Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 329–339
Бронзени статуетки на богот Меркур во Заводот и музеј - Прилеп
Во Одделението за антика при Заводот и музеј - Прилеп евидентиран е одреден број наоди од ситна римска бронзена пластика. Со својата уникатност секако се издвојуваат две статуетки. машката крилеста фигурина со театарска маска на брадесто лице од локалитетот Клениче-Манастирски Ниви, с. Зрзе, и претставата на змија (веројатно вотивен предмет) од локалитетот Ѓупско Маало, с. Старо Лагово.1 Но во овој труд вниманието го насочувамс кон збирката статуетки кои го претставуваат богот Меркур, најбогата во Република Македонија. Бројноста на примероци во рамките на збирката упатува на силно влијание на ова римско божество во микрорегионот на денешен Прилеп во време на царскиот римски период.
Богот Меркур не припаѓа во групата на автохтони божества кај Римјаните, односно не се спомнува во најстариот календар на прослави. Како последица на се поинтензивните трговски врски на Рим со јужноиталските и сицилијански грчки колонии во У век од старата ера, култот кон богот Хермес, син на Зевс и Маја, со сите негови основни атрибути и иконографска претстава се воведува и во римскиот Пантеон на богови, но со друго име, Меркур.2 Благодарејќи на неговиот темперамент, овој бог „добил“ голем број задолженија кои му обезбедиле статус на едно од најпочитуваните божества. Бил гласник на боговите и посредувал меѓу нив и смртниците. Ширел среќа и благосостојба на земјата, ги испраќал во сон луѓето, но и на последното нивно патување. Бил заштитник на трговците, сточарите и патниците. Латинизираното име на богот е всушност изведено од зборот mercari, што значи трговија, додека патроната улога која ја имал кај сточарите и патниците е потенцирана преку неговото грчко име Хермес, кое потекнува од зборот "ерџа, што значи купче од камења. Во древна Грција меѓите меѓу пасиштата сточарите ги обележувале со купчиња од камења, додека патниците на раскрсниците нафрлувале купчиња од камења во чест на богот кој ги штител, а во исто време им служеле како патокази.3 Неуморниот бог стигнувал да ги бодри и поддржува младите ефеби да издржат во напорната обука во гимназионите, а поради извонредната реторичност што го красела, бил почитуван и од ораторите. Познат е и како изумител на лирата и кавалот, како и на мерките за должина и длабочина. Негативните особини да краде и лаже (уште во пелени ги краде говедата на Аполон, подоцна во шега на Зевс му го краде скиптарот, на Посејдон тризабецот, на Хефест клештата, додека на мајка му и на неговите тетки нивните фустани) не го нарушиле неговиот имиџ на омилен бог кај луѓето. Дури на островот Самос во чест на неговата лоша особина да краде, еден ден во годината било дозволено да се краде.
Благодарение на мноштвото улоги овој бог е еден од најпретставуваните богови во уметноста, особено во ситната бронзена култна пластика. Унифицираната претстава овозможува негово лесно препознавање. Со исклучок на најраните фази кога грчкиот пандан Хермес бил претставуван како старец со брада, Меркур е прикажуван како младич. Обично е гол, само со префрлена лесна наметка преку рамената и обвиткана околу левата рака, при што виси како драпериран завршеток во висина на колената. Мошне поретко е облечен во хламида. Во левата рака држи ќесе со пари (marsupium), додека во десната гласнички стап - кадукеј (caduceus). Понекогаш кадукејот е со тордирана дршка, а врвот обвиткан со две змии чии глави се конфротирани. Богот мошне поретко во рацете држи чудотворно стапче (rabdos) или рог на изобилие. На главата носи овчарска (kynee) или патничка капа со крилца (petasos), а на нозете крилести обувки (pedila). Од животните друштво му прават желката, говедото, петелот, овенот, јарецот и кучето.
Два мошне репрезентативни наоди од мермер ги потврдуваат силно развиените почит и обожавање на Меркур во прилепскиот регион. Арата откриена во селото Мажучиште највероатно била во рамки на светилиште посветено на богот. На фронталната страна релјефно е претставена неговата фигура, додека на останатите три прикажани се говедо, желка и петел. Натписот говори дека арата била посвета на богот од страна на римски воен ветеран, како благодарност за неговата благосостојба, сега веќе како сточар.4 Другиот наод е скулптурата на Меркур, откриена во рамките на гимназионот во Стибера. Со оглед на познатата патрона улога што богот ја имал кон младите ученици, сосема е разбирливо што во оваа јавна градба е поставена негова скулптура.5
Предмет на интерес во овој труд претставуваат малите култни статуетки на богот лиени во бронза, а кои се евидентирани во Одделението за антика во Заводот и музеј Прилеп. На територијата од Република Македонија најголем број наоди од овој вид фигурини се откриени во Пелагонија (претежено во прилепскиот дел), потоа во Тиквешијата, а во помал број во скопскиот, струмичкиот и охридскиот регион. Главно, тоа се случајни наоди добиени по пат на откуп. Што се однесува до досегашната нивна презентација, видени се сосема мал број од нив, и тоа претежно како каталошки единици во рамките на каталози за изложби.6 Единствено М. Ивановски ја публикува збирката статуетки од струмичкиот Завод и музеј.7 Поголем број фигурини со претстава на богот Меркур со потекло од Република Македонија се наоѓаат во Белград, односно во Народниот музеј и во Музејот на град Белград. Овие примероци се евидентирани во двете установи уште на почетокот од минатиот век кои се публикувани.8
Според начинот и техниката на изработка фигурините на богот Меркур можат да се сместат во две основни групи. На првата И припаѓаат оние со поголеми димензии и мошне реалистична изведба на деталите од телото и атрибутите на богот. Од статуетките кои се евидентирани во збирката на Заводот и музеј - Прилеп во неа спаѓа единствено примерокот од локалитетот Костеник во атарот на мариовското село Бешиште (инв. бр. 348, сл. 1).9 Високиот стил на изработка е претставен со мошне пластична изведба на деловите од телото (лицето, косата, мускулатурата, прстите и гениталиите), на капата (petasos) и драперираната наметка. Главата е три четврини свртена надесно. Од ќесето со пари кое богот го држи во десната рака зачуван е само горниот дел, а откршено е и стапалото на десната нога. Во левата рака богот држел кадукеј или чудотворно стапче. Статуетката е со висина од 9.3 см и најголема ширина од 3.6 см. Според анализите на истражувачите, репрезентативните статуетки со претстава на богот Меркур како опишаната претставувале увоз. Кај нас се откриени неколку статуетки изработени во некој од поголемите производствени центри на ситна римска бронзена култна пластика во поширокиот регион (лок. Грамади, Горно Кратово; лок. Исар, с. Марвинци; с. Дрен. Демиркаписко).10
Сите други 26 статуетки на Меркур во збирката на Заводот и музеј - Прилеп припаѓаат на втората група во рамките на горенаведената поделба. Овие мали по димензии статуетки, со мошне груба изработка и шематизирана претстава на богот биле локални сериски производи. Бројноста на наоди овозможува нивно групирање во неколку варијанти.
Варијанта 1 - фигурината од непознат локалитет на потекло се издвојува од останатите со за нијанса поизразената пластичност на деталите (инв. бр. 356, сл. 2). Сочувана е во висина од 4,1 см., додека нејзината широчина изнесува 2,3 см.
Варијанта П - стоечка фигурина со раширени нозе, при што тежината на телото паѓа на десната нога. Главата е долгманеста, со речиси цилиндричен облик. Крилцата на капата (petasos) се изведени со една зарешка во нејзината средина, а исто така и очите и устата се изведени со зарешки. Десната рака која се издвојува од телото завршува со ќесето со пари. Освен кај еден наод, кај сите други примероци од оваа варијанта таа е поткршена. Наметката префрлена преку десното раме продолжува косо кон левата страна од градите во вид на двојна лента со попречни зарешки и завршува во висина на коленото од левата нога. Наметката со коси канелури е претставена и на задната плоската страна од фигурините. Кадукејот, кој не е пластично одвоен од наметката, назначен е со хоризонтални зарешки. Со врежување се претставени стомачните мускули, додека гениталиите покрај со врежување се прикажани и пластично. Богот е бос, односно не носи крилести обувки. Следуваат основните податоци за фигурините од оваа варијанта евидентирани во збирката:
Инв. бр. 34, лок. Даб, с. Горно Село, в. 4.8 см, ш. 1.8 см (ел. 3);
Инв. бр. 292, лок. Долиште, с. Прилепец, в. 4.2 см, ш. 2.2 см (ел. 4);
Инв. бр. 349, лок. Табачица, с. Чумово, в. 3.9 см, ш. 20 см (сл. 5);
Инв. бр. 353, лок. непознат, с. Бучин, B. 5.2 см, ш. 2.2 см (ел. 6);
Инв. бр. 355, лок. непознат, в. 4.8 см, ш. 2.0 см (сл. 7);
Инв. бр. 359, лок. непознат, в. 5.1 см, ш. 1.9 см. (ел. 8);
Инв. бр. 360, лок. непознат, в. 4.4 см, ш. 1.8 см. (ел. 9);
Инв. бр. 364, лок. непознат, в. 4.9 см, ш. 1.7 см. (сл. 10).
Оваа варијанта на статуетки со сумарна претстава на богот Меркур е присутна на Трелокалитети во западна Македонија и во струмичкиот регион.11 На оваа варијанта припаѓа и наодот од локалитетот Крајни Рид во близина на село Кривогаштани. но тој повеќе не е дел од збирката во Заводот и музеј - Прилеп.12 Авторот на овој труд не е запознат при какви околности е изнесен од установата и каде се наоѓа овој наод денес.
Варијанта Ш - фигурина со следни карактеристики: стоечка со раширени нозе, тежината на телото паѓа на десната нога. Главата има облик на издолжен отпревртен конус. Исто и овде крилцата на капата се изведени со зарешка, како и очите и устата. Десната рака може да е одделена или прилепена за телото, при што завршува со кесата. Со врежување се претставени стомачните мускули и гениталиите, додека папокот и градите обично со дупченца. Наметката е префрлена преку левото раме и паѓа во висина на гениталиите и завршува шилесто. Со попречни зарешки е претставен драперираниот завршеток на наметката. Кадукејот пластично се издига над левото раме, освен кај еден примерок кај кој не е нагласен. Со оглед на тоа што ниту една статуетка нема целосно зачувани нозе, односно долен дел. не е познато дали оваа варијанта е со или без постамент.
Инв. бр. 346, лок. непознат, с. Крушејца, в. 4.4 см, ш. 2.3 см (сл. 11);
Инв. бр. 351, лок. непознат, с. Беровци, в. 3.9 см, ш. 1.9 см (сл. 12);
Инв. бр. 352, лок. непознат, с. Небрегово, в. 4.1 см, ш. 2.2 em (ел. 13);
- Инв. бр. 354, лок. непознат, в. 4.2 см., ш. 2.0 см (ел. 14).
Сличен наод на фигурините од оваа варијанта е откриен во околината на Скупи. Овој наод има пореалистично изведена капа, додека градите се претставени со врежани мали кругови.13
Варијанта ГУ - во оваа варијанта спаѓаат статуетките кои имаат обликуван лев дел (раката и наметката која завршува во висина на гениталиите) во облик на птичје крило. Еден наод е зачуван во целост, така што може да се евидентира дека овие стоечки фигурини со раширени нозе биле поставени на плочест кружен постамент со цилиндричен горен дел. Главата е со долгманест облик, додека капата, очите и устата се изведени со зарешки. Левата рака € нагласена со мало пластично испупчување, а со попречни зарешки во долниот дел на наметката е претставен нејзиниот драпериран завршеток. Десната рака во долниот дел се одделува од телото и завршува 15
со задебелување на кое има три попречни зарешки, односно ова задебелување ја претставува кесата. Мускулатурата е изведена со врежани линии, додека гениталиите се прикажани пластично. Кадукејот кај некои наоди пластично се издига над левото раме, при што се претставени двете змиски глави свртени една кон друга, а кај други е назначен со вертикална вдлабена линија.
- Инв. бр. 290, лок. Долиште. с. Прилепец, в. 2.8 см, ш. 1.6 см (ел. 15);
- Инв. бр. 291, лок. Долиште, с. Прилепец, в. 4.8 см, ш. 2.1 см (ел. 16);
- Инв. бр. 357, лок. непознат, в. 3.4 см, ш. 2.1 см (ел. 17);
- Инв. бр. 358, лок. непознат, в. 3.3 см, ш. 2.1 см (cu. 18);
- Инв. бр. 361, лок. непознат, в. 3.5 см, ш. 1.6 см (ел. 19);
- Инв. бр. 362, лок. непознат, B. 3.4 см, ш. 2.1 см (ел. 20);
- Une. бр. 363, лок. непознат, в. 3.1 см, ш. 1.8 см (ел. 21).
Во збирката на римска бронзена пластика во Народниот музеј во Белград заведени се пет статуетки на богот Меркур, кои се идентични на фигурините кои ги сместуваме во варијанта IV. Сите се од непознати локалитети, и тоа две од охридскиот регион, по една од прилепскиот и велешкиот и една со непознато регионално потекло.14
Варијанта У - стоечка фигурина на конусен постамент, со плочеста профилација и раширени нозе. Главата има речиси правоаголен облик, капата е изведена со мошне плитки зарешки, а устата и очите се изведени со втиснувања. Десната рака е свиткана, при што завршува со задебелување со кос е прикажана кесата. Левата рака може да е назначена со пластично
23
испупчување, а и претставувањето на наметката се разликува, односно може да е прилепена за телото или шилесто да виси. Кадукејот е назначен со вертикална вдлабена линија. На градите се забележуваат вкрстени двојни линии кои ја претставуваат мускулатурата. Гениталиите се слабо забележително пластично назначени.
- Инв. бр. 289, лок. Долиште, с. Прилепец, в. 3.7 см, ш. 1.7 см (ел. 22);
- Инв. бр. 350, лок. Селечка Река, Прилеп, в. 4.6 см, ш. 1.6 см (ел. 23);
Варијанта VI - во оваа варијанта е евидентирана една фигурина кај која, за разлика од статуетките од претходните варијанти богот Меркур на главата носи овчарска капа (Купее). Главата е заоблена, додека очите и устата се слабо назначени со врежувања. Десната рака е одделена од телото и завршува со задебелување кое ја претставува кесата. Левата рака не е назначена, додека кадукејот и драперијата на наметката се прикажани со попречни врежувања. Гениталиите исто така не се назначени. Статуетката е со поткршени нозе, затоа не може да се каже дали била на постамент или не.
- Инв. бр. 347, лок. непознат, с. Крушејца, в. 2.6 см, ш. 1.8 см (сл. 24).
Варијанта УП - наодот кој го сместуваме во оваа варијанта има карактеристичен плочест правоаголен постамент со горен десен завршеток во вид на прора. Според обликот на постаментот, статуетката била вглавена во некаква основа. Богот с гологлав, со здепаста глава на која очите се мошне сумарно назначени со втиснувања. Десната рака е поткршена, а левата не е прикажана. Наметката паѓа во висина на половината и е назначена и од задната страна. Кадукејот е претставен со куса вдлабена линија на рамето. Градите се пластично моделирани, папокот е претставен со дупченце, а гениталиите пластично и со врежување.
- Инв. бр. 365, лок. Кале, c. Локвени, в. 4.1 см, ш. 1.6 см (ел. 25);
Варијанта УШ - во оваа последна предложена варијанта на статуетки на Меркур. евидентирани во збирката на Заводот и музеј - Прилеп ја вклучуваме стоечката фигурина на конусен профилиран постамент, која е единствена по тоа што богот е облечен во долга хламида, прикажана со врежани коси попречни линии. На главата не носи капа, додека очите се изведени со втиснувања. Десната рака се одвојува од телото, но и кај двата застапени наоди таа е поткршена. Левата рака во долниот дел е релјефно назначена, а драперираниот завршеток на наметката со врежани црти. Мошне интересно е решението на претставување на кадукејот со врежување, при што обликувани се и контурите на конфронтираните глави на двете змии, при што просторот меѓу нив е издлабен. - Инв. бр. 368, лок. Маркови Кули, Прилеп, в. 4.2 см, ш. 1.3 ем (ел. 26);
- Инв. бр. 369, лок. непознат, B. 4.1 см, ш. 1.4 см (ел. 27);
Седум статуетки од оваа варијанта се евидентирани во збирките на двата музеи во Белград. Сите се од непознати локалитети, четири од прилепскиот регион, две од неготинскиот и една со непознато регионално потекло. Неколку примероци имаат целосно зачувана десна рака, така што знаеме дека кесата е претставена во продолжение, но под агол.15
Со оглед на бројноста и карактеристичните особености на бронзените статуетки со претстава на богот Меркур, евидентирани во збирката на Заводот и музеј Прилеп, оваа презентација цели, пред се, кон анимирање на стручната јавност. Освен единствениот примерок од увоз, сите други фигурини спаѓаат во локални сериски продукти. Квантитетот и појавата на неколкукратна стилска еднообразност меѓу овие шематизирани претстави на богот, претставуваа основни поттикнувачки аспекти кои овозможија анализа со која е извршено класифицирање во предложените осум варијанти. Сепак, мора да се нагласи дека оваа класификација е интерна и се однесува само на фигурините застапени во збирката на Заводот и музеј - Прилеп. Но сметаме дека таа ќе биде од корист за истражувачите во иднина, со оглед на тоа што опишаните шематизирани статуетки со плочеста профилација циркулирале не само во Пелагонија туку и пошироко, во Повардарјето, западна Македонија и струмичкиот басен. Од друга страна, пожелно е да се направи студиска анализа со која би се опфатиле сите фигурини на богот Меркур откриени на територијата на Република Македонија, со што ќе се дефинираат сите варијанти кај фигурините од локално производство.
Околу потеклото на овие мали култни статуетки од римско време и авторот на овој труд се сложува со претпоставката на познавачите на оваа материја дека работилница во која тие се изработувале најверојатно се наоѓала во некое од населените места во прилепскиот регион.16 Нејзиното лоцирање не може да се потврди, но забележлив е податокот што четири фигурини се пронајдени на локалитетот Долиште меѓу двете прилепски села Прилепец и Волково, во западното подножје на Селечка Планина. Овој локалитет не е археолошки истражуван, но
Veličkovič M., 1972, 35, 36, br. 44 - 49; Bojovič D., 1985, 29, br. 9.
6 Bojovit D., 1985, 46; Ивановски M., 2007, 85. со рекогносцирања во минатото собран е материјал кој упатува на егзистирање на населеба во царскиот римски период.17 Можеби токму во таа населба се наоѓала работилница за производство на стилизираните статуетки на богот Меркур.
Што се однесува до хронолошката рамка на појава и циркулација на малите култни бронзени фигурини од локално производство, општо е прифатен перидот од II и Ш век. Во прилог на оваа датација мошне значајно е откритието на делот од римското термално лечилиште во струмичкото село Банско, во кој се откриени репрезентативни мермерни наоди - две статуи на Меркур и три постаменти, од кои едниот е со посвета.18 Од овој археолошки локалитет исто така потекнуваат и три фигурини на богот. Натамошните истражувања на овој дел од термалното лечилиште ќе ја потврдат претпоставката на истражувачите за егзистирање на храм, односно светилиште посветено на овој бог. Уште една потврда за тоа дека тој бил мошне почитуван на територијата од денешна Република Македонија во погорепосочениот временски период претставува и монетата на чиј реверс се наоѓа негова претстава. Оваа монета била кована во монетарницата во градот Стоби за време на императорот Каракала, односно на почетокот од Ш век.
На крајот, сепак и покрај минорната уметничка вредност што ја имаат, шематизираните грубо изработени статуетки на Меркур секако заслужуваат свое место во археолошката наука. Нивната бројност и циркулација на поширокиот географски простор претставуваат непобитен факт кој укажува за мошне силно развиен култ кај посиромашното население, кое поради својот низок општествен статус и мала имотна моќ се задоволувало со вакви статуетки со сумарна претстава на богот со најмногу задолженија меѓу сите римски богови, богот на обичните смртници - богот Меркур.
Душко Темелкоски
НУ Завод и музеј - Прилеп „Александар Македонски“ бр. 142 Прилеп
duletem@yahoo.com
DUŠKO TEMELKOSKI
National Institute for Protection of the Monuments of Culture and Museum - Prilep
BRONZE STATUETTES OF THE GOD MERCURY
IN THE INSTITUTE FOR PROTECTION OF THE MONUMENTS OF CULTURE AND MUSEUM AT PRILEP
Белешки
- Санев B. et al., 1980, кат. бр. 504 и 506. ↩
- Cermanovič A. – Srejovič D., 1992, 347. ↩
- Cermanovié A. — Srejovié D., 1992, 225. ↩
- Кепески K., 1999, 195; Papazoglu E. et al., 1999, 108, 229. ↩
- Кепеска Jb. - Кепески K., 2008, 242, кат. бр. 1, сл. 9 ↩
- Санев В. et al., 1980, кат. бр. 498 - 503. ↩
- Ивановски M., 2007, 77. ↩
- Velitkovié M., 1972, 19; Bojovié D., 1985. ↩
- Санев В. et al., 1980, кат. бр. 502. ↩
- Санев B. ека!.. 1980, кат. бр. 499: Ивановски M., 2007, 78, сл. 1; Од истражувањата на проф. др. Лилчиќ Виктор. бенишко Кале, Охридско и во Стоби, а евидентирани се и неколку4 наоди од непознати ↩
- Лахтов B., 1959, 21, T V/2; Veličkovič M., 1972, 32, br. 34; Bojovič D., 1985, 29, br. 10; Ивановски M., 2007, 81, сл. 6; наод од Стоби од истражувања во 2010 година, презентиран на Годишна археолошка изложба во Музеј на Македонија, ↩
- Velitkovit M., 1972, 32; Санев B. et al., 1980, кат. бр. 500. ↩
- Velickovié M., 1972, 33, br. 38, ↩
- Velitkovi¢ M., 1972, 34, 35, br. 39. 40, 41, 42, 43. ↩
- Во Одделението за антика и Одделението за нумзиматика при Заводот и музеј - Прилеп евидентиран е движен археолошки и нумизматички материјал од наведениот период од овој локалитет. ↩
- Од истражувањата на Секулов П. Ване во 2007 година. ↩
- Ивановски М.. 2007. ел. 2. 3. 4. ↩
- Јосифовски П., 2010, кат. бр. 148 и 149. ↩
Summary
Bronze Statuettes of the God Mercury in the Institute for Protection of the Monuments of Culture and Museum at Prilep
In the Department of Antiquity at the National Institute for Protection of the Monuments of Culture and Museum at Prilep with its many artifacts, the collection of small bronze statuettes of the god Mercury stands out. This god did not belong to the group of autochthonous Roman deities but was the counterpart of the Greek god Hermes. He was the messenger of the gods, he spread prosperity among mankind, he sent them to sleep and on their last journey. He was the patron of traders, stock-breeders, travelers, orators, and young ephebes. With many areas of responsibility, he achieved the status of one of the most respected deities and thus one frequently represented in art.
The combined imagery enables him to be easily recognized. Usually he is nude, with a light mantle thrown over his shoulder and wrapped around his left hand. Quite rarely he is clad in a chlamys. In the left hand, he holds a moneybag (marsupium) and with the right hand the messenger’s staff, the caduceus. On his head, he wears a shepherd’s or traveler’s hat with wings (pefasos), and on his feet winged boots (pedila).
The cult statuettes included in the Collection are chance finds, acquired through purchase. According to the manner and technique of manufacture, they can be placed into two basic groups. To the first belongs only one figurine of large dimensions and quite realistic detailing of the body and attributes of the god (fig. 1). Of this type of statuette, probably imported, several examples have come to light on the territory of R. Macedonia.
The remaining 26 statuettes of Mercury in the Collection belong to a second type of figurine, of small dimensions, roughly worked, and with a schematized representation of the god. The quantity of these local products allows their classification into several variants.
The figurine of Variant I is distinguished by the more articulated plasticity of the details (fig. 2). To Variant II belong eight upright figurines, with spread legs and characteristically represented cloak on the chest in the shape of a double band with transverse notches (figs 3-10). On the figurines of Variant III the representation of the navel and chest with small holes is distinctive as well as the caduceus raised above the left shoulder (figs. 11-14). Those of Variant IV have the left hand and cloak in the shape of a bird’s wing (fig. 15-21), while Variant V includes figurines standing on a conical pedestal with a slab-like profile (fig. 22, 23). In Variant VI we note an example on which, in contrast to the preceding groups, the god wears a shepherd’s hat (fig. 24). The statuette of Variant VII has a characteristic slab-like, rectangular pedestal, by means, which it was probably attached to some kind of base (fig. 25). Into the final Variant VIII fall figurines standing on conical profiled pedestal, the only examples in which the god is clothed in a long chlamys (fig. 26, 27).
The quantity and the appearance of multi-faceted stylistic uniformity among the schematized depictions of the god in the second group represent the basic aspects, which enable their classification into the proposed eight variants. Although this classification is local and applies only to the figurines in the Collection of the Zavod and Museum at Prilep, considering that the same types circulated not only in Pelagonia but also more widely, in the Vardar valley, western Macedonia, and the Strumica valley, we believe that it will be of use for investigations in the future, A long-term study of all the figurines of the god Mercury discovered on the territory of R. Macedonia would define all the variants.
Concerning the origin of the small cult statuettes of the Roman period, the author of this article agrees with the hypothesis of the authorities on this material that the workshop in which they were manufactured most probably was located in the Prilep region. As far as the chronology of their appearance and circulation is concerned, the period of the 2" and 3" century is generally accepted.
In the end, however, despite their minor artistic value, the schematized and roughly worked statuettes of Mercury deserve their place in archaeological science. Their quantity and their circulation over a wider geographical area represent an undeniable fact that points to a quite strongly developed cult among the poorer population, who because of their low social status and small buying power settled for such statuettes with a summary representation of the god.
Библиографија
- Bojovié D., 1985, Rimska sitna bronzana plastika и Muzeju grada Beograda, Godisnjak grada Beograda Koj. 32, Beograd 1985
- Veliékovié M., 1972, Rimska sitna bronzana plastika и Narodnom muzeju, Antika IV, Narodni muzej Beograd, 1972
- Ивановски M., 2007, Меркури од Струмица, Зборник на трудови, НУ7 Завод и Музеј Струмица, 2007
- Јосифовски П., 2010, Мутефрат Stobensivm (каталог), Музеј на Македонија, 2010, Скопје, 2010
- Кепески K., 1999, Ара од Мажучишта, Масеԁ. acta archaeol. 15, Скопје, 1999
- Кепеска Jb. - Кепески K., 2008, Портретна и култна пластика од Стибера, Масеԁ. acta archaeol. 18, Ѕкорје, 2008
- Лахтов B., 1959, Археолошко ископување на "Требенишко кале" кај с. Требениште - охридско 1953/54, Лихнид П - Ш, Охрид 1959
- Papazoglu F. — Мит M. - Ricl M., 1999, /nscriptiones Graecae, Volumen X, Pars II, Fasciculus II, Sectio Prima, Berlin, 1999
- Санев В. - Соколовска В. - Бабиќ, Б., 1980, од археолошкото богатство на ср Македонија (каталог), Археолошки музеј на Македонија, Скопје, 1980
- Cermanović A. – Srejović D., 1992, Leksikon religija i mitova drevne Evrope, Beograd, 1992