summary

Archeological Survey with Application of Geophysics at the Archaeological Site Isar - Marvinci

The paper presents the geophysical i.e. geomagnetic surveyof the archaeological site Isar in the village of Marvinci, near Valandovo. The site is known as a settlement and necropolis near the village, on its southwest side, at an easy approachable hill with exceptional view on the Valandovo valley and the Vardar River.

The purpose of the survey was exploration of part of the site assumed to have archaeological remains which will show minimal changes in the magnetic field and provide basic information for future archaeological research.

Following the task, geomagnetic survey was applied in the given grid of measurement points of the parcels. The terrain was divided into ten parcels with defined direction of movement and regular set up of the measurement sensor. Sections with 50 metres length were applied on every parcel with mark of every measurement point. The distance between the points was 2.5 m.

The geomagnetic measurements were performed by using proton magnetometres with 1.5 m high sensor. This was adequate resolution to register some typical anomalies which will appear if there is some non-homogeneity or different magneticities of the material.

Библиографија