Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 421–432

Неколку археолошки наоди со претстави на светите воини

Во близина на Маркови Кули во Прилеп. како случаен наод е откриен мал оловен предмет во оштетена состојба (сл. 1).1 Станува збор за оловна ампула за свето миро и засега е единствен ваков наод во Македонија.2

Ампулата е мала, со висина од 7 см и пречник од 5 см. Има проширен врат и кружно сплескано тело, со две мали држалки поставени една спроти друга (едната е скршена). Направена е од две посебно излиени половини, кои потоа се споени со лемење. Од двете страни се украсени со разновидна орнаментика и фигурални претстави во низок релјеф. Од едната страна на ампулата - во медалјон - е прикажана допојасна претстава на светителка со нимб и велум, кој се спушта од главата до градите. Десната рака е свиткана и држи крст, додека левата страна е уништена. Покрај десната рака тешко се чита натписот НАТІА, додека од другата страна одвај е видлив натписот ΘΕΟ. По работ на ампулата се наоѓа бордура од закосени линии, наизменично насочени кон двете страни. Вратот е украсен со две вкрстени линии, меѓу кои има кругови. Од другата страна е слична композицијата, но ампулата тука е многу оштетена, па е тешка за распознавање. Сепак, со внимателно набљудување се забележува дека и тука има фигура со нимб, која од својата лева страна носи нешто налик на копје, под кое одвај се чита АНМ(Т)Р. Декорацијата е слична како претходната, со тоа што на работ од ампулата има и спирални орнаменти.

Треба да се напомене дека ампулата се разликува од познатите ранохристијански ампули од теракота",3 затоа што спаѓа во посебна група, датирана во средниот век.4 За разлика од постарите, таа е оловна, а за попрецизно хронолошко определување и нејзината намена можат да ни послужат аплицираните претстави. Појавата на првите ампули се совпаѓа со појавата на аџилакот. Аџилакот се јавува веднаш по легализирањето на христијанството преку Миланскиот едикт (313), кога голем број луѓе од сите општествени слоеви почнале да ги посетуваат светите места во Палестина поврзани со животот и страдањата на Христос.5 На враќање кон дома со себе носеле некој спомен (земја, камен, вода и сл.) од посетените места, верувајќи дека имаат посебна моќ. Веќе во следните векови места за аџилак стануваат и другите светилишта кои не се поврзани само со Христос, туку и со останатите локални светители. Меѓу нив, едни од најстарите, се секако Калат Семан, каде што живеел Св. Симеон Столпник Постариот од крајот V век,6 светилиштето на Св. Симеон Помладиот близу Антиохија од VI век, светилиштето на Св. Мина кај Александрија од У-УП век и црквата на Св. Јован Богослов во Ефес од VI-VII век. Во овие места за аџиите биле подготвувани специјално изработени предмети наречени еулогија (благослов), кои имале иста функција како и сувенирите што претходно со себе ги земале од Светата земја. Тоа најчесто биле плочки од теракота изработени од земјата околу светилиштето и на нив се наоѓала претстава на светителот (како на сулогиите на светите Симеони)7 или, пак, имале форма на мали шишенца од теракота (ампули) со претстави на светителот кои биле полни со свето масло - миро - (од гробот на Св. Мина кај Александрија)8 и свет прав (од гробот на Св. Јован Богослов)“.9 Во најстарите еулогии секако треба да ги наброиме и познатите Монца/ Бобио ампули од VI-VII век од Ерусалим, украсени со сцени од Христовиот живот или, па,к со претстави на светите места - Гробот на Исус и Исусовиот крст.10

Илустрација, стр. 422
Илустрација, стр. 422
Сл. 1. Оловна ампула со претстава на Св. Теодора и Св. Димитрија.
Сл. 1. Оловна ампула со претстава на Св. Теодора и Св. Димитрија.

Во литературата е укажано на постоење можни места за аџилак и во Македонија: апсидалните крипти во Епископската базилика во Стоби, како и оние во Св. Софија во Солун и базиликата од ул. „Трети септември“ во Солун, кои, според својата архитектура можеби биле користени од аџиите за оддавање почит на некој локален светител.11 Заедничко за сите ампули е тоа што на себе имаат претстави на светителот од местото од каде што потекнуваат. Иако оштетена, прилепската ампула дозволува на неа да ги идентификуваме солунските светители Св. Димитрија и Св. Теодора, првиот претставен како воин, другата како монахиња. Всушност, Св. Теодора потекнува од островот Егина, но се закалуѓерува и умира во Солун во 892 год., во манастирот Св. Стефан.12 Според изворите, веќе околу 900 год. од нејзиниот гроб потекува миро.13 Поради тоа, продукцијата на овој тип ампули, наречени од локалното население koutruvia, сигурно е лоцирана во Солун, кој во тоа време, покрај Цариград, станува уште еден центар за аџилак. Постои цела серија ампули со претстава на заштитникот на Солун - Св. Димитрија - од едната страна, додека од другата, освен Св. Теодора, може да бидат и Св. Ѓорѓи, Св. Нестор или Богородица.14 Кутрувионите со претстава на Св. Димитрија и Св. Теодора се јавуваат во два типа, во кои варира само претставата на Св. Димитрија - тој може да биде претставен како војник (како на прилепската ампула) и како Орант во маченичка облека.15 Наоди од првиот тип се откриени во Перитеорион во Тракија, Кастро Рогон во Епир, Јаница во Егејска Македонија!“16 Атика - Мезогија во Грција.17 Сталаќ во Србија"“18 итн., а хронолошки се сместуваат од доцниот XII XV век. Во маченичка облека. како Орант е претставен на ампулите откриени во Велико Трново во Бугарија,19 во базиликата Св. Ахил на Мала Преспа?"20 и во Серез,21 додека истиот тип го среќаваме и на аплицираната ампула врз мозаичната икона на Св. Димитрија од Сасоферато и на ампулата откриена во саркофагот на Стефан Дечански.22 Ваква ампула се наоѓа и во музејот „Бенаки“ во Атина и е со непознато потекло.23

За разлика од Св. Теодора, Св. Димитрија станува мироточив најдоцна до 1040 roy. Мирото кое течело од неговиот гроб се полнело во оловните ампули се до околу 1430 год.,24 кога имаме сведоштво дека се употребувале стаклени шишенца за истата цел.25 Значи, за датирањето на кутрувионите постои широка временска рамка од ХП-ХУ век. Самата базилика на патронот на Солун имала повеќе места од каде што можело да се точи мирото - хексагоналниот цибориум кој стоел во наосот - изворот со вода во источниот дел на наосот и гробот на Св. Димитрија, кој веројатно бил во северозападните капели.26 Според археолошките истражувања, светилиштето биле изградено во близина на римските бањи кои се споменуваат во неговото житие, а дел од нив се вградени во северозападниот агол на базиликата.27 Во исто време, во наосот бил подигнат мермерен цибориум, кој веројатно во VI век се заменува со сребрен.28 Оттогаш се верува дека Св. Димитрија е во самиот цибориум, а дека неговиот гроб е под него, но археолошките испитувања не го поткрепуваат ова верување за местоположбата на гробницата.29 Всушност, според житијата. светителот се јавувал во двете соби во аголот на базиликата, лечејќи ги болните кои преспивале тука. Иако немало видлива гробна структура, Црквата тврдела дека гробот е под овие соби, но секогаш ја криела точната локација од страв од кражба на моштите. Уште тогаш доаѓале аџии кои собирале миризлива земја од тоа место и ја складирале во реликвијар во форма на цибориумот.30 Мирото се јавува најдоцна до 1040 год., и тоа во двете простории во севрозападниот агол на базиликата каде што биле сместени ларнаксот, балдахинот и иконата на светителот. Според хрониките, по 1204 год., телото на светителот било фрлено во изворот во базиликата (остаток од римските бањи), од каде што потекла река со миро.31 ?! Објаснување за овие тврдења наоѓаме во пронајдените мошти на Св. Димитрија во Италија и Франција; тие сигурно биле ограбени и донесени од Солун, што значи дека светилиштето ги изгубило најважните реликвии, клучни за неговиот статус на место за аџилак.32 Поради тоа, се раширила легендата за фрлање на светителот33 во бунар за да не се изгуби значењето на базиликата како свето место. Мирото сега било носено од бунарот, а се точело во криптата и се собирало во чинии со монограм на светителот.

Бидејќи употребата на кутрувионите е во широка временска рамка - од XII до XV век34 - во отсуство на стратиграфски податоци не може да се зборува за попрецизно датирање на примерокот од Прилеп. Ампулата од Трново, на пример, е откриена при археолошки ископувања, но во поместен културен слој, поради што постојат показатели за нејзиното рано датирање во XI-XII век да се помести во ХП-ХШ век. Од ХП-ХП! век е и ампулата од Св. Ахил на Мала Преспа,35 33 додека онаа од Перперек е датирана во третата четвртина на ХШ век.36 Од XIV век најверојатно е ампулата пронајдена во ковчегот на Стефан Дечански, како и онаа прикачена на иконата на Св. Димитрија од Cacodepato*’.37 За една од најмладите се смета ампулата од Сталаќ, која сигурно се сместува во крајот на XIV и почетокот на XV век.38 Бидејќи сите имаат слична орнаментика и речиси идентични претстави, речиси е невозможно да се определат некои позначајни обележја кои би се поврзале со определена временска рамка. Меѓутоа, следејќи ги морфолошките особености и иконографските карактеристики, нашата ампула најверојатно потекнува од XIII-XIV век. Иако постои можност и на територијата од Република Македонија да постоеле свети места кои биле посетувани од аџиите, според својот тип оваа ампула сигурно потекнува од Солун. Неа можеле да ја донесат свештениците или, пак, некој војсководец, но и секој обичен човек кој имал потреба од заштитничката улога на Св. Димитрија Мироточивиот.

2. Теракотните релјефи од Виница и реликвијарот од Оризари

Теракотните релјефи од Виница, на кои се изведени и фигури на светите воини, претставуваат бисери на македонската археологија кои досега се датирани различно, во широк временски интервал - од Ш па се до IX век. Дел од претставите изведени на нив можат да ја стеснат оваа хронолошка рамка и можат попрецизно да го определат периодот на нивното создавање.

Сл. 2. Исус Навин го сопира сонцето над Гаваон.
Сл. 2. Исус Навин го сопира сонцето над Гаваон.

Најрадикално се разликува нивното датирање во ГХ Вех, кое се темели на иконографската анализа на теракотите, нивната поврзаност со други дела од тој период, како и прашањето за нивниот нарачател. Така, на пример, преку анализа на панцирите претставени на релјефот со Исус Навин (сл. 2), посочени се аналогии со панцирите на познатиот Харбавилски триптих (датиран во X-XI век,39 сл. 3)40 ““ како и со панцирите на Св. Теодор Тирон и Св. Теодор Стратилат од реликвијарот од Оризари (датиран во XIV век, сл. 4).“!41 На тој начин е направена корекција на нивното датирање, па сите наоди се ставени во IX век,42 иако всушност никој од нив не бил датиран во тој век. Проблемот е во тоа што како заеднички елемент за сите нив е земен панцирот, кој, всушност, е дел од познатите lorica squamata панцири, карактеристични за римската војска, односно за ауксилијарната пешадија или коњаниците.43 Поради својот изглед панцирот е наречен и лушпест или крлушест, а е составен од метални плочки распоредени на тој начин што секој горен ред го поклопувал долниот, а секоја плочка ја преклопувала соседната. Но ваквиот панцир се јавува во широк временски интервал и го има на голема територија; за првпат се јавува уште во XVII век пр. не. и се шири до Асирија, Персија и цела Азија, се до Јапонија. Поради својата ефикасност

Сл. 3. Триптих од Харбавил.
Сл. 3. Триптих од Харбавил.
Сл. 4. Реликвијар од Оризари.
Сл. 4. Реликвијар од Оризари.

користен неизменет речиси осум века, што значи дека секое попрецизно датирање врз основа на овој панцир е невозможно. Тој е мегу најчесто претставуваните панцири и во византискиот период: под името klibanion тој се сретнува на повеќето претстави на светите воини, од IX до XIV век.44 Бидејќи lorica squamata е најчестиот панцир во античката и средновековната уметност, тогаш мораме да исклучиме секакво хроно- * . лошко определување врз основа на неговото претставување, односно воопшто не може да послужи како доказ за истовременост на харбавилскиот триптих, виничките теракоти и реликвијарот од Оризари.

Сл. 5. Св. Теодор
Сл. 5. Св. Теодор

Уште поуверлив доказ дека трите артефакти не треба да ги сместиме во ист период се и самите фигури кои ги среќаваме кај нив. Имено, и на харбавилскиот триптих, и на реликвијарот од Оризари се претставени светите45 воини Св. Теодор Тирон и Св. Теодор Стратилат. Проучувачите на нивните култови се едногласни во својата оцена дека најстарите извори зборуваат за постоење на само еден Теодор и дека до удвојување доаѓа дури во X век како резултат на ривалството на двата града Евханија и Евхаита, кои веројатно имале различни мошти од овој светител. Во секој случај, сигурно е дека до 843 год. постоел само еден Теодор, а најраното нивно удвојување е направено од Никита Давид Пафлагонецот (прва половина на X век)“,46 додека за првпат ликовно ќе се претстават околу 985 год., во илустрираниот менолог на Василиј П.47 Меѓутоа, уште долго време ќе се претставува само еден еден Теодор, а до дефинитивно удвојување ќе дојде дури во XII век, како резултат на уништувањето на Евханија и Евхаита од страна на Турците, по што нивните мошти се пренесени во Сер. Значи, и харбавилскиот триптих, и реликвијарот од Оризари со сигурност се настанати по X век, затоа што на нив е претставен Св. Теодор Стратилат, кој дотогаш не постоел. За претставата на Св. Теодор - победник над демонот од виничките теракоти пак, можеме да кажеме дека е настаната порано, затоа што врз неа не е сигнирано за кој Теодор станува збор, односно се уште не бил удвоен неговиот култ (сл. 3).

Релјефот со претстава на Св. Христофор и Св. Ѓорѓи (сл. 6) навидум го дава најубедливиот доказ дека е настанат во IX век. Според истражувачите кои го предлагаат оваа датирање, култот на Св. Христофор започнува да се шири од VI век, а неговите најрани претстави се од УП век, што би бил terminus post quem за теракотите.48 Меѓутоа, култот на овој свет воин е регистриран и пред У! век - неговата црква во Халкедон била осветена уште во 452 rou. На тој начин, можеме да заклучиме дека неговиот култ веќе бил развиен во средината на У век, и нема причина виничките теракоти да не ги датираме во тој период. Од друга страна, осветувањето на неговата црква во 452 год.49 ни ја дава долната хронолошка рамка за создавањето на теракотите.

Сл. 6. Св. Христофор и Св. Ѓорѓи
Сл. 6. Св. Христофор и Св. Ѓорѓи

И претставата на Св. Ѓорѓи содржи еден ексклузивитет кој може да ни послужи за попрецизно датирање. Имено, тој тука е претставен со брада што, пак, е уникат во неговото претставување. Сите останати негови претстави, вклучувајќи ги и најраните, ги карактеризира единствена иконографија на ликот: млад, без брада, со кадрава коса која ги покрива ушите. Ако тука го додадеме и ликот на Даниел меѓу лавовите (сл. 7), кој исто така се претставува без брада, а на дел од виничките теракоти е со брада, можеме да заклучиме дека теракотите се создавани во период кога се уште не биле канонизирани ликовите на светителите, односно пред иконоборечкиот период (843).“50 Всушност, во раното христијанство не бил канонизиран ни ликот на Исус, па затоа неговите претстави варираат и може да биде претставен со долга или кратка коса, со брада51 или без брада. Тука треба да ја исклучиме и можноста дека станува збор за неук мајстор, затоа што комплексноста на претставите зборува за богата геолошка едуцираност, а трагите од малтер на задната страна зборуваат дека теракотите биле поставени некаде, што сигурно не би можело да се случи во IX век, кога имаме строго канонизирани ликови на светители. Гледано како целина, најмногу докази одат во прилог дека теракотите настанале околу VI век (веројатно крајот на V и почетокот на VI век). Имено. латинското писмо на нив. стилските одлики и палеографските"?52 и иконографските карактеристики, се најсигурни репери при датирањето на виничките теракоти во посочениот период.53 Реликвијарот од Оризари, пак, поради претставите на Св. Теодор и останатите наоди со кои е најден, има многу повеќе аргументи кои одат во прилог на неговото датирање во XIV век отколку во IX век.

Сл. 7. Даниел меѓу7 лавовите
Сл. 7. Даниел меѓу7 лавовите

Дејан Ѓорѓиевски dejangorgievski@gmail.com

DEJAN GJORGJIEVSKI

M.1. Museum - Kumanovo

FEW ARCHAEOLOGICAL FINDS WITH

REPRESENTATIONS OF THE WARRIOR SAINTS

Белешки

  1. Наодот се чува во археолошкото депо на Институтот за (сторија на уметност и археологија во Скопје. Увидот во материјалот ми го овозможи проф. д-р Виктор Лилчиќ, за што му изразувам голема благодарност. ↩
  2. По презентирањето на овој труд на симпозиумот на манд ми беше соопштено дека постојат уште најмалку 2 ампули, кои, за жал, се уште не се документирани и публикувани. Во меѓувреме, на Археолошката изложба Македонија 2010 беа изложени уште две откриени ампули. ↩
  3. Grabar A., 1958. ↩
  4. Bakirtzis Ch., 1987, 206. ↩
  5. Vikan G., 1982, 3-6; Vikan G., 1998, 229-266. ↩
  6. Vikan G., 1998, 236 - 240. ↩
  7. Vikan G., 1998, 236 - 237. ↩
  8. Kaufmann K., 1910; Kaufmann K., 1922, 272; Kiss Z., 1969, 154-166; Kiss Z., 1971, 146-149, fig. 1-3; Kiss Z., 1973, 138-154, fig. 1-10. ↩
  9. Vikan G., 1998, 240-241, fig. 8.16 a-b. ↩
  10. Grabar A., 1958; Engemann J., 1973, 5ff; Vikan G., 1982, 20-25. ↩
  11. Snively C.S., 1995, 1179-1184. ↩
  12. Talbot A.M., 1996, 159-237. ↩
  13. Talbot A.M., 1996, 204-215. ↩
  14. Bakirtzis Ch., 1987, 205; Bakirtzis Ch., 1990, 140 - 149; Papanikola — Bakirtzis D (ед.), 2002, nos. 203-205. ↩
  15. S Bakirtzis Ch., 1987, 206. ↩
  16. Bakirtzis Ch., 1987, 206. ↩
  17. Papanikola — Bakirtzis D (ed.), 2002, 185, nos.205. ↩
  18. Минић Д., 2003, 229-233. ↩
  19. Писарев A., 1976, 46-49. ↩
  20. Moutsopoulos N., 1972, 415-416, fig.77, 78. ↩
  21. Bakirtzis Ch., 1987, 206. ↩
  22. Павловић Л., 1958, 101-103. ↩
  23. Bakirtzis Ch., 1987, 206. ↩
  24. Bakirtzis Ch., 2002, 176; Cotsonis J., 2005, 467, Еп. 352 (наведува и можни извори од раниот X век кои зборуваат за мирото на Св. Димитрија) ↩
  25. Bakirtzis Ch., 2002, 188. ↩
  26. e Bakirtzis Ch., 2002, 179-185. ↩
  27. Bakirtzis Ch., 2002, 188. ↩
  28. Bakirtzis Ch., 2002, 176-179, 181. ↩
  29. Bakirztis Ch., 2002, 192. ↩
  30. Grabar A., 1968, 446-453. ↩
  31. Bakirztis Ch., 2002, 185-187. ↩
  32. Tafrali O., 1919, 213. ↩
  33. Papanikola — Bakirtzis D., 1987, 204. ↩
  34. Залесскал В.Н., 1980, 263 — 269, ф.н. 4. ↩
  35. Moutsopoulos N., 1972, 416. ↩
  36. Герасимова B., 1972, 133-141. ↩
  37. Tlannosuh Л., 1958, 101 — 103 (ги датира во VI век). ↩
  38. Muunh JI., 2003, 232; Toumh I.- Рашковин Д.. 2009, 188-190. ↩
  39. Алексова Б., 1989, 133-135; Здравковски Д., 1997, 60 - 67; Здравковски Д., 293 - 308; Здравковски Д., 2003, 239 - 254. ↩
  40. Cutler А., 1994, 220 - 221 (датиран во третата четвртина на X век); Kalavrezou I., 1977, 319-324; Kalavrezou 1., 1997, nos.80 (датиран во средината на XI век). ↩
  41. Поленаковиќ-Стеиќ Р., 1965, 12-15. ↩
  42. Здравковски Д., 2003, 244-247. ↩
  43. Robinson H. R., 1975, 153-161. ↩
  44. Kolias T., 1988, 44-46; Parani M.G., 2003, 104-112. ↩
  45. Delehaye H., 1909, 15 - 19: Мавродинова JI., 1969, 42-52; Oikonomides N., 1986, 327-335; Марковиќ M., 1995, 504- 597; Walter Ch., 1999, 183-189; Walter Ch., 2003, 56-64. ↩
  46. e Delehave H.. 1909, 35-36. ↩
  47. Sevtenko 1., 1962, fig.12. ↩
  48. Здравковски Д., 2003, 247-252. ↩
  49. Grégoire H., 1927, 461-465. ↩
  50. Maguire H., 2000, 100-106. ↩
  51. Mathews T.F., 1999, 142-176. ↩
  52. Мелоски X., 1991, 179 - 186. ↩
  53. Димитрова Е., 1993, 207 - 214. ↩

Summary

Few Archaeological Finds with Representations of the Warrior Saints

The text deals with medieval archaeological artifacts, on which the portraits of warrior saints are depicted. The first is actually a lead ampullae with bust portraits of st. Theodora and st. Demetrius from Thessaloniki. According to the given analogies, we’ve concluded that it belongs to a special type of eulogy for holly myrrh, called by the locals the koutruvia. They were manufactured at the church of st. Demetrius at Thessaloniki, in the period from XI - XIV century. Our exemple is belonging to the newer ones, probably from the XIII - XTV century.

The other objects analised here, are well known Vinica terra-cota plaques and the reliquiary from Orizari. In the newer literature, they are dated in the IX century. Thru the pointed exemples of existing of the cult of st. Christopher already in the V century, as well as the unique iconographical features of st. George and Daniel (the beard on their faces), we presupose that they must be dated much earlier than [X century, probably in the late V or first half of the VI century.

The existing of figures of st. Theodore Theron and st. Theodore Stratelates on the reliquiary from Orizary, spreaks in favor of a later dating then IX century, probably in the XIV century, contemporary with the other chance-finds from the same treasury.

Библиографија