Macedoniae acta archaeologica 21 (2019) · стр. 121–152
Мали Дол - праисториска некропола кај селото Тремник, Неготино
Содржина
Археолошкиот локалитет Мали Дол кај с. Тремник, Неготино досега беше непознат за археолошката јавност. Првични податоци за оваа некропола се добиени од сопственикот на нивата, кој при изградба на штала наишол на камени конструкции, и притоа пронашол две бронзени игли кои ги пријавил во Музејот на град Неготино (план 1). Во 2008 год. Музејот на град Неготино со мала интервенција истражил четири гроба - цисти, од кои две биле видливи на површината на теренот, а другите растурени.1 Притоа, биле пронајдени две бронзени игли и една килибарна перла кои се датираат кон крајот на бронзеното време (XII век пр. н.е.).
Археолошки ископувања со заштитни мерки се одвиваа во текот на 2009 и 2011 год. на мошне ограничен простор, ограден со градинарски култури и винова лоза (сл. 1). Се констатираше дека првиот слој до длабочина од 30 cm беше преоран со земјоделски активности, а гробовите беа вкопани во слој светлокафена глинеста земја на длабочина од 0,80 до 1 m. Со истражувањето на предвидениот простор беа откриени вкупно 38 погребувања (план 2), кои припаѓаат на два хоризонта погребувања (план 3). Првиот хоризонт се датира во преодниот период од бронзеното кон раното железно време, а вториот во периодот на средниот век, т.е. во XI-XII век.2 Со употребата на некрополата во еден поширок временски распон забележани се појави каде што одредени гробови биле реупотребени и искористени од подоцнежните погребувања од вториот хоризонт.
Некрополата од преодниот период е од типот на рамни некрополи организирана во редови, а засега се документирани четири реда. Овие гробови ја претставуваат периферијата на некрополата која се шири на исток од нив. Источната граница се движи до врвот на ридот каде на површината се видливи бројни остатоци од растурени гробови. Досега е евидентно дека кон запад нема појава на гробови.3 Сепак, во овој степен од истраженост cè уште не може јасно да се утврдат нејзините граници. На просторот се наоѓаат бројни објекти за живеење и земјиште кое се користи за земјоделски активности, така што некрополата постојано претрпува одредени оштетувања.
Гробните форми се претставени со четири типа, и тоа: конструкции на цисти направени од поголеми и помали камени плочи, елипсовидни јами вкопани во слој на светлокафена глинеста земја, гробови со кремација во урни и слободни кремации.
Првата гробна форма - цисти (сл. 2) направени од камени плочи е најчеста, и во неа е практикувана инхумација. Тоа се гробови направени од поголеми и помали камени плочи, вкопани во претходно формирана јама со дно од набиена земја и покриени со камени плочи. На овој тип му припаѓаат гробовите бр. 1, 8, 10, 11, 16, 17, 28, 29, 30, 31 и 34. Гробовите биле формирани на тој начин што врз гробната конструкција - циста, бил направен насип од ситни и покрупни речни камења наредени еден врз друг во 2 до 4 реда, како што се гробовите 8 и 10 (сл. 3). Ваквиот насип од камења претставува гробен маркер, кој содржи елементи на тумуларните погребувања. Ова е многу честа појава кај гробовите од доцното бронзено време, а најдобра илустрација за тоа има во некрополата Уланци, но вакви примери среќаваме и во бројните некрополи од доцното бронзено време во Грција и Албанија. Кај повеќето гробови каде што се среќава појава на повеќекратни погребувања недостасува камениот насип. Кај двојните погребувања остеолошкиот материјал најчесто бил собиран покрај нозете на покојникот (сл. 4). Но кај неколку погребувања (како што се гробовите бр. 29, 30, 34) среќаваме појава на положување остеолошките остатоци од примарниот покојник врз гробната конструкција, т.е. врз покривните плочи на цистата (сл. 5). Во случај како што е гробот 30 (T.XV), покрај примарниот скелет положен врз гробната конструкција, се откри уште еден череп веднаш покрај цистата на ниво на покривната плоча. Се издвојува и еден интересен случај каде комората е поделена на два дела и во помалата комора беа положени остатоците од примарното погребување (сл. 6).
Втор гробен тип е гробната конструкција - јама (сл. 7) изведена со вкопување во слојот светлокафена глинеста земја, најчесто со овална форма, и потоа покриена со земја најчесто без никакви одбележувања (такви се гробовите бр. 33 и 37; T.XVII и T.XIX). Поретко површината на гробот ја означувале со покривање од камени плочи, како што е случајот со гроб 17 (T.VI) или, пак, со обрабување од речни камења, како што е гробот 14 (T.V).
Третиот тип се гробови - урни со кремација (сл. 8). Од овој тип гробови се откриени три погребувања (гроб 9, 26 и 27; T.II, T.XI, Т.XIII). Интересно е изостанувањето на гробната конструкција, дури не се забележува ни јама каде била положена урната. Остеолошкиот материјал заедно со прилозите бил положен во еден поголем сад од типот на амфора и потоа покриен со капак - сад со кантаровидна форма. Во еден случај амфората првично беше затворена со камен и потоа покриена со капакот. Со оглед на нивната малобројност, во овој степен на истраженост не можеме да зборуваме за нивната поставеност во рамките на некрополата, но едно е сосема извесно, т.е. дека тие ги почитувале претходните погребувања на инхумации и се погребувале во нивна непосредна близина (сл. 9).
Четвртиот тип гробови е слободна кремација покриена со крупни и поситни речни камења (сл. 10). Овој тип гробови е претставен само со едно погребување (гроб 20; T.VI). Гробната конструкција е претставена со една групација на помали и поголеми камења со кои биле покриени остеолошките остатоците на кремиран покојникот.
Посебна појава е конструкцијата со насип од речни камења наредени во четири реда, работно означена како гроб бр. 19 (сл. 11; T.VIII). Наликува на јама исполнета со камења, но без остатоци од остеолошки материјал. Поради недостапноста на теренот не можеме со сигурност да потврдиме дали се работи за лажен гроб или, пак, можеби дел од некаква конструкција поврзана со гробот 9 кој е во непосредна близина.
Во рамките на оваа некропола среќаваме биритуалност во погребувањето. Доминира погребување со згрчена инхумација, при што покојниците се ориентирани во правец исток- запад или југозапад-североисток (гробовите бр. 8, 10, 11, 14, 16, 17, 29, 30, 31 и 33; план 2 и 3). Притоа, жените се свртени на левата (сл. 12), а мажите на десната страна. Појавата е типична за културната група Уланци, евидентна во најдобро истражената некропола од оваа група, некрополата Димов Гроб кај селото Уланци, како и Водоврати.4 Покрај инхумацијата, се среќаваат и неколку гробови каде покојниците се кремирани. Притоа може да се констатира дека кремацијата била вршена на друго место, за кое засега немаме податоци. По кремирањето остатоците од остеолошкиот материјал биле исчистени и положени во урната. Само во еден гроб (циста) се појавуваат двата ритуали на погребување. Така, покрај остеолошкиот материјал на покојникот кој е положен во згрчена положба, има и остатоци од кремиран остеолошки материјал на друга возрасна индивидуа.5 Антрополошките анализи покажаа дека возраста на починатите е, главно, меѓу 40-50 години со исклучок на две деца од 6 и околу 10 години, еден јувенил (15-17 год.) и една возрасна индивидуа која живеела подолго од 65 години. Жените, главно, живееле до 40 година, а поголем дел мажите подолго од таа возраст.6 Скелетните остатоци се слабо зачувани, и се со динарска и динарско- медитеранска припадност, со што е потврдена сличност со покојниците од соседната некропола Димов Гроб кај с. Уланци. За жал, кремираните скелети се лошо зачувани и нецелосни, така што не можеше да се одредат нивните параметри, како што е и полот, освен тоа дека старосната граница е широко адултна (20-40 год.).
Што се однесува до гробните прилози, тие не се бројни, но се присутни во поголем број погребувања, иако има и такви гробови каде нема гробни прилози. Секако најброен е керамичкиот материјал. Покрај гробниот инвентар кој бил положуван во гробот, среќаваме бројна фрагментирана керамика како во гробот, така и околу него. Најверојатно таа е составен дел од некој погребен ритуал (T.XX).
Накит
Меѓу откриениот накит најзастапени се иглите (Т.XXIII.1). Засега се присутни четири типа на игли, и тоа: со купаста, конична, кружна и дисковидна глава. Иглите со купаста глава (Т.XXIII.1ѓ) претставуваат чест наод во гробовите од уланечката културна група,7 кои се среќаваат кај машките погребувања и тоа како дел од тоалетен сет, заедно со бронзен нож и камен острач (Т. XXIII.4-9).8 Иглите со конкавна глава (кат. бр. 6; Т.XXIII.1а, б) се застапени во две варијанти: со задебелување што одговара на тип Б-1 според Kilian - Dilmeier и без задебелување.9 Последниот тип игли со дисковидна глава (кат. бр. 1-2; Т.XXIII.1а) се познати во Вергина во најраните субмикенски погребувања и тоа кај женските погребувања, најчесто наоѓани во пар.
Покрај иглите, останатите наоди на накит се две спирално навиени обетки и два примероци на ѓердани (Т.XXIII.2). Овој тип обетки е мошне честа појава кај женските погребувања на некрополата Димов Гроб-Уланци. Карактеристичен е за субмикенските погребувања, каде многу често биле изработувани од благородни материјали (злато и сребро),10 но најчесто се наоѓаат примероци изработени од бронзена жица. На некрополата Мали Дол се открија неколку интересни примероци од ѓердани. Тие претставуваат составен дел од женскиот накит. Првиот е изведен од мониста со кружна форма од стаклена паста со сина боја (Т.XXIII.3),11 а вториот е направен од комбинација на неколку типа перли со различни димензии со жолта, бела и темнокафена боја од стаклена паста и коска (Т.XXXIII.10).
Утилитарни предмети
Влијанието на егејското бронзено време е мошне јасно воочливо кај трите бронзени ножеви (T.XXIII.6, 7, 9). Двете ножиња (T.XXIII.7, 9) се откриени како дел од тоалетен сет. Ножот со нитни (кат. бр. 13; T.I.1; T.XXIII.6) според N.K. Sandars е многу популарен тип во егејскиот свет и се среќава низ целиот период на доцното бронзено време (LH).12 Датирањето на овој тип ножеви е во периодот меѓу XIII-XII век пр. н.е.13 Вакви примероци се среќаваат и на некрополата Феја Петра.14 Посебно се интересни двата примероци (кат. бр. 14 и 15; T. XXIII.7, 9) без отвори за нитни на рачките. Во основа, тие припаѓаат на типот Ia според класификацијата на N. K. Sandars, но се забележуваат нови елементи, како што е врежувањето две паралелни линии на горниот дел од сечилото и закривената рачка. Со тоа, оваа група ножеви ќе се одвои како локална варијанта на групата Уланци.15
Откриени се два тоалетни сета составени од еден камен острач, бронзен нож и бронзена игла (T.VI; T.XIII). Тие имале функција за одржување на хигиената. Вакви примероци среќаваме и во машките гробови на некрополата Димов Гроб, како и во гробот во Хиподром.16 Камениот острач хронолошки не е осетлив предмет, но зборува за непосредната поврзаност со подоцнежните, т.н. тоалетни реквизити од железното време, каде овие предмети најчесто се појавуваат во сет од камен острач, со железен брич и пинцета.17 Оваа појава на тоалетен сет длабоко ќе се вкорени во материјалната култура на овие праисториски заедници, така што ќе опстои еден подолг временски период и ќе стане една важна карактеристика на машките погребувања во железното време. Камените острачи се направени од локален песочник со правоаголна форма и перфорирани во горниот дел (T.XXIII.4, 5, 8). Овие предмети се застапени во хоризонтите 14b и 14а во Кастанас од доцното бронзено време.18
Керамика
Керамичкиот материјал е застапен со монохромна и мат сликана керамика. Кај монохромната керамика се забележува унифицираност како на фактурата така и на формите. Се издвојуваат три форми, и тоа: кантарос, бокал и чаша. Тоа се омилени и најчесто застапени керамички форми на доцно бронзенодопските локалитети по долината на реката Вардар како Кастанас, Асирос, Тумба Солун, Вардарски Рид, Кофилак Уланци, Орешани, Варвара, Долно Соње и др. Кантаросот од гробот 9 (кат. бр. 20; T.II.1; T.XXI.4) претставува типичен примерок кој мошне често се среќава меѓу гробните прилози во погребувањата од доцното бронзено време. Формата е омилена во културната група Уланци и одговара на LHIIIC периодот. Во Кастанас првпат се јавува во слојот 16 (околу 1300 год. пр. н.е.),19 но најмногу соодветствува со слојот 14b, т.е. по 1190 год. пр. н.е.20 Карактеристично е што овој тип рачки на Кастанас многу често се појавува меѓу фрагментираните кантароси и чаши, и тоа од слојот 13, па cè до слојот 4. Кантаросот од гробот 8 (кат. бр. 19; T.I.1;T.XXI.6) е декориран со канелирање на најширокиот дел на стомакот. Оваа декорација претставува една основна карактеристика на слоевите на преодниот период и раното железно време. Во повеќеслојните населби по долен Вардар (Кастанас, Вардаровца, Вардина) се поврзува за изгорените и разурнати слоеви од тоа време.21 Кантароси со овој тип декорација на Кастанас се најзастапени во слоевите од 12-10. Канелирањето како нов елемент во керамиката се поврзува со северните продори во Долното Повардарие. Се јавува во слоевите LHIIIB2 и LHIII околу 1200 год. пр. н.е. Интересна е појавата на кантаросот со апликации со зашилени врвови на рачките (кат. бр. 22; T.VII.4; T.XIV.6). Формата е типична за доцното хеладско време, но изработена во локален манир.22
Амфорите со четири лентести држалки (T.XI.1, 3; T.XII.1) биле користени како гробни форми - урни кои имаат северно потекло. На територијата на Република Македонија најевидентна е нејзината појава на некрополата Хиподром кај Скопје. Оваа форма е карактеристична за северните областите во средното и доцното бронзено време, а кои припаѓаат на културната група Доња Брњица. Засега на локалитетот Мали Дол оваа форма се среќава во две варијанти и нивната функција е како урни на некрополите со спалени покојници. Тие многу често се среќаваат и во населбинските слоеви од крајот на доцното бронзено време.23 Во основа, тоа е мошне експлоатирана форма, која во Македонија претставува одраз на негување на локалните бронзеновременски вредности, а во одредени региони ќе развие локални белези кои значајно ќе се развиваат во преодниот период и раното железно време.
Бокалот (кат. бр. 29; T.III.1; T.XXI.7) и чашата (кат. бр. 30; T.III.3) од гробот 10, според формата на садот типолошки се датираат кон почетокот на XI век пр. н.е., а во Кастанас се среќаваат во слојот 10, околу 1000 год. пр. н.е.24
Интересно е присуството на нови форми во монохромната керамика со микенско потекло. Таква е појавата на алабастронот од гробот 29 (кат. бр. 28; T.XIV.1; T.XXI.5). Вакви примероци среќаваме и во други некрополи по Вардар како Димов Гроб, Демир Капија и Долно Соње кај Скопје. На локалитетот Димов Гроб кај Уланци се забележува негова доминација во женските погребувања. Потеклото на оваа форма може да се бара во доцнохеладската керамика, а потоа да станат омилени и по долината на Вардар, каде што се изработувале во локален манир.25 Од мат сликаната керамика застапен е еден примерок на кантарос декориран со мотив на цик-цак паралелни линии на стомакот и коси линии на отворот на садот и рачките. Тој е од типот на локалната мат сликана керамика најбројно застапена на локалитетот Димов Гроб,26 неколку фрагменти на локалитетот Вардарски Рид, потоа на некрополите во Албанија и по долината на Халијакмон.
Материјалните остатоци откриени во гробовите од некрополата Мали Дол кај с. Тремник укажуваат на манифестации карактеристични за крајот на бронзеното време. Многу елементи зборуваат за карактерот на некрополата и за нејзината поврзаност со некрополата Димов Гроб-Уланци. Гробните форми, ритуалот на погребувањето, поткрепени со антрополошките анализи, укажуваат дека некрополата кај Тремник припаѓа на културната група Уланци. Изборот на гробните конструкции (камени - цисти и јами) е ист како и на некрополите Димов Гроб-Уланци и Водовратски Пат-Водоврати, и воедно, ја потврдуваат силната поврзаност на овие некрополи. Генерално, блиски паралели се забележуваат и на некрополите во Северозападна Грција, како Ливадија кај Ајане27 и Ставрос кај Ано Коми28. Истата поврзаност се констатира и во ритуалот на погребување во овие гробни форми, а тоа е згрчена инхумација со специфична поставеност на лицата на машките покојници на десната страна, а жените на левата страна, а ориентацијата е исток-запад со главата поставена на запад, а нозете на исток.
Овие погребувања, всушност, го претставуваат крајот и распадот на оваа културна група, појава која е поткрепена со појавата на погребувања во урни. Овој ритуал на погребување е карактеристичен за север и за групата Доња Брњица, чии носители го означуваат крајот на бронзеното време и почетокот на раното железно време во Македонија. Сите овие елементи се пресудни за генезата на железнодопската култура во Македонија кон крајот на XI век пр. н.е. Така, според сите изложени сознанија некрополата Мали Дол може да се датира на крајот на XII и почетокот на XI век пр. н.е.
Во Вардарската Долина досегашните истражувања на локалитетите Димов Гроб, Столот, Манастир-Чашка и Вардарски Рид кои се дел од локалната Повардарска или групата Уланци од доцното бронзено време, дадоа јасна слика за карактерот на оваа културна група датирана во периодот помеѓу XIV-XII век пред н.е. Кон крајот на XII век пред н.е., па cè до почетокот на XI век пр. н.е. оваа култура често била цел на напади, миграциони движења од север кон југ, кои со себе донеле елементи од Халштатската култура од северен и централен Балкан.29 Тие елементи се претставени преку нови гробни обичаи со кремации во урни (на пр. некрополата во Хиподром) и елементи видливи во материјалната култура, на пример, канелираната керамика. Мошне добра илустрација за овие настани на миграции и рушење се евидентирани на населбата на Манастир кај с. Чашка, Велешко, каде имаме најдобра илустрација за моментот на рушење на еден од најсилните пунктови на Повардарската или групата Уланци. Во спалениот слој, меѓу другото, се откриени и бронзени секири - келтови,30 како типични наоди кои зборуваат за инвазиите од север. Слична е ситуацијата и со истовремените опожарени населбински слоеви на локалитетите како Вардино, Вардарофца и Кастанас.31 Истовремено со прекинот на животот на населбите, била прекината и употребата на некрополите во рамки на т.н. група Уланци. Бил прекинат дотогашниот ритуал на погребување со инхумација во згрчена положба, барем долж долината на реката Вардар, а се јавува нов ритуал на погребување со кремација во урни што го носат дојденците од север, кој нема долго да опстои.32
Интересно е да се забележи дека на оваа некропола првпат ги среќаваме двата ритуали на погребување истовремено. Но според начинот на кој е формирана некрополата и положбата на урните во однос со цистите можеме да констатираме дека тие ги познавале постарите погребувања и ги почитувале (сл. 9).33 Можеби cè уште е прерано да се донесуваат заклучоци во однос на карактерот на овие две популации и за нивното заемно опстојување, но секако укажуваат на извесни случувања кои предизвикале промени во животот на заедниците од доцното бронзено време и отвориле пат за формирањето на раната железновременска култура по течението на Вардар.
Податоците добиени со овие скромни ископувања на локалитетот Мали Дол, кај с. Тремник овозможуваат многу појасно да се согледа крајот на бронзеното време по долината на Вардар, карактерот на преодниот период, како и поедини елементи од самиот почеток на формирање на културата на железното време.
Каталог на гробни целини
Гроб 1
Гробна конструкција: циста направена од камени плочи, и покриена со помали камени плочи.1 Ритуал на погребување: згрчена инхумација. Димензии: на цистата 1,20 х 0,45 m, видлив на површината.
Датација: доцно бронзено време.
Гробни прилози: непознато. Гроб 8 (T.I)
Гробна конструкција: циста направена од камени плочи и покриена со две поголеми камени плочи. Врз цистата е направен насип од речни камења во три реда, налик на хумка.
Ритуал на погребување: згрчена инхумација, а покојникот е свртен на десната страна.
Ориентација: запад-исток.
Димензии: на цистата 1,60 х 0,65 m, на длабочина од 0,90 m.
Датација: 2/2 на XII и 1/2 на XI век пр. н.е.
Антрополошка анализа: примарно погребување - дете околу 10 години; секундарно погребување - маж на возраст меѓу 45-50 години.Гробни прилози: кантарос кат. бр. 19; нож - кат. бр. 12.
Гроб 9 (T.II)
Гробна конструкција: урна вкопана во слој светлокафена глинеста замја. Остатоците од кремираните коските од покојникот се положени на дното на урната, а врз нив биле положени гробните прилози. Недостасува капакот со кој била покриена урната.
Ритуал на погребување: кремација.
Димензии: длабочина 1,15 m.
Датација: 2/2 на XII и 1/2 на XI век пр. н.е.
Антрополошка анализа: неодредено 20-25 години. Гробни прилози: кантарос - кат. бр. 20; нож - кат. бр. 13; кружна плоча - кат. бр. 18; урна - амфора - кат. бр. 25.
Гроб 10 (T.III)
Гробна конструкција: циста направена од камени плочи, и покриена со две поголеми камени плочи. Врз цистата е направен насип од речни камења во два реда.
Ритуал на погребување: згрчена инхумација кај секундарното погребување, а покојникот е свртен на левата страна. Примарното погребување е собрано покрај нозете на секундарниот покојник. Ориентација: запад-исток.
Димензии: на циста 1,90 х 0,89 m на длабочина 1.17 m. Датација: 2/2 на XII и 1/2 на XI век пр. н.е.
Антрополошка анализа: примарно погребување (гроб 10а) маж над 40 години; секундарно погребување (гроб бр. 10) жена? на возраст меѓу 45-50 години.
Гробни прилози: ѓердан - кат. бр. 9; бокал - кат. бр. 29; кремен; кантарос - кат. бр. 21; чаша - кат. бр. 30. Гроб 11 (T.IV)
Гробна конструкција: циста, направена од камени плочи и покриена со неколку помали камени плочи. Ритуал на погребување: згрчена инхумација, а покојникот е свртен на левата страна.
Ориентација: запад-исток.
Димензии: на цистата 1,70 х 0,78 m, на длабочина од 0,90 m.
Датација: доцно бронзено време.
Антрополошка анализа: примарното погребување (гроб 11а) маж над 65 години; секундарното погребување (гроб 11), полот е неодреден, возрасна индивидуа.
Гробни прилози: обетки - кат. бр. 11.
Гроб 14 (T.IV)
Гробна конструкција: јама со елипсовидна форма, вкопана во слој кафена глинеста земја и обрабена со речни камења.
Ритуал на погребување: згрчена инхумација, покојникот е свртен на левата страна.
Ориентација: северозапад-југоисток.
Димензии: на јамата 1,50 х 1,05 m, на длабочина од 1,35 m.
Датација: доцно бронзено време.
Антрополошка анализа: жена на возраст меѓу 45- 50 години.
Гробни прилози: нема.
Гроб 16 (T.VI)
Гробна конструкција: циста, направена од камени плочи, покриена со две поголеми камени плочи. Ритуал на погребување: згрчена инхумација, покојникот свртен на десната страна.
Ориентација: запад-исток.
Димензии: на цистата 1,60 х 0,75 m, на длабочина од 0,50 m.
Датација: 2/2 на XII век пр. н.е.
Антрополошка анализа: јувенил на возраст меѓу 15-17 години.
Гробни прилози: острач - кат. бр. 16; нож - кат. бр. 14; игла - кат. бр. 3.
Гроб 17 (T.VII)
Гробна конструкција: јама со елипсовидна форма означена со две камени плочи врз главата, вкопана во слој светло кафена глинеста земја. Ритуал на погребување: згрчена инхумација, покојникот свртен на лева страна.
Ориентација: запад-исток.
Димензии: на цистата 1,46 х 0,60 m, на длабочина 1,10 m.
Датација: доцно бронзено време.
Антрополошка анализа: жена на возраст меѓу 45- 50 години.
Гробни прилози: нема.
Камена конструкција 19 (T.VIII)
Конструкција од поголеми и помали речни камења наредени во четири реда со елипсовидна форма. Наликува на насип од гроб, но не беа откриени никакви остеолошки остатоци.
Димензии: должина 1 m; ширина 0,90 m; на длабочина од 0,90 m.
Гроб 20 (T.IX)
Гробна конструкција: групација на камења поголеми и помали речни, со кои се покриени остатоците од фрагментирана керамика и остеолошки материјал - кремиран. Слободна кремација.
Ритуал на погребување: кремација.
Димензии: длабочина од 0,40 m.
Датација: 2/2 на XII век пр. н.е.
Антрополошка анализа: полот е неодреден, возрасна индивидуа.
Гробни прилози: кремен; игла - кат. бр. 4.
Гроб 26 (T.VII)
Гробна конструкција: нема, урната е едноставно положена во плитка јама. Остеолошките остатоци беа положени на дното на урната - сад со амфоровидна форма, покриен со капак - кантарос.
Ритуал на погребување: кремација.
Димензии: длабочина 0,20 m.
Датација: XI век пр. н.е.
Антрополошка анализа: полот е неодреден, возрасна индивидуа.
Гробни прилози: нема
Урна - амфора кат. бр. 26 ; капак за урна - кантарос - кат. бр. 23.
Гроб 27 (T.XI)
Гробна конструкција: нема, урната е едноставно положена во плитка јама. Остеолошките остатоци беа положени на дното на урната - сад со амфоровидна форма, покриен со капак - кантарос со зашилени апликации на рачките.
Ритуал на погребување: кремација.
Димензии: длабочина 0,70 m.
Датација: XI век пр. н.е.
Антрополошка анализа: полот е неодреден, до 40 години.
Гробни прилози: нема.
Урна - амфора - кат. бр. 27; капак за урна - кантарос - кат. бр. 24.
Гроб 28 (T.VIII)
Гробна конструкција: циста, направена од камени плочи, покриена со помали камени плочи. Ритуал на погребување: згрчена инхумација, покојникот е свртен на десната страна.
Ориентација: запад-исток.
Димензии: на цистата 1,64 х 0,46 m длабочина 0,50 m. Датација: 2/2 на XII и 1/2 на XI век пр. н.е.
Антрополошка анализа: маж? до 40 години Гробни наоди: игла - кат. бр. 5; острач - кат. бр. 17; нож - кат. бр. 15.
Гроб 29 (T.IX)
Гробна конструкција: циста, направена од камени плочи, едната страна на цистата е дислоцирана. Гробот е покриен со големи камени плочи. Ритуал на погребување: згрчена инхумација, покојникот е свртен на левата страна. Врз гробната конструкција, т.е. врз покривните плочи беше поставен еден череп, а на североисточната страна надвор од цистата на висина на отворот е поставена една камена плоча на која беа положени остатоците од скелетот, постарото погребување од гробот - гроб 29а. На југозападната страна на цистата беше поставена вертикално уште една камена плоча, налик на маркер. Цистата наколу е обрабена со покрупни речни камења.
Ориентација: југозапад-североисток.
Димензии: на цистата 1,55 х 0,52 m, длабочина 0,50 m. Датација: 2/2 на XII и 1/2 на XI век пр. н.е.
Антрополошка анализа: примарно погребување (гроб бр. 29а) маж на возраст меѓу 40-45 години; секундарно погребување (гроб 9) маж(?) до 40 година.
Гробни наоди: алабастрон - кат. бр. 28; игла - кат. бр. 6; игла - кат. бр. 7.
Гроб 30 (T.X)
Гробна конструкција: циста, направена од камени плочи и покриена со големи камени плочи. Цистата е поделена во две комори, во поголемата (I комора) е секундарното погребување, а во помалата комора (II комора) се собрани остатоци од примарното погребување - гроб 30в. Прво се положени долгите коски од скелетот, а најгоре черепот и покриени со еден камен.
Ритуал на погребување: згрчена инхумација, покојникот е свртен на десната страна. Врз покривната гробна конструкција на гроб 30, беше поставен еден череп покриен со речни камења - остатоци од постаро погребување, гроб 30а.
Ориентација: југозапад-североисток.
Димензии: длабочина на цистата 0,39 m - I комора; 0,35 m - II комора. долж. 1,40 m; шир. 0,43 m. Датација: 2/2 на XII век пр.н.е.
Антрополошка анализа: покојникот од комора I (гроб 30) неодреден пол на возраст меѓу 40-45 години; покојникот од комора II (гроб 30в) маж на возраст меѓу 50-55 години; покојникот од гроб 30в дете околу 5 години.
Гробни наоди: игла - кат. бр. 8; ѓердан - кат. бр. 10. Гроб 31 (T.XI)
Гробна конструкција: циста, направена од камени плочи и покриена со помали камени плочи. Врз гробната конструкција - цистата на гробот 1 беше поставен еден череп ограден со еден речен камен - постаро погребување гроб 31а.
Ритуал на погребување: згрчена инхумација, а покојникот е свртен на десната страна.
Ориентација: југозапад-североисток.
Димензии: на цистата 1,45 х 0,36 m, длабочина 0,49 m. Датација: доцно бронзено време.
Антрополошка анализа: примарно погребување (гроб 31a) жена (?) возрасна; секундарно погребување (гроб 31) маж (?) до 40 години.
Гробни наоди: нема.
Гроб 33 (T.XI)
Гробна конструкција: јама со овална форма, вкопана во слој светло кафена глинеста земја. Ритуал на погребување: згрчена инхумација, а покојникот е свртен на лева страна.
Ориентација: североисток-југозапад.
Димензии: длабочина на 1,20 m.
Датација: доцно бронзено време.
Антрополошка анализа: маж на возраст меѓу 45-50 години.
Гробни наоди: нема.
Гроб 34 (T.XII)
Гробна конструкција: циста, направена од камени плочи, покриена со помали камени плочи. Врз покривните плочи имаше остатоци од керамичен сад, најверојатно амфоровиден сад - растурена урна.
Ритуалот на погребување: згрчена инхумација, покојникот е свртен на левата страна. До гробната конструкција - цистата на гробот 34 беше поставен еден череп, обрабен со речни камења - постаро погребување, гроб 34а.
Ориентација: југозапад-североисток.
Димензии: на цистата 1,56 х 0,36 m.
Датација: доцно бронзено време.
Антрополошка анализа: примарно погребување (гроб 34a) маж на возраст меѓу 40-45 години; секундарно погребување (гроб 34) жена(?) до 40 години. Гробни наоди: нема.
Гроб 37 (T.XII)
Гробна конструкција: јама со овална форма, вкопана во слој светлокафена глинеста земја.
Ритуалот на погребување е згрчена инхумација. Покојникот свртен на десна страна.
Ориентација: североисток-југозапад.
Димензии: длабочина на 1,15 m.
Датација: доцно бронзено време.
Антрополошка анализа: примарно погребување (гроб 37а) жена до 40 години; секундарно погребување (гроб 37), возрасен маж.
Гробни наоди: нема.
Каталог на наоди
Кат. бр. 1. Игла (Т.XXIII, 1a)
Игла со дисковидна глава, под главата има големо валчесто задебелување и под него едно помало биконкавно задебелување. Тип А4 според типологијата на Imma Kilian Dirlmeier.
Димензии: 21 cm.
Место на наоѓање: вонгробен наод.
Аналогии: Видески З., 2006, 75-76, сл. 29, 30 Т.XXXII.1-2; T.XLII.1-2; T.LVI.2; Kilian K., 1975, 81-82, Taf. 43, 1-13.
Кат. бр. 2. Игла (T. XV.1; T.XXIII,1б)
Игла со дисковидна глава, под главата има големо валчесто задебелување и под него помало биконично задебелување. Тип А4 според типологијата на Imma Kilian Dirlmeier.
Димензии: 13,3 cm.
Место на наоѓање: вонгробен наод.
Аналогии: Видески З., 2006, 75-76, сл. 29, 30 Т.XXXII:1-2; T.XLII:1-2; T.LVI.2; Kilian K., 1975, 81-82, Taf. 43, 1-13.
Кат. бр. 3. Игла ( T.VI.3; T.XXIII.1д)
Игла со завиена глава, направена од бронзена жица. Тип V според Skënder Aliu.
Димензии: должина 10 cm.
Место на наоѓање: гроб 16.
Аналогии: Aliu S., 2007, 242, LXIIb - овој тип игла има еден примерок на некрополата Luaras во Албанија. Кат. бр. 4. Игла (T.IX.1; T.XXIII.1г)
Игла со кружна глава и едно помало валчесто задебелување под главата. Направена од бронзена жица. Тип I A3 според Skënder Aliu.
Димензии: должина 14,2 cm.
Место на наоѓање: гроб 20.
Аналогии: Aliu S., 2007, 242, LXIIb - овој тип игла има по еден примерок на некрополата Luaras и Remove во Албанија.
Кат. бр. 5. Игла ( T.XXIII.1e)
Игла направена од бронза со плочеста глава, едно биконкавно задебелување под главата, и четири прстенести задебелувања под него каде што е продупчена иглата. Таа во долниот дел е закривена. Димензии: должина 12,8 cm.
Место на наоѓање: гроб 28.
Аналогии: Видески З., 2006, Т.LXIV. Кат. бр. 6. Игла (T.IX.2; T.XXIII.1ѓ)
Игла со купаста глава, декорирана со врежување на линеарни мотиви на цик-цак линија во три зони. Тип II A2 според Skënder Aliu.
Димензии: должина 15,5 cm.
Место на наоѓање: гроб 29.
Аналогии: Aliu S., 2007, 242, LXIIb - овој тип игла има два примерци на некрополата Luaras и еден на некрополата Prodan во Албанија.
Кат. бр. 7. Игла (T.IX.3; T.XXIII.1ѓ)
Игла со купаста глава, декорирана со врежување на линеарни мотиви на цик-цак линија. Тип II A2 според Skënder Aliu.
Димензии: должина 15,1 cm.
Место на наоѓање: гроб 29.
Аналогии: Aliu S., 2007, 242, LXIIb - овој тип игла има два примероци на некрополата Luaras и еден на некрополата Prodan во Албанија.
Кат. бр. 8. Игла (T.X.1; T.XXIII.1ж)
Игла со плочеста глава и со едно биконкавно задебелување под главата.
Димензии: должина 10,6 cm.
Место на наоѓање: гроб 30.
Аналогии: Aliu S., 2007, 242, LXIIa - овој тип игла има само еден сличен примерок на некрополата Remove во Албанија.
Кат. бр. 9. Ѓердан (T.XXIII.3)
Ѓердан од 42 мониста од стаклена паста со сина боја. Монистата имаат кружна форма.
Димензии: дијаметар 1,3 cm до 1,6 cm.
Место на наоѓање: гроб 10.
Кат. бр. 10. Ѓердан (T.X.2; T.T.XXIII.10)
Ѓердан направен од 37 кружни плоснати перли од коска, 4 перли со кружна форма направени од стаклена паста со бела боја, една килибарна перла со издолжена вретенаста форма, три бронзени перли (споени - салталеон) и една кружна перла со четири кружни задебелувања како краци направена од стаклена паста со бела боја.
Димензии: дијаметар на перла: седеф 0,4-0,7 cm; м. стаклена паста 0,6 cm; г. стаклена паста 2,1 cm; бронза 0,4 cm; должина на килибарна перла 1,7 cm. Место на наоѓање: гроб 30.
Аналогии: Видески З., 2006, 78, сл. 32.
Кат. бр. 11. Обетки (T.IV.1; T.T.XXIII.2)
Пар обетки направени од бронзена жица спирално навиени, едната со два, а другата со три навои. Димензии: дијаметар 2,6 cm и 2,8 cm.
Место на наоѓање: гроб 11.
Аналогии: Видески З., 2006, 81, Т.X.1; T.XXIII.1; T.XXXII.7; XXXIX.2; T.XLI.2; XLVII.5; T.LVI.1; T.LVII.3; T.LXXIV.9; T.LXIX.2; T.LXX.3 и T.LXX.2.
Кат. бр. 12. Нож (T.I.2; T.XIII.6).
Нож со едно сечило и едно пластично ребро на горната страна. Направен од бронза. Рачката најверојатно била направена од коска или дрво; сочувани се 7 нитни со кои била прицврстена оплатата. Sandars тип I.
Димензии: должина 21,2 cm
Место на наоѓање: гроб 8
Аналогии: Valla M., 2003, 370, fig. 20 - на некрополата Феја Петра; Κουκουλη−Χρυσανθακη Χ., 1992, 581- 585, каде го означува како тип I.
Датирање: во периодот меѓу XIII-XII век пр. н.е.
Кат. бр. 13. Нож (T.II.2)
Краток нож со едно сечило. На делот каде стои рачката има три перфорации за нитни. Направен од бронза.
Димензии: должина 7,9 cm.
Место на наоѓање: гроб 9. Аналогии: непознато.
Кат. бр. 14. Нож (T.VI.2; T.XXIII.7)
Нож со едно сечило, закривен на горниот дел со едно пластично ребро, без отвор за нитна на рачката.
Димензии: должина 11,2 cm.
Место на наоѓање: гроб 16.
Аналогии: Митревски Д., 1997, 58, сл.17; Видески 2006, 90, T.XVI.1; T.LVIII.2; T.LXIV.
Кат. бр. 15. Нож (T.VIII.3; T.T.XXIII.9)
Нож со едно сечиво, на горниот дел еден длабок хоризонтален жлеб, без отвор за нитна на рачката. Димензии: должина 16,3 cm.
Место на наоѓање: гроб 28.
Аналогии: Valla M., 2003, 370, fig. 20 - на некрополата Феа Петра; Κουκουλη−Χρυσανθακη Χ., 1992, 581- 585, каде го означува како тип I.
Кат. бр. 16. Острач (T.VI.1; T.T.XXIII.5)
Острач направен од камен со издолжена правоаголна форма, со елипсовиден пресек. Од едната страна е продупчен за прикачување, а од другата недостасува еден дел.
Димензии: соч. должина 4,8 cm; ширина 1 cm. Место на наоѓање: гроб 16.
Аналогии: Митревски Д., 1997, 58, сл. 17; Видески 2006, 90, T.XXIV.2; T.XXXV.3; T.LVIII.3; T.LXIV; T.LXXV. Кат. бр. 17. Острач (T.XIII.2; T.XXIII.8)
Камен острач со издолжена правоаголна форма, на едниот крај продупчен, а врвот е сплоснат. Димензии: должина 12,2 cm; ширина 1,5 cm. Место на наоѓање: гроб 28.
Аналогии: Митревски Д., 1997, 58, сл. 17; Видески З., 2006, T.XXVI.3; T.LXI.2; T.LXV.2.
Кат. бр. 18. Кружна плоча (T.II.3)
Плоча со кружна форма, направена од бронза и перфорирана во средишниот дел.
Димензии: дијаметар 6,7 cm.
Место на наоѓање: гроб 9. Кат. бр. 19. Кантарос (T.I.1; T.XXI.6)
Кантарос со рамен раб на устието, висок цилиндричен врат, топчесто тело и рамно дно; со две верикално поставени рачки на работ на устието, кои завршуваат на средишниот дел на стомакот, со неправилен триаголен пресек. Рачно направен од недоволно прочистена глина, со примеси на мика и песок. Сиво печење со траги од горење, и со механички мазнета површина. Декорацијата е изведена со длабоки коси канелури на најширокиот дел на стомакот на садот.
Димензии: висина 15,8 cm/со рачки 22,2 cm; пречник на устие 13,4 cm.
Место на наоѓање: гроб 8.
Аналогии: Kastanas 3, 1984, Schicht 12, Tafel 82:7; Schicht 11(12), Tafel 112:3; Schicht 10(11), Tafel 129:1. Кат. бр. 20. Кантарос (T.II.1; T.XXI.4)
Кантарос со рамен раб на устието, топчесто тело и заоблено дно; со две верикално поставени рачки на работ на устието, кои завршуваат на средишниот дел на стомакот, со неправилен триаголен пресек и зашилени во горниот дел. Рачно направен од прочистена глина, со примеси на мика и ситен песок. Црвено печење со траги од горење и мазнета површина. Без декорација.
Димензии: висина 12,8 cm/со рачки 18,8 cm; пречник на устие 12,4 cm.
Место на наоѓање: гроб 9.
Аналогии: Kastanas 3, 1984, Schicht 13, Tafel 70:6, Tafel 71:1.
Кат. бр. 21. Кантарос (T.III.2; T.XXIII.1)
Кантарос со рамен раб на устието, полусферично тело и рамно дно; со две верикално поставени рачки на работ на устието, кои завршуваат на средишниот дел на стомакот, со елипсовиден пресек. Рачно направен од прочистена глина, со примеси на мика и ситен песок. Црвено печење со траги од горење и мазнета површина. На средишниот дел од садот од двете страни по една брадавичеста апликација.
Димензии: висина 14 cm/со рачки 16,4 cm; пречник на устие 20 cm.
Место на наоѓање: гроб 10.
Аналогии: Kastanas 3, 1984, Schicht 14b, Tafel 39:10 малку позатворена форма на кантарос иста декорација; Schicht 14b, Tafel 45:3 иста форма; Schicht 10, Tafel 122:5.
Кат. бр. 22 Кантарос (T.XX.1; T.XXI.2)
Кантарос со извлечен раб на устието, полусферично тело и рамно дно. Со две вертикално поставени лентести рачки, кои го надвисуваат работ на устието и завршуваат зашилено во горниот дел. Направен од прочистена глина, црвено печење со мазнета површина. Декорацијата е изведена со боење со црвена мат боја на линеарни мотиви: мотив на цик-цак линии (сноп од четири паралелни линии) на стомакот, и коси паралелни линии на устието од внатрешната страна и околу рачката на горната страна. Рачките се продупчени на коренот каде се спојува со устието.
Димензии: висина 8,5 cm, пречник на устие 11,7 cm. Место на наоѓање: вонгробен наод
Аналогии: Видески З., 2006, T.XLVI.1; T.LXXV.
Кат. бр. 23 Капак за урна - кантарос (T.XI.2)
Кантаровиден сад со широк отвор и рамен раб на устието, полусферично тело и заоблено дно; со две верикално поставени лентести рачки на работ на устието, кои завршуваат на средишниот дел на стомакот, со елипсовиден пресек. Рачно направен од недоволно прочистена глина со примеси на мика и песок. Црвено печење со траги од силно горење и механички мазнета површина. Нема декорација.
Садот е употребен како капак за урна во гробот 26. Димензии: висина 10,8 cm/со рачки 13,6 cm; диј. на устие 25 cm.
Место на наоѓање: гроб 26.
Аналогии: Митревски Д., 1995, 78, T.I. 1 (гроб 1).
Кат. бр. 24. Капак за урна - кантарос (T.VII.4;
T.XXII.4)
Кантаровиден сад со широк отвор и рамен раб на устието, биконусно тело и заоблено дно; со две верикално поставени лентести рачки на работ на устието и завршуваат на биконусниот дел на стомакот, а на горниот крај завршуваат со пластични зашилени апликации. Рачно направен од недоволно прочистена глина со примеси на мика и песок. Црвено печење со траги од горење и механички мазнета површина. Нема декорација. Садот е употребен како капак за урна во гробот 27. Димензии: висина 8,3 cm/со рачка 13,7 cm; пречник на устие 18 cm.
Место на наоѓање: гроб 27.
Аналогии: Luci K., 2007, 352, Fig. 12.
Кат. бр. 25. Урна - амфора (T.XXI.3)
Амфоровиден сад со висок конкавнен врат, крушковидно тело и рамно дно (недостасува устието и дел од вратот); со четири вертикално поставени рачки со елипсовиден пресек на најширокиот дел на стомакот. Рачно направен од непрочистена глина со примеси на песок и мика. Црвено печење со траги од горење. Без декорација
Садот е употребен како урна за гробот 9.
Димензии: висина 28 cm.
Место на наоѓање: гроб 9.
Аналогии: Kastanas 3, 1984, 43, Abb. 9 - Typ 3e2 Schicht 18-12/ Tafel 142:6, Schicht 9; Stojić M., 2000, kat. br. 1, 28; Heurtley W.A., 1927, 46, Fig. 6, b.IX.24 (одговараат на фазата 1c -1100-1000 год. пр. н.е.; Wardle K.A., 1977, Fig. 17:46 (околу 900 год. пр. н.е.); Митревски Д., 1995, 78, T.I-3 (гроб 2).
Кат. бр. 26. Урна - амфора (T.XI.1; T.XXII.9)
Амфоровиден сад со извлечен и задебелен раб на устието, висок конкавен врат, крушковидно тело и нагласено рамно дно; со четири вертикално поставени рачки со елипсовиден пресек, поставени на најширокиот дел на стомакот. Меѓу рачките има брадавичести апликации. Рачно направена од непрочистена глина со примеси на песок и мика. Црвено печење со траги од горење. Без декорација. Садот е употребен како урна за гробот 26. Димензии: висина 34 cm; диј. на устието 11,5 cm. Место на наоѓање: гроб 26.
Аналогии: Luci K., 2007, 352, Fig.11; Kastanas 3, 1984, 45, Abb.10 - Typ 3b, Schicht 12-9.
Кат. бр. 27. Амфора (T.VII.3; T.XXII.2)
Амфоровиден сад со косо извлечен раб на устието, висок конкавен врат, нагласен со хоризонтален жлеб, топчесто тело и нагласено рамно дно; со четири вертикално поставени рачки со елипсовиден пресек, поставени на најширокиот дел на стомакот. Рачно направен од недоволно прочистена глина со примеси на песок и мика. Црвено печење со траги од горење и мазнета површина. Садот е употребен како урна за гробот 27. Димензии: висина 37 cm; пречник на устие 15,5 cm. Место на наоѓање: гроб 27.
Аналогии: Kastanas 3, 1984, 43, Abb.9 - Typ 3e2 Schicht 18-12/ Tafel 142:6, Schicht 9; Stojić M., 2000, kat.br.1, 28; Heurtley W.A., 1927, 46, Fig. 6, b.IX.24 (одговараат на фазата 1c -1100-1000 г. пред н.е.; Wardle K.A., 1977, Fig.17:46 (околу 900 год. пр. н.е.); Митревски Д., 1995, 78, T.I-3,4 (гробови 2 и 3). Кат. бр. 28. Алабастрон (T.XIV.1; T.XXI.5)
Алабастрон со извлечен раб на устието, висок ненагласен цилиндричен врат, топчесто тело поставено на висока нога со кружна база. На најширокиот дел на стомакот поставени се три продупчени јазичести држалки. Рачно направен од недоволно прочистена глина со мика и песок. Црвено печење со траги од горење.
Димензии: вис. 12 cm; диј. на устие 7,5 cm.
Место на наоѓање: гроб 29.
Аналогии: Kastanas 3, 1984, Schicht 14b, Tafel 48:1; Митревски Д., 1997, 55, сл. 14: 3, 4, 6.
Кат. бр. 29. Бокал (T.III.1; T.XXI.7)
Бокал со рамен раб на устието и мал засек на задниот дел од вратот, крушковидно тело и рамно дно; со една вертикално поставена рачка на работ на устието, која завршува на средишниот дел на стомакот, со елипсовиден пресек. Рачно направен од недоволно прочистена глина, со примеси на мика и ситен песок. Црвено печење со траги од горење и мазнета површина. Без декорација. Димензии: висина 20,4 cm/со рачки 23,8 cm; пречник на устие 13 cm.
Место на наоѓање: гроб 10.
Аналогии: Kastanas 3, 1984, 53, Abb.12 - Typ 5, Schicht 18-2/ широка распространетост на формата.
Кат. бр. 30. Чаша (T.III.3)
Чаша со рамен раб на устието, конкавно тело и рамно дно; со една верикално поставена рачка на работ од устието, која завршува на дното на садот, со елипсовиден пресек, и зашилена во горниот дел. Рачно направена од недоволно прочистена глина, со примеси на мика и ситен песок. Црвено печење со траги од горење. Без декорација. Димензии: висина 10,6 cm/со рачки 14,2 cm; пречник на устие 22,2 cm.
Место на наоѓање: гроб 10
Аналогии: Kastanas 3, 1984, Schicht 13, Tafel 71:1; Schicht 10, Tafel 119:3.
Кат. бр. 31. Чаша (T.XX.2; T.XXI.8)
Чаша со рамен раб на устието, полуконично тело и рамно дно; со една вертикално поставена рачка со елипсовиден пресек, со зашилен крај и го надвисува работ на устието. Направен од непрочистена глина, црвено печење со траги од горење и со мазнета површина. Декорацијата е изведена со пластично ребро на средишниот дел на стомакот декорирано со втиснување со прсти и втиснувања со прсти на работ на устието.
Димензии: висина 21 cm, пречник на устие 15,2 cm. Место на наоѓање: вонгробен наод
Аналогии: Kastanas 3, 1984, Schicht 12, Tafel 78:6; Schicht 7-8, Tafel 188:5.
Белешки
- Благодарност до сопственикот на нивата г. Пео Колев, кој при изградба на шталата ги открил и пријавил гробовите во Музејот на град Неготино и за неговата сестрана соработка. ↩
- Во овој труд ќе бидат претставени резултатите само од првиот хоризонт на погребување кој се однесува на праисториската некропола, додека материјалот и резултатите од средновековната некропола cè уште се во фаза на обработка. ↩
- Податокот е поткрепен со фактот што западно од гробовите постојат објекти за живеење и според усните податоци од сопствениците не биле пронајдени никакви остатоци од гробни конструкции. ↩
- Митревски Д., 1997, 37, 39; Видески З., 2006, 50. ↩
- Засега се работи за изолирана појава и не можеме да изложиме поконкретна констатација. Можеби се работи само за упад кој е поврзан со формирање на гробната конструкција 11. Но секако и многу интересен податок кој говори за карактерот на некрополата. ↩
- Антрополошките анализи се изведени од д-р Фаница Велјановска. ↩
- Митревски Д., 1995, 60-61, сл.18; Videski Z., 2007, 213, LVb-c; Видески З., 2006, 86-90, сл. 40. ↩
- Videski Z., 2007, 212-213. ↩
- Kilian-Dilmeier I., 1984, 66-68; Donder H., 1999, 94-95. ↩
- Bouzek J., 1985, 170. ↩
- Karamitrou-Mendessidi G., 2000, 601. На некрополата во Ајани во повеќе погребувања биле откриени стаклени перли. ↩
- Sandars N. K., 1955, 175. ↩
- Aliu S., 2007, 242. Овој тип припаѓа на типот I (А3) според Aliu. ↩
- Valla M., 2003, 370, fig. 20; Κουκουλη-Χρυσανθακη Χ., 1992, 581-585, каде го означува како тип I. ↩
- Видески З., 2006, 92. ↩
- Митревски Д., 1995, 74; Видески З., 2006, 85-86, сл.39; Mitrevski D., 2006, 89, Fig. 3. ↩
- Митревски Д., 1997, 58-59. ↩
- Kastanas 6,1987, 53-55, Taf. 11, 6-9, Taf. 13, 5-10. ↩
- Kastanas 3, 1984, Tafel 27,5, Schicht 16,5. ↩
- Kastanas 3, 1984, Tafel 46,4, Schicht 14b. ↩
- Stefanovich M.,1973, 149; Митревски Д., 1997, 60. ↩
- Ваквиот тип рачки широко ќе се распространат по долината на реката Вардар. Така, на пример, на локалитетот Кастанас ќе опстои во еден подолг временски период од слојот 13 до слојот 4. ↩
- Hansel B., 1979, Abb. 14; Hochstetter A., 1984, 351. ↩
- Kastanas 3, 1984, Tafel 114, Schicht 10. ↩
- Митревски Д., 1997, 54-55, сл.14; Видески З., 64-65, сл. 23. ↩
- Митревски Д., 1997, 49-50, сл. 12; Mitrevski D., 2006, 87-88, Fig. 2; Видески З., 2006, 67-69, сл. 25; Видески З., 2006а, 65, сл. 2. ↩
- Karamitrou-Mendessidi G., 2000, 591-595. ↩
- Karamitrou-Mendessidi G., 1998, 439-445. ↩
- Митревски Д.,1997, 62-65; Mitrevski D., 2007, 448. ↩
- Јовчевска Т., 2008, 11-15. ↩
- Heurtly W. A.,1939, 98; Kastanas 3, 1984, 12-14 (text). ↩
- Митревски Д., 1997, 62-63. ↩
- Во досегашните истражувања не е забележан ниту еден пример каде има нивно нарушување. ↩
Summary
Mali Dol - Prehistoric Necropolis near the Village Tremnik, Negotino
The archaeological site Mali Dol in the village Tremnik has been discovered in 2008 by the owner of the property, who revealed stone constructions and two bronze pins during the construction of a barn. The same year, the Museum of Negotino explored four graves - cists where two bronze pins and one amber bead dating from the end of the Bronze Age (end of 12th century BC) were found.
The archaeological excavations in 2009 and 2011 were conducted in a limited area covered by garden crops and grapevines. 38 graves that belong to two cemeteries were discovered. The older necropolis dates from the transitional period between the Bronze and Iron Age, from 12- 11 century BC, while the second one is from the medieval period, from 11-12 century AD.
The explored graves from the prehistoric necropolis represent its periphery. The cemetery belongs to the type of flat necropolises organized in rows, extending toward east. The grave forms are represented by four types: graves-cists made of large and small stone slabs, graves-pits dug in a layer of light brown clayish soil, graves-urns and false graves or cenotaphs.
The stone cists are the most frequent grave form where inhumation was practiced. The cists were covered by a pile of river stones, arranged in 2-4 rows (graves 8 and 10) as a grave marker that contains elements of the tumular burials. A pile like this is a frequent feature of the graves from the Late Bronze Age. The best illustration is found at the necropolis of Ulanci as well as at the cemeteries of the Late Bronze Age in Greece and Albania. The pits are usually oval and covered by a pile of soil without markers, and very rarely the pit was covered by stone slabs (grave 17) or framed with river stones (grave 14). The graves-urns are cremations where the osteological remains were placed in an amphora together with the personal belongings. The amphora was placed in a shallow pit, barely visible at the terrain. Only three graves without any markers were uncovered from this type.
The burials in this necropolis are bi-ritual. The inhumations in crouched position are dominant where the skeleton is oriented east-west or southwest-northeast. The females were laid on their left side, and the males on their right. This is a typical feature of the cultural group Ulanci. The cremated individuals were buried in urns (amphorae). After the incineration, the osteological remains were cleaned and deposited in the urn.
There is not a large quantity of burial gifts. However, they are present in larger number of burials and there are graves without finds. The most numerous is the ceramic material. Besides the burial gifts, there is large number of fragmented vessels in and around the grave, which is probably the result of some burial custom.
The material remains discovered in the graves of the necropolis Mali Dol, point to manifestations typical for the end of the Bronze Age, as well as for the character of the cemetery. The grave forms, the burial ritual, supported by the anthropological analysis, point out that the necropolis in Tremnik belongs to the Ulanci cultural group. The graves at Mali Dol represent the end and the fall of this cultural group through the appearance of urn burials. This burial ritual, typical for the Donja Brnjica group, marks the end of the Bronze Age and the beginning of the Early Iron Age in Macedonia. Thus, the necropolis Mali Dol has two phases, the older dated towards the end of the 12th and the beginning of the 11th century and the later phase from the 11th and the beginning of the 10th century BC.
The bi-rituality at the necropolis and the relation between the urns and the cists point out that the members of the population which introduced the new burial customs and cremation were aware of the earlier burials and they had respect. Maybe it is too early to make conclusions about the character of the two populations and their coexistence. However, it is certain that they are part of events that caused changes in the life of the Late Bronze Age communities and opened the road for the genesis of the Iron Age along the Vardar Valley.
Библиографија
- Aliu S., 2007, Les Bijoux de la période du Bronze rècent et de la période du Fer ancien dans la région de Kolonja, AEGAEUM 27, Proceedings of the International Conference Bronze and Iron Age Interconnections and Contemporary Developments between the Aegean and the Regions of the Balkan Peninsula, Central and Northern Europe, University of Zagreb, 11-14 April 2005, BETWEEN THE AEGEAN AND BALTIC SEAS - Prehistory Across Borders, Universitè de Liegè,239-248.
- Bouzek J., 1985, The Aegeum, Anatolia and Europe, Praha.
- Видески З., 2006, Димов Гроб. Некропола од доцното бронзено време во с. Уланци кај Градско, магистерски труд.
- Видески З., 2006а, Мат сликана керамика од доцнобронзенодопската некропола Димов Гроб, с. Уланци-Градско, Folia Archaeologica Balkanica I, In honorem Verae Bitrakova Grozdanova, Скопје 2006
- Videski Z., 2007, Mycenaean Influences in the FYRO Macedonia, AEGAEUM 27, Proceedings of the International Conference Bronze and Iron Age Interconnections and Contemporary Developments between the Aegean and the Regions of the Balkan Peninsula, Central and Northern Europe, University of Zagreb, 11-14 April 2005, BETWEEN THE AEGEAN AND BALTIC SEAS - Prehistory Across Borders, Universitè de Liegè, 211-214.
- Donder H., 1999, Pin-Types of the Late Helladic ant the Early Iron Age in North and Central Greece, Περιφέρεια του Μυκηναίκου Κόσµου, Α ∆ιεθνες ∆ιεπιστηµο− νική Συµπόσιο, Λαµια 25- 29 Σεπτ, 1994.
- Јовчевска Т., 2008, Манастир - Некропола од преодниот период од доцно бронзено во железно време, Велес.
- Karamitrou-Mendessidi G., 1998, Ano Komi, Kozani Perfecture, ΑΕΜΘ 12, Thessaloniki.
- Karamitrou-Mendessidi G., 2000, Aiani 2000, The Excavations of the LBA Cemetery, ΑΕΜΘ 14, Thessaloniki.
- Karamitrou-Mendessidi G., 2000a, Aiani 2000, The Excavations of the LBA Cemetery, ΑΕΜΘ 14, Thessaloniki.
- Kastanas 3, Hochstetter A., Die handgemachte keramik, PAS Band 3, Berlin 1984.
- Kastanas 6, Hochstetter A., Die Kleinfunde, PAS Band 6, Berlin 1987.
- Kilian 1975, Trachzubehor der Eisenzeit zwischen Agais und Adria, Pr.Z. 50, Berlin.
- Kilian-Dilmeier I., 1984, Nadeln der fruhhelladischen bis archaishen Zeit von der Peloponnes, PBF XIII/8.
- Κουκουλη−Χρυσανθακη Χ., 1992 Πρωτοίστορική Θασος, Μερος Α, Αθήνα
- Luci K., 2007, Dating the Donja Brnjica based on Maetal Finds, The Struma/Strymon river Valley in Prehistory - Strymon Praehistoricus, Kjustendil-Blagoevgrad and Serres Amphipolis, 27.09-01.10.2004, Sofia, 347-358.
- Митревски Д., 1995, Праисториската некропола„Клучка-Хиподром“ кај Скопје, ЗАМ бр. 1, Скопје, 61-89.
- Митревски Д., 1997, Протоисториските заедници во Македонија, Скопје.
- Mitrevski D., 2003, Prehistory in Republic of Macedonia, In: Gramenos D. V. (ed.) Recent research in the Prehistory of the Balkans, Thessaloniki, 13-72.
- Mitrevski D., 2006, Genesis of the Iron Age Culture in Macedonia, Folia Archaeologica Balkanica I, In Honorem Verae Bitrakova Grozdanova, Скопје.
- Mitrevski D., 2007, The Beginning of the Iron Age in Macedonia, The Struma/Strymon river Valley in Prehistory - Strymon Praehistoricus, Kjustendil-Blagoevgrad and Serres Amphipolis, 27.09-01.10.2004, Sofia, 443-450.
- Sandars N.K., 1955, The Antiquity of the One-edged Bronze Knife in the Aegean, PPS 21.
- Stefanovich M., 1973, Some Balkan Elements in the Aegean Migrations, Actes du VIII congres UISPP/Actes III, Beograd.
- Stojić M., 2000, Brnjička kultura u Leskovačkom kraju (katalog izložbe), Leskovac.
- Heurtley W.A., 1927, Early Iron Age pottery from Macedonia, The Antiquaries Journal Vol. VIII, Oxford, 44-59.
- Heurtley W.A., 1989, Prehistoric Macedonia, Cambrige.
- Wardle K.A., 1977, Cultural groups of the Late Bronze and the Early Iron Age in the North-West Greece, GCBI-XV kn.13, Sarajevo, 153-201.