Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 495–514

Локалитет Тетовско Кале - Балтепе

Археолошкиот локалитет Кале-Балтепе се наоѓа на два километри северозападно од Тетово. На северната страна се граничи со планинските масиви Дојран, Плоча, Брза Вода и Бела Вода, кон југ се граничи со селата Лисец и Гајре, додека кон југозапад со селото Шипковица, со врвот Кара Никола и самиот врв на Шар Планина. и на запад со Мало и Големо Силеже, Кобилица и Седларица, како и со селата Селце и Лавце.

За локалитетот Кале-Балтепе нема многу пишани информации. Археолошките податоци се мошне скромни, засновани на една кусоотрајна истражувачка интервенција од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата (денес Национален Центар за конзервација) во последното тромесечје од 1967 година, под раководство на археолозите Ж. Винчиќ и С. Саржовски.

Тетовското Кале претставува најмлада фортификациона целина со девет кули, две монументални порти - Тетовската порта (која е срушена), Лавчанската порта, двојно засводен правоаголен простор придружен со уште еден засводен простор, каде што среќаваме остатоци од камин. Кај главната порта, како и кај стражарниците видливи се отвори за затворање на вратите. Сите влезови и прозорци биле аркадно засводени со исклучок на помали прозорци со правоаголна форма изработени од бигор.

Интересно е дека ова кале се гради за време на слабеење на султановата власт, а, од друга страна, на зајакнување на локалните паши. Калето почнал да го гради Реџеп-паша во 1796 година, кој по неговата смрт е наследен од син му Абдурахман Расим-паша. Од 1831 до 1843 година пашата живеел во сарајот што се наоѓал во тврдината на Балтепе. По заминување на пашата тврдината била разурната и ограбена. Се смета дека некои вредности, како што биле разни резбарии од инвентарот и резбарените тавани и други вредни предмети биле ограбени, пренесени и вградени во некои станбени куќи во Тетово.

Со камењата и мермерот од Калето била изградена црквата на Свети Кирил и Методиј во Тетово. Матерјалот, исто така, е употребен и во многу приватни куќи (викендички) во близина на Калето.

Изгледа дека токму подигањето на оваа извонредно моќна тврдина го вознемирила турскиот султан, кој решил да го отповика Абдурахман-паша заедно со неговите браќа (Хавзипаша од Скопје и Хасан-паша од Кустендил). По заминување на пашата во Цариград тврдината била разурната и ограбена. Тврдината се споменува во делата (еповите) на кипарскиот патописец Кбрсли Ашк Кензи, кој ги опишува раскошните конаци од Балтепе, а исто така раскажува за гостопримството на Абдурахман-паша.

Неколку пишани податоци каде се споменува Тетовското Кале:

1894 година Косовско салнаме (хронолошки годишник), кој дава многу податоци за градовите и селата кои биле под Косовскиот вилает. Тетово заедно со 152 села брои 100000 жители, се споменува тетовското јаболко и грозјето од лозјето на Балтепе.

1895 година Косовското салнаме, во кое се наоѓа скица на Калето изработена од патеписецот Гризебах од 1839 година

Вториот податок каде што се споменуваат градбите од калето се еповите на кипарскиот патеписец Ашк Кензи, кој двапати го има посетено Тетово во 1825/26 и 1860 година.Тој има напишано неколку епови за Абдурахман Расим-паша и за градот Тетово, но нас не интересираат само дестаните (еповите) каде што се опишува Калето и објектите кои се наоѓаат во внатрешниот дел на калето. Исто така, опишува како на аристократски начин е пречекан од пашата.

„Од чешмата до бањите се е изработено на супериорен начин, базените сарајот и куќата на Абдурахман-паша. Гробовите каде се закопани евлиите“

„Иако многу прошетав не видов поубава градба од таа на Абдураман-паша“

„Големата Порта“.

„Објектот обколен со два реда камења“.

„Во средишниот дел се наоѓа бунар и базен за вода.1

И Селишчев бележи дека некаде пред крајот на XIX век биле зачувани следните делови на тврдината: подземниот затвор кај северната порта и подземните тунели под тврдината, додека во средишниот дел се наоѓале чешма, бањи и дворецот на пашата. Снабдувањето со вода е проблем кај голем број тврдини, не само на Тетовското Кале. Иако пашата на крајот од своето владеење успеал да донесе вода до тврдината, со керамички цевки водата е доведена од ридот Бела Вода до Калето.

6) Работите отпочнаа од февруари 2008 година со расчистување на теренот од вегетација со десетина работници :

Екипа од Дирекција за спасување и деминирање на теренот презеде чистење и проверување на теренот од остатоци од минофрлачки гранати и други експлозивни направи останати од немирите во 2001 година. Екипа од 4 лица специјилазирани за оваа цел работеше од 25 февруари 2008 до 21 март 2008 година. На почетокот се работеше на највисокото плато на Калето, потоа продолжија во другите пониски делови. Користени беа методи со БАЦ-детектор („сонстет“), со длабочина на детектирање и чистење од 50 см. Во текот на работењето, како што се отвораа нови работни простори, имавме потреба од повторно проверување на теренот. Покрај тоа, со симнување во длабочина поголема од 50 см беше повикувана екипата за деминирање.

При крајот на април отпочнаа со систематските археолошки истражувања на локалитетот. На почетокот се работеше во три сектори, а во центарлниот дел беа отворени пробни сонди.2 Сектор 1 - објектите Трпезарија и Кујна се наоѓаат веднаш до влезот на Калето, до главната Тетовска порта и северно од објектот Сарај. Должината на објектот е 28.16 м. Висината е 8.85 м (исток), 8.53 м (запад), ширината на објектот изнесува 11.05 м. Влезот се наоѓа на источната страна од Трпезаријата, а одтаму се влегува во другата просторија - кујна. Во влезните партии на објектот се забележуваат големи рушевински слоеви од сводот и зидот. Јужната челна страна има 6 правоаголни засводени отвори. Сводот најверојатно бил покриен со ќерамиди, што се потврди при расчистување на поривот, а видно беше и при чистењето на шутот насобран до објектот. На покривот во централниот дел има голем отвор за оџак и 4 странични овални отвори, кои служеле за вентилација. Во внатрешниот дел на зидовите се гледа малтерна декорација, односно имитација на камени блокови исликани со црвени линии. Во западниот зид на трпезаријата се наоѓа голем камин. Почнавме со расчистување на

План 1. Балтепе.
План 1. Балтепе.
Сл. la, 6. Внатрешен дел на Трпезарија и Сарај, за време на
Сл. la, 6. Внатрешен дел на Трпезарија и Сарај, за време на

покривната конструкција и околниот простор, најнапред од вегетација и нанесена земја. Една група работници работеше на расчистување на внатрешниот дел, додека другите групи работеа на чистење на источната, јужната и северната страна на објектот однадвор. При крајот на Мај се отпочна со чистење и на западниот 5ид.

Внатрешниот дел од просторијата е засводен, а на сводот по зидовите и внатре во прозорските отвори се забележува малтерна декорација со насликана имитација на камени блокови со црвена боја.

При расчистување на разрушениот зид на објектот од источната страна се отвори убаво профилирана ниша. Беше дефиниран подот од полукружната просторија, која има остра косина кон север и се слава во тунел чиј отвор е засводен и убаво профилиран.

Во долните партии на северниот и јужниот зид се видливи убаво обработени травертински блокови. При расчистување на покривната површина наидовме на фрагменти од ќерамиди, што докажува дека засводениот покрив бил покриен со ќерамиди. Влезовите во објектот се засводени. Во објектот Кујна во северниот и јужниот зид се јавуваат по два пиластри, на јужниот зид има 2 правоаголни засводени отвори како прозорци и еден отвор на западната страна. На јужниот зид од трпезаријата има 4 правоаголни засводени отвори како прозорци, а на сводот има 4 отвори продолжува кон југ и оди под асфалтниот пат и веројатно има комуникација со објектот Сарај. Со проширување на источна страна откриваме нови простории.

Сл. 2. Расчистување на дел од Секторот 2. Ископувањата се изведуваа околу7 првиот
Сл. 2. Расчистување на дел од Секторот 2. Ископувањата се изведуваа околу7 првиот

Работите продолжуваат на северната страна на објектот каде се чисти средниот двор, додека малиот двор се чисти од вегетација. Се работи кај главната Тетовска порта, која е срушена (а се наоѓа во состав на објектите од Секторот 1), а јужниот зид има остаток од оџак. На северниот бедем се забележува вертикална пукнатина низ целиот ЅНІ.

контрафор за да се дојде до темелните партии.Работите беа концентрирани во средниот и малиот двор. Исто така, се чистеше работ на бедемот што ги раздвојува бедемите. На северниот зид од малиот двор се појави отвор 60 х 50 см, кој веројатно служел за одвод на води што се собирале и течеле кон малиот двор.

Сектор 2 - се наоѓа во продолжение на Секторот |. Кон запад го опфаќа објектот | и просториите кои се назначени со бр. 2 и 3. Во внатрешноста, во разрушениот дел, има голем број тегули, кои сведочат за покривна конструкција над овој отвор, малтер и камен од надворешна страна на блоковите со отвори за столбовите, кои најверојатно ја држела дрвената конструкција над овој отвор. При чистење на просторијата наидовме на правилно обработени правоаголни и полукружни камени блокови, кои ги најдовме in situ, но секундарно употребени. Просторијата 3 се наоѓа покрај внатрешниот бедем. Од движен материјал, главно, беше пронајдено глеѓосана зелена керамика и неколку парчиња порцелан, кои може да се од рецентниот слој.

Се продолжува со ослободување од градежен шут и вегетација во просторот покрај бедемот и во самиот објект. Меѓу проширувањето на зидот и правоаголната просторија беше откриен праг од реден камен кој води кон просторијата со поплочена основа. Во средишниот простор се појавуваат големи обработени камења. Се расчистува просторијата покрај бедемот, како и зидовите и отворите кои се граничат со просторија 2. Покрај средишниот зид се појавува уште еден потпорен зид. Се работи на целосно расчистување на објектот. Имено, отворање на постоечките зидови и дефинирање на објектот со неговите димензии и функција како крајна цел.

Сл. 3. Огниште со правилно изделкани камења.
Сл. 3. Огниште со правилно изделкани камења.
Илустрација, стр. 500
Сл. 4a, 6. Расчистување од земја и камења покрај внатрешниот дел од бедемот,
Сл. 4a, 6. Расчистување од земја и камења покрај внатрешниот дел од бедемот,

Продолжуваме со расчистување на внатрешниот дел на североисточниот зид. Во просторот меѓу внатрешниот и средишниот 5ид се отвори разрушен слој полн со тули, тегули и камења. Во меѓувреме се започна и со расчистување на вегетацијата пред објектот, односно покрај т.н. комори, кои што во натамошните расчистувања ќе ни ја покажат поврзаноста на овој објект со нив.

Сектор 3 - на овој сектор му припаѓаат просторија | и влезните партии. На нејзиниот периметрален зид во средишниот дел се наоѓа главниот импозантен влез. Постои уште еден влез од југоисточна страна, кој во некоја втора фаза бил преграден (зазидан) Внатрешната комуникација на просторијата со соседната е со три влезови од кои средишниот е отворен, во југоисточниот дел од просторијата сочувана е постарата фаза на поплочување на подот. По целата должина на објектот се протега плочник и калдрма. Но меѓу плочникот и калдрмата се наоѓа канал за атмосферска вода, кој е зачуван само од северозападна страна. Каналот е квалитетно граден и поплочен со травертински камења. Во продолжение кон Секторот 2 беше откриен тубуларен канал, кој има собирник од две камени плочи. Неговата намена била да ја собира атмосферската вода во некоја цистерна или тоа да истекува надвор од објектот

На периметралниот зид во средишниот дел се наоѓа главниот влез, кој е импозантен. Од Југоисточна страна постои уште една комуникација, која во некоја втора фаза била преградена. Просторијата од Секторот 3 е поплочена и се распознаваат две фази. Постарата фаза на поплочување с зачувана во југоисточниот дел од просторијата, покрај зазиданиот влез. Зачуван е помал дел од подот, кој е изведен од крупни измазнати камења, зацврстен со поситни камчиња и земја. Втората фаза на поплочување е од поситен камен со неправилна форма. По средината се наоѓаат издолжени и измазнети камења, кои се зацврстени со ситни камчиња и кал.

По целата должина на објектот, од надворешната страна, се протега плочник-калдрма. Меѓу плочникот и калдрмата изведен е канал за прибирање на атмосферски води. Каналот с квалитетно граден. Од движниот матерјал најмногу се откриени фрагменти од глеѓосана керамика.

Во јули се среди предворјето, односно плочникот, изведен како калдрма, како и просторот околу него. Во долниот дел од шутот имаше голема количина тули, искршена покривна керамика и малтер. Во истиот слој со голем број на глеѓосана фрагментирана керамика беа Се продолжи со целосно дефинирање на одронетите камени зидови од западната страна на објектот, со внимателно следење на зидните платна до нивната оригинална точка. Воедно, се внимаваше да не се пробие нивото на подот надвор од објектот, каде во правец кон север се следеше водоводната цевка со влез во објектот, односно излезот на вода, кој следствено преминува во каналот за одвод до преддворните партии.

Илустрација, стр. 501

Од надворешната страна на западниот дел на објектот, во изрушените партии, при отстранување на шутот во правец кон северозапад, се појавија напластувања од земја и шут, а во долните хоризонти во правец кон девастираниот бедем беше пронајдена малку оштетена табакера, со зачуван тутун во неа.

Во мај со пристигнувањето на екипата од Косово и од Албанија беа отворени уште три сектори, назначени како сектор: 4, 5 и 6.

Сектор 4 - кон почеток на мај започнаа работите во објектот Сарај, кој се наоѓа десно од главната Тетовска порта (на југоисточниот дел од калето). Главниот објект на сарајот има еден голем отвор, кој служел за влезна порта со димензии 3.5 х 3 м, како и четири други големи отвори кои служеле за осветлување со димензии 4 x 4 м. За овие отвори беа изработени профили и на тој начин беше обезбеден објектот за да може во него да се складира истражениот матерјал, а исто така да служи како депо за алати. Објектот беше претежно зачуван, бидејќи 1967 година на него беше извршена конзервација од Заводот за заштита на спомениците на културата и беше наменет да работи како кафеана. Додека за време на немирите од 2001 година претрпе нови оштетувања, бидејќи беше користен како касарна за војници. Сарајот бил малтерисан од внатрешната страна. Запазени се два слоја малтер, од кои вториот е живописан со вообичаени правоаголни полиња. Подот претставува подлога од кршен камен, залиен со варов малтер и голем процент на прав од тули.

Сл. 6. Влез во летниот сарај.
Сл. 6. Влез во летниот сарај.

Целата површина е исцртана и документирана. Во просторот Б се појавуваат голем број камења кои формираат калдрма. Од двете страни на Сарајот имаме иста состојба. Просторот Вл се наоѓа источно од просторот Б и се карактеризира со тоа што се јавуваат керамички цевки, а исто така на источниот зид е зачуван малтер декориран со црвени линии, со неколку простории во предниот дел на објектот назначени како: A, b, вл и Ц. Со отстранување на вегетацијата и земјата од сите простории се започна во сите обиколни површини пред сарајот. На подот на просторијата А имаме појава на тегули во долгнавести правоаголни парчиња со благо брановидна шара, кои го покриваат подот на левото предворје на сарајот. Во внатрешноста се појавува мал правоаголен отвор, кој можеби бил во функција за одводни води.

Сл. 7. Поглед од Летниот сарај кон југ.
Сл. 7. Поглед од Летниот сарај кон југ.
Илустрација, стр. 503

Се работи во сите помошни простории на сарајот, но се откриваат и нови простории, Al и А2.Беше откриена просторија со полукружен свод, а од источната страна се откри голем отвор и од западната мала ниша. На јужната страна беше регистриран еден помал отвор. Беше дефинирана и просторијата 61. Во оваа просторија со расчистување на камен и земја се појавија две нивоа на под. При расчистување пред источниот зид на сарајот и помошната просторија наидовме на скалила

Со расчистување продолживме и во август. кога беа дефинирани новооткриените простории и скалила, а истите се внесоа како крајни дефинирани форми во фото, дескриптивна, технички исцртана и нивелманска документација.

Во истите простории, источниот зид беше чистен со механизација, поради хаотичното напластувања на шут и градежен материјал. Целата содржина беше префрлено во средишниот простор.

За да се селектираат градежните камења, тие се редат и подготвуваат за наредната фаза на конзервација на објектот. Шутот се префрла на одредениот простор. Во просторијата Al се појавува калдрма, а на косината, мала шахта. Во продолжение се дефинира уште една поголема шахта до самиот источен зид на сарајот. Нивните функции се уште не се со сигурност дефинирани.

Сл. 9. Калдрми од источниот дел.
Сл. 9. Калдрми од источниот дел.
Илустрација, стр. 504
Илустрација, стр. 504

Сектор 5 - овој сектор се наоѓа источно од Лавчанската порта. До самиот северен бедем беа отворени две сонди. Самиот сектор беше поделен на 3 потсектори, заради полесно следење на работата и поевидентно документирање. Сондата А се наоѓа на 6 м западно од Лавчанскиот тунел. Оваа сонда ја отворивме за да се откријат градежните фази на бедемот и да се дојде до неговата основа. Во првите два слоја наидовме на шут. Се отвораат секторите 5/1, 5/2, 5/3. Северно од сондата A од секторот 5/2 се отвори сондата Б со цел да се следи правецот на откриените пиластри. Пиластрите се со правоаголна форма во основата и се градени во техника сувозид (без употреба на малтер). Димензиите на пиластрите се приближно еднакви. Веднаш до северниот бедем беше регистрирана поголема концентрација тегули, па затоа беше одлучено на овој дел од секторот да се отвори нова сонда. Се претпоставува дека тегулите се одронети, најверојатно од покривната конструкција на бедемот.

Во јуни систематски беа продолжени истражувањата на отворените простори, со спуштање во поголеми длабочини во веќе отворените квадрати. Се појавуваа одместо-наместо атипични форми на керамички материјал, повеќето фрагменти од градежен материјал.

Во јули на просторот во спојот меѓу сондите поставени до самиот бедем се продолжи со нагласено спуштање на земјени хоризонти, се со цел да се открие начинот на изведба на фундаментот на бедемот. Во одредени сонди длабочината оди и повеќе од десетина метри,

Сл. lla, 6. Поглед кон објектот Сарај од северозапад и југозапад.
Сл. lla, 6. Поглед кон објектот Сарај од северозапад и југозапад.
Сл. 12. Источна --.- фасада.
Сл. 12. Источна --.- фасада.

но дефинитивен крај, односно здравица не се констатираше, и покрај навидум јаловоста и компактноста на црвеникавите слоеви кои се отстрануваа.

Сектор 6 - (мај) овој сектор се наоѓа на едно од вештачките возвишенија. Главната цел беше разоткривање на се уште неидентификуваните идни конструкции во горниот дел на ритчето. Почетните работи се сведоа во чистење вегетација, сечење дрва, чистење корења и земја. Со археолошките истражувања почнавме на 8 мај 2008 година. По шест дена се утврди дека се

Илустрација, стр. 505
Илустрација, стр. 506

работи за две одвоени правоаголни простории,3 кои најверојатно се и два засебни простории4, бидејќи во двоиполметарската комуникација меѓу нив, односно, во меѓупросторот, постојат одвоени портали половично оштетени за влез во секој од нив. Во овие објекти се појавува малтерен слој на фасадите, сликан со темносива боја и украсен со праволиниски декорации, односно геометриски мотиви. Двата објекта се разликуваат меѓу себе според димензиите и според формата. Просторијата | која однатре се уште не е доистражена, на јужната страна има еден поголем отвор. На источниот зид од јужниот агол е откриена керамичка цевка, веројатно поврзана со одводниот систем на објектите. Од наоди откриени се сосема мал број фрагменти од садова керамика, претежно украсена со зелена боја и висок сјај, како и фрагмент од луле.

Сл. 16. Простор пред сарајот.
Сл. 16. Простор пред сарајот.

Археолошките истражувања претежно беа изведувани источно и западно од објектот. Во меѓупросторот беа пронајдени остатоци од делкани камења. Со откопување на подебелиот слој на земја и со спуштање во одредена длабочина, наидовме на поголеми отвори кои припаѓат веројатно на прозорски отвори на поткровјето или на горниот спрат на двојниот објект. Работите беа концентрирани во внатрешниот дел (каде се открија траги од малтер и одводна цевка) и на надворешните зидови на просторијата 2, при што се продолжи во длабочина да се

Сл. 17. Внатрешноста на просторот.
Сл. 17. Внатрешноста на просторот.
Илустрација, стр. 508

Се уште со археолошките ископувања не сме допрени до подните површини на објектите. Источниот дел на зидот е изграден со делкани камени блокови од травертин, додека другиот дел од зидот е со обичен кршен камен врзан со варов малтер. Се појавуваат геометриски декорации на зидот.

Сектор 7 — во јуни отворивме нов сектор надвор од северните бедеми, веднаш до главната Лавчанска порта. Ја нарековме пробна сонда за да се провери надворешниот дел од тврдината со димензии 6 X 4 м со максимална длабочина од 2.43 м за да се потврдат можните слоеви надвор од бедемите. Се покажа потреба да се отвори уште еден квадрат на 500 м западно

Сл. 19. Сектор 5 снимен од
Сл. 19. Сектор 5 снимен од
Сл. 21. Внатрешниот северен бедем. Сл. 20. Малтерни траги од работилници.
Сл. 21. Внатрешниот северен бедем. Сл. 20. Малтерни траги од работилници.
Сл. 24. Декориран малтер на фасада. Сл. 25. Влез во просторија ! со декорирана фасада.
Сл. 24. Декориран малтер на фасада. Сл. 25. Влез во просторија ! со декорирана фасада.

од Лавчанската порта. Според информациите на селаните од село Лафце и од блиските села, во овие имоти постоеле зидови и фрагменти од керамика. Токму ова не патера да отвориме четири квадрати и две сонди на приватен имот (на Зеќир Исмаили). Се потврди дека од археолошка гледна точка квадратите се без наоди. Немаше ниту видна разлика на слоевите на земја, а се копаше се до здравица. По нивното документирање тие беа затворени и теренот се врати во првобитната состојба. Двете пробни сонди се отворија во истиот имот 10 м на југозапад, а по нивното истражување се донесе конечна одлука дека во овој простор нема никакви значајни археолошки наоди, освен неколку фрагменти од керамика, неопределена во хронолошки рамки. Сондите беа затрупани за многу кусо време, бидејќи работевме во приватно земјиште и ја почитувавме кусотрајната дозвола за работа што ни ја даде сопственикот на земјиштето.

Илустрација, стр. 510

Работите продолжијана ридот во близина на селото Лавце и црквата, кои се на самиот пат од Калето кон селото. При рекогносцирањето и првичното археолошко ископување на овој дел наидовме до гробна конструкција. Археолошките истражувања ги продолживме во овој дел, со цел да потврдиме дека станува збор за некропола.

Квадратот 6 се наоѓа на северниот дел на Калето, кој е во сопственост на Брана Цветановски. Лоциран е во близина на старата црква и гробиштата на оддалеченост од 80 Мсо димензии 6 x 3.5 м.

Гробот бр. 1 е со правец исток-запад. Составен е од 4 камења со правоаголна форма што го опкружуваат гробот и еден правилен камен што ја покрива горната површина на гробната конструкција. При истражувањето и чистењето на гробот откривме неколку фрагменти од на. Истражувањето продолжи во северниот дел 0.70 м во длабочина. Поради продолжување на гробната конструкција кон западниот дел сондата се прошири за 0.40 м, додека кон западната страна за 0.30 м. За време на отворањето на сондата се забележаа 3 реда стратиграфија од земјени хоризонти во окер сива и црвеникава боја. Со натамошното копање наидовме на уште 3 камени гробни конструкции.

Сл. 28. Конструкција со камени цисти Сл. 29. Документирање и мерење
Сл. 28. Конструкција со камени цисти Сл. 29. Документирање и мерење
Сл. 30. Камени цисти.
Сл. 30. Камени цисти.

Гробот бр. 2 е гробната конструкција која има правец на протегање исток-запад со димензии 1.90 м. х 0.70 M, Покриена е со 5 камења. Од јужната страна гробот е опкружен од една камена плоча. Првиот камен е со дим. 0.99 м. х 0.34 м, а вториот камен е 0.89 м. х 0.12 м. Од северната страна има две камени плочи, од западната и источната страна со по еден камен е опкружен гробот, додека гробот е покриен со 5 камења. Черепите се од машки пол. Првиот череп е на покојник во средни години, додека вториот череп припаѓа на лице меѓу 44-45 годишна возраст. Нема наоди. Антрополошките анализи ги вршеше антрополог д-р Фаница Вељановска.

Гробот бр. 3 е гробната конструкција со правец на протегање исток-запад со димензии 2.30 м. x 0.73 м. Скелетот е поставен во лежечка положба на грб, со глава свртена кон североисток, десната рака е поставена над левата (вкрстени). Нозете се во испружена положба. Скелетот е поставен над карпест дел со должина 1.70 м од јужната страна е опкружен е со два камена, од северната страна се забележува дека еден дел од гробот с поставен во карпеста основа, додека од источната страна е зацврстена со земја и не се забележува некој камен. Од западната страна, целосно поставена во карпест дел, гробната конструкција е покриена со 3 камени плочи. Скелетот е од машки пол и е целосно зачуван. Според коските се забележува дека личноста била болна од артритис, а постои и можност да боледувал од спондилоза. Постојат остатоци од текстил во лумбалниот дел од "рбетот. Во долниот дел на вилицата се забележува забен камен, додека на горниот дел на вилицата постојат 4 заба кои се оштетени до корен, а исто така се забележува фрактура во левиот хумерус. Нема наоди.

Илустрација, стр. 512
Сл. 31. Поглед кон источна фасада на Зандана. Сл. 32. Поглед одисток ~~ кон сарај.
Сл. 31. Поглед кон источна фасада на Зандана. Сл. 32. Поглед одисток ~~ кон сарај.

Гробот бр. 4 е во правец истоик-запад со димензии 1.70 м. х 0.65 м. Од јужната страна е заграден од еден камен, од северната страна со два, а покриен со повеќе камени плочи. ОД главата до карлицата постои еден камен, а две камени плочи од карлицата до завршетокот на нозете. Скелетот е во 44-45 годишна возраст, кај вилицата се забележува дека кај забите има Сектор 8 - отворен е во јули, а интензивно се работи по годишните одморите, во август. Се работење во просторот меѓу сарајот и затворот, кој се расчистува од вегетација и шут. Во рамниот простор оствараме пробни сонди за да може да се потврди дали постојат постари слоеви. Овој сектор се наоѓа на левата страна од главната Тетовска порта и се простира до источните делови на сарајот (дворните простории). Објектот се дефинира како затвор или зандана. На површина се видливи дел од зидовите на објектот, кои беа обраснати со шума и вегетација. Објектот е тврда градба со убаво обработени камени блокови со аркадно засводување. Изработивме дрвени скали за да се истражи внатрешниот дел од објектот.

LJULJJETA ABAZI

National Museum of the Tetovo Region - Tetovo

THE SITE OF KALE-BALTEPE, TETOVO

Белешки

  1. Текстот e преземен од проф. др. Метин Изети. види: http.//www..metinizeti.com/artikujt/kalaja e Tetoves (Dy dokumente me rendesi пе lidhje те Kalane e Tetoves). ↩
  2. Стручната екипа ја сочинуваа: Паско Кузман (УЗКН) - координатор, Jbysbera Абази (НУ Музеј на тетовскиот крај) — стручен раководител, Среќко Јовановски (НУ7 Музеј на Тетовскиот крај) – археолог- организатор, Ирена Колиштркоска Настева (Музеј на Македонија) - археолог-консултант, проф. д-р. Виктор Лилчиќ (Филозофски факултет) - стручен консултант, Кемал Луци (Косово) – археолог-консултант, Луан Пржита (Археолошки институт, Албанија) – археологконсултант, Плумб Наиши (Албанија) – документатор. Едуард Ндоци – археолог, Едуард Шехи – асистент, Јлдз Асани (Универзитет Тетово) — археолог-раководител на сектор 1, Снежана Радоешка - археолог-раководител на сектор |, Нермин Браими (Универзитет Тетово) – археолог-раководител на сектор 2, Виолета Шамбар археолог-раководител на сектор 2, Михаил Стојаноски (Музеј на Македонија) - археолог-раководител на сектор 3, Горан Тренкоски — археолог-раководител на сектор 3, Фитни Далипи — археолог-раководител на сектор 4, Нарона Jbyma — археолог-раководител на сектор 4, Плеурат Кабаши (Косово) – археолог-раководител на сектор 5, Седат Баралиу (Косово) – археолог, Муџаит Положани (Универзитет Тетово) - археолог-раководител на сектор 6, Имер Хакај (Косово) - раководител на сектор 7, Живка Десоска - раководител на сектор 8. за вентилација. Во продолжение на јужниот 5ид го откривме главниот влез за објектот. Фидот пронајдени и метални клинци, кламфи и фрагменти од декориран зидан малтер украсен со црна боја. Исто така, се појавуваат фрагменти од хоросан малтер, украсени со црвена боја. ↩
  3. Ги нарековме двоен објект со просториите | што се наоѓа на северна страна од меѓупросторот и просторијата 2, јужно од меѓупросторот. открива јужната фасада на објектот. керамика и коски. ↩
  4. Конструкцијата е во правец исток-запад со димензии 1.92 м во должина и 0.55 м во ширициста, во горната вилица забите се расипани, додека во долната недостасуваат неколку. Кај ребрата се забележува фрактура. Нема наоди. ↩

Summary

The Site of Kale-Baltepe, Tetovo

The site of Kale Baltepe is located two kilometers northwest of Tetovo. When we speak of the cultural heritage, several moral obligations exist, because of which Macedonia must preserve these cultural monuments. First of all, the responsible attitude toward our past is to care for it and to educate younger generations, in order that they too may then behave in the same manner, having a care for all that surrounds them.

In 2009 a team of experts from the Center for Conservation carried out conservation of the building identified as Refectory and Kitchen, while we continued systematic archaeological investigations, also in 2010. With future systematic concern for the buildings, in the sense of conservation and seeing it through to the final appearance for presentation and tourist attraction, new prospects will appear for lovers of nature. We plan to acquire as much data as possible about the size, appearance, and character of the site, in order that it may take its true place in the archaeological science of Macedonia and beyond.