Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 381–404

Водоснабдувањето на Heraclea Lyncestis

Содржина
  1. LJUBINKA DZIDROVA
  2. Museum of Macedonia - Skopje
  3. THE WATER SUPPLY OF HERAKLEA LYNCESTIS

Вродената потреба на човекот да ги прави полесно достапни благодетите на природата и со тоа континуирано да ги подобрува условите за живеење, следејќи ги случувањата во природата како негов прапример, му овозможила уште во раните историски периоди да си обезбеди постојано водоснабдување и оттогаш на наваму континуирано да го унапредува и стандардизира. Преземајќи ги најраните практични искуства, античките филозофи. математичари и градители ги развиваат овие вештини и ги востановуваат како трајни технички сознанија. Како резултат на тоа, хеленистичките и врз нив фундираните и континуирано надградувани римски знаења за хидрауликата практично се применуваат се до средината на XIX век, односно до индустриската револуција, кога појавата на современи парни и електрични машини ја потиснува традиционалната хидраулика. Оттука и елементите на водоводна инфраструктура кои денес се откриваат во античките градови се следат, осознаваат и толкуваат низ споредба со подобро познатите водоинсталациони системи на големите градски центри. Тоа придонесува да се востанови статусот на развиток на една населба и да се одреди нејзиното место во општата хиерархија на урбаната култура во даден историски и културен период и простор.

Проблемот на водоснабдување на Heraclea Lyncestis во неколку наврати бил директно или индиректно анализиран. Нејзин основен проблем е напојувањето од извориштата сместени високо во

планината Неолица, огранок на Баба, во месноста Дванаесет кладенци меѓу селата Буково и Лавци.1 Низ повеќекратни теренски рекогносцирања на овој богат со вода пелагонски регион Т. Јанакиевски дојде до заклучок дека изворските води обилно го снабдувале овој римски град од подножјето на планината. Аквадуктот, кој не е документиран со археолошки ископувања, површински е следен и на повеќе места се констатирани интервенции од средниот век и османлискиот период. Тие укажуваат на неговото континуирано користење од антиката до денес.

Со досегашните археолошки ископувања на Хераклеја повеќекратно биле откривани и последователно конзервирани и презентирани повеќе водоинсталациони објекти кои се напојувале од овој магистрален канал со непознат капацитет. Доставањето вода до градот, влезот во него и дистрибуцијата низ каналниот систем на основната водоводна мрежа засега не се системски осознаени. За постоење организирано водоснабдување во предримскиот период не може да стане збор, со оглед на статусот на населбата потврден со скромни материјални откритија, туку дури по воспоставувањето на римската доминација.2 Просторот богат со подземни води овозможувал индивидуално користење преку бунари од римскиот и рановизантискиот период, засега познати во три случаи.3 За продолжување на традицијата на алтернативно водоснабдување со колектирање на дождовница во II век сведочи документираниот impluvium под подот на западната просторија на северниот портик.4 Начинот на кој оваа вода се користела, освен со црпење, засега не е познат.

Според топографските услови евидентно е дека поради големата варијација во висинските коти, долж претпоставената траса на аквадуктот, овој систем морал темелно да ги користи техничките сознанија за градба и одржување римски водоводи. Ова се потврдува со неговата употреба се до поново време. Засега може да се претпостави дека водоводната траса доаѓа од Југозапад и најверојатно да се востанови во вид на капитална цистерна во горниот сегмент на утврдениот град, од каде што била вршена дистрибуција. Повеќекратните истражувања на т.н. акропол на Хераклеја, лоциран на самиот рид над централното градско подрачје, кои се очекуваше да придонесат за негова идентификација наспроти сите напори, со исклучок на раните истражувања, не открија екстензивни траги на користење. Сиромашните археолошки податоци укажуваат на користење на овој простор единствено во рановизантиско време (2), од кога е востановена недефинирана правоаголна градба со повеќе простории и апсида.5 Со оглед на квалитетот на градба на раноримскиот водоводен систем, може да се очекува на овој простор да била поставена поголема акумулациона база - /аси5 - за снабдување на градското подрачје. Оттука, најверојатно долж обете страни на театарот се спуштале најмалку два аквадукти, источен, кој и покрај настојувањата при истражувањата на театарскиот комплекс археолошки не е востановен“6 и западниот, кој се трасира со новите истражувања.

Според принципите на градба применети и во Хераклеја, паралелно и истоовремено со водоводот кој ни е непознат, бил изграден одводен канален систем за евакуација на отпадни и атмосферски води. Ниту тој не е истражен во позначаен обем, туку наговестен со откритието на капитална одводна шахта лоцирана во источниот крај на театарската скена, што ги акумулирала атмосферските води од театарскиот комплекс!7 (сл. 1). Оваа поврзаност меѓу двата објекта заради комплексната градителска изведба се уште не е целосно протолкувана, поточно, поставеноста на шахтата во внатрешноста на скената, што се чини нелогично. Сепак, со оглед на претпоставената единствена кампања на градба на театарот, ова веројатно било наметнато од специфичните топографски услови. Таа имала есенцијално значење за непреченото функционирање на театарскиот комплекс, па оттука и нејзиното проектирање и градба без сомнение коинцидираат, односно претходат, на градбата на театарот за време на Хадријан (117-138) и првичната урбанизација на градот.8 Приоритет секако имал основниот одводен и доволен систем како фундаментален инфраструктурен елемент на идниот урбан центар. Во прилог на високите технички знаења на римските архитекти применети при примарната урбанизација на Хераклеја с и укажувањето на Јанакиевски дека со темелните археолошки истражувања на театарскиот комплекс и длабинските ископувања врз претпоставената траса на каналот јужно од скената, празнењето на неговата внатрешност низ шахтата и пуштањето боја низ него, не е утврден правецот на простирање и местото на излевање на каналот. Во

Сл. 1. Одводната шахта лоцирана во скената на театарот, втора четвртина на П век. реален изглед и технички цртеж (Според: Јанакиевски T., 1998, сл. 77)
Сл. 1. Одводната шахта лоцирана во скената на театарот, втора четвртина на П век. реален изглед и технички цртеж (Според: Јанакиевски T., 1998, сл. 77)

прилог на идентификацијата на трасата потсетуваме на документирани инфраструктурни објекти откриени со пораните истражувања поврзани во истиот систем, како шахтата откриена под подот на нартексот на Малата базилика атрибуирана на југоисточниот агол на форумот (ел. 2). Тука собраните отпадни води преку одводен канал се одведувале до главниот одвод со правец север-југ документиран во непосредна близина.9

Трасата на римскиот раноцарски одвод е дополнително документирана со информација од истражувањата во 2008 г., на просторот јужно од театарската скена кон потпорниот зид на Големата базилика. (сл. 3, објект 3). Околу две третини од ширината на меѓупросторот, во правец на првата од исток тесна и лачно засводена надворешна просторија на скената, нормално на неа и во линија на повисоко поставената шахта во скената, кон југ и во ниво на доцноантичката улица, просторот е поплочен со масивни блокови камен. Нивните измазнети рабови сведочат за долготрајна изложеност на абење, конкретно од времето на градба на шахтата. Во даден момент, во доцната антика, едновремено со трасирањето на улицата долж оградниот ЅНІ на базиликата, овој просторен сегмент бил | грубо ограден со низок зид од камен и кал. = Ова е единствениот простор на потегот јужно од скената, наречен театарски плоштад, реминисценција на римскиот форум,10 каде Си во рановизантискиот период не е изведена 4 ( | градителска активност. Се работи за така- = сар наречена сервисна траса резервирана за заштита и сервисирање на одводниот канал,

Илустрација, стр. 384
Сл. 2.11 Одводната шахта во југоисточниот агол на
Сл. 2.11 Одводната шахта во југоисточниот агол на

аналогно на водоводите, чија површина

римскиот форум откриена под подот на нартексот

на Малата базилика (Според: М. Чанак-Медиќ, според римската градителска доктрина 1965, План V) била забранета за користење и градба. Она

што е особено интересно во овој случај е дека забраната била почитувана не само во време на активност на римската муниципална администрација на Хераклеја, туку и потоа, во време на претпоставената дезинтеграција и трансформација на градот во крајот на доцната антика и во раниот среден век, период кој се уште не е прецизно археолошки дефиниран. Во прилог на тоа говори и појавата на градби лоцирани на истиот потег во исто ниво, главно, со резиденцијален карактер, со маркантни репрезенти во куќите | и 2. Оттука важноста на податокот кој илустративно говори за длабоко вкоренетата традиција на градско живеење и почит за законите и по распаѓањето на градската управа, што, меѓу другото, подразбира опстојување на пропишаните правила и норми на градба.12 Вака поставената дефиниција е прилог кон оспорување на тезата за претпоставената дезурбанизација на градовите во крајот на антиката, теза која интензивно се заговара во стручните размислувања и толкувања. Според постојните сознанија се претпочита толкување на процес на трансформација на градската култура во зависност од новонастанатите економски, политички, административни и културни констелации во рамки на византиската екумена, а не исклучиво локално. Во оваа смисла, може да се изведе и заклучокот дека демографскиот состав на градот на крајот на антиката и во раниот среден век, во засега познатиот опсег значително е непроменет, особено во потесното градско подрачје. Променети се единствено економските и културни стандарди на живеење.

За следење на хронологијата на развиток на водоснабдувањето во Хераклеја, освен водоводните линии, применливи се и историските податоци за утврдени водокорисници. Меѓу нив римската терма е најмасовниот утврден градски корисник. По неколкудецениска пауза од истражувањата започнати во 1935 г., а завршени во периодот 1963-1965 nr, таа е конечно претставена во авторски труд, со што може да се пристапи кон детални анализи.13 Тука таа ќе биде адресирана од аспект на фази на развиток и учество во водоводниот систем. Доградбите јужно и западно од термата укажуваат на функционирањето и ликот на градот. Со оглед дека напојувањето со вода било изведувано од западниот правец, според

Сл. 3. План на централното градско подрачје на Heraclea Lyncestis со реален и шематски приказ на водоводните линии: ае Раноцарски систем - непрезентиран, 2. Доцноантичка водоводна линија од средината на У век со шахти I до IV; 3. Доцноантичка вод. ли
Сл. 3. План на централното градско подрачје на Heraclea Lyncestis со реален и шематски приказ на водоводните линии: ае Раноцарски систем - непрезентиран, 2. Доцноантичка водоводна линија од средината на У век со шахти I до IV; 3. Доцноантичка вод. линија - почеток на VI век; 4. Доцноантичка водоводна линија - средина на VI век

планот, како најлогичен кандидат за нејзино водоснабдување се наметнува водоводниот канал документиран северно од неа, лоциран под претпоставениот павимент на улицата. Тој минува меѓу римскиот портик со почесни фигури од едната и северниот зид на Малата базилика и термата од втора, јужна страна (сл. 4). Врз основа на елевацијата на подови, Г. ЦветковиН-ТомашевиН сугерира едновремено настанување на базиликата со формирањето на ова последно корисно ниво на улицата, додека како резултат на пониската поставеност на подовите на термата, с. | м под нивото на улицата, таа претпоставува нејзино многу

Сл. 4. Комплексот на Двојниот римски портик, Малата базилика и термата, со улицата што ги дели и водоводниот канал
Сл. 4. Комплексот на Двојниот римски портик, Малата базилика и термата, со улицата што ги дели и водоводниот канал

порано настанување и ја врзува за градбата на театарот во втората четвртина на П век.14 Времето на градба на термата, колку што тоа го дозволуваат археолошките и градежни податоци, тесно е поврзано со претпоставениот континуитет со јужниот портик15 како можно претходно композиционо уредување - дел на двојниот портик од раноцарското време,16 чиј наследник е термата. Впрочем, се уште актуелните сознанија засновани врз првичните археолошки ископувања од 1968 г., само парцијално укажуваат на планот и карактерот на т.н. двоен портик. Ова особено со оглед на сложената историја на објектот и постоењето две генерални фази подигнати во согласност со општествените прилики во раното и доцното римско време. Опсервацијата на планот со термалната градба укажува на нејзино отстапување кон југ од правецот на простирање на северениот портик, појава која се следи од оградниот ѕид што ја дели од базиликата, па кон исток.17 Ова докажува дека термата во сегашниот облик настанала во подоценежен период, веројатно со вградување во постојан габарит, претпоставуваме во рамки на јужниот портик. Доминантен показател за нејзиниот долг век се повеќекратните интервенции и различниот квалитет на градба на надворешните зидови на бањата, кои не се органски поврзани со попречните, освен третиот 5ид од исток. Тие се масивни, градени исклучиво со камен и малтер. Попречните зидови имаат различни димензии и структура, евидентен прекин на првичните зидања кон средината, предизвикани од рушење, делумно со елевациони слоеви од цигла во 4 реда што со резерва посочува на датирање во доцноцарско Bpeme.18

Во прилог на претпоставката дека термата настанала со нејзино вклопување во постар објект, со приспособување на габаритот на зградата за нејзини потреби, зборува специфичната длабочина на подовите (сл. 5) Споредбата на висинските коти на подовите на сите околни градби, иако не се добиени со егзактни мерења, со оглед дека дури последните години Хераклеја се става под единствена координантна мрежа, ја документира староста на градбата. Релативното одмерување укажува дека подното ниво на студениот дел на бањата се наоѓа на околу | м длабочина во однос на соседната улица, или на 0.75 м под подот на Малата базилика, а 0.65 м над подот на втората фаза на северниот трем датиран во II век,19 кој, пак, е на приближно иста длабочина со основата на хипокаустниот систем. Оттука може да се претпостави дека топлиот дел ја зачувал оригиналната длабочина на Двојниот портик, што е

прилог кон првичната топографија на градот. Поради интактноста на подовите во фригидариумот, тука се вршени само помали сондажни истражувања со кои се откриени одводните линии,20 па оттука не се познати други археолошки појави на овој простор. Ова посочува можно аналогно уредување на Двојниот портик на исток.

Ваквото толкување е во согласност со веќе претставениот историјат на развој на овој простор, заснован врз трансформацијата на јужниот и северниот портик и низата настани кои ја обележуваат историјата на Малата базилика. Во таа смисла, евидентно е дека постои низа на преградувања кои го имплицираат развојниот тек на овој сектор, односно комуникации меѓу термалниот и базиликалниот простор со улицата од почетокот на IV до средина на VI Вех. Нивниот распоред, различната елевација и културата на живеење на овој најрепрезентативен простор во градот во тоа време, во секој случај ја исклучуваат можноста за дотур на гориво до префурниумот на бањата преку централната улицата, како што претпоставува A. Ѓорѓиевска. За овој вид опслужување далеку посоодветен бил јужниот пристап, евидентно обележан со низа наменски формирани преградби, додека доставата на дрва секако се изведувала низ влезот во јужниот тврдински зид во непосредна близина на бањата, археолошки констатиран, но се уште не презентиран22 .??

Периметралните зидови на бањата зборуваат за високиот квалитет на основна градба која овозможила континуирана активност на зградата во подолг временски период (сл. 6). Прекинот на врска меѓу овие зидови и гломазниот praefurnium укажува на негова преградба, веројатно како последица на оштетеност од долга употреба, или рушење. Преградбата на западниот надворешен 5ид со тројното ложиште, каде се употребени фрагменти на рано и доцноримска, но и ранохристијанска архитектонска декоративна пластика, зборуваат во

прилог на темелна преградба во тек на V век“23 или ран VI век со оглед на познатите рушења на преодот на вековите. Потесниот преграден зид меѓу калдариумот и првичниот тепидариум, кој единствен е органски поврзан со северниот и јужниот зид, засега се најстарите делови на термата. Доградбата на масивни правоаголни столици источно од овој зид имаат нивелациони слоеви од по 4 реда тула, аналогно на источниот зид на тепидариумот, што укажува на нивно едновремено настанување. Тие укажуваат на засводувања на обата краја од просторијата при реконструкцијата на објектот, под кои најверојатно биле поставени 5идани кади. Оваа интервенција секако корелира со доградбата на уште еден praefurnium во основата на јужниот ѕид, под кадата, со чија доградба просторот наместо fepidarium добива функција на laconicum.24 Ова во секој случај ја исклучува намената на фригидариум;,?“25 особено со оглед на евидентното постоење на хипокауст во минатото, независно од неговата руинација, а се исклучува и можноста за употреба на дрвен под (!?) над него. Идентични доградби се констатирани и на западниот крај на јужниот зид во бањата вон зидините на Царичин Град.27

Во контекст на досегашните согледувања, бањата се дефинира како претставник на основниот тип бањи со аксијално организиран план, од кој со мултипликација се изведуваат посложени архитектонски системи. Нејзиниот план се совпаѓа со основниот план на централниот бањски дел на бањата на гимназиумот во Сардис (ран Ш век),28 гимназиумот во Александрија од Троада (ран П век) и ефеските бањи на: источниот гимназиум (ран II век), театарскиот гимназиум (II век) и гимназиумот на Ведиус, средина на II век. Нивното датирање секако дава поткрепа на претпоставката за раното потекло на бањата. Меѓу балканските примери блиска со појаси од по 4 реда тули, но со концепциски поинаков изглед во однос на надворешноста (разбиени маси, нагласено диференцирана структура и сл.), што е карактеристично за бањите од IV век и подоцна, е бањата надвор од источната капија на Долниот Град29 на Царичин Град, која се смета постара од онаа крај јужната капија на Долниот рах. Бањата од Хераклеја воедно се споредува и со централните терми во Помпја и термите во Остија.30

Структурните градителски аспекти со поддршка на наброените аналогии зборуваат во

прилог на претпоставена старост на објектот, како наследник на јужниот портик, најрано во време на документираната реконструкција на северниот портик во доцен П век или подоцна. Ова отвора нови прашања за организацијата на делот околу Малата базилика.

Ваквото толкување дава поттик за размислувања со различен квалитет за дефинирање на карактерот на бањата како гладијаторска, односно венаторска наменета за употреба на изведувачите во блиската арена31 или атрибуција кон извесен претпоставен гимназион.32 Во оваа смисла може да се аргументира дека од отворањето на приватните бањи за јавна намена низ процес на национализација и комерцијализација во доцнорепубликанскиот период, тие биле отворени за употреба за широка публика со единствено ограничување на времето и начинот на употреба. Оттука, исклучивост за употреба на оваа бања само за еден слој намерници или жители на Хераклеја не е веројатна, а е исклучена намената за ефебите од потенцијалниот гимназион со оглед на нејзината локација во центарот на градот, особено со оглед на недостатокот на неопходни придружни објекти. Оттука, бањата со претпоставеното рано потекло претставува репрезентативен објект во симбиоза со соседните објекти, форумот и судницата со портикот со скулптури и почесни натписи на големците на Хераклеја, како седиште на централната муниципална власт, во кој се одвивал главниот сегмент од јавиот живот на хераклејската елита.

Забележителна карактеристика на бањата во Хераклеја претставува рестрикцијата на просторот во источниот сегмент, решен со воединување на функциите на аподитериум и фригидариум. Освен првичните ископувања и поновите сондажни истражувања источно и јужно од бањата, првпат изведени во доцниот XX век и повторени 2008 г., пропуштаат да донесат нови согледувања во однос на историјатот на градбата и придружните објекти кои неопходно го следат овој вид градби.33 Поради тоа може да се претпостави дека оваа рестрикција најверојатно се должи на малиот број посетители.34 иако трендот на редукција на просторите за студени и топли капења, што исто така е случај во Хераклеја, се следи и во двете бањи во Царичин Град и е дел од претпоставената трансформација кон средновековниот тип на капалишта.35 Аналогно на статусот на градот, спротивен е развојниот тренд на Големата бања во Стоби, најблиска аналогија на бањата од Хераклеја од територијата на Република Македонија, која во доцниот период на постоење добила поголем влезен простор, слично на останатите споменати бањи со акцент на нивната специфична намена.36 Ова е секако резултат на демографскиот капацитет на Хераклеја, нејзиниот скромен статус на крајпатно гратче со малубројна елита, кое во суштински важен момент за римската империја се развива на стратешки важна позиција на трасата на Via Egnatia. Во прилог на тоа зборува радикалната раноцарска урбанизација на градот, која и на овој централномакедонски простор во целост ги следи каноните на римското градителство.37 Археолошките податоци досега добиени со ископувањата во Хераклеја укажуваат дека ова гратче, користејќи ја темелната база создадена како плод на римската политика и процесот на т.н. романизација или трансформација и унапредување на локалната култура во новоанектираните простори кон Римската Империја, дури во ранохристијанскиот период успева да ги искористи своите автентични потенцијали и да прерасне во препознатлив христијански центар со изразит поклонички карактер.

Од есенцијална важност за хронолошката детерминација на бањата е водоводната линија од која се напојувала. Како што беше погоре посочено, на прва помисла тоа е водоводот под соседната улица. Меѓутоа, оваа конструкција е спротивна на претходните заклучоци во однос на староста на бањата, реконструкцијата на кампањите на преградување и затворање на објектите во секторот, потврдено со непостоење на директна поврзаност меѓу двете инсталации, бањата и каналот. Во колку се прифати претпоставката дека потеклото на бањата е во раноцарскиот римски период на урбанизација, тогаш мора да се отфрли и претпоставка за нејзино напојување од доцноантичкиот водоводен систем тука атрибуиран кон третата фаза на водоводни системи.

Кон идентификацијата на системот за доведување на вода е сознанието дека уште во времето на канонизација на бањската архитектура во крајот на републиканскиот и раниот царски период бањските објекти неопходно биле поврзувни со наменски едновремено изградени водоводни линии исклучиво за нивни потреби. Оттука, со оглед на различното временско потекло на бањата и познатиот водовод и недефинираната поврзаност меѓу нив, како и фактот дека оваа водоводна траса и по одминувањето на бањата продолжува долж улицата кон исток со неизменети димензии и капацитет, индицира постоење втор голем потрошувач на вода во источниот дел од градот или предградието, за чии потреби тој бил наменски изграден во даден момент. Како последица на изобилството подземни води кои на жителите им овозможувале квалитетна индивидуална санитаризација и услови за одржување хигиена во домовите, ова не значи исклучиво постоење на втора бања и не неопходно поголема. Намената на водоводот се бара во општо снабдување со питка вода на градот, односно поголем број непознати корисници лоцирани во источниот неистражен дел и предградието. Ова по претпоставка го условува неговото настанување во време на урбанизација на источното предградие, едновремено со неговото утврдување и градба на Базиликата Д во раниот VI век.38

Втората алтернатива за снабдување на бањата со вода е од постара водоводна линија длабоко вкопана под рановизантиските слоеви на хабитација, од каде низ посебен систем водата била доставана до бањата. Нејзината траса е се уште непозната за нас, а веројатно ја следи трасата на одводната линија констатирана на потегот од театарот и под доцниот нартекс на Малата базилика. Може да се претпостави постоење на силна водоводна линија што се движела во правецот север-југ, нормално поставена на театарот, во склад со одводната линија и ортогоналната проекција применета во урбанизацијата. Кон тоа неопходно е да се сврти внимание на северниот анекс кон затворената квадратна просторија крај северниот зид на нартексот на Малата базилика, која досега не го доби потребнато толкување од страна на истражувачите, како и констатираната мрежа од канали под мозаикот на наратексот на Малата базилика, односно т.н. екседра атрибуирана на вториот урбан план на Хераклеја, датирана во IV век. Од него се напојувал баптистериумот на Малата базилика, и уште 2 корисници според планот на М. Чанак-Медиќ??39 (сл. 5). Постоењето шахта во ширина на улицата што води кон исток зборува за можната намена како diverticulum или свртница, од каде се вршело напојување на бањата. Оттука може да се заклучи дека и двата објекта. бањата и нејзиното водоснабдување, се синхрони на раноримската урбанизација на градот.

Сл. 5. П Урбан план на Хераклеја Линкестис со екседра (Според: М. Чанак-Медиќ, 1965, План XV)
Сл. 5. П Урбан план на Хераклеја Линкестис со екседра (Според: М. Чанак-Медиќ, 1965, План XV)

Според сето претходно, разгледувајќи ги можностите на ниво на хипотези, не секогаш археолошки потврдени во целост, но поврзани низ тесно дефиниран каузалитет востановен врз основа на документирани податоци, двете водоводни инсталации, одводната и доводната линија, засега би биле дел од најстариот водоводен систем во Хераклеја, настанати едновремено со градбата на театарот, а консеквентно и термата. Наспроти нив, во овој момент од досегашното следење на водоснабдувањето на Хераклеја може да се заклучи дека до активно функционирање на централната доцноантичка водоводна линија, трета по редослед, дошло во почетокот на VI век. Тоа котерминира со реконструкцијата на баптистериумот на Малата базилика и на системот за нејзино напојување, на што укажува постоењето оловна цевка вметната над нивото на примарниот доволен канал, поставена западно од северниот влез од нартексот во баптистериумот (сл. 4), која не оди по трасата на претходниот канал, туку веднаш свртува кон север и го сече северниот зид на нартексот.40 Ова директно укажува на промената во водоснабдувањето како резултат на подобрените услови со инсталираната нова водоводна линија по земјотресот од крајот на У.

Сл. 6. Римската терма (Според: Цветковин-Томашевиќ Г., 2002, сл.1, дополнето)
Сл. 6. Римската терма (Според: Цветковин-Томашевиќ Г., 2002, сл.1, дополнето)

Во горниот сегмент водоводната траса веројатно доаѓа од север, спуштајќи се долж источната периферија на театарскиот комплекс, но и покрај настојувањата при истражувањето таа не е археолошки востановена. Таа веројатно претставува примарен или еден од примарните ограноци на водоводниот систем со акомулациона база според горе изнесената претпоставка на просторот над театарот, односно т.н. акропола. Наспроти останатите помали канали откривани на просторот на централното градско подрачје, врз основа на квалитетот на градба овој ductus поставен долж централната оска на улицата, е граден со камен и хоросан малтер, сместен во песочно лежиште, според доктрината на градба на водоводни канали, и бил покриен со масивни камени плочи, меѓусебно замалтерисани, зависно од потребите наметнати од потребата за сочувување на чистотата на водата.41 Постоењето на водоводната линија неопходно повикува на детектирање на паралелен одводен канал, кој во принцип би се движел долж истата траса, под нивото на водоводот и евентуално поместен кон една од страните на улицата. Дисперзираната канална дренажа на термата претставена на планот на Г. Цветковиќ-Томашевиќ укажува на поставеност на одводите во согласност со различното време на настанување на термалните уреди надвор и јужно од градбата. Во согласност со тоа е и констатираниот одвод на вода од баптистриумот со интактниот таложник, изведен јужно од градбата и надвор од тврдинскиот зид.42 што укажува на нејзино секундарно користење некаде на просторот меѓу римскиот и доцноантичкиот тврдински зид. Нивното постоење неопходно се врзува со обичајот за секундарна употреба на оваа вода за санитарни потреби.

Cu. 7. Градската чешма донација на императорот Јустинијан 1
Сл. 7. Градската чешма донација на императорот Јустинијан 1

Во густата низа случувања што го одликуваат просторот северно од оградниот зид на Големата базилика или подобро манастирскиот комплекс што тој го затвора, секако најмаркантна е импозантната градска чешма истражувана во текот на 80-тите години од XX век,43 која засега е без паралела на територијата од Република Македонија. Според посветниот натпис на нејзиниот донатор, императорот Јустинијан 1, таа е подигната во 562 г, по претпоставениот земјотрес што го разорил градот кон средината на VI век“ (сл. 7). Споменот на оваа, фактички последна сложена водоинсталациона интервенција од големи димензии во Хераклеја, особено кога се има предвид инволвирањето на театарскиот комплекс, е интересен со оглед на последиците што градбата на фонтаната ги има во однос на претходната водоводна линија и генерално водоснабдувањето на источниот дел од градот. Поточно, со нејзината градба крај југоисточниот агол на театарската скена, на кота пониска од корисното ниво во тоа време, не завлегувајќи подлабоко во техничките аспекти на оваа промена, обврска на теренскиот истражувач, доцноантичкиот магистрален водовод бил пресечен.44 Анализата на градбата на фонтаната при иницијалните истражувања покажала постоење на постара фаза со помали димензии лоцирана на истото место“:45 (ел. 8). Со оглед на поставеноста на лакусот и чешмата на ниво под дното на водоводот, се наметнува заклучокот дека со нејзиното настанување била намерно прекината водоводната траса и уредувањето на околниот простор. Воедно, бил променет правецот на напојување, односно бил изграден нов водовод, што бил скап и голем по обем проект. Со оглед дека со археолошките истражувања не се добиени податоци за примарната градба на чешмата, може да се претпостави дека тоа се случило кусо пред втората. Причините лежат во заклучокот, пред се, дека исклучувањето на Ш водоводна линија укажува на веројатно масовно рушење и одумирање на поголем сегмент на градската територија, во претходно посочениот источен дел од градот и предградието. Како потврда стои фактот дека и еден од забележителните објекти од утврденото источно градско предградие, базиликата „Д“, трајно настрадала во истиот разорен земјотрес.46 Обемот на археолошки констатирани разурнувања зборува за моќни тектонски изместувања кои најверојатно доведе до подземни оштетувања на урбаната инфраструктура, вклучително и на овој водовод. Како последица дошло до изградба на првичната фонтана/чешма со непознат за нас изглед како главен снабдувач со вода на градот. Но со оглед на потребите кои таа требала да ги задоволи, со многу веројатност се наметнала потребата од помоќен снабдувач, што довело до нејзина неопходна реконструкција. Оттука И неопходноста од империјалната донација најверојатно обезбедена со посредство на епископот или архиепископ Јован, исто така споменат во почесниот натпис, чиј авторитет е познат во црковната историја на градот и провинцијата.47 Засега не постојат податоци кои би укажале на поголема временска разлика меѓу двете фази на чешмата ниту. пак, дека снабдувањето се вршело од различни водоводни линии. Како поткрепа дека вакви големи зафати биле изведувани во крајот на антиката, што кај нас се толкува со одамна надминатото одумирање на културните и политички процеси, а напротив со значајна економска моќ, сведочи посветниот натпис од Софија датиран во 580 г, врежан во колоната веројатно оригинално вградена во чешма, во кој се вели: „Императорот Тибериус Константин Август, меѓу останатите градби во Сердика, го реконструираше овој водовод од парите донирани од благородниот маж, кандидат Јулијан, на барање на архиепископот Леонтиј, господар и најблагословен маж, во месец јули 14 индиктион“48 (сл. 9).

Сл. 8. Lacus на Јустинијановата фонтана со видливи показапостара фаза
Сл. 8. Lacus на Јустинијановата фонтана со видливи показапостара фаза
Сл. 9. Дедикаторски натпис од скената и зад нејзината фасада, ја открија познатата водоводна Сердика (Археолошки музеј линија што ја снабдувала Јустинијановата чешмата49 “? (ел. 10). - Софија) Во оваа прилика нема повторно да се навраќаме на нејзинат
Сл. 9. Дедикаторски натпис од скената и зад нејзината фасада, ја открија познатата водоводна Сердика (Археолошки музеј линија што ја снабдувала Јустинијановата чешмата49 “? (ел. 10). - Софија) Во оваа прилика нема повторно да се навраќаме на нејзината
Сл. 10. Водоснабдителниот канал за градската чешма зад фасадата на scaenae frons (Според: Т. Јанакиевски, 1987, сл. 79).
Сл. 10. Водоснабдителниот канал за градската чешма зад фасадата на scaenae frons (Според: Т. Јанакиевски, 1987, сл. 79).

За снабдување на новоизградената градска чешма бил изграден и нов водовод. Археолошките истражувања вршени во рамките на театарскиот комплекс, поточно, во зградата на

траса, освен да потсетиме дека нејзиното настанување се датира во првата половина, односно кон средината на VI век, кусо пред времето назначено во донаторскиот натпис на чешмата. Меѓутоа, изненадува конфузијата што овој водовод ја предизвикува, па се претпоставува алиментирање од овие води на чешмата во тремот на Големата базилика.50

Последната по редослед за претставување водоводна артерија од значење за градот, но втора по старост, првпат истражувана во 1980 r, а од 2000 г. да биде континуирано отворана до нивото на покривните плочи, денес е веќе срушена. Со истражувањата во 2008 г. се даде можност да и се посвети внимание во обид за нејзино детално истражување и документирање. Лоцирана е на просторот наречен театарски плоштад (сл. 3, водоводна линија 2) меѓу доградените објекти кон јужната фасада на театарската сцена и потпорниот 5ид кој го затвара манастирскиот комплекс. Таа се следи од крајниот запад на улицата која се формира на овој простор, во линија на југозападниот агол на куќата 1, а поаѓа од еден масивен corpus divisiorum, шахта I, лоциран поназапад и која градителски припаѓа на друг сектор. Водоводот се напојува од север и влевајќи се во шахтата | ја менува трасата, свртувајќи кон исток долж оградниот зид на Големата базилика, паралелно со Hero, што е прв показател за нивната взаемна поврзаност. Во првиот западен сегмент каналот има нагласен пад, а по следната,

Сл. 11. Сектор Театарски плоштад - западен дел од водоводот бр. 2, рани истражувања: а. Основа 6. Пресек
Сл. 11. Сектор Театарски плоштад - западен дел од водоводот бр. 2, рани истражувања: а. Основа 6. Пресек
Илустрација, стр. 397

шахта П, во пределот на куќата 2 да добие стандардна нивелација. Посебен куриозитет претставува споредната водоводна линија .„Б“ што доаѓа од ист правец, поставена северно од претходниот и лесно се разидува со него, а Т. Јанакиевски смета дека е и постара"!51 (сл. 11 a, 6). Двата канали се зидани со тула, однатре обложени со хидрофилен малтер и покриени со крупен плочест шкрилец добро залиен со хоросан. Обата се поставени во лежишта од песок.

Двете линии се во различен степен на зачуваност. Главниот јужен ductus «A» е речиси целосно зачуван, со внатрешни пресек на каналот 0.18 х 0.26 м. Евидентните сервисирања на трасата овозможиле останување во функција се до крајот на потребата за снабдување со вода на главниот потрошувач. Со истражувањата стана јасно дека помасивниот канал А претходи на градбата на северниот канал Б, чиј краен западен сегмент е закосен кон север доближувајќи се до аголот на куќата 1, без да ја користи гореспоменатата шахта I. И тој аналогно на претходниот се спушта од север од главната цистерна или некој спореден /acus. Тој има слични димензии 0.20 х 0.22 м, но далеку послаба градба што говори за различна намена. Во горниот сегмент кон источниот крај на куќата | двата канали се доближуваат. Нивниот спој е изведен во вид на Corpus divisiorum (шахта II), во која се слеваат водите од двата канада од каде ќе бидат контролирано дистрибуирани до потрошувачите. Воедно, тука се неутрализирал и високиот притисок настанат од нагласениот пад на каналот. Од истата шахта кон југ се издвојува помал канал во должина од 2 м, од кој се напојува чешмата лоцирана во северното чело на тесниот двор на Големата базилика“52 (сл. 12). Каналот на влезот во чешмата, како резултат на закосеноста има дим. 0.32 х 0.78 м, поставен е на висина 1.62 м и се смета дека директно се влевал во коритото високо 0.76 mM. Времето на нејзиното настанување широко се датира во У и почетокот на VI век.53 Со оглед дека развојот на комплексот на Големата базилика не е во целост разрешен, па ни на чешмата, предложената датација засега само го потврдува времето на настанување на водоводот. Сепак нелогично е предложеното техничко решение за нејзина реконструкција без lacus во позадината за колектирање на вода за натамошна дистрибуција низ чешмите, аналогно на Јустинијановата чешма и Градската чешма во Стоби. Според документацијата може да се претпостави дека точно тој бил најслабата конструктивна точка и причина за рушењето.

Сл. 13. Театарски плоштад - централен сегмент на водоводниот канал крај куќата | со шахтата Ш
Сл. 13. Театарски плоштад - централен сегмент на водоводниот канал крај куќата | со шахтата Ш

На источниот крај од вториот сегмент на водоводот, на околу две третини од целокупната линија, повторно се откри помала шахта во која странично завршуваше каналот „Б“, со што во време на функционирање на двете водоводни линии водите се слевала во единствен водотек. (ел. 13, 14) Третиот сегмент на трасата на каналот ,,A“ од шахтата Ш имал засилен водотек, што во извесен момент предизвикало оштетување на следната шахта ГУ, обележена со две

Сл. 14a, 6. Шахта Ш
Сл. 14a, 6. Шахта Ш
Илустрација, стр. 399

2008 со шахтата ГУ во преден план шахтата ГУ водотекот свртува кон југ за 90°, го сече оградниот зид на Големата базилика и се стреми кон нејзината крстилница (сл. 15). Нејзината хронолошка и културна недефинираност во голем дел го отежна толкувањето и намената на овој водовод. Со решавање на потеклото на останатите водотеци на просторот источно од Големата базилика може да се заклучи дека водоводот е подигнат за водоснабдување на крстилницата, а целиот градителски зафат би се датирал во време на нејзиното настанување. За жал, нашите сознанија за овој елемент на црковниот комплекс се крајно сиромашни и не даваат можност за прецизно решение, освен грубо датирање во V век.

Посебноста на каналот „Б“ наметнува повторно накусо навраќање на него. Со одредена нерегуларност во поставеноста, благо спуштајќи се од север, тој минува крај аголот на куќата | и се оддалечува од неа за да се приклучи кон првата шахта долж улицата (шахта П). На просторот од куќата 2, кај југозападниот агол се доближува до нејзината јужна фасада, ја следи во целата должина и се оддалечува дури кај нејзиниот југоисточен агол за да се влее преку шахтата Ш во каналот А (сл. 16) Начинот на поставеност укажува на законска пропозиција во начинот на изведба, а со цел да се заштитат соседните објекти. Ексклузивноста на внатрешната организација и опременост на трособната куќа 2, со можно катно уредување, укажува на високиот економски и општествен статус на нејзиниот имател, кој во еден период бил во состојба да обезбеди директен прилив на свежа вода до своето живеалиште.54 ДАрхеолошките истражувања на постарата фаза на куќата, во југоисточниот агол на нејзината источна просторија, го открија постоењето на плитко, со камен обрабено корито обложено со глина (сл. 17). Инсталирано е во простор силно набиен со глина која обезбедувала хидроизолација. Според проучувањето водоводот се атрибуира на првата фаза од постоењето на куќата во втората половина на У век, по проширувањето со доградба на западната просторија. Високиот степен на оштетување на водоводот се должи најверојатно на земјотрес, што е причина за темелна обнова на куќата, но и исклучување на дотокот на вода во неа. При истражувањето на просторот не се наиде на остатоци од водоводна инсталација и опрема што би ја обезбедувале употребата на вода во куќата, а кои биле изолирани од неа како последица на темелната преградба по штетите настанати од употребата на вода. Имено, самиот агол на куќата е преграден со вметнување на обработени камени блокови, меѓусебно поврзани со хоросан малтер во основата на ѕидот кој бил подѕидан од надворешната страна. Нивното поставање врз дел од трасата на руинираниот водовод го потврдува заклучокот дека во тоа време дотурот на вода бил прекинат.

Сл. 16. Сектор Театарски плоштад - втор сегмент на водоводниот канал Б крај куќата 2
Сл. 16. Сектор Театарски плоштад - втор сегмент на водоводниот канал Б крај куќата 2

Податоците добиени со истражувањата укажуваат на очигледен пример на приватна водоводна линија, сопственост на извесен големодостоинственик, виден член на градската заедница на Хераклеја. Според досегашните податоци, тој И неговото семејство И жителите на куќата | претставуваат највисоко позиционирани граѓани на општествената заедница во доцниот V и раниот VI вск. Слични приватни водоснабдителни линии се познати од повеќе големи градови со развиени и проучени водоснабдувачки системи. Воедно, спојувањето на овој канал преку шахтите II и Ш со каналот „А“ укажува на патронатство на нашиот анонимен доброчинител, кој низ сопствена инвестиција го спонзорирал функционирањето на црковната чешма и крстилница. Во прилог на тоа зборува нагласениот пад на кусата вододелница од шахтата II до оградниот зид на базиликата, со промена на висината од дури 0.67 м (ел. 11), што го определува приоритетот при водоснабдувањето на чешмата, наспроти минималниот пад на каналот „Б“. што резултирало со побавно истекување на водата кон неа. Впрочем, условите под кои било регулирано користењето на вода во сушни периоди или при низок водотек биле формулирани во законски трактати проследени со бројни примери, па може да се претпостави дека и тука била склучена концесија меѓу корисниците и градот за наизменично користење на водата и условите на алиментирање на црковните објекти. Според претходната анализа, водоводната инфраструктура во Хераклеја се наметнува како обединувач за хронологијата на настани и градителски интервенции во централното градско подрачје, а донесените заклучоци се очекува да бидат прецизирани, корегирани и дополнети со идните истражувања. Гледано во целост, аналогно на генералните фази на урбанизација произлезени како резултат од претходната анализа на архитектонски споменици, развојот на водоводната инфраструктурна мрежа го следи истиот тренд и, логично, е тесно поврзана со неа. Во основа, паѓа во очи релативно малиот капацитет на активни водоводни линии откриени во овој дел од градот, што укажува на рационалноста при користењето на водниот капацитет, ова секако е за сметка на богатото со подземни води тло, што се одразува и преку релативно честата појава на бунари. Мрежата од канали и шахти меѓусебно тесно поврзани, кореспондираат со континуираниот развиток на оваа градска населба со нагласок на доцната антика. Тие дури овозможуваат појасно согледување на заемната поврзаност на поедини објекти и отвораат нови аспекти на виталноста на градот што укажува на неговото економско и политичко јакнење.

Сл. 17. Корито за вода во југона куќата 2
Сл. 17. Корито за вода во југона куќата 2

LJUBINKA DZIDROVA

Museum of Macedonia - Skopje

THE WATER SUPPLY OF HERAKLEA LYNCESTIS

Белешки

  1. Овој текст беше представен на Меѓународниот симпозиум Вода, живот и задоволство“ одржан во Струмица во октомври 2008 г., но не беше предаден за печат. ↩
  2. Петров K., 1956, 108-110: Јанакиевски T., 2003 а, 197. ↩
  3. На проблемот на водоснабдувањето на Хераклеја Т. Јанкиевски му посвети многу труд, сумарно претставено во еден од неговите последни текстови: Јанкиевски T., 2003 6, 255-261. За материјалните податоци од тој период види: Манева E., 1979, и толкување кај: Џидрова ЈБ., 1999, 270, заб. 2. ↩
  4. Еден бунар со камен прстен со јонски канелури е откриен во атриумот на т.н. Епископска резиденција, со претпоставка на авторот дека обата објекта, бунарот и прстенот, се римски; втор во југоисточниот агол на под мозаичниот под на т.н. одаја 3 на мартириум 2 со длабочина од 2.65 м. Цветковин-Томашевии I, 2002 6, с. 10, 101-102, са. 1, 2, 3, 69. На римскиот период може да му се припише прстенот за бунар со неизвесно местонаоѓање, оставен на локалитетот и битно оштетен од временските прилики. ↩
  5. Единствен пат тој ¢ споменат кај Томашевиќ I, 1965, 9. ↩
  6. Платформата има димензии е. 210 x 90 mM, а откриената градба е асоцирана со базилика. [pbuh M., 1939, 233: Манева Е., 1979, 9, 12 52. Апсидата не наметнува неопходно сакрален карактер на градбата како тоа најчесто се разбира. Грбин M., 1937-1938, 351; Стричевиќ Ѓ., 1961, 35-36, со повеќе детали. ↩
  7. Јанкиевски T., 2003 а, 199, посочува дека остатоците од фонтаната и дел од рановизантискиот водовод северно од неа биле силно руинирани при градбата на современите објекти. Јанкиевски T., 2003 6, 256. ↩
  8. Надворешни димензии 1.69 x 1.56 и отвор 0,55 x 0.55 mM, Јанакиевски T., 1998, 99, сл. 77 со нејзина локација на планот, сл. 82, 83. ↩
  9. Јанкиевски T., 2003, 193, подоцна појасно го изразува својот став за почеток на градбата при крај на владеењето на Хадријан, а пуштање во употреба во средината на векот за време на Антониј Пиј, Јанкиевски T., 1987, 66; Јанкиевски T., 1998, 153-155, каде инсистира на единствената кампања на изградба, со краток осврт на шахтата 96. ↩
  10. Томашевиќ Г.. 1965, 29, заб. 56; Чанак-Медиќ M., 1965, 41-42, сл. 9-11, План У; сумирано кај: Џидрова ЈБ., 1999, 274-275, заб. 20, 21, сл. | и детаљ. ↩
  11. Терминот е сугериран и користен од Т. Јанакиевски во сите негови трудови и фигурираше како наслов на истражувачкиот проект на кој тој работеше по завршувањето на истражувањата на театарскиот комплекс. ↩
  12. Џидрова ЈБ., 2008, 291-310. ↩
  13. Овој квалитет на урбано живеење во Хераклеја беше експлицитно представен во: Џидрова Jb., 2008 a. ↩
  14. S Цветковин-Томашевин Г.. 2002, 25-36, со недостаток на стратиграфски податоци, но со претставени неопходни технички карактеристики за градбата, кои оневозможуваат натамошни погрешни толкувања. ↩
  15. Цветковин-Томашевиќ Г., 2002, 25, 35. Во поглед на релацијата помеѓу Малата базилика и последното ниво на улицата веќе е констатирано кај: Џидрова Jb., 1999, 285-287, сл. 6. ↩
  16. Раните истражувања произвеле заклучок за постоењето на т.н. Двоен портик чиј јужен дел подоцна е адаптиран за Малата базилика, а источно од неа делумно врз портикот е подигната термата. Томашевиќ Г.. 1965, 9-14, 28. Иако широко прифатена, оваа пртпоставка не е во целост докажана. Јанакиевски Т., 1988, 7 план на стр. 9, сл. 5. Чанак-Медиќ М., 1965, 42, 43, 44, сл. 16; Микулчиќ И., 2007, 72-78, дава слободна претпоставена реконструкција на изгледот на градбата без неопходна анализа. ↩
  17. © Оваа проблематика е детално опсервирана во претходна ревизија на археолошките објекти како начин за утврдување на историскиот развиток на Хераклеја, Џидрова Jb., 1999, 270-272, со целокупна библиографија. ↩
  18. Во прилог на истото М. Медиќ документирал партија на северниот зид како остаток од постар зид врз кој била изградена бањата. забележено и од Микулчиќ И.. 2007. 132/133. Нешто поедноставно тој сегмент е претставен кај ЦветковиП-Томашевин Г., 2002, сл. 1, стр. 26, без осврт во текстот. ↩
  19. Во прилог на раното датирање на надворешните зидови зборува и архитектонската модулација со примена на класичната должина од една стопа, 0.296 м, според упатите на Витрувиј, Томашевиќ Г., 1965, 10, заб. 3,4, додека системот на градба со елевациони слоеви од цигла укажува на интервенција изведена во ГУ7 век, со одредена резерва во смисол на конзистентноста во апликацијата на методот, според: Бобчев С., 1952, 12-23. Имајки го предвид ова мислење и Лилчиќ В., 1996, 87, ја постава примарната градба во раниот IV век. Микулчиќ И., 2007, 132/133; Цветковић-Томашевић Г., 2002, 25-27. ↩
  20. Микулчиќ И., 2007, 132/133, датацијата што ја приложува кон соседните објекти е неаргументирана. га Цветковин-Томашевин Г., 2002, сл. 1, одводните линии се документирани на планот. ↩
  21. Ѓорѓиевска A., 2003, 74 сл. 10. Истражувањата на овој простор се вршени околу 2000 г. под раководство на колешката A. Ѓорѓиевска. Резултатите од истражувањата не се публикувани. Впрочем, Цветковин-Томашевиќ Г., 2002, 25, врз основа на распоредот на префурниите го дефинира т.н. ложишен коридор јужно и западно од термата. ↩
  22. Вградени се еден јонски капител, едно мено и два капители за меноа, Лилчиќ B., 1996, 87 заб. 175. Микулчиќ И. 2007, 132/133, дава толкување кон која може ла се приговори. но со оглед дека на ова место од примарен интерес е хронологијата и водоснабдувањето, коментарот го оставаме за друга пригода. ↩
  23. Лилчиќ В., 1996, 88-89, кој наведува три помошни ложишта на јужниот зид, тука вбројувајки ги двата канали за вентилација на хипокаустниот систем и средното ложиште. Цветковип-Томашевин Г., 2002, 25, 27, укажува на постоење на 2 странични јужни ложишта. од кои едното е потврдено, а второто го постава под јужната када на калдариумот, што е излишно и со тоа го заменува јужниот вентилационен извод со фурна. ↩
  24. > Микулчиќ И., 2007, 132/133. Цветковин-Томашевиќ Г.. 2002, 25, со стандардна дефиниција на внатрешната организација на бањата. ↩
  25. Кондин В.-Поповиќ B., 1977, 133-134, со детален опис на лаконикумот и нагласок на отсуството на ложишта под кадите на калдариумот. ↩
  26. Farrington A., во: Macready S., and Thompson F.H., eds.. 1987, 50-51. ↩
  27. Цветковић-Томашевић Г., 2002, 34; Кондић В.- Поповић В., 1977, 130-135, сл. 94-96, со постара литература; Петровић Н., 1961, 11-20. [iperKopuh-Tomamesnh Г.. 2002, 34: ↩
  28. Цветковић-Томашевић Г., 2002, 34; ↩
  29. Цветковић-Томашевић Г., 2002, 34-35. ↩
  30. А. Георгиева (Ѓорѓиоска), 2003, 69-74, која не го познава трудот на: Цветковић-Томашевић Г., 2002, ја атрибуира бањата на хипотетичен гимназион и изнесува низа проблематични констатации, меѓу кои и именувањето на градот како Римска Colonia “...според римски натпис од Ш Вех» во кој се именува градот како Septimia Aurelia Heraclea, стр. 70 без наведување референца, што опишува забележително непознавање не само на термалната архитектура, туку и на римската историја и археологија генерално, и склоност кон манипулација со податоците. Династичкото именување е различно од претпоставен колонијален статус на градот, процес кој е многу добро познат во литературата. Воедно атрибуцијата на бањата кон гимназионот го врши врз основа на натпис кој не го посочува. и покрај постоењето на издржано монографско издание чиј подписник е и самата: Калпаковска В. - Ѓорѓиевска А., 2003, кат.бр. 22, 27, со комплетна постара литература. ↩
  31. Во двете кампањи е истражувано од надворешната страна на источниот обемен зид, но без посебни резултати. Истражувањата на овој простор се вршени под раководство на колешката А. Ѓорѓиевска, а резултатите не се публикувани, ниту споменати во нејзиниот текст: Георгиева (Ѓорѓиевска) A., 2003, 69-74, Цветковин-Томашевин Г., 2002, 29, овде очекува палестра и други пропратни објекти. ↩
  32. ЦветковиП-Томашевии Г., 2002, 25-36. Микулчиќ И., 2007, 132/133, претпоставува едновремено користење на бањата од страна на 12-15 жители, што е премногу со оглед дека тие во бањите биле придружувани од своите слуги. па оваа бања би била претесна за најмалку 30-ина и повеќе корисници. ↩
  33. Кондић В. - Поповић В., 1977, 103. ↩
  34. Цидрова Љ., 2010, 371. ↩
  35. За потенцијалот на Хераклеја како град види: Цидрова Љ., Македонско наследство, 2010, 140-141; и поопширно во дискусијата: Цидрова Љ., 1999, 269-291. ↩
  36. Мислењата се контрадикторни со оглед дека Манева, Е., 1988, 175-185 утврдува најјака виталност на просторот околу2 средината на ГУ7 до преминот во У век, а потоа негово одумирање, што не е во согласност со процесот на утврдување на тој дел од градот, а ниту3 пак базиликата во контекст на правилата на урбано живеење во доцната антика не е по правило цеметеријална; за тоа види: Џидрова Jb., 2003. ↩
  37. Чанак-Медиќ M., 1965, 37-38, План XV; Џидрова ЈБ.. 1999, 277-280 Сл. 3, 4. Според планот тешко е да се претпостави кои се двата корисника. Баптистериумот на Големата базилика, како потенцијален кандидат, кој како што ќе биде подолу прикажано се напојувал од друг водовод, а веројатно и чешмата надвор од рановизантискиот бедем крај пентагоналната кула, како втор неидентификуван корисник кој го користи истиот извор. Евидентно е дека археолошките ископувања треба да го дадат последниот збор. ↩
  38. Таа е спроведена во ЅНЈОТ преку вертикален канал како резултат на променетото ниво на соседната улица од време на примарната организација на баптистериумот, со оглед на постоењето на 2 нејзини фази. Чанак-Медиќ M., 1965, ↩
  39. Каналот има претходна историја на толкување како одводен канал, но со оглед на внатрешното обложување со хоросани скоро херметичко затворање од горната страна, кој малтер со време испаднал, заклучено е дека се работи за водоводен канал. Дим. 0,50 x 0,70 m, Janakievski T., 2003 6, 256, сл. 2. ↩
  40. Чанак-Медиќ М., 1965, 44-45. ↩
  41. Прв пат таа е графички представена во: Јанакиевски Т., 1987, План 6, а интерпретирана кај: Манева E., Културно наследство 16/1989 (1993), 18, заб. 6; Јанакиевски T., 2003, 191-206; за земјотресот Џидрова Jb., 1999, 285-287. ↩
  42. Со истражувањата на колегата Е. Насух во 2007 г. е откриено дека каналот е пресечен во линија на потпорниот зид на Големата базилика. ↩
  43. Јанакиевски T., 2003 а, 199-200; ibid., 2003 а, 257-258. ↩
  44. Манева E., 1989, со сета постара литература: Манева Е.. 1986: Џидрова Jb., 2003, 263-267, 269. ↩
  45. Неговото име е познато од монограмот врз капител од Малата базилика, Huxonajesuh-Crojxosuh H., 1957, 41, со постара лит.: Јанакиевски T., 2003, во: Алексова b., Томовски K., Грозданов Ц.. еԁѕ., 2003, 191-193. ↩
  46. Натписот, инв.бр. 8425, врз столбче со откриен капител и слабо назначена база е изложен во постојаната поставка на Археолошкиот музеј во Софија со таму предложено читање. Оваа информација е дополнително вметната во текстот по последниот рок за предавање, па не бев во состојба да го проверам во литературата. ↩
  47. Прв пат представена од: Јанакиевски T., 1987, 73, сл. 79, план 7. Се состои од зидан канал со дим. 0.45 x 0.55 м. Микулчиќ И., 2007, 134/135, во краткиот опис на чешмата наведува нејзина водоопскрба преку керамичен цевковод, што е неточно, и поинаква траса од онаа констатирана на терен. ↩
  48. Јанакиевски T., 1987, 73, кој тврди дека римски водовод во Хераклеа не е откриен: Јанакиевски T., 2003 а, 198- 199, ја датира во првата половина на VI век, што не е драстично различно од погоре изнесеното мислење. но нуди толкување која е пеодржлива. Со поинаква интерпретација: Џидрова ЈБ.. 1999, 282. 284, сл. 5. ↩
  49. Јанакиевски T., 2003 а, 196-197, кој смета дека каналот Б е постар од A. ↩
  50. Шахтата е откриена и интерпретирана од: Јанакиевски Т., 2003 а, 196-197. Дождливата сезона го поремети континуитетот на истражувањата. така што шахтата не беше отворена и стручните хидрографски мерења не беа изведени во истражувачката кампања во 2008 г. ↩
  51. Цветковић-Томашевић Г., 2001, 512-514, сл. 3-5, Т I, II. ↩
  52. Цидрова Љ., 2010. ↩

Summary

The Water Supply of Heraclea Lyncestis

Though a detailed review of the archaeological remains, both those previously published and those from recent excavations, my purpose here is to define the water supply of Heraclea Lyncestis. In light of previous studies, the remains are being followed through various phases of urbanization, with attention to chronology and associated urban plans. Thus four major phases of the installation of water supply systems are differentiated and presented schematically in figure 3.

Among the water lines, the oldest one originated at the time of the original application of the Early Imperial Roman urban plan. Although only sporadic sections have been detected, they are being connected here; nevertheless this water line is not presented in the plan. Until now the collector of rain water from the theatre complex has been uncovered (Fig. 1), and that of the Roman forum (Fig. 2). To the early structures were added the Roman thermae (Fig. 6), incorporated within the remains of an earlier imperial building, and becoming a part of the early architectonic ensemble datable to the second or third century. It was supplied by the early aqueduct. The thermae continued their existence throughout the later history of the town, becoming a contingent part of the second urban plan (Fig. 5). They show traces of multiple reconstructions, including the change in water supply from the third conduit (Fig. 4). This conduit was built probably at the beginning of the sixth century, and was disconnected already by mid sixth century due to a major earthquake. This event was marked by the construction of a lavish fountain built next to the Roman theatre (Fig. 7), documented in the inscription that described it as a donation of Emperor Justinian. Built on his thirty-fifth anniversary, at the time of Bishop John, in the tenth indiction therefore the year 562, its basin shows traces of repeated reconstruction (Fig. 8), probably a reconstruction of an earlier and smaller building. For its water supply, a brand new aqueduct was built behind the scenae frons of the theatre, line 4 on the plan, which carefully respected the interior organization of the structure and thus points to its activity at that time (Fig. 10). This period in the history of the town has often been described as a time of dissolution of the urban life, but this construction campaign proves that it continued to flourish despite the problematic historical and political events and altered cultural values. It may be compared to the construction of a water supply system in Serdica, recorded in an inscription carved on a colonnette (Fig. 9).

Last in order of presentation but second chronologically is the water line that passed along the west side of the theatre and turned sharply eastward by the wall that closed the complex of the Large Basilica (Figs. 11-18). After having turned sharply to the south, at a lower point it cuts through this wall and runs to the baptistery built southeast of the church. This route shows that the construction of the channel was originally intended for the water supply of the baptistery. Along the course of the wall, however, the channel was joined by a parallel but sporadic one, built to serve the needs of House # 2 built next to the theatre. It was serviced by two more dividicula. The first one collected the waters of the two water flows and supplied a church fountain (Fig. 12), and the private house. Further east they join again in collector # 3, This arrangement shows an example of private patronage that helped the water supply of the urban monastery and provided a flow of fresh water to the residence of an important anonymous dignitary of the urban community.

According to the analysis presented here, the water supply systems are shown to be a facilitator for the chronology and sequences of events that produce the continuous reshaping of the Roman town of Heraclea Lyncestis.

Translated by: Ljubinka Dzidrova

Библиографија