Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 365–380
Новата голема ранохристијанска базилика од Скупи
Раното христијанство во античкиот град Скупи е одамна потврдено преку пишани антички извори и од археолошки остатоци на теренот, со истражувањето на Базиликата 2 во 70-тите години.1 За време на археолошките истражувања изведени во текот на 2008 година откриена е нова базилика.2 Откривањето на овие две ранохристијански базилики придонесуваат за изгледот на градот, кој бил религиозен центар во провинцијата Дарданија.
Истражувањата кои се изведоа на градската територија на Скупи во текот на 2008-2011 година ја открија новата т.н. Голема ранохристијанска базилика. Базиликата е сместена во кварт од централното градско јадро, во кој таа преклопува дел од голема јавна бања од римскиот период?3 (сл. 1).
При изградбата на базиликата е почитувано основното барање на ориентацијата, те. запад-исток, со мало отклонување на подолжната оска од идеалната ориентација кон исток, приспособувајќи се на составот на уличната мрежа. Во објектот, сместен во југозападниот агол на квартот, се влегува од улицата кардо. Базиликата е трикорабна, со нартекс, атриум и влезни простории на западната страна и дополнителни простории на северната и јужната страна. На источната страна се три апсиди, од кои страничните се полукружни. а средишната е тристрана. Нартексот на северната страна има влез кон мала анекс-просторија со квадратна основа, а на јужната страна од него се протега голема просторија, чии димензии се уште не се утврдени.
Целата зграда, вклучувајќи ја влезната просторија на западната страна, се протега во должина од 52.50 м, од кои црквата има должина од 41 м. Широчината на објектот е 16.20 м.
Наосот во црквата етрикорабен. Главниот кораб има ширина од 7 м, а страничните се широки по 2.95 м. Корабите се разделени со колонади, чии столбови се поставени на постаменти. Од
Колонада во базиликата единствениот зачуван примерок сметаме дека растојанието меѓу два постамента изнесувало 2.30 ми со таа поставеност би можело да бидат наредени по пет столба во секоја колонада. На западната страна колонадите завршуваат со зидани крстовидни столбови. Вакви крстовидни столбови се употребени и при поврзаноста на нартексот и атриумот. На западната страна од наосот, меѓу двата зидани крстовидни столбови, зачувани се базите од столбовите на трибелонот. Пречникот на секоја од базите е 0.60 м, а поставени се на растојание од по 1.60 м. Целиот под во наосот на базиликата е изведен од измазнет хоросан малтер, зачуван во поголем дел од просторот. Ваков под е најден и во наосот на Базиликата II, одамна истражена во градот. изградена северно од оваа базилика, а датирана во истиот период со неа.4 Најдени се поголеми делови од столбовите на трибелонот, на кои се во релјеф изведени крстови (ел. 2,
Базиликата на источната страна има три апсиди. Средишната е со трапезоидна форма од надворешната страна и е поголема од страничните, кои имаат полукружни форми (ел. 4).
Во црквите од ранохристијанскиот период полукружните апсиди им претходат на повеќестраните, кое проучувачите на историјата на архитектурата5 го објаснуваат со постоење полукружна апсида во претходната античка архитектура. Повеќестраните апсиди се стандарден тип кај црквите во Константинопол веќе низ У век, како базиликата на Јован Студит, а продолжуваат низ целиот VI век, како кај Св. Сергеј и Вакх и Св. Ирена. Бидејќи пред VII и VIII век овие апсиди ги нема во црквите во Македонија Прима, се смета дека ова обележје во Македонија Секунда не дошло со влијанија од југ.6
Апсидите на црквите во Македонија се најчесто со полукружна форма. Само неколку цркви имаат апсиди со полигонална изведба од надворешната страна, ротондата во Коњух, Малата базилика во Хераклеја, црквата во Туденце, Големата базилика во Скупи, базиликата кај Црквиште, Зелениково.7
Олтарниот простор во скупската базилика, чии димензии се 6 x 6 м, е зачуван во делот на подот. Тој е поплочен со камени плочи со правоаголна форма и различни големини. На подот се видливи отисоци на олтарната преграда.
Нартексот на црквата е со мала широчина и е доволен за одвивање комуникацијата меѓу него и наосот преку трибелонот, како и кон дополнителните простории на северната и јужната страна од црквата. Всушност, на источната страна нартексот го оформуваат столбовите од трибелонот и крстовидните столбци, какви има и на западната страна, на кои се потпира атриумот. На источната страна во нартексот на влезот во страничните кораби биле поставени камени прагови за врати. Зачувани се двата прага на влезовите кон северниот и јужниот кораб преку нартексот. Нартексот на северната и јужната страна има отвори за врати. Влезот на северната страна води кон мала дополнителна просторија со квадратна форма. Подот во неа е поплочен со керамички тули. Бидањето на оваа анекс-просторија е исто со базиликата, а подот е поплочен со керамички тули како во атриумот (сл. 5).
На јужната страна од нартексот се влегува во друга голема просторија, чии димензии и форма се уште не се утврдени. Истраженоста на објектот, барем што се однесува на правецот запад-исток. односно покрај јужниот зид на базиликата. покажува дека просторијата имала многу големи димензии. Подот во оваа просторија е изведен од измазнет црвеникав малтер, каков што е и подот во наосот на базиликата.
Базиликата на северната страна од наосот имала уште еден отвор за врата, кој подоцна бил зазидан. Оваа врата веројатно водела надвор од објектот, бидејќи во тој простор не е констатирана друга дополнителна просторија. Во многу случаи анекс-просториите се градени на двете страни на наосот или нартексот. Биле употребувани како баптистериуми, како погребни холови или како обични продавници“8 (сл. 6).
На западната страна од објектот се протега голем атриум. Поставен е по надолжната оска на целиот објект со димензии 12 м x 16.20 м. Во атриумот се поставени зидани крстовидни столбови во линија на колонадите од наосот, кои на источната страна го разделуваат атриумот од нартексот. Подот во атриумот е изведен со поплочување од керамички тули. кои не се зачувани во источниот дел. Средишниот дел од атриумот не бил поплочен и бил градина, вообичаена за атриумите. Атриумот во ранохристијанските цркви се појавува уште во IV век во источниот дел на империјата, особено во Палестина, во Рим, во Константинопол - Св. Јован Студит, Св. Ирина, Св. Софија. Во времето на Јустинијан, атриуми се доградувале врз постоечки цркви од IV и У век. Атриумот на скупската базилика според основата припаѓа на типот тристрани атриуми. Такви се атриумите од базиликата „Д“ во Анхиалос, Јужна базилика во Царичин Град, базиликата во Дион“.9 Според Чанева-Дечевска тристраните атриуми се карактеристични за Грција, но во многу случаеви се присутни на Балканот"10 (сл. 7). Во северниот дел на атриумот, веднаш до надворешниот зид, биле поставени камени скали кои воделе кон катна конструкција. Под влијание на Цариград во У век базиликите со галерии избиваат во прв план.11 Во VI век базиликите со галерии, кои биле често присутни на Егејскиот брег во У век, излегле од мода во Константинопол и околните провинции до 530 година, но продолжиле во балканските провинции. Она што во престолнината станува одлика на VI век, во провинциите процесот на прифаќање бавно се одвивал. Во латинскиот запад базилики со галерии, кои претходно биле ретки, во Јустинијаново време се шират со освојувањата на војската12 (сл. 8).
Од улицата во зградата на базиликата се влегувало низ две влезни простории, меѓу кои во пролазот е зачуван дел од подот, изведен од мермерни плочи со поголеми димензии. Овие влезни простории се несиметрични, заради приспособување на уличната мрежа и изгледот на градскиот кварт. Во текот на истражувањата најдени се поголем дел од камењата кои се дел од влезната арка во атриумот на базиликата.
Бидањето на базиликата е изведено во техника на наизменично менување на хоризонтално редени тули во неколку редови и камења со обилна употреба на малтер.
При истражувањата на теренот во непосредна близина на базиликата не е најдена крстилница. Бидејќи веднаш до базиликата, непосредно до јужната апсида, се протега современ пат, претпоставуваме дека во тој простор може да се наоѓа крстилницата. Земајќи ги предвид големината на базиликата и катната конструкција на објектот, забележуваме дека црквата доминирала во овој дел од центарот на градот.
Споредувајќи го архитектонскиот план на новата црква во Скупи со останати ранохристијански цркви на Балканот, се согледува поврзаност со провинцијата Дакија медитеранска, преку базиликите во Царичин Град. Тие се сите од VI век. се разликуваат во основата, но повеќето се враќаат до прототип од поран датум, преземени од Цариград и Грција во У век. На сите нив во техника на тули, вообичаено за Солун и јужен Балкан во доцен У и VI век.13 Новата скупска базилика многу наликува на катедралната базилика во Царичин Град, во вообичениот план на трикорабна базилика со колонади, со атриум, со галерии, тип вообичаен во Цариград и северна Грција. Но олтарниот дел длабок и фланкиран со одаи кои завршуваат со апсиди во Царичин Град, не е случај во Големата базилика во Скупи (ел. 9).
Датирањето на новата скупска црква е во УТ век, веројатно на самиот почеток од векот. Малиот број на монети и фрагменти на грнчарија одат во прилог на тоа. Нумизматичкиот материјал. најден на подот на црквата, е застапен со монети на Анастасиј | и Јустинијан I, како и со мноштво бронзени монети од времето на семејството на Константин Велики, кои биле во употреба уште два века по нивното емитување. Можноста од преправки на црквата се сведува само на затворање на северната врата од наосот и на доградба на јужната просторија, која е со големи димензии. Изградбата на трите апсиди е изведена при првичното градење на црквата. При датирањето на црквата и покрај поширокото сместување во крај на V - почеток на VI век,14 од решително значење е изведбата на апсидите, кои секако припаѓаат на УТ век.
Земјотресот од 518 година е причина за целосното урнување на градот. По овој настан градот продолжил да живее во драстично изменета форма. Какои другите градови на целиот Балкан, Скупи наликувал на рурална средина со остатоци од урбаниот римски изглед, наследен од претходниот доцноантички период. Наоѓањето на остава од монети. датирана во времето на Маврикиј, од 582/583 година, го покажува крајот на живеењето во Скупи.15 Според движниот материјал од теренот можно е многу кус период потоа преостанатото население да престојувало во остатоците од градот. Скупи од V век
Се уште не може со сигурност да се утврди поточно датирање на базиликата. Таа е изградена во југозападен агол од градскиот кварт, каде се пресекуваат улицата кардо и јужната декуманус улица. На местото од улицата декуманус е најден подот од дополнителна јужна просторија на базиликата, чии димензии се уште не се утврдени, но има показатели за просторија со голема површина. Очигледно е дека со изградбата на просторијата улицата декуманус е затворена, со што © сменета урбанистичката шема на градот. Делови од мали објекти од микростанбениот комплекс, од крајот на VI и почетокот на УП век, се најдени врз оваа просторија. Прашање е дали базиликата опстојувала до крајот на постоењето на градот. Остатоци од микростанбениот комплекс не се најдени врз базиликата. Над атриумот и околу базиликата се најдени погребувања од периодот на раниот среден век. Тоа се инхумации во слабо означени гробни јами, без гробни прилози (сл. 10). Неколкуте цркви северозападно од Скопската Котлина датираат од почетокот на VI век. Тоа се двете цркви во Давина Кула и црквата во Коњушница.16 Тие имаат по една полукружна апсида, нартекс, трибелон. Другата ранохристијанска базилика во Скупи, датирана исто така на самиот почеток од VI век, има една полукружна апсида, без трибелон и атриум.17 Североисточно од Скопската Котлина, новата базилика во Коњух има основа и димензии слични со Големата ранохристијанска базилика во Скупи, датирана во VI век.18 Црквата во Клечовце, Кумановско, е исто така трикорабна"“(Сл.19 11).
Во провинцијата Дарданија се евидентирани многу цркви од овој период, но за стекнување сериозни и валидни анализи влијае проблемот со нивната недоистраженост и публикување.
На Балканот новите идеи доаѓале, главно, од југ. Особено крајбрежните градови добивале и прифаќале новитети. додека оние на копното вообичаено изобилуваат со лоалани форми. Дури и Стоби, главен град на провинција Македонија Секунда, развил поедноставни форми од оние познати на југот, во Бер, Солун и Филипи“20 Исто така. територијата на Македонија Секунда21 е хеленизирана и свртена кон југот со векови. Во споредба со диецезата Македонија, во провинцијата Дакија медитеранска базиликите имаат измешани основи. Чести се базиликите со апсида која е тристрана од надворешната страна, базилики кои имаат три апсиди и кои почесто имаат преграда отколку колонада меѓу бродовите. Во Македонија секунда преовладува едноставниот, стандарден тип трикорабни базилики со полукружна апсида и нартекс. Анекси се среќаваат на краевите од нартексот и покрај зидот на црквата. Атриумот станува чест елемент кај црквите во поголемите градови во Македонија Прима и Македонија Секунда. Во двете провинции, прима и секунда, атриумот бил почест кај црквите во големите градови. Во Дакија медитеранска комуникацијата меѓу нартексот и бродовите била реалитивно слободна, без актуелните врати. Во Македонија Секунда редови од колонади ги разделувале бродовите. Честопати биле ставани парапетни плочи меѓу столбовите на стилобатот. Црковната архитектура во провинцијата22 Дарданија, латинско говорно подрачје, е послична со онаа во Дакија отколку со онаа во Македонија. Од истражувањата на К. Снајвли се согледува дека влијанијата од север во Македонија се огледуваат во куспрезбитериум, во тристрана или полигонална апсида од надворешната страна и во ретките еднокорабни форми.
Изгледот на црквите во овој период, иако подлежи на генерални определби, варира од провинција до провинција. Она што важи за Константинопол не мора да е присутно и на брегот од Мала Азија и островите, ниту, пак, за копното на Грција или за египетскиот брег и Триполитанија. Генерално, црквите се покриени со дрвени конструкции, апсидите со полукуполи, зидовите направени од кршен камен во малтер, рамнет и зацврстуван со по неколку редови од тули, што се раликувало од една во друга провинција.
Во доцната антика, каде што Константинопол бил политички и културно доминантен, архитектонските традиции во времето на нивното создавање се уште биле исполнети со стандардите на метрополата Рим. Но во Мала Азија и северен Егеј се сочувале силните традиции на римско-хеленистичкиот вкус и искуство, а архитектите и уметниците биле во можност да ги пренесат од новата метропола Константинопол, која станала основно место за производство на византиската култура.23 Според поставеноста на работите во раниот VI век. се уше е силно доверливо. софистицирано и засновано христијанството во градовите со грчко влијание во источниот Медитеран. Во политички и културен, дури црковен поглед, Константинопол бил сигурен центар на христијанскиот свет, во чија близина се одвивал секој екуменски собор. Шестиот век е времето на Јустинијан и оживување на христијанизираната Римска Империја. Најголем дострел во неговото владеење било градењето цркви, како што е Св. Софија во Константинопол и продукција на литургиска поезија. Многу цркви ја следат конструкцијата на оваа црква. Поврзувањето на архитектонските развивања во овој век биле продукција на литургиски текстови.24 И во центрите на старите провинции, за време на владеењето на Јустинијан, црковното и станбеното градителство често се развивале долж насоките кои биле поставени во У век или, пак, порано.
На територијата од Македонија се евидентирани бројни цркви од втората половина на У и од VI век. Доминираат трибродни цркви, кај кои има присуство и отсуство на атриум“26 (сл. 12).
Во времето на раното христијанство, кога интензивно се градат бројни цркви. градовите забележливо се менуваат, доживувајќи ги сите промени при трансформацијата на општеството од доцноантичко во раносредновековно. Поголемиот број градови својот урбан живот го завршуваат во VI век, под присила на уништувањата од варварски упади, осиромашување на населението, па продолженото постоење е со поинаков карактер и изглед.27 Скупи, како епископско седиште, несомнено изградил повеќе ранохристијански цркви, кои овозможиле свештенството да го собира неколоку илјадното христијанско население (сл. 13), (сл. 14).
Со откривањето на двете ранохристијански цркви, Скупи ја потврдува својата водечка позиција на религиозен центар во провинцијата Дарданија. Сите досега истражени елементи од новооткриената Голема ранохристијанска базилика покажуваат големи димензии на објектот, рационална искористеност на просторот за сите предвидени намени, естетска раскош во архитектонскиот план. Но, сепак, сметам дека епископската базилика во Скупи треба да се очекува во следни истражувања на локалитетот.
MARINA ONČEVSKA TODOROVSKA
Museum of the City of Skopje
THE LARGE NEW EARLY CHRISTIAN BASILICA AT SCUPI
Белешки
- Миклучиќ И., 1982, 36-41; Кораќевиќ Д., 2002, 124-136. ↩
- Археолошките истражувања во секторот каде е откриена Големата ранохристијанска базилика се изведени под раководство на Марина Ончевска Тодоровска. Во овој труд се презентирани: делови од техничката документација на Музејот на град Скопје за локалитетот Скупи изведена од Катја Грујевска, дипл. инж. арх. и од фотодокументацијата изведена од Станимир Неделковски. За оваа базилика види: Ончевска Тодоровска M., 2009, 97-111. ↩
- Големиот термален објект потекнува од П век од н.е. види: Ончевска Тодоровска M., 2009, 75-84. ↩
- Мислењето на Д. Кораќевиќ, истражувачот на Базиликата II, дека овој под е изведен како подготовка за мозаичен под, со откривањето на истиот под во новата Голема ранохристијанска базилика во Скупи, го губи значењето. Истото го смета и Snively С., 2011, 187-202. ↩
- Чанева-Дечевска H., 1999, 69. На просторот на Бугарија има многу цркви со тристрани апсиди, датирани во втора половина на V и низ VI век.: Faber А.. 1992. 151-162. ↩
- Snively C., 2005, 221. Филипова С., 2010, 130. ↩
- Филипова C., 2010, 130. ↩
- Varalis Y. 2008, (paper on the occasion of Nis and Byzantium VII International Conference). ↩
- Pandermalis D., 1997, 44-48. ↩
- Чанева-Дечевска Н., 1999, 84. ↩
- Krauthajmer B - Curéié S., 2008, 121. ↩
- Krauthajmer R - Curcié S., 2008, 268, 269. им претходи атриум, апсидите им се од цариградски тип, од надвор тристрани, сите изведени ↩
- Krauthajmer B - Curéié 5., 2008, 273. ↩
- Ончевска Тодоровска М.. 2009, 97-111. ↩
- Ончевска Тодоровска M., 2004, 28-42. те Ј иа V., 2002, 640-645, 650-661. ↩
- Кораќевиќ Д., 2002, 124-136. ↩
- S Snively C., 2011, 187-202. ↩
- Николовски 3., 2008, 323-333. ↩
- Snively C., 2011, 217. Авторот коментира дека сепак тоа е тешко изводливо, ако желбата на новиот надбискуп на Јустинијана Прима, поставен и поддржуван од императорот, можел да влијае врз бискупите и градовите под негова јурисдикција. ↩
- Snively C., 2011, 219. Согледувањата на К. Снајвли даваат многу добра хронолошка детерминираност на изградба на базиликите во провинциите Македонија, меѓу 460 година и средината на VI век. Проученоста на црквите на оваа територија покажува дека дури 85 96 од нив се од овој тип базилики. ↩
- Krauthajmer B. - Curéi¢ 5., 2008, 99-103. ↩
- Ward-Perkins J.B., 1974, 203-204. ↩
- Cunningham M., 1999, 66-73. ↩
- Krauthajmer R. - Curéié S., 2008, 263. ↩
- Лилчиќ B., 2001, 516.; Микулчиќ И.. 1999, 322. Авторите наведуваат околу2 320 ранохристијански цркви: Филипова C., 2010, 127-148. ↩
- Karagianni F., 2009, 119-128. ↩
Summary
The Large New Early Christian Basilica at Scupi
Archaeological investigations in one of the central blocks of the city of Scupi, carried out from 2008 to 2011, uncovered a new Early Christian basilica. During construction of the basilica the basic requirement of east-west orientation was respected, with a small deviation of the long axis from the ideal orientation to the east, an adaptation to the arrangement of the street network. Entrance to the building, situated in the southwest corner of the block, was from the cardo. The basilica has three aisles, narthex, atrium, entrance rooms at the west side, and annex rooms at the north and south sides. In the atrium, beside the north wall, is a staircase that led to a second storey. On the east side of the church are three apses, of which the lateral ones are semicircular while the central one is larger and three-sided. The narthex has on the north side an entrance to a small annex, a room square in shape; along the south side stretches a large room, whose dimensions have not yet been determined. The basilica was placed over part of a public bath from the Roman period. The whole building, including the entrance room at the west side, extends for a length of 52.50 m, of which the church proper has a length of 41 m. The width is 16.20 m.
The architecture of churches in the province of Dardania has more similarities with that of Dacia than with that of Macedonia. The apses of churches in Macedonia are most often semicircular in form. Only a few churches have apses with polygonal shape on the exterior. The connections of this church with the province of Dacia Mediterranea are perceived through the churches at Cariéin Grad, all from the 6" century, which differ in ground plan but mostly look back to prototypes of earlier date, taken from Constantinople and Greece in the 5" century.
The atrium in Early Christian churches appears already in the 4" century in the eastern part of the Empire, especially in Constantinople, e.g., John Studios, Ayia Irena, and Ayia Sophia. The atrium of the basilica at Scupi according to its ground plan belongs to the type of the three-sided atrium. Such are the atria of Basilica D at Nea Anchialos, the South Basilica at Cari¢in Grad, and the basilica at Dion.
Under the influence of Constantinople in the 5 century basilicas with galleries appear for the first time. In the 6" century basilicas with galleries, which were often present on the Aegean coast in the 5" century, went out of fashion in Constantinople and nearby provinces by 530 AD, but continued in the Balkan provinces. That which in the capital became a characteristic feature of the 6" century, saw the process of its acceptance in the provinces happen slowly.
The new church at Scupi is dated to the 6" century, probably to the very beginning of the century. The numismatic material found on the floor of the church is represented by coins of Anastasius I and Justinian 1. The construction of the three apses was carried out during the original construction of the church. For the dating of the church the construction of the apses, which certainly belong to the 6" century, is of crucial significance. The discovery of two Early Christian churches confirms the position of Scupi as the leading religious center in the province of Dardania. All of the elements of the newly-discovered basilica investigated until now show the large dimensions of the building, the rational use of the space for all foreseen purposes, and the aesthetic magnificence of the architectural plan. Nevertheless, I believe that the episcopal basilica at Scupi must be expected to appear in future investigations of the site.
Библиографија
- Бобчев С., 1973, История на архитектурата през средните векове, София, 7-39.
- Cunningham M., (Ед.) 1999, 4 World7 History of Christianity, The Ortodox Church in Byzantium
- Чанева-Дечевска H., 1999, Раннохристијанската архитектура 6 Bezapua 1V-VI в., Copua
- Faber A., 1992, Antitka apsida i njen kontinuitet и arhitekturi sakralnih objekata, Vjesnik arheoloskog muzeja и Zagrebu, vol. 24-25, no.1, Zagreb, 151-162.
- Филипова С., 2010, Ранохристијанските културни центри во Р. Македонија долж Виа Егнатиа, Патримониум 3, бр. 7-8, Скопје, 127-148.
- Karagianni F., 2009, The Development of the Cities during the transition from Late Antiquity to the Early Christian era, Ниш и Византија, Зборник радова УП, Ниш, 119-128.
- Кораќевиќ Д., 2002, Скупи - Градска територија, Скопје.
- Krauthajmer R. - Curdié S., 2008, Ranohriséanska i vizantijska arhitektura, Beograd.
- Лилчиќ B., 2001, Македонскиот камен за боговите, христијаните и за живот по животот, том 2, Скопје.
- Микулчиќ И., 1982, Скопје со околните тврдини, Скопје.
- Миклучиќ H., 1999, Антички градови во Македонија, Скопје.
- Николовски 3., 2008, Црквиште-Рамниште, с. Клечовце, кумановско, Масеԁ. acta archaeol. 18, Скопје, 323-333.
- Ончевска Тодоровска M., 2004, The Great Early Christian Basilica in Skupi and the Early Christianity, Македонско наследство 34-35, 97-111.
- Ончевска Тодоровска M., 2004а, Остава на монети од Скупи, Македонско наследство 23, Скопје, 28-42.
- Ончевска Тодоровска М., 2009, Термалниот комплекс во Скупи, Зборник на трудови од Меѓународниот симпозиум „Вода, живот и задоволство“. Струмица 2009, 75-84.
- Pandermalis D., 1997, Dion, the Archaeological1 Site and12 the Museum, Adam Editions —-Pergamos, Paenia-Attica.
- Snively C., 2005, Dacia Mediteranea and Macedonia Secunda in the Sixth Century: A Question of Influence on Church Architecture, Nis i Vizantija Il, 213-224.
- Snively C., 2011, The New Basilika at Golemo Gradiste, Konjuh: A Sixth Century Church in the Province of Dardania, Ниш и Византија LX, Ниш, 187-202.
- Varalis Y., 2008, Observations on the Church Building of the Diocese of Dacia (4-6 century), Paper given on the Occasion of the Nis and12 Buzantium VII International Conference.
- Ward-Perkins J.B., 1974, Roman Architecture, Milano, 182-204.