Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 405–420

Јустинијановата епископска фонтана во Хераклеја Линкестис

Australian Catholic University, Melbourne

Institute of History of Architecture, Art and Technic at the Technical University, Wroclaw

ЈУСТИНИЈАНОВАТА ЕПИСКОПСКА ФОНТАНА

ВО ХЕРАКЛЕЈА ЛИНКЕСТИС

Omnia quae cernis magno constructa labore moenia, templa, domus, fontes, stabula, atria, thermas, auxilio Crristi (sic) paucis construxit in annis antistes Stephanus sub principe Iustiniano.1

Хераклеја Линкестис прераснува во просперитетен град меѓу 148 и 120 год. пр. н.е со изградбата на римскиот воен пат Виа Егнација, при управувањето на проконзулот Гнаеос Егнатиос.2 Таа беше лоцирана на стратешка крстосница, контролирајќи ги премините од Илирија во Горна Македонија и поврзувајќи ја Виа Егнација со Стоби и коридорот Вардар - Морава. За време на походот на Јулиј Цезар во 48 год. пр. н.е. Хераклеја беше главен воен центар за снабдување меѓу Јадранското Море и Солун. Градот се развива во времето на императорот Хадријан (76-138) и за време на династијата на Антонините меѓу 38 и 180 година. Раните урбани делови на Хераклеја се од раниот II век од н.е., од Хадријан до доцниот северијански период.3 кога се започнати градежните активности околу изградбата на театарот, форумот и портикот.4 Забележителен просперитет Хераклеја достигна при римскиот император од африканско потекло, Септимиј Север, кој, враќајки се од источните провинции во 202 година кусо престојуваше овде.5 Тој ја унапреди со статусот Civitas, преименувајќи ја во Septimia Aurelia Heraclea,6 но и развивајќи го урбаниот профил со јавни градби и триумфална Р. Михајловски, J. Розпендовски, Јустинијановата епископска фонтана во Хераклеја Линкестис порта. Во овој период е започната изградба на водоводот, а на источната страна од театарот е подигната јавна фонтана, т.е. нимфеум7 (сл. 1. Мапа на Хераклеја, И. Микулчиќ). Традиционално, јавните фонтани беа градени на главните крстосници, како што се во Помпеја, Стабија или Nymfaeum magnus на Forum Tauri во Константинопол.8

Сл. 1. План на Хераклеја
Сл. 1. План на Хераклеја

Снабдувањето со свежа вода во Хераклеја беше од рекичката Сива Вода и од бунарите, но беше изграден и римски водовод кој ја спроведуваше квалитетната вода од изворите Дванаесет кладенци на планината Неолица. Според истражувањата на К. Петров, водоводот беше комбинација од тубули и канал од камен и малтер долг околу 6200 метри, кој доаѓаше од Неолица на околу 900 метри надморска висина и водеше до ридот Тумбеки. Истражувањата покажаа дека водоводот се спушташе до северозападната кула на акрополот на висина од 730 метри,9 а потоа до предградието на 720 метри. Овој римски водовод со солидни инженериски решенија се употребуваше дури до 1905 година, кога тој беше единствениот водовод за болницата за туберкулоза и касарните, како и кафеаната Тумбе кафе"?10 (сл. 2. Мапа на римскиот водовод, К. Петров).

Сл. 2. Мапа на римскиот водовод според К. Петров8 администрациј а по нападите од Остроготите
Сл. 2. Мапа на римскиот водовод според К. Петров8 администрациј а по нападите од Остроготите

Во почетокот на Ш век, па се до првата половина на УП, век урбаниот живот во Хераклеја замираше поради инвазијата на народите. Единствено градовите со големи укрепувања и војска како Солун ги преживеаја инвазиите, останатите фортификации станаа утврдени ас металуршки депоа или епископски седишта.11 Некои од градовите опстанаа благодарение на oevKove добрата позиција како што беше кретосница- 3, VILLAGE та на Хераклеја на Бил Егнација. Позицијата

судна при обновувањето од Јустинијановата

во 471 и 479 година. Оваа трансформација од класична во средновековна населба беше карактеристична со криви улици и населба до главната тврдина околу епископскиот двор и црква со крстилница.12

Хераклеја ја имаше урбаната мрежа на градовите од источните провинции, така што при обновата на градот13 византиските архитекти го адаптираа римскиот форум според христијанскиот карактер на градот. Нова фонтана со атриум и со цистерна беше премоделирана од римската фонтана до југоисточниот масивен зид на тетарската зграда, во истата линија со просториите во низа од јужната субструкција на театарската зграда. Според Јанакиевски, тоа беше издолжениот театарски плоштад со мали продавници!“14 до главната раскрсница, кој се движеше меѓу епископскиот двор и Малата базилика15 и се вкрстуваше со улицата која доаѓаше од станбената надградба над театрот. Според студијата на Jb. Џидрова, отспротива имаше приод16 кон екседрата меѓу обете базилики. 5 Дналогија на ваква екседра има во Коринт, каде што фонтаната Пирене беше декорирана со статуи и беше премоделирана во Јустинијаново време. Истата ситуација е со хераклејската фонтана и екседрата отспротива кои беа премоделирани во истиот период. Р. Михајловски, Ј. Розпендовски, Јустинијановата епископска фонтана во Хераклеја Линкестис

Сл. 3. Основа на фонтаната според J. Роспендовски но поплочување во Opus sectile. Трибилонот му7 претходеше на отворениот атриум
Сл. 3. Основа на фонтаната според J. Роспендовски но поплочување во Opus sectile. Трибилонот му7 претходеше на отворениот атриум

Во последната фаза на јустинијанска Хераклеја градот доби уште повеќе средновековен изглед, менувајќи го римскиот урбан профил. Римскиот тетар беше напуштена градба, чиј мермерен материјал се употребуваше како сполија за новите цркви. Дел од дуќаните на јужната страна од театарот се уште беа во употреба, некои беа приспособени во живеалишта, имајќи доминантна комуникација, стратиграфски поставена повисоко од форумот.17 Во овој контекст и фонтаната до театарската зграе см да доби нов изглед со фасада од атриумот. Уште една мала фонтана со христограм го снабдуваше предворјето на големата базилика, но беше на друга водоводна линија.

Фасадата на атриумот пред епископската фонтана имаше фронтон со три арки и два столба и два столици по страните, еден типичен византиски трибилон како во бемата од Малата базилика така и во Јустинијановата базилика во село Велушина.18 Од трибило- =a Шо со нот на атриумот од хераклејската фонтана

фин. базите на столбовите и страничните столпци, додека од атриумот кој е долг седум

метри зачувани се фрагменти од мермеркој служете за ритуално миење, како што беше во Тераса, а и во екседрата на Сан Витале во Равена. Фасадата на фонтаната е мермерна троделна преграда, додека во задниот дел на базенот е извидана од тули со малтер. Во горниот дел има зачувани вдлабнатини од ниши од тули со малтер кои биле фреско-декорирани. По страните нишите биле фланкирани со мермерни столпчиња кои во горниот дел се крунисани со капители и со мермерен корниз.19 Основата на фонтаната е во форма на извидан правоаголен базен со димензии од 2.2 M х 2, 5 M, кој во предниот дел е преграден со три мермерните прегради декорирани во висок релјеф со димензии од 1.10 м х 1.30 м. (ел. 3. Основа на фонтаната, Ј. Розпендовски). Снабдувањето со вода за фонтаната © од цистерна сместена во задниот дел, извидана од тули, во чиј горен заден дел беше спроведен засводен триаголест канал изведен од тули во форма на калуѓерски Cappuccino и која минуваше под Scaenae frons.20 Според Лилчиќ, цистерната беше изѕидана од тули и измалтерисана со водоотпорен малтер во техниката Opus signinum со должина од 7.58 и ширина од 3.4 метри,21 но во подоцнежен период беше извршено проширување во источниот дел за 3.06 метри. Северниот зид од цистерната беше висок 4.55 метри и беше изграден во Opus mixtum, а дното и беше поплочено со римски тули со димезии од 0.29 х 0.29 метри. Од цистерната имаше отвор при дното за истек на наталожените нечистотии кој се затвораше со мермерен конус, и уште еден отвор за истек и регулирање на вишокот на водата во цистерната со димензии од 0.22 м x 0.22 м беше пробиен во источниот зид на театарската зграда каде веројатно имаше перална - Fulonica.

Сл. 4. Епископската фонтана
Сл. 4. Епископската фонтана

При ископувањето од источната страна на фонтаната беше пронајдено едно камено корито за поење, издлабено во зелен камен со димензии: 1.35 м22 х 0.57 м х 0.28 ми со отвор за истекување на вишокот на водата од 0.12 м“ (сл. 4. Хераклејската фонтана). Во периодот меѓу 2007 и 2009 при археолошките ископувања од источната страна на фонтаната откриени Р. Михајловски, Ј. Розпендовски, Јустинијановата епископска фонтана во Хераклеја Линкестис се основи и зидови на станбени згради со питоси за складирање на храна, што ја нагласува важноста на епископската фонтана во урбаниот комплекс.23

Сл. 5. Фонтаната во северната базилика во Стоби
Сл. 5. Фонтаната во северната базилика во Стоби

Трите релативно добро зачувани мермерни прегради од фонтаната, секоја со должина од 1.30 M, височина од 1.10 м и дебелина од 0.3 м имаат издлабена рамка и профилација во висок релјеф врз рамна заднина. Обата странични релјефи се со претстави на делфини симетрично свртени еден кон друг и со усти и опашки елиптично поставени, при што со устите допираат делфинчиња. Левата плоча има само еден, а десната два цевчести отвори низ кои течела водата, додека пет кружни отвори за метални славини (fistulae) се за чувани врз плочите. На централната преградната плоча во средината е претставен христограм во двоен круг од ленти и опкружен со цветни мо-TuBu.24 Мермерните прегради имаат четири столбци од бел мермер и од челната страна украсени со издлабени рамки кои имаат конкавни завршетоци, а озгора се украсени со розети високи околу 0.10 м во профил, од кои средните се расцветани, а страничните се пред отворање. Отстрана овие столбци имаат жлебови за зацврстување на страничните преградни плочи. Најблиската аналогија на вакви декорирани преградни плочи меѓу столпци може да се најде во фрагментите од бемата во Малата базилика. Во Големата базилика е зачувана слична плоча со христограм, а во Стоби има фонтани од истиот период?"25 (сл. 5. Фонтаната во Стоби). Во северната базилика во Стоби е зачуван 5ид со три ниши и едноставен базен со преграда со Христов монограм, додека во палатата на Теодосиос е империјална фонтана со три правоаголни базени и седум полукружни ниши одделени со колонада.26 Слични модели27 на фонтани можат да се најдат во Ефес, Лептис Магна, Сиде, Рим и Остија и тие можат да ни дадат слика за хераклејскиот модел. Базенот на фонтаната е правоаголен простор иззидан од трите страни со тули кои во долниот дел имаат корниза со конзоли. Во горните партии над корнизата во северозападниот дел постои зид од тули со ниши кои се зачувани до висина од 0.70 м, ширина од 0.98 м и длабина од 0.50 м. Тоа се остатоците од пет ниши и тоа од стрна по една полукружна со ширина од 1.00 м длабочина од 0.65 м. Средната полукружна ниша е широчина од 1.00 м и длабочина од 0.48 м и низ неа проаѓа главната фистула од цистерната (сл. 6. Реконструкција на хераклеската фонтана, Ј. Розпендовски). Овие ниши фланкирани се со мермерни столпчиња и некогаш содржеа статуетки или икони. Во источното крило е зачуван долниот дел на полу кружна ниша, уште една во средниот зид и обете се фланкирани со по една правоаголна ниша. On корнизата излегувал конзоли од кои три од четирите се зачувани, но ВО фрагменти и кои ги потпираа во долниот дел столбчињата кои ги фланкираа нишите. Конзолите украсени со акантусови лисја завршуваа во еден вид на едноставна сима. Надворешната конзола на источната страна испуштена и доаѓа при крајот од корнизата, додека две од тие конзоли доаѓаат од челниот зид. Според зачуваните фрагменти димензиите на конзолата се 0.35 м во должина (едната од нив е со должина од 0.37 м), додека во ширината е 0.29 м, излегувајќи од површината на зидот за 0.18 м. Ваквото применување на конзолите како потпорници на столбовите е познато решение во римската архитектура, како што е, на пример, со аркадите на горниот кат од портата Aypea во Диоклецијановата палата во Сплит.28 Истовремено, ваквото поставување на конзола и столб под агол не е вообичаено во византиската архитектура, но вообичаено беше да се постави столбот под еден агол. Идентични решенија се наоѓаат на прозорците од палатата на Теодорик во Равена, додека врз хераклејската фонтана ова е присутно врз трибилонот кој го одделува атриумот од улицата (сл. 7. Реконструкција на фонтаната, И. Микулчиќ).

Сл. 6. Реконструкција на Роспендовски
Сл. 6. Реконструкција на Роспендовски

Од горниот дел од фонтаната, кој е декориран од колонада што ги фланкира нишите, се зачувани две атички бази со димензии од 0.30 M x 0.30 м и со висина од 0.21 м и еден фрагмент од столб долг 0.67 м со дијаметар од 0.18 м (сл. 7. Капител од фонтаната). Два капители со висо-

28 Rozpedowski J., 1992, 4-5; Лилчиќ B., 2007, 735. Р. Михајловски, Ј. Розпендовски, Јустинијановата епископска фонтана во Хераклеја Линкестис чина од 0.22 ми 0.19 м во дијаметар кои според едноставната листеста декорација им припаѓаат на коринтскиот стил се крунисани со импости во форма на архитрави, а над нив има конзоли кои се декорирани со акантусови лисја. Ширината на импостот е 0.29 м, но должината на целиот архитрав е 0.23 м со конзола од 0.17 м. Зачувани се две конзоли со отвори, додека импост конзолите беа цврста основа за солидната крунска корниза над која беше завршниот венец со висока сима врз која е натписот на епископот Јоан“ Во раниот византиски период конзолите беа еден интегрален дел од импостот кој излегуваше од лицето на зидот, извидан нагоре и веројатно такво беше решението и во Хераклеја. Аналогии може да се најдат во крстилницата на православните во Равена или во крстилницата во Џемила во Алжир.30

Сл. 7. Реконструкција на фонтаната И. Микулчиќ
Сл. 7. Реконструкција на фонтаната И. Микулчиќ

Уметничка декорација на капителите и на ентаблатурата, преградните плочи со претставите на делфините и Христовиот монограм, придонесуваат подобро да се објасни нејзината симболичка иконографија. Делфинот како крал на морето уште од старите времиња има репутација на спасител на морепловците (Delphinus salvator), додека за раните христијани делфинот беше симбол на црквата и верниците чии души Спасителот ги водеше преку водите на смртта.31 Кога фигурата на делфинот е во комбинација со крстот тоа е симбол на разборитоста и верата и е чест мотив од Јустинијановиот период.32 Монограмот на Христос е обрабен со винова лоза и вегетација како симбол на Воскресението, додека кругот околу монограмот го означува Божјото царство над Вселената.

Сл. 8. Фрагменти од натписот на епископот Јоан
Сл. 8. Фрагменти од натписот на епископот Јоан
Формула

При археолошките ископувања во фонтаната беа откриени девет мермерни фрагменти со натпис врз мермерна сима која беше поставена над фланкираните ниши. Мермерните блокови од симата содржат натпис на грчки јазик, кој според конфигурацијата на венецот е во форма на буквата "П33 (сл. 8. Фрагментите од натписот на епископот Јоан).

На левата страна на фасадата натписот е сочуван врз два фрагменти:

[+BAXIAEYON+ TOY EYXEB HMQ] [N ДЕХП ФАХ| [4OYXTINIANOY TO A+E]

Во централниот дел сочуван е НаТННСОТ врз четири фрагменти:

[KAI ETI TON XPONON+QANNOY] [TOY АПОТАТОУ KAI MAKAPIOTATOY ЕПЦ [Y ПАРЕХЈ [H ТО УА]

Од десната страна има сочуван натпис врз два фрагменти:

[N TH ПОД) [EI MHNEI ХЕПТЕМВРЈОЈЏ AEKATH INAIKTIONI AEKATH]

Текстот на натписот се чита: + PaoltAEvovt(oOc) Tou еџоеВ(еотато) Пи dEon(OTOV) ®P(aPiov)o + ‘lovotiviavou то A + e" код emt ТОВ XPOVOV Toayyoo . тои фупотбтор кој LAKAplATaTOD Етпокотоо) Tapéa(yE9)n то Цд(psio)v tH TOAEL иамек Хелтецврј . { бекалт ivductiovi бекатт).“З

Натписот е метрички и во превод гласи: По повод на триесет и петтата годишнина на нашиот најпобожен император Флавиј Јустинијан и за време на владеењето на најсветиот и најблагословениот епископ Јоан, фонтаната беше дарувана на градот во месец септември ден десетти, индиктион десетти.

Почетокот на текстот е означен со крст, симбол кој се јавува и на крајот на зборот: +BACIAEYONG, а потоа и пред Јустинијановото име +OYCTINIANOY, означувајќи ја овде буквата "И“, потоа знакот за крст се појавува меѓу буквите А+Е како знак за индиктион, и уште еднаш пред името +WANNOY означувајќи ја буквата ’И‘ од името Јоан. Најенигматични се буквите А+Е (A има бројна вредност 10 и Е има 5, што заедно е 15), но кога на место ’А‘ (алфа) е буквата ’Л‘ (ламбда) тогаш ќе се добие ле (Л има бројна вредност 30 и Е има

Р. Михајловски, Ј. Розпендовски, Јустинијановата епископска фонтана во Хераклеја Линкестис 5, вкупно: 30+5=35) што е еквивалент за десеттиот индиктион.34 Иако натписот е зачуван во фрагменти, по реконструкцијата индицира дека е направен во чест на триесет и петтата годишнина на императорот Јустинијан, а се однесува на императорот Јустинијан | Велики (527-565), бидејќи од времето на Јустинијан П нема десетти индиктион. Ако на годината од Јустинијановото крунисување во 527 и додадеме 35 години, тогаш ќе ја добиеме годината 561 или десетти индиктион.

Според епиграфските анализи на Р. Скот, референците во текстот кои се однесуваат на епископот Јоан не се доволно јасни. Референцата ELI] TWN XPONWN ставена пред името на Јоан повеќе се однесува на бројот на години отколку на една прецизна година, додека во втората референца која е епитет на побожниот епископ и стои по неговото име MAKAPIWTATOY, во случајот се однесува повеќе на лице кое веќе заминало од овој свет,35 веројатно беше поставен по Јоановата смрт, но Јустинијан бил се уште жив. Според студиите на Д. Стернон и Д. Феисел во Хераклеја беше пронајден еден надгробен камен во два дела и објавен во крајот на деветнаесеттион век од М. Димица. Името на починатиот архиереј на натписот е нечитливо, но според епиграфските карактеристики надгробната плоча ја датираат меѓу петтиот и шестиот век и веројатно таа му припаѓа на епископот Јоан.36 “5

Хераклејскиот натпис од фонтаната има свои аналогии од истиот период. Првиот е од Мардин (Турција) од војводата Тома во чест на Јустинијан, додека вториот е во стариот Ерусалим од 1970 година при археолошките истражувања на базиликата Неа посветена на Богородица.37 И обата натписи38 содржат аналогии во нивните текстови што започнуваат со крстови и се посветени на императорот Флавиос Јустиниан, со индиктион години кога биле поставени натписите.

Следејќи ги пишаните извори од Прокопиј од Цезареја, се наведува околу шест стотини места на Балканот каде што биле обновувани и утврдувани места, како и градежна програма со бројни црковни објекти, кои се крунисани со соборната црква, Света Софија во Цариград.39 Во контекстот на фонтаната треба да се стави и Малата базилика "А“ која е обновена од Јоан. Нејзината писцина од баптистериумот сместен во нартексот е поврзана со подземен канал со цистерната од фонтаната. Каналот бил прокопан низ мозаикот во времето на обновувањето, а потоа грубо покриен со тули со димензии од 0.80 м40 x 0.55 м. Колонадата во централниот дел била демонтирана, отворајќи нов простор за поден мозаик, додека на бемата имало трибилон со цибориум и менса мартириум, од кого при ископувањата во 1936-1938 година бил пронајден веќе споменатиот капител со монограм.41 Овој композитен коринтски капител е важен за нас во истражувањето на епископската фонтана и е декориран со фигури од орли на сите четири агли и со акантусови лисја во долниот дел.42 Во средината содржи монограм на епископот Јоан во кружно поле и според В. Лилчиќ симболиката на орлите како психопомпи што ги носат душите во Рајот на небото укажува дека Јоан веќе бил починат,43 што оди во

Илустрација, стр. 415

прилог на претходно наведената анализа на Р. Скот. Монограмот беше истражуван и анализиран и од И. Николајевиќ-Стојковиќ и Д. Феисел и обајцата дојдоа до аналогни заклучо-44 ци. Феисел го разложи монограмот на букви под главната хоризонтална линија при што ги доби следните букви: A, E, II, C, X а над хоризонталната линија ги најде буквите @ и лигатурата ου.45 Според истражувањата на И. Вејганд употребата на дифтонгот ου во лигатурата временски му припаѓа на втората половина на ше- 30 ст стиот век. Откривањето на трите фрагменти од композитниот капител со монограм беа анализирани од Чанак-Медиќ и тие се дел од цибориумот.46 Во овој период Малата базилика "А“ се оддели од епископските згради како црква ексклузивно за клирот, заклучува М. Чанак-Медиќ“47 (сл. 9. Реконструкција на монограмот на епископот Јоан, Р. Михајловски).

Сл.9. Реконструкција на монограмот на епископот Јоан Р. Миха

Според скромниот број епиграфски споменици од ранохристијанскиот период, се доаѓа до заклучок дека Хераклеја е христијанско епископско седиште уште од четвртиот век. Неколку децении по Миланскиот едикт, од Хераклеја Линкестидска се споменува епископот Евагриус како член на соборот во Сердика во 343 година.48 Речиси еден век подоцна се споменува епископот Квинтилиус, кој беше испратен на вселенските собори во Ефес во 449 година и Халкедон во 451 година како заменик на солунскиот архиереј Атанасиј.49 На соборот во Халкедон присуствуваше уште еден епископ од Хераклејската епархија по име Дионисиј, хороепископ од малата христијанска заедница во Никеја (Доленци) на патот Виа Егнација.50

Според записите на Малхус од Филаделфија, во времето на императорот Зенон во 479 година побунетите федерати, Остроготите на Теодорик Амал, ги разурнале Стоби и се упатиле кон Хераклеја. Хераклејскиот епископ се обидел да ги придобие со храна и вино, но остроготската армија запалила дел од градот и заминала по Виа Егнација кон Драч.51 Р. Михајловски, J. Розпендовски, Јустинијановата епископска фонтана во Хераклеја Линкестис

Благодарение на Јустинијановите административни реформи потпомогнати со приватните донатори Хераклеја беше обновена. Според четвртата книга на Прокопиј од Цезареја, еден број градови беа обновени, како што се Јустинијана Прима, Јустинијаполис, Наисус и Сердика, но Хераклеја не се споменува во списокот.52 Во обновената Мала базилика е зачуван монограмот на епископот Јоан, кој според И. Николајевиќ-Стојковиќ може да се прочита дополнително и како Пахомиј и како Јоан архиепископ.53 Монограмот на капителот во Малата базилика, натписот на фонтаната и двата фрагменти од мермерната надгробна плоча чија епиграфска анализа не упатува на владиката Јоан.54 Во 535 год. Јустинијан ја основа Јустинијана Прима како архиепископија и пренесе неколку епископии од Солунската викарна архиепископија, но Хераклеја остана во старите диецезални рамки на Солун.55 Црквата на источен Илирик кому Македонија му припаѓаше, беше предмет на територијални расправии меѓу Рим и Константинопол. Низ целиот овој период хераклејските епископи биле суфрагани на Солунската диезеца, која беше викарна на Римскиот понтиф, но од 773 година премина под јурисдикција на патријархатот од Константинопол.56 ““

Бенигнус беше последниот хераклејски епископ пред населувањето на Словените. Тој во 553 година присуствувал во Синодот на Вселенскиот собор во Халкедон, како заменик на солунскиот архиепископ Хелиј.57 Хераклејскиот епископски престол за последен пат ќе биде забележан врз натпис во апсидалниот простор на базиликата Свети Ахил во Мала Преспа, што е обновена од цар Самоил во 985/6 година. По паѓањето на Самоиловото Царство, според хрисовулите издадени од императорот Василиј II, Хераклејскиот епископат беше пренесен во средновековната Битола и остана под јурисдикција на охридскиот архиепископ.58 55

Малата базилика со епископскиот монограм и фонтаната потекнуваат од архиереј кој е активен при владеењето на Јустинијан Први. Според зачуваниот натпис, хераклејската епископска фонтана изградена по повод јубилејот на Јустинијановото владеење, а по нарачка на епископот Јоан. Во негово време се обновени и Големата базилка и манастирот, така што епископот Јоан е најзначајниот архиереј за време на Јустинијановата ренесанса.59

Dr R. Mihajlovski, Australian Catholic University, 117 Victoria Pde.,

Fitzroy 3065, Vic, Australia. Robert.Mihajlovski@acu.edu.au

ROBERT MIHAJLOVSKI

Australian Catholic University, Melbourne

JERZEY ROSPENDOWSKI Institute of History of Architecture, Art and Technic at the Technical University, Wroclaw

JUSTINIANIC EPISCOPAL FOUNTAIN IN HERACLEA LYCESTIS

Белешки

  1. Се што гледаш наоколу3 беше изградено со многу труд, зидини, храмови, куќи, фонтани, штали, атриуми, бањи, со помошта на Христос беше подигнато за неколку години од началникот Стефан под владетелот Јустинијан.3 Натпис од времето на императорот Флавиус Петрус Сабатус Јустиниан (482-565) најден во Избичан кај Прибој, Србија. Hoddinott R.F. 1963, 187. ↩
  2. Charlesworth M. A., 1924, 118; Romiopoulu C., 1974, 813-816; Adams J.P., 1982, 269-302; MacKay7 P.A., 1977, 201- 210; Fasolo M., 2003. ↩
  3. Микулчиќ И., 1999, 42-43, 29, т. 18. ↩
  4. Томашевиќ I, 1965, 9-31: Јанакиевски T.,1987, 66; Јанакиевски Т., 1988, 155; Томашевиќ- Цветковиќ Г., 1976; Манева Е., 1993, 17-18; Проева H, 1997, 200, белешки. 49, 50 и 51. ↩
  5. Vermeiule C.C.. 1968, 23-24, 313, 421: Ward-Perkins J. B.. 1994, 139-217: 2007. 290-326: Macdonald W.L.,1982, 21, 176. ↩
  6. Papazoglou E., 1961, 162-175; Papazoglou F., 1988, 260-262; Wiseman J., 1976, 385. ↩
  7. Петров K., 1967, 267-306; Macdonald W.L.-Pinto J.A., 1995, 172-178; Henderson B.W., 1968, 288; Grant M., 1994, 128- 146; Walker 5, 1987, 60-71. При посетата на Македонија и Тракија во 123-125 година, Хадријан помина низ Пелагонија. Во тој период во Стоби беше изграден водоводен систем со нимфеум и бањи. Од времето на Хадријан се зачувани хидраулични системи во Коринт, Аргос и Атина. ↩
  8. Janin R., 1964, 200-201; Settis S., 1972, 661-745; P. Aupert P., 1974, 76; Thomas E., 2007, 342-349. Фонтаната-нимфеумот во Хераклеја содржеше елементи од септизодиум, како што се сочуваните три полукружни ниши. Септизодиумите и нимфеумите беа дел од идеологијата на Римското Царство за користење на Utilitas publica. Zanker P., 1998, Помпја имаше изградена водоводна мрежа со нимфеуми и фонтани. Во куќата на Аполина е сочуван ѕидан нимфеум со три ниши во ѕидот фланкирани со столбови. Фрагменти на фреско-декорација покажуваат дека фасадата на нимфеумот била фреско декорирана. Bonifacio G.-Sodo А.М., 2001, 59-65. Во Стабија која беше разрушена од ерупцијата на Везув има остатоци од нимфеум, изграден од тули со полукружни и засводени ниши и со столбови декорирани во фреско-техника. ↩
  9. Петров К., 1955-1956, 1-3; Микулчиќ И, 1999, 300; Wilson R.J.A., 1990, 102-103; Jansen G., 2007, 259-262. Центарот за дистрибуција на водата беше од Castellum aquae, или водената кула од каде водата беше насочена кон главните цевки. За притисокот на водата имаше помали водени шахти и кули (Castellum secunda) на раскрсниците и по должината на театарскиот плоштад. ↩
  10. Петров К., 1967, 296-297; Pelletier A., 1982, 109-114, fig. 96. ↩
  11. Haldon J.F., 1990, 99-117; Sodini, J-P., 1993) 139-142; Lemerle P., 1954, 263-308. ↩
  12. Cameron A.,1985, 111-112, n. 210; Bavan B.-Ivanišević V., 2006, 63-69. ↩
  13. Чанак-Медиќ М., 1965, 35-65, pl. XV; Settis S., 1972, 677-680; Џидрова Љ., 1999, 291. ↩
  14. Јанакиевски J., 2001, 266-267; Settis S., 1972., 737-740; Holum K.G., 2005, 87-89. ↩
  15. Џидрова Љ., 1999, 291. Џидрова заклучува: 'Основната организација на театрот, форумот и двојниот портик вметнат во правоаголниот урбан систем беше заменет во IV век со екседра и предворје, но и со станбен комплекс од традиционални згради во задната, преземајќи ја функцијата на форумот.' ↩
  16. Scranton R., 1957, 22-23; Settis S., 1972, 704; Foss C., 1979, 48. Идентичниот пример е со Ефес, каде фонтаната со три големи ниши беше изградена отспротива на стадионот. Мермерните плочи со крстови и винова лоза ја декорирaа фасадата на писцината. Мешаниот стил од камен и тула индицира дека фонтаната му припаѓа на VI век. доистражи доводот на водата до цистерната. Микулчиќ И., 2007, 134-135. На страна 134 тој предложува една хипотетична тродимензионална реконструкција на фонтаната. ↩
  17. Џидрова ЈБ., 2008, 291-310, ↩
  18. Mihajlovski R, 2007, 225-243. Во базиликата во Велушина, која е на десет километри од Хераклеја, има карактеристичен трибилон меѓу7 нартексот и наосот, од Јустинијановиот период. И комуникацијата меѓу централниот брод со двата странични се одвивала преку7 страничните трибилони, кое претставува ретко архитектонско решение. ↩
  19. Mery 1984 и 1992 се одвиваше плодна научна соработка помеѓу Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Битола и Инстутот за историја на архитектурата, уметност и техника од Вроцлав. Т. Јанакиевски раководеше со археолошките истражувања, додека екипата раководена од Ј. Розпендовски и Ј. Матковски, Р. Чернер, М.Л евицка-Цемпа и П. Гербер го направија проектот за реставрација на римскиот театар и фонтаната. Притоа, направен е извештај; Rozpedowski J. 1992, The bishop 5 fountain in Heraclea Lyncestis (превод на англиски, B. Hrycak). ↩
  20. Јанакиевски J., 2003, 196, 198. Според Јанакиевски до фонтаната доаѓале два типа на водовод, едниот во вид на канал со шахти кој течел надолжно низ малиот плоштад од јужната страна страна на тетарот и вториот кој бил прокопан под тетарот во јустинијановиот период. Понатамошни археолошки истражувања треба да докажат дека водоводот веќе постоел, но бил запоставен и бил реактивиран при обновата на градот, какои археолошки истражувања за да се доистражи доводот на водата до цистерната. Микулчиќ И., 2007, 134-135. На страна 134 тој предложува една хипотетична тродимензионална реконструкција на фонтаната. ↩
  21. Лилчиќ B, 2002, 735, Според анализата на Лилчиќ внатрешноста на цистерната беше изградена во Opus latericum со малтер отпорен на водата. Јанакиевски Ј, 2003, 200. Според истражувањата на Јанакиевски ова проширување на цистерната оди во прилог на претпоставката дека првобитно римската фонтана била на оваа локација. ↩
  22. Јанакиевски J., 2003, 202. ↩
  23. Благодарност кон A. Георгиевска за информациите од археолошките истражувања. Георѓиевска A.- Насух E., 2005, 225-240. ↩
  24. Milburn R., 1980, 91, fig.12; Farioli, R., 983, 205-253; Sulzberger M., 1925, 431-448. ↩
  25. Лилчиќ B, 2002, 735. Според Лилчиќ во Баргала има остатоци од слична фонтана која е лоцирана до Големата базилика. ↩
  26. Aleksova B., 1981, 249-261: Лилчиќ В., 2002, 883-887; Микулчиќ, 2007, 247-254, сл. 156, 157, 157а. ↩
  27. Keil J.,1930, 94-96; Letzner W., 1999. Во Тимгад фонтаната беше со квадратна основа, додека водата беше спроведена до западната страна на форумот. Ваков тип на фонтана беше популарен во северна Африка, но и во Помпеја и Остија. Во Остија во куќата на Купидон фонтаната содржеше пет ниши декорирани со мозаици. Водата што доаѓаше од цевки од нишите беше спроведена до чешмите во базенот. ↩
  28. Rozpedowski J., 1992, 4-5; Лилчиќ В., 2007, 735. ↩
  29. Krautheimer R., 1969, 113, fig. 54; Rozpedowski J., 1992, 5. ↩
  30. Toynbee J.M.C., 1973, 206-208; Dewer L.,1981, 533-547; Cvetkovic Tomasevic G., 2002. ↩
  31. Cabrol F.- Leclerq H., 1920, 283-295; Snyder G. F., 2003, 24-26; Christern J., 1976, pl. 64. Bo Тевесте (денес Тевеса, Алжир), обновена од Јустинијановиот генерал Соломон имаше градска фонтана со мермерни прегради на кои беа изработени фигури на делфини, идентични со хераклејските. ↩
  32. Papazoglou F.-Milin M.- M.-Ricl, M., 1999, 149-150. Чанак Медиќ М., 1963, табла I. ↩
  33. Grumel V., 1954,128-143; http://www.skypoint.com/members/waltzmn/MSDating.html. Cekoj индиктион e во периодот меѓу месеците септември и август, бидејќи овој индиктион се однесува на десети септември, тогаш е во септември во годините 531, 546 или 561, така што дефинитивно на десетти септември 561 година беше триесет и петтата годишнина на Јустинијановото владеење. ↩
  34. За епиграфската анализа им благодарам на Р. Скот, Џ. Бурк и на X. Фифис. ↩
  35. Stiernon D.,1993, 1413; Feissel D., 1983, 227, No. 271, No. 272. ↩
  36. Mango C- Mango M.M., 1991, 465-466; Evans J.A.S, 1996, 218. ↩
  37. На Балканскиот полуостров аналогии можат да се најдат со гробниот натпис на ѓаконицата Евгенија од 538 година најдена во Елешница во Бугарија. Еден друг епиграфски документ е од Епископската базилика во Стоби на епископот Филип од периодот меѓу 425 и 455 год. Feissel D., 1983, 230-231, number 274. ↩
  38. Ure P.M., 1951, 231-232; Moorhead J., 1994, 116-120. ↩
  39. а Чанак-Медиќ M., 1965, табла 1. ↩
  40. Стричевиќ Ѓ., 1961, 38-39. ↩
  41. Milburn R., 1988, 163, Аналогни типови на композитни капители се присутни низ базиликите Свети Димитриј и Богородица Ахиропоитиса во Солун. M., 2007, 179-189; Братож Р., 2000, 26. ↩
  42. Лилчиќ B., 2002, 732. ↩
  43. Николајевиќ-Стојковиќ И., 1957, 41-42; Feissel D., 1983, 221. Според анализата на Феисел ваков тип монограм е невообичаен пример за диецезта на Илирик и е повеќе карактеристичен за коринтските капители во Сирија. ↩
  44. Јанакиевски T., 2003, 412; Weigand E, 1931, 412; Gregoire H., 1929-1930, 287-293; Feissel D, 1983, 221. Според Феисел датумот би требало да е околу 535, малку7 пред епископот Бенигнус да присуствува на Соборот во Константинопол. Феисел чита уште неколку букви од монограмот како што се В, Г, Δ, I, K, M, N and T, но е скептичен околу7 името Пахомиос. ↩
  45. Чанак-Медиќ M., 1965, 52-53, 65, табла 13; Микулчиќ И.„1999, 306. Монограмот кој е реконструиран од Микулчиќ е нецелосен, во горниот дел лево над главната хоризонтална линија треба да стои грчката буква омега. ↩
  46. Чанак-Медиќ M., 1965, табла 63. ↩
  47. Sellers R.V., 1961, 325, 327, n.5; Honigmann E., 1942-1943, репринт 1966, 34, 50; Fedalto G., 1988, 441; Mihajlovski М., 2007, 179-189; Братож Р., 2000, 26. ↩
  48. Festugiére A.J., 1982, 669; Mansi J. D., 1778, 609, 952; VII, 161. ↩
  49. Tafel T, 1972, 38. За епископот Дионисиј стои: ‘Dionysius Heracleae Lyncestidum concilii Chalcedonensis parsa fuit’; Papazoglou F., 1988, 269, n. 83; Mihajlovski R., 2007,186-187. Малата тврдина Никеја кај Кажани и Доленци беше и мисионерско средиште со две мали базилики. Овој мал црковен центар под името Никеја како дел од Македонија Прима се споменува во Синекдемусот на Хиерокле. ↩
  50. Malchus de Philadelphie, 1895, 1251: Mihajlovski, R, 2007.182: Burns T.S., 1984, 58-59; Fedalto, op. cit., 441: Nakratzas G., 1999, 31-32; Curta F., 2001, 135. ↩
  51. Evans J. A. 5., 1951, 218-220; Ure P.N., 1951, 231-232. ↩
  52. Стричевиќ I, 1961, 39, заб. 19; Николајевиќ-Стојковиќ И., 1957, 41-42; Feissel, op.cit., 221; Јанакиевски, 2003, 192-193; Сина F., 2001, 52-54, 62, 72-73. Во втората половина на шести век со Солунската диецеза владее архиепископ Јован, автор на првиот дел од Чудата на свети Димитриј во која се опишувала опсадата на Солун во 586 година. Јован умрел меѓу2 630 и 649 година, што е многу7 подоцна од времето на епископот на Хераклеја, Јоан. Името Пахомиос кое може да се прочита од монограмот е веројатно когномен, симболично поврзано со раното египетско монаштво. ↩
  53. Feissel D., 1983, 227, Mo. 271, No. 272. ↩
  54. Markus R.A., 1979, 289-292. ↩
  55. Grumel V., 1964, 451-46; Duchesne L., 1924, III/125; Hoddinott R.F.,1963, 73-76. ↩
  56. Sellers M., 1961, 325-327; Mansi, J., D., 1778, [X 389; 190E; 173C; 194B; 197A-B; 262B; Papazoglou F., 1988, 266; Братож P., 68-69, 73. Титулата на епископот Бенигнус, Episcopus Heracleae Pelagoniae е синтеза од двата топоними. Во "Синекдемот" на Хиерокле, Heraclea Linco беше ставена во градовите на Macedonia Prima, а Пелагонија во градовите на Macedonia Secunda, што останува се уште нерасветлен проблем. ↩
  57. Михајловски P, 1993, 54-55, 3-20; Moutsopoulos N., 405; Снегаров И., 1924, 34-38,; Mandic Lj.-Mihajlovski R., 2000, 273-277. Во 2000 година беше публикуван еден византиски оловен печат пронајден западно од хераклејското предградие. Овој печат му припаѓа на Михаил Саронит, магистер и голем дукс на Западот, кој го задуши востанието на Георги Војтех во 1072 година. Според Никита Хонијат во близината на Хераклеја беше воениот логор на Комнените познат како Пелагонија. Со овој нов податок се помести историската граница за постоењето на хераклејскиот град, отворајќи перспективи за подетални проучувања на средновековието во Пелагонија. ↩
  58. Овој напис е посветен на споменот на нашиот колега д-р Томе Јанакиевски. ↩
  59. Basilica in Heraclea. ↩

Summary

Justinianic Episcopal Fountain in Heraclea Lycestis

This article investigates the Episcopal fountain erected by Bishop John of Heraclea Lyncestis, in the year 561. Heraclea Lyncestis60 strategic location led to its renovation by the Justinianic administration after the destructive raids by the Ostrogoths in 479.

The atrium of the fountain constituted a typical Byzantine tribelon, and the portico opened up to an atrium seven meters long, paved in marble, partially in opus sectile. The fountain fagade was constructed over the brick made niches, flanked with columns crowned with an arcade and a marble cornice. At the base of it there was an almost rectangular water basin measuring 2.2 x 8.5 m, limited by three vertical marble slabs 1.10 m high and decorated in low relief. The brick walled cistern lined in waterproof opus signinum, initially with dimensions of 7.58 x 3.4 m, was at a later time extended to the east by further 3.06 m.

The carved marble slabs are of 1.30 m long, 1.10 m high and 0.3 m thick. The two outermost slabs feature pairs of oppositely arranged dolphins with their mouths touching baby dolphins. The central slab is covered with a relief of a Christogram wrapped and tied with ribbons.

In the upper parts of the fountain there was an inscribed marble lintel block, recording the dedication of the fountain by Bishop John to celebrate thirty-five years of Justinian’s reign.

[+BACIAEYON+ TOY EYCEB HMW] [N AECII ®AS] [+O YCTINIANOY TO A+E]

[KAI ЕШ TWN XPONWN+WANNOY] [TOY АПОТАТОУ KAJ MAKAPIWTATOY ЕПЦ [Y IIAPEC] [H TO YA]

[N TH TOA] [El MHNEI СЕПТЕМВРГАЛЏ AEKATH INAIKTIONI AEKATH]

The metric inscription reads as follows:

On the occasion of the thirty fifth year of reign of our most pious Emperor Justinian and during the time of the most holy and most blessed Bishop John, a fountain was donated to the city in the month of September day tenth, indiction ten.

Heraclea Lyncestis was noted as an Episcopal see, when Bishop Evagrius attended the Synod of Sardica in 343. The bishop Quintillius assisted at the Councils of Ephesus in 449 and Chalcedon in 451 as a deputy of Athanasius, the Archbishop of Thessalonica.

The next one was bishop John whose inscription on the fountain was mentioned above and whose monogram is also preserved on a capital in the Small Basilica from the middle of the sixth century. The last Bishop of Heraclea before the arrival of the Slavs was Benignus who attended the Ecumenical Council in Chalcedon in 553, as a deputy of Elias, the Archbishop of Thessalonica. On the ecclesiastical level, Heraclea Lyncestis was a suffragan of the Metropolitanate of Thessalonica, which was a Vicariate of the Roman Church, a situation that lasted until 733.

At the end we can conclude that the fountain was built to celebrate the thirty-fifth year of Justinian’s reign, by the Heraclean bishop John whose monogram adorned the capital in the Small Р. Михајловски, Ј. Розпендовски, Јустинијановата епископска фонтана во Хераклеја Линкестис

Библиографија