Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 299–308

Стаклени садови дувани во калап од Скупи

Содржина
  1. Садови во форма на урма
  2. КАТАЛОГ
  3. 3. Сад во форма на урма (сл. 4)
  4. Скупи, Источна некропола, гроб 2142
  5. Дијаметар на венецот: 1.8 см
  6. LENA POPOVSKA
  7. GLASS VESSELS BLOWN IN A MOULD, FROM SCUPI

Стакларската индустрија доживеала огромен подем со револуционерното откритие на техниката на дување на стаклото. Тоа овозможило мноукратно зголемена продукција на стаклени садови, отворање нови пазари, како и развој на голем број работилници. Спојот на техниката на дување и онаа на калапење. односно можноста за формирање и декорирање на садовите со дување на стаклена маса во калап, овозможило брза продукција на голем број речиси идентични педмети. Оваа техника им создала на мајсторите отворен простор за облици и големни, како и широки можности за декоративни мотиви, од едноставни шематизирани форми до претстави со најситни детали. Особено голема популарност достигнала при изведувањето малите козметички амбалажи.

Од Источната некропола на Скупи потекнуваат пет сада изведени во оваа техника, сместени во две групи според нивната форма: садови во форма на урма и амфорисци..1

Садови во форма на урма

Малите садови во форма на урма се меѓу најчестите наоди на стаклени садови дувани во калап од | век.2 Вакви примери се наоѓани низ целата територија на Римското Царство, со особена концентрација на локалитетите на источниот Медитеран.3 Станува збор за садови со релативно мали димензии, односно вкупната висина кај примерите од Скупи изнесува околу 7.5 см. Дното им е заоблено, поради што е невозможно да се постават во вертикална позиција. Вратот им е кус и цилиндричен или коничен со благо проширување кон венецот кој кај нашите примери е хоризонтално извлечен, а потоа преклопен од горната страна. Отворот и вратот кај овој тип садови се релативно тесни, што сугерира на тоа дека најверојатно содржеле течна материја. Декорацијата е изведена со пластични, брановидни испакнатини и канелури. кои притоа го имитираат изгледот на збрчкана кора на зрела урма. Кај некои садови наборите се постилизирани, додека повеќето се изведени толку натуралистички, што некои автори ја наведуваат можноста калапот да бил изработуван од самиот плод,4 иако не постојат археолошки докази кои би ја поткрепиле таа теорија. Сличноста на плодот на урма не се огледа само преку формата, големината и пластичната изведба на садовите туку и преку бојата, која е најчесто нијанса на кафеава, иако се познати и сини, зелени, виолетови или црни примери.5

Сл. 2.
Сл. 2.
Сл. 1.
Сл. 1.
Cn. 3.
Сл. 3.

Натуралистичката изведба кај овие садови се потврдува и на наодите од Скупи. Досега се најдени три примери (сл. 1, 2, 3; кат. 1, 2, 3) од кои два се целосно зачувани.6 а еден е фрагментиран", при што се зачувани венецот и дното, а делови од реципиентот недостасуваат. Кај нашите наоди стаклото е транспарентно и со висок квалитет. Нијансите на бои се движат од окерова, преку7 боја на килибар до темна браон боја. како и виолетова боја кај еден од садовите (сл. 3). Кај истиот сад меѓу рамото и венецот се забележува одредено продолжение, извлечено од самата стаклена маса од којашто е изработен садот при изведувањето на неговиот горен дел (сл. 4). Можеби се работи за рачка на која не е изведена перфорација. Единствен друг познат пример кај којшто се претпоставува постоење рачка кај овој тип садови потекнува од Ремаген, со релативно доцна датација во однос на останатите садови во форма на урма, односно на крајот на П век.8

Повеќето садови во форма на урма се дувани во дводелен калап,9 а кај мал дел се забележува употребата на троделен калап. Кога деловите од калапот не биле во целост поврзани, стаклото го исполнувало просторот меѓу нив и правело јасен шав од калапот. Оваа појава е помалку или повеќе видлива кај наодите (садовите) од овој тип на Скупи. Имено кај садот кат. | јасно се забележува вертикален шав по целата должина на реципиентот (сл. 5). За разлика од него, садот кат. 2 е изведен со поголема прецизност. Поврзувањето на двата дела од калапот е фантастично скриено во самата орнаментика и е речиси невозможно да се препознае, па само се насетува местото на спојот (сл. 6). Кај трите наоди калапите во висина завршувале до горниот раб на реципиентот, додека вратот и венецот во целост биле дополнително моделирани од стаклената смеса (сл. 7, 8).

Cu. 7. Сл. 8.
Сл. 7. Сл. 8.

Tledaviog AtosKxopiéns, De Materia Меԁіса, I, 148-150. За улогата на урмите во медицината посебно е важен и поменот кај грчкиот доктор и фармацевт Диоскорид кој наведува различни состојби кои се третираат со нивна помош.

Повеќето примери садови во форма на урма се најдени во гробови, меѓутоа, нивната употреба како погребни прилози во основа била секундарна. За одредувањето на нивната функција најмногу податоци би дала нивната содржина. Досега не е направена нејзина хемиска анализа. Можно е содржината, како и функција на овој тип садови да била поврзана со плодот кој го имитираат, односно со урмата, која, според изворите, имала доста честа употреба во секојдневниот живот. Според податоците добиени од нив, логична е претпоставката дека биле употребувани како амабалажа за засладувачи, козметички производи10 или фармацевтски производи. Две третини од познатите садови во форма на урма се најдени на Блиски Исток, а останатите се наоѓани низ источниот Медитеран и на запад.11 Нема јасна концентрација од наоди која би довела до лоцирање на стакларска работилница за садови од овој тип. Нивната распространетост сугерира продукција во стакларски работилници на Сирискиот и Палестинскиот Брег, можеби во Феникија, еден од големите стакларски центри, која во текот на I век од н.е. била особено позната по стаклото дувано во калап.12

Овој тип стаклени садови биле произведувани кусо пред половината на | век, веројатно до раниот П век. Најрано датираниот сад од овој тип бил пронајден во Триер, западна Германија, во гроб датиран во Клаудиевиот период (41-54). Примери се познати од Италија, особено нејзиниот западен дел, каде што, според Де Томасо, доаѓаат преку патиштата кои го следат Јадранскиот Брег се среќаваат во Аквилеја, Болоња, Рим. датирани меѓу13 времето на Клаудиевците и Антонините,14 потоа во Помпеја и Херкуланум, за кои 79 година е terminus ante quem. Садови од овој тип се најдени во гробови од втората половина на I век во Израел, Крит,15 во Грција, Солун, со датација од првата четвртина до крајот на I век,16 потоа во Сирија датирани од првата половина на | век17 до средината на II век. Садовите во форма на урма веројатно биле дополнувани и повторно употребувани долго по конзумирањето на оригиналната содржина. Наодите во гробови во Шпанија, датирани околу средината на П век или од Аквилеја од втората половина на П век веројатно биле пренесувани како наследевто, а неколку примери биле зачувани и приложени како фунерарни дарови дури во IV и У век констатирани во погребувања во Геманија и Израел.18

Датацијата на садовите во форма на урма од Скупи е потврдена и со датирањето на останатите хронолошки осетливи наоди од целините од кои произлегуваат. Имено, од гробот 137, во кој биле приложени садовите потекнува и луцерна која на дното има инскрипција MVNARES.19 Оваа сигнатура укажува на тоа дека таа е изработена од семејството Мунатии, чијашто работилница егзистирала во текот на I и раниот П век.20 При одредувањето на хронолошките рамки на погребувањето мора да се земе предвид фактот дека се работи за скелетно погребување во конструкција зидана од тули. Според тоа, датацијата на гробната целина, добиена преку споредбена анализа на останатите гробни прилози, како и податоците за типот на погребувањето во целост, би се движела во периодот од времето на Домицијан до почетокот на владеењето на Хадријан.21 односно датирањето на овие стаклени садови кон крајот на I и раниот II век соодветствува со последната фаза на поставените хронолошки рамки од датирањето на овој тип садови воопшто.

Амфорисци

Друг пример садови дувани во калап од скопскиот регион се амфорисците. Повторно станува збор за реципиенти со мали димензии кои претставуваат амбалажни садови за козметички или фармацевтски производи. Амфорискот кат. 4 (ел. 9) потекнува од истото погребување каде што биле приложени и два од наодите на садови во форма на урма.22 Овој наод припаѓа на типот стаклени садови кои ги имитираат големите керамички транспортни амфори. Според Стерн, постојат три варијанти во стакло кои имитираат три различни типови керамички амфори. Прво, тип стаклени амфори со витко тело, имитација на грчко-италски амфори од доцнохеленистичкиот период. Втората варијанта е со елипсоидно тело кое остро се стеснува во една точка, веројатно имитација на амфорите од раниот | век тип Dressel 19. Третата варијанта е со конично тело и кружно рамно дно.23 За разлика од неа, D. Whitehouse смета дека овие садови не имитираат конкретен тип керамичка амфора.24

Нашиот амфориск, според поделба изведена од Стерн, постојат три варијанти во стакло кои имитираат три различни типови керамички амфори. Прво, тип стаклени амфори со витко тело, имитација на грчко-италски амфори од доцн, би припаднал под вториот тип. Имено, тој има елипсоидно тело со 12 пластично изведени ребра, кое остро се стеснува во една точка (си. 9). Поставувањето во вертикална позиција е невозможно. Од реципиентот остро е извлечен вратот кој е цилиндричен и преку постепено проширување продолжува во венецот, косо извлечен нагоре, со благо задебелен раб. Од средината на вратот до рамото на садот се дополнително прилепени две рачки. Стаклото е непросирно, со жолтоокерови посветли или потемни нијанси. Рачките се изведени од стакло со сина боја.

Садот е изработен со дување на стаклена маса во дводелен калап. Поради нецелосното поврзување на двата дела од калапот, видлив е шав по целата должина на реципиентот (сл. 10). Калапот завршива до горниот дел на телото, при што вратот и венецот биле дополнително изработени во целост (ел. 11).

Големиот број варијанти во димензии, начинот на употреба на калапот, прецизноста при поврзувањето на неговите делови, дали го вклучува вратот или не, бројот на хоризонтални канелури, различните решенија на дното (остро, заоблено или рамно), како и секако, квалитетот на стаклото, укажува на тоа дека постојат повеќе работилници кои ги изработувале овие форми.

Често е посочувано дека овој тип е чест на Кипар и во Сирија и дека е произведуван на Сирискиот и Палестинскиот Брег?“25 Примерите од Сирија се датирани во втората половина на I век.26 Наодите од Грузија, Ерменија и Турција сугерираат барем една работилница на источниот Медитеран.27 Релативно мал број наоди се среќаваат во Италија, Аквилеја, Болоња, Помпеја со датација во втората половина од I век,28 на Балканот, Будва (Бутхое), во првите три четвртини на I век,29 Дукља (Доклеа), датиран со монета на Хадријан, атрибуиран на сириските работилници.30

Нашиот пример е датиран со целата гробна целина, со споредбена анализа на останатите хронолошки осетливи предмети, како и податоците за типот на погребувањето во целост, во периодот од времето на Домицијан до почетокот на владеењето на Хадријан.31 Садот кат. 5 (ел. 12)32 исто така е сместен во групата на амфорисци, со тоа што кај него се јавува поинакво решение на дното. Имено, кај овој тип садови дното е рамно што го прави поставувањето во вертикална позиција сосема возможно, дури и реларивно стабилно. Венецот е извлечен хоризонтално нанадвор, со раб превиен кон внатрешната страна. Реципиентот е со јајцевидна форма, декориран со три фриза: во горниот и долниот дел се изведени по еден фриз на вертикални канелури кои се поврзани со централниот фриз на спирално изведени ластари, обрамени од двете страни со по едно тесно, незначително испакнато ребро по кое следува делумно поширока канелура. Изработен е од квалитетно стакло, прозирно, со виолетова боја. Од средината на вратот до рамото на садот дополнително се аплицирани две лентести рачки од стакло со жолтомаслинова нијанса.

Сл. 10. Сл. 9.
Сл. 10. Сл. 9.

Како варијанта на овој тип амфорисци се јавуваат садови со речиси идентично решение на реципиентот и орнаментиката, со таа разлика што тие имаат една рачка која е поставена од венецот (често има навој кој го надвишува венецот) до рамото на садот.33

Изработката на примерите од Скупи е повторно изведена со дување на стаклена маса во дводелен калап,34 кој поради непрецизното поврзување на двата дела оставил очигледен шав од од дното до почетокот на вратот. Вратот и венецот и во овој случај биле дополнително изработени, односно дувањето на стаклената смеса во калап се однесува само на реципиентот.

Овој тип амфорисци, според Стерн, може да претставува минијатурна варијанта на големите амфори дувани во калап, како онаа со потпис на Енион изложена во Ермитаж.35

И овие садови дувани во калап се атрибуираат на стакларските центри на источниот Медитеран, иако некои истражувачи претпоставуваат и можна продукција во западномедитеранските работилници.36 Сите познати примери се датирани во | век.37 За амфорискот од Скупи, имајќи ги предвид општите податоци за развојот на градот, би можеле да претпоставиме датација во втората половина од I век, односно во времето на Флавиевците.

Cn. 1.
Сл. 1.
Cn. 12. Поради тоа и не не изненадува
Сл. 12. Поради тоа и не не изненадува

Садовите дувани во калап припаѓаат во редот на поретките и полуксузни производи на стакларската индустрија во раноримскиот период.

податокот дека меѓу бројните цели и фрагментирани стаклени садови од Скупи имаме само пет примери на садови од овој тип. Со оглед на фактот дека реципиентите изведени во оваа техника, како оние во форма на урма така и амфорисците со различна декорација, во науката најчесто се определени како источномедитерански производи, со голема доза на веројатност можеме да кажеме дека примерите од Скупи се увезени од некоја од бројните и со долга традиција стакларски работилници на Истокот.

Во основа, овој тип стаклени садови се хронолошки доста осетливи наоди, генерално датирани во текот на | или во раниот П век. Според контекстот на наоѓање на нашите примери, тие се датирани од втората половина на | век (садот во форма на урма сл. 3 и амфорискот сл. 12) или во доцниот ги раниот II век (садовите во форма на урма сл. | и 2 и амфорискот сл. 9). Со тоа датирањето на нашите примери се совпаѓа со последната фаза на генерално поставените хронолошки рамки за овој тип садови.

КАТАЛОГ

Скупи, Источна некропола, гроб 137

Висина: 7.6 см, дијаметар на венецот: 2.1 см

Сад во форма на урма изработен во техника на дување во дводелен калап. Стаклото е прозирно, со жолтеникавокафеава нијанса, која е најтемна на дното. Венецот е косо извлечен нанадвор и задебелен на работ. Реципиентот е со елипсовидна форма и релјефна декорација изведена со пластични, брановидни испакнатини и канелури, кои притоа го имитираат изгледот на збрчкана кора на зрела урма. Дното е заоблено. поради што е невозможно да се поставаи во вертикална позиција.

Аналогии: Αντωνάρας A., 2009, 280-281, 486; Idem. 2009a, 75-76; Stern E.M., 1995, 91-94; Whitehouse D., 2004, 159; Guldager Bilde P. - Poulsen B., 2008, 259; De Tommaso G.,1990, 58; Kunina N., 1997, 280-281,

сл.146-148.

Литература: |. Mikuléié 1974, 194, Т.ГУ; Idem. 75, 90-91, T.VIII/31.

Датирање: последна четвртина од | - ран П век од н.е.

3. Сад во форма на урма (сл. 4)

Музеј на град Скопје

Скупи, Источна некропола, гроб 2142

Дијаметар на венецот: 1.8 см

Фрагментиран сад во форма на урма изработен во техника на дување во дводелен калап. Зачувани се венецот и вратот, како и делови од реципиентот и дното. Нијансата на стаклото се движи од сосема безбојно до виолетово. Венецот е хоризонтално извлечен нанадвор, па преклопен кон внатрешната страна. Од венецот до рамото е изведена мала рачка без перфорација. Реципиентот е со елипсоидна форма и релјефна декорација изведена со пластични, брановидни испакнатини и канелури, кои притоа го имитираат изгледот на збрчкана кора на зрела урма. Дното е заоблено, поради што е невозможно да се постави во вертикална позиција.

Аналогии: Αντωνάρας A., 2009, 280-281, 486; Stern E.M., 1995, 91-94; Whitehouse D., 2004, 159; Guldager Bilde P. - Poulsen B., 2008, 259; De Tommaso G.,1990, 58; Kunina N., 1997, 280-281, ел.146-148.

Датирање: втора половина на I век одн.е.

Музеј на град Скопје

Скупи, Источна некропола, гроб 137

Висина: 8.3 см, дијаметар на венецот: 2.5 см

Амфориск изработен во техника на дување во дводелен калап. Стаклото е непрозирно со интензивна жолтоокерова нијанса и со мошне тенки зидови. Реципиентот е елипсоиден и завршува во сосема мало дно, поради кое е невозможно садот да биде поставен во вертикална позиција. Декориран е со остри хоризонтални ребра и канелури. Вратот е мазен и постепено се шири во венец. Од рамото до средината на вратот дополнително се прилепени рачки од темносино стакло.

Аналогии: Stern. E.M., 1995, 57-58, De Tommaso G., 1990, 51; Kunina N., 1997, 280, кат. 142-144; Veliékovié M., 1974, 171-172, cn. 19.

JIumepamypa: Mikuléié 1974, 194, T.IV47 ; Idem. 75, 90-91, T.VIII/30.

Датирање: последна четвртина од I - ран П век од н.е.

LENA POPOVSKA

Museum of the City of Skopje

GLASS VESSELS BLOWN IN A MOULD, FROM SCUPI

Белешки

  1. За отстапениот необјавен материјал и благодарам на ЈІ. Јованова, раководител на ископувањето на Источната некропола на Скупи. ↩
  2. Stern E.M., 1995, 91; Whitehouse D., 2001, 519. ↩
  3. Stern E.M., 1995, 93; Guldager Bilde P. - Poulsen B., 2008, 259. ↩
  4. Stern E.M., 1995, 92; ↩
  5. Grossmann R.A., 2002, 34, сл. 34; Stern E.M., 1995, 92; De Tommaso G., 1990, 87. ↩
  6. Mikuléi¢ 1., 1974,194-195. Потекнуваат од гробот 137 кој претставува правоаголна конструкција зидана од тули. Станува збор за погребување со инхумиран покојник. ↩
  7. Приложен е во гробот 912 од Источната некропола на Скупи кој припаѓа на типот гробови со кремација. Се работи за гроб од типот на обична гробна јама која има елиптична форма со добро запечени 5идови до црвен интензитет. Исполнета е со поголеми количини на кремирани коски помешани со пепел и гореници. ↩
  8. Isings C., 1957, 94. ↩
  9. Stern E.M., 1995, 92. Според авторката постојат показатели дека калапите биле користени повеќе од еднаш, што упатува на ↩
  10. © Ovidius, Fasti, 185-188. Во поемата на Овидиј. Јанус во дијалог со поетот му објаснува дека урми се приложуваат во храмовите на почетокот на годината со цел настаните да соодветствуваат со вкусот, па текот на годината да биде сладок како нејзиниот почеток. Овој помен е особено интересен ако се земе предвид наодот на садови од овој тип приложени во храмот на Диоскурите во Рим; Guldager Bilde Р. - Poulsen B., 2008, 259. Plinius Secundus, Naturalis Historia, XIV.19; ХХІІІ.51-52. Во ова дело се спомнуваат како засладувач, исто така како дел потребните состојки при изработка на ароматични вина, потоа за козметика, парфеми, како и мошне честата употреба на плодот и на семката при третирање на различни заболувања. ↩
  11. Stern E.M., 1995. 93; Guldager Bilde P. - Poulsen B., 2008, 259. ↩
  12. Stern E.M., 1995, 93 ↩
  13. Whitehouse D., 2001, 47; Stern E.M., 1995, 93; Guldager Bilde P. - Poulsen B., 2008, 259. ↩
  14. De Tommaso G.,1990, 58 ↩
  15. Stern E.M., 1995, 93. ↩
  16. Αντωνάρας Α., 2009, 280-281, 486; Αντωνάρας Α., 2009a, 75-76. Аутоубрас A., 2009, 280-281, 486; Avtmvapac A., 2009а, 75-76. ↩
  17. Kunina N., 1997, 280-281, сл.146-148. ↩
  18. Stern E.M., 1995, 93. ↩
  19. Микулчић И., 1975, 90. ↩
  20. Deneauve J., 1969, 83-93; Balil A., 1984, 190. ↩
  21. Mikulčić I., 1974, 195. ↩
  22. Види забелешка 6. ↩
  23. Stern E.M., 1995, 157. ↩
  24. Whitehouse D., 2001, 46. ↩
  25. Stern E.M., 1995, 157-158 ↩
  26. Kunina N., 1997, 280, кат. 142-144. ↩
  27. Stern E.M., 1995, 158. ↩
  28. De Tommaso G., 1990, 51. ↩
  29. Veličković M., 1974, 171-172, сл.19. ↩
  30. Cermanović-Kuzmanović A., 1974, 175, T.I/4, T.III/16: Цермановић Кузмановић A. et al. 1975, 172, sl. 45. ↩
  31. Mikulčić I., 1974,194-195. ↩
  32. Потекнува од гробот 1732 од источната некропола на Скупи. Станува збор за гроб со кремација од стажен тип. Јамата е со четвртаста форма со послабо запечени зидови до црвен интензитет. Вториот етаж е централно поставен, покриен со конструкција од три реда тегули на две води и имбрекси на слемето, како и по една тегула на челните страни. ↩
  33. Stern E.M., 1995,152-153, ел.55, 57: Veliékovié M.. 1974, 171, сл.18: Cermanovié-Kuzmanovié A., 1974, 175, T.1/2. ↩
  34. Stern E.M., 1995, 152-153. ↩
  35. Kunina N., 1997, 273, сл. 69, кат. 109. ↩
  36. Stern E.M., 1995, 152: Whitehouse D., 2001. 43. ↩
  37. Αντωνάρας А., 2009, тип.114, 275-276, Αντωνάρας А., 2009а, 75, сл. 2, 117; Γυάλίνος Κόσμος 2010, 254, кат.158; ↩
  38. Cag во форма на урма (ел. 1) ↩
  39. Музеј на град Скопје ↩
  40. Скупи, Источна некропола, гроб 137 ↩
  41. Висина: 7.2 см, дијаметар на венецот: 2.1 см ↩
  42. во форма на урма изработен во техника на дување во дводелен калап. Стаклото е провирно, со боја во повеќе нијанси на кафено. Венецот е хоризонтално извлечен нанадвор, а потоа преклопен кон внатрешната страна. Реципиентот е со елипсоидна форма и релјефна декорација изведена со пластични, брановидни испакнатини и канелури, кои притоа го имитираат изгледот на збрчкана кора на зрела урма. Дното е заоблено, поради што е невозможно да се поставаи во вертикална позиција. ↩
  43. Аналогии: Avtwvapas A., 2009, 280-281, 486; Stern E.M., 1995, 91-94; Whitehouse D., 2004, 159; Guldager Bilde P. - Poulsen B., 2008, 259; De Tommaso G.,1990, 58; Kunina N., 1997, 280-281, c.146-148, ↩
  44. Литература: 1. Mikuléi¢é 1974, 194, T.IV; Idem. 75, 90-91, T.VIII/32. ↩
  45. Датирање: последна четвртина од 1 - ран П век од н.е. ↩
  46. Сад во форма на урма (сл. 2) ↩
  47. Музеј на град Скопје ↩
  48. Stern Е.М., 1995, 152-153 (авторката дава листа на локалитети од каде потекнуваат садови од овој тип); Whitehouse D., 2001, 43; Kunina М., 1997, 280, сл. 84, кат.140-141. ↩
  49. Музеј на град Скопје ↩
  50. Скупи, Источна некропола, гроб 5767 ↩
  51. Висина: 7.5 cm, дијаметар на венецот: 2.5-2.7 см, дијаметар на дното: 1.7 см ↩
  52. Амфориск изработен со дување на стаклена маса во дводелен калап. Стаклото е квалитетно, прозирно, со виолетова боја. Венецот е извлечен хоризонтално нанадвор, со раб превиен кон внатрешната страна. Реципиентот е со јајцевидна форма, декориран со три фриза: во горниот и долниот дел се изведени по еден фриз на вертикални канелури кои се поврзани со централниот фриз на спирално изведени ластари, обрамени од двете страни со по едно тесно, незначително испакнато ребро по кое следува делумно поширока канелура. Завршува со рамно дно. Од средината на вратот до рамото на садот, дополнително се аплицирани две лентести рачки од стакло со жолтомаслинова нијанса. ↩
  53. Аналогии: Αντωνάρας A., 2009, тип.114, 275-276; Γυάλίνος Κόσμος 2010, 254, кат.158; Stern Е.М., 1995, 152-153; Whitehouse D., 2001. 43; Kunina N., 1997, 280, сл. 84, кат. 140-141. ↩
  54. Датирање: втора половина на | век од н.е. ↩
  55. Музеј на град Скопје ↩
  56. Мито Хаџивасилев-Јасмин“ бб, 1000 Скопје ↩
  57. Idpopovska@yahovu.com ↩

Summary

Glass Vessels Blown in a Mould, from Scupi

Glass vessels created by the technique of blowing in a mould originated in the glass workshops of53 the eastern Mediterranean. These vessels of small dimensions served as containers for cosmetic or pharmaceutical products.

From Scupi come five vessels of this type, all found as grave goods. Three of them are date flasks, while two are amphoriskoi (fig. 9, 12). All were made in a two-part mould which left a more or less visible seam along the length of the vessels, but which ended at the upper part of the body, so that neck and rim were worked as a whole.

The date flasks generally belong among the very frequent finds of glass vessels worked in the technique of blowing in a mould. We note their naturalistic appearance, which imitates the wrinkled rind of a fruit, in the three examples from Scupi. The vessels are created from high quality glass, with shades of yellow, ochre, or brown color, as well as one example with a violet tone. One of the vessels (fig. 3) is dated to the second half of the Ist century, while the other two, according to their context, are dated somewhat later, i.e., to the end of the Ist or beginning of the 2nd century.

Two other small vessels belong to the category of those blown in a mould. They57 are amphoriskoi, made of high quality glass, but with different shapes and decoration. One has an ellipsoid body that narrows sharply to a point, and therefore cannot stand in a vertical position (fig. 9). It is decorated with twelve horizontal ribs, and comes from the same grave in which were placed the two date flasks (fig. 1 and 2), dated to the end of the Ist or early 2nd century. The second amphoriskos (fig. 12) has an ovoid shape with a flat bottom, because of which it is relatively stable in a vertical position. Decorated with kanelure and spiral vegetable ornaments, it is dated to the second half of the Ist century.

Given the fact that vessels created with this technique, both date flasks and amphoriskoi with differing decoration, are most often designated as products of the eastern Mediterranean, we are able with the greatest probability to say that the examples from Scupi were imported from one of the numerous and long-lasting glass workshops of the East.

Библиографија