Macedoniae acta archaeologica 23 (2021) · стр. 11–24

Анализи и проблемите во датирање на слоевите во пештерата Голема Пешт

УДК 903:551.442(497.782)”632”DOI https://doi.org/10.55973/MAA2123011sh

Содржина
  1. Кампања 2013/2016/2018 год.
  2. ЕСР - датирање и проблеми
  3. Методи
  4. Дозиметрија во пештерскиот седимент
  5. Ефекти врз датирањето со ЕСР
  6. Заклучок

На локалитетот Голема Пешт, с. Здуње, Македонски Брод, се потврдени траги од присуство на човекот и од неговата дејност, и тоа од најраниот период - палеолитот. Пештерата, секако не е случајно користена, на што упатува и релјефот околу неа. Местоположбата ѝ овозможува мошне добра прегледност кон околината и реката Треска (денес вештачката акумулација „Козјак“).Голема Пешт е создадена во конгломерат од мермерни доломити и падински бречи. Припаѓа на типот едноставни и суви пештери. Внатрешноста ја сочинува една голема просторија долга 31 m, широка 18,5 m, а влезот е во вид на свод со ориентација конјугоисток и широк е 12 m, а висок 3,5 m. Неправилното по форма плато, широко околу 3 m, постепено преминува во благиот релјеф на теренот.1

Од 1999 година до денес се спроведени 10 истражувачки проекти. Ископувањата се вршени и во предниот дел од пештерата, и тоа се две сонди кои зафаќаат површина од 18 m2 и во задниот дел од пештерата, исто две сонди од речиси 20 m2.

Стратиграфската слика на локалитетот ја сочинуваат 21 слој со длабочина од 5,5 m, без да се стигне до дното на пештерата. Седименетацијата е силтна (од мил), песочна и со дробина, и има димензии од ~ 0,01 cm до > 1 m во дијаметар. Литичкиот археолошки материјал и типолошки и технолошки се врзува со периодите на доцниот и средниот палеолит. Примарната суровина во ансамблот е кварцот и бел и прозирен, а нешто поретко се среќаваат и кварцитот, риолитот, базалт, јаспис и кремен.2

Локалитетот Голема Пешт засега е единствен палеолитски локалитет во Република Северна Македонија во кој се спроведуваат мултидисциплинарни пристапи во истражувањата поради решавања на различни прашања во толкувањето на резултатите3.

Карта 1. Позиција на локалитето, Голема Пешт, С. Здуње
Карта 1. Позиција на локалитето, Голема Пешт, С. Здуње
Основа - Голема Пешт, с. Здуње
Основа - Голема Пешт, с. Здуње

Кампања 2013/2016/2018 год.

Во истражувачките кампањи водени во 2013/2016 и 2018 година не се вршени класични археолошки ископувања, туку применета е методологија која подразбира можности и услови за земање и документирање на примероци на седиментацијата од стратиграфските слоеви и нивно пренесување во повеќе лаборатории за натамошно спроведување на анализи. Од страна на истражувачите од геолошката лабораторија при Институтот за нуклеарни истражувања во Унгарија, за потребите за датирање со методот U/Th и палеомагнетна анализа, земени се коралоидни украси од средноплеистоценските слоеви на сондата 1, како и јаглен и животниска коска за кои примероци веднаш се испостави дека се контаминирани, па не дадоа резултати.

За потребата на лабораторијата за оптичко стимулирана луминисценција (ОСЛ) при Институтот „Макс Планк“, Лајпциг, Германија, земени се пет примероци од седимент од горните слоеви на сондата 2 од слојот 1 до слојот 5.

Со геоархеолог е извршена ревизија на досегашната стратиграфска слика на локалитетот и притоа е заклучено дека нема отстапки и грешки при нејзиното водење во изминатите истражувања. Исто така, земени се и примереоци од секој стратиграфски слој за Геолошки микро- и макропресек на седиментацијата. Во состав на истражувачките сезони 2016 - 2018 година земени се и примероци од седимент за датација со електроспин резонанца (ЕСР), а од предходните ископувања се издвоени животински заби. За овој настанат проблем, методот и датацијата опишано е понатаму во текстот.

ЕСР - датирање и проблеми

Во забниот глеѓ ЕСР ги мери ХАП сигналите на g = 2.0018 ± 0.0002, чијашто средна вредност на времетрање на сигналот е τ ≈1019 γ4. Доколку забот доживее ниска доза на радијација, минималните и максималните апсолутни граници би биле релативно високи, додека високата доза на радијација го спушта нивото на апсолутниот временски лимит. Преку споредба на радиоактивната доза акумулирана во глеѓта со интерната и екстерната доза на радијација која е во контакт со глеѓта, ЕСР користи радијациски сензитивни сигнали за датирање на хидроксипатидите (ХАП) во забната глеѓ:

Формула

каде AΣ = вкупно акумулирана доза во примерокот

D ∑ (t) = вкупна доза

D int (t) = интерна доза од забот; U, и други радиоизотопи

D sed(t) = екстерна доза од седиментарниот U, Th, K и други радиоизотопи

D cos (t) = екстерна доза од космичка радијација

t 1 = старост на примерокот

t 0 = денес.5

Во датирањето на забите D int (t) зависи од глеѓта и историјата на денталната употреба. Во повеќе случаи ниту D sed (t) ниту D cos (t) не остануваат константни со времето. D cos (t) опаѓа кога седимент или вода се акомулира над забот, но доколку има некакви еродивни експозиции тогаш истиот расте. D sed (t) варира во зависност како депозитот, ерозијата или седиментрната дијагенеза ja менуваат седиментарната композиција, дебелината или ориентацијата околу забот. Кај забите пронајдени во среднопалеолитските слоеви на пештерите - слабо зачуваната глеѓ и денталната U концентрација најчесто создава пониска D int (t), додека Dcos (t) има тенденција да биде помал во споредба со D sed (t). Па така, точните ЕСР датуми најчесто зависат од точноста на D sed (t) мерењата.6

Во квадратот F14a – F14b во сонда 2 со површина од 0,5 м 2 во 2018 се отвори „пробна“ сонда со цел да се согледа како седиментарната радиоактивност во плеистоценските слоеви 1-3 и како таа влијае на точноста и прецизноста на искалкулираните ЕСР датуми. Многу археолошки локалитети (особено во пештерите) имаат нехомоген седимент што генерира нееднаква доза на зрачење, кој што најчесто се концентрирани во повеќе тенки, но минеролошки различни слоеви. За да се измери D sed (t) апсорбиран од забот, како и индивидуалниот D sed,i (t) за секој слој и во рамките на сферите што го генерираат достигнувањето на вкупната доза апсорбирана од забот која треба да се пресмета - за β зрачењето таа сфера има радиус од ~ 3 mm , но за γ радијацијата, радиусот е во просек од 30 cm. Па така, за да се пресмета дозата на седиментарните β зрачења во финиот матрикс, којашто е веднаш до или, пак, на примерокот, обично се анализираат со помош на неутронска активација (NAA) или други радиохемиски анализи. Воспоставувањето на временски и волуметриски просечени дози Dsed, γ (t), од гама извори вообичаено бара повеќе анализи на неколку различни слоеви, пронајдени над и под забот.7 Така, мора да се измери D sed,i (t) којашто е индивидуалната D sedi,j (t) за секоја минералошка компонента j во секој слој i со цел да биде измерен D sedγ (t). Потоа, волуметрискиот придонес од секој D sed,i,j (t) мора да се интегрира врз секој D sed,i (t) и волуметрискиот придонес D sed,i (t) мора да се интегрира врз целата сфера од 30 cm. За β радијацијата таа сфера вообичаено вклучува само еден или два седиментолошки слоеви, додека за γ сферата често содржи и > 5 слоја. Во повеќето пештерски локалитети дробината или карбонатните фрагменти кои се одронуваат од плафонот или ѕидовите на пештерата претежно имаат ниска вредност на D sed,eb (t). Ситнежот се меша со финиот седимент кој се состои од кварц , глинени како и други минерали, коишто претежно имаат повисока D sed,i (t) отколку ситнеж кој е сиромашен со U ,Th, K. Во археолошките, а и палеонтолошките локалитети, може да се содржат просечно < 5 vol% во некои слоеви, но може да сочинуваат и > 50 vol% во други делови. Кај високите U концентрации, кој се просечно од 5 - 50 ppm, дури и повисоко во некој пештери, придонесот на коските и забите богати со U или D sed,os(t), може значително да ја зголеми sed(t). Во палеолитските локалитети другите крупни класти направени од кремен или други камења богати со кварц, црвен или зелен окер, различни магматски или метаморфни камења како и разни минерали, па и дрвото подеднакво, можат да предизвикаат многу различна D sed,j (t). Така, во секој слој е можно да има потреба да се врши мерење на најмалку 3 ако не и од > 10 минералошки компоненти со сопствена D sed,j (t). Конечно, промените во индивидуалната D sed,j (t) коишто може да варираат со време, исто така мора да бидат интегрирани преку време: а) степен на апсорпција или загуба на U во минералите како коски кои абсорбираат или губат U ако коскената концентрација се задржи ≲ 5 vol % и нејзината концентрација на [U sed,os] е во просек ≲ 5 ppm, нејзиниот придонес со D sed,os (t) на sed (t) ќе биде мал,8 каков што беше случајот со Голема Пешт. Какви било промени во [U sed], промените низ времето веројатно би биле помали од несигурноста на средната вредност на Dsed (t); б) степен на апсорција или загуба на Th во минералите како глини, кој абсорбираат или во ретки случаи губат Th: ако концентрацијата на глина останува ≲ 5 vol % и нејзината концентрација [Th sed,clay] е во просек ≲ 5 ppm различна од финиот матрикс [ Th sed, matrix], нејзиниот придонес со D sed,clay(t) на средната вредност за D sed (t) ќе биде мала9, каков што беше и случајот во Голема Пешт. Какви било промени во [Th sed] промени низ времето вообичаено се помали од несигурноста на средната вредност на Dsed (t); в) згубата на Rn или други растворливи елементи од седиментарни компоненти богати со U или Th.10 Повторно ако коската има низок [ U sed,os] и останува ≲ 5 vol %, ефектот на загуба на Rn најверојатно ќе биде минимален, каков што беше случајот со Голема Пешт. За минерали богати со Th, како глините, таквите ефекти веројатно ќе бидат ниски ако [ Th sed,clay ] не се разликува многу од оној во седиментот и целокупно останува ≲ 5 vol %; г) промените во D sed,j (t) кој се должат на измени во концентрациите на вода во седиментот, во рамки на компонентот j [W sed,j (t)] низ времето.11 За да се пронајде просечната водена концентрација низ времето [sed,j (t)], потребно е да се интегрираат гореспоменатите промени врз времето за секоја компонента пред да се калкулира просечната водена концентрација низ времето за секој слој i [sed,j (t)]. Во Голема Пешт грубите силтно-песокливи агрегати содржат мало количество на глина. Бидејќи примероците од седиментот беа собрани од пробната сонда која е отворена пред повеќе од 10 години, недостасува прецизно изкалкулирана (модерна) вредност [W sed (t0)] за сите слоеви, така што се претпостави дека просечната водена концентрација [ sed (t)] е = 10 ± 5 wt %.

Методи

За да се измерат Dint (t) и D sed (t), енмаил, дентин и коска, заедно со асоцираниот седимент беа здробени до ≤ 0,0025 mm ( сито број 500 ) и анализрани со NAA за U, Th, K. Останатите примероци беа анализирани само за U. По ирадијација од 60,0 s и задоцнување од 10,0 s., U беше мерен во времетраење од 60,0 s во автоматски систем за мерење на задоцнети неутрони. Th и К беа мерени во времетрање од 20,0 min. во Υ бројач. Ирадијацијата со Th траеше 1.0 hr и беше мерена после задоцнување од 7 дена, а кај К имаше задоцнување од 24 - 30 h и ирадијација 60.0 s. За да се осигура точноста сите резултати беа калибрирани по стандардот NIST 1633B12. Со цел да се датираат слоевите од горен и среден палеолит (ГП-СП) во Голема Пешт, почетно беа подготвени 4-8 субпримероци, од три заба на копитари (Ungulata), сите од сондата 2, но повеќето мораа да бидат рекомбинирани со цел да има доволен број сегменти за анализа. Во сите три заба сиот енмаил просечно содржеше < 0,30 ppm U. Ако глеѓта во AT77en1 имала дентална контаминација, тогаш поверојатно е дека U придонесот во глеѓта да би бил во просек 0,05 - 0,08 ppm, што е слично на U придонесите кај другите 2 заба од пробната сонда. Сиот дентин во примерокот АТ77 содржеше просечно помалку од 4.0 ppm U, додека се појавија малку повисоки концентрации во примерокот АТ80 од контакт зоната на слоевите 4/5а. При толку ниски концентрации на U во АТ77 и меѓу различните старости од моделите за абсорпција на U, се појавија минимални разлики. Што значи точноста и прецизноста во датирањето на АТ77 строго зависи од староста на D sed (t).

Табела 1. Ефектот на [W sed] врз D sed (t) во Голема Пешт
Табела 1. Ефектот на [W sed] врз D sed (t) во Голема Пешт

Дозиметрија во пештерскиот седимент

Со цел да се воспостави дали огништата во слоевите на ГП-СП имале различна стапка на седиментарни дози, отколку слоевите без огништа, измерени беа 60 седиментарни компоненти со NAA. Од рецентниот слој до горното ниво на слој 3, примероци од седимент се собирани на секој 1 – 3 см вдолж профилот. Се претпоставува дека [ sed (t)] = 10 ± 5 wt % не предизвикува значајни неправилности во пресметаните седимнтарни дози, бидејќи седиментот би морал да биде речиси сосема заситен [ sed(t)] ≈ 40wt% низ целото свое постоење за да предизвика неточност или непрецизност во sed (t) (табела 1). Дополнително, луѓето па и пештерските мечки не би живееле на тло што е сатурирано (натопено) со вода.

Во Голема Пешт во најголем дел седиментот е составен од песоклив силт (мил) со дробина кој e типичен за Европски палеолитски пештерски локалитети. Во опсег од 0 vol%, a во некој од слоевите и до 90vol % (во слој 8), чиста дробина придонесе за D sed, β (t) = 30±18 µGy/Υ и D sed, γ (t) = 76±48 µGy/y на целокупната радиоактивност. Од слоевите 7 и 8 се земани примероци од сондата 1, бидејќи не се присутни во сондата 2. Со > 75 – 90 vol% дробина овие два слоја имаа ниска радиоактивност, D sed, β (t) < 60 µGy/y и Dsed, γ (t) ≤ 150 µGy/y. Локално формираните карбонати кои врзуваат неколку слоја бреча, како и сталагмитот во слој 6d, исто така имаат ниска радиоактивност D sed, β (t) = 63±13 µGy/y и D sed, γ (t) = 218±88 µGy/y. Бидејќи дробината најчесто содржи > 98% карбонат, неговото присуство ја менува pH вредноста на седиментот и водата која минува низ него на pH ~ 6,8-7,813. Ситнежот во Голема Пешт содржи доломит, која ги пуферира киселините побавно од ситнежот со калциум карбонатот или, пак, автигени цементи. Покрупниот партикулат пуферира киселини побавно, поради помалиот сооднос на површина - волумен. Но со оглед на количината на многу ситена до среед ситнеж седиментот во Голема Пешт врши добро пуферирање на повеќето места. Во секое огниште од квадратот F14a - F14b хоризонтите со јаглен и јагленисани остатоци, како и слоевите богати со светлосива до бела пепел имаат дебелина од 0,2 до 5 cm наизменично распоредено со светложолто до светлокафен силтно-песочен матрикс, каде што јагленот не ја обоил целината на седиментот. Некој од темнокафените до црни солеви содржат до 95% јаглен, јагленисано дрво како и коска. Белите до светлосиви пепелести слоеви содржат, главно, пепел од пудреста или крефка калцинирана коска со делумно изгорено дрво Радиоактивноста под коските варираше зависност од комплетноста на калцинацијата во огништето. Максималните придонеси достигнуваат до D sed, β (t) = 233± 23 µGy/y и D sed, γ (t) = 593 ± 38 µGy/y, бидејќи најголем дел од слоевите содржат ≤ 5% некалцинирана коска, нејзината содржина вообичајно не ја менува значително D sed, β (t) и Dsed, Υ (t). Некои слоеви содржат ситни варијабилни и кревки светложолто-портокалови честички од 0,02 - 0,2 mm во пречник од којшто повеќето, ако не и сите, се растворена или дијагенетски променета коска. Кај слоевите со овој вид честички процените на коскени дози засновани на оптички идентификувана коска може значително да ги намалила фактичките коскени концентрации кои ги гледаме во овие хоризонти при нивната депозиција. Останува да се истражи како коскената дијагенеза би ја променила стапката на U апсорпција во самата коска. Недостапните чисти седиментарни компоненти како пепел или јаглен од огништата беа сепарирани од големите седиментни примероци за NAA. Со тоа, глобалните тенденции во слоевите со висока минераолошка варијабилност беа анализирани за да се откријат извори на невообичаената радиоактивност. Во слојот 1 беа идентификувани осум различни субхоризонти во релација со неколкуте огништа делумно сместени во квадратот F14a - F- 4b (табла 2 и 3). Во хоризонтите со малку пепел или јаглен средната заднинска радиоактивност во седиментот е во опсег од D sed, β(t) 300 -350 ± 20 – 30 µGy/y и D sed ,Y(t) 600 - 6600 ± 40 – 44 µGy/y (табела 2). На местата каде што во седиментот била додадена пепел или јаглен од огништа, концентрациите на U и Th се намалуваат, исто како и вредностите на D sed,β(t), D sed, γ(t). Додавањето дробина во седиментот ги спушта и двете вредности уште повеќе, како што се гледа на 185 - 186 cm длабочина. Некои од огништата се со раб од крупни парчиња камен, што понатаму ги намалуваат истите вредности. Кога калциум карбонатот се загрева до ~ 825 - 850 ˚C и коските до ~ 700 - 1100 ˚C во зависност од фугативноста на O₂, двете се распаѓаат во форма на бела пудра при процес наречен калцинација. Загревањето на коска до 700 ˚C со ниска О₂ фугативност резултира со јагленисана/поцрнета коска. Поради кревката прашлива текстура калцинираната и јагленисаната коска и дробина може да бидат подложни на протекување на U и Th, што би можело да ги објасни разликите во геохемиските отстапувања кај огништата во слојот 1 (како и слој 0). Овој ефект останува да се тестира геохемиски.

Табела 2. Седиментарна радиоактивност во слоевите 0-3, Сонда 2, Голема Пешт.
Табела 2. Седиментарна радиоактивност во слоевите 0-3, Сонда 2, Голема Пешт.

Во слојот 2, во квадратот F 14 a - F14b, се забалежуваат помал број огнишни простори, што едноставно може да се должи на тоа што жителите ги направиле на други позиции во пештерата. На длабочина од 211 cm огништетото покажа мало намалување во D sed, β (t) и D sed, γ (t), но крупната дробина не покажува промена во остатокот од слојот 2. Во средината на слојот 2, на длабочина од 199 cm, уште еден краткотраен настан пројавува уште поекстремно отстапување во D sed, β (t) и D sed, Υ (t). Како резултат на ерупцијата од Campi Flegrei во Италија околу ~ 40 000, тефрата (вулканска пепел) од Campanian Ignimbrite (CI) покажува просечно 17 - 18 ppm [U sed], 50 ппм [Th sed] и 7,1 - 8,1 wt% K₂0. Иако во студијата на Лоу се публикуваат остатоци од CI криптотефрата во слоевите 2/3, во Голема Пешт не е нагласена нејзината точна длабочина. Кога ќе се измешаат 15 - 25 % од CI тефра со седимент најден непосредно над и под 199 cm се добива мешавина чиишто концентрации одговараат со оние на седиментот од 199 cm.

Иако, идеалниот сооднос за мешање на [U sed] е во просек само 15 -16 vol%, U е најмобилен од трите изотопи.14

Западен профил - сонда 2.
Западен профил - сонда 2.

Поради тоа најверојатно U e протечен од CI тефрата или граничните седиментарни зрна. Фактичкиот сооднос на мешње на CI: седимент веројатно бил поблизок до 23 - 26 vol% при настанувањето на депозитот пред околу 40 000 години отколку сега. Ако било, така, тогаш околу 38±6 vol% од [Utephra] е можно да протекле од тефрата. Така што, геохемиското отстапување на 199 cm веројатно резултира од мешањето на CI крипто тефрата со локалениот седимент од Голема Пешт. Како високо растворлив елемент не би се очекувало U да остане прикачен подолго време на грубите седиментни компоненти како ситнежот или кварцните кристали, кои се среќаваат во седиментот под 199 cm.15 Иако U можеби е абсорбиран на органските материјали во финиот матрикс близу тефрата,16 волуменот на органски материјали во хоризонтот со тефра или оние непосредно под него, е минимален. Доколку се случувала апсорпција на U на глинени површини, таа лесно би била исплакната од протечна вода.17 Во лабораториски симулации дентинот може брзо да апспорбира U и да продуцира високи дентинални U концентрации и до 80 пати повисоки од оние пронајдени во експерименталниот растворот за потопување на дентинот.18 Во согласност со својствата, U задржан поради излачувањето од тефрата, веројатно е да остане во забите, повеќе отколку во останатите седиментни компоненти.

Оттука, мешањето на криптотефра и седиментите со поинаква геохемија можно е да ја произвеле геохемиската девијација која е присутна на длабочина од 169 cm под затеченото ниво. Во Охридското и Преспанското Езеро, ~ 100 - 120 km југозападно од Голема Пешт, среќаваме најмалку шест помлади тефри над слојот со CI тефрата; која било од нив би можела да ја предизвика таа девијација. Cè додека не располагаме со подобро слика на геохемијата на тие тефри, несигурно е која од нив се јавува на 169 cm. Ниската вредност на [K tephra] укажува на можноста да потекнува од Егејското Плато, каде што дел од еруптирана маса има ниска вредност на калиум во пепелта [K tephra].19 Овие детални геохемиски анализи покажуваат дека додатокот на тефра, коскена и дрвена пепел, како и јагленот, влијае на D sed,β(t) и D sed,γ (t) од глобалните анализи на археолошките слоеви. Па оттаму, детални геохемиски анализи мора да се извршат за слоевите 3 - 5 од сондата 2, кои, исто така, изобилуваат со огништа, но и за сондата 1 од најраните кон најстарите слоеви, каде штонедостига подобро разбирање на ефектите на автогените цементи и превисоки вредности на sed(t).

Ефекти врз датирањето со ЕСР

Новите анализи открија потреба од користење на многу поголем број на хоризонти во слоевите од 0 - 3 за употреба во пресметката D sed (t), поради што староста на примерокот на забот AT77 мораше од ново да се калкулира (табела 3). AT77 лежи на 27 - 30 cm, од CI криптотефрата. Оттука, CI окупира 0,7 vol% од комплетната сфера, но придонесува со 1,8 vol% од D sed,γ(t) на AT77. Доколку CI депозитот би бил подебел, поконцентриран или поблиску до забот, можело да има поголемо влијание врз датирањето. Со цел да се датираат забите пронајдени во слојот 2 ефектот на радијацијата од блиските CI депозити ќе биде статистички значителен за точноста на датирањето. Бидејќи длабочината и времето на депонирање на криптотефрата се непознати, се отвори можност за калкулурање поточна и попрецизна мерка за временски просечено ext(t) за АТ77. Почетните процени за староста на АТ77 употребуваа само 4 седимнтарни анализи. Тие процени ја потценија ext(t) за 162 µGy/y. Што предизвика грешка во датирањето за 21 000 години во споредба со староста заснована на сите седиментарни анализи од сите досега расположливи слоеви и хоризонти. Со попрецизните вредности за ext(t) во комбинација со волуметриски и временски упросечените дози, се намалува несигурноста за староста на AT77 од 9% на 5%.

Табела 3. Ефектот на [W sed] врз D sed (t) во Голема Пешт
Табела 3. Ефектот на [W sed] врз D sed (t) во Голема Пешт

Со само еден субпримерок од еден заб од слојот 3 во комбинација со доказ за гелифлукција,20 можноста за реобработка на забите во слоевите од 3 до 5а не може да се занемари (според критериумите на Блеквел, 1994). Така што, треба да бидат датирани поголем број заби од сите слоеви. Понатаму, мора да се комплетираат подетални седиментарни анализи за слоевите од 3 до 6, во сондата 2 за да се осигура највисока точност и прецизност во староста на трите датирани заби. Сепак, староста за АТ77 е помалку веројатно значително да се промени, за разлика од промената која се појви при повторното пресметување со употребата постриктен протокол на земање примероци од седиментот и волуметриски и временски упросечените вредности на ext(t). Доколку [ U tephra ] навистина протекол од криптотефрата како што се сугерира погоре во текстот, забите под CI можеби делумно ако не и целосно попримиле од споменатиот [U tephra] во својот дентин, што би го покачил нивниот [U den].21 На пример, дентинот на АТ77 содржше просечно 3,5 до 3,9 ppm [U den], исто како и АТ80, додека кај АТ76 од слој 5а во просек изнесуваше 0,8 - 0,2 ppm. Во други пештери на Балканот некои заби датирани од доцниот плеистоцен покажуваат нивоа на [U den] 0,3-1,0 ppm како оние кај АТ76.22 Оттаму, АТ77 и АТ88 може да имаат повисок [U den] примен од [U tephra] протечен од CI криптотефрата. Ако е така, финалната старосна вредност за АТ77 и АТ88 може да бара употреба на четири стадиумски модел за да се објасни впивањето на [U den]. Тој модел треба да го процени нивото на [U den] во секој од забите непосредно пред таложењето на CI тефрата, по што би следувало зголемување на стапката на примање [U den]. Во периодот на МИС 2,23 додека седиментот бил замрзнат речиси целосно, престанува абсорбцијата на [U den]. Поради ова, точната старост на забите во слој 3 и 4 од сондата 2 е можно да треба да се моделираат според p = 2 - 4 наместо LU моделот за енмајлот и дентинот. Ова треба да се потврди преку тестови за протекување на CI тефрата. Друга компликација во разбирањето на седиментарната радиоактивност во Голема Пешт бара да се земе предвид дека CI тефрата протекла и во пониските слоеви преку солифукција,24 гелифакција, протекување вода или прераспоредување на седиментот поради сеизмички активности. Генерално, повисокиот [Th sed] и нешто повисокиот [U sed] во седиментот под тефрата во слој 2 и горното ниво на слојот 3 (Табела 2), аргументираат дека некои парчиња криптотефра можеби се пренела во слојот 3, но вредностите за [K sed] не се чинат значително повисоки. Овој проблем би се решил со микроскопска анализа на седиментот. Сепак, финалната старост за сите заби во сондата 2 мора да бидат повторно пресметани по извршување на повеќе анализи во слоевите од 3 до 6. Во сондата 1, која е поблиску до отворот на пештерата, не може да се занемари можноста за појава на повисоки концентрации на тефра. Поради тоа, датирањето во оваа сонда мора да се изврши по поголем број седиментарни анализи. Знаејќи за една, а можеби и две тефри во досегашните истражување и анализи во сондата 2, не може да се отфрли претпоствка дека во подолните слоеви на Голема Пешт можат да се пронајдат други слоеви со тефра.

Заклучок

Преку мерењето на радиоактивност на седиментот во и околу пештерата Голема Пешт се доаѓа до заклучок дека како вулканска пепел (CI tefra) така и остатоците од огништата во седиментот имаат влијание на стапката на седиментарните дози во слојот/слоевите и пресметаната старост на забите.

Тефрата од Campanian Ignimbrite (CI) има покачени концентрации на U (ураниум), Th (ториум) и K (калиум). Со додавањето оваа пепел на локалниот пештерски седимент се забележува големо геохемиско отстапување во концентрацијата на ториум, додека помалку забележливи се отстапувања во концентрациите на ураниум и калиум. Со тоа се покачува надворешното бета и гама зрачење [седиментарните дози, D sed,β(t) и D sed,γ(t)], на еднакво ниво со тие на 199 cm, каде имаше концентрација од вулканската пепел. CI веројатно изгубила 40% од својата концентрација на ураниум и поради тоа таа се пренесува во седиментот под 199 cm, односно во слоевите 2 и 3.

По земањето примероци во слоевите од 3 до 6 во сондата 1, а и со цел да се осигура опфаќањето на хоризонтите со тефра и огништа, мерењето и анализите со попрецизен протокол ќе бидат точни. Иако неколку огништа беа идентификувани во слоевите од 0-5, тие генерално предизвикуваат посуптилен ефект врз зрачењето [Dsed,β(t) и Dsed,γ(t)], освен кога е поголема присутноста на поголеми камења. Ниските концентрации на U,Th и K во дробината резултура со ниски зрачења [Dsed,β(t) и Dsed,γ(t)], кои забележително ја потиснуваат радијацијата. И покрај тоа што седиментарните анализи може да ги определат ефектите од таквите локализирани промени во радиоактивноста, анализата на 1 до 2 примероци од седиментот по слој нема веројатност да го идентификува комплетниот опсег, исто и доколку слојот покажува голема нехомогеност или пак хоризонтите се со мала дебелина кои се типични за археолошките наоѓалишта во пештерите. Затоа со цел да се осигура точноста на гама зрачењето [Dsed,γ(t)] при ЕСР и други датирачки методи како на пример со луминисценција, треба да анализираат повеќе примероци земени од повеќе различни места низ слоевите.

Според досегашните мерења, слојот 2 од сондата 2 припаѓа на вулканската пепел измерена во ~39/40.000 пр. н.е. (МИС 3 = 58-28 ка), нa длабочина од 196 cm. Во слојот 3 на длабочина од 223 - 235 cm примерокот на молар од бовид (заб од говедо?) пресметувањето со ЕСР е во 62 000 - 83 000 пр. н.е. (МИС 4 = 75/72-58 ка и МИС 5а = 84-75/72 ка), со грешка од 21 000 год.

Поради повисоките седиментарни дози предизвикани со вулканската пепел (CI тефра) во ~40 ka, луѓето кои живееле во регионот биле изложени на повисоки телесни дози, што веројатно во некоја мера го скратило нивниот животен век. Но поважно е дека луѓето немале можност за брзо оддалечување од зафатениот регион, земајќи ја предвид големината на вулканската дисперзија и волуменот на CI пепелта депониран низ Централна Источна Европа.25 Оттука, ефектот од вдишување на ситните и лесни „честички“ од криптотефра, веројатно придонела за повисока стапка на респираторни заболувања кај населението, вклучително и силикоза,26 бидејќи немале можност да ја избегнат тефрата, останувајќи „во внатрешноста на домот“. Вулканската пепел можеби не придонела значително за изумирањето на неандерталецот, бидејќи оваа ерупција нендерталските популации од Северна Европа ја преживуваат,27 но наслојувањето на тефрата можеби го забрзала нивнато локализирано изумирање во другите делови на Европа, потврдено источно од Италија, што потоа најверојатно му овозможува на анатомски модерниот човек да се прошири во овој регион.

Cè уште има потреба од подобро разбирање на тоа како коските, коскената пепел, вулканската пепел (тефра) и дробината се менуваат при загревање, калцинирање и дијагенетска промена и особено како тие влијаат на протекувањето, апсорбцијата и стапките и нивните несигурности во ураниумот, ториумот и калиумот (U, Th и К).

Белешки

  1. Шаламанов-Коробар Љ., 2013, 50. ↩
  2. Шаламанов-Коробар Љ., 2004-2006, 27. ↩
  3. Шаламанов-Коробар Љ., 2013, 48. ↩
  4. Skinner A. R., 2000, 52. ↩
  5. Deely A. E., 2011, 46 ↩
  6. Blackwell B. A. B., 2006, 123-153 ↩
  7. Blackwell B. A. B., 2000. ↩
  8. Blackwell B. A. B., 2000, 68. ↩
  9. Blackwell B. A. B., 2000. ↩
  10. Guibert P., 2009, 44. ↩
  11. Guibert P., 2009, 44. ↩
  12. Blackwell B.A.B., 1989, 89. ↩
  13. Pitty A., 1966, 59. ↩
  14. Ivanovich, M., 1992, 810. ↩
  15. Cherdyntsev V., 1971, 234. ↩
  16. Osmond J., 1992, 259. ↩
  17. Gascoyne M., 1992, 34. ↩
  18. Blackwell B. A. B., 2002, 97-118. ↩
  19. Blackwell B. A. B., 2016, 158. ↩
  20. Случувањата се одвивале на постојано замрзната почва (пермафрост). ↩
  21. Blackwell B. A., 2008, 179 -210. ↩
  22. Blackwell B.A., 2008, 200. ↩
  23. МИС 2 е морска изотопска фаза датирана во време од 29 000 до 14 000 год. пр. н.е. ↩
  24. Солифлукцијата има повеќе или помалку рамномерно влијае на вкупната дебелина на почвата и е резултат на целосен внес на вода од талог. Овој талог се движи со гравитација, помагајќи при циклуси на замрзнување/мраз. Знаците може да траат долго по промената на условите, како што беше случајот со постхумните места кои некогаш биле зачувани за време на ледено доба на плеистоценот. Солифлукцијата се смета за процес на глацијација. ↩
  25. Sulpizzio R., 2010, 3931-3967. ↩
  26. Силикоза е болест предизвикана од инхалирање на кристална прашина од силика која се карактеризира со воспаление на белите дробови. ↩
  27. Hublin J. J., 2012, 18743-18748. ↩

Summary

Analyses and Problems in Dating the Layers in the Cave Golema Pesht

Since 1999, ten research projects have been conducted at the Paleolithic site Golema Pesht, near the village Zdunje in Makedonski Brod. The stratigraphic image is composed of 21 layers, reaching to the depth of 5.5 m. The sedimentation is mostly silt and sand with the éboulis (roof rock) of ~ 0.01 cm to > 1 m in diameter. The lithic archaeological material is typologically and technologically connected with the periods of the Late, transition from Middle to Late and Middle Paleolithic. The primary raw material in the assemblage is quartz, and less frequent are quartzite, flint, rhyolite, basalt and jasper.

The research campaigns of 2013/2016 and 2018 did not include classical archaeological excavations. The applied methodology allowed opportunities and conditions for acquisition and documentation of samples from the sedimentation of the stratigraphic layers and their transport to multiple laboratories for further analyses. During the research campaigns, samples of sediment were taken for CI tephra dating (volcanic ash), electron spin resonance (ESR), and in the past excavations animal teeth were selected.

In order to date the UP-MP (Upper Paleolithic – Middle Paleolithic) layers at Golema Pesht, 4-8 subsamples of three teeth from ungulates from trench 2 were prepared. However, most of them had to be recombined in order to have adequate number of segments for analysis. The complete enamel of the three teeth averagely contained <0.30 ppm U (uranium). Sixty sediment components were measured in order to understand whether the hearths in layers from UP-MP had different rate of sediment dosage then the layers without hearths.

By measuring the radioactivity of the sediment in and around the cave Golema Pesht, we can conclude that same as the volcanic ash (CI tephra), the remains of hearths in the sediment also have impact on the rate of the sediment doses in the layer(s) and the calculated age of the teeth. The Tephra of Campanian Ignimbrite (CI) has increased concentrations of U (uranium), Th (thorium) and K (kalium). With the addition of this ash to the local cave sediment, we can notice great geochemical deviation in the concentration of thorium, while less noticeable are the deviations in the concentration of uranium and kalium. This increases the external beta and gamma radiation (sediment doses, Dsed,β(t) и Dsed,γ(t)), at the same level with those of 199 cm, where there was concentration of volcanic ash. CI probably lost 40% of its concentration of uranium and because of that it transfers to the sediment below 199 cm, i.e. in layers 2 and 3.

After taking samples from the layers from 3 to 6 in trench 1, and in order to include the layers with tephra and hearths, the measurement and analyses with more precise protocol will be accurate. Although several hearths were identified in the layers from 0 to 5, they generally cause more subtle effect on the radiation (Dsed,β(t) и Dsed,γ(t)), except in cases with large concentration of big rocks. The low concentration of U, Th and K in the crumb, results in low emission (Dsed,β(t) и Dsed,γ(t)), which noticeably suppresses the radiation.

Even though the sediment analyses can determine the effects of particular localized changes in the radioactivity, the analyses of 1-2 samples from the sediment layer does not have probability to identify the complete range, same as when the layer shows great inhomogeneity or the layers are less thick, which is typical for the archaeological sites in caves. This is why there should be more samples from many different places in the layers in order to achieve accuracy in the gamma radiation (Dsed,γ(t)) during ESR and other dating methods such as luminescence.

According to the present measurements, the layer 2 of trench 2 belongs to volcanic ash from ~39/40.000 BC (MIS 3 = 58-28 ka), at the depth of 196 cm. The sample of molar from bovid (tooth from cattle?) taken from the depth of 223-235 cm according to the ESR calculation belongs to 62.000-83.000 BC (MIS 4 = 75/72-58 ka and MIS 5a = 84-75/72 ka), with the error of 21.000 years.

There is still a need of better understanding of how the bones, bone ash, volcanic ash (tephra) and éboulis (roof rock) change with heating, calcination and diagenetic change, particularly how they affect the leakage, absorption, as well as their rates and uncertainties of uranium, thorium and kalium.

Библиографија