Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 455–466

"La longue durée" како археолошки феномен на некрополата Водоча

Содржина
  1. Во спомен на мојот пријател и колега проф. Александар Јовановиќ
  2. ELICA MANEVA
  3. “LA LONGUE DUREE” AS AN ARCHAEOLOGICAL PHENOMENON

Во спомен на мојот пријател и колега проф. Александар Јовановиќ

Прелиминарните согледувања од истражувањата на археолошкиот материјал откриен на просторната некропола од комплексот Водочки цркви, Св. Леонтиј. Водоча кај Струмица!1 покажуваат одредени констатации за хронолошките и културни параметри на овој локалитет:2

Во времето од XIII-XIV, па се до XX век, колку што трае погребувањето во оваа некропола, се издвојуваат повеќе фази и потфази со специфични карактеристики.

Најстарата фаза се врзува со стратумот од доцното средновековие (XIII-XIV век), којшто заради подоцнежните вкопувања на гробови е доста редуциран.

Периодот на турското средновековие ги содржи двете помаркантни фази: првата од XV-XVI u втората од XVII и поголемиот дел од XVIII век.

Крајот на XVIII и XIX век на тлото од Македонија се детерминирани како преродбенска епоха. Во христијанските некрополи таа е обележана со присуство на побогати гробни целини. Тоа е своевидна потврда за создавањето на подобростоечкиот, граѓански слој меѓу христијаните.

Од аспект на истражувањата во фунерарната археологија, особено внимание привлекува периодот на турското средновековие во Македонија (XV-XVIII век).

Во првата фаза или во стратумот од XV-XVI век на некрополата Водоча е откриена релативно богата и по многу нешта, непозната материјална култура. Откриени се и многу уникатни артефакти. Покрај другото, констатирани се и гробови на потомци од поситното, христијанско племство, кое ги зачувало своите стари средновековни обележја.3

Археолошките наоди во оваа фаза на турското средновековие, впрочем, како и во гробовите од сите христијански некрополи припаѓаат, главно, на накитот, вклучително и на украсните или утилитарни, метални додатоци на облеката. Со текот на времето овие наоди покажуваат знаци на обнародување како резултат на континуираното копирање на постарите предлошки или на современите форми. Притоа, доаѓа до поедноставување на техничките постапки и поевтинување, како на изведбата така и на материјалите. Истовремено се поедноставуваат и декоративните мотиви кои, пак, понекогаш се напластуваат со други значења.

Во стратумот од XV-XVI век констатирани се копирања на византиски, западноевропски, постари балкански урнеци, како и на елементи од ориенталната „мода“.“4

Кризите што ја зафаќаат Османлиската Империја во XVII и XVIII век многу јасно се рефлектираат врз содржината и квалитетот на матријалната култура и гробниот инвентар во христијанските некрополи, вклучувајќи ја некрополата Водоча.

Во долгото временско раздобје на турското средновековие, а особено во кризните времиња на XVII-XVIII век, особено е забележителен и своевидниот археолошки феномен познат како la longue durée. Со него се означува „долгото траење“ на археолошките артефакти коишто биле во употреба кај повеќе генерации на иматели, во време што често се мери и со векови.

Оваа појава, карактеристична за подолготрајни, кризни, политички и економски нестабилни времиња, често резултира со забуни во хронолошката детерминација на истражуваните објекти.5

Во некрополата Водоча „долгото траење“ на одделни типови накит или додатоци OF облеката како доминантен, археолошки материјал во гробовите се детектира според видливата изабеност на наодите, нивните оштетувања, дополнителни „крпења“ и преправки.6

Понекогаш оштетувањата, односно излижаноста на артефактите се толкави што тие станале атипчни, односно ги изгубиле атрибутите за нивното типолошко, стилско или хронолошко детерминирање.

Попрецизното датирање на гробните (или затворените) целини со наоди обележани од „долгото траење“ се извршува доколку истовремено се појават и предмети кај кои се забележува дека не биле долго употребувани.

Гробот 971 од некрополата Водоча с еден од најтипичните примери за наведениот феномен. Содржината на оваа гробна целина се состои од повеќе артефакти кои биле долго во употреба, но и од такви кои по кусо време од изработката стасале во гробот.

Гробот 971 е откриен во кв. С173. Тој претставува слободно вкопана јама. делумно оградена и лоцирана врз постар зид. Обликот И е трапезовиден: должина 1.95 м, ширина 0.71 м (глава), 0.61 м (карлица) и 0.63 м (нозе).7

Скелетот припаѓа на жена чија возраст била од 25 до 30 години, брахи крана, со тежок остеомелит на левата потколеница.8 Костурот бил добро зачуван, поставен врз глинен слој, испружен и положен на грб. Ориентцијата е во правец запад-исток со настранување од 8° кон југ.

Рацете биле прекрстени: десната на половината. а левата високо над градите.

Гробниот инвентар се состои од следните наоди:

е фрагментирана наушница (сл. 1);

е излижана монета (сл. 2B);

е три прстени на десната рака (сл. За-в - Ѕа-В, 10, 11);

е два прстени на левата рака (сл. 6а-В, 7а-в, 12, 13); | шест копчиња во вертикална низас (сл. 8) фб

е едно копче, десно на градите (од претходната вертикална низа (сл.8) „;

е две копчиња на клавикулата. (сл. 9a, б).

Фрагментираната наушница е откриена десно од черепот (инв. бр. 2768). Нејзината сегашна состојба е мошне фрагментирана. Зачувани се само ситни парченца од бакарен лим. Според податоците од Инвентарната книга од каде потекнуваат интегралните, теренски скици, очигледно е дека се работи за подоцнежна варијанта (по XVI век) на наушница со лунулест, шуплив, украсен корпус?9 (сл. 1).

Зачувани димензии: висина 15 мм и ширина - 21 мм.

Теглето не е зачувано, како ни траги од начинот на кој тоа се сврзувало со долниот дел.

Оваа наушница, веројатно, била носена „асиметрично“ само од едната (десна) страна на главата, што како појава е често присутна во некрополата Водоча. Таа се толкува како наушница-наметушка, прикачена за текстилната надглавка или за косата (плетенката). По својата намена овој вид накит, се чини, бил замена за наушниците со амајлиско значење.10

Се наметнува, исто така, и идејата дека нејзиното лицирање во гробовите некогаш од десната, другпат од левата страна произлегува од положбата која е заземена при погребувањето.11

Монета, сосема излижана и обезличена откриена е десно, под черепот (инв. бр. 2769). Формата И е неправилно кружна со пречник од околу 18 мм. додека дебелината одвај да изнесува 0.5 мм. Веројатно станува збор за турска акча!?12 која долго била во употребам, така што и аверсот и реверсот се сосема изабени.

На десната рака, на еден прст (не е наведено на кој) откриени се три прстени (сл. За-в - Sap, 10, 11).

Прв е инвентариран еден сосема излижан прстен кој, секако, бил во подолга употреба (инв. бр. 2761) (сл. За-в). Тој бил излеан од бронза. Обрачот му е лентест со лачен пресек и постепено проширување во горните партии каде што преминува во рамна глава со елипсовидна форма. Целата надворешна површина е наполно изабена, така што од претпоставената врежана декорација нема ниту трага.

Димензии: висина 24 мм; глава 13 х 8 мм; дијаметар (внатрешен) 20 мм: тежина 4.77 гр.

Според овие показатели, прстенот е атипичен, но истовремено го покажува фактот дека бил во долготрајна употреба кај повеќе носители и/или генерации од едно семејство (?).

цриеж: JL. Спасова „ЛИ с „ест

Сл За-в
Сл за-в
Илустрација, стр. 458
Сл. 10
Сл. 10

Сл. 4а-В

Прстенот инвентариран како втор (инв. бр. 2762) од истиот прст на десната рака е лиен исто така од бронза. Меѓутоа, на неговата глава е добро зачувана, врежана декорација (сл. 4а-В, 10). Од неговиот изглед може да се констатира дека тој не бил во подолга употреба како претходниот примерок (сл. За-в).

Димензии: висина 21 мм; глава 18 х 10 мм; дијаметар (внатрешен) 17 х 19 мм; тежина 5.75 гр.

Прстенот има карактеристична форма. Внатрешниот облик на алката е кружен, додека надворешниот со задебелувањата во горните партии коишто се со речиси паралелни контури и со долниот лачен дел наликува на прстените од т.н. Verkantung или на типот со прекршен облик на обрачот датирани во XV-XVI век.13

Самиот обрач е лентест, а неговиот пресек е лачен. Главата е бадемаста, плочеста и со една нагласена канелура визуелно е издвоена од обрачот. Печатот врежан врз нејзината површина потсетува на османлиско-турски или арапски натпис,14 но тој сепак не е тоа.

Со врежаните линии и втиснатите точки само се имитира натпис од некого што не го знаел тоа писмо. Овој прстен, веројатно е подоцнежна копија изработена во XVII век,15 инспирирана од маркантните типови - печатници со османлиски натпис каков што е заветниот примерок од Водоча од втората половина на XVI век. Прстенот инвентариран како трет од истиот прст на десната рака (инв. Ор. 2763) е лиен од бронза со специфичен облик и длабоко врежување (сл. 5а-В, 11).

Димензии: висина 23 мм; дијаметар (внатрешен) 19 мм; глава 20 х 11 мм; тежина 7.62 гр.

Обрачот од внатрешната страна има правилна, кружна форма, додека од надворешната, како и претходниот (сл. 4а-В, 10) ја добива формата на доцните варијанти од Verkantung или од т.н. прекршен тип со лачно свиен долен дел и речиси паралелни надворешни контури во горните, странични делови.16

И во овој случај главата с плочеста, фиктивно издвоена од обрачот со една заобиколна, подолжна канелура.

Горната плоштина на главата е бадеместа, декорирана во плиток релјеф со „јамчести“ вдлабнатинки. Притоа се формира разиграна „арабеска“ од симетрично компонирани вегетабилни и флорални елементи: листенца, цветови и ластунки.

Додека испакнатите делови се убаво измазнети, вдлабнатинките од декорацијата имаат рапави површини и првобитно биле исполнети со емајл. На тој начин вметнатата смеса - емајлот - можела подобро да се прицврсти за подлогата. Контрастот меѓу мазните, метални партии и емајлот, секако имал особен естетски ефект.

Аналогна декорација и форма се среќава кај ориенталните типови на прстени познати уште од крајот на XIV и од XV век.17

Според X. Батке, генезата на овие прстени се согледува во римските форми од II-III век,18 со тоа што тие опстојуваат и доживуваат своевидна реновација на Ориентот во доцниот XIV И во XV век. Со нешто послаб квалитет тие егзистирале и во следните два до три вска.

Примерокот од гробот 971 од Водоча (сл. 5а-в, сл. 11) е поскромна варијанта во однос на постарите прстени од крајот на XIV и од XV век. Тој е бронзен, има помали димензии и тежина, нема декорација на обрачот, а украсувањето на горната површина на главата е изведено со помала вештина.

Сл. 5а-в Cn. 11
Сл. 5а-в Cn. 11

Со оглед и на контекстот на наоѓање во гробната целина од XVII век,19 наведениот примерок со ориентална декорација може да се датира најрано во доцниот XVI или во XVII Вех.20

Прстен инвентариран како прв на едниот прст (не се знае на кој) од левата рака (инв. бр. 2774) е најмасивниот примерок најден во гробот 971.

Тој е излеан од легура со примеси на сребро и олово. Димензии: висина 31 мм; дијаметар (внатрешен) 21 ; Глава (дијаметар) 14 мм; тежина 14.20 гр.

Обрачот со рамна внатрешна и лачна надворешна површина е кружен. Во горните партии на рамениот дел тој е декориран со попречни цртки.

Главата во вид на плоскат цилиндер лежи врз нагласен врат со облик на засечен, превртен конус (сл. ба-в, сл. 12).

На горната, кружна плоштина од главата се гледаат неправилно кружни вдлабнатинки кои формираат цветолик мотив со седум кружно поредени „листенца“ и едно во средината.

Рапавата површина на овие вдлабнатинки навестува дека станува збор за украсување во техниката на „јамчест“ емајл.

Со текот на времето и кај овој прстен, како и кај претходниот (сл. 11) вметнатата смеса отпаднала (ел. 12). Бојата и структурата на металот во комбинација со бојата (тиркиз?) и структурата на емајлот нуделе една специфична, полихромна естетика кај овој тип накит.

Сл. ба-в
Сл. ба-в
Сл. 12
Сл. 12

Иако не и идентична, но како блиска аналогија за овој прстен може да се посочи еден примерок од Прилеп (сега своина на Народен музеј од Белград).21

Гломазната форма, грубото лиење и отпаднатиот емајл кај прстенот од гробот 971 од Водоча зборуваат за подоцнежна продукција, како и за подолготрајна употреба. Оттука, се чини извесно неговото датирање во XVII век.

Прстенот инвентариран (инв. бр. 2765) како втор на истиот прст од левата рака, по својот специфичен изглед е единствен меѓу наодите од Водоча. Димензии: висина 28 мм; дијаметар (внатрешен) 17 х 18 мм; глава 19 х 17 мм; тежина 6.71 гр.

Алката е лентеста, сребрена со по две длабоки, подолжни канелури на рамениот дел. На неа е залемена масивна, четвртеста глава со вметнат, украсен „камен“ од стаклена паста во окер боја. Основата се состои од сребрена подлога опкружена од сите страни со два реда крупни гранули и венец од виреден филигран (сл. 71la-B, 13).

Сите тие алката, основата на круната, гранулите и вметнатата, стаклена паста се толку излижани, речиси истружени од долготрајната употреба, така што од нив се останати само делови од нивната Маса.22

Аналогни примери на сребрени прстени со вметнато украсно „камење“ најдени се и на подрачјето на Србија од XVII-XVIII век.23 Најголемата сличност со водочкиот примерок се среќава кај еден прстен од оставата откриена во Манасија и како затворена целина датирана во XVII Bex.24

Копчињата во гробот 971 од Водоча припаѓаат, според местото на наод и според нивната претпоставена улога, во две групи, за два дела од костимот, внатрешниот од потенок и надворешниот од подебел материјал.

Две копчиња (инв. бр. 2770аб) (сл. 9a, 6) најдени се in situ на левата клучна коска. Тие се поситни во однос на другите од истиот гроб (сл. 8) ал

Едното од нив е позачувано (има и ушка за пришивање), додека кај другото кое е идентично по форма, големина и изработка ушката е откршена. Димензии: а) дијаметар (внатрешен) 12 мм; висина (со ушка) 14 мм; 6) 12 x 12 мм. И двете се бронзени, шупливо лиени, составени од две полукалоти (сл. 9a, 6).

Сл. 13
Сл. 13
Илустрација, стр. 461
Сл. 7а-в
Сл. 7а-в
Илустрација, стр. 461

Местото на наод и понагласената кревкост на овие копчиња дава за право тие да се припишат на внатрешниот, потенок дел од облеката на женскиот костим. Веројатно, со нив се закопчувала со страничен рез долж левата клавикула некоја потенка риза.

Седум копчиња со нешто понагласени димензии се откриени од десната страна на скелетот

Шест од нив се инвентарирани под еден број (инв. бр. 2766/ ,) заради фактот што биле откриени како една целина. во вертикална низа десно од "рбетот. Нивните димензии не се сосема исти: сл. 8/, - дијаметар 16 мм;25 сл. 8/.,- дијаметар 12 до 13 мм. Сите копчиња имаат ушки од жица со пресек од | до 1.5 мм и должина од 5 до 7 мм. Едно од овие копчиња (сл. 8/,) на врвот, наспроти ушката има „цилиндрична гранула“ со големина од 2 x 2 ММ. - Иако посебно инвентарирано (инв. бр. 2767) копчето откриено „на десната страна од градниот кош“, најверојатно, првично припаѓало на вертикалната низа копчиња откриени десно од "рбетот (сл. 8/,).

цртеж: Д. Спасова Сл. 8 (1аб-7аб)
цртеж: Д. Спасова Сл. 8 (1аб-7аб)
Илустрација, стр. 462
цртеж: Д. Спасова Сл. 9 (1a6, 2a6)
цртеж: Д. Спасова Сл. 9 (1a6, 2a6)

Истиот вертикален распоред на 12 копчиња од десната страна е откриен и во женскиот гроб 862 од Водоча од XVI век.26

И во женскиот гроб 97 на некрополата Сашка Црква од Ново Брдо на Косово покрај големиот број копчиња на ракавите и градите, јасно е издвоена една вертикална низа од 14 примероци лоцирани десно од "рбетот.27

И за женскиот костим од гробот 971 со специфичен аранжман на закопчување од десната страна, како и претходно за оној од гробот 862 од Водоча,28 како аналогија од ликовните претстави на фреско-живописот се посочува ктиторската композиција од црквата Вознесение, село Лескоец (сл. 14) кај Охрид датирана во 1461/2 година. На зачуваните допојасја од ктиторите Тоде и Вулка претставена е облека чии карактеристични метални додатоци - копчиња - се откриени при археолошките ископувања со соодветна местоположба во машкиот гроб 934”29 и во женските гробови 862 и 971 од Водоча.

Сл. 14
Сл. 14

Именно, ктиторката Вулка е прикажана со облека: фустан или елек од потежок материјал кој се закопчувал од десната страна со вертикална низа од копчиња (зачувани се само четири) од десната страна на градите (сл. 14).

„Долгото траење“ На овој вид облека кај повидните претставнички меѓу христијанската популација. почнувајќи од примерите во фреско-живописот од ХУ век, како и во археолошките сведоштва од ХУ30 и XVI31 век, судејќи по гробот 971 продолжило и во XVII век.

Феноменот /ongue durée во последниов случај, покрај останатото, се потврдува и со состојбата на копчињата кои се оштетени и со нееднаков изглед и димензии, но со несомнена тенденција да се следат карактеристиките на старата, традиционална, средновековна носија. Гробот 971 од Водоча, кој припаѓал на млада жена (25 до 30 години), е еден од најкарактеристичните примери за феноменот /а longue durée кај оваа некропла.

Гледано во целина. гробот 971 може со извесност да се датира во XVII век. Само по себе тоа € мошне провокативно, бидејќи археолошките наоди од ова време се ретки или барем малку проучени.

Гробниот инвентар е релативно богат, што е необично за XVII век, но истовремено кај повеќето наоди се забележуваат впечатливи знаци на долготрајна употреба и нивно ползување од повеќе корисници. Само така можат да се објаснат оштетувањата и изабеноста на поголемиот дел од наодите и истовременото присуство на артефакти од различни временски периоди, со тоа што гробната целина се датира според најрецентните наоди од XVII век.

Феноменот /a longue durée во случајов ја отсликува сиромаштијата на населението, намалената куповна моќ и слабата занаетчиска дејност на локалните работилници. Од друга страна, во согласност со христијанските канони коишто подразбирале достојно „испраќање“ на покојниците на оној свет, тие биле погребувани во долична, свечена и традиционална облека дополнета со накит. Тоа се практикувало дотолку повеќе кога станувало збор за помлади индивидуи, особено жени и девојки и/или членови на поистакнати семејства, кои, секако, имале поголема економска моќ и повиден општествен статус.

ELICA MANEVA

Institute for Art History and Archeology Faculty of Philosophy - Skopje

“LA LONGUE DUREE” AS AN ARCHAEOLOGICAL PHENOMENON

IN THE VODOCA NECROPOLIS: GRAVE 971 - 17TH CENTURY

In memory of my friend and colleague, Professor Aleksandar Jovanovic

Белешки

  1. Некрополата на лок. Водочки цркви, Св. Леонтиј, село Водоча на 4 км североисточно од Струмица најдолго ја истражувал археологот Јован Днаниев (1979-2003). Помали археолошки ископувања извршиле и Васил Лахтов (1961- 1962), Петар Миљковиќ-Пепек (1973-1974) иВанс Секулов (2004). ↩
  2. Maneva 2007. со цитирана опсежна литература. ↩
  3. Maneva 2007, cat. по. 40, 41, 45-52 ekc. ↩
  4. Maneva 2007, cat. по. 11-18. ↩
  5. Бабиќ 1986, 283. ↩
  6. Maneva 2007, cat. по. 11-13, 19 etc. ↩
  7. Дескрипцијата потекнува од Дневникот на ископување, додека архитектонската документација не е најдена. ↩
  8. Податоците за скелетот од гробот 971 се добиени од антропологот д-р Фаница Велјановска. Според нејзиниот исказ во коскениот материјал постои голема сличност меѓу женските скелети од гробот 971 и од гробот 862 од Водоча. Манева 2010/,, 149-159. ↩
  9. Maneva 2007, cat. no. 20. ↩
  10. Манева 1992, 38, 39. ↩
  11. Maneva 2007, cat. no. 19, 20, 29, 30. ↩
  12. За монетарното кривотворење. кризите и инфлациите во XVII век, покрај другите и Евлија Челеби зборува со иронија, споменувајќи ги постарите квалитетни ковања на акчи од Охрид и Кратово. Матковски 1991, 416, 417, 447 екс. ↩
  13. Иванин 1995, 18-20, кат. бр. 14-24. ↩
  14. Maneva 2007, cat. по. 61. ↩
  15. На печатот кај наведениот прстен се споменува името на Мохамед како дародавец. Ова име се доведува во врска со личноста на Мухамед Ибрахим. забележан во пописните дефтери за селото Водоча од 1570 година. Манева 2007, кат. бр. 60. ↩
  16. Сеа; 13; ↩
  17. Dalton 1911, no. 2285, Pl. XXIX; Милошевић 1990, 100-104, 121. ↩
  18. Battke 1953, N0 149. ↩
  19. Maneva 2007, cat. по. 61, 64. ↩
  20. Dalton 1911, N°2285, Pl. XXIX; Battke 1953, N0 149. ↩
  21. Прилепскиот примерок е со пофина изработка, сребрен е и се датира во втората половина од XV7 век. Неговата глава е неправилно кружна (D - 17 x 14 тт) додека тежината му е речиси иста — 14,77 гр. Кај двата прстени, обликот им е многу сличен. Мотивот на главата од Прилепскиот примерок се состои од осум вдлабнатинки наредени во круг и уште една во средината. Милошевиќ 1990, 136, кат. бр. 201. ↩
  22. Maneva 2007, cat. по. 64. ↩
  23. Uranuh 1995, кат. бр. 149, 154, 157. ↩
  24. Ypannh 1995, кат. бр. 438. ↩
  25. Манева 2010/,, 154, сл. 10/, „. ↩
  26. Манева 2010/1, 154, сл. 10/1-12. ↩
  27. Зечевин 2006, 121. ↩
  28. Манева 2010/.. 149-159. ↩
  29. Во гробот 934 од Водоча од ХУ7 век кој припаѓал на маж, откриени се две помали копчиња под гушата со кои се закопчувал некој полесен дел од облеката, додека на средината од градите се најдени четири, крупни, украсни и уникатни петлици од помасивен, горен дел од одеждата. За овој машки костим и начин на закопчување откриени се повеќе аналогии во фреско-жовописот, меѓу кои е и претставата на ктиторот Тоде од Лескоец, Охридско од 1461/2 година. Манева 2010/,, 375-389, cn. 1-9. ↩
  30. euepuh 2006, 121. ↩
  31. Манева 2010/,, 149-159. ↩

Summary

"La Longue Durée" as an Archaeological Phenomenon in the Vodoča Necropolis

Grave 971 from Vodoéa, which belonged to a young woman (25-30 years old) is one of the most characteristic examples of the phenomenon “/a Jongue durée” in this cemetery.

Seen as a whole, Grave 971 can be dated with certainty to the 17" century. The date itself may be provocative, because archaeological finds from this period are rare or at least little studied.

The grave inventory is relatively rich and thus unusual for the 17" century but, at the same time, on several finds striking signs are noted of long-lasting utilization and of use by several owners. Only in this way can be explained the damages and signs of wear on the greater part of the finds and the presence of artefacts of different time periods, together with the most recent finds of the 17" century according to which the burial is dated.

The phenomenon “/a /ongue durée” in this instance reflects the poverty of the population, the reduced ability to purchase, and the weakened craftmanship of the local workshops. On the other hand, in accordance with the Christian canons, which expected appropriate “dispatch” of the deceased in this world, they were buried in the proper, formal, and traditional costume complete with jewelry. This was much more the practice in the case of younger individuals, especially women and girls and/or members of more prominent families who, of course, had greater economic power and higher social status.

Библиографија