Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 467–494
ХС „Злетовица“ 2008
Содржина
- Kocup (falx arboraria, falx putatoria, is, ae, J.)
- Koca (falx fanaria, is, ae)
- Сврдел за дрво (¢erebra, ае)
- Баглама, шарка
- II. Арх. лок. Керамидница, с. Злетово
- IV. Арх. лок. Војник, с. Ратавица
- VI. Арх. лок. Бавчи, c. Бучиште
- VII. Арх. лок. Вакав, с. Гујновце
- IX. Арх. лок. Баков Камен, с. Злетово (сл. 36)
- National Conservation Center - Skopje
- HS ZLETOVICA 2008, SALVAGE EXCAVATIONS
Во периодот од 1.4. до 1.7. 2008 година, во организација на Националниот конзерваторски центар беа спроведени заштитни археолошки истражувања на локалитетите загрозени со изградбата на повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“. Овие истражувања беа спроведени во општина Прибиштип, што е под надлежност на нкц.1 Со овој проект беа зафатени девет локалитети, и тоа:
I. арх. лок. Клапчево Маало/Река, с. Злетово;
Il. арх. лок. Керамидница, с. Злетово;
Ш. арх. лок. Долно Градиште/Руса, с. Ратавица;
IV. арх. лок. Војник, c. Ратавица;
ја арх. лок. Старо Село/ Страна, с. Ратавица;
VI. арх. лок. Бавчи, с. Бучиште;
VII. арх. лок. Вакав, с. Гујновце;
VIII. арх. лок. Вршник, c. Пишица;
IX. арх. лок. Баков Камен, c. Злетово.
Оваа географска локација (Злетово и Пробиштип со својата околина) во периодот на средниот век била во центарот на историските миграции и превирања. Бројни народи и етнички групации, задржувајќи се покусо или подогло време на овие простори, користеле река, плодна земја, пространи пасишта, што давало одлични услови за постојано населување и добар живот. Тука превирале и дворски борби за превласт, особено во време на српското владеење.2 Тоа се должело на потребите од ресурси и репроматеријали. Од нив во работилниците се произведувале бројни метални предмети, кои по пат на трговија достигнувале до околните области. М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
Првични резултати добиени од истражувањата се:
I Арх. лок. Клапчево Маало/Река, с. Злетово (сл.1)
Археолошкиот локалитет3 се наоѓа во средишниот дел на селото, и тоа на левиот брег од реката Злетовица.4 Отворени се пет сонди. На овој простор не се откри ниту населба ниту некропола. Овој простор всушност бил место каде реката Злетовица ги исфрлила артефактите кои ги понела со своето течение низ други локалитети. Како единствена недвижна конструкција се издвојува групацијата на камења која е извидана како брана од поплавување на реката Злетовица. Но при истражувањата отркиени се неколку интересни движни наоди. Меѓу бројните фрагменти од керамичен материјал, откриени се ковани алатки од железо, со припадност на локалната средновековна стопанска и земјоделска дејност.
Kocup (falx arboraria, falx putatoria, is, ae, J.)
Косирите, заедно со соровите и косите, припаѓаат на групата орудија под општо име falces. Имињата им се приспособувани според функцијата што ја извршувале.
Косирите општо служат за сечење и поткастрување (falx arboraria, falx putatoria, іѕ, ае, 71), за сечење на сирка (falcula ruscaria) и трска (falx sirpicula), за потсекување винова лоза (falx vinitoria), за сечење листови (falx selvatica), па и за барање разни плодови (falcula), како и гроздови (falcula vineatica).5
Косирите што се јавуваат уште во доцнолатенскиот период не се разликуваат многу од античките и во непроменета форма овие алатки се употребуваат и во средниот век, како и денес. Тие се или со трн за насадување на дрвена држалка или со кружен трн всадник и во дрвена држалка, а горниот дел од сечилото им е свиткан навнатре“.6
Главни делови на косирот се: нож (culter) за сечење, тап крив дел (sinus) за привлекување и спуштање на гранките, клун (rostrum) за разделување на гранки, секирче (Securis) за сечење и поткастрување тенки гранки и рог за чистење на теренот од суви гранки. Косирите не секогаш морало да имаат секири или рог (mucro), освен кога се употребувале за потсекување на винова лоза"7 (сл. 2).
Поради својата широка примена во разни дејности, претстави на косири се среќаваат честопати на разни антички споменици. При претставување на годишните времиња, како атрибут на летото, косирот се прикажува и на подни мозаици, на разни мермерни олтари.8 Косир. како атрибут на божество, на една помпејанска слика, прикажан е Сатурн, облечен во тога, а во десната рака го држи ова орудие?.9 Исто така,10 се претставува на накит, како, на пример, на златни и сребрени копчиња на кои е претставен Дионис со грозд во едната и косир во другата рака!9.
Откриениот косир на овој локалитет (сл. 3) е лачно свиен и со остар врв. Сечилото е на внатрешниот раб. Во долниот дел се стеснува во долг правоаголен трн за насадување во држалка. На тапиот раб има исковано проширување со правоаголна форма со острица на надворешната страна. Димензии: должина 27.5 см, ширина 7.5 см и дебелина 1.7 см. Cop (falcastrum)
Сорот, како и косирот, судејќи според
квантитетот на откриени наоди во Македонија, имаат голема примена во средниот век. Се
користел за кастрење ситна шума и трње и тогаш се нарекувал трнорец. Без косир, трнорец и
секира било незамисливо создавање нова земја за обработување. И оваа алатка, во непроменета
форма, е позната уште од доцнолатенското време, па се до денес.
Според формата на сечилото, од косирот се разликува во поширокото сечило, лачно свиткано. Врвот е широк, рамно засечен, острицата е на внатрешната страна на сечилото. На долниот, благопроширен дел, се наоѓа кружен отвор за вметнување на држалка.
При овие истражувања се открија два примероци: првиот примерок (сл. 4) е со широко сечило, при врвот лачно свиткано завршува со остар врв (недостасува). Острицата е од внатрешниот раб на сечилото. На тапиот горен раб исковано се од исто парче проширување со правоаголна форма со остар дел на надворешниот раб (во форма на чеканче). Во долниот дел сорот се стеснува во правоаголен трн за насадување на држалка. Димензии: должина 34 CM, М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
Вториот откриен примерок (сл. 5) е сор-трнорец. Од едната страна има кружен тубулец во кој се вметнувал дрвен стап или слично, а од другата страна алатката е плосната и недостасува дел. Димензии: должина 9 см, ширина 4.4 см и пречник 4.5 см.
Koca (falx fanaria, is, ae)
Во литературата, косата се означува како falx fanaria, меѓутоа, многу автори го употребуваат само општото име falx без атрибутот, со што честопати доаѓа до терминолошка забуна.11
Иако претрпела мали модификации во обликот на сечилото, косата го задржала својот примарен облик со векови. Таа се состои од благоподвиено сечило, најчесто под прав агол во однос на држалката чија должина варира. Сметаме дека косите со куса држалка, со кои се работело со една рака, се постари, додека косите со долга држалка настанале во ХП-ХШ век. Најверојатно, висината на тревата што треба да се коси ја диктирала должината на држалката на косата, а особено во процесот на формирање на големи имоти и забрзано развивање на сточарството, кога се појавила потреба од голема количина на сточна храна. Косата била орудие со кое тешко се работело. Со неа се замавнувало над површината на земјата, со движење околу себе, а линијата на сечење била лачна. Оваа тешка работа во XIV век е олеснета со додавање дополнителна попречна рачна на држалката, со која се зголемил радиусот на сечењето. Земјата на која се работело претходно морало да биде израмнета и без камења за да не се оштети алатката.
Hox (cultellus,12 i)
Општ термин за нож од кој било вид е cultellus. Меѓутоа, откриените ножеви на овој локалитет не се за секојдневна употреба, туку специјализирани за цепење и лупење на кора од дрво. Вакви специјализирани ножеви се чести наоди на територија на Република Македонија. При овие истражувања откриени се два примероци и тоа:
Првиот примерок (сл. 6) е нож за сечење и лупење на дрво. Орудието се состои од долго, трапезоидни проширено сечило, кое на крајот е повиено и под прав агол преоѓа во тап дел. Има димензии ширина 1.2-1.7 см, должина 10.7 см и дебелина 0.5 см.
Вториот примерок (сл. 7) е фрагментиран нож за секојдневна употреба. Има една острица, која во долниот дел преоѓа во широк сплескан трн, на кој се става дрвена оплата од двете страни. Димензии: ширина 3.2 см, должина 11.5 см и дебелина 0.5 см.
Копрала, отик, отикач (rallum, i)
Копрала/ отик е орудие со мали димензии, кое се состои од сечило со овална или лепезаста форма, што преоѓа во насадник за дрвена држалка. Овие лопатки служеле ралникот да се
Сл. 8. Копрала од арх. лок. Клапчево Маало/Река, с. Злетово
Сл. 9. Сврдел од арх. лок. Клапчево Маало/Река, с. Злетово
исчисти од насобраната земја, за подобро да функционира при орање.13
Наоди на копрали/отици се поретки, најверојатно поради што оваа алатка потешко се разликува од некое друго орудие. Исто така, овој тип алатка се користел и во дрвена варијанта.14 4 Откриениот примерок (сл. 8) има димензии: ширина 4.4 см, должина 20 см, дебелина 0.8 см и пречни 4 см.
Сврдел за дрво (¢erebra, ае)
Од пишаните извори јасно е дека постојат неколку типови на сврдли, но сепак, општ термин под кој се подразбираат сите облици на сврдел е ferebra. Кај некои типови наоѓаме термин како antique terebra за сврдел употребуван во виноградинарството и ferebra gallica за тип кој е замена за некоја постара варијанта.15 ""
Сврделот е орудие за дупчење дрво. Се користел во столарски и коларски занает, како и за дупчење греди, дрвени шупелки, садови со мали отвори и други дрвени предмети.
Најстарите сврдли се игли или шила кои со вртење во двата правци извршуваат иста функција како сврделот. Во римско време најраспространети се лажичестите сврдли, кои првпат се појавиле уште во латенскиот период.16
Римските сврдли биле шилести, а лажичестите спирални. Шилестите се наједноставни и најраспространети и се одржале во истата непроменета форма до денес. Се вртат во двата правци во облик на гудало или кога се дупчел камен - јамка, преку дрвен или коскен омотач. Спиралниот сврдел претставува технички напредок во однос на останатите типови. Сечилото на овој тип е еднаш или повеќепати спирално свиткано и овозможува правилно влегување на сврделот со дрвото со помалку трошење на сила.17 М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
Нашиот примерок (сл. 9) бил вртен само во еден правец. Има димензии ширина 1.5 сми должина 3.33 см. Има јако зашилена лажица со ромбоиден пресек и држалка со кружен пресек.
Баглама, шарка
Локалното име на шарката е баглама. На локалитетот се откриени два типа.
Првиот (сл. 10) претствува механизам за отворање и затворање врата. Откриен е само еден дел, што се зацврстува на греда-довратник, додека делот што се зацврстува на вратата не е откриен. Откриениот дел има полукружна форма со три отвори за заковување на гредата. Од средишниот дел продолжува како трн, свиткан нагоре на што се насадува кружно проширен ден, закован за вратата.
Вториот тип (ел. 11) е составен од две долги прачки, на едниот крај свиткани како осумки, меѓусебе составени и подвижни. На крајот се свиткани и зашилени. Едниот крај се заковува на довратникот-греда, а другиот крај на вратата.
Меѓу наодите, беше откриена и една вулканска топка (сл. 12), како материјал што се исфрла од вулканите при нивна ерупција. Размерите варираат од три сантиметри, па до неколку метри во пречник, понекогаш достигнуваат тежина и до неколку тони. Вообичаено имаат кружни, валчести форми. И како такви производи на Земјата, во праисторијата биле користени како орудиа за работа. Откриената топка
направена со тркалање мало камче по вжештена лава, која со постепено ладење се зацврстувала и ја
создала топчестата цврста маса. Јадрото е со сива боја, а околу него окерова. Површината на топката е
кородирана.
Кога станува збор за средновековни орудија од : железо, во рамките на технологијата и издвојување литарни предмети, тие немаат белег на етничка припадност на корисникот. Така, многу од нив својата дефинитивна форма ја добиле уште во антиката и неа ја задржале до денес.
Орудијата од железо имаат исклучителна важност. Тие се користени во процесот на производство на храна, за градење живеалишта и други секојдневни потребштини. За значењето на алатките, особено на тие од железо, магиско толкување даваат народните преданиј а. Според нив, алатките со острица и остар врв имале магиска и заштитничка моќ. Формата на сечилото останува иста со векови, додека држалките понекогаш се изработуваат од други материјали, како што се дрво, коска или рог, па се украсуваат со разни техники.
За сега останува непознато каде откриените алатки од овој локалитет биле изработувани, односно локацијата на работилницата за изработка на овие метални орудија. Во близина на овој локалитет се наоѓаат неколку рудници од каде потекнува репроматеријалот за изработка на алатите, но каде се ковале и обработува е прашање на кое треба допрва да се одговори.
II. Арх. лок. Керамидница, с. Злетово
Локалитетот се наоѓа на другата страна на селото Злетово, веднаш до реката Злетовица. Уште во 1962 година на оваа локација случајно е откриен голем питос со висина од 1.35 м,18 кој селаните го однеле до средсело (и со него сите се сликале). Притоа биле откриени и бројни фрагменти садова керамика.
Во една од деветте отворени сонди се откри супструкција од речни камења (ел 13), меѓу19 кои голем број фрагменти садова и градежна керамика, како и животински коски. Под субструкцијата се открија 18 јами, со различни големини и длабочини, но сепак наредени во два паралелни редови, по девет јами во еден ред. Ведовите на јамите се поставени во правец северозапад-југоисток. Пречниците на јамите изнесуваат 0.30-0.80 м. На просторот меѓу редовите на камења се откри црвена набиена глина. Околу на целиот простор се открија голем број фрагменти садова керамика со хронолошка припадност од средниот век. Мора да се напомене дека целиот тој простор е со глинеста земја, светлокафена и доста чиста. Веруваме дека ситуацијата што се откри е всушност остаток од работилница за производство керамички предмети, односно откриениот дел е тенда поставена на дрвени колци, под која се одвивале работилнички керамопроизводствени дејности (сл. 14).
Во втората сонда, направена во глинеста земја, се открија фрагменти од два големи керамични питоси (сл. 15). На двата питоси се изврши конзервација и реконструкција на деловите што недостасуваа.
Едниот има висина од 71 см, ширина на телото 34 см и дијаметар на венецот 25 сми дебелина на зид од 2.3 см. Питосот е со рамен венец, хоризонтално извлечен нанадвор. Вратот е висок и цилиндричен. Телото е издолжено и вретенесто. Веднаш под вратот има ребро декорирано со хоризонтално врежани линии. Под реброто има фриз од плитко врежани триаголници, под кои има брановидна декорација направена со врежување. Кон долниот дел питосот се стеснува. Дното е рамно. Фактура е добра, портокалово печено, со траги од горење од надворешната страна (сл. 16).
Вториот питос има висина од 94 см, ширина на телото од 60 см, дијаметар на венецот 30 см и дебелина на зид 2.5 см. Питосот е со рамен венец, хоризонтално извлечен нанадвор. Стомакот е декориран со три хоризонтални и паралелни врежани линии. Кон долниот дел питосот драстично се стеснува. Има мало и рамно дно. Фактурата е добра. Печењето е портокалово, со траги од горење од надворешната страна (сл. 17).
Во близина на питосите е откриено огниште со кружна/калотеста форма и со дијаметар 0.7 м (ел. 18). 5идовите се горени по нив има видни остатоци од горено дрво. Во печката М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
Ш. Арх. лок. Долно Градиште/Руса, c. Ратавица (сл. 19)
Градиштето се наоѓа на висок рид на околу 1 км источно од селото, до левиот брег на реката Злетовица, каде се зачувани делови од бедемски партии.20 Според Археолошка карта ІІ,21 локалитетот е евидентиран како некропола од доцноантичко време. На северозападната страна од високиот рид Драчко Градиште се издига ниска чука во чие подножје на левиот брег на Злетовска Река, при изградба на браната за водоснабдување на Пробиштип и рудниците Злетово, откриена е некропола. Гробовите биле градени од камени плочи. Според кажувањата на мештаните, на дел од плочите имало натписи со латинско писмо, а на дели релјефна декорација. Денес плочите недостасуваат. Според топонимот на Руса, месноста се врзува со одредени култови со потекло од средниот век.22 Во 1963 година мештаните при орање таму откриле саркофаг и фрагментирана садова керамика.23 ?3 М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
Поради одредени причини, изведувачот на хидросистемот ја сменил трасата на цевководот, со што се избегнува голем дел од споменатата некропола. Но со неовластеново вкопување на цевките, уништен е дел од локалитетот. На површината од уништениот дел само со рекогносцирање е констатирано големо количество фрагментирана садова керамика, производ на работилница со висок квалитет на изработка. Меѓу нив се издвојуваат неколку фрагменти од трпезни, складишни и секојдневни садови. Сите тие се репрезентативни примероци од бронзенодопскиот период (сл. 20). Со тоа се менува хронолошката рамка на локалитетот.
Иако локалитетот беше ставен во Програмата за заштитните археолошки истражувања на локалитетите загрозени со изградбата на хс „Злетовица“, со промената на трасата овој локалитет се избегнува од изградба. Останува во некое друго време да се спроведат истражувања, со кои би се потврдило живеење во бронзеното време.
IV. Арх. лок. Војник, с. Ратавица
Археолошките истражувања на овој тесен простор со отворање неколку сонди не дадоа недвижен археолошки материјал, со што се потврдува дека просторот на кој се истражуваше е надвор од претпоставената населба. Сепак, на овој простор се открија незначителни примероци движен археолошки материјал, како што се железна потковица, керамичен тег и фрагменти од кујнска керамика (бардаци, длабоки и плитки чинии, декорирани со зелена или темноокер глазура), и ситни фрагменти од градежна керамика (тегули и плитар). Материјалот се датира во XIX-XX век.
V. Арх. лок. Старо Село/Страна, с. Ратавица ( сл. 21)
Археолошкиот локалитет Старо Село/Страна, с. Ратавица не е евидентиран во Археолошката карта. Со извршување на увидот на трасата за цевководот во април-мај 2007 година, локалитетот е ставен во Евиденцијата на нкц како средновековна црква и населба. Локалитетот се наоѓа на излезот од селото, покрај реката Злетовица, на 6 км од Злетово. Пред преминот на цевководот, во кп 891 и 892, поставени се цевки од хидросистемот, со што е девастиран голем дел од градба градена од камен. Меѓу градежниот шут се открија фрагменти садова керамика со хронолошка приадност во доцниот среден век (XII-XIV век).
Мора да се напомене дека со селото Ратавица е врзана една легенда за спасот од печенешките групи на чело со Мавраган. Имено, некаде во XI-XII век печенешките и куманските орди уривале низ источна Македонија, па управителот на Лесновскиот манастир, помогнат од Бога, св. Гаврил и ратавичките селани, се одбранила од нападите на споменатите племиња.24
VI. Арх. лок. Бавчи, c. Бучиште
Со заштитните археолошки истражувања направен е целосен преглед на локалитетот Бавчи, с. Бучиште.25 На теренот целосно изостанува археолошки материјал. Во втората половина на минатиот век на овој простор постоела работилница за обработка и преработка на градежна керамика (тулана). При истражувањата се откри отпаден руден материјал, што бил отфрлен со песоклива земја.
Во непосредна близина (на околу 200-300 м) на овој локалитет се наоѓа средновековниот локалитет Чашица, каде при рекогносцирање е откриена средновековна словенска керамика.26 М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
VII. Арх. лок. Вакав, с. Гујновце
Археолошкиот локалитет Вакав, с. Гујновце не беше влезен во Евиденцијата на археолошки локалитети во Република Македонија се до направениот увид во април-мај 2007 година. Со тоа, локалитетот е евидентиран и заведен во Евиденцијата на Националниот конзерваторски центар како населба од железно време. Се наоѓа на левата страна од локалниот пат Гујновце-Крупиште, во рамнината на десниот брег на реката Злетовица. (сл. 22)
Наместо да се спроведат археолошки истражувања, екипата на нкц наиде на девастиран локалитет, изведено без договор и известување уште летото 2007 година. Со за изработка на предмети (алатки). Меѓу нив се издвојуваат нуклеуси од црвен јаспис, кварцит-силекс, кварц, јаспис-кварцит силекс, кварцит во комбинација со туф. Каменот е со потекло од околината на Пробиштип, односно од ридот кај месноста Озрен, кај селото Неокази (ел. 23).
Јаспис, црвен по боја, мешавина од кварц, калцедон и туф. Претставува аморфен силициум диоксид, составен од железо во 3-4%, силициум 90% и алуминиум 5-6 %. Црвената боја потекнува од хематитот и гетитот. Според Мосовата скала има тврдост од 7.3 до 8. Се јавува во вулкански карпи, каде ги исполнува шуплините и пукнатините. Во антиката с користен како декоративен камен за изработка на геми и амулети.
Кварцот е минерал на силициум диоксид. Чистиот кварц содржи 99% силициум диоксид и е многу распространет во природата. Се јавува во вид на компактни маси и како поединечни кристали. По боја е различен, па според неа се јавуваат вариетети: горски (безбоен и прозирен), аметист (виолетов), цитрин (жолт), темно сив, млечен кварц. Според Мосовата скала има тврдост 8 и не е жилав. Во стариот Египет е употребуван како абразив (кварцен песок) и за добивање фајанс. Во Македонија го има во изобилство.
Кварцит силекс, метаморфна карпа, главно, е составен од кварц со околу 8095 со примеси на опал, калцедон, дистен силиманит и други минерали. Чист кварцит е со бела боја, а примесите му даваат црвеникава, темносива, црна и сива боја. Според Мосовата скала има тврдост 7.5. Во праисторијата се користен за изработка на кресано орудие и оружје. Во Македонија е најжилавиот и се користи за дробење други камења
Исто така, на локалитетот се откри бројна фрагментирана садова керамика.
Следејќи ја топонимијата на локалитетот, името Вакав има турско потекло. Имено, со доаѓањето на Турците во оваа област кон крајот на XIV век, тие наишле на место кое било користено, и, секако, го узурпирале и го користеле во свои цели.
VIL. Арх. лок. Вршник, с. Пишица (сл. 24)
Локалитетот се наоѓа на самиот излез од селото, на десната страна од локалниот пат што води кон Штип. Во средниот век Пишица се наоѓала на патот кој водел до Ќустендил.27 Населбата била поставена на блага падина. При истражувањата отворени се само три сонди со големина 5 х 5 м.
М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
Во една од нив се откри дел од просторија, најверојатно за домување, градена од камења и плитари. Камењата се редени во ред, меѓу нив се поставувале плитари, а лепежот е користен како врзивно средство и изолација. Градбата имала плитарен под поткрепен со цврсто набиена глина како субструкција, поставена врз здравица од жолта глина. Во североисточниот агол на отворениот квадрат се откри голем фрагмент од зидно платно од куќен лепеж, налепено на камењата и плитарните тули од градбата (сл. 25 и 26).
Од движниот материјал се откри огромен број фрагментирана садова керамика, која е со хронолошка припадност во доцнобронзеното време, преминот од бронзено во железно Просторија 1, арх.лок. Вршник,
с. Пишица време28 и почеток на железното време. Меѓу другото, се откри и мала морска школка која има кружна перфорација и служела како приврзок за данче.
Во вториот квадрат се откри само еден ред на ситни камења врзани со кал, а до него голема количина на срушен плитар и лепеж. Насекаде околу се откри огромно количество керамика со иста хронолошка припадност како претходно споменатата. Исто така, тука се откри коскен чешал и коскено шило. Сметаме дека и тука се наоѓаат остатоци од градба за домување, која е уништена во подоцнежно време или веднаш по напуштањето на нејзините жители. Градбата била поставена врз цврста супструкција од ситни камчиња и набиена глина, поставена врз здравица од варикова земја (сл. 27).
Во третиот квадрат се откри кружна јама со дијаметар 1.05 м и длабочина од 0.45 м. идовите на јамата се од бела варовна земја, што е всушност здравицата на овој простор. Во самата јама се пронајдоа значителен број фрагменти садова керамика, како и парчиња лепеж. Најверојатно се работи за отпадна јама (сл. 28).
Со овие првични истражувања на лок. Вршник, во с. Пишица се дојде до значителни научни податоци дека на овој простор се наоѓало живеалиште кое егзистирало во периодот од доцнобронзеното до раножелезното време. Населбата се одликува со типични карактеристики од овој период, што се потврдува и со значителниот квантитет на репрезентативните примероци на садова керамика од наведениот период.
Откриените објекти, иако само во дел, докажуваат организирано живеење во градби (домови), зидани од плитарна маса (куќен лепеж), што било поткрепено со супструкција од ситни и набиени камења за нивелација на просторот. Во откриените домаќинства се користела трпезна, кујнска и складишна керамика (сл. 29). Откриени се вариетети на фрагменти од венци (сл. 30 и 31), држалки од различни типови и форми (сл. 32), стомаци со разни декорации (ел. 33), како и голем број фрагменти од пуранои (сл. 34). Откриени се неколку керамични прешлени, коскени шила, еден чешел и две морски школки со перфорации (сл. 35).
М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
IX. Арх. лок. Баков Камен, с. Злетово (сл. 36)
Во септември 1993 година, со изработка на асфалтниот пат Злетово - брана Кнежево, с. Злетово, оддалечена 1.5 км северно од с. Злетово, откриена е поголема средновековна некропола. При земјените работи со тешка механизација се уништени четири гробови со скелети. Работите веднаш биле запрени и биле известени локалните институции, но истражувања никогаш не биле спроведени.
Некрополата лежи на закосена утрина, со пад од исток кон запад. Месноста е наречена Баково, а топонимот камен доаѓа од тоа што многу „камен“44 се спушта надолу по пат на ерозија по голиот рид од источната страна. Целата локација Баков Камен се простира во длабокиот кањон на левиот брег од Злетовска Река. Некрополата е пресечена на последната висока кота, а од тој дел теренот стрмно се спушта кон запад кон реката. Со изградбата на патот уништени се и темели од гробишна црква, што кај мештаните била позната како манастирска црква.
При нашите активности отворен е простор од 238 м?, по систем на мрежа 5 х 3 м, од левата страна на патот, по должина на ридот, следејќи го правецот на парцелите. Со тоа беше опфатен средишниот дел на некрополата во кој се откриени четири гробови. Тие се правилно наредени, ориентиран во правец запад-исток. Тоа се рамни гробови, во редови, тип на цисти, од правоаголни плочи од локален песочник, со по една челна и ножна плоча, и по неколку редени странични. Многу плитко се вкопувани (сл. 37). Над гробовите биле насипувани и ситни камења без конкретна форма, собирани од околината. Погребувањето во оваа некропола е еднослојно. Остеолошкиот наод, откриен во три од четирите гробови, е многу оштетен поради големо присуство вода и влага.
Покојниците се спружени и положени на грб. Под главите им бил поставуван камен со улога на перниче. Положбата на рацете на покојниците е различна (на стомак, на гради, на карлица). Нозете се паралелни и спружени (ел. 38).
М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
Гробни прилози не се отркиени, освен случајните наоди надвор од гробовите, кои имаат хронолошка припадност во доцниот среден век, односно XIV век. Се издвојуваат следниве наоди:
а. фрагмент од амфора со зачуван венец, врат и држалки. Венецот е заоблен. Вратот е висок и цилиндричен. Средината е декорирана со венец (тенка плетенка со кружни притисоци од алатка). Во долниот дел има силно ребро, од кое странично излегуваат две вертикални, лентести држалки сочувани само во горниот дел. Фактура со примеси на лискун. Печењето е темносиво и окер, со портокалови зидови (сл. 39);
б. кружна пафта со нагласен раб. Се носи од десната страна на појасот. Полукапотна, срцевидна форма, украсена со псеудогранули. Централниот дел е украсен со псеудогранули и концентрични кругови, лиени гранчиња околу покрупни псеудогранули. На срцевидниот дел исчукани се грчки букви ?ΥΔΟИ?. Дијаметарот на пафтата изнесува 9.4 см (сл. 40);
в. камен со пирамидална форма. обработен со делкање. Најверојатно служел како надгробно обележје (сл. 41);
Некрополата Баков Камен по својата местоположба се приклучува на низата локалитети што се наоѓаат во близина на населено место, долж брегот на реката Злетовица. Почнувајќи од античките, па до доцносредновековните некрополи може да се следи континуитет од интензивно живеење на подрачјето што ја затвораат тесната долина на Злетовица, како што е Турско Рударе, па се до подрачјето на општина Кочани.
Гледано како целина, некрополата на Баков Камен, иако се истражени само четири гробови. се констатира дека се работи за некропола на поголема површина, од околу 100- тина гробови. Во гробовите не се открија гробни прилози, но се очекува откривањето на останатите гробови да даде квантитет од средновековен погребен материјал. М. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
Речиси сите археолошки локалитети што се истражени по трасата на повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“ претставуваат новооткриени локалитети во текот на април 2007 година. За сите новооткриени локалитети, евидентирани како недвижно културно наследство, дадени се нови евиденциони броеви во индок центарот на нкц. Исто така, согледан е мал број археолошки локалитети што не се евидентирани во Археолошката карта на Република Македонија, а се наоѓаат вон трасата на хидросистемот.
Од сите локалитети, најголемо внимание привлекува Вршник во Пишица, бидејќи е населба од бронзеното и железното време, односно од преминот од бронзено во железно време и нуди уникатни податоци за начинот и формата на домување во спомнатиот период. Би било голема загуба за науката да не се продолжи со натамошни истражувања на оваа локација.
Сања Ивановска Велкоска smivanovska@yahoo.com MILAN IVANOVSKI | SANJA IVANOVSKA VELKOSKA
National Conservation Center - Skopje
HS ZLETOVICA 2008, SALVAGE EXCAVATIONS
Белешки
- На територија под надлежност на Завод и музеј-Штип беа спроведени истражувања на локалитети загрозени со изградба на истиот хидросистем (Трите керамитки 2010). ↩
- Керамитчиев A., 1969, 120. ↩
- Злетовица има исфрлено артефакти на неколку13 пунктови по своето течение (Нацев Т., 1995, 17-22). ↩
- Злетовица или Злетовска Река е позната по поплавувањата низ вековите што ги правела со своите води кои ги собирала од планински извори на централниот дел на Осоговските Планини. ↩
- Поповић И., 1988, 76. ↩
- Guštin M., 1984, 52, сл. 13. ↩
- White K.D., 1967, 94-95. ↩
- Поповић И., 1988, 76. ↩
- Поповић И., 1988, 76. ↩
- Поповић И., 1988, 76-77. ↩
- White K.D., 1967, 205-211. ↩
- White K.D., 1967, 70-71. ↩
- White K.D., 1967, 140. ↩
- Поповић И., 1988, 107. ↩
- Поповић И., 1988, 118-119. ↩
- Jacobi G., 1974, 39. ↩
- Поповић И., 1988, 119. ↩
- Орудијата спаѓаат во групата движни археолошки наоди, кои за разлика од останатите групи (накит, керамика, оружје) не се разликуваат според стилски карактеристики. Како ути- ↩
- Да напоменеме дека и денес селскиот грнчар користи глина од истата локација, која со сосема мало прочистување ја употребува за производство на своите керамични предмети. ↩
- Првпат за овој локалитет е пишувано кај Керамитчиев A., 1962, 54. ↩
- Археолошка карта, 1995, 322-323. ↩
- Керамитчиев А., 77, 122. ↩
- Керамитчиев А., 1962, 55. ↩
- Керамитчиев А., 1972, 117. ↩
- Низ село Бучиште поминувал еден важен средновековен пат кој водел кон Ќустендил (Керамитчиев А., 1977, 120). ↩
- Керамитчиев А., 1962, 57. ↩
- Керамитчиев A., 1977, 118. ↩
- Благодариме на колегата м-р Златко Видески за помошта при прецизната датација на инвенарот на овој локалитет. ↩
- Локалитет | | continued at this location. ↩
Summary
HS Zletovica 2008
Between the first of April and the first of July 2008, under the organization of the National Conservation Center archaeological salvage excavations were carried out on sites endangered by the construction of the multi-purpose hydrosystem Zletovica. These investigations were conducted in the ProbiStip district, which falls under the jurisdiction of the National Conservation Center. This project included nine archaeological sites: Klapéevo Maala/Reka, Keramidnica, and Bakov Kamen at the village of Zletovo; Dolno GradiSte/Rusa, Vojnik, and Staro Selo/Strana at the village of Ratavica; Bavéi at Buéiste; Vakav at Gujnovce; and Vrsnik at PiSica.
This geographical region, ге. Zleto vo and Probistip with the surrounding area, during the Middle Ages was the center of historical migrations and turmoil. Numerous peoples and ethnic groups, remaining in these parts for longer or shorter periods of time, took advantage of the rivers, fertile land, and ample pasture, which provided excellent conditions for permanent settlement and good life. Here the court wars for supremacy were fought, especially at the time of Serbian domination. The numerous metal objects made in the workshops, from the required raw materials and natural resources, through trade reached both nearby and more distant vicinities.
Almost all the archaeological sites investigated along the line of the multi-purpose hydrosystem Zletovica represent sites newly discovered during April 2007. Of the sites, Vrsnik at PiSica attracted the most attention. As a settlement of the Bronze and Iron Ages, or more specifically from the transition between Bronze and Iron Ages, it offers exceptional evidence for the manner and form of occupation in the period in question. It would be a great loss to science if investigations were not M. Ивановски - С. Ивановска Велкоска, ХЦ „Злетовица“ 2008, заштитни археолошки истражувања
Библиографија
- Археолошка карта на Република Македонија, том II, 1996, Скопје
- Bojosuh Д., 1978, Остава римског пољопривредног алата из села Бровић код Обреновца, Годишњак града Београда XXV, Београд, 184-195
- GuStin M., 1984, Posočje, y: Keltoi, Ljubljana, 52-54
- Керамитчиев A., 1969, Пробиштипскиот крај во античко време и во средните векови до XV7 век, Историја V - бр. 2, Скопје,110-122
- Kepamurunes A., 1962, Археолошки наоѓалишта во Пробиштипско, Стремеж VIII-6, Скопје, 45-62
- Kepamurunes A., 1977, Извори за рударство и металургија во Античка Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 3, Прилеп, 103-115
- Hanes T., 1995, Камени секири и орудија од Штипско, Зборник на MM, и.н. бр.1, Скопје 17-22
- Tlonosuh И., 1988, Античко оруђе од гвожђа у Србији, Београд
- Popovié M., 1999, Tvrdjava Ras, Beograd Трите керамитки... 2010, Резултати од заштитните археолошки истражувања Злетовица 2007-2009 година, Штип
- White K. D., 1967, Agricultural Implements of the Roman World, Cambridge