Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 317–328
Почитување на царскиот култ во Стибера
На локалитетот Стибера кај село Чепигово на најниската тераса од ридот Бедем, која благо се спушта во рамниот дел према реката Блато, со поголем или помал интензитет се реализираат археолошките истражувања во секторот Гимназион, каде досега се ископани дел од остатоците од комплексот на јавната градба гимназион и нејзините придружни објекти (сл. 1). Ископувањата се движат во правец на север и југ, ледејќи ја изохипсата на последната тераса од ридот и зафаќајќи дел од слободниот рамничарски простор.1
Во јужниот дел од секторот се следени остатоците од хеленистичкиот бедем кој се протега по изохипсата на последната тераса од ридот Бедем (сл. 2). Граден е од кршен локален камен со различна димензија поврзан со кал. Во источниот профил од секторот Гимназион со неколкуте последни археолошки ископувања бедемот е отворена во должина сса 63.0 м. Во ниеден сегмент од досега отворените партии не е констатирана неговата ширина, бидејќи со источното лице влегува во просторот од приватните ниви. Истражувањата покажаа дека од западната страна на брдото, делови од градбите од римскиот период налегнуваат врз остатоците од хеленистичкиот бедем, (сл. 3).
Во северниот дел од секторот, северно од хероонот и теменосот, отпочнато е со истражување на поголем комплекс со повеќе простории (Пл. 1, сл. 4). Почнато е со откривање на овај комплекс од источниот дел на ископот, каде е откриена една просторија со овална форма и димензии: во правец на исток-запад со должина од 7.25 м, во правец север-југ со ширина од 4.25 м, со максимална зачувана висина на зидовите од 2.40 м. Просторијата е подигната за 1.00 м повисоко во однос на просторот пред неа. Градена е од локален кршен камен поврзан со варов малтер. Подната подлога е изведена од толчена и кршена тула, која во зависност од потребата за нивелирање на просторот е со поголема или помала дебелина со цел да се исполнат нерамнините од изделканата карпа врз која е изграден објектот. Врз оваа подлога најверојатно биле поставувани некакви подни плочи од кои не се констатирани остатоци. Приодот кон оваа просторија е од јужната страна преку скали всечени во карпа. Од источната страна на оваа просторија се надоврзува помала неправилна правоаголна просторија со димензии: во правец на запад-исток со должина 2.50 м и во правец север-југ со ширина 2.30 м. И нејзината подна подлога е изнивелирана со истолчена тула. На оваа мала просторија во правец на југ се надоврзува поголем правоаголен простор со должина 6.60 м во правец север-југ и ширина 2.00 до 2.30 м во правец исток-запад. Во овој простор најдени се две мермерни бази, едната покрај друга (сл. 5). Едната база е урната и лежи делумно врз мермерните скали, а другата е најдена непоместена од просторот каде била поставена. Со овој простор се комуницирало, односно во него се приоѓало од западната страна преку трите мермерни скали кои од отвореното двориште воделе на платформата со бази. Покрај овие бази во отворениот дворишен просторот пред просториите најдени се и неколку остатоци од архитектонска мермерна пластика. Отвореното двориште е со должина 11.00 м во правец запад-исток и ширина 6.00 м во правец север-југ и низ него се одвивала комуникацијата кон просториите од овај комплекс.
Од западната страна на просторијата со овална форма е отворена уште една просторија со издолжена правоаголна форма и поголеми димензии. Просторијата е со должина 10.45 м во правец север-југ и ширина 6.25 м во правец исток-запад. Во двете простории се влегува Хеленистички бедем - детај.
Големата правоаголна просторија е исполнета со дебел слој парчиња од градежен шут, кој се следи до подната подлога. Поголеми разрушени парчиња од зидарија се воочливи во градежниот шут на профилите од ископот. Северната страна од оваа правоаголна просторија е решена апсидално, со плитка лачна форма на зидот. Од внатрешната страна на источниот и северниот зид има по две плитки полукружни многу тесни и издолжени ниши кои се зачувани во различна висина од 1.50 до 2.44 м, со ширина 0.40 м и длабочина 0.20 м. Тие најверојатно имале украсна функција. За разлика од источниот и северниот, западниот зид од просторијата е доста разрушен и е зачуван во релативно мала висина. Од него се зачувани и отворени само темелните партии под нивото на подот во висина 1.10 м и продолжуваат во длабочина. Подподната конструкција на просторијата, односно супструкцијата е изведена со сиви плочести камења, парчиња од тули и ќерамиди споени со варов малтер, а врз нив за нивелација е нанесен дебел слој од варов малтер. Над вака решената подлога претпоставуваме дека биле редени тенки мермерни плочи со бела, црвенкаворозева и сива боја, чии остатоци се наоѓани измешани низ градежниот шут. Супструкцијата на подот лежи врз полнетица од поголеми и помали плочести камења и дебел слој од варов малтер. Овој слој од полнетица, во зависност од падот на теренот, е констатиран и следен во разрушениот дел од западната половина од просторијата со дебелина од 0.56 м до 1.10 м. Комуникацијата со оваа просторијата, покрај со влезот од јужната страна се одвивала и преку отворениот влез од западната страна.
Овој комплекс градби всечен во карпестата подлога под последната тераса од ридот Бедем, граден од локален камен поврзан со варов малтер, зафаќа простор од околу 250 м² и имал значајна јавна функција во животот на градот Стибера. Наодите на двете мермерни бази со натписи посредно говорат за култната функција на објектот (сл. 6).
На првата база во натпис во 14 реда се чита дека со решение на најугледниот Совет на македонскиот Синедрион?2 и на Советот и на Собранието на Дериоп?3 му се поставува споменик
на Александар Инстеев. Споменикот го поставуваат неговите родители Парамонос Флавиев и Никополис Инстеева за неговата доблест. Базата е со висина од 1.50 м, ширина 0.55 м и дебелина 0.38 м (ел. 7).
На втората база во натпис во 13 реда се чита дека според мислењето на Советот на градот на стиберијаните и одлуката на народот на Дериоп се чествува Никопол Инстеева мајка на Александар Инстеев, заради нејзината доблест. Споменикот го поставува нејзиниот син Александар Инстеев. Решението за поставување споменик го носат народот на Дериоп и Советот на градот Стибера - чие официјално име е Septimioi Aurelioi Stiberaioi4 и има титула на неокорија. Базата е зачувана ин ситу со дим.: висина 1.52 м, ширина 0.67 м и дебелина 0.55 м (сл. 8).
Од овие натписи на базите може да се претпостави дека откриените делови од овој комплекс простории се дел од култна градба каде се почитувал култот на императорот, на што упатува постоењето Советот на синедрионот и неокоријата.5 Споменатите личности во чија чест се поставени спомениците најверојатно биле поврзани со функцијата на објектот. На втората база за првпат се чита официјалното име на градот Стибера - Septimioi Aurelioi Stiberaioi, кој имал добиено и титула неокорија. Двата натписи се значајни, бидејќи информираат и за функционирањето на провинциските градови и ни ја покажуваат нивната административна поставеност во рамките на империјата.
Провинциските коинони се локални административни организации, односно единици во Горна Македонија, кои имале локална автономија и свои органи: совет, собрание и главен град.6 Како што е познато, македонскиот коинон,7 како и другите провинциски коинони, бил задолжен да се грижи за култот на царот.8 односно за култот на императорот и затоа имал свештеници. Орган на македонскиот коинон (На македонскиот совет) е sinedrionot, со неговите членови sinedroi. Преку органите на коинонот се реализирале донесените одлуки и преку нив исто така се посредувало меѓу градовите и императорот за решавање на некои локални прашања. Неокорија е почест која императорите им ја давале на градовите и била врзана со култот на императорот и со неговото чествување. Таа имала свои чиновници односно свештеници - неокори.9
Град кој имал неокорија имал право да одржува храм за обавување на царскиот култ, а за храмот се грижел неокорот. Во градовите со храмови за извшување на култот на императорот во врска со одржувањето и чествувањето на царскиот култ секоја есен се одржувале игри и разни натпревари. При чествувањето се одржуваат големи свечености со кои се велича царскиот култ и се подигале почесни споменици на кои биле изделкани имињата на оние кои своето богатство и углед ги ставиле во служба на својата потесна и поширока татковина - Македонија.
Двете мермерни бази со натписи откриени во источниот дел од комплексот упатуваат на тоа дека во Стибера ова култно место било храм каде се чествувал царскиот култ и информираат дека покрај синедрионот како орган на македонскиот коинон градот ја имал титулата неокорија. Просторот каде што се најдени базите претпоставуваме дека бил местото, односно светилиштето каде се оддавала почит кон царскиот култ, а двете простории западно од него служеле за одржување натпревари во некои од уметничките вештини и за приредување помали претстави во кои се величал ликот на императорот.
Спомениците се датираат во втората половина на П и почетокот на Ш век, настанати за време на династијата Антонини или Севери. Во прилог на ова датирање оди и натписот од втората базата каде се чита името на Стибера - Septimia Aurelia Styberra.10 Тоа е официјалното
‘© Овде треба да се потенцира особената важност на натписот од втората база, каде за првпат се споменува име на градот кое му го дал Септимиј Север во 202 година.11 Од друга страна, имајќи го предвид императорот Комод (180-192 г. од н.е.), кој инсистирал на божански почести,12 можеби можеме ова култно место да го поврземе со времето на неговото владеење, кое ја продолжило својата култна функција и во времето на Северите. Комод имал голема страст кон игрите и претставите, а воедно и самиот се поистоветувал со Херкул, односно Херакле.
Двата споменика се значајни, бидејќи уште еднаш го нагласуваат големото значење на градот Стибера во рамките на римската провинција Македонија, кој во крајот на II и во Ш век од своите редови дал неколку македонијарси и еден конзул.
За богатството и економската моќ на градот сведочат и бројните досега познати мермерни споменици од култна и портретна мермерна пластика,13 како и бројните остатоци од архитектонска мермерна пластика. Бројни се и фрагментите од мермерни откршени парчиња од раце, дланки, прсти, нозе меѓу кои две оштетени плинти со остатоци од нозете на скулптурите кои стоеле врз нив, најдени во поширокиот простор на оваа култна градба како и во нејзината непосредна околина.
Досегашните резултати од нашите скромни археолошки истражувања се потврда дека Стибера ќе ни приредува уште многу пријатни задоволства и информации од својот богат градски репертоар на културен и економски центар на областа Дериоп и пошироко на Македонија.
НУ Завод и музеј - Прилеп ул. „Моша Пијаде“ бр. 142, 4700 Прилеп liljana.kepeska@gmail.com
LILJANA KEPESKA
KOSTADIN KEPESKI
National Institute for Protection of the Monuments of Culture and Museum - Prilep
VENERATION OF THE IMPERIAL CULT AT STYBERRA
Белешки
- Истражувањата се одвиваат отежнато, бидејќи објектите од античкиот град Стибера се наоѓаат во најголем дел во приватните ниви на жителите од с. Чепигово и с. Тројкрсти. По интензивни истражувања се вршени од 2008 до 2010 ГОД. преку заеднички во карпа засечени четири реда на скали, над кои се формираат еден крај друг два одвоени влеза (сл. 4). Претпоставуваме дека скалите биле обложени со камени или мермерни плочи чии остатоци не се констатирани ин ситу. ↩
- Синедрионот се споемува како орган на македонскиот коинон. ↩
- Понекогаш органите и на градот и на коинонот носат иста одлука, што овде го прават заеднички Дериопскиот коинон и заедничкиот коинон на Македонците. ↩
- Читањето на натписите е од проф. д-р Наде Проева за што во оваа пригода срдечно и благодариме. Проф, д-р Наде Проева подготвува статија со деталната обработка на натписот од овој извонредно значаен епиграфски споменик од Стибера, како и детална епиграфска обработка и на неколкуте останати натписите најдени во Стибера во текот на ископувањата во 2008 и во 2009 год. ↩
- Папазоглу Ф. 1957, 115-119. 156-157. Таква титула. односно почест повеќепати имале добиено градовите Бероја и Тесалоника. ↩
- Papazoglou E. 1959, 163-171. ↩
- Papazoglou F., 1988, 142.143 ↩
- A. Машкин, 1968, 322; во римските провинции Август (27 г. пр. не - 14 г. од нее.) ги обновува и повторно организиранизира провинциските органи кои се грижат за почитување на царскиот култ. Императорот се почитувал не само како цар туку7 му2 се укажувале и верски почести и во сите поголеми провинциски градови се граделе храмови посветени на Рома и Август. Главниот храм на провинцијата секоја година организирал свечана молитва на која се собирале свештениците од другите градови, кои покрај другото ги изнесувале и упатувале своите молби кон царот за решавање на некои локални проблеми. Тој собир (concilium) го сочинувале преставници на прилвилегираната провинциска аристократија во чии раце била и грижата за култот на царот. Царскиот култ во наредните три столетиа се почитува н одржува со поголеми или помали осцилации во однос на онај кој го возобнови Август, при што на владетелите императорите им се укажувале божествени почести. ↩
- Неокори се чинивници. односно свештеници задолжени за неокориојата (за организирање на игри и натпревари) и за грижа за храмот, Првично биле само чувари на храмот каде се чествувал култот на царот. официјалното име на градот Стибера - Septimia Aurelia Styberra. Досега беше познато дека во 202 год. од н.е. Хераклеја Линкестидска добива почесна титула Septimia Aurelia Heraclea од Сепимиј Север, кога тој се враќал од Исток по Via Egnatia до Хераклеја, од каде што продолжил на север кон Stobi- Skupi- Singidunum. Овај натпис сведочи дека истата титрула ја добива и Стибера ↩
- E. Papazoglou, 1961, 162-175. ↩
- Н. A. Машкин, 1968, 404. ↩
- Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2008, 229-246: Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2010, 255-267; В. Сололовска, 1987, 33, 34 ↩
- Фотографии: ЈІ. Кепеска. Д. Димески. ↩
Summary
Veneration of the Imperial Cult at Styberra
At the site of Styberra at the village of Cepigovo, on the lowest terrace of the hill Bedem, archaeological investigations were carried out in the sector Gymnasium, where a part of the remains of a public building, the Gymnasium, and its accompanying structures have been excavated.
In the northern part of the sector, north of the heroon and the temenos, the investigation of a large building with several rooms was undertaken. We began with the uncovering of an oval-shaped room that was raised 1.0 m higher than the space in front of it. From the west side of this room opened another room of elongated rectangular shape and larger dimensions, whose north side ends in an apse. This room on the inner side of the east and north wall has two shallow semicircular, narrow and elongated niches, which are preserved to different heights and probably had decorative function. Both rooms were entered through a communal staircase of four steps cut into the bedrock, above which were formed two separate entrances next to each other. We assume that the steps were revetted with stone or marble slabs whose traces have not been observed in situ. From the east side of the oval room opens a small irregularly rectangular room to which to the south is attached a rectangular space in which were found two marble bases, one beside the other. Entrance to this space was from the west side by way of three marble steps which lead from the open courtyard to the platform with bases. In addition to these bases, in the courtyard in front of the rooms several fragments of marble architectural sculpture were also found.
This complex of buildings, cut into the bedrock foundation below the last terrace of the hill Bedem and built of local stone bonded with lime mortar, occupies a space of ca. 250 m² and had a significant public function in the life of the city of Styberra. The discovery of the two marble bases with inscriptions points to its cult function. They indicate that, in addition to the synedrion (Council) as organizing body for the Macedonian Koinon, the city had the title of neokoria, and they indicate that this cult place was a temple where the imperial cult was celebrated. A city that had neokoria had the right to maintain a temple for performance of the imperial cult, and the neokoros (temple warden) cared for the temple. We hypothesize that the place where the bases were found was the place, i.e., the sanctuary, where respect was paid to the imperial cult, and that the two rooms west of it served as the staging area for contests in some of the artistic skills and for the organization of smaller performances in which the image of the emperor was glorified.
The monuments are dated to the second half of the 2™ and the beginning of the 3™ century; they originated at the time of the Antonine or the Severan dynasty. The inscription from the second base makes a contribution to this dating; there one reads the name of Styberra: Septimia Aurelia Styberra. This was the official name of the city that Septimius Severus gave to it in 202 AD. On the other hand, having in mind that the emperor Commodus insisted on divine honors, perhaps we can connect this cult place with the time of his reign; its cult function would have continued also in the time of the Severi. Commodus had a great passion for games and performances, and at the same time he identified himself with Hercules, i.e., Heracles.
The two monuments are significant because once more they emphasize the great importance of the city of Styberra within the Roman province of Macedonia, a city that at the end of the 2™ and in the 3“ century provided from its ranks several macedoniarchs and one consul.
Библиографија
- Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2008, Портретна и култна пластика од Стибера, Масеԁ. acta archacol. 18, 229-246, Скопје.
- Кепеска ЈІ. - Кепески К., 2010, Мермерна пластика -Стибера 2008-2009 Масеԁ. acta archaeol. 19, 255-27, Скопје.
- Машкин Н.А., 1968, Историја cmapoe2 Puma , Београд.
- Папазоглоу Ф., 1957, Македонски градови у римско доба, Жива Антика - посебна издања, књ. 1, Скопје.
- Papazoglou E., 1959, Sur les koina regionaux de la Наше Macedoine, Жива Антика 9, 163-171, Скопје.
- Papazoglou E., 1961, Septimia Aurelia Heraclea, BCH, LXXXV, 162- 175
- Papazoglou F., 1988, Les viles de Macédoine a Геродие Romaine, Bulletin Correspondance2 Hellénique7 XV1, Paris.
- Соколовска B., 1987, Античка скулптура во ср Македонија, Скопје.