Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 433–454

Археолошки истражувања на средновековната тврдина Исар-Кале - Штип во 2008 година

Содржина
  1. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Штип
  2. Средновековен историјат на градот
  3. ЈУЖЕН СЕКТОР
  4. Западно бедемско платно
  5. Јужно бедемско платно
  6. Јужна цистерна (цистерна бр. 1)
  7. Средишен дел на акрополата
  8. СЕВЕРЕН СЕКТОР
  9. Северно бедемско платно
  10. ZVONKO BELDEDOVSKI
  11. NI for Preservation of the Monuments of Culture and Museum - Stip

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Штип

АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА СРЕДНОВЕКОВНАТА ТВРДИНА ИСАР-КАЛЕ - ШТИП ВО 2008 ГОДИНА

Археолошкиот локалитет Исар - средновековната населба и утврдениот средновековен град Штип - се наоѓа во западниот дел од денешниот град Штип, на доминантно возвишение меѓу реките Брегалница и Отиња со правец на простирање север-југ во должина од околу 350 метри. Од коритото на Брегалница се издига на околу 100 до 150 метри. Ерозивната сила на реките го одделила возвишението со длабоки клисури, од север и запад Брегалница, а од југ суводолицата Отиња.

Во времето на феудализмот на овој простор, на највисоките делови од возвишението, изграден е средновековен град од типот на Маркови Кули (Прилеп), Самоиловата тврдина (Охрид), Кале (Скопје), Цареви Кули (Струмица) и др.

Највисоките делови од Исарот се опколени со зидни платна, формирајќи средновековна тврдина со главен влез од источната и спореден влез од северната страна. Најутврдениот И најбезбедниот дел од тврдината се наоѓа на акрополниот дел од возвишението со површина од 1.705 м квадратни. На оваа локација од источната страна поставена е главната кула - донжон - во која се влегувало од посебно ограден простор, всушност, уште една мала тврдина - феудален дворец со палата и помошни градби. Целокупната површина во рамките на градските зидини изнесува 16600 метри квадратни.

Средновековен историјат на градот

Средновековната историја на брегалничкиот регион започнува со населувањето на Словените на Балканот кон крајот на VI и во tскот на VII вск. Во IX век, за време на владеењето на бугарскиот хан Прсијан и неговиот наследник Борис (852-889), Македонија, а со тоа и брегалничкиот регион потпаѓа под бугарска власт. Од 976 до 1014 година средновековната тврдина, односно градот Штип се наоѓа во составот на Самоиловата држава. Периодот од падот на Самоиловото Царство, па се до големото проширување на српската држава на југ 3. Белдедовски, М. Штерјов, Археолошки истражувања на средновековната тврдина Исар-Кале... чести менувања на господарите: до 1197 година Византија, Бугарија до 1207 година, потоа господарот на Просек - македонскиот властелин Стрез до 1214 година, епирското деспотство до 1216 година, Бугарија до 1246 година, па Никејското Царство до 1254 година итн. Во овој период во Македонија чести се навлегувањата на Печенезите, Куманите и Норманите. За време на кралот Милутин (1282-1321) Штип потпаѓа под српска власт и претставува гранично подрачје на српската и византиската држава. Потоа за кусо време повторно паѓа под византиска власт. Српките феудалци за време на владеењето на Стефан Дечански (1321-1331) го присоединуваат Штип кон српската држава. Феудален господар и управител на Штип во тоа време е протосевастот Хрења. По повлекувањето на Хрења со градот управува Јован Оливер. Од 1335 година, па се до доаѓањето на Турците во источна Македонија управуваат браќата Константин и Драгаш Дејановци.1

Пл. 1. План на тврдината, состојба пред истражување.
Пл. 1. План на тврдината, состојба пред истражување.

Археолошките истражувања на средновековната тврдина Исар-Кале - Штип, кои се дел од капиталните проекти финансирани од Владата на Република Македонија во 2008 година се изведуваа на локацијата Акропол, опфаќајќи ги следните квадрати од општата квадратна мрежа на градот: квадрат В.7-18, квадрат Г.6-14 и квадрат Д.6-18 (Пл.1. сл. 1 и 2).

Археолошките активности започнаа со расчистување на акрополот на тврдината од бујната вегетација и доведување на теренот до чиста состојба за истражување.

На овој простор, во последните децении, лоцирани се и неколку објекти кои го нарушуваат изгледот на релативно добро зачуваниот бедемски опус на акрополот од тврдината. Врз темелите на јужното бедемско платно изѕидан е објект на мртв и поставен е масивен антенски столб. Непосредно до јужната цистерна поставени се два громобрански столба, додека на северниот дел од акрополот во најново време е поставена инсталацијата на големиот метален крст.

Во првите ископи на просторот од акрополот, покрај бројните фрагменти од доцносредновековна керамика и извесна количина на керамика од раниот османлиски период, регистрирани се и наоди од поново време оставени или изгубени од посетителите на тврдината. Меѓу2 другото, регистрирани се и чаури од стрелачко оружје и друг воен материјал. Со откопите по должината на јужниот, средишниот и северниот дел на акрополот регистрирани се и громобрански ленти од громобранската инсталација на Исарот, кои во голема мера го отежнувааше истражувањето.

Сл. 1. Поглед на тврдината од исток
Сл. 1. Поглед на тврдината од исток
Сл. 2. Поглед на акрополот од ЈУГ.
Сл. 2. Поглед на акрополот од југ.

3. Белдедовски, М. Штерјов, Археолошки истражувања на средновековната тврдина Исар-Кале...

ЈУЖЕН СЕКТОР

Западно бедемско платно

Темелната основа на западниот бедем од акрополот е зачувана во целата негова должина од околу 100 м. Неговата широчина се движи од 2.70-2.80 м во северното крило, 1.60-2.00 M во средишниот дел кај новооткриената внатрешна кула (кула бр. 5) и 2.60 до над 3 м во крајниот јужен дел на јужното крило од акрополот, каде што западниот бедем се двои во два крака. Едниот крак кон југоисток преминува во јужниот бедем на акрополот, а другиот кон југ продолжува како дел од западниот бедем на тврдината (Пл. Г). На одделни места зачуваната висина на бедемското платно се движи од 3.30 до 3.50 м, а кај кулата бр. 5 и до 4 м.

Јужно бедемско платно

Јужното бедемско платно во должина од 25 м е составено од два крака, југозападен и Јужен крак. Во средишниот дел од бедемот била вградена правоаголна кула со проекција кон надвор. Со исклучок на југозападниот дел каде што бедемот е зачуван во висина од над 3 м, останатите делови на бедемот и кулата регистрирани се само делумно во темелната основа. Широчината на бедемот во југозападниот дел е од 3.00-3.30 м, а зачуван е во висина до над 3 м (ел. 3). Во неговата источна фасада се вградени скалила кои водат до високата одбранбена платформа (сл. 4). Изведено е само делумно документирање на јужната кула - кула Ор. 6. Поголемиот дел од основата на кулата се наоѓа под темелите на постојниот објект на мртв.

На овој поширок простор од јужното и источното бедемско платно, покрај бројната фрагментирана керамика, откриени се поголем број врвови од стрели, камени ѓулиња (болиди), железна мамуза и една во голем дел деформирана раносредновековна железна фибула (1.1.

Сл. 3. Дел од западното и југозападното Сл. 4. Поглед на скалилата во бедемско платно. југозападното бедемско платно.
Сл. 3. Дел од западното и југозападното Сл. 4. Поглед на скалилата во бедемско платно. југозападното бедемско платно.

Јужна цистерна (цистерна бр. 1)

На просторот од јужната половина на акрополот (Јужен сектор) регистрирана е јужната цистерна (цистерна бр. |). Објектот е длабоко вкопан и изграден во карпестата почва со габарит од 9.70 x 5.50 м и внатрешна површина од 8.00 x 4.00 м (ИЛ. II, сл. 5), Лоциран е непосредно пред денешните објекти на мртв со оријентиран во правец север-југ. На длабочина од 3.20 м во средишниот дел на објектот, во растреслив слој земја регистриран е завршниот дел од вкопаната громобранска лента на инсталациите од релејните објекти на мртв.

Сл. 5. Јужна цистерна - цистерна бр. 1.
Сл. 5. Јужна цистерна - цистерна бр. 1.

Во идната маса на цистерната на ниво од -2.30 м изведено е проширување, ОЈНОСНО зацврстување по должината на северниот зид за околу 0.30 м. На истото ниво идентична состојба е констатирана и на спротивниот јужен зид од цистерната. Со натамошните откопи во длабочина на североисточниот аголен простор на објектот во најголем дел е отстрануван 3. Белдедовски, М. Штерјов, Археолошки истражувања на средновековната тврдина Исар-Кале... шут, ситен и крупен градежен камен, бел и хидростатен малтер и фрагментирани камени плочи. Констатирани се извесен број на фрагменти од средновековни керамички садови. На ниво од -5.40 м од почетното ниво на откопот, во североисточниот агол од цистерната откриен с подот изведен од камени плочи поставени врз подлога од хидростатен малтер. Поради лоцираноста на завршните делови од громобраните во средината на цистерната натамошното нејзино истражување, односно празнење е оневозможено.

Сл. 6. Остатоци од станбен објект.
Сл. 6. Остатоци од станбен објект.

Остатоци од станбени објекти

Северозападно од цистерната, по должината на западното бедемско платно, откриени се нецелосни темелни остатоци од неколку простории, средновековни куќи градени од камен и кал (Пл. II, сл. 6). Архитектурата на објектите е уништена со нестручни откопувања во минатото, а преку нив, кон север, поминува и една од громобранските ленти од објектот на мртв, при што е дојдено до дополнително руинирање на објектите. Во наведените простории и пошироко на просторот од Јужниот сектор регистрирани се делови од огништа, пепел и јаглен, фрагментирана огнишна и луксузна трпезна керамика од среднвековниот и раниот османлиски период (Т.ІІІ, сл. 1-6), како и делови од неколку камени мелници-рачници (Т. I, Сл. Ги 2.). е на два дела - јужна и северна половина. Во средишниот дел вградени се двете одбранбени кули - главна кула (кула бр. 2 ) и кула бр. 3 (Пл. П).

Сл. 7. Малтерна подлога од влезот во јужното крило На акрополата, поглед од југ.
Сл. 7. Малтерна подлога од влезот во јужното крило на акрополата, поглед од југ.

На јужната половина од источното бедемско платно во должина од околу 40 м регистриран е дел од темелните остатоци на бедемот поставен директно по косината на карпестата подлога (Пл. П). Со отстранувањето на рушевините и со изведените плитки откопи од земја и шут во квадрат Д10. на просторот пред јужниот зид од кулата бр. 2 (главна кула) констатиравме остатоци од влезот во јужното крило на акрополот (сл. 7). Теренот на овој простор од запад кон исток паѓа под доста стрмен агол. Таквата природна положба искористена с за проектирање маркантен широк влез со поставување скалила врз карпестата подлога. Релативно добро зачуваното највисоко скалило (прагот) на самиот влез во акрополот укажува дека целокупното скалиште во должина од околу 8.00 м било изведено во компактен варов малтер. Зачуваната малтерна основа на влезот со остатоци од основа - носач на вратата од портата - е со димензии 3.00 х 2.50 м. Кружното лежиште за дрвениот столб носач на дрвената, најверојатно двокрилна врата, е со пречник од 0.25 м. Нецелосно зачуваната широчина на портата изнесувала 3.00 м (сл. 7).

Југозападно, во непосредна близина на портата, регистриран е дел од темелна основа на мала еднокорабна црква (апсидата на црквата и дел од северниот и јужниот зид) со приближни димензии од 8.00 х 4.70 м (Пл. П). На просторот меѓу влезот и апсидата на црквата откриени се осум гробни конструкции, регистрирани во најголен дел источно од 3. Белдедовски, М. Штерјов, Археолошки истражувања на средновековната тврдина Исар-Каге... јужното крило на акрополот (сл. 8). Најголем дел од гробовите се најдени во деструктивна состојба (нелегално отворани) и без гробни наоди. При истражувањето и чистењето на гробните раки, вкопани на просторот од влезот во јужното крило на акрополот, регистрирано е уште едно кружно лежиште за столб во малтерната подлога како носач на портата. Со овие дополнителни податоци со потполна сигурност се дефинра постоењето на маркантен влез во акрополот. Дел од гробовите, поставени врз темелната основа на бедемот и на самиот влез, ни укажува дека сакралниот објект - црквата и некрополата - се од времето по освојувањето на тврдината од страна на османлиите кон крајот на XIV век. Јужно од влезот, по косините на карпестата подлога, констатирани се малтерни остатоци и голема количина на шут - градежен материјал од до темел разрушена кула, најверојатно пандант на главната кула.

Сл. 8. Гробни конструкции вкопани на просторот од влезот во ужното крило на акрополата.
Сл. 8. Гробни конструкции вкопани на просторот од влезот во ужното крило на акрополата.

Гроб бр. 1. Во квадратот Г8, врз темелните остатоци од источниот бедем регистрирани, се дислоцирани коски од човечки скелет и две плочи од гробна конструкција, исто така дислоцирани.

Гроб бр. 2. Лоциран е во квадратот Г10 пред апсидата на црквата. Најдена се вкопана гробна рака без камена конструкција; скелет на дете (бебе); должината на скелетот изнесува до 0.80 M; коските од скелетот се во фаза на распаѓање. Гробот е без прилози.

Гроб бр. 3. Лоциран е до гробот бр. 2, непосредно пред апсидата на црквата. Гробот индивидуи. Од источната страна, над главата, регистрирана е вертикално поставена камена плоча. Единствен зачуван наод е едно бронзено топчесто копче.

Сл. 9. Главна кула - донжон, поглед од запад.
Сл. 9. Главна кула - донжон, поглед од запад.

Гроб бр. 4 и 5. Најдени се остатоци од две гробни раки една до друга во квадратот Г10, вкопани во малтерната подлога од влезот во јужното крило на акрополот. Гробовите биле претходно отворани. Во гробовите е констатиран остеолошки материјал од долните делови на детски скелети. Други наоди не се регистрирани.

Гроб бр. 6 и 7. Гробот бр. 6 е регистриран како гробна јама вкопана во малтрерната подлога од прагот на влезот во акрополот. Во прашање е гроб на дете. Гробот претходно е отворан. Од скелетот подобро зачуван е само дел од черепот. Не се регистрирани гробни прилози. Како остатоци од гробот бр. 7 регистрирана е мала гробна јама пред апсидата на црквата, без камени плочи, со мала количина од дислоцирани остеолошки остатоци.

Гроб бр. 8. Најдена е гробна рака лоцирана во квадрат Г11, непосредно до аголот од западниот и јужниот зид на главната кула. Правоаголната гробна рака е изведена со бројни ситни, вертикално поставени камени плочи. Гробот е без покривна конструкција. Скелетот е релативно добро сочуван. Скелетот на покојникот е регистриран во необична положба - поставен е странично со згрчени нозе. Во гробот е регистрирана кородирана бронзена фибила од раноантичниот период V-IV век, т.н. малоазиски тип фибули (1.1. сл. 6). Фибулата најверојатно е случајно упадната во гробот при погребувањето на покојникот.

Јужниот дел од источното бедемско платно на север завршува со кулата бр. 2; односно

Илустрација, стр. 442

ната. Објектот е со габарит од 10 x 8 м и широчина на зидовите до 2 м. Челниот - источниот зид - од исток е зачуван во висина од над 12 м. Влезот во објектот е од западната страна (Пл. Џи сл. 9). Во објектот се влегувало преку високи дрвени скалила 1.80 м и влез широк | м.

Средишен дел на акрополата

Јужното крило на акрополот на север завршува со новооткриената внатрешна кула (кула бр. 5) во квадрат b12 и Г13. Кулата е нумерирана како кула бр. 5 според нумерацијата на досега регистрираните кули дадена во идејниот општ план на тврдината Исар. Објектот е со габарит од 10 x 7.50 м и внатрешен простор од 6.30 x 4.70 м (Пл. Пи сл. 10).

За западен зид на објектот искористен е дел од западниот бедем на тврдината кој на овој простор од широчина 2.80 м се стеснува и изнесува 1.60 м. Широчината на останатите зидови изнесува: северниот 1.40, јужниот 1.50 и источниот 1.50 м. Во кулата се влегува од исток преку влез широк 1.05 м. Кулата е градена од кршен гранитен камен и варов малтер. На одделни места во зидовите на објектот вградувани се фрагменти од градежни тули и тегули. 5идовите однадвор завршуваат со благо назначени украсни запци - пиластри.

Наспроти новооткриената внатрешна кула, во средишниот дел од источното бедемско платно на просторот до северниот зид на главната кула (кула бр. 2) со длабоките откопи откриен е преграден зид кој се простира кон запад во должина од 4.50 м. Со натамошните откопи на просторот меѓу овој преграден зид и внатрешната кула во средишниот дел на акрополот констатиран е влез за комуникација меѓу јужниот и северниот дел на акрополот (Пл. П).

Со овие новооткриени архитектонски елементи во средишниот дел на акрополот се дојде до многу значајни сознанија за внатрешното уредување на акрополот, најутврдениот дел од средновековната тврдина - феудалниот дворец. Акрополот практично е поделен на два дела, северно и јужно крило. Во акрополот од исток се влегувало преку два влеза. Веќе порано регистрираниот северен влез меѓу кулите бр. 2 и 3, преку кој се влегува во северното крило? и новооткриениот маркантен јужен влез преку кој се влегува во јужното крило (Пл. П).

Значајно е да се напомене дека при истражувањето на Јужниот сектор од акрополот регистрирани се бројни ситни фрагменти од античка ахитектонско декоративна мермерна пластика (Т. II, сл. 3-6).

СЕВЕРЕН СЕКТОР

Западното бедемско платно.

Северниот дел од западното бедемско платно на акрополата лоцирано во квадратите В13- 18 во однос на останатите бедеми е најдобро зачуван. Бедемот е зачуван речиси во целата негова должина од околу 48 м. (Пл. Ги Ил, Сл.11). Бедемското платно е со широчина од 2.70-2.80 м, а сзачувано с во висина и до 4 м во неговиот јужен дел кај внатрешната кула (кула бр.5). На овој највисок дел од бедемот видливи се и делови од одбранбената платформа.

На широкиот простор меѓу кулата бр. 5 и северната цистерна, на кој според И. Микулчиќ најверојатно била лоцирана палатата на дворецот,3 не се зачувани некои поголеми видливи материјални остатоци. Од овој претпоставен објект како единствени траги сведочат бројните хоризонтални дупки во западното бедемско платно во кои биле вметнати дрвените греди како хоризонтални носачи на конструкцијата од објектот. За западен зид на палатата бил искористен дел од зпадното бедемско платно. Јужен зид на објектот веројатно претставувал 3. Белдедовски, М. Штерјов, Археолошки истражувања на средновековната тврдина Исар-Кале...

Сл. 13. Северна цистерна - цистерна бр. 2.
Сл. 13. Северна цистерна - цистерна бр. 2.

северниот зид од кулата бр. 5. На просторот непосредно пред цистерната регистрирани се темелни остатоци од широк зид, граден од камен и малтер, кој под прав агол се спојува со западното бедемско патно. Овие темелни остатоци веројатно се дел од северниот зид на претпоставената палата.

Како прилог за постоење ваков тип објект можеби сведочат и наодите од бројни ситни фрагменти од глеѓосана луксузна трпезна керамика работена во зграфито техника, како и керамички фрагменти од саксии за одгледување цвеќиња (ТУ, сл. Ги 2 ).

На просторот по должината на западниот бедем, северно од цистерната, во квадратите B17 и B18, истражуван е поголем простор во должина од околу 10 м и широчина од 6.50 м. Нецелосно е откриена правоаголна просторија, веројатно од стопански крактер со приближни димензии 10 x 6 м. За западен зид на просторијата искористен е дел од западниот бедем. Јужниот и источниот зид се само делумно зачувани во темелната основа, додека северниот не е зачуван. Подот на објектот бил изведен со нивелационен малтерен слој кој е зачуван одместо-наместо. Во југозападниот дел на просторијата, во малтерниот под регистрирани се три кружни отвори веројатно лежишта за дрвени носачи.

При откривањето на објектот, во слој од сива земја, гареж и пепел, регистриран е значителен керамички материјал, фрагментирана и половично зачувана огнишна керамика: грниња со една држалка, делови од подници, стомни и мали питоси, како и поголема количина фрагментирана луксузна трпезна керамика. Од трпезната керамика застапени се: плитки чинии, длабоки чинии (паници) и делови од бокали и чаши.

На крајниот северен дел до просторијата во карпестата почва регистрирана е длабока конусна јама со длабочина од 1.50 м.

На просторот до западниот бедем, непосредно до или во рамките на правоаголната просторија, со откопите во длабочина од 0.20 м регистриран е мал објект со кружна основа, однатре обложен со вертикално поставени обработени правоаголни камени плочи. Подот, исто така, бил обложен со камени плочи чии делови се најдени дислоцирани во уништениот северен дел на објектот. Во прашање е мал базен - када - со кружна основа, чии внатрешен пречник изнесува 2.20 м и длабочина од 0.50 м (сл. 12). Кружниот зид е широк 0.50 м. Од јужната страна на базенот, наспроти цистерната, зачувани се остатоци од керамичка цевка -водопроводна тубула - веројатно дел од водопроводната инсталација за довод на вода од цистерната до кадата. На мала површина под подот на базенот изведени се откопи, при што е констатиран дел од сувозид со правец север-југ.

Северна цистерна (цистерна бр.2)

Објектот е лоциран во квадратите В15 и Г15, со внатрешна површина од 7.50 х 4.00 м ориинетиран во правец северозапад-југоисток (сл. 13). Градена е од истиот материал со кој е градена јужната цистерна. За време на откопите, односно празнењето на цистерната во нејзината северозападна половина на ниво -2.10 м, откриена е подна површина од тули - печени плитари произведени во поново време (сл. 13). Во шутот се пронајдени поголем број чаури и пачки, како и делови од шаржери од стрелачко војничко оружје. Овие податоци јасно укажуваат дека објектот во поново време бил во секундарна употреба, односно за привремен престој на воени единици, како за времето на балканските војни и Првата светска војна така и за времето на поранешна Југославија.

Празнењето на цистерната во југоисточната половина е изведено до ниво од -4.20 м. На ова ниво констатиран е подот на цистерната изведен од камени плочи поставени врз слој од хидростатен малтер. Во моментот на откривање регистрираната подна површина е во добра состојба.

При овие длабоки откопи на насип од градежен шут регистрирана е поголема количина on фраг ментирани керамички садови карактеристични за доцниот среден век. Истовремено, 3. Белдедовски, М. Штерјов, Археолошки истражувања на средновековната тврдина Исар-Кале... регистрирана е иако во помала количина и фрагментирана керамика од доцната антика. Во отстранетиот шут пронајдени се и делови од железни предмети - ковани железни клинови, тока, клуч, чук, ножеви и друг материјал.

Северно бедемско платно

Со истражувањата изведени во квадратите Б!7 и Б18 и B17 и B18 во целост е откриена темелната основа на северниот бедем од акрополот кој е лоциран на највисокиот дел од Исарот, висинска кота 398.236 м.

Плитките откопи на градежен шут (камен и малтер) и сосема мала количина на земја по трасата на бедемот ја дадоа следната состојба. Остатоците од темелната основа на бедемското платно лежат директно на карпестата почва од теренот. Зачуваноста на темелната основа е минимална. Северниот бедем однадвор, од север, е со тростран полигонален завршеток. Челото на бедемот е со приближна должина од околу 2.00 м, североисточниот дел е долг до 7.00 м, а откриениот северозападен дел изнесува околу 8.00 м. Во овој момент на истраженост точната широчина на бедемот не може со сигурност да се одреди. На одделни места широк е и над 2.50 м. Евидентно е повеќекратно прекопување и уништување на темелната основа.

На североисточниот дел од бедемот видливи се две градежни фази, првата од времето на доцната антика, а втората е средновековна. На овој дел од бедемот, навнатре, регистрирани се остатоци од подна површина од камен и малтер во вид на калдрма, што упатува на подна површина од внатрешна одбранбена кула - северна кула на акрополот (кула бр. 7). Подот на кулата во поголем дел е уништен со вкопување на кружен отвор со пречник од 2.20 м страинчно кружно иззидан со камен во сувоѕид. Оваа градба претставува митролеско гнездо веројатно од времето на балканските војни или Првата светска војна. Непосредно до оваа градба врз бедемот регистриран е уште еден сличен објект но со правоаголна форма. При откривањето на овој дел од бедемот констатирани се поголем број чаури од стрелачко оружје. На североисточниот дел од бедемот однадвор, кон исток, се надоврзува зид широк 0.60 м во должина од 6.00 м. 5идот е регистриран во темелна основа.

При откривањето на северниот бедем, покрај фрагменти од средновековна керамика, регистрирани се и помал број фрагменти од керамички садови и делови од тегулли - ќерамиди карактеристични за доцната антика. Гореизнесените податоци јасно укажуваат дека на овој поширок простор постоел доцноантички рефугиум.

Северен дел од источното бедемско платно

Во северниот дел од источното бедемско платно, меѓу кулата бр. 2 и кулата бр. 3, вграден е влез кој води во северното крило на акрополот, регистриран од порано (Пл. Ил, сл. 14). Влезот е со широчина од 1.60 м.

Непосредно северно од влезот во квадратите Д13 и Д14 изведедено е целосно дооткривање и регистрирање на источниот и северниот зид од кулата бр. 3, со што ја добивме основата на објектот со габарит од 7.50 x 7.10 м. Кулата е зачувана само во темелната основа (Пл. II, сл. 15). Трасата на темелната основа на бедемот со широчина од 2.50 м кон север се следи во должина од околу 9.00 M, каде што со дополнително дозидување зидот е проширен за околу 1.50 M?. Ова можно проширување на бедемот кое достигнува и до 4.00 м укажува на можна втора градежна фаза. Понатаму, кон север, основата на бедемот може да се следи само од неговата источна страна. При овие откопи од двете страни на бедемот во длабочина од 0.60 до 0.80 м регистрирани се бројни фрагменти од керамички садови и извесен број помали и поголеми

Илустрација, стр. 447

3. Белдедовски, М. Штерјов, Археолошки истражувања на средновековната тврдина Исар-Кале...

Во текот на реализацијата на проектот истражувањата се проширени и на јужниот и северниот дел од западното бедемско платно од тврдина надвор од акрополот.

Од евидентираниот малоброен нумизматички материјал ги регистрираме следните примероци:

1. Теодосиј П (402-450);

2. Маркијан (450-457);

3. Жетон од XVII век (1690-1719) - Римско Германско Царство;

4. Махмуд П (1808-1839);

5. Абдулмеџит4 (1839-1861).

Изведено е и инцидентно археолошко рекогносцирање во источното подножие на Исарот, поточно, на потесниот простор околу црквата Св. Архангел Михаил. Регистрирани се неколку значајни археолошки податоци и артефакти. Во архитектурата на црквата Св. Архангел Михаил се вградени неколку сполии од антички објекти, меѓу кои, едно мено и капител и две колони (столбови) од ранохристијанска базилика познати и од порано.5 Во дворот на куќата на улица „Бел Камен“ бр. 24, сопственост на Тодоров Костадинчо, во ограден зид од скалила вграден е дел од мермерна глава (лево уво и прамени од коса) од античка статуа (T.IV, сл. 3). Овде го регистрираме и новопронајденото мермерно торзо од војничка, можеби императорска статуа од римско време пронајдена во подножјето на Исарот6 (ТУ, сл. 4).5

Т. I. Сл. 1 и 2 - врвови од стрели; Сл. 3 - камени ѓулиња; Сл. 4 - мамуза; Cua. 5 - фибула; Сл. 6 - фибула.
Т. I. Сл. 1 и 2 - врвови од стрели; Сл. 3 - камени ѓулиња; Сл. 4 - мамуза; Сил. 5 - фибула; Сл. 6 - фибула.
Илустрација, стр. 450
Сл.4- чинија; Сл.5 - бардак; Сл. 6 - чајник.
Сл.4- чинија; Сл.5 - бардак; Сл. 6 - чајник.

T. Ш. Реконструирани керамички садови: Сл. 1 и 2 - грне; Сл. 3 - паница;

Илустрација, стр. 452

ZVONKO BELDEDOVSKI

MITKO STERJOV

NI for Preservation of the Monuments of Culture and Museum - Stip

ARCHAEOLOGICAL INVESTIGATIONS OF THE MEDIEVAL FORTRESS ISAR-KALE, STIP, IN 2008

Белешки

  1. Македонија, кога Штип за подолго време ocr анува Под српска власт, се карактеризира со ↩
  2. Приказ на историските податоци и материјалните остатои за средновековен Штип види кај: Белдедовски З., 1977, 195-214; Белдедовски 3., 1978, 217-226; Белдедовски 3.1998, 7-19 и Белдедовски 3., 1999, 357-372 и таму назначена ↩
  3. Јужен дел од источното бедемско платно ↩
  4. Одредена е целокупната траса на простирање на темелната основа од источното бедемско платно во должина од над 110 м. Лоцирано е на просторот од квадратите Д6 до Д18. Поделено темелните остатоци од еднокорабната црква и на просторот од новооткриениот влез во претходно е отворан. Во поголем деле дислоциран остеолошки материал од две возрасни главната кула - доносон - најдобро зачуваниот објект од целокупната архитектура на тврди- ↩
  5. Влезот е откриен и дефиниран при изведувањето на заштитните конзерваторски интервенции на главната кула - донжонот - кои ги изведе Завод и музеј Штип во 1997-1998 година. Резултатите од заштитните конзерваторски интервенции на главната кула не се публикувани. ↩
  6. Микулчиќ И., 1996, 351-156, 354. ковани железни клинови и животински коски. ↩
  7. Нумизматичка обработка: Гордана Јанева, археолог-нумизматичар. ↩
  8. Белдедовски 3., 1990, 13, забелешка 16. ↩
  9. Плановите се изработени од Љубица Кљонкова, архитект - виш конзерватор, фотографии Киро Спасов и Гоце Пандазиев, конзервација и реконструкција на керамичкиот материјал, Билјана Веселинова, конзерватор-керамичар. Проектот го реализира стручна екипа во состав: 3. Белдедовски археолог-советник, раководител на Проектот, М. Штерјов, археолог-конзерватор, м-р Г. Јанева археолог-нумизматичар, Љ. Кљонкова, архитект - виш конзерватор, м-р М. Миленкоски археолог, Б. Веселинова, конзерватор-керамичар. 3. Николов археолог, м-р A. Јованова археолог, ЈІ. Стојановски археолог, Г. Новаковиќ археолог, Г. Пандазиев, апсолвент на археологија, П. Костов археолог, К. Спасов фотограф и Д. Димовски архивист. by which one could enter the south wing (PI. IT). ↩

Summary

Archaeological Investigations of the Medieval Fortress Isar-Kale, Stip, in 2008

The archaeological site of Isar, a medieval settlement and the fortified medieval city of Stip, is located in the western part of the modern city of Stip, on a dominant hill between the rivers Bregalnica and Otinja. From the bed of the Bregalnica it rises 100 to 150 m (PI. I; fig. 1).

Archaeological investigations of the medieval fortress, Isar-Kale, Stip, which are included in the series of Capital Projects financed by the government of R. Macedonia, were carried out on the site of the Acropolis in 2008 (fig. 2).

SOUTHERN SECTOR

The west and southeast fortification wall

The foundation of the west fortification wall of the acropolis is preserved along its whole length of ca. 100 m. In a few places the preserved height of the wall fabric rises to 3.30 to 3.50 m, and at Tower 5 to 4m (PI. II, figs. 2 and 11).

The fabric of the south fortification wall for a length of 25 m consists of two parts, a southwest and a south part. Into its eastern facade are built steps, which lead to a high defensive platform (fig. 4).

On this broader area beside the south and east fabric of the fortification wall, in addition to numerous ceramic sherds, a rather large number of arrowheads, stone ballista balls, iron spurs, and an early medieval iron fibula were found (T.I, figs 1-5).

In the area beside the south fortification wall of the acropolis the south cistern (Cistern #1) was noted. Dug deeply into the rocky ground, it was built with dimensions of 9.70 x 5.50 m (PI. II, fig. 5). Northwest of the cistern, along the length of the west fortification wall, remains of the incomplete foundations of several rooms, medieval houses, were found (PI. II, fig. 6). In these rooms and more widely in the southern sector, cooking and luxurious table pottery from the medieval and early Ottoman periods was noted (T. III, figs 1-6), as well as pieces of stone handmills (T. II, Fig. 1 and 2).

The complete course of the foundation of the fabric of the east fortification wall was determined for a length of more than 100 m. It is divided into two parts, north and south halves. In the central section were built two defensive towers, a main tower (Tower #2) and Tower 3 (PI. IL). At the south wall of Tower 2, an imposing entrance into the south wing of the acropolis was discovered (fig. 7). To the southwest, in the immediate vicinity of the gate, a part of the foundation of a small one-aisle church with a necropolis was noted (PI. II).

The southern part of the east fortification wall ends at the north with Tower 2, the main towerdonjon, the best preserved building of all the architecture of the fortress (PI. II and fig. 9). The south wing of the acropolis ends at the north with the newly-discovered inner tower (Tower #5) (PI. II and fig. 10), by which the acropolis is divided into two parts, a north and a south wing. One entered the acropolis from the east through two entrances: the earlier mentioned north entrance between Towers 2 and 3, by which one entered the north wing, and the newly-discovered, imposing south entrance 3. Белдедовски, М. Штерјов, Археолошки истражувања на средновековната тврдина Исар-Кале...

It is important to mention that during the investigation of the southern sector of the acropolis, numerous small marble fragments of decorated ancient architectural sculpture were noted (T. II, figs 3-6).

NORTHERN SECTOR

The west, north, and east fortification wall

Investigations in the area of the northern sector provided the following results. The northern part of the west fortification wall was documented in its entirely for a length of ca. 48 m (PI. I and II, fig. 11). In the space along the length of the wall were noted architectural remains of a former palace, buildings of commercial character, and a pool/basin (PI. Il, fig. 12). The northern cistern (Cistern #2) was partly investigated; it had been dug into the rocky landscape with interior dimensions of 7.50 x 4 m (fig. 13). Remains of the foundations of the northern part of the east fortification wall were completely recorded for a length of more than 40 m; into it had been built Tower 3 and an entrance into the north wing of the acropolis. The tower had dimensions of 7.50 x 7.10 m, but was preserved only7 in foundation (PI. II, fig. 15). The remains of the foundation of the north fortification wall rested directly on the rocky soil. On the exterior the north wall had on the north a three-sided, polygonal end. In some places it was more than 2.50 m wide, but the foundations had experienced numerous quarryings and destructions. In the northeast part of8 the fortification wall two construction phases were visible, the first from the period of Late Antiquity and the second medieval. Here on the interior of the wall remains of a floor level of9 stone and mortar were noted: it took the form of a kaldrma which suggests the floor of an interior defensive tower-the northern tower of the acropolis (Tower #7).

Through surveys carried out in the eastern suburb of the fortress fragments of ancient marble statuary were recorded; they included part of a head and torso of a military statue, perhaps that of an imperor (T. IV, figs. 3 and 4).

Библиографија