Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 185–203

Резултати од ископувањата на раноенеолитско светилиште Св. Атанас кај село Спанчево- Кочани

Содржина
  1. Локација и историјат на истражувањата
  2. Северен сектор
  3. Јужен сектор
  4. Движни наоди
  5. Орудија и алатки од камен и коска
  6. Предмети од коска
  7. Керамика
  8. Декорација со врежување
  9. Декорација со сликање
  10. Заклучок
  11. ILINKA ATANASOVA

Предмет на овој трудсе првичните резултати кои произлегуваат од сондажните истражувања на локалитетот Св. Атанас кај с. Спанчево, југозападно од Кочани, а кои нудат нови сознанија за развојот и влијанијата на раноснеолитската култура во Република Македонија.

Како археолошко наоѓалиште Св. Атанас првпат се споменува во 2007 година!.1

Котлината се протега од двете страни на Брегалница. Опколена е со планинските масиви на Осогово од север, а Плачковица од југ. Првите ридски форми кои се издигаат по рамното котлинско дно се од вулканско потекло. Овој регион, сместен на периферијата од кратовско-злетовската област, располага со природни рудни и геотермални наоѓалишта. Во непосредна близина на наоѓалиштето се присутни како метали: бакар, олово, цинк, како и неметали кои се експлоатираат се до денес: калцедон, опал, опалска бреча, опализиран туф, висококвалитетен кварц и глина?.2

Локација и историјат на истражувањата

Локалитетот Св. Атанас се наоѓа на 12 км југозападно од Кочани, на десниот брег од Брегалница. На источната периферија на селото Спанчево се издига блага падина со надморска височина од 389 м (сл. 1 и 2). Од север е заштитена со венецот на Осоговските Планини, на исток со малата Бањска Рекичка е одвоена од селото Бања, а на запад се шири денешното село Спанчево. Пространото Кочанско Поле е на јужната страна, омеѓено со водите на Брегалница. На тоа возвишение денес постои истоимена црква, со понов датум, изградена врз стари темели. Рамното плато на врвот зафаќа површина со елипсовидна форма од 150 х 170 метри, која ја следи природната конфигурација на теренот, околу кое се шират благи тераси на западната и источната страна. Просторот е карпест, со тенок културен слој“.3

Со теренски истражувања се започна во јуни 2008 година со поставување на контролни сонди.4 првичните резултати укажуваа постоење праисториски културен хоризонт од периодот на енеолитот.5 Од 2009 година се работеше на два сектора: Северен и Јужен, слободно дефинирани според поставеноста во однос на постојната црква.6

Во Северниот сектор досега беа поставени вкупно 14 контролни сонди. одбележани со димензии од 5 х 5 м, кои подоцна беа скратувани или проширувани според потребите и конфигурацијата на теренот. Најголемата концентрација на сондите од вкупниот број се на Источната тераса - дванаесет, а по една има на северната и на западната тераса (цртеж 1). Во Јужниот сектор се работеше на расчистување на објект со кружна основа со дијаметар од 18 метри, во оваа фаза се уште недоистражен (цртеж 2).

Истражената површина во текот на кампањите од 2008-2010 година зафаќа површина од 281 м?7 во северниот и 83 м? во Јужниот сектор, каде што е потврдено постоење на само еден културен слој, евидентиран директно врз карпата, кој се следи на само десетина сантиметри под површината на земјата. Исклучок од ова е Источната тераса во Северниот сектор, каде неговата дебелина е различна и изнесува помеѓу 0.10 и 0.80 м" во различни сонди.

Северен сектор

При ископувањата во Северниот сектор беа констатирани фрагменти од куќен лепеж со различни димензии, со траги од помали или поголеми гранки облепени со кал. Не беше возможно да се идентификуваат какви било архитектонски остатоци, со исклучок на сондата 3.

Во сондите | и 2 фрагментираниот движен материјал се појавуваше речиси уште во рецентниот слој и вкупната дебелина на културниот слој изнесуваше само десетина сантиметри. Тој се откриваше во интензивно набиена жолта земја, директно врз природната карпа, која е многу мека и се дроби полесно од набиена земја.

Сондата 3 беше поставена на северната тераса. При расчистување на рецентниот слој се дефинираше основата на објект со кружна основа со дијаметар од 4.10 м, со венец од камен со неправилна форма. На длабочина од само десетина сантиметри е потврден слој од набиена, жолта запечена глина, по целата површина внатре во кружниот простор, но и непосредно покрај камењата од надворешната страна. Освен неколку повремени фрагменти од керамика, не е евидентиран друг придружен материјал, а карактерот на објектот останува дискутабилен,8 бидејќи не се откриени траги од колци за покривна конструкција на објектот, може да се претпостави дека бил покриен со лесна покривна конструкција.

Сондата 4 беше поставена на западната тераса со димензии 6 x 4 м. Во средишниот дел на одбележаната сонда, повторно на длабочина од само десетина сантиметри, се издвојуваше слој од темна до црна дамка со кружна основа, со зголемено присуство на придружен движен материјал, целиот облепен со земја. Од движниот наод особено внимание побудуваат моделот на печка со мала рамна платформа пред влезот (Т.Гу. 3). Аналогни примери наоѓаме во раноенеолитската населба во Градешница, Врачански округ во Република Бугарија од нивото А?,9 кој според типолошката поделба направена од С. Чохаджиев на материјалот откриен на праисториските населби во Слатино, се вбројува во типот печки со рамна основа,10 слични примероци наоѓаме и во Ситагри"!11 во останатата керамичка продукција на материјал со нестандардни форми се издвојуваат и фрагментите од сивопечена глина со дебели зидови, декорирани со врежување кои се уште не може да се дефинираат дали се модели на живеалишта или пак модели на печки (сл. 11). На истиот простор се откриени и фрагменти од идолна керамичка пластика, како и камени мелници. Садовата керамика упатува на разновидни форми со груба фактура, дебели зидови во различни нијанси од светла до темно црвена речиси кафеава боја".12

Останатите сонди од 5-14 беа поставени на источната тераса. и тоа сите на нивата која го даде примарниот показател за постоење археолошко наоѓалиште (цртеж 1).

Во сондата 5 и 6 по отстранување на рецентниот слој се појавуваше фрагментиран движен материјал, а на релативна длабочина од 0.30 м се зголемуваше неговата концентрација, особено на фрагментирана керамика и животински коски. Потврдена е конструкција од камен со неправилна форма преку целата должина, со ширина од 0.90 м, врзан со жолта запечена глина, поставен директно врз карпата. Над и околу оваа конструкција е зголемена концентрацијата на движниот археолошки материјал. Карактеристични се минијатурните сатчиња-чаши и минијатурни жртвеници подигнати на четири мали ножиња, кои веројатно ги копираат садовите со стандардна големина. Керамиката е рачно работена од добро прочистена глина, од умерено мазнета до полирана со умерен до висок сјај, а13 бојата им е од темнокафеава до сива и речиси црна, во делот на декорацијата потврдено е сликање со графит. Освен тие има и керамика со погруба фактура. подебели зидови, кај некои од нив од внатрешната страна премачкани со бела запечена боја, кои во најголем дел се декорирани со врежување. Особено внимание заслужува еден антропоморфен сад декориран со врежана орнаментика, со инкрустирана бела боја. Аналогни примери среќаваме во раноенеолитските населби во Градешница од фазата Al} ( сл. 3).

Во сондата 8 е потврдена слична состојба на конструкција од камен со неправилен облик, со приближно исти димензии, 1.25 х 2.50 м, а и овде концентрацијата на движен материјал е зголемена над и околу споменатата конструкцијата, голема е веројатноста дека се работи за специјално подготвени платформи во функција на магиски обреди, поврзани со култот на плодноста. Сондата 9 и сондата 12 понудија исклучително богат фрагментиран керамички материјал, во кој доминираше црната полирана керамика со висок сјај и остатоци од графитно сликање (сл. 13). За разлика од претходните сонди, каде културниот слој е со дебелина меѓу 0.10 и 0.30 м во сондата 7 (со димензии 5 x 5 м) и сондата 14 (димензии 3 x 11 м) може да се зборува и за вертикална стратиграфија, бидејќи и покрај разместувањето на слоевите при орање (сл. 14), единствено овде имаме културен хоризонт со дебелина на одредени делови и до 0,80 м. За разлика од останатите сонди каде движниот материјал се откриваше во слој од темноцрна или, пак, жолта набиена земја, многу тешка и цврста за работа, во овие две сонди, тој беше откриван во слој од фина пепеласто сива земја, толку мека и лесна како прашина, чии контури не можеа лесно да бидат забележани, бидејќи при најмал замав се разнесуваше по целата површина.14 На просторот од споменатите сонди е најголема и концентрацијата на животински коски, особено големо е присуството на животински рогови (ел. 4), со оглед на квантитетот на откриени животински рогови со право може да се постави и прашањето за нивната можна примена во домашни ритуали, поврзани со животните кои ги одгледувале. Меѓу нив доминираат коски од ситни преживари (овци и кози), како и говедо, но има и коски од елен и дива свиња. Во сондата 14 се евидентирани и 8 јами со различни димензии вкопани во природната карпа, а кај некои е видливо подѕидување со камен од внатрешната страна.

Јужен сектор

Јужно од црквата на оддалеченост од 56 м, на површината беа видливи поголеми камења, кои формираа правилна кружна конструкција поради што се премина на отстранување на рецентниот слој на целата површина, која ја затвораа камењата. По отстранувањето на површинскиот слој се издвои површина со кружна форма обградена само од јужната страна, со прстен од поедар камен, како потпорен зид, на природниот пад на теренот, кој затвора површина со дијаметар од 18 м со нееднаква широчина. Надворешната линија формира правилна кружница, додека од внатрешната страна широчината му варира од 0.50-1.90 м. Од внатрешната страна на венецот од камења, во целата должина се појавува еден појас од жолта растресита земја со широчина од околу 1.40 м, по што следува уште една нивелација од неправилни камења со широчина од 1.40-1.70 м, а понатаму кон центарот следува кафеаво до црна непечена земја тешка за работа (цртеж 2). Целата површина уште во рецентниот слој изобилува со богат движен материјал, пред се, фрагментирана керамика, декорирана со врежани геометриски орнаменти, поради што се пристапи на отворање на контролни сонди во правец север-југ и исток-запад (сл. 15). На овој простор е откриена антропоморфна фигуринка, една од ретките која е пронајдена in situ, и тоа со главата свртена кон земја (сл. 5).

Со систематско расчистување на просторот се продолжи во југозападниот квадрант од кружната површина, работно обележан како сегмент ГУ (цртеж 2). Последниот слој, најблиску до природната карпа, воедно беше и најтежок за работа, цврст речиси како природната карпа. Во тој слој се издвојуваа површини со приближно кружна основа од жолта набиена земја со траги од горење, пепел и зголемена концентрација од фрагментирана керамика (сл. 16) со погруба фактура, претежно декорирана со врежување (сл. 17), фрагментирана култна пластика, камени алатки и животински коски. По расчистувањето на овие површини, на самото ниво од природната карпа, во слој од интензивен набој на жолта земја продолжуваа да се следат површини со неправилна кружна форма, под веќе споменатите делови со зголемен интензитет на движен материјал. Овие формации беа исполнети со жолта земја помешана со траги од горење, но и значително намален број фрагментирана керамика и животински коски. По нивното расчистување се издвоија неколку јами со различна димензија и длабочина од 15-40 см. На досега расчистениот простор се дефинирани осум такви јами, од кои повеќето се поставени во групи по две. Особено се издвојува јамата насловена како јама 5, оформена како полукружна јама со камен пробиен источно од неа, а просторот наоколу беше исполнет со најголема концентрација од животински коски, што делумно не упатува на можната култна функција на самиот простор, а во сегментот I (ел. 18) (истражувано е само во контролниот простор), каде што се издвојува една плитка јама, од која на јужната страна е издлабено каналче за истекување течност, веројатно за принесување течни жртви.

Движни наоди

Процентуално најзастапен е керамичкиот материјал, и тоа садова продукција, како и предмети со нестандардни форми, односно со култна намена: жртвеници, модели на живеалишта и печки, антропоморфни и зооморфни фигуринки; камени и коскени алатки и накит.

Орудија и алатки од камен и коска

Откриените предмети од камен на локалитетот Св. Атанас во Спанчево можат да се групираат во три основни групи: делкани, мазнети и абразивни (Т.П). Со нивното подетално проучување ќе се надополни сликата, пред се, за производството на делканите камени орудија од локално потекло во регионот (сл. 6). Продукцијата на делканите алатки од кремените јадра, од сив, или жолт калцедон со бели дамки и јаспис е најбројна, особено во изработка на кремените делкани ножови. Без да се задржуваме подетално, овде ќе го споменеме само проектилот од делкан камен, пред се, поради неговата многу малата застапеност на праисториските наоѓалишта.15 Од репертоарот на мазнети камени алатки присутни се: камени секири. боздогани, брусеви и глачалици, кои ги има и од абразивен материјал, со кружна и со елипсовидна форма, а и повеќе камени мелници со различни димензии.

Посебно ќе ја издвоиме камената секира/чекан со вертикален кружен отвор за дршка со дијаметар од 1.8 см. (Т.Ц. 1, сл. 7), за која имаме аналогии на повеќе раноенеолитски наоѓалишта во соседните региони во Градешница во ниво А!"“,16 во Слатино во хоризонтите 5 и 6.'’17 Според X. Тодорова, овој вид на алатки, освен утилитарна функција, може да биле користени и како статусни симболи: секири-жезла,18 за фрагментираниот боздоган, кој го имал истиот статусен симбол на власт како и претходниот предмет. Најблиски аналогии наоѓаме во Слатино"?19 од хоризонтот 6 (Т. II, 2).

Предмети од коска

Речиси во сите истражувани сонди е откриено големо количество остеолошки материјал И животински рогови. Кај дел од нив особено е видлива интервенција, само ќе наброиме некои од коскените алатки кои се откриени во овие неколку истражувачки кампањи: коскено шило, коскена глачалица, алатка-шаралка (T. I, 1) ( за добивање на врежаната декорација), држалка за камена или метална алатка (1.1).

Керамика

На вкупно истражена површина од 364 м?, со просечна релативна длабочина од 0.20 м, пронајдени се околу 19000 фрагменти со различни димензии.20 Керамиката е рачно работена. И покрај фрагментираноста на материјалот, се издвојуваат складишните садови или садовите-амбари со големи димензии и дебели зидови, кај кои доминира врежаната линеарна декорација со геометриски мотиви, меандри, ѕса аѕе” и кругови, ромбови со точка во средината. Аналогни примероци имаме во Градешница,21 Дикилиташ кај Драма,22 Кракра кај Перник,23 во Слатино кај Ќустендил. Чохаджиев во својата типологија на цели садови ги сместува во групата 8, садови со карактеристичен код од 8.1.1-8.2.2.24 Честопати на исти садови се среќава и декорација со виснувања и со врежувања. Присутни се и конусовидни и сферични садови и чинии пехари подигнати на ниска нога. Кај некои со видливи и траги од бела инкрустација. Ги откриваме изработени во црвенокафеава боја, и тоа претежно во Јужниот сектор, со груба фактура, со примеси на зрнца од песок во составот и со рапава или делумно мазнета површина, додека во Северниот сектор почесто се сивоцрни, а поретко црвено кафеави. Многу често се откривани биконични садови со две вертикални држалки и декорација сликана со графит.

Во случајов, стандардната поделба на груба и фина керамика може да биде непримерна поради недостаток на однапред утврден критериум за тоа. Истовремено се среќаваат фрагменти од садови со големи димензии со груба површина без полирање, со груба фактура но со примена на графитна декорација од едната страна, а има и садови кои се со тенки зидови, мазнети до висок сјај, но со одредени минерални примеси во составот на глината. Повеќето од садовите кои се откриени во Јужниот сектор се изработени со подебели зидови, без дополнително мазнење, со примеси од камчиња и зрна песок во составот на глината, најчесто декорирани со врежување на надворешната страна, а кај некои има и графитно сликање од внатрешната (T.IV, 1). Аналогија наоѓаме во фазата Ш A во Промахон-Тополница по долината на р. Струма како тип струмско со шрафирани триаголници во горниот pen.25 Најголемиот дел се од складишни садови, површината им е претежно во сива, окер, црвена или црвенокафеава боја. Во Северниот сектор доминираат фрагментите во сивокафеава до црна боја, неретко и со дополнително премачкување, полирани од умерен до висок сјај, печени до 5вонливост. Декорирани се најчесто со графит или со врежување и инкрустација во бела боја, а во полињата помеѓу врежувањата се додава и сува црвена боја. Фрагментираниот материјал го изделуваме во четири групи: дна, устија, држалки и стомаци.

Во зависност од формите на садовите постои големо разнообразие во однос на типологијата. Нивните димензии и форма се во зависност од самите садови за кои се наменети. Постојат рамни дна со кружна форма, квадратни дна кои се видливи кај садови со форма на пресечена пирамида (Т.ГУ, 2) , правоаголна и елипсовидна форма на дна, како и подигнати на една куса. полна или празна нога. Овде ќе се осврнеме само на дната со врежани орнаменти „„пиктогра-

“ (Т.М, 1-5) кои се карактеристични за раноенеолитскиот период во цела западна Бугарија, во Градешница““,26 на локалитетот Кракра во Перник,27 во Слатино се побројни во горните хоризонти, а според типологијата на садови од Чохаджиев припаѓаат на садови од група !““.

Отворите или устијата на садовите во основа може да ги поделиме на три групи: рамни, извлечени нанадвор и вовлечени (Т.Ш, 4-14,16). Според формата на нивните завршетоци за секоја од групите може да се набројат и подгрупи врз основа на нивните завршетоци врз основа на тоа дали се заоблени, рамно или косо засечени или устие со „ГТ“ форма и се вклопуваат во основната типологија направена за керамиката во Слатино од С. Чохаджиев““.

Држалките на садови се определуваат според местото на кое се поставени, на устието или на стомакот и според насоката хоризонтални или вертикални (Т.Ш, 15; TLV, 1;28 Т.УП, 1-5;) Од нив понатаму можат да произлезат и повеќе поттипови лентести со овален и со кружен пресек, вертикално продупчени, јазичести, коленести и други држалки.

Според видот на декорација може да се направи основна поделба на керамичкиот материјал, во кои рамки подоцна можат да произлезат и соодветни подгрупи: Во откриената керамика се потврдуваат повеќе видови на декорација: врежување, сликање со бела и црвена боја, како и графитно сликање, декорирање со втиснувања, отпечатоци и повлаки од прсти, вертикални и коси канелури, како и комбинирање на врежувања и графит и канелури и графит.

Значаен белег кој ја одбележува керамиката во Спанчево е богатството фрагменти со врежана декорација, која ја среќаваме како кај садовите со стандардна форма. Исто така, многу често ја има и кај нестандардните керамични изработки,како што се антропоморфните фигуринки, култни масички, жртвеници, модели на живеалишта и печки, кои се пред се доказ за богатството на духовниот живот на тогашното население. Типолошки врски наоѓаме во керамиката од ранонеолитната култура Марица во Тракија2930 и Градешница во северозападна Бугарија“31 и културната група Слатино-Дикили Таш.

Декорација со врежување

Во декорирањето со врежување се издвојуваат неколку подгрупи.

Врежување од тип А (лариса тип) се карактеризира со врежана едноставна линиска декорација, врз груби садови со дебели зидови, од светлоцрвена до темносива боја со мат површина.

Врежување од тип Б (градешница тип) го карактеризира врежаниот линиски орнамент, при што во комбинација од спирални и брановидни линии се формираат меандри или ромбови со точка во средината (сл. 8; Т.УШ, 2, 3). Фрагментите се од доста груби садови со дебели зидови и со големи димензии од типот на складишни садови. Според бојата на керамиката ги има од црвени до темнокафеави, процентуално позастапени во јужниот сектор, па се до темносиви, односно црни во Северниот сектор. Во стручната литература обично се среќава како тип градешница и е карактеристичен маркер за раноенеолитската култура која се среќава во северозападна Бугарија,32 додека според типологијата направена од Вајсов за Тополница-Промахон, во керамичкиот опус од фазата IV истата ја дефинира како A3 тип.33 На локалитетот Кракра во Перник Радунчева ја издвојува како керамика од првата половина на енеолитот.34 Сепак најблиски паралели до нашата наоѓаме со керамиката од 6 хоризонт на локалитетот Слатино-Чардако во околината на Кустендил.35

Врежување тип В (марица тип) е познат уште и како скалест орнамент (ladder type). Меѓу две или три паралелни линии има густо врежани попречни линии, честопати исполнети и со бела пастозна боја (сл. 9). Според X. Тодорова овој мотив е типичен за културата Марица 1.36 Во Промахон-Тополница според типологијата на Вајсов е во тип A4,37 a постојат две издвоени варијанти.

Декорација со сликање

И во овој вид декорирање може да се издвојат неколку подвидови. За разлика од претходниот вид декорација, кој е позастапен во Јужниот сектор, сликаната керамика е процентуално позастапена во Северниот сектор. Поголемиот дел од садовите се со темносива до црна боја, но иако поретко, сепак има и светлоцрвени садови со бела боја и темнокафеави. Површината им е мазнета и полирана од умерен до висок сјај. Почести форми се садови со тесен цилиндричен врат со вертикални држалки кои почнуваат од самиот врат или непосредно под него и одат до широкиот биконичен стомак, садови со кантаровидна форма, садови со брадавичести држалки (Т.Ш, 11, 13; Т.УЏ, 1, 4, 5). Најблиски аналогии има на енеолитската населба Пилаво во непосредна близина на село Бурилчево,38 на локалитетот Град во Делчевско,39 ?? во соседна Србија во Бубањ, Хум Іа фазата,40 во Дикили Tam В и С форми“".41

Од останатиот керамички движен материјал особено внимание заслужуваат фрагментирано зачуваните: култни масички, жртвеници, модели на живеалишта (Т.МШ, 2, 3; сл. 10) со врежување и остатоци од суво црвено боење и бела пастозна боја во врежаната декорација, како и симболична претстава на консекративните рогови, како елемент зачуван од претходните временски периоди Особено внимание привлекуваат фрагментите од жртвеници кај кои на аглите има симболично извлечени животински рогови, веројатно од садови со зооморфни претстави, што повторно не упатува на можното продолжување на еден ритуал поврзан со консекративните рогови, негуван во раниот неолит, па се до бронзеното време, кога е проширен речиси по целиот стар свет, а нивното култно значење не претрпело посебни измени, најблизок пример ни е наодот од универ,42 иако примери се наоѓаат и Крит и Кипар, а и во седлестите жртвеници од Вучедол.,“:43 а сличен обичај со ритуална цел бил применуван до најново време.44

Керамичките прешлени за вретено се само уште еден доказ за застапеноста на стопанската активност (T.VI, 1-4), аналогни примероци наоѓаме на енеолитското наоѓалиште во

Антропоморфната и зооморфната пластика се карактеристични елементи на овие рани заедници и претставуваат значаен извор за реконструкција на различни аспекти од религискомитолошките сфаќања на жителите во периодот на неолитот и енеолитот. Големиот број идолна пластика откриена на наоѓалиштето во с. Спанчево е уште еден од елементите за вбројување во редот на светилишта. Откриени се повеќе од стотина фрагментирани антропоморфни и зооморфни фигурини изработени од керамика45.46

Заклучок

1. Наоѓалиштето се наоѓа на доминантна позиција, што упатува на фактот дека тамошното население на некој начин ја контролирало и комуницирало со останатото население по Брегалничката Долина.

2. Керамичкиот материјал од локалитетот Св. Атанас кај Спанчево, које со висок квалитет и богато декориран со темнокафеава боја и графит, мазнет и полиран до висок сјај, а врежаната декорација со комбинација од паралелни прави и спирални линии и врежувања формира геометриски мотиви, меандри. Според бројноста, формите, техниката и видот на употребена декорација, со споредбени анализи со соседните региони упатува на периодот на раниот енеолит.47

3. Големиот број антропоморфна и зооморфна керамичка пластика, како и фрагментираната керамика со нестандардни форми, како што се моделите на печки, живеалишта, жртвеници, особено на формите кои упатуваат на консекративни рогови, неспорно укажуваат на култниот карактер на самото наоѓалиште.

4. Зачуваните елементи на негување на култот кон Мајката Земја и плодноста кои на овие простори се зачувани до најново време.48 упатуваат на можната посветеност на светилиштето кон култот на плодноста и на животните.

Раниот енеолит општо во Македонија, а аналогно на тоа и во брегалничкиот регион, досега не беше или сосема малку е обработуван. Малкуте публикувани материјали беа приклонувани кон веќе добро проучената доцноенеолитна култура карактеристична за централнобалканскиот простор: Бубањ Хум-Салкуца-Криводол. Нов момент во проучувањето на тој период настапи со проучувањето на светилиштето Св. Атанас кај с. Спанчево, Кочанско. Басенот на Брегалница е неделив дел од територијата на тој раноенеолитски комлекс карактеристичен за централнобалканскиот простор во стручната терминологија познат како комплекс: Градешница-Слатино-Дикили Таш, во реонот меѓу средното и долното течение на реките Струма и Места, со оглед на степенот на проученост на енеолитските наоѓалишта по горното и средно течение на р. Брегалница сосема оправдано е раноенеолитската културна група во источна Македонија да биде наречена: Спанчево-Бурилчево по името на двете најдобро проучени наоѓалишта во регионот.

ilinka.atanasova@gmail.com

Цртеж |
Цртеж |
Илустрација, стр. 195
Сл. 7.
Сл. 7.
Илустрација, стр. 196
Сл. 10.
Сл. 10.
Илустрација, стр. 196
Илустрација, стр. 197
Сл. 18.
Сл. 18.
Илустрација, стр. 199
Илустрација, стр. 200
Илустрација, стр. 201

ILINKA ATANASOVA

Museum of Macedonia - Skopje

RESULTS OF EXCAVATIONS AT THE EARLY ENEOLITHIC SANCTUARY “SV. ATAMA5" AT THE VILLAGE OF SPANCEVO, KOCANI

Белешки

  1. Џо претходна пријава од страна на месното население во 2007 г. е изведено рекогносцирање на теренот од страна на авторот на овој текст и Звонимир Николовски. археолог во Управата за заштита на културното наследство, при што на Источната тераса, во обработувана нива е потврдено зголемено присуство на фрагментиран керамички материјал, карактеристичен за енеолитскиот временски период. ↩
  2. Блажев д-р K. - Наунов J., 2003, 18. ↩
  3. Токму затоа неговото истражување се прифати со голема скептичност, кое за наша срека понуди исклучително вредни сознанија. Поради дебелината на културниот слој беше исклучена можноста за следење на вертикална стратиграфија. ↩
  4. Во 2008 година се реализираа сондажни истражувања во две кампањи и тоа првата во јуни 2008 г. под раководство на Илинка Атансова, археолог од Музејската збирка од Кочани; а втората кампања во октомври истата година под раководство на Ирена Колиштркоска-Настева, археолог од Музејот на Македонија. ↩
  5. Во текот на целото досегашно истражување се откриени само неколку фрагменти од раноантичка сива керамика од локална провениенција, со оглед на дебелината на културниот хоризонт, можеме само да претпоставиме дека евентуалните подоцнежни периоди се измиени со ерозија, а на само 2 км североисточно одовде е потвредно постоење на голема раноантичка населба. ↩
  6. Во наредните 2009 и 2010 година Музејската збирка од Кочани продолжи со истражувањата од сондажен карактер, под раководство на авторот на овој текст, а дел од најновите сознанија беа презентирани на меѓународниот симпозиум одржан во Пазарџик, во соседна Република Бугарија (текстот е во печат). ↩
  7. Ова остава простор за делумно следење и на вертикална стратиграфија, иако истата треба да се гледа со резерва, затоа што токму на оваа површина е вршено повеќегодишно земјоделско третирање. ↩
  8. обиколка на теренот успеав да забележам дека природната карпа е многу дебела, некаде изнесува од 100-120 см, а на просторот западно од црквата се видливи површини со квадратна и правоаголна основа со проближни димензии меѓу 3 и 4 м, преку кој е видлив жолт премаз, веројатно поради природната косина на теренот ерозијата ги извадила на површина (сл. 12). ↩
  9. Николов B., 1974, 20-21, таквите платформи овозможувале полесно приготвување на храната, а во ладните денови врз нив е извлекувана жар за затоплување на просторијата. ↩
  10. Чохаджиев C., 2006, 36, обр. 189-192. ↩
  11. Renfrew C. et al., 1986, Pl. XL, 2a, b, SF3 813. ↩
  12. Иако најголемиот дел од просторот е сопственост на Р. Македонија, западната тераса на која е поставена Сонда 4 е во приватна сопственост. Иако сондата нудеше исклучително богат движен материјал. на барање на сопственикот на земјиштето Стојов Јоце, бевме принудени да ги прекинеме истражувачките активности на споменатиот простор. ↩
  13. Николов B., 1974, обр. 29. ↩
  14. Истата во допир со вода создаваше хемиска реакција и калцинација кај фрагментите кои можеа да се исчистат единствено по механички пат. при што неретко се оштетуваше и графитната декорација. ↩
  15. Шарић J., 2005, 17, PL. IV, 6-9. ↩
  16. Николов Б., 1974, обр. 26. ↩
  17. Чохаджиев C., 2006, 14, обр. 50, 1-4. ↩
  18. Тодорова Х., 1986, 154, 158, рис. 80, 81, сн. 76, 79. ↩
  19. Чохаджиев C., 2006, 14, обр. 50, 6. ↩
  20. При неговата статистичка селекција досега се обработени 16554 фрагменти, од кои најбројни се различни фрагменти од стомаци 11.700, држалки има 1140, фрагменти од устија 2068 и 1646 фрагменти од дна. Марина Спирова студент на постдипломски студии по археологија обработи 552 фрагменти од студиската керамика, со дозвола добиените резултати да ги искористи во својата магистерска работа. ↩
  21. Николов Б., 1974, обр.27, 29, 30, 41, 43, 45, 47, 73, 74. ↩
  22. Commenge-Pellerin C., 2004, pl. 38:22008, pl. 39:22009; forme E1: Тодорова X., 1986, 123. ↩
  23. Радунчева А., 1981, 22, 13, обр. 4. ↩
  24. Чохаджиев С., 2006, 24, обр. 86. ↩
  25. Vajsov I., 2007, 96-97, fig. 12: 6, 11-12, 20-21, 26-27. ↩
  26. Николов B., 1974, обр. 110. ↩
  27. Радунчева А., 1981, 22, обр. 15/6. ↩
  28. Чохаджиев C., 1986, 23, обр. 86. ↩
  29. Чохаджиев С., 2006, 25, обр. 87. ↩
  30. Тодорова X., 1986, 97-101, рис. 23. ↩
  31. Николов b., 1984. 6, 28, 29: Тодорова X.. 1986, 123, рис. 43-46. ↩
  32. Николов b., 1974; Тодорова X., 1986 , 123-126, puc.43-46. ↩
  33. Vajsov 1., 2007, 84, бо. 2, fig. 3. A3. бо. 17/3. 8, fig. 28/4. 6, 10-11, 14-15, 17-18. ↩
  34. Радунчева А., 1981, 13, обр. 3, 4. ↩
  35. Чохаджиев С., 2006, 29-31, обр. 100-103; обр. 147/7, 9, 10 ; обр. 148/7, 8. ↩
  36. Тодорова X., 1986, 98-101/4. ↩
  37. Vajsov I., 2007, 102, fig. 3/ A4, 17/1-2 ,4 6-7. ↩
  38. Колинтркоска Настева И., 2005, T I- T VII; Колинтркоска Настева И., 2005а, сл. 1-5. ↩
  39. Колиштркоска Настева И.. 2006, сл. 21. ↩
  40. Гарашанин М., 1973, 179, сл. 32. ↩
  41. Commenge-Pellerin C., 2004, 75-76. ↩
  42. Јовчевска Т., 2008, T. I, III, IV. ↩
  43. Hoti M., 1990, 35. ↩
  44. Атанасова И., 2010, 9. ↩
  45. Чохаджиев C., 1986, обр. 60. ↩
  46. Атанасова И.. 2010, во оваа прилика во интерес на просторот нема да се задржуваме повеќе на оваа проблематика која ќе биде предмет на посебен научен труд. ↩
  47. Пред се, заради ограниченоста на просторот, а со оглед на фактот дека се работи за релативно ново наоѓалиште, со исклучително редок материјал, поголемиот дел од проблемите околу типологијата на материјалот во случајов само ќе бидат загатнати, а подетални анализи ќе следуваат во некоја наредна прилика. ↩
  48. Атанасова И., 2010, 9, ф.н. 10. ↩

Summary

Results of Excavations at the Early Eneolithic Sanctuary "Sv. Atanas" at the Village of Spančevo, Kočani

The site of “Sv. Atanas” is located 12 km southwest of Кобаш!, on the right bank of the Bregalnica river, on a gentle slope at 389 masl. It was mentioned for the first time as an archaeological site in 2007, and between 2008 and 2010 it was investigated by means of trenches in two sectors. In the northern sector, work was carried out in fourteen trenches with original dimensions of 5 x 5 m; they were later expanded or narrowed depending on the space. In the southern sector a round building with a wreath of stones, of uneven width, was investigated. The diameter of the building is 18 m. On the inner side of the stone wreath was a belt of loose yellow earth, after which came one more leveling of irregular stones, and further toward the center followed brownish-black unbaked earth that was hard to dig. In the northern sector fragments of wattle-and-daub of varying dimension were found, with remains of larger or smaller branches attached with mud. In Trench 3 another building with a round ground plan was discovered; it had a much smaller diameter of 4.10 m, with a stone wreath of irregular shape, in a deposit of beaten yellow earth.

1. The site is located in a dominant position, which indicates that the people of the time in some way controlled and communicated with the rest of the population in the Bregalnica valley.

2. The pottery from the site of “Sv. Atanas” at Spanéevo is of high quality and richly decorated with dark brown paint and graphite, smoothed and polished to a high gloss; the engraved decoration with a combination of parallel straight and spiral lines and dots forms geometric motifs, meanders. Given the quantity, shapes, technique, and type of decoration, as well as comparative analysis with neighboring regions, it indicates the period of the Early Neolithic.

3. The large number of anthropomorphic and zoomorphic ceramic figurines, as well as the fragmented pottery of unusual shape, as though they were models of ovens, houses, altars, and especially models of consecrated horns undeniably indicate the cult character of the site.

4. The surviving elements of worship of the cult of the earth mother and fertility, which were preserved in these spaces until the present time, again point to the possible dedication of the sanctuary to the cult of fertility and of animals.

The Early Neolithic in Macedonia generally, like that of the Bregalnica region, until now has not been studied at all or only very slightly. The small amount of published material has focused on the already well-studied Late Neolithic culture characteristic of the Central Balkan region: Bubanj Hum — Salkuca — Krividol. A new stage in the exploration of this period arrives with the investigation of the sanctuary “Sy. Atanas” at the village of Spantevo, Koéani. The basin of the Bregalnica River is an inseparable part of the territory of that Early Neolithic complex characteristic of the Central Balkan region and known in scholarly terminology as the Gradessnica — Slatino - Dikili Tasb complex, in a zone between the middle and lower course of the Struma and Мечка rivers. Given the degree of investigation of Eneolithic sites in the upper and middle courses of the Bregalnica river, it is completely justifiable for the Early Neolithic cultural group in Eastern Macedonia to be called Spanéevo-Buriléevo after the names of the two best investigated sites in the region.

Библиографија