Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 125–170

Локалитетот Трештена Стена кај селото Манастир, Мариово

Локалитетот Трештена Стена се наоѓа во атарот на село Манастир, Мариово, на околу | км западно од коритото на Црна Река, односно на околу 5 км југоисточно од село Крушевица, покрај стариот пристапен пат за село Чаниште (Карта). Тој претставува доминантен купесто извишен карпест врв ориентиран во правец запад-исток, со помало настранување кон југозапад и се забележува од поголема далечина!1 (сл. 1). Со сондажните археолошки ископувања изведени во 2001 година беше утврдено дека на овој простор егзистирала праисториска населба низ енеолитскиот период. За да се добие целосна слика за неа од аспект на општествената организација, стопанството, економиката, материјалната и духовната култура, од 2003 година истражувањата продолжија како систематски и се во тек.2 Досега е истражена вкупна површина од околу 135 м?, при што се евидентира културен слој со дебелина од 0.50 м до 1.20 (1.60) м во рамките на длабочина од 1.00 до 2.50 м.

Од профилите јасно се гледа дека населбата имала еден културен стратум со најмалку шест хоризонти на живеење. Животот се одвивал во непрекинат континуитет, а тоа се поткрепува со непостоење стерилни меѓуслоеви. Во сите хоризонти е евидентна појавата на големи пожари, при кои градбите биле најверојатно целосно уништувани. Обновувањето на населбата во пооделните фази на нејзиното егзистирање се вршело на тој начин што врз урнатините на постарите градби биле подигнувани градбите од помладите хоризонти. Како по правило, меѓу културните хоризонти се забележува слој компактна жолтеникава глинеста земја, кој најверојатно претставувал нивелација на теренот. Најмногу податоци за начинот на градењето на објектите и целокупниот нивен инвентар добиваме само за IV хоризонт, додека за останатите хоризонти заклучоците ги донесуваме само врз основа на откриените јами за колци и помалите парчиња на дислоциран куќен лепеж. Овде треба да се нагласи тоа дека во крајниот источен дел од истражуваниот простор, од повисоките делови на купесто извишениот карпест врв во подалечно или поблиско минато се срушиле огромни камени блокови. Од овие причини градбите пронајдени на овој простор не се истражени во целост.

Сл. 1. Локалитетот Трештена Стена, с. Манастир
Сл. 1. Локалитетот Трештена Стена, с. Манастир

ХОРИЗОНТ | - го означува почетокот на животот на населбата. Делумно лежи на природна карпа и тенок слој од гареж, а делумно врз стерилен слој земја со кафеавкаста боја. Истражен е дел од градба ориентирана во правец североисток-југозапад, сместена меѓу огромните карпи, при што делумно се потпирала на нив. Подот од градбата е направен од подебел слој од земја со окерова боја (деб. од 7 мм до 6.5 см), убаво мазнет од горната страна и со благ пад во правец кон југ. Во него се евидентирани повеќе вкопани јами за колци со поголеми димензии чиј пречник се движи од 0.09 до 0.30 м и длабочина од 0.15 м до 0.45 м, кои упатуваат на тоа дека во случајов се работи за цврста градба со поголеми димензии. Неколку јами биле вкопани директно во самата карпа приспособена колците подобро да налегнат во неа. Колците биле дополнително прицврстувани со набивање на подебел слој од тврда земја со окерова боја. Во квадратот 14 според начинот на обликување се издвојува јамата 1, која е со овална форма, ориентирана во правец северозапад-југоисток (дим. 0.37 х 0.27 х 0.25 (0.35) м) и од внатрешната страна обложена со земја со окерова боја и поситен аморфен камен. Од северозападната и југоисточна страна е зајакната уште со слој од тврда земја со окерова боја и неколку потенки слоеви од глина во различни колоритни нијанси, наизменично поставени еден до друг. Во овие слоевите се наоѓаа фрагменти од керамички садови и ситен аморфен камен, а во дното од јамата бил вкопан и фрагментиран камен боздоган. Според вниманието кое е посветено при обликувањето, оваа јама најверојатно имала култна намена. Треба да се нагласи и тоа дека најнапред целосно била оформена јамата, а потоа нанесен слојот од глина на подот.

Внимание заслужува и групата аморфни камења која се наоѓа во југоисточниот дел од градбата, односно во просторот на квадратот 1. Оформена е од два-три реда аморфен камен, наредени во приближно овална форма и ориентирани во правец запад-исток. Во основата се поставени покрупни камени блокови, а на нив поситен аморфен камен. Меѓу камењата се наоѓаа фрагменти од керамички садови. нога од антропоморфна фигурина и животински коски. Од источната страна на групата, односно во нејзино продолжение, се евидентираа уште два камени блокови со поголеми димензии и убаво зарамнети површини. На еден од нив е залепен лепеж (деб. 0.18 м), кој почнува од источниот профил, во кој и влегува и највероватно полукружно се движи во правец кон југозапад. По целосното подигање на групата аморфни камења, на просторот под, нив се појави двојна јама - обележана како јама 5. Таа беше исполнета со мека земја со кафеава боја помешана со пепел, низ која се наоѓаа фрагменти од керамички садови и животински коски. За жал, оваа поголема конструкција3 не е целосно истражена, така што останаа отворени повеќе прашања, пред се, за нејзиниот карактер и намена. Овде особено е специфична комбинацијата на двојната јама со камената конструкција над неа, која со својот највисок дел допирала до нивото на подот на градбата од помладиот хоризонт на живеење хоризонт 2. Дали во случјов станува збор за интерен култен простор (2) останува да се утврди со целосното истражување на оваа конструкција.

Карта. Позиција на локалитетот Трештена Стена, c. Манастир,
Карта. Позиција на локалитетот Трештена Стена, c. Манастир,

ХОРИЗОНТ 2 - од хоризонтот | е одделен со слој на земја низ кој се наоѓа големо количество гареж и пепел, поситни парчиња слабо печен лепеж, со бледо жолтеникава боја, ситен аморфен камен, фрагменти од керамички садови и животински коски. Од овој хоризонт истражен е дел од градба или повеќе градби, што ќе се утврди со натамошните истражувања, ориентирана(и) во правец североисток-југозапад. Подот е со благ пад во правец кон југ и направен од слој набиена земја со окераста боја во кој има големо количество од гареж, фрагменти од керамички садови, животински коски, ножина од кремен, рака од антропоморфна фигурина, мал зооморфен жртвеник, поситен аморфен камен и неколку поголеми парчиња куќен лепеж. Во него се евидентирани повеќе вкопани јами за колци со различна ориентација, како и различна широчина која се движи од 0.07 до 0.24 м и длабочина од 0.05 до 0.48 м. На просторот од квадраттот 1 се откриени и две поголеми јами, обележани како јама 3 и јама 4, вкопани во подот, а беа исполнети со гареж и пепел низ кој се наоѓаа фрагменти од керамички садови, ножина од кремен и животински коски.4

ХОРИЗОНТ 3 - од претходниот е одделен со подебел слој пепел, на одредени места помешана со гареж, заради што земјата беше мека и лесна за работа. Низ неа се наоѓаа помали парчиња куќен лепеж, фрагменти од керамички садови и животински коски. Од овој хоризонт е истражен дел од градба, која во северниот дел се допирала на самата карпа, која убаво била зарамнета во правец исток-запад. Подот од градбата е од набиена земја премачкана со разматена глина, покриен со дебел слој гареж и пепел, прегорен и убаво нивелиран, во кој се наоѓаа повеќе фрагменти од керамички садови, поситен и покрупен аморфен камен, рачни мелници и животински коски. Во подот се откриени повеќе вкопани јами за колци со различни пречници кои се движат од 0.05 до 0.15 м и длабочина од 0.09 до 0.50 м, распоредени на одредено растојание, групирани по неколку заедно и ориентирани во одредени правци.

ХОРИЗОНТ 4 - од претходниот хоризонт е одделен со подебел слој од пепел помешана со гареж. Во неговите рамки делумно се истражени неколку градби, од кои најмногу податоци даде градбата која се наоѓа во југоисточниот дел од истражуваниот простор. Но, имајќи предвид дека таа не е целосно истражена, не може со сигурност да се утврди нејзиниот карактер и намена. Најнапред на овој простор се наиде на компактен куќен лепеж со океровоцрвенкава или интезивно црна боја на печењето. Низ него се наоѓаа поситни и покрупни парчиња со отпечатоци од помали гранки, тркалезни дрва и цепена штица. Тркалезните дрва се со пречник од 4.0 см. до 12.0 см, додека цепените штици се со ширина до 17.0 см и дебелина од 1.0 см до 30 см. На одредени делови од зидовите штиците се поставувани во два реда, еден до друг, со одреден слој на глина меѓу нив.5 Внатрешноста на градбата била поделена на два дела, односно на една поголема и една помала просторија.

Во поголемата просторија на подот се откри рачна мелница, а до неа антропоморфна женска фигурина со поголеми димензии. Северозападно од овој вреден наод, а во близина на еден поширок вертикален столб, откриен е букранион од рогато животно (најверојатно овен), а североисточно е пронајден голем зооморфен жртвеник во облик на бик со реципиент на грбот, култно „погребан“ во една јама. Пред фигурината, односно источно од неа, се наоѓа поголема јама, сместена во југоисточниот агол од градбата. Оваа јама има недефинирано правоаголна форма во горниот и кружна форма во долниот дел, а беше исполнета со мека земја со кафеава боја. На нејзиниот под е константиран подебел слој од пепел, како и фрагменти од керамички садови, кремен, орудија од коска, прешлен и речни школки. Околу јамата од нејзиниот јужен дел се открија неколку помали јами за колци, полукружно распоредени, што укажува на тоа дека можби била покриена со некој вид настрешница. Вака издвоена оваа јама во рамките на самата градба, упатува на размислување дека просторот околу неа претставувал посебно место со култна намена.6 Сличен култен простор е откриен во Вучидол, односно во две вкопани ниши на чии подови е евидентиран исто така подебел слој од пепел и гареж, како И фрагменти од искршен сад, а се претпоставува дека во него бил вртен мистичен култ со хтонско - аграрен карактер.7

Во северозападниот дел на помалата просторија во градбата се открија неколку култни објекти. Жртвената маса со правоаголна форма и димензии 1.45 (1.26) х 1.12 (1.23) х 0.40 (0.10) м е подигната директно на подот од поголема Маса кал, во средината исполнета со неколку слоеви од покрупен и поситен аморфен камен, фрагменти од керамички садови, антропоморфни фигурини и животински коски. На источниот зид, а поблиску до југоисточниот агол на масата, залепена е помала конструкција од која се зачувани западната и североисточната страна, која, пак, од надворешната страна била украсена со конкавно изведени ножина. Покрај североисточниот агол на жртвената маса се појави подебел слој гареж, а југоисточно од неа е пронајден поголем сад со остатоци од некоја житарица.

На околу 0.20 м северозападно од жртвената маса, на подот од помалата просторија, се откри конструкција направена од глина со правоаголна форма и зачувани димензии 1.01 х 0.25 (0.30) х 0.02 (0.07) м. На едниот крај се наоѓа полукружен испакнат дел, додека од надолжната и едната потесна страна се забележуваат отпечатоци од цепена штица. Се добива впечаток како конструкцијата да стоела во просторот над жртвената масата, но вклопена во рамките на некаква дрвена конструкција. На југоисточниот агол од конструкцијата лежеа антропоморфен сад, повеќе кружни прешлени, минијатурно сатче во форма на пехар, предмет од камен во форма на фалус, а покрај северозападниот агол тесто од земја во облик на „сомунче“ или „леб“.

Западно од оваа конструкција се откри огниште со правоаголна форма, ориентирано во правец североисток-југозапад. Подот на огништето беше покриен со прегорен тенок слој од глина, а врз него rap и пепел. Од неговата јужна страна се наоѓаше кантаровиден сад со убава фактура, украсен во техника на графитно сликање.8

На околу 0.70 м југозападно од огништето се појави оштетена конструкција со издолжена форма и масивно столбесто тело, ориентирана во правец север-југ, со помало настранување кон североисток и димензии (0.77 х 0.38 х 0.10 (0.15)) м. Оформена е од набиена глина со окерова боја и аморфен камен со убаво зарамнет горен дел, а на кој се наоѓаат траги од горење. Од северната нејзина страна и на пониско ниво од неа, залепена е помала конструкција со нерамен под од набиена глина со многу горетини. Под подот се пронајде помало жртвено сатче со кантаровидна форма со овален отвор на венецот и две вертикални дршки. Југоисточно од оваа конструкција на подот лежеа два поголеми складишни садови.9

Во хоризонтот 4 е евидентирана уште една конструкција во просторот на квадрат 14. Од неа е истражен само мал дел, затоа што во најголем дел влегува во западниот профил на квадратот.

ХОРИЗОНТ 5 - беше исполнет со мека земја измешана со пепел низ која се наоѓаа дислоциран куќен лепеж, фрагменти од керамички садови и поситен аморфен камен. Куќниот лепеж е со океровоцрвенкава или интезивно црна боја на печењето, при што низ него се наоѓаа поситни и покрупни парчиња со отпечатоци од цепена штица или помали гранки. По неговото кревање се појави под од градба од набиена земја со окерова боја, доста нерамен и со благ пад во правец кон југ. На одредени места се наоѓаа фрагменти од керамички садови, поситен и покрупен аморфен камен и животински коски, а во југозападниот дел на квадратот 9, на просторот во кој подот беше покриен со поголемо количество гареж, покрај една рачна мелница, се откри и фрагментиран складишен сад - питос. На просторот од квадратот 10, на подот, се евидентирани слаби траги од цепена штица, што укажува на тоа дека тој во овој дел најверојатно бил покриен со дрвена конструкција. Во подот се вкопани повеќе јами за колци со различен пречник кој се движи од 0.06 м до 0.16 м и длабочина од 0.12 м до 0.55 M, распоредени на одредено растојание, групирани по неколку заедно и ориентирани во одредени правци, при што прават агол од градба.

ХОРИЗОНТ 6 - го означува најмладиот хоризонт на живеење и се наоѓа на 0.40 (0.60) м под хумусот. Овој културен слој беше исполнет со мека земја, лесна за работа, на одредени места измешана со пепел низ која се наоѓаа дислоцирани парчиња куќен лепеж, фрагменти од керамички садови, поситен аморфен камен и животински коски. Од овој хоризонт истражен е дел од градба ориентирана во правец североисток-југозапад, од која е пронајдена помала група компактен куќен лепеж, низ кој се наоѓаа помали и поголеми парчиња со окерова до црвено препечена боја со отпечатоци од цепени штици и помали гранки. Со подигање на лепежот се појави под од градбата од тврда земја со окераста боја, со благ пад во правец кон југ и доста нерамен. На овој простор беа пронајдени повеќе јами за колци со различен пречник кој се движи од 0.04 м до 0.25 м и длабочина од 0.07 м до 0.50 м, распоредени на одредено растојание, групирани по неколку заедно. Покрај источниот профил на квадратот 9, приближно во средината, во претходно вкопана јама култно се „погребани“ животински коски измешани со фрагменти од керамички садови, дислоцирани парчиња куќен лепеж и ситен аморфен камен. Јамата се протегаше во должина од околу 1.0 м и приближна ориентација североисток-југозапад, а во нејзиниот крајниот југоисточен дел како прилог се наоѓаше минијатурно сатче со конусна форма..

Откриените архитектонски остатоци потврдуваат дека жителите на енеолитската населба на локалитетот Трештена Стена граделе надземни куќи во вообичаената праисториска техника на градење од дрвена граѓа и лепеж, во рамки на востановени градителски традиции со определени норми за нивниот облик, димензии и внатрешен распоред. Одделни парчиња од лепеж, дебели од 0.15 до 0.20 м, а со отпечатоци од тркалезни дрва, цепени штици и помали гранки, како и повеќето слоеви од премачкувања, укажуваат на масивна конструкција и подолго користење на станбените објекти. Подовите биле од цврсто набиена глина. Опишаните култни објекти се со различни форми и големини, како и со различни начини на градење, кои зависеле од функцијата која ја имале во рамките на обредните дејствија, а зборуваат за високо развиен духовен живот на луѓето од оваа населба. Единствено заедничко за сите нив е тоа што на секоја поголема конструкција додадена (налепена) е помала. Најверојатно конструкциите биле во функција на обредниот чин поврзан со култот на плодноста. Ваквата претпоставка во голема мера е поткрепена со присуството на рачната мелница која е поврзана со култното мелење, женската фигурина, букранионот, големиот зооморфен жртвеник во облик на бик и камениот предмет во форма на фалус.10 Во култната симболика бикот и овенот ја содржат моќта на плодноста и светлината, односно огнот. Врската меѓу овенот-бикот и огнот се темели на целокупниот огнен симбол на cè што е живо, па оттаму и на сејмената плодност во сите делови на постоењето.11 !!

Од движниот археолошки материјал најмногу е застапена садовата керамика, претежно откриена во фрагменти. Преовладуваат садовите со средна фактура, во помал број се присутни оние со фина изработка, додека грубата фактура се среќава многу ретко. Обично се работени од земја која содржи примеси од лискун и ситни зрнца од песок, најчесто само со замазнета горна површина, а многу поретко се застапени садови со сјајно мазнети површини. Бојата на садовите добиена при печењето обично е кафеава во повеќе нијанси, а во помала мера сива или темносива, односно црна. Застапени се и двобојни садови - надвор сива, а внатре кафеава и обратно. Дната на садовите се кружни и рамни, а поретко и малку вдлабени (I, IV, и VI хоризонт), и тоа најчесто кај садовите со тенки зидови и сјајно мазнети површини (IV хоризонтот). Повеќето садови се украсени од кои неколку и од внатрешната страна, еден во техника на гребење на мазнетата површина, друг со браздесто врежување а трет во техника на графитно сликање. Кај грубата керамика карактеристични се поголемите нееднакво печени садови со дебели 5идови. Како типови застапени се чинии и садови со различни облици и намена. Тип I - чинијата во форма на прав конус е застапена со поголем број наоди кои егзистират во сите шест хоризонти. Оние со убава фактура се со тенки зидови сјајно мазнети површини, понекогаш и од двете страни (IV хоризонт) и со кафеава, сива, или сивокафеава боја. Присутни се и чинии со средна фактура. Кај помал број чинии се јавува задебелување на венецот од внатрешната страна (IV, V, VI хоризонт). Оваа варијанта е застапена во Шуплевец, Бакарно Гумно, Kapamann, Црнобуки и Големи Камен во Пелагонија,12 како и во населбите од соседната Бубањ-Хум енеолитска културна rpyma.13 Како држалки се јавуваат брадавичестата, поставена на венецот, во еден случај вертикално продупчена (1, [V хоризонт), под него (II, Ill, IV, V, VI хоризонт) или во долната половина на чинијата (II хоризонт); малата тунелеста, хоризонтално или вертикално продупчена, поставена на венецот (П хоризонт) или под него (II, II, IV, V и VI хоризонт);14 малата јазичеста дршка хоризонтално извлечена од работ на венецот (V хоризонт)15 и вертикалната лентестата која поаѓа од работ на венецот (У хоризонт), во еден случај целосно не продупчена (VI хоризонт) или под него (I хоризонт). Ретка варијанта се чиниите во форма на прав конус со преграда во средината и вертикални лентести држалки кои поаѓаат од венецот (IV хоризонт) и плитката биконусно профилирана чинија со широко отворена устинка, при што на најширокиот дел се наоѓа мала брадавичеста апликација(ПУ и VI хоризонт). Ретко се украсувани, и тоа со кружни втиснувања (1, У хоризонт), со широки плитки канелури, косо поставени, сликањето е со кафеава боја, црно сјајно премачкување ПУ хоризонт) или во техника на гребење на мазнетата површина (У хоризонт). Кај еден примерок на внатрешната страна се наоѓаат слаби траги од црвена crusted боја (VI хоризонт), а кај друг таа е во комбинација со бела пастелна боја (У хоризонт) (Т.І, 1-9, Т.П1, 1-3, T-VI, 1-5, ТУШ, 1-14, T.XIII, 2, T.XIV, 1-9, T. XVIII, 1-9, T. XXI, 1,3).16

Tun И - конусната чинија со вовлечен венец е чест облик во садовата продукција и со голем број наоди егзистира во сите шест хоризонти. Најчесто е со убава фактура, тенки зидови и сјајно мазнети површини, а бојата на печењето е кафеава, сива, сивокафеава, а поретко е двобојна, сива од надворешната и кафеава од внатрешната страна или обратно. Евидентирани се и чинии со средна фактура. Како држалки се јавуваат малата тунелеста, хоризонтално или вертикално продупчена поставена под венецот (I хоризонт) на преминот (ЧУ хоризонт) или под него (IV хоризонт); лентестата која поаѓа од венецот (I, II, II, V, IV хоризонт), се наоѓа на преминот (У хоризонт) или под него (II, ГУ хоризонт) и брадавичеста поставена на преминот (III, VI хоризонт). Кај овие чинии најчесто е украсуван вратот, и тоа во техника на гребење на мазнетата површина (I, ГУ и У хоризонт), black topped техника (Ш хоризонт), а поретко и во техника на графитно сликање (I хоризонт). Тие можат да бидат украсени и со кружни втиснувања (II хоризонт), со врежување (IV хоризонт), со браздесто врежување (У хоризонт) или со коси паралелни и плитки канелури на рамото (IV хоризонт). Кај еден фрагмент од VI хоризонт рамото е украсено со хоризонтален ред од мали косо поставени апликации. Конусните чинии со вовлечен венец се присутни без исклучок во сите енеолитски локалитети што му припаѓаат на културниот комплекс Бубањ-Хум-Салкуца-Криводол17 (T.I,10-12, T.III,4-9, T.VI, 6-9, T.VII, 1, T.VIII, 15-22, T.XIV, 10-13, T.XVI, 8, T.XVIII, 10-13 T.XX, 8, T. XXI, 13,16, T. XXII, 2, T. XXIV, 1). Тип Ш - длабоките чинии со полутопчеста форма откриени се во помал број примероци и во сите хоризонти на живеење. Оние со убава фактура се со тенки зидови, сјајно мазнети површини, а бојата на печењето е кафеава или сивокафеава, или се двобојни, сивокафеави од надворешната а кафеави или темно сива од внатрешната страна. Се украсувани во black toppet техника (III, [V хоризонт) и со браздесто врежување (Ш хоризонт). Кај чиниите со средна фактура се застапени неколку типови дршки: јазичестата пластично извлечена (ГУ хоризонт); вертикалната лентеста дршка која поаѓа под венецот (У хоризонт) и вертикално продупчената тунелеста дршка (V, VI хоризонт). Чиниите од I, Ш, У и VI хоризонт се украсени со правоаголни и кружни втиснувања или во техника на браздесто врежување (ЈУ хоризонт), со плитки канелури (II хоризонт) или врежани цик-цак орнаменти (VI хоризонт) (T.I, 13-15, T.III, 10, 11, 21, T.VI, 10-12, T.IX, 1-4, T.XIV, 14-20, T.XVI, 12, T.XVIII, 14-20, T. XXI, 8,9, 11).18

Тип IV - длабоката чинија со кус цилиндричен врат, издолжено тело, заоблен понекогаш благо нанадвор подвиткан венец и слабо нагласено рамо, најчесто е со средна, а многу ретко со убава фактура. тенки зидови. мазнети површини. Бојата на печењето е кафеава, сива или сивокафеава или се двобојни, сиви од внатрешната, а сивокафеави од надворешната страна. Украсувани се најчесто со низи од овални (I хоризонт), кружни или правоаголни убоди (II хоризонт) или на рамото се наоѓаат вертикални или косо поставени паралелни плитки канелури (III, У хоризонт) (Т. П, 7, Т. Ш, 13-16, Т. VI, 17,18,19 T. IX, 10, T. XI, 4,5, T. XV, 11, T. XVIII, 21, T.XX, 17)?

Тип V - чинијата со цилиндричен врат и биконусна заоблена профилација е евидентирана во I, Ш, ГУ и VI хоризонт на домување. Најчесто е со убава фактура, тенки зидови и сјајно мазнети површини од надворешната и замазнети од внатрешната страна. Бојата на печењето е кафеава, сива, сивокафеава или се двобојни, сивокафеави од надворешната, а кафеави од внатрешната страна. Понекогаш на најширокиот дел се наоѓа брадавичеста апликација, мала тунелеста дршка хоризонтално или вертикално продупчена (120 ГУ.УГ хоризонт) или јазичеста пластично извлечена дршка (Ш хоризонт). Овој тип чинии најчесто се украсени со браздесто врежување (IV хоризонт), полукружни, паралелни канелури поставени околу една поголемата брадавичеста апликација (1 хоризонт), во техника на врежување (IV хоризонт), со овални втиснувања (ЈУ хоризонт) или во техника на гребење на мазнетата површина во комбинација со графит (IV хоризонт) (Т. I, 16-18, T. УП, 5, T. VIII, 23-26, T. IX, 5-9, T. X, 10, T. XVIII, 28, T. XIX, 1) 29

Tun VI - чиниите со топчесто тело обично се со тенки зидови, мазнети површини и благо или остро нанадвор подвиткан венец. Имаат добра фактура, а бојата на печењето е сива, но најчесто овој тип чинии се двобојни, кафеави од надворешната, а сиви од внатрешната страна. Во ретки случаи на рамото се наоѓа брадавичеста апликација (I, !У хоризонт). Кај еден фрагмент од VI хоризонт, под венецот, се наоѓа тенка хоризонтална лента од црно премачкување, додека еден фрагмент од I хоризонт со лоша фактура и темно сива боја на печењето е украсен со низи од овални втиснувања (T. ІТ, 8, Т. ЕХ, 11-17, Т. XVIII, 23-26).21

Тип УП - длабоката чинија со благо, навнатре завртена уста и заоблен или рамно засечен венец, најчесто се со замазнети површини и кафеава боја на печењето. Редовно се со брадавичеста апликација под венецот или петличеста дршка, брадавичеста апликација или мала тунелеста хоризонтално продупчена дршка на преминот (III, ГУ,У хоризонт). Кај еден поголем примерок од IV хоризонт на рамото се наоѓа хоризонтален ред од вертикални и паралелни импресо зарези поставени од двете страни на брадавичестата апликација (T. УП, 4, T. IX, 18 - 20, 22 - 24, T. XVI, 6, 7).”22

Tun VIII - садовите со цилиндричен врат и остро нагласено рамо на кое редовно се наоѓаат брадавичести апликации (1,ГУ,УТ хоризонт), обично се со добра фактура, замазнети површини и кафеава или сива боја на печењето. Ретко се украсувани, најчесто со низи од правоаголни убоди (I хоризонт) (Т. II, 12,13, Т. XI, 6-8, Т.ХІХ, 4, 5, Т. XXI, 12).

Tun IX - кантаровидните садови со две вертикални лентести дршки кои поаѓаат од венецот, при што не го надвишуваат, завршуваат на неговиот најширок дел. Застапени се во сите хоризонти на живеење и најчесто се со убава фактура. тенки зидови мазнети или сјајно мазнети површини. Бојата на печењето најчесто с кафеава, сива или сивокафеава, а многу поретко се двобојни, сиви од надворешната, а кафеави од внатрешната страна или обратно. Обично имаат цилиндричен или конусен врат, проширен стомак на кој во еден случај се наоѓа мала брадавица (ТУ хоризонт) и мало кружно и рамно дно. Редовно е украсуван вратот и рамото на садот, а во одделни примероци се украсуваани и лентестите дршки во техника на графитно сликање (IV хоризонт) (Т. X, 1, 3), во техника на гребење на мазнетата површина (VI хоризонт) или со обично врежување (IV хоризонт). Овие садови се присутни во поголемиот број енеолитски населби“:23 (1. II, 1-3, T. IV, 5, T. VI, 24, Т. X, 6, T. XV, 1,2,5,6, Т.ХІХ, 17, Т. XXV, 1, T. XXIV, 2).

Тип X - садовите со топчесто или биконусно тело, повисок или понизок врат со цилиндрична или конусна форма и заоблен или зарамнет, а поретко благо нанадвор подвиткан венец. И овие садови се присутни во сите хоризонти на живеење. Во одделни случаи имаат вертикални лентести дршки или четири тунелести дршки симетрично поставени на најширокиот дел. Оние со убава фактура се со тенки зидови и со мазнети, а поретко и сјајно мазнети површини. Бојата на печењето е кафеава, сива, сивокафеава, а многу поретко се двобојни, внатре темносиви, а надвор сивокафеавави. Како варијанта се јавува и садот со три дршки (IV хоризонт).24 Ретко се украсувани, и тоа во техника на гребење на мазнетата површина (1, VI хоризонт), сликани со посна кафеава (I хоризонт), бела мат боја ПУ хоризонт) или со браздесто врежување (У хоризонт). Кај оние со средна фактура во еден случај на вратот се наоѓа мала хоризонтална дршка (ГУ хоризонт), кај друг мали кружни отвори, цик -цак распоредени (У хоризонт),“ а кај трет се забележуваат траги од графитно сликање (IV хоризонт ) (T. I, 22 - 24, T. IL, 4 - 6, T. IV, 2, 4 - 8, T. VI, 13,T. УП, 2, T.X, 4, 5, 7-9, 11 - 13, T.XV, 3, 4, 8-10, 12, T. XIX, 13-16, 18, 19, T. XXI, 6, 10, 15, T.XXV, 7).

Tun XI - садот со биконусна заоблена профилација, цилиндричен врат и две јазичести пластично извлечени дршки од т.н. „трештена“ тип, се наоѓа во сите хоризонти на домување. Најчесто е со убава фактура, сјајно мазнети површини и кафеава или сивокафеава боја на печењето, а можат да бидат и двобојни, кафеави од надворешната, а сиви од внатрешата страна. Јазичестите пластично извлечени дршки се јавуваат во неколку варијанти: можат да бидат рамно засечени (VI хоризонт) или заоблени во горниот дел, рамно засечени и проширени (Ш хоризонт) или со кружен плочест горен дел (ПИ хоризонт). Во повеќето случаи во овој горен дел редовно се наоѓаат по еден или два мали кружни отвори, со што овој вид на дршки добиваат зооморфен изглед. Во ретки случаи, еден или два помали кружни отвори се наоѓаат во нивниот корен (I, II и VI хоризонт). Овој тип садови најчесто се украсени во техника на гребење на мазнетата површина (II, Ш, V хоризонт), графитна техника, а кај еден

“2 Симоска ЈІ. et al., 1976, 46, Т.П, 6, T.V, 4, 5; Т.ХІ,3; Гарашанин М. - Симоска Д.,1976 15, сл.13: Видески 3., 2005, примерок орнаментиката е изведена со кафеавка боја (IV25 хоризонт) (Т.Ј, 19-21 Т.ГУ, 10, Т. V,18-21, T.VI, 21, 22, T.VII, 19-21,T.IX, 21, T.XIII, 10-12, 14, 17, 22, T.XV, 13, 14, T.XVII, 30, 31, T.XIX, 2, 3, T.XX, 24, 26-30).

Tun XII - садовите со заоблена биконусна форма се евидентирани само во последните три хоризонти на живеење (IV, У и VI). Најчесто се со добра фактура, мазнети или грубо замазнети површини, рамно засечен венеци благо нагласено рамо, на кое најчесто се наоѓа хоризонтална или поголема вертикална лентеста дршка или дршката е во форма на двојна брадавица (VI хоризонт). Бојата на печењето најчесто е кафеава, а можат да бидат и двобојни, со кафеава боја од надворешната, а сива од внатрешната страна (T. VI, 16, Т. XI, 2, Т. XV, 15- 18, T. XIX, 6, 7).”°26

Tun XIII - садовите со издолжено тело, подебели зидови, кус цилиндричен врат, заоблен или зарамнет венец и замазнети површини се застапени во II, IV, У и VI хоризонт. Еден примерок има поголема пластично извлечена дршка, седлесто вдлабена, а друг вертикална лентеста дршка. Фактурата е добра, а бојата кафеава или се двобојни, надвор сиви, а внатре кафеави или обратно (Т.Ш, 12, Т. IV, 3, T. ГК, 25, Т. XVI, 1, 2, 3, Т.ХІХ, 8, 9).

Tun XIV - садот цедилка присутен е во сите хоризонти и најчесто е со конусен или топчест облик и перфорирани зидови со помали или поголеми кружни отвори. Кај еден примерок од II хоризонт венецот се наоѓаат хоризонтални дршки, а во друг случај брадавичеста апликација хоризонтално извлечена од венецот (У хоризонт). Присутен е речиси на сите енеолитски населби, Бакарно Гумно, Крушеанска Чука, Големи Камен, Шуплевец, Црнобуки и Врањак кај c. Варвара, Скопско27 (T. II, 11, T. IV, 12, T. VI, 19, 20, T.XI, 12, T.XIV, 24-26, T.XIX, 12, T.XX, 10).

Тип XV - садот во форма на пехар ес редок облик, но присутен е во сите хоризонти на живеење. Најчесто е на ниска или висока шуплива нога, во неколку случаи фигурално продупчена (IV,V хоризонт), а поретко на полна нога (У хоризонт). Еден помал примерок на ниска шуплива нога има лентеста дршка која поаѓа од венецот (Ш хоризонт) (Т. УП, 13). Ретко се украсувани, и тоа во техника на гребење на мазнетата површина (IV, У хоризонт) Присутен е во подоцнежните енеолитски фази на населбите Бакарно Гумно, Крушеанска Чука, Црнобуки, Шуплевец, Карамани, Могила, Големи Камен, како и на локалитетите од групата Бубањ Хум28 (T.II, 21, T.IV, 9, T.VI, 23, T.VII, 17, T.XVI, 14-18, T.XX, 3-5, T.XXIV, 4).

Тип XVI - минијатурните садчиња се јавуваат во најразлични облици и веројатно претставуваат имитација на садовите со нормални димензии. Застапени се во сите хоризонти на живеење и ретко се украсувани, и тоа најчесто со врежани цик-цак орнаменти (ЈУ хоризонт), комбинација на импресо орнаменти и ситни кружни втиснувања (IV хоризонт), импресо орнаменти со плитки канелури (У хоризонт), во техника на гребење на мазнетата површина (III,IV,V хоризонт), со правоаголни, кружни или триаголни убоди (II, III хоризонт) или во техника на графитно сликање (VI хоризонт) (Т. I, 25-27, Т.Ц, 8-20, T.IV, 13-16, 21, TV, 22,23, T.VII, 7-12, T.XI, 9-11,16 -21, T.XVI, 19-22 T.XVII, 6-12, 32, 35, T.XIX, 21-25, T.XX, 1, 2).

Tun XVII - чашата е редок наод и најчесто е без или со една дршка која поаѓа од венецот, при што не го надвишува. Има добра фактура, замазнети површини, а бојата на печењето е кафеава, сива или сивокафеава (Т.ІІ, 22, T.IV, 17, 19, 20, Т.ХІ, 13-15, T.XVII, 10, Т.ХІХ, 20). Во П и М хоризонт се пронајдени чаши со конусен долен дел и лентеста дршка, која за неколкупати ја преминува големината на самата чаша (ТУ, 18, T.XVII, 8). Оваа варијанта наоѓа аналогија кај чашите со конусен или цилиндричен долен дел и изразито долга и широка лентеста дршка. типичен облик кај костолачката култура.29 Единствена појава е чашата пронајдена во У хоризонт која е со заоблена профилација, кружно и малку вдлабено дно, две двојни јазичести дршки симетрично поставени на венецот и мала вертикална лентеста дршка која го надвишува истиот. Од двете страни на оваа дршка се наоѓаат мали јазичести испапчувања (T.XVI, 13).30

Tun XVIII - капаците за садови се ретки и ги има во две варијанти, со плочеста (1, IV, V хоризонт) и благо заоблена форма, одвнатре празни (IV, У хоризонт). Првите се со добра фактура и кафеава боја, а еден фрагмент од IV хоризонт од горната страна е украсен со орнаменти изведени со врежување (T. ХІІІ,41).31 Вториот тип се со добра фактура но најчесто со грубо замазнети површини и кафеава боја. Кај еден примерок со тенки зидови и мазнети површини од IV хоризонт во долниот и горниот дел се наоѓаат мали кружни отвори, а кај друг од V хоризонт во горниот дел поголеми брадавичести апликации (T.XVI, 10). Еден помал капак со лоша фактура и грубо замазнети површини украсен е во техника на браздесто врежување (V хоризонт ) (T.XVIL, 23).

Тип XIX - садовите со затворена форма се наоѓаат во сите хоризонти на домување. Најчесто се со средна фактура, грубо замазнети површини и рамно засечен, заоблен или заострен венец под кој кај еден примерок се наоѓа поголема брадавичеста апликација (VI хоризонт). Бојата на печењето е кафеава, сивокафеава или се двобојни, кафеави од надворешната а сиви од внатрешната страна. Оние со поубава фактура се украсувани во техника на гребење на мазнетата површина (IV, VI хоризонт), а кај еден фрагмент од | хоризонт орнаментиката с изведена од надворешната и внатрешната страна на садот со грубо гребење на горната нерамна површина (ТІТ, 9, 15, 16, ТІ, 20, 22, T.VI, 14, 15, Т.ХТ, 1, 14-16, T.XIV, 23, 27, Т.ХІХ, 10, 11, T. XXI, 2a, 26).32

Tun XX - складишните садови — питоси, се јавуваат во разни облици и обично се со средна фактура, замазнети површини и кафеава боја на печењето или обично се двобојни, кафеави од надворешната а сиви од внатрешната страна. Имаат хоризонтални или вертикални дршки (I, П, IV, V, VI хоризонт) кои поаѓаат од под венецот или се поставени на најширокиот дел од садот. Се јавуваат и питоси со два пара пластични брадавици вертикално поставени (ЈУ хоризонт), помала брадавица (Ш хоризонт) или јазичеста пластично извлечена дршка на преминот (Ш хоризонт). Обично овие садови се со кружно и рамно дно, а можат да имаат и масивно и полно дно (1 и LV хоризонт). Ретко се украсени, и тоа во техника на браздесто врежување (У хоризонт), со правоаголни втиснувања (IV хоризонт) или со хоризонтално пластично ребро во долниот дел (II хоризонт) (Т.ІІ, 14, Т.V, 1-7, T.VII, 3, Т.ХІІ, 18, 20, 43, Т.ХШ, 1, 3-8, 18, 23, T. XVIII, 1-5, T. XX, 9, 11).

На локалитетот Трештена Стена евидентирани се три вида култни предмети: култни садови, култни масички - жртвеници и култни предмети во разни облици. Кај култните садови се разликуваат два типа, антропоморфни и зооморфни садови, застапени со по еден наод од ТУ хоризонт. Пронајдениот антропоморфен сад е во облик на женска фигурина со пластично назначени гради, раце во вид на извлечени брадавици и со висок цилиндричен врат кој во горниот дел е со изливник. Садот е со мазнети површини, добра фактура и кафеава боја (T. ХЕ, 22, Т. XXVI, 7).333 Зооморфниот сад е со поголеми димензии (30.3 x 12.2 x 1.2 см) во облик на бик со реципиент на грбот, претставен во движење - во скок, при што задните нозе се испружени наназад и како да лебдат во воздух. Во коренот на роговите и долниот дел на масивниот врат се наоѓаат помали кружни отвори низ кој најверојатно се протнувал конец, со кој садот се влечел по свежо изораната нива. Најверојатно долго бил во употреба во култот на пролетното сеење на житотот што се гледа по големата излижаност од долната страна. (T.XXVI, 13) Сличен култен предмет, но со помали димензии е најден на подот од градбата од II хоризонт (T.V, 24, T.XXVI, 14).34

Во сите хоризонти на живеење пронајдени се и голем број фрагменти од култни масичкижртвеници. Обично имаат конусно тело, рамен реципиент и мазнети површини. Најчесто се украсени со кружни, правоаголни (I, II, Ш, IV, V, VI хоризонт), овални или триаголни втиснувања, понекогаш исполнети со бела инкрустрација (VI хоризонт), во техника на обично врежување или во техника на браздесто врежување (ГУ,У,УТ хоризонт) (T.V, 9, Т.ХП, 6, 35, T.XVII, 17, Т.ХХ, 12, 13, Т.ХХІ, 4, T.XXVI, 9). Фрагменти од слични култни масички - жртвеници се пронајдени во Црнобуки,35 Големи Камен кај c. Лопатица, Бакарно Гумно кај с. Чепигово, Маркови Кули, Прилеп, Палатица кај с. Штавица"? и Присои кај с. Кутлешево. Во II, Ши V хоризонт се пронајдени и фрагменти од култни масички-жртвеници со рамен реципиент со овална форма, најверојатно на четири нозе (Т.У, 28, T.VII, 24, Т. XXVI, 8, 10). Сличен жртвеник е пронајден на лок. Могила, а овој тип жртвеници во Шуплевец ги има само во | хоризонт“! Кај еден фрагмент од жртвеник со рамен реципиент се јавува нога во форма на човечко стапало.42

Кај култните земјени предмети со различни облици се издвојуваат два наода. Предметот со пирамидална форма речиси е целосно украсен со ситни кружни втиснувања, освен од една страна, на чиј долен дел има врежан квадрат, во средината вертикална куса зарешка и во горниот дел, од двете страни, по две куси врежани линии. Постои можност во случајов да се работи за стилизирана антропоморфна фигурина (1 хоризонт). Вториот керамички предмет е со триаголна форма, шуплива внатрешност и мазнети површини со откршен масивен горен дел. Во долниот дел е украсен со седум втиснувања и по еден на краевите од најшироките делови (II хоризонт) (T.V, 11). Во овој вид предмети ќе ги споменеме и култениот леп (Т.ХП 4, Т. XXVI, 11) и орудието од камен во облик на фалус, пронајдени северозападно од жртвената маса, на подот од помалата просторија во градбата од IV хоризонт (Т.ХІІ, 15, T.XXVI, 12).

Антропоморфната пластика е застапена со поголем број примероци од сите хоризонти. Целосно се зачувани ретко, а најчесто се во фрагментарна состојба, што веројатно се должи на нивното ритуално кршење во рамките на практикувањето на култот на плодноста. Се забележува скромна изведба на деталите, а според положбата на телото фигурините можат да бидат стоечки, седечки и полуседечки.

Кај стоечките се разликуваат два типа. Првиот тип се фигурините со мал отвор на вратот за всадување на главата, а се јавува во две варијанти - со нагласени женски атрибути или без нив (Т.ХП, 7). Горната половина кај една фигурина е вертикално продупчена по целата должина. Типолошки, овие фигурини се слични со фигурините од Бакарно Гумно, Крушеанска Чука, Могила и Шуплевец, кои во рамките на културниот комплекс Бубањ-Салкуца-Кривидол се поместени во вториот тип фигурини од јужната група.43 На вториот тип им припаѓаат мошне стилизираните крстовидни женски фигурини и исто така се јавуваат во две варијанти, со нагласување на женски атрибути или без нив (T.XXVI, 4 ). Имаат плоскато или овално тело со заоблен или малку вдлабен долен дел, главата им е шилесто завршена без нагласување на детали, темето € рамно засечено, а рацете хоризонтално се извлечени (IV хоризонт) (T.V, 13, Т.ХИ, 32).““44 Секако, овде ќе ја споменеме и единствената досега пронајдена машка фигурина со помали димензии (4.1 см) од ГУ хоризонт со пластично нагласени гениталии (Т.ХІІ, 3, T.XXVI, 2).

Најмногубројни се дводелните фигурини во седечка или полуседечка положба. Главите многу ретко се зачувани и тис најчесто се со „птичје лице“ (II, III, IV и VI хоризонт) со нагласен нос изведен со пластично извлекување, а еден примерок има аплицирани бадемести очи (П хоризонт) (Т.УП, 22, T.XXVI, 6).545 Градите се пластично назначени, рацете се свиткани и се потпираат на стомакот или колковите, а во еден случај и папакот е пластично назначен (Т.ХП, 30). Пубичниот дел е назначен со врежан триаголник, а нозете споени и најчесто заоблени на краевите, поретко со пластично назначени колена и стапала (T.VII, 23, Т.ХІІ, 10, 31, 33, 40, 42, T.XVII, 26, Т.ХХ, 14, 25).46 Само кај две фигурини (IV,VI хоризонт) с нагласен стомакот, со кој се нагласува бременоста кај жената, иако има мислење дека кај некои фигурини веќе не се работи за бремена, туку за зрела жена со опуштен стомак.47 Ова особено може да се каже за фигурината со поголеми димензии пронајдена на подот во поголемата просторија од градбата во ју хоризонт, која има нагласен стомак и пубичен дел48 назначен со предимензиониран врежан триаголник на потстомачниот дел“ (T.XXVI, 1). Една фигурина од која е зачувана левата нога (У хоризонт) е украсена со плитко врежани линеарни орнаменти и ситни втиснувања, со што најверојатно треба да се долови богато украсената облека. Интересен наод претставува андрогената антропоморфна фигурина, која во зависност од тоа како ќе се постави да стои, ги претставува двата пола. Нозете се откршени, додека рацете и во двата случаи се потпираат на колковите. Градите од женската претстава пластично нагласени, додека кај машка фигурина има мал отвор кај вратот за всадување на глава (ПУ хоризонт) (Т. XXVI, 5, 5а).

Од зооморфната пластика49 евидентирани се неколку апликации, кои најчсто се со издолжен столбовиден враг, во еден случај орнаментиран со коси паралелни врежани линии (I хоризонт). Кај една, која беше пронајдена во жртвената Маса од IV хоризонт, се наоѓа вертикален ред од мали кружни втиснувања на вратот и темето. Главата најчесто е со триаголно лице, понекогаш попречно продупчена во пределот на ушите (У хоризонт). Кај еден примерок од TV хоризонт, очите се преставени со коси засеци а устата © широко отворена и во неа (место јазик) се наоѓа мало камче (Т.ХИ, 25, T.XXVI, 3). Главно, енеолитските населби се сиромашни со зооморфна пластика.“?

Кон производите од печена земја припаѓаат и прешлени, исто така присутни во сите хоризонти. По облик можат да бидат плоскати (1, ГУ, V, VI, хоризонт) или конусни во средината кружно продупчени и од горната, а поретко и од долната страна, украсени со врежани линеарни мотиви (IV хоризонт) (Т.ХІІ, 5, 11, 16, 34, T.XVIII, 34, Т.ХХ, 32, Т. XXII, 8). Тие се чести наоди на енеолитските населби, ТН има на Бакарно Гумно, Шуплевец, Крушеанска Чука, Црнобуки и Големи Камен во Пелагонија, како и на Кутлине во Охридско.50 Плочки

4 Симоска Д. - Санев B.,1976, 22, 223; Таше N., 1979, 106; Темелкоски Д.,1999, 40, сл. 10; Колиштркоска - Настева И., 2005, кат. бр. 28, 37, 67, 74, 78, 94

* Симоска Д. et al.,1976, 55, T. I, 3,4,5,6; Рујак 3.,2007, 30, T.VI, 3; Темелкоски Д. - Миткоски A,2008, 123, T. VIII, со правилна и неправилна кружна форма изработени од зидови од керамички садови, со правоаголна форма, непродупчни или во средината кружно продупчени се пронајдени во сите хоризонти на живеење (T.VII, 25, Т.ХІІ, 39, T.XVIII, 20-22). Во III, IV и V хоризонт пронајдени се и повеќе масивни тегови со долгнавеста заоблена форма и груба фактура, попречно кружно продупчени во горниот дел (T.VII, 27; Т.ХІ, 1; T.XVIII, 36) и кои независно од нивната големина се поврзуваат со ткаењето.51 Во I, П и У хоризонт пронајдени се и неколку печати со правоаголна или кружна форма со купеста полна, а кај поголемите печати лентеста дршка со неколку различни престави на линеарни мотиви на стапалото (Т.ХУ, 19; T.XVII, 18, 25; T. XXI, 14, 17).52

Орудијата и оружјето се ретки и се наоѓаат во сите хоризонти на домување. Од мазнет камен со сива, темносива или бледозеленкава боја биле изработувани разни алатки и чекани, клинови и секири со сечило острено од една или двете страни (T.V, 10, 15, 16, 27, 29; T.VII, 28; Т.ХІІ, 17, 21-24; T.XVIII, 19, 29; Т.ХХ, 31). Во VI хоризонт пронајден е врв од стрела изработен од кремен со сивокафеава боја. На дното на јамата | од I хоризонт пронајден е фрагментиран боздоган со топчеста форма изработен од камен со сивакава боја, попречно продупчен на кој нема траги од употреба53 (Т.ІІ, 25, 25a). Во сите хоризонти54 на домување откриени се и поголем број кремени ножиња со сива и медова боја или боја на вински талог и со триаголен, односно трапезоиден пресек, некои едноставно ретуширани, а други со бифациален ретуш (T.VII, 29).

Пронајдени се и повеќе коскени орудија и игли, од кои неколку попречно се продупчени во горниот дел (T.II, 23; T.V, 26; T.VII, 30, 31; Т.ХП, 8, 9, 19; T.XIX, 26; T. XXII, 3, 14). Евидентирани се и неколку орудија од еленски рогови, попречно продупчени во средината (11, ГУ хоризонт) (Т.ХИ, 26, 27), како и голем број животински коски и речни школки, што укажува на фактот дека оние кои го населувале просторот на Трештена Стена се занимавале покрај со сточарство, исто така и со лов и риболов. Рачните мелници, еленските рогови приспособени за обработка на земјата (I хоризонт) (Т.ІІ, 24), како и неколкуте садови со карбонизирани зрна со семе од некоја житарка, се потврда за развиено земјоделството.

Во основа движниот археолошки материјал покажува единствен карактер во целиот културен стратум, па според тоа може да се каже дека постои населбински и културен континуитет. Притоа може да се забележи поголемо присуство на елементи карактеристични за регионалната културна група Шуплевец-Бакарно Гумно, како дел од поширокиот енеолитски комплекс Бубањ-Салкуца-Криводол. Од облиците овде спаѓаат конусните чинии со вовлечен венец и кантаровидните садови, а во орнаментиката, графитното сликање, боењето со мат бела боја и техниката на гребење на мазнетата површина.55 Во пластиката се издвојуваат женските фигурини со отвор за всадување на главата. За одбележување е фактот што кај нашата керамика отсуствува *Wickelschnur* - орнаментиката (врвчест орнамент), која е една од особеностите на керамиката од Шуплевец, а и на целата група Бубањ-Хум-Салкуца-

Секако специфичен начин на украсување, непознат кај досега дефинираните праисториски култури на подрачјето на Република Македонија, претставува браздестото врежување, односно орнаментирањето со куси отсечни зарешки (поврзани втиснувања, втиснувања во бразди) изведени со шилесто орудие.57 Овој начин на украсување е познат како furchenstich техника и првпат се јавува во населбите од Костолчката енеолитска културна група.58 која распространувајќи се во својата доцна фаза кон југ доаѓа во допир со последната фаза на Бубањ-Салкуца-Криводол културниот комплекс.59 Furchenstich техниката на украсување претставува една од основите во формирањето на вучедолскиот стил во рамките на таа доцноенеолитска култура.60 Овој начин на украсување технички е условен од потребата за нерамна основа, вдлабнатини во кои е ставана бела инкрустрација. (Т. XXV, 2). На локалитетот Трештена Стена освен во 1, се наоѓа во сите други хоризонти на живеење. Застапен е кај садовите од тип II, III, V, X, XVIII и XX, како и кај жртвениците со рамен реципиент (Т. XXIII, T.XXIV, 9, T.XXV, 3, за ). Неговото присуство евидентирано е и во насипот од тумулот на Страгата кај с. Крушевица!61 на Баба кај Прилеп,е?62 Големи Камен кај с. Лопатица“63 и Палатица кај c. Штавица64 6“

Втиснувањата кои формираат разни геометриски форми како мотив во украсување на садовите се исто така една од карактеристиките на Костолачката културна група.65 На Трештена Стена е присутен во сите хоризонти на живеење (Т. XXIV, 6-8, 10-12, Т. XXV, 4-6), а е евидентиран уште на неколку локалитети во Пелагонија, Присои с. Куглешево,66 Могила с. Сенокос,е?67 Маркови Кули, Прилеп“,68 и Градиште с. Дебреште.69

Секако, единствена појава претставуваат јазичестите пластично извлечени дршки кои се застапени во сите хоризонти на домување и во неколку варијанти. Овој вид дршка е непознат културен елемент на овие простори, заради што ја означуваме како дршка тип „трештена“. Неколку варијанти од неа се пронајдени на локалитетот Големи Камен кај с. Лопатица,70 а како поединечни наоди и на локалитетите Маркови Кули, Прилеп,71 Могила c. Cenoxoc”72 и Тумба кај с. Boporuno.73

Врз основа на горенаведеното, локалитетот Трештена Стена со своите шест хоризонти на домување во целост му припаѓа на доцниот енеолит, односно на самиот негов почеток. Животот на населбата се одвивал паралелно со III фаза на Бакарно Гумно, IV фаза на Крушеанска Чука, 116 фазата на Карамани, Ш фаза на Црнобуки и со енеолитските фази на локалитетите Врањак, Големи Камен, Могила, Кутлина Охридско, Градиште с. Дебреште, праисториското карпесто живеалиште на Маркови Кули, Прилеп и развиената фаза на костолачката култура.74 Сето ова укажува на постепено доаѓање на новите етнокултурни заедници, кои следејќи ја речната трансверзала Морава - Вардар преку долината на Црна Река се пробиле во регионот Мариово, односно преку долината на реката Раец и планинскиот превој Плетвар и во Пелагонија. Запоседнувањето на природни, стратешко значајни возвишенија е тенденција во периодот на несигурност и етнички поместувања на преминот од среден во доцен енеолит на поширокиот простор на Балканскиот Полуостров.75 Ова хронолошка рамка се потврдува и со присуството на бронзениот предмет пронајден во западниот профил на квадратот 14 - ниво на IV хоризонтот.76

Со оглед на тоа што покрај населбата на локалитетот Трештена Стена егзистираат уште неколку населби, пред се, распослани во котлината Пелагонија, а кои, како што наведовме погоре, имаат многу заднички карактеристики, особено во движниот археолошки материјал, веќе може да се зборува за нивно вклопување во посебна регионална културна група која се развила во доцниот енеолит. Нејзината појава е во време на постепеното згаснување на регионалната средноенеолитска културна група Шуплевец-Бакарно Гумно. Со оглед на обемноста на истражувања на локалитетот Трештена Стена, си земаме за право оваа да ја именуваме според овој локалитет.

Александар Миткоски

НУ Завод и музеј - Прилеп

ул. „Александар Македонски“ бр. 142 7500 Прилеп

amitkoski@ yahoo.com

Т. I. Локалитет Трештена Стена, с. Манастир, хоризонт I.
Т. I. Локалитет Трештена Стена, с. Манастир, хоризонт I.
Илустрација, стр. 142
Илустрација, стр. 143
Илустрација, стр. 144
Илустрација, стр. 145
Т. VI. Локалитет Трештена Стена, с. Манастир, хоризонт Ш.
Т. VI. Локалитет Трештена Стена, с. Манастир, хоризонт Ш.
Илустрација, стр. 147
Илустрација, стр. 148
Илустрација, стр. 149
Илустрација, стр. 150
Илустрација, стр. 151
Илустрација, стр. 152
Илустрација, стр. 153
Илустрација, стр. 154
Илустрација, стр. 155
Илустрација, стр. 156
Илустрација, стр. 157
Илустрација, стр. 158
Илустрација, стр. 159
Илустрација, стр. 160
Илустрација, стр. 161
Т. XXII. Локалитет Трештена Стена, с. Манастир, движни археолошки наоди од хоризонт I,
Т. XXII. Локалитет Трештена Стена, с. Манастир, движни археолошки наоди од хоризонт I,
Илустрација, стр. 163
Т. XXIV. Локалитет “Трештена Стена". с. Манастир. орнаментика.
Т. XXIV. Локалитет “Трештена Стена". с. Манастир. орнаментика.
Илустрација, стр. 165
Илустрација, стр. 166

ALEKSANDAR MITKOSKI

National Institute for Protection of the Monuments of Culture and Museum - Prilep

THE SITE OF TRESTENA STENAAT THE VILLAGE

OF MANASTIR, MARIOVO

Белешки

  1. Миткоски A., 2008, 16, сл. 1. ↩
  2. Темелкоски ЈІ. - Миткоски A., 2008, 123: Археолошки истражувања се под раководство на A. Миткоски археолог - кустос советник при НУ7 Завод и Музеј - Прилеп ↩
  3. Миткоски A., 2008, 16, сл. 2. ↩
  4. Миткоски A., 2008, 17, сл. 3. ↩
  5. Миткоски А., 2008, 17, сл. 4 ↩
  6. Миткоски A., 2010, 55. ↩
  7. Срејовић Д., 1957, 132; Јовчевска Т., 2006, 48. ↩
  8. Миткоски А., 2008, 17, сл. 5, 6. ↩
  9. Миткоски А., 2008, 17 -18, сл . 4-8; Миткоски А, 2010, 55-56. ↩
  10. Јовановин Б. - Глишивн Ј., 1961, 131-132,134, сл. 31,32,36,37; Таѕіс N. et al., 1979, 451 T. XI, 4; Санев B., 1999, 15 -22; Јовчевска T., 2006, 41-42; Јовчевска T., 2008, 41, 61. ↩
  11. Гарашанин М. - Симоска Д., 1976, 15. сл. 9, 20; Симоска Д. et al., 1976, 47, Т.Х1,1; Симоска Д. et al., 1977, 15, сл.3, Kitanoski В., 1992, 232, Темелкоски Д., 1999, 35, Т. I, 3; Темелкоски ЈІ. - Миткоски A., 2008, 119, Т. III, 1. ↩
  12. S Гарашани M., 1973, 177. ↩
  13. Кузман П., 1996, 14, сл. 17. ↩
  14. S Гарашанин M., 1973, 231: Симоска Д. - Санев B,1976, 47, 215; Dimitrijevié S., 1979, 217. ↩
  15. ‘6 Колиштркоска - Настева И.. 2005а, 60, Т. III, 3. ↩
  16. Kitanoski B., 1971,139; Гарашанин M., 1973, 176; Гарашанин М. - Симоска Д.. 1976, 13, сл. 1, 14, 19, 29: Симоска Д. et al., 1976, 46, T.IV, 4, 8, T.V, 3, ТУШ, 1,4, T. EX, 1, 7, T-X, 1, 5; Симоска Д. et al., 1977, 19, Санев B. et al., 1976, 49, сл. 370; Таѕі¢ N., 1979, 102; Кузман П., 1990, 14, са. 4; Темелкоски Д., 1999, 35, са. 1,2, 1.1, 1,2; Видески 3., 2005, 74, T. XVII, Т.КУШ, Т.ХІХ; Рујак 3. 2007, 26, TV; Темелкоски Д. - Миткоски А.. 2008, 119, T. Ш, 5-9, T.VI, 5. ↩
  17. Видески 3., 2005, 74, Т. XIV, Т.ХУ: Темелкоски ЈІ. - Миткоски A, 2008, 119, Т. Ш, 2-4, Т.УТ, 1, 2, 12. ↩
  18. Видески З., 2005, 74, Т. XIV, Т.XV; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 119, Т. III, 2-4, Т.VI, 1, 2, 12. ↩
  19. Видески З., 2005, 74, Т.XIII, 1, 2, 3. ↩
  20. Симоска Д., 1975, 21, Т.X, 2, 9, 10; Симоска Д. et al., 1976, 48, Т.V, 1, Гарашанин М. - Симоска Д., 1976 14, сл. 10-11; Кузман П., 1996, 14, сл. 3, 8; Ружак З., 2007, 27, Т.I, 4,6, Т.II, 1; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 123, Т.VI, 10. ↩
  21. Симоска Д., 1975, 17, Т.XI,2; Симоска Д. et al., 1977, 12, сл. 3, 4, 9; Китаноски Б., 1992, 232, Т.III; ↩
  22. Симоска Д. et al., 1976, 46, T.II, 6, T.V, 4, 5; T.XI,3; Гарашанин М. - Симоска Д.,1976 15, сл.13; Видески З., 2005, 74, T.XV. ↩
  23. Гарашанин М.,1973, 177; Гарашанин М. - Симоска Д.,1976 14, сл. 4, 16, 21; Kitanoski B.,1992,233; Кузман П., 1996, 15, сл. 11-35 и 12 - 36; Темелкоски Д.,1999, 36,T.II; Ружак З., 2007, 23, T.I, 5. ↩
  24. Симоска Д., 1975, 20, T.X,1; Симоска Д. - Санев В., 1976, 47, сл. 222; Темелкоски Д.1999, 38, сл.5; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 119, T. III, 13 - 15, T.VI, 4 19, сл. 6; Темелкоски Д., 1999, 38, Сл. 6; Видески З., 2005, 74, Т.XII, 4; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 119, Т.III, 12. ↩
  25. Миткоски A.,2010, 56, Т. VIII, 6, 10-12 ↩
  26. Гарашанин М. - Симоска Д.,1976 14, сл. 2. ↩
  27. Гарашанин М. - Симоска Д., 1976, 14,17; Симоска J]. et al.,1976, 48; Kitanoski B.,1992, 233; Симоска Д. et al., 1977, 19, сл. 6: Темелкоски Д.. 1999, 38, Сл. 6; Видески 3., 2005, 74,1.ХИ, 4; Темелкоски ЈІ. - Миткоски A, 2008, 119, 1.11, 12. ↩
  28. Симоска Д. - Китаноски Б. - Тодоровиќ Ј.,1976, 51; Симоска Д. - Китаноски В. - Тодоровиќ Ј.,1977, 19; Гарашанин М.,1973, 183, Т.33; Санев В. et al., 1976, 51, кат. бр. 427; Китаноски Б.,1992,233; Темелкоски Д.,1999, 38; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 120, Т. IV, 20, Т. V, 8. ↩
  29. Tasić N.,1979, 254, T.XXVI, 1-6, сл. 9, 9 – 11. ↩
  30. Jovanovic B, 1974, 160, V, 83; Кузман П., 1996, 14, сл.5. ↩
  31. Kitanoski B., 1992, 233, T.III. ↩
  32. Симоска Д. et al.,1977,12 - 15, сл. 3; Теменкоски Д. - Миткоски А, 2008, 120, T. V, 4, 5. ↩
  33. Колиштркоска - Настева И.. 2005, 9, кат. бр. 81: Naumov7 G., 2008, 93. ↩
  34. Tasi¢é N.,1979, 105, Т.ХП, 4. ↩
  35. Симоска ЈІ. - Китаноски Б. - Тодоровиќ J.,1976, 45, Т.1, 8. ↩
  36. Medovié P., 1963, 25-6, T. II, 5; Brukner B,- Jovanovic B, - Tasi¢ N., 1974, 217, V. 130. ↩
  37. Симоска Д. - Санев В.,1976, 22, 223; Tasić N., 1979, 106; Темелкоски Д.,1999, 40, сл. 10; Колиштркоска - Настева И., 2005, кат. бр. 28, 37, 67, 74, 78, 94 ↩
  38. Симоска Д. et al.,1976, 55, T. I, 3,4,5,6; Рујак З.,2007. 30, T.VI, 3; Темелкоски Д. - Миткоски А,2008, 123, T. VIII, 3, 4. ↩
  39. Симоска Д. et al.,1976, 54 - 55, T. I, 1, 2. ↩
  40. Колиштркоска - Настева И., 2005, кат. бр. 55, 80; Миткоски А., 2008, 18, сл. 10. ↩
  41. Јовчевска Т., 2008, 61. ↩
  42. Колиштркоска - Настева И., 2005, кат. бр. 82. ↩
  43. Tasić N., 1979, 105; Темелкоски Д., 1999, 40. ↩
  44. Гарашанин М. - Симоска Д., 1976, 17, T. VIII, сл. 26, 27; Симоска Д. et al.,1976, 53; Санев В. et al.,1976, 49, сл. 367 и 51, сл. 424; Симоска Д. - Санев В.,1976, 47, кат.бр 212; Tasić N., 1979, 258; Кузман П.,1996, 18, сл. 30; Темелкоски Д., 1999, 40, T.III, 4; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 123, T. V, 16, 20; Миткоски А., 2010, 56, T. VIII, 8; ↩
  45. Tasić N.,1979, 258; Видески З., 2005, 75,Т.XXIII; Темелкоски Д, Миткоски А, 2008, 123, T. IV, 16, сл. 8; ↩
  46. Темелкоски Д., 1999, 40, Т.III, 5; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 123, T. VIII, 1 ↩
  47. Рујак З., 2007, 31, T.VII, 10; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 123, T. IV, 18 ↩
  48. Симоска Д. et al.,1976, 53, T. I, 10,T.IV, 3; Темелкоски Д., 1999, 39; Миткоски А., 2010, 56, T. VIII, 3,14; ↩
  49. Гарашанин М., 1973, 75; Симоска Д. - Санев В., 1976, 21; Tasić N., 1979, 100, сл. 3. ↩
  50. Гарашанин М. - Симоска Д., 1976, 21, Т.ІІ, 7, T.VII, 24, 25, Т.ІХ, 30; Симоска Д. et al., 1976, 61, Т.ІІІ, 1, 4, 5; Симоска Д., 1983/84, 6; Темелкоски Д., 1999, 37, T.IIl, 2; Колиштркоска - Настева H., 20056, 59-60, сл. 6, 7. ↩
  51. Tasič N., 1979, 256; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 125; Миткоски А, 2010, 56, T.VI, 2, T.VII. ↩
  52. Гарашанин М.,1973, 231; Tasič N., 1979, 256. ↩
  53. Гарашанин М.,1973, 228; Tasič N., 1979, 264. ↩
  54. Tasič N., 1979, 259. ↩
  55. Миткоски А, 2010, 58, T.XI, 8. ↩
  56. Миткоски A, 2008, 142. ↩
  57. Темелкоски Д. - Миткоски A, 2008, 125,T. 6, 3, 6, 13, сл. 6. ↩
  58. Археолошки рекогносцирања изведени во 2000 год. од горепотпишаниот. ↩
  59. Jovanović B, 1974, 163, V. 84, V. 85; Tasič N., 1979, 257, T.XXV, 1-4. ↩
  60. Археолошки рекогносцирања изведени во 1958 год. ↩
  61. Темелкоски Д. - Миткоски А, 2006, 72. ↩
  62. Cnotliwy E., 1990, 63, ил. 41, 1, 2, 3, ил. 44, 1, 2. ↩
  63. Babić B., 1965, 63. ↩
  64. Темелкоски Д. - Миткоски A, 2008, 119, Т. 3, 18, 19, T.4. 1, сл. 5. ↩
  65. Cnotliwy E., 1990, 66, ил. 41, 7, 44, 4. ↩
  66. Темелкоски Д. - Миткоски A, 2006, 72. ↩
  67. Археолошки рекогносцирања изведени од Миткоски A. и Темелкоски ЈІ. во 2000 година. ↩
  68. Babić B., 1965, 63; Jovanović B, 1974, 167; Симоска Д. et al., 1976, 62; Симоска Д. et al., 1977, 19; Tasič N. – Dimitrijević S. – Jovanović B., 1979, 435; Cnotliwy E., 1990, 68; Kitanoski B., 1992, 233, T.III; Кузман П., 1996, 21; Темелкоски Д., 1999, 44; Видески З., 2005, 77; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2006, 75; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 127; Јовчевска Т., 2008, 47. ↩
  69. Гарашанин M., 1973, 228: Гарашанин М. - Симоска Д., 1976, 17; Tasié N., 1979, 99-100; Cnotliwy E., 1990, 48; Колиштркоска - Настева И., 1993, 43-50; Видески 3., 2005, 76; Темелкоски ЈІ. - Миткоски A, 2008, 123: Миткоски A., 2008, 140; ↩
  70. Во 1979 год. на лок. Крушеанска Чука во ГУ7 хоризонтот пронајден е фрагментиран бакарен предмет со четвртест пресек (тер. бр. 162); Китаноски B., 1976, 119, сл. 1; Кузман П., 1996, 19-20, сл. 34a, 6; Темелкоски Д, Миткоски A, 2006, 75, сл. 15. ↩

Summary

The Site of Treštena Stena at the Village of Manastir, Mariovo

The site of TreStena Stena is located in the territory of the village of Manastir, Mariovo. In 2001 archaeological excavation with test trenches was carried out; since 2003 the investigations continued systematically and are still in progress. They have confirmed that a prehistoric settlement existed in this area through the Eneolithic period. The settlement had one cultural stratum with at least six habitation horizons, and life evolved in unbroken continuity, a conclusion supported by the lack of sterile intermediary levels. The discovered architectural remains confirm that the inhabitants of the settlement built above ground houses with the customary prehistoric construction technique of wattle-and-daub. Several cult installations discovered in the houses point to the highly developed spiritual life of the people of this settlement.

During the investigations rather rich portable archaeological material was found, which greatly fills out the picture of the daily life of the inhabitants of the Eneolithic settlement. Pottery vessels were most commonly represented, fragmentary or partly preserved; some were decorated with wrinkled engraving, with round, rectangular, or triangular dots, with shallow kanelure, in the technique of scratching a polished surface, with engraving with graphite painting as well as painting with white or dark brown color. The wrinkled or furrowed engraving represents a particular manner of decoration, or ornamentation with short, chopped-off slits (connected dots, dots in furrows) done with a pointed tool. This manner of decoration is known as the “Furchenstich” technique, and it appears for the first time in the settlements of the Kostolac Eneolithic cultural group. Of course the tongue-shaped, drawn-out handles represent a singlephenomenon; they were included in all habitation horizons and in several variants, because of which we have designated it as the “TreStena” handle type. We found also a large number of other portable finds connected with the spiritual life of the settlement, ¢.g., tools of stone and bone, a flint knife, rather large weights of oval shape, pintaderi, vertebrae, and small round slabs, some with a round hole pierced in the center.

Given the fact that in addition to the settlement at the site of TreStena Stena several more settlements existed, first of all in the Pelagonia valley, and they have many common characteristics, especially in the portable archaeological material, it is possible to point to their inclusion in a separate regional cultural group, which developed in the Late Eneolithic. It appeared at the time of the gradual disappearance of the regional Middle Eneolithic cultural group Suplevec-Bakarno Gumno. Given the scale of the investigations at Trestena Stena, we have taken the right to name the group from the name of the site.

Библиографија