Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 255–261

Бронзена светилка од Студеничани

Светилката е случајно откриена на локалитетот Исар-Кале кај Студеничани при изведување земјоделски работи.1 Локалитетот лежи на 13 километри југоисточно од центарот на Скопје, односно | км југоисточно од с. Студеничани и | км северно од с. Морани.

Локалитетот претставува доминантно зарамнето плато на кој се простира раноантичка утврдена населба. Населбата не отскокнува со големина пред другите од Скопската Котлина, меѓутоа, резултатите од досегашните рекогносцирања и истражувања на неа зборуваат за богатство на движен археолошки материјал, што ја става во преден план пред другите локалитети од овој период. Поцелосно толкување и презентација на движните археолошки наоди од овој локалитет се уште немаме, но дел од нив се предмет на истражување на повеќе автори.2 Меѓу наодите претежно се застапени керамичките производи, од оние најлуксузните украсени со фирнајс, сликани во црвенофигурален стил увезени од југ, до онаа најпроста кујнска керамика работена на рака, но во многу помал обем.

Металните предмети се застапени во многу мал број, веројатно заради малиот обем на истражувањата. Нивното присуството треба да се очекува со евентуално идните истражувања, за што евидентно зборува нашиот наод. Тргнувајќи од констатацијата дека во населбата во текот на У и IV век пред н.е. се одвивал интензивен живот, а како прилог повеќе во осветлувањето на материјалната култура, сметаме дека овој наод заслужува да биде посебно презентиран. Појавата на бронзената светилка во Студеничани ни овозможува да добиеме уште една корисна информација за локалитетот, дотолку повеќе што во Македонија и пошироко не е презентиран примерок аналогно на нашиот.

Светилката е изработена во бронза. Има полутопчесто шупливо тело кое служи како резервоар за масло. На предната страна од него излегува цевчест клун аглесто свиткан нагоре кој завршува со проширен лопатест отвор за ставање фитил, од горната страна рамно засечен. Отворот за фитил од задната страна е украсен со волута. Од спротивната страна на клунот, односно задната страна од телото на светилката излегува лента на почетокот проширена, која кружно свиткана нагоре го надвишува телото и ја образува рачката на светилката. Горната страна на телото е рамна со прстенесто издигнат кружен отвор за ставање масло во резервоарот, а се затвора со капак поврзан со шарнирска алка, со иста големина како и прстенот. Светилката стои на три нозе поставени на дното, рамномерно распоредени една од друга, од кои предните две завршуваат во форма на стилизирани нозе од копитар, веројатно од коза.

Cu. 1
Сл. 1

Светилката е моделирана во прецизни пропорции кои имаат рамномерен сооднос на елементите меѓу себе, но речиси на целата нејзина површина се впечатливи ситни интервенции на мајсторот по лиењето. Нејзините димензии се: вкупна должина од клунот до завршетокот на рачката 12 см.; висина на светилката од основата до горниот раб на капакот 3.8 см; висина од основата до горната ивица на рачката 6 см; ширина на телото 5.1 см. Целата површина на светилката е покриена со темнозелена патина.

Прашањето на античките светилки веќе подолго време е предмет на проучување на повеќе автори кај нас и во светот. Овие проучувања обично обработуваат наоди од систематски истражувани локалитети, но и на поединечни значајни наоди кои се предмет на посебни студии и написи. Оттука произлегува и многубројната литература која се занимава со каталошки и систематски анализи, технологија на произвотство и техничка изведба на светилките, осветлувајќи притоа интересни информации кои овозможуваат значајни сознанија и проучувања, како на дел од занаетчиското и индустриско произвотство, така и на трговијата во антиката. Најголем дел од оваа литература се однесува на керамичките светилки, кои во антиката се изработувани во многу поголем број, во разни форми, варијанти, боја и квалитет. За разлика од нив металните светилки иако се јавуваат доста рано, во достапната литература се обработени релативно мал број. За изработка на металните светилки се користени разни материјали како што се бронза, железо, олово, но и од сребро и злато. Голем број керамички светилки се откриени со истражување на античките населби и некрополи, што не е случај со металните. Заради фактот што тие се сметани за луксузна стока, често биле претопувани а материјалот користен за друга намена.3

Црт. 1
Црт. 1

Во отсуство на директна аналогија, прашањето за определување на хронолошката припадност на светилката, покрај анализата на типолошките елементи содржани во формата, не помалку Значаен елемент на кој секако треба да сметаме, а во оваа смисла го земаме предвид, е хронологија на населбата и покрај скромните истражувања. Во тој правец веќе се презентирани одредени проучувања претежно од површинските теренски опсервации, меѓутоа, нецелосни за да се добие вистинската вредност на локалитетот. При ваквата состојба, овие податоци ќе ни овозможат да ја определиме припадноста на светилката, но во релативни хронолошки рамки.

Во однос на основната форма, нашиот наод поседува одредени елементи како кај грчките керамички светилки од IV и Ш век пред н.е., меѓутоа, не кај определен тип, за да можат да се користат како директна аналогија. За грчките керамички светилки се објавени повеќе студии кои презентираат разни класификации за типологија на светилките.6 Во овие студии, главно, се опфатени керамичките светилки кои обично се произведувале во големи серии на одреден тип, наменети за широка употреба. За разлика од 0 | 9 СП. керамичките, металните светилки претставу- : ко. вале индивидуална работа на мајсторот. Тие

претежно биле изработувани по нарачка за намената за која биле предвидени, а обликувани и украсувани според вкусот на нарачателот. Заради фактот што металните светилки се изработувале речиси како уникатни примероци, голем број од нив послужиле како модел за изработка на керамичките.7 Оттука се наметнува констатацијата дека одредени типолошки елементи содржани кај металните се среќаваат И кај некои од керамичките светилки, иако едните од другите се разликуваат не само по начинот на изработка на формата и употреба на украсните елементи туку и по местото и начинот на употреба.

Ако ваквата врска ја земеме за аналогија во однос на определување на типологијата на основната форма на нашата светилка, тогаш ќе се соочиме со нејзиното, поточно, хронолошко определување. Имено, ако го имаме предвид фактот дека металните светилки секогаш хронолошки порано се определуваат од нивните керамички копии, тогаш секогаш би се доведувала во прашање должината на хронолошкиот дијапазон меѓу моделот и копијата. Ова е, пред се, заради фактот што секогаш и во секое време може да се изработи копија или варијанта од веќе готов модел, само што во зависност од модниот тренд би бил различен начинот на решавање и нанесување на украсните елементи. Според тоа, сметаме дека овис типолошки студии 3a керамичките светилки само делумно ќе можат да се земат превид за целосна и директна аналогија на основната форма, кога е во прашање нашиот или идентични такви предмети.

Покрај основните, треба да се нагласат и другите украсни елементи кои нашата светилка ја одвојуваат како посебен типолошки примерок. Тоа се волутата поставена на задниот дел од отворот за фитил и трите нозе. Според начинот на изработка и уметничката креација на мај сторот, волутата се уште ја поседува основната форма на идентичните елементи преземени од јонскиот капител со Јасна идеја за оригинално копирање. Јонскиот капител во ова време (IV век пр. н.е.) е еден од најкористените архитектонски елементи во изработка на јавните згради и храмови во Грција.8 За разлика од нашиот, идентичните украсни елементи кои ќе се јават многу подоцна на светилките се изработувани во манир на стилизирана волутна форма, обично поставени по две на клунот.9 Волутите како украсен елемент не се непознати во Студеничани. На бројните наоди на антефикси од јонски тип кои се користени како украс на куќите, покрај палметата како украсен мотив се појавуваат и волути.10

Од друга страна, невообичаено е предмети од ваков тип да се изработуваат со три нозе, пред се поради нивната стабилност, имајќи ја притоа предвид функцијата што треба да ја извршуваат. Во достапната литература досега не ми се познати наоди на светилки изработени со три нозе. Како најблиска и исклучителна анлогија секако треба да се земат предвид садовите триножници, особено оние што се наменети за култна намена. Заради идентичниот начин на поставување на нозете кај овие садови и нашиот наод, во овој контекст сметаме дека треба да бидат споменати. Во најголем дел триножните садови се вотивни дарови речиси во сите грчки храмови, изработувани во разни форми, украсувани или обични, во завистност од тоа на кое божество се посветени.11 Уште од раниот геометриски период па натаму триножните садови се вотивни дарови par excellence.12 Исто така, интересна е врската на ваквите наоди со оние откриени во повеќе македонски гробници, меѓу кои како покарактеристични се издвојуваат садовите-фенери за осветлување со триножна основа од гробниците во Вергина и Дервени, датирани во У, односно втората половина на IV13 век пр. н.е.З

Не навлегувајќи во анализа на овие садови, но и во однос на нивната намена како предмети од посебен култен карактер, би можеле единствено да претпоставиме дека нашиот наод како таков поседува одредени елементи за да биде третиран како вотивен дар, што е чест случај кај ваквите премети. Самото место на откривање на светилката на акрополот од населбата ни овозможува макар и во ваква состојба на истраженост на локалитетот да ја претпоставиме нејзината употреба во јавна зграда или храм. Со слична претпоставка на употреба презентиран е уште еден наод од Студеничани, датиран во рамките на У век пред н.е.14

Несомнено, за постоење вакви објекти потврда се очекува од идните археолошки ископувања, иако богатството на движниот археолошки материјал овој локалитет го вбројува на прво место во Скопската Котлина.15 Од друга страна, од досегашната анализа на движниот археолошки материјал, покрај пораните праисториски хоризонти на егзистирање, констатирано е дека животот на населбата кај Студеничани се следи и низ периодот од У-Ш век пред н.е. Во рамките на ова егзистирање на населбата се наметнува и хронолошката припадност за датирање на нашиот наод. Поточно, овде од значаен, можеби пресуден момент е наглиот прекин на животот на населбата кај Студеничани, што се случува во текот на Ш век, и никогаш повеќе да не се обнови на ова место. Во тој случај, таа морала да биде во употреба пред овој настан, а тоа е периодот од ГУ-Ш век пред н.е.

Единствено засега останува нејасно прашањето за потекло на светилката. Меѓу движните археолошки наоди од овој и други локалитети од Скопската Котлина кои егзистирале во периодот од У-Ш век пред н.е., веќе од порано се констатирани увезени висококвалитетни и луксузни предмети од Егеја, но и локална продукција на квалитетни имитации на атичка грнчарија. Ако во текот на овој период се среќаваат луксузни предмети увезени од Егеја, истовремено со нив се јавуваат и локалните имитации изработувани од домашни грнчарски работилници, кои не заостануваат многу по квалитетот на изработката. !3

Скопскиот регион во овој правец се уште не е во доволна мера истражен за да се заземе определено становиште по ова прашање, сепак откривањето на поедини и групни наоди, потврдуваат дека во овој регион постои силно развиено занаетчиско производство.

Во оваа смисла, не навлегувајќи во елементите на формата, самата техничка изработка на светилката, не ни допушта да изразиме можност за нејзин увоз од југ, туку дека е продукт на некоја локална работилница, веројатно лоцирана во некој од поголемите центри во Скопската Котлина. Дека металургиската активност во скопскиот регион не е непозната, секако потврдуваат металуршките објекти откриени на Градиште, Бразда"“.

Од друга страна, присуството на нашиот наод претставува основа за постоење на занаетчиски пунктови, меѓу кои и за изработка на предмети од метал, иако со досегашните истражувања не се потврдени. Меѓутоа, за поцелосни податоци кои ќе го заокружат ова прашање, посебно проблемот за постоење на ваквите работилници, единствено се очекува од идните истражувања на античките населби во скопскиот регион.

'6 Микулчиќ И., 1982, 33-34.

77 Микулчиќ И., 1982, 33-34, Сл. 14, T. 2A, 3-5, T. 2B, 1-5; Соколовска B., 1986, 35-40, сл. 5, 6, 9; Микулчиќ Г., 1990,

'S Микулчиќ Г., 1991, 187-197; Соколовска B. - Пашиќ Р., 1975, 231-244; Ристов K., 1999 113-134; Ристов K., 1997,

KBO RISTOV

Museum of the City of Skopje

A BRONZE LAMP FROM STUDENICANI

Белешки

  1. Светилката е откриена на акрополата од локалитетот од Имери Азис од с. Студеничани, обработувајќи ја својата нива. Во оваа прилика му се заблагодаруваме за отстапениот наод на Музеј на град Скопје ↩
  2. Микулчиќ И., 1982, 32-34, сл. 13, 14, T. 2, 6, Т. 3 6; Соколовска B., 1986, 38, сл. 9; Соколовска B., 1991, 168, Т 6, сл. 7, Раѕі¢ R., 1976, 148, T. II; Станчевски И., 1993, 163-168, са. 1.6. ↩
  3. Vikié-Belanéié В.. 1971. 97-100 (лава пресек на најзначајната литература за проучување на светилките). “ Jopanosuh M., 1969, 20, ↩
  4. Јелачић Б., 1959, 74. ↩
  5. Kako поважни ги споменуваме: Broneer O., 1930; Goldman H. - Jones F.F., 1950; Howland R. H., 1958. ↩
  6. Vikić-Belančić B., 1975, 64. ↩
  7. Jonski red, MCMLXIV, 89. ↩
  8. Vikić-Belančić B., 1971, 103-111. ↩
  9. Микулчиќ И., 1982, 33, сл. 14. Колиштркоска Настева И., 1995, 24-28, сл. 1,2, 4, па. 1-3. centuries BC. ↩
  10. Andronikos M., 1975, 16 ↩
  11. Andronikos M., 1975, 16. ↩
  12. Philip of Macedon, 1980, 123: Treasuers of ancient Macedonia, 1978, 33, Cat. No. 150, 160. ↩
  13. Станчевски И., 1993, 165, 168. ↩
  14. Микулчиќ И., 1982, 33. ↩

Summary

A Bronze Lamp from Studeničani

The lamp was found by chance at the site of Isar-Kale at Studenitani during agricultural activities. The site is located 13 km southeast of the center of Skopje, 1 km southeast of the village of Studeniéani, and 1 km north of the village of Morani.

The site consists of a dominant, level plateau, over which stretches an Early Antique fortified settlement. It does not stand out in size when compared with other settlements in the Skopje valley, although the results of surveys and investigations until the present time point to the richness of the small finds, which puts it ahead of other sites of this period.

The lamp is made of bronze. It has a hemispherical hollow body that served as the reservoir for oil. On the front extends a tubular beak bent angularly and ending with a widened opening for the placement of a wick. The opening for the wick on the back side is decorated with a volute. From the opposite side of the beak, i.e., the back side of the body of the lamp, extends a strip that bends around above the body and forms the handle of the lamp. The upper side of the body is level with a raised ring-like round opening for putting oil into the reservoir, and it is closed with a cap connected by a link, of the same size as the ring. The lamp stands on three legs, equidistant from one another; the two front legs end in the form of stylized legs of a hoofed animal, probably a goat.

The analysis of the typological elements of the form of the lamp is not an insignificant element for the question of determination of the date of the artifact, particular in the absence of direct analogy. In order to determine the date, we must take into consideration the chronology of the settlement, despite the modest investigations. Although they are insufficient to determine the true value of the site, certain studies mostly from surface observations in the field have already been presented. In this situation, these data will enable us to place the lamp within relatively narrow chronological limits.

In terms of its basic form, our find shows certain elements seen in Greek ceramic lamps from the Ath and 3rd centuries BC. From the analysis of the portable archaeological material, we conclude that in addition to earlier prehistoric habitation horizons the life of the settlement at Studeni¢ani may be followed through the period of the 5th-3rd centuries BC. Within these limits for the existence of the settlement, one also covers the chronological period to which our find must belong. More precisely, there was the significant, perhaps decisive moment of the abrupt end of the settlement at Studeniéani, which occurred in the course of the 3rd century, so that it was never renewed in this place. In this case the lamp must have been in use before that event, i.e., in the period of the 4th-3rd

Библиографија