Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 77–90
Неолитски аскоси од скопскиот регион
Содржина
Предмет на овој труд се неолитските аскоси од скопскиот регион, со посебен акцент на технологијата на изработка, анализа на формата и начините на украсување. Во рамките на анализата на дадената проблематика ќе се даде и осврт на значењето на керамичките садови од овој тип во дадениот географски простор. На крајот, врз основа на трудот ќе се направи обид за историско и културно определување на овие садови во рамките на македонскиот
Неолит во скопскиот регион
Денешната територија на Република Македонија во периодот пред појавата на неолитот трпи влијанија од климатските промени кои се јавуваат поради топењето на ледниците во северна и средна Европа?2 Во тој период, на самиот почеток на холоценот, на целата територија од Македонија водните површини нагло се зголемуваат. Благодарение на оваа појава, вегетацијата брзо се проширува речиси низ целиот простор. Овој податок дозволува да заклучиме дека тлото на овој дел од Балканскиот Полуостров за неолитскиот човек бил „ветената земја“ со многу поволна клима. Тоа може лесно да се забележи преку исклучително богатата материјална култура од централнобалканскиот регион, претставена преку сите фази на развој, од почетокот на неолитот, развојот, па се до неговите финални етапи. Двете поголеми култури кои многу брзо ќе се развијат тука се Анзабегово-Вршник (источна Македонија), со јадро во регионот на Свети Николе и Велушина-Породин (југозападна Македонија), односно Пелагониската Котлина (сл. 1).3 Овие култури се појавуваат близу3 до речните корита на двете поголеми реки во Македонија: Вардар и Црна Река. Наш интерес претставува групата Анзабегово-Вршник, бидејќи скопскиот регион претставува помал, изолиран географски простор кој се издвојува од горновардарскиот дел на културата.
Скопскиот регион во последно време е се поинтересен за археологијата. Тоа е навистина плоден регион, населуван уште од најраните периоди на праисторијата. Значајна улога игра Скопската Котлина, пресечена со реката Вардар и природно заградена со планините Водно на запад и Скопска Црна Гора на исток, при што трасата север-југ е целосно отворена за комуникација. Околу неа, покрај планините, се издигаат многу ридови кои заемно со околината, реката Вардар и бројните помали рекички создале услови за постојан благодетен живот. Според релјефноста на теренот, во овој регион, разликуваме два типа населби, и тоа тумбести издигнувања над површината на котлините и рамнините (слични како во Пелагонија): Тумба-Маџари, Тумба-Стајковци и Тумба-Брњарци; додека вториот тип се зарамнети населби, лоцирани на тераси до речните корита, најчесто меѓу ридови, како: Церје-Говрлево, Слатина-Зелениково и Кисел Вир-Арачиново.4
Досега се вршени истражувања на мал дел од локалитетите, и тоа во: Слатина-Зелениково, Тумба-Маџари, Церје-Говрлево и Сретсело-Мршевци.5 Меѓутоа, бројот на евидентирани локалитети во околината на Скопје е поголем.6 Станува збор за вкупно 14 наоѓалишта (сл. 2):
1. Кисел Вир-Арачиново; 8. Тумба-Маџари;
2. Тумба-Брњарци: 9. Сретсело-Мршевци:
3. Церје-Говрлево; 10. Барица-Орман;
4. Дервен-Долно Коњаре; 11. Орловица-Ракотинци;
5. Слатина-Зелениково:; 12. Шамак-"Ржаничино;
6. Доксаница-Катланово; 13. Тумба-Круша - Стајковци;
7. Ебишница-Маркова Сушица; 14. Жарница-Бардовци.
“ Санев B., 1988, 9.
Од посебен интерес за темата се следните локалитети: Церје-Говрлево, Тумба-Маџари и Слатина-Зелениково. Хронолошката рамка во која влегуваат локалитетите може да се проследи на следниот начин: за Церје-Говрлево, ран, среден и доцен неолит (Анзабегово-Вршник I-IV, Винча-Тордош); за Тумба-Маџари, среден неолит (Анзабегово-Вршник П-ГУ); и за Слатина-Зелениково (Анзабегово-Вршник П-ГУ, Ангелци-Зелениково П).7 Од досегашните истражувања, во овие населби се откриени живеалишта со неправилна квадратна форма, градени блиску едно до друго. За време на обновувањето или градењето на нови куќи, секогаш била избирана основата на претходно уништената куќа. Инвентарот и организацијата на внатрешниот простор, се типично неолитски, задолжително се среќаваат печка и огниште, и понекогаш парапетни зидови. Надворешните зидови биле направени од дрвен плет (зацврстени со дрвени колци-носачи), обмачкани со глина, а покривот веројатно бил на две води.8 Движниот материјал го сочинуваат камени и коскени алати и отпадоци, керамички садови, како и предмети со сакрална намена. Присуството на аскосите е документирано во културните слоеви од населбите, но и како дел од инвентарот на откриените куќи. Кај сите три локалитети поголемиот дел од откриените примероци се наоѓа покрај зидовите во внатрешноста на куќите (понекогаш неколку се заедно групирани), кое укажува на нивната секојдневна намена.
Керамиката од овие три локалитети, претставена преку аскосите (профана керамика) и жртвениците (сакрална керамика) од типот антропоморфни модели на куќи (во литературата познати најчесто како Голема Божица Мајка), всушност, го определуваат и дефинираат неолитот од Скопско како посебна регионална група, со свој автентичен белег (сл. 3-6).9 Бројот на цели и фрагментирани садови е навистина голем иако, само мал дел од материјалот е објавен (околу 15 % од вкупниот керамички материјал). Овие предмети се особеност на средниот неолит, од горновардарскиот ареал на Анзабегово-вршничката културна група. Од оваа група, познат е само еден единствен примерок од епонимниот локалитет Анзабегово, и тоа од доцниот неолит (сл. 8).10 Аскоси се среќаваат и во рамките на Велушко-породинската културна група, поконкретно, на локалитетите: Велушка Тумба и Врбјанска Чука (ел. 7).11 Во Врбјанска Чука откриен е и еден аскоиден сад. Сепак, аскосите од последните два локалитети не се доказ за масовно производство, а освен тоа формата е поразлична од аскосите од скопските неолитски локалитети.
Аскос - обид за толкување
Терминологија
Аскос е асиметричен керамички сад со една држалка и ексцентрично косо поставен врат, кој го добил називот и веројатно настанал по примерот на старите мешини за вино.12
Садовите кои се предмет на интерес донекаде соодветствуваат со гореспоменатиот опис со исклучок на бројот на држалките, косата поставеност на вратот и евентуално намената. Терминот аскос денес е општоприфатен во археолошката литература.13 Исто така, за определување на одредени садови од Слатина-Зелениково и Руг Баир-Горобинци употребуван е и терминот бута.14 Веројатно поради отсуството на држалки, М. Гарашанин, садовите со ексцентрично поставен врат од Рудник (Косово) ги нарекува вази.15 Во литературата постои уште еден термин за определување на сличните садови од Тополница (Грција), наречени антропозооморфни аскоси.16 Од друга страна, некои автори воопшто не се впуштаат во културно-историски толкувања на називот, па само ги дефинираат според технолошките карактеристики (груба керамика од Ваксево-Бугарија) или како аскоидни садови (Неа Никомедеја-Грција).!7
Според погорекажаното, може да се види дека постојат различни термини за определување на овие форми. Од друга страна, нивната рана појава во рамките на неолитските култури на Балканот, која претходи на следните хронолошки периоди (енеолит, бронзено време итн., за кои е воведен терминот), сметам дека за овие садови може да се употребат две терминолошки одредници, и тоа: аскоси - за асиметрични садови со ексцентрично поставен врат и пет држалки и аскоидни садови - за асиметрични садови со ексцентрично поставен врат, со една или без држалка. Во неолитот од Скопско се среќаваат аскоси, но не и аскоидни садови.
Технологија на изработка
Една од основните категории во литературата по која се анализира керамиката18 е технологијата на изработка. Неолитската керамика најчесто е недоволно испечена и релативно порозна, иако честопати се среќаваат исклучоци. Аскосите целосно се вклопуваат во оваа
слика, оттаму тие влегуваат во групата груба керамика. Овие садови покажуваат јасно дефинирани технолошки процеси кои доведе до нивно масовно производство, односно секогаш биле правени по еден модел, независно од нивната големина. Тука посебно станува збор за аскосите од Церје-Говрлево и Тумба-Маџари, кои според блискоста во изработката и формата укажуваат на силна комуникација меѓу населбите (сл. 9-21).
Садовите се карактеризираат со исклучително тенки зидови (0.4-0.8 см), независно од нивната големина (сл. 17 и 18). Без подетална физичко-хемиска анализа не би можело многу да се каже за самата техника на конструирање на садовите. Тие се рачно работени предмети, но со сигурност не е применета техниката на глинени прстени, што може да се види од дебелината на зидовите и зоната на кршење на фрагментираните примероци. Другиот начин, неолит (14a, 6 Фиданоски Jb., 2009, Т. 58, 8.).
среден неолит (Фиданоски Jb., 2009, T. 58, 6). со издигање на садот од едно поголемо глинено тесто, тешко може да се докаже, иако не е невозможен. Најверојатно во првата фаза од изработката на садот (состојба на влажна глина), тој бил моделиран врз постоечка форма, можеби поголем плод или мешина (на што упатува и самиот термин), а веднаш потоа биле додавани вратот и држалките.19 Како и да е, создавањето на аскосот не бил лесен занает. Фактурата на глината е секогаш исполнета со плеваи органски остатоци, речиси без присуство на камчиња кое упатува на послаба стабилност на садот. Дното, како и зидовите на садот секогаш се многу тенки. Па така, земајќи в рака еден аскос, на пример, висок 50 см, а широк 30 см, тој не е потежок од 1 кг. Со други зборови, неолитските керамичари, оформувајќи го аскосот успеале, да направат еден исклучително лесен сад.
Што се однесува до третманот на површината аскосите се лесно огрубени (во вид на лесен барботин), многу ретко мазнети, а во ниту еден случај не се врвно измазнети. Енгоба, бојосување или сликање на аскосите не се среќава.
9 Srejovic D., 1997, 74; Чаусидис H., 1995, 21. Држалките биле правени дополнително од тенка глинена лента, а подоцна биле прилепувани на садот. Честопати се среќава задебелување на самите рабови, од кои понатаму на телото од садот продолжувале како украсни релјефни апликации - ребра (сл. 9, 11, 14, 18, 19).
Печењето на аскосите најверојатно се одвивало на пониски температури, што може да се забележи по профилот на зоната на кршење кој секогаш е црн (бисквитно печење). Бојата, исто така, упатува на ниска точка на температура, што веројатно се постигнувало со редукциско печење. Таа варира во сите нијанси, од темносива до светлокафеава, па дури и портокалова. Многу е чест случајот повеќе нијанси од различни бои да се сретнат на еден сад.
Аскосите од Слатина-Зелениково се нешто поразлични (сл. 22). Кај нив зидовите на садот се малку подебели (0.5-1.0 см), фактурата на глината содржи помалку плева и органски материи, а повеќе силикати. Исто така, нивната тежина е поголема. Третманот на површината, рачките и украсувањето се правени на истиот начин како и кај аскосите од Церје-Говрлево и Тумба-Маџари.
Печењето веројатно се одвивало на повисоки температури, додека бојата е слична со аскосите од другите два локалитети, со тоа што тука се среќаваат повеќе нијанси на темноцрвена и кафеава боја.
Форма и намена
Материјалот од Церје-Говрлево и Тумба-Маџари и од аспект на типологијата се издвојува како посебна, стандардизирана форма.20 Аскосот од овие локалитети е асиметричен, керамички сад со пет држалки, вертикално поставен и издолжен врат, извлечен од едната страна на сферично изведениот мев. Едната страна, од која се издигнува вратот е секогаш рамна, на долниот дел (пределот на мевот) поставувани се четири држалки, две до самото дно и две на средината на садот. На спротивната страна на вратот, на местото каде тој се спојува со мевот се наоѓа петтата држалка. Дното е секогаш вовлечено во внатрешноста на садот, не е нагласено (или додатно зацврстувано) и од него директно е оформуван сферичниот мев. Четирите држалки од рамната страна на садот се поставени хоризонтално додека петтата држалка, на спротивната страна, е вертикална (сл. 14). Вратот е тенок и издолжен, а уститето може да е извлечено кон надворешната страна, или воопшто да не е извлечено, т.е. да стои нормално, приближно 90°-120°.
Аскосите се садови со различни димензии. Генерално, може да се издвојат мали (високи 10-15 см, широки 6-10 см), средни (високи 16-30 см, широки 11-22 см) и големи (високи 31-70 ем, широки 23-40 см). Единствената типологија која би можела да се направи на овие садови би била само според ширината на мевот. Оттука би одвоиле две варијанти на аскосите од овие локалитети: пошироки и потесни (сл. 10 и 19).
Садовите од Слатина-Зелениково покажуваат поголема слобода во изработката (сл. 22). Најблиските примероци до садовите од Церје-Говрлево и Тумба-Маџари се идентични со единствената разлика, во тоа што вратот е поставен поцентрално во однос на мевот.
Аскосите влегуваат во групата на транспортни садови поради неколку основни карактеристики (сл. 23). За овој тип садови не се важни изборот на глината, третманот на површината или температурата на печењето. Кај нив се најважни поставеноста на држалките и стабилноста на садот. Овие две својства се суштински поради издржливоста на садот во различни услови, а поставеноста на држалките овозможува протнување јажиња, за да се обезбеди подобро и посигурно маневрирање и транспортирање. Освен тоа, аскосите веројатно биле употребувани за транспорт, бидејќи нивната форма анатомски е приспособена за поставување на грб.
Техники на украсување
Украсот кај неолитската керамика секогаш играл голема улога, а таа кај аскосите е двојно нагласена. Имено, иако аскосите никогаш не биле сликани или бојосувани, на нив најчесто се забележуваат блага грубост на површината и релјефни, паралелни ленти кои секогаш ги поврзуваат основите на држалките повлечени врз површината на мевот21 Во последната, спротивно поставена, вертикална држалка на врвот на мевот, завршуваат две релјефни ленти (по една од двете држалки кои се поставени на спротивно поставената рамна страна на садот) (ел. 15). Од тука тие продолжуваат и завршуваат на централните делови на садот (од двете страни). Овие релјефни ленти, може да бидат обични (без додатна декорација) или во вид на глинена лента втисната по целата линија (сл. 9). Понекогаш на грбот на садот (кај петтата држалка) може да се сретнат и повеќе паралелни (прави или брановидни) ленти. Вака изведени тие многу потсетуваат на поставеноста на крилата на грбот на птица. Токму тука допираме до идејата за двојната улога на украсот. Имено, релјефните ленти и формата на садот (лентите му ја даваат површинската физиономијата на аскосот, додека формата апсолутно потсетува на животинска претстава, можеби птица), грубоста и десниот барботин на површината многу потсетуваат на прекривка од пердуви или крзно (сл. 9-22). Оттаму, се поставува прашањето: дали станува збор за украс или за имитација на природните појави? Со еден збор, наведените податоци несомнено упатуваат на прастарата идеја на човекот сам да произведе форма видена во природата, но променета и приспособено од него.
Како единствен примерок украсен со втиснување (импресо) е оној од Тумба- Маџари. Оваа вообичаена техника на украсување на неолитската керамика не се среќава кај аскосите, со исклучок на овој пример (сл. 12).
Заклучок
Керамичкиот материјал од неолитските локалитети Церје-Говрлево, Тумба-Маџари и Слатина-Зелениково се карактеризира со релативно големо присуство на една одредена форма садови - аскоси (1595 од вкупното керамичко производство). Анализата на примероците од скопскиот регион покажа целосната хомогеност и автентичност во рамките на средниот неолит од културната група Анзабегово-Вршник. Материјалот од Церје-Говрлево и од Тумба-Маџари, посебно од типолошки аспект се издвојува како посебна стандардизирана форма. Аскосите од овие локалитети се асиметрични садови со пет држалки, висок, вертикално поставен врат, извлечен од една страна на сферично изведениот стомак. Устието може да се извива нанадвор или воопшто да не се извива, т.е. да стои нормално. Едната страна на садот е рамно оформена и на неа се поставени четири држалки, додека петтата држалка е на спротивната страна од садот. Аскосите се карактеризираат со исклучително тенки зидови (0.4-0.8 см), независно од нивната големина. Потврда за стандардизацијата на овие форми садови од конкретниот регион е и разновидноста во димензиите, при што се среќаваат мали, средни и големи садови. Сето ова можеби се должи на техниката на изработка која веројатно била со помош на поставување влажна глина врз калап, а подоцна додавање врат и држалки. Оттука, тие секогаш биле правени според еден модел, и тоа со различни димензии. Глиненото тесто, без исклучок изобилува со органски додатоци особено со плева, па поради тоа овие примероци имаат многу мала тежина. Украсувањето речиси секогаш е изведувано со огрубување на површината. Исто така, омилена техника е додавањето релјефна глинена маса во вид на двојни паралелни ленти кои почнуваат од основите на петата држалка и се движат кон основите на четирите држалки врз површината на садот. Кај аскосите се среќаваат сите бои, при што чести се и разнобојните примероци, кое веројатно е резултат на различните температури при печењето. Садовите од Слатина-Зелениково се слични со аскосите од Церје-Говрлево и Тумба-Маџари, а единствената воочлива разлика е во тоа што вратот е извлечен централно од мевот.
Во скопскиот регион, а веројатно и пошироко, аскосите од ранонеолитската фаза од Церје-Говрлево се најраните примероци, а нешто подоцна се среќаваат и во среднонеолитските фази од Тумба-Маџари и Слатина-Зелениково. Сепак, нивното масовно присуство се забележува во средниот неолит од овој регион и веќе претставува еден вид стандардизација на конкретен тип садови. Освен тоа, во овој период и регион тие се среќаваат паралелно со антропоморфните модели на куќи, појава која означува една локална, но автентична манифестација на културната група Анзабегово-Вршник. Уште повеќе, барем два од овие локалитети претставуваат центар за организирано производство на овој специфичен тип садови.
LJUBO FIDANOSKI
Museum of the City of Skopje
NEOLITHIC ASKOI FROM THE SKOPJE REGION
Белешки
- На ова место би сакал да изразам голема благодарност до Милош Билбија од Музејот на град Скопје, кој ми го даде на увид целиот материјал од Церје-Говрлево Јубезно ми дозволи да искористам непубликуван материјал од поставката на музејот. Би сакал да се заблагодарам и на д-р Кетрин Команж од Научноистражувачкиот центар на Франција (CNRS), која исто така ми овозможи да се запознаам со материјалот од нејзините истражувања на Тумба-Маџари. Голема благодарност должам и на, во тоа време, дректорот на Музеј на Македонија, Мери Аницин Пејоска, која ми дозволи да искористам непубликуван материјал од Музејот. ↩
- Гаревски Р. - Малез М., 1994, 14-20. ↩
- Санев B., 1994, 27-33; Здравковски Д., 1990, 51-55. ↩
- Санев В., 1988, 9. ↩
- Гарашанин М. - Спасовска М., 1976; Гарашанин М. - Билбија М., 1988; Bilbija M., 1986; Санев В., 1988; Санев В., 1989. ↩
- Митревски Д., 1996а, 362, Митревски Д., 1996б, 365, Митревски Д., 1996в, 370, Митревски Д., 1996г, 379, Митревски Д., 1996д, 381, Митревски Д., 1996 г., 385; Ристов К., 1996, 374, 376; Санев В., 1996а, 377, Санев В., 1996б, 378; Билбија М., 1996, 380; Толевски И., 2009, 21. ↩
- Bilbija M., 1985, 35; Санев В., 1988, 10; Санев В., 1994, 30; Санев В., 1995, 25; Гарашанин М. - Билбија М., 1988, 38. ↩
- Bilbija M., 1985, 36; Гарашанин М. - Билбија М., 1988, 37; Санев В., 1994, 29; Толевски И., 2007, 70-75. ↩
- Санев В., 1988, 18; Санев В., 1994, 31; Санев В., 1996б, 378. ↩
- Gimbutas M., 1976, 139-140. ↩
- Симоска Д. - Санев В., 1975, 68, Т. XIV, 1; Темелкоски Д. - Миткоски А., 2005, 47, 49. ↩
- Srejović D., 1997, 74. ↩
- Bilbija M., 1986; Санев В., 1988; Темелкоски Д. - Миткоски А., 2005; Чаусидис Н., 1995. ↩
- Гарашанин М. - Билбија М., 1988, 38; Санев В., 1975, 217. ↩
- Гарашанин М., 1998, 431, сл. 15, 432, сл. 16. ↩
- Koukouli-Chryssanthaki Ch. et al., 2007, 58; Vajsov I., 2007, 95. ↩
- Чохаджиев C., 2001, 51; Yiouni P., 1996, 95. ↩
- Фиданоски Љ., 2009, 130-133. ↩
- Srejović D., 1997, 74; Чаусидис Н., 1995, 21. ↩
- Фиданоски Љ., 2009, 130-133. ↩
- фиданоски Jb., 2009, 130-133. nature and their subordination to it. ↩
Summary
Neolithic Askoi from the Skopje Region
Askoi discovered at the Neolithic sites of the Skopje region represent an original type of vessel characterized by a distinctive shape, decoration, and method of manufacture. The examples from Cerje-Govrlevo and Tumba-Madzari were manufactured with a practically fixed shape such that we can tell the difference between the same pot with a wider or narrower belly. As far as the askoi from Slatina-Zelenikovo are concerned, it is possible to say that they differ somewhat in terms of the ware, color, and placement of the neck. Askoi fall into the category of coarse Neolithic pottery, but the technique used for their manufacture indicates superior ceramic craftsmanship.
The massive quantity of discovered askoi and altars of the house model type show the necessity of distinguishing one specific local variant of the Amzabegovo-Vrsnik cultural group from the Skopje region, from the period of the Middle and Late Neolithic. The askoi from this region especially must be highlighted as an isolated type of vessel, which is encountered within a small geographic territory in the confines of the above mentioned Neolithic cultural group. At the same time, they represent the greatest known mass production of vessels with original shape within the parameters of the three sites, as well as some of the earliest askoi known in the region of Southeast Europe. Their origin must be sought in the Early Neolithic phases of Cerje-Govrlevo and probably a little later in the Middle Neolithic phases at Tumba-MadzZari. Their considerable presence in the prehistoric material culture of a specific geographic area demonstrates the ingenuity of Neolithic human beings who lived in this territory. Through this form of vessels, they once again remind us of their unity with
Библиографија
- Билбија M., 1996, Орловица кај село Ракотинци, Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје, 380.
- Гарашанин M., 1998, Винчанска култура и јадрански утицаји, во Тасић Н. (ед.) Археолошко благо1 Косова и Метохије, од неолита до раног средњег века, Београд, 1998, 56-87.
- Гарашанин М. - Билбија, M., 1988, Куќа 1 во Зелениково, Масеԁ. acta archaeol. 9, Скопје, 31-42.
- Гарашанин М. - Спасовска I, 1976. Нови ископувања во Зелениково кај Скопје, Масеԁ. acta archaeol. 2, Прилеп, Гаревски Р. - Малез M., 1994, Развој на релјефот во квартерот, Археолошка карта на Република Македонија, Том 1, Скопје, 14-22.
- Здравковски Д., 1990, за границите на Анзабегово - Вршничката културна група во средниот неолит, Масеԁ. acta archaeol. 11, Скопје, 51-57.
- Митревски Д., 1996а, Кисел Вир кај село Арачиново, Археолошка карта на Република Македонија, Tom И, Скопје, 362.
- Митревски Д., 19966, Тумба кај село Брњарци, Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје, 365.
- Митревски Д., 19968, Дервен кај село Долно Коњаре, Археолошка карта на Република Македонија, Том И. Скопје, 370.
- Митревски Д., 19961, Барица кај село Орман, Археолошка карта на Република Македонија, Том И, Скопје, 379.
- Митревски Д., 1996д, Шамак кај село Ржаничино, Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје, 381.
- Митревски Д., 1996r, Тумба - Круша кај село Стајковци, Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје, 385.
- Ристов К., 1996, Доксаница кај село Катланово, Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје, 374-375.
- Санев В., 1975, Неолитската населба Руг Баир кај с. Горобинци, Зборник на Штипскиот Народен музеј IV - И Штип, 203-231.
- Санев B., 1986, Страната, Arheoloski pregled7 26, Ljubljana, 44-45.
- Санев B., 1988, Неолитско светилиште од Тумба во Маџари, Скопско, Прелиминарно соопштение од ископувањата во 1981, Масеԁ. acta archaeol. 9, Скопје, 9-30.
- Санев B., 1989, Сретсело / Мршевци, Arheoloski pregled2 28, Ljubljana, 41-42.
- Санев B., 1994, Младо камено време, Археолошка карта на Република Македонија, Том I, Скопје, 26-42.
- Canes B., 1995, Неолитот и неолитските култури во Македонија, Цивилизации на почвата на Македонија, книга 2, Скопје, 21-46.
- Canes B., 1996a, Тумба кај село Маџари, Археолошка карта на Република Македонија, Том И, Скопје, 377.
- Санев B., 19966, Сретсело кај село Мршевци, Археолошка карта на Република Македонија, Том ІТ, Скопје, 378.
- Симоска Д. - Санев B., 1975, Неолитска населба Велушка тумба кај Битола, Масеԁ. acta archaeol.1, Прилеп, 25-88.
- Темелкоски ЈІ. - Миткоски А., 2005, Садова керамика од Врбјанска Чука, Масеԁ. acta archaeol.16, Скопје, 29-51.
- Толевски И., 2007, Куќата во неолитот, Македонско наследство, бр. 30, Скопје, 69-78.
- Толевски И., 2009, Географска поставеност на неолитските локалитети, во Heonumckume заедници во Република Македонија, Скопје, 17-24.
- Фиданоски Jb., 2009, Производство на керамички садови, во Неолитските заедници во Република Македонија, Скопје, 109-154.
- Чаусидис Н., 1995, Предисторија, Македонија, Културно наследство, Скопје, 14-45.
- Чохаджиев С., 2001, Ваксево, Праисторически селища, Велико Търново.
- Bilbija M., 1986, Cerje, Neolitsko naselje, Arheoloski pregled 26, Ljubljana, 35-36.
- Gimbutas M., 1976, Anza, Neolithic Macedonia, As reflected7 by Excavation at Anza, Southeast Yugoslavia, Los Angeles.
- Koukouli-Chryssanthaki Ch. - Todorova H. - Aslanis I. - Vajsov7 I. - Valla M., 2007, Promachon-Topolnica, A Greekbulgarian archaeological project, Bo Todorova H. - Stefanovich M. - Ivanov G. (ед.) The Struma/ Strymon Valley in Prehistory, Sofia, 2007, 43-78.
- Srejovi¢é D., 1997, Arheoloski Leksikon, Beograd.
- Vajsov I., 2007, Promachon-Topolnica, A typology of painted decorations and its use as a chronological marker, Bo Todorova H. - Stefanovich M. - Ivanov O. (ед.) The Struma/ Strymon Valley in Prehistory, Sofia, 2007, 79-120.
- Yiouni P., 1996, The Early Neolithic Pottery: Typology, Bo Wardle K. A (ед.) Nea Nikomedeia I. The excavation of an Early Neolithic village in northern Greece 1961 - 1964, London, 81-180.