Macedoniae acta archaeologica (None) · стр. –

Ќиро Ангеловски

Илустрација, стр. 1

ЌИРО АНГЕЛОВСКИ

(1947-2016)

Ангеловски М. Ќиро е роден 24.01.1947 година во Неготино. Завршил училиште за применета уметност во Скопје, а во 1976 година дипломирал на Филозофскиот факултет, група Историја на уметност. Од 1978 година е вработен во Општинската установа Музеј на град Неготино како историчар на уметноста – археолог, воедно и раководител на институцијата cè до 1999 година. Повторно е избран за директор на ОУ Музеј на град Неготино во март 2005 година, cè до декември 2009 година, а во јануари 2011 година се пензионира. По кратко боледување на 69 годишна возраст почина на 25 јуни 2016 година. Во неговата работна биографија се запишани бројни значајни остварувања на полето на музејската дејност посебно во областа на археологијата. Учесник е во основањето на ОУ Музеј на град Неготино, нејзиното ликовно и функционално, како и презентационо поставување. Автор е на две постојани поставки во музејот и тоа постојаната музејска поставка од областа на историјата “Неготино и неготинско од Илинденскиот период па cè до завршувањето на Втората светска војна“, постојаната музејска поставка од областа на археологијата како и на многубројни изложби од ликовната дејност. Со добиените звања виш кустос и кустос советник раководител е на повеќе научно-истражувачки проекти од областа на археологијата, во регионот на општина Неготино, на следните археолошки локалитети: Ќофкарец - с. Долни Дисан, Трнче - с. Пепелиште, Бела Земја - с. Пеплиште, Попот - с. Тремник, Чаир Рид - с. Тремник, Слатина - с. Прждево и Градиште - Неготино.

Драгица Чекорова