Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 515–530

Антрополошки резултати од истражувањата на скелетната серија од Мородвис, Кочани

Содржина
  1. Кус историски приказ за градот Мородвис
  2. Резултати од палеодемографските анализи
  3. Антропотиполошко одредување
  4. Епигенетски варијации
  5. Палеопатолошки наоди
  6. MIMICA VELOVA-GRAORKOVSKA

Текстот е посветен на резултатите од антрополошките истражувања на скелетната серија од лок. Црквиште, с. Мородвис.

Скелетните остатоци се откриени со систематските археолошки истражувања што ги водел Археолошкиот музеј во Скопје, сега Музеј на Македонија, во периодот од 1980 до 1992 год.1 Притоа биле пронајдени остатоци од 4 цркви, подигнувани, обновувани и доградувани во периодот од У до XVII век.2 Околу црковниот комплекс, но и во неговата внатрешност била стационирана градската некропола, која се користела од крајот на XII до крајот на XIX век, но особено во времето на XII-XIV век.

Откриените гробови се со инхумирани покојници, положени на грб, ориентирани во правец исток-запад. Погребувањата се најчесто парцијални. иако се присутни и двојни инхумации или погребување на повеќе индивидуи во ист гроб, односно групации. Најраните погребувања се во зазидани конструкции од цигли врзувани со малтер. Кај неколку примери застапени се и гробови изведени од големи и обработени камени плочи, како и погребување во дрвени ковчези.3

Во речиси секој гроб пронајдени се многубројни наоди на нумизматички материјал, керамички материјал и накит, чија датација, главно, е од времето на XIII и XIV век. Присутни се и животински коски, како и карбонизирано семе.4

Во текот на 2004 и 2005 год. беше направена антрополошка анализа на вкупно 361 скелет од оваа некропола.5

Некрополата овозможи да се запознаат палеодемографските, антропоморфолошките, епигенетските и палеопатолошките карактеристики на оваа, пред се, средновековна популација, а со тоа и да се направи обид за издвојување на група од автохтоно и новодоселено население, како и група која настанала со нивната биолошка симбиоза.

Кус историски приказ за градот Мородвис

Mop6ficd06, Моробисдон, Furumisdos, Мороздвизд, Моровизд , Морозвижд се имињата под кои може да се најде овој град во историските извори.

Средновековниот град Мородвис се наоѓал кај денешното истоимено село, на 7 км јужно од градот Кочани, под планината Плачковица, во долината на реката Брегалница, или на античкиот пат Стобос (лок. Стоби) - Сердика (Софија).6 како и патот Астибос (Штип) - Партикопол (с. Св. Врачи).7

Овој град постоел уште во доцната антика, кога веројатно и не зазема некое особено важно место во историјата, чувајќи се за средновековниот период, особено за времето на цар Самоил (976-1014) и цар Василиј II (976-1025), кога како наследник на Баргалската епископија почнува да важи за црковен и административен, а со тоа и културен центар на поголемиот дел од источна Македонија во периодот од крајот на [X до XIV век.

За воено-политичкото значење на Мородвис ни говорат неколку историски документи каде се споменува градот. „Кратка Историја“ на Јован Скилица е најстариот документ каде се споменува името на овој град - Моробиздон (Mopofiodoy), а првиот извор во кој Мородвис се спомнува како епископски центар е хрисовулата на Василиј П од 1019 год., предадена на охридскиот архиепископ Лав. Следниот извор каде се спомнува Мородвис, но под името Furumisdos е „Географија“, чиј автор е патописецот Ал Идризи, кон средината на XII век. Потоа следи повелбата на царот Алексеј Ш Ангел (1198), хрониката на Манојло Фил (1297 год.), грамотите на кралот Милутин, предадени на скопскиот манастир Св. Ѓорѓија (1300) и на Грачаничкиот манастир (1321), како и повелбата на царот Душан (1347), каде тој се спомнува како Морозвижд и имот кој припаѓа на Лесновскиот манастир Св. Архангел Михаил.8

Во османлискиот период се споменува за епископот Никифор од Мороздвизд.9

Според истражувачот на овој археолошки локалитет, Кирил Трајковски, фортификацијата на локалитетот Градиште, во непосредна близина на населбата, најверојатно укажува дека таа претставува одбрана од варварските напади во VI век и подоцна.10 Во овие варварски упади свое место заземаат и Словените, односно нивните племиња. Еден дел од нив остануваат трајно на овие македонски простори. Единствено племе за кое се споменува во историските извори дека се населило во пределите на источно-македонскиот регион, по текот на Брегалница, во УП век,11 се Струмјани или Стримони. Тие веројатно биле новодоселеници и во Мородвис. Кусо време по нивната дефинитивна стабилизација на новото тло, од брегалничката област била потполно отстранета византиската власт и оформена Стримонската склавинија, која егзистирала до IX век.!!

Оваа област заземала важно место и во историјата на Самоиловото Царство, особено на духовен план. Главен центар бил Мородвис, седиште на Мородвиската епископија, во рамките на Охридската архиепископија. По смртта на Јован Владислав кочанската област ја признала византиската власт. Јован Скилица кажува дека во 1018 год. во Мосинопол дошле

емисари, пратени од населението на Пелагонија, Мороздвизд и Липљан, кои на царот Василиј

му ги предале своите градови во негова управа.12 По ова брегалничката епископска катедра била неколкупати преместувана во другите центри на брегалничкиот регион, се до почетокот на XII век кога Мородвис повторно го враќа престолот. Со издигнување на Малешево како побогат центар13 се преместува уште еднаш катедрата се до втората половина на XIII век. И покрај тоа што ја изгубил духовната важност, Мородвис останува да опстојува како важен културен центар.

Во осумдесетите години од ХШ век на престолот седнува кралот Милутин (1282-1321). Милутин ги зазема Полог, Овче Поле, Скопје, Злетово, Пијанец, Тработивиште, Мородвис, Козјак и Луковица.14 Мородвиската епископија ја става под јуриздикција на Липљанската или Призренската црква.

За време на владеењето на Стефан Дечански (1321-1331) епископијата доживува целосен крах, а со неа и градот.15

Во 1347 год.16 во повелбата на цар Душан наредено е формирање на нова Злетовска епископија, со седиште во Лесновскиот манастир, со што на оваа епископија се приклучени и имотите на запуштената Мородвиска епископија, се до подарувањето на епископијата на Хиландар во 1381 год.“

До 1393 год. сите македонски градови се заземени од османлиите. Источномакедонските градови потпаѓаат под Ќустендилскиот санџак. За време на османлиското владеење се случуваат промени на само на административен план туку и во етничкиот состав, особено во градовите. Турците постепено почнуваат да се населуваат во градските центри.

Во турските дефтери на Ќустендилскиот санџак во времето од XVI до XVIII век, во пописот доминира македонското население.17

А, пак, во пописот од 1894 год. во Мородвис биле заведени 90 Македонци, 200 Турци (Јуруци, Татари, Черкези, Маџири или Мухаџири) и 30 Роми.18

Резултати од палеодемографските анализи

Истражениот антрополошки материјал брои 361 скелет.

105 скелети се детски и јувенилни покојници до 15 година (29.0 90). Јувенили од 16-20 год. заедно со возрасни чинат 256 покојници, односно скелети, од кои 131 се со машки пол (36.2 90), 111 (30.7 %) се од женски пол и 14 скелети со неодреден пол.

Соодносот меѓу половите изнесува 1:11.1 99, односно бројот на машки индивидуи е малку поголем од женските. Соодносот на децата и возрасните е 29.0 % : 70.7 90.

Просечниот животен век е многу низок, поради големата смртност на деца и јувенили и изнесува 22.5 години. Просечниот живот кај мажите е 31 година, кај жените 29.7 год.

Табела бр. | покажува дека најголем е бројот жени кои починале возрасни, т.е меѓу 16 и 20 години, а на мажи 26 и 40 години. Најголем број деца починале до 5-тата година од животот, додека 20-тата година не ја доживеала 35.0 95 од населението.

Илустрација, стр. 518

" о чаче њата шм о фи

Илустрација, стр. 519

Антропотиполошко одредување

Антроплошко одредување можеше да се направи кај 43 скелети или покојници. кои можат да се поделат на население кое има мезокрани, курвоокципитални черепи и припаѓа на медитеранскиот тип, како и на динаро-медитеранската варијанта. Потоа, население кое поседува долихоидни и курвоокципитални краниуми или робусен лептодолихоморфен т.н. словенски антрополошки тип, како и група со лептобрахиморфни, планоокципитални черепи и припаѓа на автохтониот динарски тип.

Медитеранидите се застапени во најголем број. За машките скелети карактеристична е робусната варијанта на овој антрополошки тип. Нивните краниуми се мезокрани. Во латералната норма краниумот е долг, висок, тесен и курвоокципитален. Вертикалната норма е овоид или ромбоид, а посткранијалниот скелет робустен. "Женските скелети имаат исто така мезокрани, високи черепи. Долги во латералната норма, високи, тесни и курвоокципитални. Вертикалнта норма е ромбоид. Посткранијалниот скелет е грацилен или многу грацилен

Динаро-медитеранските претставници имаат черепи кои се мезокрани или мезобрахикрани. Лицата се хиперлептопросопи или лептопросопи. Неврокраниумот во латералната норма е долг, висок, тесен и курвоокципитален. Вертикалната норма е овоид или ромбоид. Посткранијалниот скелет кај мажите е робустен, кај жените грацилен или многу грацилен.

Машките покојници одредени како лептодолихоморфен (т.н. словенски) тип се карактеризираат со долихокрани черепи, лицето е хиперлептопросоп, хиперлептен. Во латералната норма краниумот е долг, висок, тесен и курвоокципитален. Вертикалната норма е овоид. Мандибулата е многу јака, со голема бигонијална ширина и силно изразени гониони, како и билатерална брада.

Женските краниуми ги имаат речиси истите карактеристики како и машките. Тие се исклучиво долихокрани.

Во групата брахикрани или лептобрахиморфни черепи може да се препознае динарскиот тип. За сите нив карактеристична е брахикранијата и планоокципиталијата. Машките претставници на овој антрополошки тип имаат брахикрани краниуми, хиперлептопросопно лице. Краниумот е висок, тесен и планоокципитален во латералната норма. Вертикалната норма е ромбоид. Посткранијалниот скелет е робустен. Женските черепи имаат понагласена брахикранија и хиперлептопросопни лица. Грацилни се во посткранијалниот скелет.

Може да се заклучи дека кај оваа средновековна скелетна серија можат да се издвојат автохтони динарски, кусоглави, рамни во тилот, претставници, потоа една веројатно, новодоселена група население чии претставници имаат долги, тесни и заоблени во тилот глави, за која постои можност да е група на словенско население, составена, пред се, од лептодолихоморфниот и робустниот медитерански антрополошки тип. Издвоена е и група чии скелети се одредени како динаро-медитераниди, односно мезокрано или население со умерено долги глави, со заоблен тил, кое е веројатно настанато како мешавина на овие две групи, односно со биолошка симбиоза на староседелците и новодоселените. Затоа, не е ни чудо што кај машкото население е голем бројот черепи кои имаат карактеристики на лептодолихоморфниот тип, а кај жените бројот на кусоглаво население.

Епигенетски варијации

Покрај антропоморфолошките карактеристики, кај скелетните наоди беа евидентирани и епигенетски варијации. Освен вообичаените епигенетски варијации, кај неколку скелети беа воочени и раритетните: интерсутурални коски во сагиталниот шев, оѕ asterion , оѕ арісіѕ multipartitum (сл. 3, табла 9), оѕ incae (сл. 4, табла 10), супраскапуларен форамен, полумесечест засек на патела и стернален форамен.

Палеопатолошки наоди

Кај повеќето скелети, односно на дел од нивните коски беа присутни траги на чести заболувања кои укажуваат за начинот на исхрана, живот и нивото на хигиена кај населението.

На кранијалниот скелет, најмногу беа присутни траги од анемија, односно крибри, особено кај жените и децата (сл. 7, табла 11).

Од коскените неоплазми најчести беа остеомите и егзостозите (сл. 6, табла 11).

Траги на фрактури и сеченици постоеја кај неколку скелети, особено кај машкото население, а најмногу на коските од екстремитетите, веројатно како последици на физички напад, фрактури кои настануваат во самоодбрана или случајни незгоди (сл. 8, табла 12).

Присутни се во голем број трагите на артритис и спондилоза, пред се, кај мажите, траги на малформации на ʼрбетниот столб, сакрализации, лумбализации, спина бифида итн.

Кај дентално-патолошките промени најчести се претсмртно екстрахираните заби и кариесот, но постоеја и бројни видливи примери на цисти, дентални аномалии, агенези, рудиментирани заби итн. Во двете вилици најмногу екстрахирани заби беа првите катници, а кај нив беше воочен и најголем процент на кариес.

Сепак според патологијата која можеше да се воочи на скелетите од оваа скелетна серија, може да се заклучи дека погребаното население за време на својот живот живеело во релативно мирнодобски услови (мал број фрактури), исхраната била сиромашна (анемија, кариес, хипоплазија на забен глеѓ), а хигиената ниска.

Трагите на артритис, спондилоза, инфективни процеси на коските од екстремитетите, како и повредите беа повеќе присутни кај машкото население, затоа што мажите биле повеќе изложени на физички напади, случајни незгоди и тешка физичка работа.

Најголема смртност кај жените во фертилниот период (16-45 год.) ни укажува на големиот ризик за бремените жени и жените кои раѓале во тие времиња, а со самото тоа и смртноста на новороденчињата. За еден поголем дел од нив смртта се случувала токму поради и во периодот на гравидитетот, раѓањето, како и постпородилниот период.

Мимица Велова-Граорковска ул. „Желево“ бр. 3-2/4 Скопје mimicavelova@hotmail.com

Табла I. Црквиште-Мородвис: краниум бр. ВВ 4
Табла I. Црквиште-Мородвис: краниум бр. ВВ 4
Илустрација, стр. 522
Табла П. Црквиште-Мородвис: краниум бр. ВВ 17
Табла П. Црквиште-Мородвис: краниум бр. ВВ 17
Илустрација, стр. 522
Илустрација, стр. 523
Табла Ш. Црквиште-Мородвис: краниум Ор. 2/A
Табла Ш. Црквиште-Мородвис: краниум Ор. 2/A
Табла IV. Црквиште-Мородвис: Краниум бр. 2
Табла IV. Црквиште-Мородвис: Краниум бр. 2
Илустрација, стр. 524
Табла У. Црквиште-Мородвис: краниум бр.
Табла У. Црквиште-Мородвис: краниум бр.
Табла VI. Црквиште-Мородвис: краниум бр. 200
Табла VI. Црквиште-Мородвис: краниум бр. 200
Табла УП . Црквиште-Мородвис: краниум бр. 254/A
Табла УП . Црквиште-Мородвис: краниум бр. 254/A
Илустрација, стр. 525
Илустрација, стр. 525
Табла УШ . Црквиште-Мородвис: краниум 247/А
Табла УШ . Црквиште-Мородвис: краниум 247/А
Илустрација, стр. 525
Илустрација, стр. 526
Илустрација, стр. 527

MIMICA VELOVA-GRAORKOVSKA

RESULTS OF ANTHROPOLOGICAL RESEARCH

ON THE SKELETAL REMAINS FROM MORODVIS, KOCANI

Белешки

  1. Со истражувањата раководел археологот Кирил Трајковски. ↩
  2. Трајковски К., 1983, 133-143; Trajkovski K., 1986, 229. ↩
  3. Trajkovski K., 1995, 208. ↩
  4. Трајковски К., 1989, 89-90. ↩
  5. Анализата беше направена од авторот на овој овој текст кој произлегува од магистерскиот труд на Мимица Велова-Граорковска со наслов Антрополошка серија Мородвис и профил средњевековног становништва Источне Македоније, одбранет на Катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Белград. кај ментор проф. д-р. Живко Микиќ. ↩
  6. Трајковски К., 1989, 89-90. ↩
  7. Микулчиќ И., 1999, 231. ↩
  8. Томоски Т., 1978, 93-97. ↩
  9. Trajkovski K., 1995, 208. ↩
  10. Трајковски К., 1983, 141. ↩
  11. Панов Б., 1985, 589. ↩
  12. Vizantijski izvori za istoriju naroda Jugoslavije, 1966, 124, Тот III, Beograd. ↩
  13. Стоименов K., стр. |. ↩
  14. Панов B., 1985, 236. ↩
  15. Стоименов K., 14. ↩
  16. Росолкоска-Николовска, 1984. 130. ↩
  17. Турски дефтери на Ќустендилскиот санџак V. ↩
  18. Кънчов В., 1970, 526. ↩

Summary

Results of Anthropological Research on the Skeletal Remains from Morodvis, Kocani

This text summarizes the results of anthropological analyses on the skeletal remains from the archaeological investigations of the site at the village of Morodvis, near Kocani. It is an attempt to establish an anthropomorphological profile of the mediaeval population that inhabited Morodvis, one of the most significant mediaeval episcopal centers on Macedonian territory.

The archaeological excavation of the cemetery in Morodvis indicates that it was used mostly during the 12th, 13th, and 14th centuries. The numismatic material, jewelry, and pottery discovered in almost every grave dated from that period.

The paleodemographical, anthropomorphological, epigenetic, and paleopathological characteristics of this population create its anthropomorphological profile, by means of which the homogeneity or heterogeneity of the population could be confirmed. It was also possible to separate groups of indigenous people and newcomers, and also the group that developed from their biological symbiosis.

From the results from the anthropological analysis of the mediaeval skeletal findings from Morodvis, three population groups can be distinguished: the indigenous dinaric population; newcomers, mostly Slavic; and a population that indicates symbiosis already started between the previous two groups.

Библиографија