Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 53–75
Археолошки истражувања на неолитската населба Церје-Говрлево во 2004 година
Содржина
Трудот пред вас е резултат на истражувањата на покојниот Милош Билбија, кој, за жал, не успеа да го напише неговиот оригинален текст од рефератот на тема: Говрлево 2004 на XXтиот симпозиум на Македонското археолошко научно друштво одржан во Кичево во 2008 г.
Во текстот подолу ќе бидат претставени резултатите од истражувањата на неолитската населба Церје-Говрлево кои беа изведени во периодот од 5.5.2004 г. до 10.6.2004 г. Истражувањата на локалитетот во дадената година беа плод на соработката меѓу М. Билбија (Музеј на град Скопје) и проф. д-р М. Гуштин (Научноистражувачки центар „Копер“, Универзитет на Приморска, Република Словенија), која и ден денес трае.
Истражувањата беа извршени под раководство на гореспомнатите имиња, додека за теренската работа се грижеа д-р Б. Кавур и д-р А. Томаж (Словенија). Освен нив, во стручната екипа беа вклучени и: д-р 3. Хинцак (Словенија), д-р Г. Тифенграбер (Р. Австрија), м-р Jb. Фиданоски, м-р Г. Наумов, м-р A. Ивковска, И. Толевски, A. Спирова, A. Стеваноска, P. Младеновска и М. Шуштаршиќ (Словенија). Обработката на животинските остатоци беше извршена од страна на д-р 3. Хинцак и м-р А. Ивковска, а конзервацијата на керамичките садови ја изврши А. Спирова.
Природни и географски карактеристики на населбата
Населбата Церје-Говрлево се наоѓа на јужната падина на планината Водно, 15 км југозападно од Скопје и 21 км југоисточно од селото Говрлево, на 500 м надморска височина (ел. 1 и 2). Населбата припаѓа во месноста наречена Церје, при што, се протега на зарамнета тераса (денес во функција на ниви) со благ пад кон југ, во помала котлина опкружена со ниски ридови. која опфаќа околу 4 хектари (сл. 2). На север терасата завршува со падините на Jb. Фиданоски, Археолошки истражувања на неолитската населба Церје-Говрлево во 2004 година Водно, таа од западната и источната страна е затворена со пониски ритчиња, додека на југ е речиси целосно отворена. Од источната и западната страна на терасата, на која лежи локалитетот, во минатото течеле две помали рекички - Чифлички и Церешки. Ваквата, природно, добро заштитена географска позиција на локалитетот, заемно со богатата шумска флора и фауна, овозможила населување на една од најраните неолитски култури во овој регион на Република Македонија.
Осврт на досегашните истражувања
Со рекогносцирање на јужната падина на Водно, во 1981 г. локалитетот е откриен од страна на М. Билбија (Музеј на град Скопје) и 3. Георгиев (Републички завод за заштита на спомениците на културата).2 Веќе во следната, 1982 им, во рамките на проектот „Систематски археолошки истражувања на неолитските и металодобните култури во Скопската Котлина“, Музејот на град Скопје, под раководство на М. Билбија, започнува со археолошки истражувања на локалитетот.3 Во рамките на истражувањата од оваа година биле отворени пет квадрати со кои е добиена првичната претстава за локалитетот, односно неговото просторно и временско простирање. Активното проучување на локалитетот продолжило во периодот од 1983 г. до 1985 г, кога биле исцрпени сите негови културни слоеви. Со овие истражувања било регистрирано постоењето на релативно голема неолитска населба со културни напластувања длабоки од 3.0 до 4.2 м (во зависност од просторот). Хронолошката
слика за локалитетот во тоа време била определена врз основа на откриените хоризонти на живеење и керамичкиот материјал. Според анализата на керамиката биле определени шест фази на живеење ННЅ целиот неолит (ран, средени доцен), иако биле откриени остатоци од само три куќи подигани една врз друга.
По подолга пауза, во 2000 г., повторно во организација на Музејот на град Скопје и под раководство на М. Билбија, отворена е нова сонда со шест квадрати, латинично нумерирани (Пл. 1).4 Токму со истражувањата од оваа година е откриен и исклучителниот наод, керамичка машка фигурина наречена Адам. Истражувањата на оваа сонда се одвиваат во периодот од 2000 до 2002 г., потоа во 2004 и од 2008 до 2010 г. кога се исцрпени сите културни слоеви во неа. Во 2003 г. за првпат беше направена соработка со проф. д-р M. Гуштин (Научноистражувачки центар „Копер“, Универзитет на Приморска, Република Словенија), чија цел беше целосно проучување на локалитетот и соодветно презентирање во јавноста. Освен тоа во следната, 2004 година, како плод на меѓународната соработка, за првпат беше применета нова методологија на истражувањата.
Методологија на археолошките истражувања
Сондата од 2000 г. која при отворањето беше голема 8 х 12 м, со текот на временските влијанија ги зголеми своите димензии на околу 9 х 13 м. Таа беше распределена на шест квадрати со димензии 4 х 4 м, меѓутоа, со цел добивање подобар увид во стратиграфијата, во 2004 г., на нејзината источна страна, беа отворени две проширувања на квадратите II и Ш, наречени квадрат УП и УШ и со димензии 1 х 4 м (Пл. 1). Со помош на овие проширувања беше овозможена проверка на претходните истражувања на сондата во длабочина од 1.3 до 1.5 м, кои дотогаш беа дефинирани како проучени и отстранети 3 културни хоризонти (сл. 3). Во истражувањата до 2004 г.. беше применуван стандардниот хронолошко-стратиграфски метод за документирање на слоевите, а потоа и нивно физичко отстранување со соодветно нумерирани откопи, додека со кабинетската обработка, по проучување на материјалот и контекстот на откопите беа дефинирани културните хоризонти.
Како што беше погоре кажано, во 2004 г. методологијата на стратиграфски археолошки истражувања беше унапредена со воведување стратиграфски единици, односно локуси за секоја појава на теренот. Механички, тоа на самиот терен беше изведувано со редовно стругање на работните површини со што беа јасно регистрирани сите промени и појави на просторот од сондата. При истражувањата беше водена сметка за нивните меѓусебни односи, како и за нивниот вертикален и хоризонтален стратиграфски ред. Фотографирањето беше извршено со дигитален фотоапарат, додека техничките цртежи на ситуациите, односно плановите, основите и профилите беа компјутерски обработени и дигитализирани (Пл. 1-5; црт. 1-6). Секоја појава на теренот добиваше свој број на стратиграфска единица, како и посебна листа во основниот формулар (дневник) на истражувањето. Соодветно на тоа, во листата, за секоја стратиграфска единица беше внесуван опис на појавата, нејзиното протегање и содржина, фотографиите и техничките цртежи направени за неа, како и теренски инвентар. На крајот, стратиграфската единица беше вметнувана на основниот план на сондата со цел добивање појасна слика за нејзиното просторно протегање.
Со новата методологија беше извршена контрола на постарите истражувања (до 2004 г), при што беа утврдени извесни отстапувања во стратиграфијата. Затоа, во сите подоцнежни истражувања (2004, 2008-2010 г.) беа споредувани појавите документирани во сондата од 2000 г. со оние од сондата отворена во 1982 г.
Во 2004 r, беа добиени и првите апсолутни (C14) дати, направени во лабораторијата во Лајбниц (Киел, Германија), кои во 2003 г. беа земени од најраниот слој во јужниот профил на квадрат VI (длабочина од површината: 1.5 M).5
Во рамките на истражувањата во 2004 г. беше земено поголемо количество педолошки материјал од сите стратиграфски единици, како и примероци јагленисано семе и животински коски, со цел добивање податоци за хронологијата и економијата на населбата.
Стратиграфија
На почетокот од истражувањата од 2004 г. акцентот беше ставен на контрола на стратиграфијата на локалитетот поради кое беа отворени две проширувања на квадратите Пи III, наречени квадрат УП и VIII (Па. 1). Со паралелното истражување на овие проширувања и останатиот работен простор во претходно отворените квадрати беа потврдени првичните сознанија за најплитките, односно најдоцните слоеви на локалитетот (сл. 3). Под хумусниот слој со длабочина од површината до 30 см, во зависност од просторот, следуваат два релативно хомогени културни слоја со кафеава боја исполнети со помали камења, керамика и животински коски, на места силно пробиени од подоцнежни јами и преорувања на нивата (црт. 2 и 3). Овие слоеви во зависност од просторот достигнуваат длабочина и до 0.7 м. Под нив, следува дебел населбински хоризонт (длабок до 1.3), несоодветно застапен низ квадратите, во кој со истражувањата во 2001 и 2002 г. беше откриен и истражен само еден мал дел (крајот на северниот 5ид) од среднонеолитска куќа, хронолошки определена според црносликаните керамички фрагменти во неа и во слојот (Т., 1 и 2). Освен масивните парчиња портокаловожолт лепеж, меѓу рушевините беа откриени и четири речиси цели аскоси (црт. 5 и 6, ел. 5и Jb. Фиданоски, Археолошки истражувања на неолитската населба Церје-Говрлево во 2004 година 6). Во истиот населбински хоризонт, во квадратите УП и УШ, беше откриена и една печка, поставена надвор од куќа со димензии 1.0 x 1.0 м и на длабочина од 0.7 до 1.0 м (Пл. 3, сл. 4).
Со истражувањата на квадратите I, II, УП и VIII се увиде дека стратиграфијата на теренот е многу сложена е зависна од геоморфолошките формации на локалитетот, како и од промените од човековото влијание.6 Имено, во текот на истражувањата во 2004 г., беше увидено дека дебелината и застапеноста на слоевите силно варира на многу мал простор, па така, на северозападниот агол на сондата, здравицата беше откриена на длабочна од само 0.4 м (црт. 3-6). Освен падот на слоевите во насока северозапад-југоисток, доказ за ваквата денивелацијата на теренот добивме од рушевинскиот слој на куќата, како и од појавите во текот на овие и следните истражувања (сл. 5 и 6). Податоците од истражувањата во 2002 r, укажуваа на исцрпување на културните слоеви во квадрат V, па така тој дел од сондата беше речиси завршен (сл. 3).
Истражувањата на сите квадрати освен квадрат V, дадоа многу важни информации за локалитетот. Имено, во рамките на овие квадрати. беше интензивирана работата, со што беа добиени и првичните сознанија за пораните слоеви од населбата. Врз основа на претходните истражувања во кои беа документирани уште неколку културни слоја со различна дебелина и длабочина до 1.3 м беше утврдена сложеноста на наслојувањата. Така беа евидентирани повеќе помали слоеви со различна содржина и протегање (црт. 1-6). Соодветно на тоа, беше продолжено со истражување во квадратите I-IV и VI во кои беа документирани голем број кружни и елипсовидни отпадни јами со ралични димензии и длабочина, како и количество материјал. Од особен интерес претставуваат еден ред длабоки и големи елипсовидни јами поставени во правец север-југ кои во однос на своите димензии содржеа многу мало количество движен материјал (сл. 14).
Во текот на истражувањата, на длабочина од 1.3 до 1.8 м, во јужниот профил на квадратите УП и П беше откриен крајот на северниот зид составен од жолт цврст лепеж на уште една среднонеолитска куќа (според материјалот), поставена неколку метри поисточно од погоре опишаната куќа. Според стратиграфијата беше утврдено дека оваа куќа е нешто постара од куќата во која беа откриени аскосите и црносликаната керамика (црт. 6). Благодарение на податоците од оваа истражувачка кампања беше утврдено дека населбата има уште еден дебел среднонеолитски населбински хоризонт.
Како што беше извесно од преходната истражувачка кампања од 2002 г., во квадратите I-III, а подоцна и во квадратите УП и VIII, под дебелиот сивокафеав слој со дебелина од 0.1 до 0.6 м и на длабочина над 1.8 м се претпоставуваше дека постои уште една куќа. Во 2004 г, екипата успеа да отстрани еден мал дел од горенаведениот слој, при што беше откриен северозападниот агол на куќата (Пл. 2). Всушност, беше отворена површина на куќниот под со димензии од 2 до 3 M врз која in situ беа откриени две камени мелници, керамичко „ленче“ и повеќе фрагменти од керамички садови (сл. 7 и 8). Подот на куќата беше добро зачуван, иако на него се забележуваа големи пукнатини. Бојата беше портокаловоцрвена, а неговата структурата беше многу цврста кое укажуваше на добра изработка. Според нашите досегашни сознанија од истражувањата во 2004 г., оваа куќа, веројатно припаѓа на друг, уште постар населбински хоризонт, веројатно од раниот неолит.
Во квадратите | и VI, на јужната страна од сондата, на длабочина над 1.5 м беше истражуван многу дебел темносив слој исполнет со големо количество фрагменти од керамички садови. камен и животински коски, кој до крајот на оваа истражувачка кампања не беше целосно исцрпен. Тој го покриваше целиот простор на квадратите I и VI, и за време на истражувањата неговата дебелина се зголемуваше кон југ, со што уште еднаш се потврди сериозниот пад на теренот кон југоисток. Во квадратот УТ, во истиот слој беше документира-
“ Tomaz A., 2009; Tomaz A., 2010; Фиданоски Jb. - Tomax A., 2011, во печат. НО дебело наслојување од разновиден материјал, со особено големо количество животински коски (пл. 4).
На овој простор, во непосредна близина на наслојувањето и во истиот слој, беше откриено единствено погребување на човечка мандибула заедно со два фрагментирани керамички сада и камена секира (сл. 9). Ова веројатно претставуваше ритуално депонирање на дел од човечки останки во плитка јама, што е ретко среќаван случај на неолитските локалитети на Балканот.
Со отстранувањето на истиот темносив слој и веднаш под горенаведените појави, во квадратот VI и на неговата граница со квадратот I, на длабочина од 2.0 до 2.5 м беше откриен комплекс составен од четири печки (ТІ. 5, сл. 10). На релативно нерамен терен, во цврст, глинест, светлокафеав слој без наоди, беа фундирани три печки со различни начини на изработка, како и различни димензии и форми. Имено, во глинестиот слој на почетокот на отворањето, на длабочина од околу 2.0 м, беше откриена најмалата елипсовидна печка (Пл. 5, 1) со димензии од 0.3 х 0.5 м, фундирана врз неколку слоја мали камчиња и целосно заградена со малку поголеми камења. Кај оваа печка беа документирани траги од силна темпретатура, односно фундираните и оградните камења, како и земјата околу нив, беа силно изгорени, така што имаа попримено портокаловоцрвена боја. На речиси иста длабочина, веднаш до неа и во иста линија, на околу 0.15-0.3 м кон север, беше откриена уште сдна печка (Пл. 5, 2), чија форма не можеше целосно да се дефинира поради тоа што била уништена од подоцнежна јама. Беше зачувана нејзината предна (челна) страна со димензии од 0.5-0.7 м, според која се увиде дека е изградена како и претходната. За време на работата на овој простор беше откриена уште една печка (Пл. 5, 3) која беше фундирана врз претходната, притоа следејќи ја истата поставеност и техника на изработка. За жал. и кај оваа печка не можеше да се утврди формата, бидејќи беше уништена од истата јама. Сите три печки беа поставени на работ од глиенстиот слој, а под нив, по целата нивна западна линија, на длабочина од 0.6 м под нивното ниво, беше документиран еден поголем ископ во слојот со неправилна квадратна форма, проширен во вид на двоен лак на источната страна (ел. 10-12). Во текот на истражувањата се увиде дека на неговата западна страна (квадратниот дел од ископот) е подигната уште една печка (Пл. 5, 4). За разлика од претходните три печки, таа не била подигната на глинестиот слој, туку била директно вкопана во него, така формирајќи го квадратниот дел на ископот (сл. 13). Последнава печка припаѓа на стандардниот калотен тип, со единствената разлика во тоа што е подигната на дното од ископот, притоа користејќи ги западната, северната и источната страна од него како потпора за калотата. Од откриените зидови на печката беше утврден и единствениот начин на изработка. Имено, нејзиното дно и зидови се неколку слоеви глина диркетно премачкани на ископот, начин кој веројатно овозможил долготрајна употреба на печката. Оттука, не треба да не изненадува и нејзината зачуваност во висина до 0.4 м. За разлика од останатите печки, оваа немаше слоеви од камчиња под неа. Од хронолошко-стратиграфски аспект печките веројатно биле во употреба паралелно или во многу близок временски интервал. На тоа укажува користењето на истиот глинест слој за подигање, како и нивното концентрирање во мал простор посебно приспособен за нив. Соодветно на тоа, може да се каже дека тие веројатно припаѓале на работилница во која се одвивало специјализирано печење на некои суровини. Тие дефинитивно не се дел од инвентар на куќа кое дополнително ја издвојува нивната вистинска намена. Дали и каква врска имаат со куќата од најраниот хоризонт се уште не може да се каже, бидејќи слоевите во квадратот меѓу нив, со овие истражувања, не беа исцрпени. Гр. Фиданоски, Археолошки истражувања на неолитската населба Церје-Говрлево во 2004 година
На крајот треба да се подвлече дека во сите четири печки беше откриено релативно големо количество пепел, но малку движни наоди, освен по некој фрагмент керамика, камен и животински коски. Надвор од калотната печка и ископот, на нивната западна страна (квадрат VI), продолжуваше горенаведениот темносив слој, кој во тој дел на просторот имаше најголема дебелина од 0.7 м, чие дно претставуваше и најдлабоката точка во сондата (2.5 м) (црт. 3). Слојот изобилуваше со материјал, особено со животински коски, а одејќи подлабоко, земјата стануваше повлажна, додека на одредени делови имаше и маслинестозелени линии во темносивата основна боја, што веројатно укажува на долготрајно излагање на вода. Тоа веројатно се случувало поради падот на теренот во оваа насока (црт. 3).
Движни наоди
Во рамките на истражувањата беше откриено големо количество археолошки материјал составен од фрагментирани кермички садови и животински коски. Во помало количество беа откриени и разновидни предмети од керамика, камен, животинска коска и школка. Од посебна важност за локалитетот е човечката мандибула откриена во гробен контекст, бидејќи неолитските погребувања на Балканот се уште се недоволно јасни.
Кај керамичките садови најчесто се среќаваа фрагменти од плитки и длабоки паници, разновидни грневидни садови, купи и чаши, сите рачно изработени од фино или грубо прочистена глина. Генерално, фрагментите укажуваа на садови со заоблена профилација, но повремено беа откривани и биконусни профили на садовите и тоа од сите периоди на неолитот. Керамиката добиена од овие истражувања може да се подели на фина и груба. Во рамките на фината влегуваат сите погоре наведени форми, најчесто со добро мазнета површина, неретко бојосувана и полирана. Честопати се среќаваа фрагменти од црвено, кафеаво и црносликана керамика на црвена или темнопортокалова основа кое хронолошки ги дефинираше слоевите и хоризонтите (Т. I, 1 и 2). Многу ретко се среќаваше и белосликана керамика на црвена основа. Фината керамика е изработена многу7 добро. при што глината е добро прочистувана, а печењето се одвивало на високи температури. Особеностите на грубата керамика од локалитетот се следниве: во глиненото тесто, речиси секогаш содржи големо количесто плева, кај неа доминираат неукрасени фрагменти, а оние кои имаат украс најчесто содржат барботин, импресо, релјефни аплицирани ленти и брадавици, и нивни комбинации (T. I, 4 и 11). Кај оваа група керамика честопати се среќаваа фрагменти од поголеми грневидни садови и паници, додека посебно зачестени се фрагментите од аскоси со различна големина што всушност е една од најавтентичните особености на локалитетот.8 Во однос на застапеноста на бојата кај керамичките садови доминираат фрагменти со црвени, кафеави и сиви нијанси, а поретко и портокалови, окер и црни (T. I, 1-4, 11).
Керамичката пластика е често застапена на локалитетот, при што доминираа фрагментите од антропоморфни модели на куќи (во литературата познати и како жртвеници од типот Голема Мајка), но се среќаваа и одделни антропоморфни и зооморфни фигурини, како и разновидни фрагменти од жртвеници и култни масички (T. I, 5). Глиненото тесто на овие предмети, најчесто е мешано со органски остатоци (плева, животински отпадоци, семиња итн.), а печењето било на релативно ниски температури, што најдобро се гледа од „бисквитниот“ профил (недоволно испечени, т.е. црни во средишниот дел на профилот). Генерално, се среќаваат примероци со груба површина, но понекогаш тие имаат добро мазнета површина, а поретко и полирана. Што се однесува до боите, и тука откриените примероци се карактеризираат со истите бои како и оние на керамичките садови. Наодите од оваа керамичка категорија, во истражувањата од 2004 г., во најголем дел беа фрагментирани.
Со овие истражувања беше откриено големо количество животински коски. главно, како дел од основната исхрана, но и како суровина за изработка на алатки и предмети со различни намени. Врз основа на првичните анализи на зооостеолошкиот материјал од овие истражувања на локалитетот доминирале домашните форми животни: овца, коза, говедо, свиња и поретко куче, а од дивите видови: диво говедо (тур), елен, срна, дива свиња, а поретко и: дабар, лисица, волк, мечка и др. Оттаму, може да се каже дека сточарството во Говрлево била доминантна земојделска гранка, за разлика од ловот кој имал секундарна улога. Оваа состојба е иста како и кај други неолитски локалитети на кои биле направени арехозоолошки анализи (Анзабегово, Тумба-Маџари, на Брег-Младо Нагоричане, Руг Баир-Горобинци, Чаковец-Ресава и Страната-Ангелци).9
Во рамките на овие истражувања беше откриено и поголемо количество предмети со различна намена, најчесто изработени од керамика, камен, животинска коска и школка. Соодветно на тоа, беа откриени фрагменти од керамички мониста и лабрети, како и камени прешлени и дискоидни плочки (Т. I, 6). Освен тоа, беа откриени и камени секири. тесли, длета, сечила, стругала, јадра и мелници, како и коскени игли, шила и стругала (Т.1, 7-10).
Хронологија на локалитетот
Врз основа на податоците добиени од првите истражувања во осумдесеттите години од минатиот век, М. Библија предвидел шест континуирани хоризонти на живеење: Говрлево I одговара на ранонеолитската фаза од културата Анзабегово-Вршник |, хоризонтите J оврлево [I-IV одговараат на среднонеолитските фази Анзабегово-Вршник П-У, додека хоризонтот Говрлево И е паралелен со културата Винча-Тордош I/II, а Говрлево VI со културата Бубањ-Хум 1.79 Со отворањето на новата сонда во 2000 г.. еден дел од хоризонтите на Говрлево не беа потврдени. Имено, со истражувањата од 2004 г., населбински хоризонти од доцниот неолит не беа регистрирани, иако на длабочина до 1,3 м беа откривани фрагменти од доцнонеолитска керамика (Т.І, 3). Освен тоа, просторот на кој е отворена истражуваната сонда во минатиот век бил интензивно оран, така што на длабочина до 0.7 м беа откривани фрагменти и од енеолитска и бронзенодопска керамика. Тоа претставуваше голем проблем во однос на стратиграфијата и хронологијата. Сепак, освен бројните јами во речиси сите слоеви беше утврдено дека е сосема можно постоењето и на доцнонеолитски населбински хоризонт на длабочина до 0.7 м, кој, за жал, веројатно бил деструиран од древните, но и современите човекови влијанија. Сето ова беше потврдено од релативно големото количество црнобојосана, биконусна керамика, најчесто украсена со канелури, што претставува сигурна потврда за присуство на доцнонеолитски елементи на локалитетот.
Истражувањата во 2004 г. ја потврдија сложеноста на стратиграфијата и хронологијата на локалитетот, но, од друга страна, овозможија и нивна контрола, како и недвосмислено дефинирање на конкретните појави во рамките на населбинските хоризонти. Со овие истражувања беа документирани поголем број слоеви кои подоцна беа вклучени во рамките на населбинските хоризонти. Следствено на тоа, според остатоците од куќа и керамичкиот материјал во неа и соодветните слоеви, на длабочина меѓу 0.7-1.3 м е потврден населбински хоризонт од средниот неолит. Вториот населбински хоризонт исто така беше документиран врз основа на куќа и керамичкиот материјал, откриена малку подлабоко (длабочина меѓу Jb. Фиданоски, Археолошки истражувања на неолитската населба Церје-Говрлево во 2004 година 1.3-1.8 м) и неколку метри поисточно од претходната. И оваа фаза од населбата припаѓа на средниот неолит, што беше потврдено и со добиената C14 дата (види заб. 5) меѓу 6955+34 ВР (години до денес), кое калибрирано припаѓа во временскиот интервал меѓу 5893 и 5728 са!. ВС (калибриран интервал години пред новата ера). Со оваа апсолутна дата беше потврдено и хронолошкото место на населба Церје-Говрлево во двете фази од средниот неолит, според М. Гимбутас, од 5800-5500 г. пр. н.е. Освен овие две сигурно потврдени среднонеолитски фази од населбата со истражувањата беше отворен и мал дел од уште порана куќа на длабочина над 1.8 м, која припаѓа на постар населбински хоризонт. Засега може да се каже дека на локалитетот се документирани најмалку три населбински хоризонти, од кои двата одговараат на среднонеолитските фази Анзабегово-Вршник П-П, според хронологијата на М. Гимбутас, а третиот односно најстариот веројатно е ранонеолитски, со што би припаѓал на фазата Анзабегово-Вршник 1. Тоа се потврдува и со повременото присуство на бело сликани фрагменти, не само во овие истражувања туку и во постарите.
Врз основа на овие истражувања, треба да се подвлече дека хронологијата за овој локалитет директно произлегува од неговата сложена стратиграфија. карактеристична по присустовото на голем број слоеви низ сондата, како и нивната застапеност низ квадратите. Исто така, влијанието на геоморфолошката состојба на теренот довела до нееднаква застапеност на слоевите и хоризонтите на локалитетот во оваа сонда. Токму затоа тука се среќаваат слоеви со голема варијација во длабочината и протегањето. Оваа состојба е потврдена со големиот пад на теренот, а со тоа и на слоевите, во насока северозапад-југоисток.
Заклучни разгледувања
Археолошките истражувањата во 2004 г. дадоа многу нови податоци за неолитската населба Церје-Говрлево. Со овие истражувања беше направена контрола на истражувањата од претходните кампањи, како и проверка на стратиграфијата. Во тој контекст беше документирана сложената стратиграфија на локалитетот, при што беа евидентирани повеќе слоеви со различна содржина, длабочина и протегање. Врз основа на истражувањата беше утврден голем пад на теренот во правец северозапад-југоисток, што директно влијаело на различната дебелина и протегање на слоевите низ целата сонда. Оттаму, со исцрпувањето на соодветните културни слоеви беше констатирана голема денивелација која на одредени места изнесуваше и над 1.0 м.
Од посебно значење е откривањето на ритуално погребување на човечка мандибула меѓу депонирани фрагменти од керамички садови и камена секира во плитка јама. Освен овие појави, беше откриен и уникатен комплекс од четири печки, кои веројатно функционирале како дел од некаква работилница во ист временски период. На крајот треба да се спомнат и големиот број јами со кружни и елипсовидни форми, различни по содржина и димензии. Дел од нив се особено интересни, бидејќи според нивните димензии во себе содржеа мало количество материјал.
Движниот материјал се состоеше, главно, од фрагменти керамички садови и пластика, животински коски и камен. Керамичките садови се карактеризираат со стандардните форми, бои и украси од раниот и средниот неолит. Во овие истражувања беше откриено големо количество антропоморфни моедли на куќи, а поретко жртвеници и антропоморфни и зооморфни фигурини. Врз основа на арехозоолошките анализи беше востановено дека на населбата доминираат домашните форми животни: овца, коза, говедо, свиња и куче, а од дивите видови: диво говедо (тур), елен, срна, дива свиња, а поретко и дабар, лисица, волк, мечка и др. Од
'! Gimbutas M., 1976, 29-31. економски аспект, може да се каже дека сточарството за населбата било првична земојделска гранка, за разлика од ловот кој имал секундарна улога. Освен оваа често среќавана содржина на балканските неолитски локалитети, беа откриени и предмети со утилитарна и неутилитарна намена изработени од керамика, камен, животински коска и школка. Посебно често беа среќавани камените секири, тесли и сечила, а поретко и коскените игли, шила и спатули.
Со истражувањата во 2004 г. беа документирани два населбински хоризонти од средниот неолит со спорадични доцнонеолитски упади, а делумно беше отворен уште еден од раниот неолит, при што на дел од сондата беше достигната максимална длабочина од 2.5 м, од површината. Овие податоци беа добиени од три куќи, една врз друга во стратиграфска смисла, со извесни поместувања. Заемно со апсолутната С14 дата за постариот среднонеолитски слој со временски интервал меѓу 5893 и 5728 г. пр. н.е., како и керамичкиот материјал, беше потврден развојот на населбата низ раниот и средниот неолит од Анзабегово-вршничката
1- 498.53 4- 406.65 7- 496.68 10- 496.57 13- 496.61 16- 496.57 19 496.60 22. 496.60 25. 496.64
3 496.58 6 496.55 9- 496.66 12- 406,61 16- 496.52 18- 496.66 21- 496.56 24 496.96
Пи. 4. Наслојување од камен, животински коски и керамика во квадрат VI. Jb. Фиданоски, Археолошки истражувања на неолитската населба Церје-Говрлево во 2004 година
ГОВРЛЕВО 2004
vivo АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА 1 - ораница 29 - светло кафеаво-жолт слој со поединечни 38 - јама со неправилна конична форма 48 - темно кафеав слој со густи парчиња 2 - сиво-кафеав растресит слој со големи мали камења мо Зои оо со цревна земја = Usain cache На блокови на дното 36 - сив слој со парчиња јаглен и попеп 39 - спој од горетини со ковексен облик 58 - јагленисана глина-огниште над се 37 3- светло кафеаво-жолт слој со 37 - црвен.претежно глинест песоклив исполнет со големи аморфни камења 93 - сив гленест слој со парчиња јагленпомали камења слој со парчиња лепеж , камен и 40 - јама во пресек со неправилна конична јама за колец 27- цр спој со Јаглен форма исполнета со темно кафеава земја 203- изгорен слој од глина поголеми и помали камења со парчиња камен
Vv Раководител:Милош Билбија "и МитјаГуштин Vv Исцртал: Радица Младеновска
пележ од жолта глина фрагменти керамика камен рог 1 -ораница масни дина 231 -сват по сив-кафеав слој 237 ф лој со парчиња Nene: Ѕое растребит ло лот јама 233- сив глинаст спој со малку песок 238 -кафеаво-сив слој со парчиња пепеж. 43 - јама 163 - сив слој со многу јаглен 234 - сив слој 239 - темно кафеав-сив слој со јагл
лињее; . - кафеав растресит.
202 - допандел на секторска вдиница 52 296 темно сив растресит глинест спој 240- темно кафеав растресит слој
51 - црвено-кафеав глинест слој
Црт. 3. Западен профил во квадратите У и VI.
Jb. Фиданоски, Археолошки истражувања на неолитската населба Церје-Говрлево во 2004 година
ГОВРЛЕВО 2004
42 јама со 44- јама од со
земја помешана со парчиња јаглен и со Kady земја) пачиња јаглен
43 -поголема јама во пресек со неправилна 49- јама во пресек со неправилна полукружна 51 - KONT глинест спиј со парчиња кварц форма исполнета со растресита форма , исполнета со кафеава 55 - тено кафеава дамка со парчиња јаглен земја песоклива земја и керамика(полнетица на јамата)
ГОВРЛЕВО 2004 12008
1 ораници 323 јама во северозападен агол на Ке.8, 399- кафеаво-румена кабиена иловица. 412-кафеаво-сива набиена иловица со бели 2- растресит cnoj со кој сто навлегува во северниот профил 400- дробина. ца = големи блокови на дното на сондата исполнет со средно големи 401- спој од пепел 413-сивкава дробина со парчиња ка јаглен 50 светло цревено-кафеав камења и керамика 402- кафеаво-руменкав измешан иловаст слој 414-светло кафеава зрнаста дробина со бели глинест спојсо јаглен 403- слој од пепел и парчиња на јаглен 51-цревено-кафеав глинест слој 324 -бела поершина од чиста глина,под СЕ301 403- слој од пепел 415-мешавина на кавеаво-цревенкав слој со бели 286 - "желозно добна“ гробница 325- кафеав хомоген подебел слој на земја ото ото —“, ин и парчиња од јаглен 289 - јама со правилен кружен облик, 326-цревенкав иловаст слој 416-светло кафеаво-цревеникава хомогена иловица исполнета со темнокафеава дробина, 334-јако измешан слој со кафеаво-цревеникави бои 405-слој од светло кафеави дробини со наоди 418-јама со поголеми димензии исполнета со во средина голем камен а на дното 361-цревенкаво-кафеава од чиста набиена иловица 406-кафеаво-цревенкав иловаст слој со бели кафеаво-цревена исполнетица три помали 389- слој од пепел 407-поголем коп исполнет со сивкава дробина 419-поголема јама, исполнета со сивкава дробина - структура од бел лепеж: 391: ама дена 408-cno] pena isveumnigncey 420-мала јама со полукружен пресек „исполнета со 300 - голема флека од набиена З9а-кафеав спој 409- јако измешана кафеава дробина со чести бели ц
црвена глина под бел rene дробина со доста наоди пропрекувања. 492-слекава дробина со наоди
(СЕ 292и над СЕЗ01) 397- кафеаво-сивкает спој измешан со дробика. 410- црвенкава чиста иповица со бали попрскувања -- 494.мала јама со полукружен пресек. исполнета 301 "светло сивкаста тврда иловица 398- спој од румено кабиена иповица 411- сивкаста дробина со наоди со дробина
Црт. 5. Северен профил во квадратите III, IV, V и УШ.
Tb. Фиданоски, Археолошки истражувања на неолитската населба Церје-Говрлево во 2004 година
Гр. Фиданоски, Археолошки истражувања на неолитската населба Церје-Говрлево во 2004 година
Jb. Фиданоски, Археолошки истражувања на неолитската населба Церје-Говрлево во 2004 година
T. I, Сл. 4 и 11. Фрагменти од керамички садови украсени со втиснувања, среден неолит. T. 1, Сл. 5. Фрагмент од цилиндар од антропоморфен модел на куќа, среден неолит.
Т. 1, Сл. 6. Пршлен изработен од камен, среден неолит.
T. I, Сл. 7-8. Камени секири, среден неолит.
Т. 1, Сл. 9-10. Коскени шила, среден неолит.
LJUBO FIDANOSKI
Museum of the City of Skopje
ARCHAEOLOGICAL INVESTIGATIONS AT THE NEOLITHIC SETTLEMENT CERJE-GOVRLEVO IN 2004
Белешки
- Bilbija M., 1986, 35. ↩
- Георгиев 3. - Билбија M., 1984. ↩
- Bilbija M., 1986, 35. ↩
- Фиданоски Jb. - Tomax A., 2011 во печат. ↩
- Примерок од јагленисана органска материја: KIA 21328 (Leibniz Labor fiir Alterbestimmung und Isotopenforschung Christian-Albrechts-Universitat, Kiel). ↩
- Наумов Г., 2009, 254. ↩
- Bilbija M., 1986, 36; Фиданоски Jb., 2009, 131; Поопширно во истиов број под наслов: Неолитски аскоси од скопскиот регион. ↩
- Ивковска А., 2009. ↩
- Bilbija M., 1986, 35-36. културна група. been confirmed. ↩
Summary
Archaeological Investigations at the Neolithic Settlement Cerje-Govrlevo in 2004
During the investigations in 2004 an evaluation of the excavations of previous campaigns was carried out, as well as verification of the stratigraphy. During this campaign the complex stratigraphy of the site was documented, and several deposits with varying contents, depth, and extent were recorded.
Thus the steep slope of the terrain in a northwest-southeast direction was confirmed; this slope directly affected the varying depth and extent of the deposits throughout the whole trench. After the removal of the relevant cultural deposits, a significant lowering of the level of the terrain was confirmed, measuring in some places more than | m.
Of particular significance was the discovery of the ritual burial of a human mandible among fragments of ceramic vessels and a stone axe in a shallow pit. In addition to these finds, a unique group of four kilns was discovered, which probably functioned as part of some kind of workshop in the same chronological period. Finally it is necessary to mention the large number of pits with round and ellipsoidal shapes, differing in contents and dimensions. A part of them is especially interesting, because according to their dimensions they held a small amount of material.
The small finds consisted primarily of fragmentary pottery vessels and figurines, animal bones, and stone. The pots are characterized by standard shapes, colors, and decoration from the Early and Middle Neolithic. In these investigations a large number of house models came to light, more rarely altars, and anthropomorphic and zoomorphic figurines. On the basis of archaeo-zoological analyses, it was determined that domesticated types of animals were predominant at the settlement, e. sheep, goats, cattle, pigs, and dogs; the wild animals included bovines (tur), fallow deer, roe deer, wild pigs and, more rarely, beaver, fox, wolf, bear, and others. From an economic aspect, it is possible to say that stock-raising was the first agricultural sector for the settlement, in contrast to hunting, which had a secondary role. Beside this frequently encountered material from Balkan Neolithic sites, artefacts of utilitarian and non-utilitarian purpose were found, made of pottery, stone, animal bone, and shell.Stone axes, adzes, and blades were very frequently encountered, while bone needles, awls, and spatulas appeared more rarely.
During the investigations in 2004, two settlement horizons from the Middle Neolithic with sporadic Late Neolithic intrusions were recorded. One more horizon from the Early Neolithic was partly opened; during its excavation a part of the trench was dug to a maximum depth of 2.5 m below the surface. These data were acquired from three houses, located one above another stratigraphically, but with certain displacements. Given an absolute C14 date for the older Middle Neolithic level of 5893-5728 BC, on the one hand, and ceramic material, on the other, the development of a settlement through Early and Middle Neolithic from the Amzabegovo-VrSnik cultural group has
Библиографија
- Bilbija M., 1986, Cerje, Neolitsko naselje, Arheoloski Pregled 26, 1985, Ljubljana, 35-36.
- Георгиев 3. - Билбија M., 1984, Неолитска населба кај Говрлево, Културно наследство IX (1984), Скопје, 39-48.
- Ивковска A., 2009, Сточарство и лов, во Неолитските заедници во2 Република Македонија, Скопје, 83-108.
- Наумов Г., 2009, Неолитска визуелна култура и обреди, во Меолитските заедници во Република Македонија, Скопје, 169-260.
- Фиданоски Jb., 2009, Производство на керамички садови, во Неолитските заедници во Република Македонија, Скопје.: 109-154.
- Фиданоски Jb. - Tomax A., 2011 во печат, Под житните полиња: археолошки истражувања на неолитскиот локалитет Церје - Говрлево. Македонско наследство, Скопје.
- Gimbutas M., 1976, Anza, Neolithic Macedonia, As reflected by Excavation at Anza, Southeast Yugoslavia, Los Angeles.
- Tomaz A., 2009, Govrlevo, Makedonija, Strokovno srečanje Slovenskega arheološkega društva „Arheologija v letu 2008“, Ljubljana, Muzej in galerije mesta Ljubljane, 9. in 10. marec 2009.
- Tomaz A., 2010, Izkopavanja neolitske naselbine v Govrlevu (Makedonija): sezona 2009, Bo Črešnar M. - Stipandé P., (ед.), Slovensko arheolosko drustvo, Ljubljana 2010, 20.
- Tomaz A. - Kavur B., 2006, Zemija in ogenj, Koper.