Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 568–569
Горан Карапетков (1963 - 2010)
По кратко боледување во почетокот на август 2010 година почина нашиот драг колега Горан Карапетков - археолог кустос во музејската збирка при Културниот центар „25 Мај“ во Валандово.
Горан Карапетков е роден 1963 година во Струмица. Основно и средно образование завршува во Валандово. Во 1983 година се запишал на Филозофскиот Факултет - група Историја на уметноста со археологија во Скопје, а студиите ги завршил во 1990 година.
Во 1994 година се вработува како кустос археолог во музејската збирка во Културниот центар во Валандово, каде останува до крајот на својот живот. Од почетокот на неговото вработување, тој сам, со голема љубов и ентузијазам, ја комплестираше, обработуваше и се грижеше за музејската збирка при Културниот центар “"25 Мај" во Валандово.
Горан на почетокот на својата работа, како член на стручна екипа ги започнува и првите археолошки ископувања на археолошките локалитети во регионот на Валандово: Исар - Марвинци и Дедели - Мелезник. Учествува и во археолошките ископувања на локалитетите Стакина Чешма - Валандово и Глос — Грчиште. Како член на стручната екипа учествува во сите археолошки ископувања на локалитетот Исар - Марвинци, од каде произлегува и неговиот труд Марвинци 1994, некропола.
Карапетков учествува и во заштитните археолошки ископувања во Р. Македонија:
- 1995 г. - Заштитни археолошки истражувања на Западната некропола на археолошкиот локалитет Стоби.
- 1999 r, - Заштитни археолошки истражувања на локалитетот Вардарски Рид - Гевгелија. - 2004 г - Заштитни археолошки истражувања на локалитети загрозени со изградбата на меѓународниот автопатот Е-75, делница Гевгелија - Смоквица. - 2007-2008 г. - Заштитни археолошки истражувања на локалитети загрозени со изградбата на повеќенаменскиот хидросистем Злетовица.
Горан покрај неговото учество во систематски и заштитни археолошки ископувања и објавените научни трудови, се појавува и како еден од авторите на археолошката изложба „Како заминуваат жителите од Исар Марвинци,“ организирана по повод одржувањето на симпозиумот на манд во Валандово 1999 година.
д-р Трајче Нацев