Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 35–52

Архитектонски недвижни објекти од Тумба - Маџари

Содржина
  1. Археолошкиот локалитет Тумба-Маџари
  2. Движен археолошки инвентар
  3. Втора група недвижни објекти
  4. Трета група недвижни објекти
  5. Археолошка целина со печка и недвижни објекти
  6. Движни археолошки наоди
  7. Култна пластика
  8. Алатки
  9. Аналогии
  10. Завршни размислувања
  11. ELENA STOJANOVA KANZUROVA
  12. Museum of Macedonia - Skopje
  13. ARCHITECTURAL FEATURES FROM TUMBA - MADZARI

Во населбите од неолитот, но и во целата предисторија во дефинираните, но и недефинирани станбени целини, најдени се објекти кои се дел од нивниот недвижен инвентар. Тие се објекти со квадратна, правоаголна, кружна и елипсоидна форма, изработени од глина мешана со земја и додатоци од растително и животинско потекло. Најчесто се изградени како единечни архитектонски објекти, но некои од нив се градени едни до други и истите формираат група. Во некои недвижни објекти се најдени остатоци од житарки кои се објаснуваат како амбари. Во други објекти најдени се керамички садови и просторот е детерминиран како складиште. Недвижните објекти со поголеми димензии и декоративни симболични елементи се објаснуваат како простор за култни обреди. За дел од објектите се претпоставува дека се во функција за подготовка на храната.

Кај најголем дел од недвижните објекти истражувачите не успеале да ја објаснат нивната утилитарност заради отсуството на внатрешна археолошка содржина и соодветни лабораториски анализи.

Археолошкиот локалитет Тумба-Маџари

Во поновите археолошки истражувања (2007/08) како дел од културниот хоризонт II на средниот неолит на локалитетот Тумба-Маџари - Скопје, најдени се неколку слични архитектонски објекти кои на археолошката наука И донесоа нови податоци за животот на населението од оваа населба и воопшто неолитот на територијата на Македонија (сл.1).

Како потсетување да споменеме дека првите пробни истражувања на овој локалитет започнаа во 1978 год.1 Оттогаш, па до денес со помали или поголеми прекини на овој локалитет се дефинирани девет станбени објекти (осум куќи од хоризонтот Ш и една куќа од хоризонтот П), а другите се само делумно истражени.2 Археолошкиот движен инвентар е во прилог на фактот дека оваа населба својот интензитет го доживува во средниот неолит и културно припаѓа на културната група Анзабегово-Вршник П-Ш. Не отсуствува и движен археолошки материјал, кој хронолошки се врзува за крајот на раниот, но и доцниот неолит на истата културна група. Како осамена појава се и неколку керамички фрагменти кои се слични на керамиката од раното железно време од Хиподром, Скопје.3

Сл. 1. Тумба-Маџари. Недвижни објекти од прва група, КВ. Г2-Х2, 2007 (од исток)
Сл. 1. Тумба-Маџари. Недвижни објекти од прва група, кв. Г2-Х2, 2007 (од исток)

Истражувања 2007/08 год.

Во истражуваниот простор (17.5 х 20 м) дефинирани се три групи со недвижни објекти поврзани меѓу себе и уште една група со неколку недвижни објекти градени блиску еден до друг4 (сл. 2). Првата група ја формираат девет недвижни објекти изградени од глина мешана со земја и растителни додатоци (ел. 3). Овие објекти лежат врз тенок слој од ситни камчиња измешани со глина, кои се градени без користење конструкција од гранки" (сл. 4a, 6). Објектот 1 е со квадратна форма и димензии 0.42 x 0.42 м. Тенките зидови се зачувани во висина од 0.16 м и ширина од 1.5 см. Дното е делумно зачувано, изградено од тенок слој глина со растителни додатоци и на него се регистрирани траги од горење. Објектот 2 е со оштетена квадратна форма и димензии 0.4 x 0.40 м. 5идовите се зачувани во висина од 0.07 м и ширина 1.5 см. Дното е делумно зачувано. Објектот 3 е оштетен. Зачувана е само неправилната кружна основа со димензии 0.60 x 0.70 м. Објектот 4 е со квадратна форма и димензии 0.50 x 0.50 м. Бидовите се зачувани во висина од 0.16 м и ширина 1.5 см. Дното е делумно зачувано. Објектот 5 е со елипсовидна форма и димензии 0.70 x 0.50 м. 5идовите се зачувани во висина од 0.20 м и ширина 1.5 см. За разлика од останатите недвижни објекти единствено

Сл. 2. Тумба - Маџари. Основа на недвижни објекти, 2007/08
Сл. 2. Тумба - Маџари. Основа на недвижни објекти, 2007/08

5 Stojanova Kanzurova E., 2010 (во печат).

Сл. 4. а, 6. Тумба - Маџари. Недвижни објекти од прва група. КВ. Г2-Х2, 2007/08, (од север и југ)
Сл. 4. а, 6. Тумба - Маџари. Недвижни објекти од прва група. КВ. Г2-Х2, 2007/08, (од север и југ)
Сл. 5 а, 6, B, г. Тумба - Маџари. Женска фигурина во недвижен објект 5 од прва група, КВ. Г2, 2008
Сл. 5 а, 6, B, г. Тумба - Маџари. Женска фигурина во недвижен објект 5 од прва група, кв. Г2, 2008
Илустрација, стр. 39

во овој објект е откриен археолошки движен наод. На неговото дно е најдена женска фигурина во лежечка положба (сл. Ѕа, 0, в,г ) Оваа фигурина се разликува од досега откриените во неолитските наоѓалишта во Македонија по употребените суровини од животинска коска и глина. Објектот 6 е со квадратна форма и димензии 0.90 x 0.85 м. Бидовите се зачувани во висина од 0.20 м и ширина 1.5 см. Дното е делумно зачувано. Овој објект е со најголеми димензии и во него се најдени многу фрагменти од неговите зидови (сл.6). Објектот 7 е со кружна форма и димензии 0.60 x 0.50 м. Прилично оштетените зидови се со висина 0.15 ми ширина 1.5 см. Дното е делумно зачувано. Објектот 8 е оштетен и веројатно имал квадратна форма. Зачуваните димензии на основата се 0.60 x 0.35 м. Бидовите се со зачувана висина од 0.19 м и ширина 1.5 см. Дното е делумно зачувано. Објектот 9 е со кружна форма и димензии 0.40 x 0.40 mM. 5идовите се со зачувана висина 0.16 м и ширина на зидовите 1.5 см и на нив се забележуват мали траги од горење. Дното е делумно зачувано. Археолошката раритетност на оваа група беше причина да се изврши дислокација на недвижните објекти во лабораторијата на Музеј на Македонија.

Сл. 6. Тумба - Маџари. Недвижни објекти 5 и 6 од прва група, КВ. Г2-Х2, 2007/08, (од запад)
Сл. 6. Тумба - Маџари. Недвижни објекти 5 и 6 од прва група, кв. Г2-Х2, 2007/08, (од запад)

Движен археолошки инвентар

Во овој труд ги наведуваме само движните наоди откриени околу7 овие недвижни објекти во интерес на нивното функционално дефинирање.

На јужната страна од оваа група со недвижни објекти е откриена нова варијанта на керамички жртвеник - модел на куќа (ел. 7). Она што го прави овој жртвеник специфичен е изведбата на дното на основата на куќата. На него се изведени два кружни отвора. До овој жртвеник се откриени два фрагментирани сада - паница и аскос. Врз нив подоцна е изградено огниште/падиште (?). Огништето е прилично оштетно и од него е зачувана супструкцијата од ситен камен и фрагментирана керамика како и остатоци од горење и пепел. Околу него најдени се траги од горење. пепел како и фрагменти од керамички садови за секојдневна употреба и животински коски. Западно од недвижниот објект 5 е откриена пинтадера (сл. 8). На североисточната страна на објектот 3 најдени се 20 мониста изработени од камен и коска и веројатно се дел од некаква низа.

Са. 7. Тумба Маџари. Керамички жртвеник -
Сл. 7. Тумба Маџари. Керамички жртвеник -
Сл. 8. Тумба Маџари. Пинтадера, КВ. Г2, 2008 модел на куќа, КВ.Х2, 2007
Сл. 8. Тумба Маџари. Пинтадера, кв. Г2, 2008 модел на куќа, кв.Х2, 2007

Втора група недвижни објекти

Јужно од првата група недвижни објекти на растојание од | м од нив, откриени се три-четри (?) кружни недвижни објекти градени едни до други (сл. 9). Тие се многу оштетени и самите за себе претсавуваат засебна археолошка целина. По формата и начинот на градење наликуваат на веќе откриените недвижни објекти од првата група и се со слични димензии на основата од 0.30-0.40 м и ширина на зидовите од 1.5 см. Тие директно се изградени врз нивото од земја и околу нив има траги од горење, пепел, животински коски и неколку фрагменти керамика.

Трета група недвижни објекти

Јужно, пак, од втората група со недвижни објекти на растојание од | м од нив е откриена слична археолошка ситуација. Меѓу остатоците од лепеж најдени се прилично оштетени недвижни објекти кои со својата форма наликуваат на објектите од првата група, но не се градени едни до други. Начинот на моделирање е идентичен како на недвижните објекти од првата група. Тие имаат тенки зидови без користење конструкција од гранки. Во нив не се регистрирани траги од горење и остатоци од палеоботанички или археолошки движен материјал. За разлика од првата група, која е изградена врз тенок слој од набиена земја измешана со ситни камчиња, втората група објекти е изградена врз слој од лепеж. Од северната страна на оваа трета археолошка целина е откриено тенко 5итче со правец исток-запад и зачувани димензии: должина 4.5 м, висина 0.15 ми ширина 4-5 см.

Еден од подобро зачуваните недвижни објекти (објект 1) од оваа група е со кружна основа со димензии 0.35 х 0.35 м и висина од 0.18 м. Завршува со кружен отвор (сл.10). Во неговата внатрешност не се најдени траги од горење и материјални остатоци. Јужно од него е вториот (објект 2) со правоаголна форма. Зачувана ¢ само западната половина со димензии 0.60 x 0.70 м и висина 0.07 м. Во внатрешноста се најдени траги од пепел. Западно од овие два објекта е третиот (објект 3) со кружна основа, но прилично оштетен. Источно од овие недвижни објекти на истиот слој од лепеж најден е и четвртиот (објект 4) со квадратна форма и димензии 0.40 x 0.40 м. Бидовите се со зачувана висина од 0.16 м и ширина од 2 см. Во внатрешноста на овој објект се откриени парчиња од лепеж од горниот дел на овој објект, Според формата на парчињата од лепеж веруваме дека горниот завршеток на овој објект имал кружна форма (сл. 11). До северната страна на објект 4 е откриен еден фиксиран кружен објект од цврсто печен лепеж со димензии 0.22 х 0.34 м и ширина 5 см. Нема зидови.

Сл. 9. Тумба - Маџари, недвижни објекти од втора група, КВ. Х2, 2008 (од запад)
Сл. 9. Тумба - Маџари, недвижни објекти од втора група, кв. Х2, 2008 (од запад)

Во источниот дел на овој слој лепеж врз кој директно се изградени објектот 4 и неговиот соседен кружен објект, најдени се фрагментирани садови со груба структура.

Археолошка целина со печка и недвижни објекти

Од јужната страна на третата група со недвижни објекти на растојание од | м е откриена печка (сл. 12). Таа е со неправилна кружна основа со димензии | х | м и зачувана висина од 0.36 м. Калотата е фрагментарно зачувана. Зачувани се тенки остатоци од подницата направена од разредена глина со која е замазнета супструкцијата на печката (полнета со речни камења и земја). Отворот на печката е од западната страна. По отстранувањето на дел од внатрешниот состав на печката е откриена нова археолошка ситуација. Внатрешноста на печката е преградена со зитче од глина со правец север-југ, кој ни сугерира дека овој простор имал друга намена пред да ја добие функцијата на печка. Од источната страна на внатрешниот преграден зид на дното е откриена јама од колец и остатоци од јагленисано дрво. Претпоставуваме дека откако престанала првата (непозната) функција на овој простор, тој е исполнет со камења и земја и с добиен нов објект со функција на печка. Од источната страна на печката е откриен недвижен објект со правоаголна форма со димензии 0.70 x 0.75 м. Зачуваната висина и ширина на зидовите се 0.18 x 0.07 м. Југоисточниот агол на печката е поврзан со овој објект преку мал отвор/канал (2). Внатрешниот простор на овој објект е исполнет со земја, гареж и неколку фрагменти керамика и животински коски. Од јужната страна на печката се зачувани само неколку фрагменти од зидови од уште еден правоаголен недвижен објект со непозната намена (сл. 13). По дислоцирањето на еден од зидовите од овој недвижен објект откриени се остатоци од јагленисано дрво и пепел. Југозападно од печката е откриена јама со димензии 0.45 x 0.40 м исполнета се темнокафева земја.

Сл. 10. Тумба - Маџари, недвижен објект | од трета група, KB. X2, 2007 (од запад)
Сл. 10. Тумба - Маџари, недвижен објект | од трета група, кв. X2, 2007 (од запад)
Сл. 11. Тумба - Маџари, недвижен објект 4 од трета група, КВ. X2, 2008 (од север)
Сл. 11. Тумба - Маџари, недвижен објект 4 од трета група, кв. X2, 2008 (од север)
Сл. 12. Тумба - Маџари, печка, КВ. И2-3, 2008 (од југ) Сл. 13. Тумба - Маџари, недвижни објекти од источната и
Сл. 12. Тумба - Маџари, печка, кв. И2-3, 2008 (од југ) Сл. 13. Тумба - Маџари, недвижни објекти од источната и

Источно од првата група недвижни објекти најдени се неколку јами со

Јужна страна на печката, кв. ИЗ, 2008 кружна и елипсовидна форма без содржина и траги од горење кои евентуално би укажале на нивната функција (како складишта, отпадни јами, ритуални јами или место за вадење на земја како градежен материјал). Остатоци од дрвени греди се најдени од источната страна на првата група со недвижни објекти. Не знаеме дали се од под, покрив или маса? Западно од првата група со недвижни објекти (на растојание 1.70 м) се откриени остатоци од два оштетни зида од лепеж (северен и источен) со траги од горење. Зачуваната должина на северниот зид е 4.90 M, а на источниот зид 2.20 м. Ширината на зидовите е 15-20 см. Во истражувањата северно од првата група недвижни објекти, меѓу развлечени недефинирани архитектонски остатци од лепеж е откриена мандибула од жена на возраст од околу 40 год без археолошки движни наоди и контекст.8

Источно од местото каде е откриена женската мандибула меѓу фрагментираниот керамички и животински коскен материјал без археолошки контекст € откриен раритетен амулет изработен од долга коска од Воѕ Taurus Г.. (сл. 14). Меѓу движниот материјал се издвојува и една нова варијанта на жртвеник, непозната за археолошкиот локалитет Тумба-Маџари (сл.15).

Движни археолошки наоди

Во истражуваниот простор на Тумба-Маџари од културниот хоризонт II, според производствената технологија на неолитските садови најзастапена е т.н. керамика со средна и груба фактура. Садовите со фина фактура се многу малку застапени. Керамиката со средна фактура е изработена од прочистена глина добро печена со нијанси на црвена и окер боја. Најчесто се наоѓаат средно мали садови, ретко поголеми (сл. 16 а, 6, в). Тоа се чинии, грнци, поретко аскоси. Декорирани се со различни техники и мотиви како развлечен барботин, разни импресо втиснувања, аплицирани ленти во форма на венец. Најчесто устието е рамно, некогаш благо извлечено нанадвор, држалките се лентести. Од керамиката со фина фактура најзастапени се фрагметите од пехар со црвена боја со мала прстенеста празна нога. Застапени се речиси сите сликани мотиви познати во сите фази на средниот неолит од Анзабегово-вршничката културна група: вертикални триаголници што почнуваат од устието на садот и продолжуваат надолу, мали триаголници насликани на самото устие; мали коси линии на устието на садот, а под нив групирани линии долж целото тело; шрафирани триаголници; спирали и мрежести орнаменти сликана со браон боја. Се среќаваат и плитки коси канелури кои се карактеристични за крајот на средниот неолит од Анзабегово-вршничката културна група. На различни места, без јасен контекст, откриени се неколку фрагменти од бела сликана керамика која се врзува за крајот на раниот неолит. Вакви фрагменти досега се откриени изминативе години, што е показател дека оваа населба можеби егзистирала уште во тој период (Анзабегово-Вршник 1).

Култна пластика

Антропоморфната пластика како составен горен дел на култните жртвеници од типот на т.н. Голема Мајка или како независна форма е најдена во помал број во однос на останатите години, која е многу честа археолошка појава и е со различни визуелни карактеристики (ел.17). Жртвениците од типот на масички на четри нозе се јавуваат со повеќе варијанти.

Сл. 15. Тумба - Маџари, керамички жртвеник,
Сл. 15. Тумба - Маџари, керамички жртвеник,
Сл. 14. Тумба - Маџари, коскен амулет, KB. Ф3, 2008 KB. Ф2, 2008
Сл. 14. Тумба - Маџари, коскен амулет, KB. Ф3, 2008 KB. Ф2, 2008
Сл.16 a, 6, в. Тумба - Маџари, садови со мали димензии, 2007/08
Сл.16 a, 6, в. Тумба - Маџари, садови со мали димензии, 2007/08
Илустрација, стр. 46

Алатки

Во целиот истражуван простор се откриени прилично голем број на алатки изработени од разни животински коски и камени суровини. Меѓу движниот материјал се и разни предмети од глина, камен и коска со недефинирана функција (сл.18 а, б, в).

Аналогии

Според извештајот за истражувањата во Тумба-Маџари од 1990 год. во состав на недвижниот инвентар на куќата 6 (хоризонт III) е откриен „објект составен од неколку мали длабоки "кади" однатре премачкани со повеќе тенки слоеви од разматена глина“. Се претпоставува дека ова е објект што служел за секојдневните кујнски потреби (чување брашно, месење

Санев В., Извештај за археолошките истражувања на Тумба-Маџари во 1990 год.

Сл. 18. Тумба - Маџари, со непозната намена, 2007/08 женска фигурина. КВ. И2, 2008
Сл. 18. Тумба - Маџари, со непозната намена, 2007/08 женска фигурина. КВ. И2, 2008

Сл. 18 а, 6, в. Тумба - Маџари, движен археолошки материјал

леб) или, пак, е наменет за обредни дејствија поврзани со култот и религијата, во рамките на семејството. Во нив не е најден никаков материјал.10 На локалитет Под Село-Тумба, c. Стенче во недоистражената куќа 1 е најден квадратен објект и кој е дефиниран како место во функција на подготовка на храната.11 Во куќата | во Слатина, с. Зелениково, меѓу останатиот инвентар е откриен правоаголен објект со 12 сада.12 Во населбата на Брег, Кумановско, е откриена слична група од три недвижни објектикако во Тумба-Маџари и истите работно се наречени кадици.13 Тие се со правоаголна и кружна форма изградени од глина и плева. Во нив не е откриена никаква содржина. Во рамките на куќниот инвентар во Барутница, с. Анзабегово, се најдени и два недвижни објекта првобитно наречени „култни“ објекти, но постојат показатели дека тие се користени како складишта, т.е. амбари.14 Едниот од нив е единична градба со правоаголна основа најден во слободен простор. Другиот објект е со квадратна форма и внатрешниот простор е поделен на три дела - „корита/касети“. Во истражувањата во Вршник, с. Таринци, како составен дел на куќата | е откриен објект со неправилна квадратна основа. Покрај другиот археолошки материјал, во објектот е најдена голема количина карбонизирани житарици. Истражувачите заклучиле дека објектот имал функцијата на остава.15 Споредбата меѓу архитектонскиот комплекс од Врбјанска Чука со петте квадратни недвижни објекти од кои едниот е со високи, масивни зидови со декоративни апликации и првата група од Маџари (2007/08) на прв впечаток е несоодветна. На оваа целина од Врбјанска Чука во археолошката литература и е доделена функцијата на култен простор-жртвеник.16 Заеднички елемент на овие две групи со недвижни објекти е постоењето на еден голем, централен недвижен објект на еден од краевите од низата со недвижни објекти. Останатите помали четри објекти од Врбјанска Чука се со димензии и форма слични на Тумба-Маџари. Постоењето на еден мал иден испуст на последниот недвижен објект со помали димензии од Врбјанска Чука поттикнува размислување дека можеби постоел уште еден дополнителен или повеќе вакви слични објекти во овој комплекс. Движен археолошки материјал во внатрешноста на дел од нивните недвижни објекти е најден и во двата примери. Куќата во Врбјанска Чука во кој е откриен овој раритетен комплекс имала две градежни фази. Се поставува прашањето дали овој архитектонски објект од самиот почеток е граден со намера просторот да биде посветен на некој култ (аграрен?) и дали скалестите мотиви се аплицирани во исто време или подоцна? Познати се примерите во неолитот кога дел од недвижните објекти својата првобитна функција ја конвертираат во друга функција.

Сл. 19. Тумба - Маџари. горен дел на објектот 6 од прва група на недвижни објекти
Сл. 19. Тумба - Маџари. горен дел на објектот 6 од прва група на недвижни објекти

Многу блиски аналогии во регионот во однос на распоредот и начинот на градење на недвижните објекти од Тумба - Маџари наоѓаме во Слатина, Бугарија.17 Во истражувањата на куќата 1, меѓу бројниот недвижен инвентар, откриени се 18 глинени амбари распоредени во две поголеми групи околу една печка. Недвижните објекти од Тумба-Маџари се со помали димензии во однос на слатинските и во нив не е најден палеоботанички материјал. Недвижниот инвентар зачуван ѓи Sifu во двете неолитски куќи во Стара Загора е дополнителен

прилог за решавање на функцијата на недвижните објекти од Тумба-Маџари.18 Во куќите се зачувани две печки и девет големи керамички садови за чување на зрнеста храна. Во некои од нив се најдени јагленисани житарици. Во Провадија, Варна, се откриени неколку квадратни објекти-амбари и во еден од нив се најдени четри српа изработени од еленов por.19 Како дел од винчанската култура во Дивостин, Србија, во куќата 15, групата со трите недвижни кружни објекти, изградени еден до друг, се објаснети како простор за подготовка на храна. Се верува дека во нив се чувале хранливи состојки. Во истата куќа е најден уште еден недвижен објект со правоаголна форма со секирки и сад.20 Во Бањица, Србија, во троделната куќа 2, покрај двете печки, најдени се два оградени простори со квадратна форма. Во еден од нив како содржина се откриени фрагменти од садови и биковски рогови. Според истражувачите, оваа куќа е производствен и скалдиштен простор на едно или повеќе домаќинства.21

Во една од куќите во Уивар, Романија, најдена е една група со четри правоаголни објекти т.н. контејнери или базени. За разлика од објектите во Маџари, при нивната изработка користени се гранки како скелетна конструкција. До печката во истата куќа најден е објект-када поделена на три дела. На различни места во куќата најдени се помали огништа. Ваквите недвижни и движни објекти на куќата го дефинираат нејзиниот простор како складиштен, но не се исклучува и можноста за одвивање ритуални активности. 2

Завршни размислувања

Просторот во кој се откриени трите групи со недвижни објекти и печката со другите два недвижни објекти во хоризонт II, засега на овој степен на истраженост е невозможно да се дефинира како една затворена архитектонска целина со една или повеќе простории.

Покрај наведените повеќе или помалку слични аналогии, функцијата на овие недвижни објекти од Тумба-Маџари и понатаму останува непозната. Дефинирањето на евентуалната функција ќе остане само во рамките на претпоставки. Според формата и начинот на градење на објектите, логично се размислува дека овие објекти некогаш ја имале функцијата на складишта-амбари за зрнеста храна. Отсуството на зрнеста храна во текот на истражувањето говори дека нивната првобитна функција можеби одамна престанала. Антропоморфната фигурина најдена во објектот 5, како и моделот на жртвеник-куќа од јужната страна на објектот 6 од првата група, кои вообичаено се со симболична конотација можеби се гест на благодарност до некое аграрно божество за дотогашната улога на овој простор за доброто на потесната или пошироката заедницата. Овие движни наоди заедно со пинтадерата и монистрите поттикнуваат, пак, друго размислување, односно дека можеби првата група е место за обредни дејствиа. Како што е кажано погоре, т.н. луксузна керамика во целиот истражуван простор отсуствува или е многу помалку застапена во однос на онаа за секојднева употреба. Култната пластика е застапена само со неколку22 фрагменти. Ваквиот скромен керамички фонд не оди во прилог дека првата група е место за обредни дејствиа но познато е дека просторот каде се чува храната, а особено сеидбеното семе се третира со особена почит.

Досегашната конзерваторска интервенција на објектите од првата група делумно ни овозможува да дознаеме како завршувал горниот дел на овие објекти. Еден од нив е се квадратен отвор, а друг е со кружен отвор (ел. 19). На зидовите од горните отвори нема траги од горење. Финалниот изглед на овие објекти зависи од комплексната методологија на конзервација и реставрација. Кружниот објект од втората група со конусен горен отвор исто така е во прилог на изгледот на овие недвижни објекти. Доколу станува збор за простор каде е скалдирана зрнестата храна нужен е покрив, т.е. капак кој веројатно бил од лесен материјал.

Можност за постоење на уште една група со слични недвижни објекти наоѓаме во археолошката ситуација околу печката, но и во нејзините фази и доградби. Можеби на почетокот, пред постоењето на печката, овде се наоѓала друга група со недвижни објекти со непозната намена?

Археолошките истражувања од хоризонтот Ш на средниот неолит во Тумба-Маџари досега резултираа со сознаниа за станбената архитектура, за нејзината внатрешна и надворешна организација во просторот како и духовната и културна еволуција на носителите на оваа населба. Резултатите од најновите истражувања од хоризонтот П се особено интересни и поттикнуваат нови прашања, веројатно поврзни со стопанскиот живот на помала или поголема група на жители од Тумба Маџари.

Елена Стојанова Канзурова

НУ Музеј на Македонија - Скопје ул. „Ќурчиска“ бб. Скопје elena_mk2004@hotmail.com

ELENA STOJANOVA KANZUROVA

Museum of Macedonia - Skopje

ARCHITECTURAL FEATURES FROM TUMBA - MADZARI

Белешки

  1. Археолошките истражувања од 1978 до 2000 год. се одвиваа под раководство на В. Санев, Музеј на Македонија. Информациите за резултатите од истражувањата се добиени од неколкуте археолошки извештаи од В. Санев. Санев B., 1988, 9-30. Lasota Moskalewska A. - Sanev V. 1989, 55-78. Санев B., 1999, 15-24. ↩
  2. Археолошките истражувања во Тумба Маџари во 2002/03 год. продолжија во рамките на меѓународниот проект меѓу CNRS под раководство на C.Comange PhD, од Франција и Музеј на Македонија под раководство на М-р. Д. Здравковски, заедно со Филозофскиот факултет од Македонија. Од 2003 до 2005 год. француската екипа работеше самостојно. Паралелно со археолошките ископувања од француска страна вршени се и петрографски, геолошки. палеоботанички, археозоолошки анализи и хронолошка детерминација на локалитетот за кои се испратени само неколку прелименарни извештаи. Во 2004 год. Музеј на Македонија продолжи со ископувањата под раководство на Д. Здравковски. Археолошките истражувања во 2007/08 год. се изведени под раководсво на Е. Стојанова Канзурова и д-р. Д. Здравковски. ↩
  3. Санев B., Извештај за археолошките истражувања на Тумба Маџари во 1993 год.. 2. ↩
  4. Резултатите од истражувањата во 2007/08 год. се презентирани на XX симпозиум на манд одржан во Кичево од 3.12 до 6.12.2008 год., од Е. Стојанова Канзурова. Во тек е подготовка на монографија за резултатите од истражувањата од 1978 год до 2010 год. на Тумба - Маџари. ↩
  5. Според археозоолошките анализи изведени од м-р A. Ивковска. за фигурината е употребен femur од ovis/capra. (самата фигурина ја следи формата на коската). ↩
  6. Процесот на конзервација и реставрација се одвива под раководство на Б. Величковски, а репараторските работи ги води И. Јакимовска. ↩
  7. Антрополошките анализи ги направи д-р Ф. Велановска, Музеј на Македонија. ↩
  8. За жал, не ни е позната фото и техничката документација од овие објекти со кои би можеле да направиме евентуална споредба со објектите од 2007/08 год. ↩
  9. Здравковски Д.. 2005, 26. ↩
  10. Гарашанин М.- Билбија М., 1988, 34. ↩
  11. Трајковска Л., Извештај за археолошките истражувања на на Брег, с. Младо Нагоричане, во 2003 год. ↩
  12. Санев В., 2009, 42-44 ↩
  13. Гарашанин М.-Гарашанин М., 1961, 14 ↩
  14. Kitanoski B., 1987, 47, 48; Миткоски A., 2005, 37; Mitkoski A. - Naumoy G., 2008, 8-9. ↩
  15. Николов В., 1992, 6-8, 65-77. ↩
  16. Калчев П., 2010, 5, 6. ↩
  17. Николов В., 2008, 108, 110, 112. ↩
  18. Bogdanović M., 1988, 35-143, 55-61, 63, 66. ↩
  19. Todorović, J., 1981, 15. ↩
  20. Schier W., 2006, 327, 328. ↩
  21. Macedonia. ↩

Summary

Architectural Features from Tumba - Madžari

During the renewed investigations (2007/08) at the site of23 Tumba MadzZari, Skopje, several architectural features or constructions of unknown function were discovered as part of the cultural horizon II of the Middle Neolithic at the site. They had square, round, and ellipsoidal shape, built as single structures or as structures connected in a group. Dimensions of the base of these features measured 0.35-0.90 m. The walls were built of poorly fired clay with a width of up to 0.02 m anda preserved height up to 0.20 m. In the first group nine structures were defined, built on a thin layer of small stones mixed with clay. In the second group three or four round, seriously damaged, structures were found. Five single structures, built over a layer of wattle-and-daub, formed the third group. In all the examples archaeological material was missing, with the exception of 5 from the first group where one female figurine was found. A kiln with several phases of use was also discovered in the excavations. Two more structures appeared east and south of the kiln.

Such more or less similar architectural features have been found at many residential complexes in the Neolithic and in the whole prehistoric period in our country and beyond. Remains of carbonized grains were found in some of the features, which were then explained as granaries. In others, pottery vessels and tools and animal bone offerings came to light, so that the space was identified as storage room. The constructions with larger dimensions and decorative symbolic elements were explained as space for cult ceremonies. A hypothesis for a part of the features is that they served for preparation of food. For most of the structures, however, the investigators were not successful in explaining their function because of the shortage of archaeological content and of adequate laboratory analyses.

Despite the analogies, the function of these features from Tumba Madzari and elsewhere remains unknown. Because of their shape and the method of construction, it is logical to consider that they sometimes functioned as storehouse-granaries. Several more specific artifacts found in (#5) and around the first group of features introduce another idea that it was a place also for ceremonial activities. Luxurious pottery and cult figurines within this whole investigated area were very poorly represented in comparison with other years of excavation. Such a modest collection of pottery argues against the idea that it was a place for ceremonial activities, but it is known that the place where food was stored and especially the seed kept for sowing were treated with particular respect.

According to date and cultural association, the portable archaeological material from the investigated area corresponds to the shapes and decorative motifs of Anzabegovo-Vrsnik I-III.

Archaeological investigations at Tumba MadzZari have resulted in evidence for residential architecture, for interior and exterior organization of space, as well as for the spiritual and cultural bearers of this settlement. The results of the most recent investigations of Horizon II are especially interesting and raise new questions probably connected with the economic life of a smaller or larger group of inhabitants from Tumba Мадлап and more generally with the Neolithic in the territory of

Библиографија