Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 309–316
Златни обетки од Скупи, Источна некропола - 2008
Во периодот јануари-август 2008 година Музејот на Град Скопје изведе заштитни археолошки ископувања на просторот од средишниот и југозападниот дел на Источната некропола во Скупи, од двете страни на Источната магистрала (улица Скупи), на кп 160/2 и 328/2. Откриени и истражени беа 550 гроба од римско време (I-IV век).1 Меѓу наодите во нив регистриравме 10 златни обетки.
Новооткриените обетки (освен една) стилско-типолошки се поврзуваат со вакви наоди што се чуваат во националните музеи во Софија и Белград. Пред две децении Људмила Русева-Слокоска ја објавува големата збирка на златен и сребрен накит од римско време што се чува во Археолошкиот музеј во Софија: 337 експонати, меѓу кои, 87 златни и 13 сребрени обетки. Тие потекнуваат од бројни ископувања и од неколку остави и случајни наоди, што можат да се датираат, главно, според нивната типологија“.2
Угледувајќи се на неа, една деценија подоцна, Ивана Поповиќ објавува златен накит од Ш до крајот на VI век собран во Народниот музеј на Белград.3 Збирката опфаќа 95 парчиња накит, од кои 34 обетки откопуван во текот на еден цел век ширум Србија како случајни наоди. Само мал дел од нив е добиен преку археолошки ископувања. Затоа и И. Поповиќ се потпира на стилско-типолошката анализа на експонатите, врз основа на што предлага и нивно датирање. Во меѓувреме и Љубица Зотовиќ објавува дел од бројните обстки најдени во некрополите во Виминациум“.4 Работи на тема римскиот накит од сребро, а попатно споменува и педесеттина златни обетки. Додека не се објават сите најдени обетки, не можеме овој значаен материјал да го споредуваме ниту стилско-типолошки ниту бројно со нашите наоди. Наодите од соседните подрачја на Србија и Бугарија типолошки се најблиски до наодите од Скупи и затоа ги спомнувам на почетокот на овој приказ. За подрачјето на Република Македонија уште не е составен целосен преглед, така што сме упатени на гореспоменатите наоди. Русева и Слокоска ги обработуваат златните обетки (и малубројните сребрени), бидејќи тие како врвни златарски производи најверно ги прателе модните новитети во Римската Империја. Од нив биле копирани поевтини производи од сребро и оние од бронза, што всушност и се најчести во сите региони. Тие секако имаат најмала типолошка и хронолошка вредност, а бројни се и меѓу наодите од Скупи.
Поради тоа што нумизматичкиот, како и останатиот хронолошки осетлив материјал е во фаза на конзервација, златните обетки од Источната некропола на Скупи ќе ги прикажам според типологијата на споменатите автори. Сите обетки (освен една) спаѓаат во групата обетки со затворена алка: основниот дел на обетката е моделиран во форма на жичка, чиј еден крај е врзан во мала јамка, а другиот крај по протнувањето низ увото бил протнат низ јамката и подвиткан во кукичка. Самиот крај потоа е свиткан во еден или повеќе навоја. Оваа група обетки има бројни варијанти (или типови), како што тоа го покажуваат и нашите наоди.
- Обетката од гробот 857 е едноставна обетка од мазна жица во форма на алка. Едниот крај е свиткан во јамка, а другиот е свиткан во облик на кукичка, без додатоци. Пречникот е 1.4 см (сл. 1).
- Обетката од гробот 1044 има подебела алка, завршена на едниот крај со кукичка, додека на другиот е свиткана во јамка која има долг преклопен крај, спирално извиткан во таканаречен Поповиќ ја сместуваат оваа форма во типот | (варијанта 2), а биле изработувани во текот на II и Ш век.5 Од порано ваква обетка е најдена во Скупи, во детскиот саркофаг бр. 174, датиран со монета на Хадријан (до средината на II век).6 Пречникот е 1.2 cm (ел. 2 и 2а).
- Обетката од гробот 897 припаѓа на типот алки затворени со јамка и кукичка со глава во форма на штит. На самата алка се наоѓа налемен штит кој има полусферична формаи е врамен со тордирана жичка. Крајот на јамката завршува со два навоја околу рамото на алката. На алката слободно виси еден тордиран висулец. Врвот му е стеснет и носел наденато зрно (најверојатно од стаклена паста?). Ваквите обетки во Бугарија се чести во II век.7 додека во Виминациум украсените штитови на обетките врамени со тордирана жичка се јавуваат главно во III Вех. Пречникот е 1.6 см (сл. Зи за).
- Обетките од гробот 667 имаат штит во форма на рамна кружна плочка, врамена со подебела тордирана жичка, а на средината на штитот е налемен вертикален стожер со задебелен врв. Тој служел да го зацврсти налиениот емајл (или стаклена паста). Алката на обетките е тордирана (од две спирално увиткани жички), што упатува на извесен типолошки развој. На алките слободно виси по еден висулец со стеснет врв кој носел наденато зрно од стаклена паста. Обетките најверојатно потекнуваат од Ш век.8 Пречникот 1.2 см (ел. 4 и 4a).
- Обетките од гробот 855 имаат едноставна затворена алка, а налемениот штит има форма на полутопчеста чаура, врамена со тордирана жичка. На врвот чаурата е отворена и во неа е вметнато стаклено зрно, зацврстено со издигнат раб. Висулецот е тордиран, стеснет на врвот и носел наденато зрно. Горниот крај му е убаво моделиран во правилен тролист, кован со четвртест пресек.9 Пречникот е 14 см (ел. 5 и Ѕа).
- Обетките од гробот 1053 имаат поразвиена форма. Штитот е формиран како голема кружна касета со издаден наребрен раб, а во неа е вметнато полутопчесто зрно од брусен безбоен горски Кристал. Зрното е опфатено (зацврстено) со тесна лента - стегач. На касетата се налемени две алки што носат два висулци. Овие имале наденети зрна (бисер или паста) на долниот крај. Ваквата развиена форма упатува можеби на раниот П1?!9 Пречникот е 1.5 см. За датирање на овој гроб значајна е и керамичка луцерна од егејски тип, датирана на Источната некропола во тоа време1011 (сл. 6 и ба). - Обетката од гробот 757 не припаѓа на некој познат тип. Тоа е најверојатно украсна игла (за коса), со масивно излиена глава во форма на пупка („гранат“). Главата долу продолжува во масивна игла која постапно се стеснува кон врвот. Во секундарна употреба иглата била грубо свиткана во алка а долниот крај обвиткан околу „вратот“ (под главата) со еден навој. Должина е 1.6 см. (ел. 7 и 7а).
На крајот од овој приказ ќе ги набележам останатите златни обетки, ископани пред повеќе години ширум Република Македонија. За најголем дел од нив не се зачувани сите основни податоци, а за некои и не знаеме каде се најдени. Целосна стручна обработка на овие наоди, како и проблемите врзани за нив останува како задача за идните истражувачи.
Со прелиминарен преглед на стручната литература и на неколку наши музејски збирки успеав да регистрирам околу 40 златни обетки најдени во Република Македонија. Тука не се опфатени примероците што се чуваат во музејските депоа, како и оние од приватните колекционери. Овој значаен фонд на врвни златарски производи дефинитивно заслужува поголемо внимание, како на стручната така и на пошироката културна јавност.
Следи преглед на постарите наоди:
- Скупи, Источна некропола, ископувања во 1970-71 год.: пар обетки од гробот 112 (со монета на Константин I) и една од гробот 174 со монета на Хадријан;!:12
- Бардовци крај Скупи, пар обетки со зелени камчиња, необјавени, изложени во Музејот на град Скопје;
- Маркови Кули, Водно над Скопје, цистерна II: дел од остава, една обетка и еден висулец (VI век?9);13 3 - Добри Дол близу Скопје; гроб откопан во 1950 год.: пар обетки со висулци и бисери (монета на Константин);14 "“
- Таринци кај Штип, могилата Крст, секундарно погребение: пар обетки, IV век;15
- некропола Црвено Поле: една обетка; !“
- Стоби, Југозападна некропола: раскошен пар со висулци, со бисери и алмандин и шест обетки од ископувањата 1991/92 год.; изложени во Музејот на Македонија - Скопје:17
- Марвинци, Јужна некропола, гробови 38, 46 и 93: три пара обетки. Ши IV Вех;
- Пештерица, с. Ореовец кај Прилеп: пар обетки IV век;18
- Голем Град, Преспа, пар обетки со филигран;20
- Во Музејот на Македонија се изложени уште шест примероци од непознати наоѓалишта (стар аквизиција).
Следи приказот на седумте гроба во коишто се пронајдени обетките, со основните технички податоци. Редоследот на гробовите ќе тече според нивниот реден број.
Гроб 667
Припаѓа на типот етажни гробови со кремација. Јужната половина е потполно уништена со вкопување на некој друг гроб. Вкопан е во слој од запечена земја, гореници и пепел. Џидовите се запечени до црвен интензитет. Димензиите на гробната јама се: 140 x 105 x 30 см. Во вториот етаж е откриено големо количество од пепел, гореници и кремирани коски. Димензиите на вториот етаж се: 100 х 40 х 10 см.
Наоди: две златни обетки, бронзена белегзија со тело од две жици, фрагментирана коскена игла, бронзена монета, керамички сад - стомна.
Гроб 757
Припаѓа на типот етажни гробови со кремација. Ориентиран е во правец запад-исток. Северозападниот агол е оштетен со вкопување на друг гроб. Гробната јама е со добро запечени зидови со дебелина од 4 см со окер до црн интензитет. Над остатоците од клада се наоѓа конструкција на две води од тегули. Слемето е затворено со имбрекси, додека челната западна страна е затворена со една вертикално поставена тегула. Димензиите на гробната јама се: 130 х 115 х 40 см, а на конструкцијата 90 х 57 х 40 см. Вториот етаж е елиптична јама, централно вкопана во првиот етаж. Во внатрешноста се откриени поголемо количество кремирани коски. Димензиите на вториот етаж се: 100 х 40 х 15 см.
Наоди: златна обетка, бронзена монета, фрагмент од златен гердан со елементи во форма на квадрат и капка кои носеле бисерни зрна, две керамички луцерни, две керамички стомни.
Припаѓа на типот етажни гробови со кремација.
Гроб 855
Припаѓа на типот етажни гробови со кремација. Ѕидовите се послабо запечени, а на дното има остатоци од дрвото со кое биле обложени страните. Источниот дел на гробната јама не е зачуван. Димензиите на гробната јама се: 170 х 95 х 25 см. Вториот етаж е централно вкопан во првиот. Исполнет е со голема количина пепел и испрани кремирани коски. Димензиите на вториот стаж се 110 x 30 x 2 см. Наоди: две златни обетки, две керамички стомни, бронзена монета, коскена касета со поклопец на влечење, фрагментиран стаклен унгвентариум, керамички сад, керамичка чинија.
Гроб 857
Се работи за гроб со скелетон погребување во обична гробна јама. Ориентиран е во правец запад-исток. Покојникот (слободно вкопан) бил положен на десен колк. Левата рака е свиткана во лактот, со шаката во предел на карлица. Нозете се незначително свиткани во колената. Должина на скелет 110 см.
Наоди: златна обетка.
Гроб 897
Припаѓа на типот гробови со кремација. Ориентиран е во правец исток-запад. Јужната страна е потполно уништена со вкопување на друг гроб, додека горното ниво на јамата е оштетено со работа на механизација. Гробната јама е елиптична со слабо запечени зидови. Зачувани димензии на јамата се: 190 х 80 см. На дното се пронајдени остатоци од гореници, дрво и поголема количина на кремирани коски.
Наоди: златна обетка.
Гроб 1044
Припаѓа на типот гробови со кремација во обична гробна јама. Ориентиран е вп правец исток-запад. Целата источна страна на гробот е уништена со вкопување на друг гроб. Гробната јама е елиптична со добро запечени зидови до црвен интензитет. Димензиите на гробната јама се: 180 х 130 х 65 см. Дното било покриено со капак на две води од тегули, од кои е зачувана челната на западниот крај и првиот пар тегули од западната страна, кои се пропаднати и фрагментирани. Димензиите на конструкцијата се 65 х 57 х 20 см.
Наоди: златна обетка, луцерна, стомна, бронзена фибула, железно сечило, бронзени фрагменти (апликации од дрвена кутија).
Гроб 1053
Припаѓа на типот гробови со кремација во обична гробна јама. Ориентиран е во правец исток-запад. Јамата е елиптична со добро запечени зидови до црвен интензитет. Димензиите на гробната јама се: 255 х 150 х 55 см. Дното е покриено со конструкција на две води од тегули, по четири отстрана. Челните страни се затворени со по еден имбрекс. Под притисок на земјата, конструкцијата е деформирана и пропадната. Димензии на конструкција: 193 х 90
Наоди: две златни обетки, бронзена монета, две керамички стомни, луцерна.
Томислав Микулчиќ
ЛУ Музеј на град Скопје tomimikulcic@yahoo.com
TOMISLAV MIKULČIĆ
Museum of the City of Skopje
GOLD EARRINGS FROM SCUPI, EAST CEMETERY - 2008
Белешки
- Ископувањата ги водеше Ленче Јованова од Музејот на град Скопје, на која срдечно И се заблагодарувам за отстапување на наодите за публикување. ↩
- Ruseva-Slokoska L., 1991. ↩
- Поповиќ И., 2001. ↩
- Зотовиќ Љ., 1995. ↩
- Ruseva-Slokoska L., 1991, 110-111; Поповиќ И., 125, kat. 38. ↩
- Ruseva-Slokoska L., 1991, 109, kat 13. ↩
- Поповиќ И.. 2001, 125, kat. 39. ↩
- Ruseva-Slokoska L., 1991, 109: - Поповиќ И . 2001, 125. ↩
- Ruseva-Slokoska L., 1991. 109, kat. 13 (тип I). ↩
- Ruseva-Slokoska L., 1991, 123, 124 (тип I). ↩
- Микулчиќ И., 1975, 137-139: VI група - релјефни ламби од егејско потекло, со пластични украси на рамото и клунот. ↩
- Микулчиќ H., 1974, 132, сл. 39-40; Микулчиќ И.. 1975, 93, сл. 49. ↩
- Микулчиќ И.- Билбија M., 1987, 205-220, сл. 7. ч ↩
- Вучковиќ-Тодоровиќ Д., 1958, 289-298, сл. 11 (висулци со бисери). ↩
- Археолошка карта на Македонија (АКМ) 1994, 132, сл. 12. ↩
- Sekulov V. - Jovanov M., 2007, 136, fig. 15. ↩
- АКМ, 1994, 132, сл. 14. ↩
- Соколовска В.. 1986, 125, Таб. 44, 5, 9 и 46, 8. (3. век). ↩
- Бабиќ B., 1965, 131 (забелешка дека се најдени пар обетки 4. век). ↩
- Битракова-Грозданова В., 1988, 197-202, сл. 9. ↩
Summary
Gold Earrings from Scupi, East Cemetery-2008
Earrings were among the most widespread types of jewelry worn in antiquity. Originating in the Orient, they were handed down from one generation to the next, becoming the most typical decoration of the female population. Their enormous popularity during the Archaic and Classical Greek periods may be seen in numerous monuments and sculptures.
Between January and August 2008, the Museum of the City of Skopje carried out archaeological salvage excavations in the middle and southwest parts of the East Cemetery at Scupi, on both sides of the Eastern Highway (Scupi Street), at kp. 160/2 and 328/2. Five hundred and fifty graves of the Roman period (1st-4th centuries) were uncovered and investigated. Among the finds in the graves we recorded ten gold earrings.
The newly discovered earrings, with one exception, stylistically and typologically are connected with similar finds kept in the national museums in Sofia and Belgrade.
All the earrings, with one exception, belonged to the type of earrings with closed ring; the basic part of the earring is modeled in the form of a жичка, whose опе end is connected to a small loop, while the other end after being pulled through the ear was pulled through the loop and bent into a hook. The end itself then was rolled into one or more loops. This category of earrings has numerous variants or types, as our finds demonstrate. The Roman earrings usually are dated between the Ist and 4th centuries, based on documented archaeological material from Ratiaria, Novae, Oescus, Apiaria, Serdica, etc., as well as numerous finds from other Roman provinces, e.g., in Northern Greece, Macedonia, Asia Minor, Syria, and Southern Russia.
Библиографија
- Археолошка карта на Македонија (АКМ) Том 1, Скопје 1994.
- Бабиќ Б., 1965, Пештерница, Ореовец, Прилеп, Археолошки преглед бр. 7, Београд, 131.
- Битракова-Грозданова В., 1988, Археолошките истражувања во Голем Град, Преспа во 1967/68 година, Масеԁ. acta archaeol. 9, Скопје, 197-202.
- Вучковиќ-Тодоровиќ Д., 1958, Римски двојни гроб из Доброг Дола, Cmapunap Н.С. 7-8, Београд, 289-298.
- Зотовиќ Љ., 1995, Типолошка анализа минѓуша од сребра из римских радионица Виминациума, у: Радионице и ковнице сребра, Београд.
- Микулчиќ И. 1974, Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, кн. 26, Скопје, 132.
- Микулчиќ H., 1975, Римски луцерни од Скупи, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, кн. 27, Скопје, Микулчиќ И., 1975, Раноримски скелетни гробови из Скупа, Старинар Н.С. 24-25, Београд, 93.
- Микулчиќ И.-Билбија M., 1987, Маркови Кули, Водно, Скопје 1979/80, Масеԁ. acta archaeol. 7-8, Скопје, 205-220.
- Поповиќ И.. 2001, Касноантички и рановизантиски накит од злата у Народном тузеју, Београд.
- Ruseva-Slokoska L., 1991, | Roman Jewellery, A collection of the National2 Archaeological1 Museum, Sofia.
- Sekulov V. - Jovanov2 M., 2007, Graves with round stone wreaths from the roman imperial period in Eastern Macedonia, Acta Terrae Septemcastrensis, V1, 1, Sibiu, Соколовска B., 1986, Исар- Марвинци, Скопје.