Macedoniae acta archaeologica 21 (2019) · стр. 511–515
Предлог за стандардизирана форма на програмите за заштита на загрозено културното наследство
Како дел од административните реформи во Република Македонија и спроведувањето на ратификуваните меѓународни конвенции и прифатени стандарди, од 2005 год па наваму, покрај Законот за заштита на културното наследство, беа донесени повеќе подзаконски акти преку кои се воведени стандаризирани содржини и методологии за изготвување на различни документи, програми, елаборати и др.
Покрај веќе прифатениот и озаконет образец за изготвување на програмите за вршење на археолошки истражувања и изготвување на извештаите по завршените археолошки истражувања, неодамна беше согледана потребата за создавање нов модел, односно потребата за воспоставување нов систем за презентација на културното наследство загрозено од планирана изградба на јавни или на приватни објекти, наменет за потенцијалните инвеститори, а со цел да бидат остварени специфичните и, донекаде, деликатни цели на заштитата.
Имено, поради одново започнатиот подготвителен процес за изградба на ХЕЦ „Чебрен“, Управата за заштита на културното наследство беше задолжена да го отпочне планирањето на потребните заштитни интервенции на културните добра кои лежат во рамки на планираното езеро.
Врз основа на надлежност, пролетта 2009 год. заводите за заштита на спомениците на културата од Прилеп и од Битола извршија рекогносцирање на теренот во рамките на планираниот опфат за изградба и изготвија поединечни документи.
Материјалот кој беше понуден како завршна верзија се состоеше од двата документа спакувани како еден. Разликите меѓу нив беа очигледни. Двата документа имаа различни наслови, различна методолошка разработка, сосема различни концепти на презентација. Материјалот кој беше прилично обемен во страници, беше тежок за разбирање, особено беше тешко да се препознаат одговорите на суштинските прашања.
Имајќи предвид дека разбирањето е од клучно значење за успешно водење на секој процес, јас и директорот на Управата, почитуваниот колега Паско Кузман, дојдовме до заклучок дека понудениот материјал мора да се преработи, првенствено да се обедини, да се сублимирааат изнесените информации, да се дефинираат нејасните елементи, како и да се избалансираат реалните потреби и побарувања.
Така започна оваа нова и не така едноставна задача.
Системот кој отпочнав да го градам првенствено требаше да истакне два императива:
1. значењето и вредностите на културните добра;
2. специфичните и разновидните активности кои треба да се преземат.
Имајќи предвид дека многумина кои ќе ја имаат пред себе идната програма ќе ја читаат како параграф, а притоа треба да биде привлечено нивното внимание и да се убедат во важноста на зафатите коишто треба да бидат реализирани, неопходно е да се применат неколку познати правила:
- информациите да бидат прикажани на разбирлив начин;
- дескриптивниот приказ да биде кус и убедлив, едноставен збиен приказ на
сите познати елементи;
- посебно внимание да биде посветено на елементите кои обично ги бараат
инвеститорите, и тоа:
- преглед на тоа што ќе се прави;
- приказ на вредностите и значењето;
- општа слика за потенцијалните трошоци;
- како краен резултат, документот мора да биде издржана основа за дискусија
по разни прашања и аргументација за сите изнесени побарувања.
Од овие основни начела произлезе Предлог-програма за заштита на културното наследство непосредно загрозено со изградбата на ХЕЦ „Чебрен“.
Воведната страница содржи: основни податоци за изготвувачот на проектот, осованоста за изготвување на проектот, целите и други податоци кои го поткрепуваат проектот.
Сите информации во предлог-програмата се систематизирани во пет поднаслови:
I. Опис на културното наследство;
II. Оперативен план и програма;
III. Динамика на реализација;
IV. Финансиски импликации;
V. Прилози.
Во поглавјето насловено како I. Опис на културното наследство, како прво, во овој случај беше потребно да се издвојат два работни пункта, пред cè, поради местопложбата и нивната одалеченост, но и поради разликите во административните надлежности.
За појасно следење на натамошниот текст дадена е листа на сите видови културни добра според местоположбата, називот на целините и составните објекти, локалитети или нивните сектори и тие се редоследно нумерирани.
пример
Тумба-Чебрен
1.1.Акропола
1.2.Подградие 1
1.3.Подградие 2
1.4.Некропола 1...
Манстир-Чебрен
2.1.Црква Св. Димитрија
2.2.Конак
2.3.Влезна порта...
Потоа следи дескриптивен приказ на местоположбата на пунктовите преку карактеристични топографски обележја и географски координати (X и Y) и опис на целините и на секој поединечен објект или локалитет. Описот содржи:
- податоци за заштитниот статус според Законот за заштита на културното
наследство;
- приказ на сите познати елементи за значењето и вредностите на добрата
(археолошки, историски, уметнички, научни и други вредности);
- степенот на истраженост;
- информации за користените податоци.
Во продолжение и воедно како вовед во следното поглавје, претставена е законската регулатива.
Приложена е листа на сите законски и подзаконски акти, меѓународни конвенции и препораки, кои, всушност, претставуваат законска основа за предложените мерки за заштита и нивно објаснување.
Во поглавјето II. Оперативен план и програма (Плански решенија) е содржана листа на сите активности кои се предвидуваат како заштитни мерки со краток опис на нивната цел.
пример
1. Програми за конзерваторски истражувања - кои се неопходни за правилно определување и извршување на мерките на непосредна заштита;
2. конзерваторски проекти - изработени според видот на заштитните интервенции и според нивната намена.
Понатаму, следува табела на која се прикажани сите објекти, локалитети и сектори со листа на предвидените мерки за заштита и потребното време за реализација.
пример
2.1 Црква Св. Димитрија Документирање на постојна состојба
10 дена
Археолошко истражување
30 дена
Конзерваторски истражувања
10 дена
Преместување на...
180 дена
Во истото поглавје, како следна точка се посочени условите за работа и за живеалиште на стручните лица и општите работници за планираниот временски период, како и условите за транспорт на лица, опрема и материјали.
Во таа смисла, направена е основна анализа на природните карактеристики и ресурсите на поширокото подрачје. Образложени се констатираните непогодности на теренот како и реалните потреби кои е неопходно да бидат задоволени. Образложението е поткрепено со соодветни предлози за можни решенија.
Оваа анализа е направена со цел навремено да бидат испланирани и обезбедени основни хигиенско-технички и други услови за работа.
Понатаму, нагласен е бројот на стручните лица кои ќе бидат вклучени во реализацијата и нивните специјалности како и бројот на општите работници.
Во поглавјето III. Динамика на реализација преку табеларен приказ се дадени активностите и погодниот временски период за реализација.
Планските решенија се општо прикажани од причина што треба да овозможат етапни, перманентни и флексибилни активности, засновани на паралелна работа на повеќе тимови.
пример
Активности
Динамика
Археолошки истражувања
Февруари-ноември Конзерваторски истражувања
Април-мај
Конзерваторски проекти
Мај-јуни/јули Демонтирање и пренесување на архитектурата и...
Мај-ноември
Во поглавјето IV. Финансиски импликации се претставени потребните финансиски средства, низ едноставен преглед на она што треба да се направи и колку тоа ќе чини.
пример
АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА
мкд
Тумба-Чебрен
мкд Акропола
1.500.000 Подградие 1
3.200.000
Манастир-Чебрен
Црква Св. Димитрија
900.000 Некропола 2
500.000 КОНЗЕРВАТОРСКИ ИСТРАЖУВАЊА
мкд Ѕидно сликарство на влезната порта
90.000 Ѕидно сликарство во црквата Св. Спас
200.000
Сосема е јасно дека детална пресметка не е можно да направи. Од таа причина, пресметката е општа и е направена според најдоброто искуство.
Потоа, логично следува општиот преглед на вкупно потребните финансиски средства, според планираните видови на активности и севкупно потребните средства.
пример
ВКУПНО - според планирани активности
мкд Археолошки истражувања
12.760.000 Конзерваторски проекти
779.000 Конзервација и преместување на ѕидно сликарство
2.850.000
3.000.000 Оформување два работни кампа
Во поглавјето V. Прилози содржани се карти во размер М1:25000, сателитски снимки, фото и техничка документација. Прилозите се информативни кои на најдобар илустративен начин го поткрепуваат текстуалниот дел.
Овој предлог-концепт за воспоставување стандардна форма при изготвување на програми за заштита на загрозено културно наследство е подготвен со минимум категории, но тие наведуваат кон собирање и проценка на голем број податоци.
Овој предлог-концепт е изготвен како обид да бидат изедначени содржината, формата, големината и квалитетот на идните документи – програми за заштита на загрозено културно наследство.
Summary
Proposal for Standardized Form of the Programs for Protection of Threatened Cultural Heritage
In relation to the restarted preparation process for construction of the Hydro-electrical plant “Čebren”, the Cultural Heritage Protection Office realized the need for establishment of unified system for presentation of cultural heritage threatened by planned construction of public or private buildings. The proposed guidance form for preparation of programs for protection of threatened cultural heritage is purposed for potential investors with the aim to realize the specific and sometimes delicate goals of the protection.
The suggested system stresses two basic imperatives:
1. Importance and value of the cultural assets
2. Specific and diverse activities to be undertaken
Having in mind that those reading the program should understand the significance of the assets and be convinced in the importance of the suggested activities, several rules have been applied: a) the information is presented in an understandable way; b) the descriptive overview is short and convincing; c) special attention is devoted to the elements usually required by investors such are: overview of what is going to be done; overview of significance and importance; general picture of the potential expenses; and as final result, d) the document is sustained ground for discussion on various questions and argumentation for all of the presented requests.
All of the information is systemized in five subtitles: a) Description of the cultural heritage; b) Operational plan and program; c) Realization dynamics; d) Financial implications and e) Attachments.
This proposal-concept for establishment of standard form for preparation of programs for protection of threatened cultural heritage has been prepared with minimum categories, but they imply collecting and evaluation of large amount of data.
The proposal-concept has the goal to unify the content, form, size and quality of future documents-programs for protection of threatened cultural heritage.