Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 215–243
За некои карактеристики на материјалната култура на Агријаните
Содржина
Во современата литература која се занимава со прашањата поврзани за племињата и народите кои го населувале среднобалканскиот простор во текот на | милениум пр. н.е., Агријаните претставуваат популација која зазема второстепено место. Тоа е секако последица на нивното скромно спомнување во античките извори и одалеченоста од егејското крајбрежје. Нивната територија не е ниту приближно определена, па според тоа останува сосема нејасна. Во изворите Агријаните се спомнуваат во врска со некој важен настан што се одиграл на овие простори во кој тие на некој начин учествувале. Заради сето тоа Агријаните имаат добиено квалификација на таинствено племе, па и нивното значење е занемарено и недоволно дефинирано..1
Последниве децении сликата за ова, како што во меѓувреме се покажа, големо племе е драстично изменета. Може слободно да се каже дека Агријаните избиваат на површина како народ со јасна култура која го дополнува и осветлува нивното значење во за нив современите настани. На овие промени на нашите знаења придонесоа во прв ред поновите археолошки истражувања, при што се покажа дека резултатите наполно се совпаѓаат со информациите кои се за Агријаните зачувани кај античките писатели.2 Без претензии за подетална анализа, во оваа пригода би сакала да се осврнам на некои впечатливи карактеристики на материјалната култура на овие простори, имајќи ги предвид поновите наоди кои се јавуваат како мошне драгоцена потврда на нашите досегашни констатации. Заради поголема прегледност, моето натамошно излагање ќе биде поделено на следните теми:
— принцип на фортификациите на просторот на Агријаните;
- присуство на македонско-пајонските бронзи;
- појава на монетите на Дероните и Лајаите;
— концентрација на дамастионски монети; - увоз и неговите карактеристики;
— металургија;
ст: карактеристики на локалната керамика,
- погребување.
Заради појасна претстава за просторот кој е предмет на нашето излагање, потребно би било накусо да се осврнам на констатациите за територијата, која по моето мислење ја населувале Агријаните, што е веќе објавено во неколку трудови. Врз основа на податоците зачувани во античките извори кај Херодот, Тукидид, Страбон, Аријан3 имам дојдено до сознание дека Агријаните, во предримско време заземале територија која се протега од Перник и Кустендил на исток, преку јужноморавскиот регион и Косово кон запад, опфаќајки го скопско-кумановскиот регион и тетовско-гостиварскот полошки регион, како и дел од североисточна Македонија со целиот тек на реката Пчиња. Оваа констатација во голема мера ја поткрепуваат археолошките наоди откриени на овие простори.
ПРИНЦИП НА ФОРТИФИКАЦИИ
На територијата што ја населувале Агријаните регистрирани се голем број населби. Треба веднаш да се каже дека се уште недостасува нивно темелно истражување, што би придонесло да се збогатат нашите знаења за нивниот изглед, внатрешната содржина, како и времето на нивното настанување. И покрај тоа. површинските истражувања на теренот и некои ископувања од помали размери на одделни локалитети овозможија да се добие значително јасна слика за нивниот изглед и времето во кое егзистирале.4 “
На дел од агријанскиот простор, кој денес се наоѓа во границите на Република Македонија, регистриран е значителен број населби. Тоа се веќе добро познатите локалитети: Кале во самиот град Скопје, Градиште во Средно Нерези, Кале-Варвара, Исар-Студеничани, Градиште-Бразда (сл. 1), Зајчев Рид кај Злокуќани и други. Во кумановскиот регион воочени се повеќе населби, меѓу кои, посебно место заземаат Градиште кај с. Пелинце (сл. 2) и Главучица кај Липково.5 Натаму кон север вршени се сондажни ископувања на неколку интересни населби во Врањско-прешевската Котлина, кои имаат дадено драгоцени резултати за проблемот кој нас не интересира.6 Уште во далечната 1968 год. во „Врањски гласник“е објавен труд на И. Микулчиќ и М. Јовановиќ за ископувањата на локалитетот Кале кај Кршевица.7 Ископувањата што се одвиваа последниве години се повеќе ги прошируваат нашите сознанија за времето во кое оваа населба настанала и егзистирала8 (сл. 3a, 36). На Косово се познати повеќе населби од градински тип како Вучитрн-Самодража, Горње Гадимље со исти карактеристики. Треба да се спомне утврдената населба кај Белаќевац лоцирана над реката Дреница со фортификација во сувозид од кршен камен. Тука спаѓа населбата Хисар, сместена на платото Широко кај Сува Река, како и Прчево-Бока и Ромаја со извонредни наоди од македонскопајонски бронзи, соодветни на тие од Радање.9
Речиси сите наброени населби (и многу други кои не се спомнати) припаѓаат на категоријата "висински населби“, односно "градишта“ или "Градини“ подигнати на природни возвишенија над речни долини кои имале погодни услови за заштита. Овој тип10 населби, како што е познато, се јавува како општа карактеристика на населбите од | милениум пр. н.е. Нивното зарамнето плато, е заштитено со одбранбен зид во сувозид, кој некогаш има надворешно лице од крупен камен, додека средината е исполнета со ситен камен и набиена глина. На некои локалитети стрмите страни на возвишенијата претставувале природна заштита на градините. Она што е мошне карактеристично, е појавата на одбранбен ров и заштитен тумул, со што пристапната страна на населбата на тој начин била обезбедена.
Градиште кај селото Пелинце може да се смета како школски пример на населби од овој Tuu. Сместено е на природно зарамнето плато на ритче кое се издига од левата страна од реката Пчиња. Платото има неправилна ромбоидна форма условена од конфигурацијата на теренот со големина од 170 x 115 м (сл. 2a) Во средината е вдлабнато со насип на рабовите, при што источното чело е посебно нагласено. На таа страна прокопан е ров широк 40 ми долг 50 м, кој имал одбранбена улога. И на југозападната страна вкопан е помал ров, а од исфрлената земја формиран е одбранбен тумул (си. 26). Другите страни на Градиштето се значително стрмни. Кон влезот во населбата води рампа мошне добро зачувана до денешни дни. Истиот систем на заштита применет е на Градиште-Главучица кај Липково, западно од Градиште-Пелинце се наоѓа североисточно од Куманово, десно од патот кој преку долината на реката Пчиња ја поврзува кумановската со соседната врањска област уште од времето на раната антика. Сместено е на последните ограноци на Козјак во близина на местото каде реката Бистрица се влева во Пчиња. (Трајковска 1999) Градиште-Пелинце претставува школски пример на градинска населба со добро сочуван одбранбен ров и тумул. Нејзините зачетоци се врзуваат за раното бронено време, за во ра-
не најголем подем во својот развој. Хеленистичкиот период населбата не го доживеала.
Куманово, каде што тумулот има импозантна висина од 10 м. Забележано е дека тумулот на локалитетот има исто така големи димензии. Теренската опсервација на Градиште кај Горно Коњаре покажува дека населбата имала бедем од земјен насип со одбранбен ров и пристапна рампа.11
Сондажните ископувања во Врањско-прешевската Котлина покажаа дека бедемите на Каљаја-Буштрање се формирани од насипана земја, при што каменот имал улога на арматура. Ораовица со заштитниот тумул има иста фортификација како Буштрање.12
Ваква концепција за подигање градински населби и системот на нивната заштита може да се смета како општа појава на агријанскиот простор, макар што тој се јавува значително пошироко. Современите земјени работи го спречуваат потполното согледување и проучување на фортификационите елементи, каков што е случајот со Кале-Кршевица. Но и покрај тоа, истражувачите успеале да издвојат слој од насипот и дел од заштитниот тумул. Населбата на Широко кај Сува Река, покрај оштетеноста на локалитетот, покажува сродни карактеристики. Истите особености се вооочливи на градините кај Белаќевац, Горње Гадимље и други населби на Косово.13
Треба да се има предвид дека овие населби не се систематски истражувани. Ископувањата, доколку се водени, биле од мали размери, парцијални, па според тоа недоволни да се добие појасна претстава за нив. И покрај тоа, податоците собрани на теренот недвосмислено покажуваат дека постоел устален систем кај подигањето и заштитата на висинските населби, односно градини, дека исти градежни елементи се присутни на сите локалитети, што значи во крајна линија дека е тоа резултат на долготрајни меѓусебни контакти и комуникација. Во врска со ова се поставува прашањето за времето на нивното создавање.
На овој стеепен на истраженост на теренот не е можно прецизно да се установи кога настанале овие населби, каков обем опфаќале во одделни епохи, односно каков бил нивниот просторен развиток. Сепак, археолошкиот материјал, во прв ред керамичкиот, дава сигурни показатели за времето кога овие локации примиле први населеници.
На локалитетот Жеглиговски Камен се зачувани траги од енеолит. На Исарот кај Сува Река, исто така, откриен е живот во енеолитот. Тоа не значи дека и на други локалитети немало живот во ова време.
Градиште-Маркеш кај Куманово се смета едно од најстарите населби кое примило жители во ранобронзеното време. Откриените фрагменти од керамика со декорација од мрежасто шрафирани триаголници и правоаголници и полиња исполнети со втиснувања се типични за културната група Бубањ-Хум ІІІ.14
Најстари траги на животот на Градиште- Пелинце припаѓаат на ранобронзеното време. Се работи за мошне интересно откритие. на кое треба да се посвети внимание и на ова место. Според извештајот на истражувачите, на падините на Градиштето се откриени групи наоди со интересна содржина. На повеќе места на теренот, во природните вдлабнатини на камената подлога, откриени се групи керамички садови со различна форма и фактура, глинени тегови, како и камени и коскени алатки15 (сл. 4). Оваа појава објаснета е како култно место. одн. светилиште, каде, при тоа биле обавувани извесни култни дејствија. Соодветен случај откриен е во Бугарија, на просторот меѓу Струма и Места на Родопите, каде во вдлабнатините на теренот се пронајдени керамички наоди - садови, тегови, парчиња зидарија итн. Покрај природните вдлабнатини, повремено вкопувани се канали каде се ставани наведените пред-
мети!"16 Материјалот од пелинско Градиште има најблиски аналогии во керамичката група Бубањ-Хум III, која од своја страна има аналогии во наодите од локалитетот Кале кај Скопје. Забележано е и во литературата и е нагласено дека оваа појава на Градиште-Пелинце потсетува на познатите светилишта лоцирани на планинските врвови на Крит, појава која не е без значење.
Некои населби, колку можело да се согледа на теренот, настанале во доцнобронзеното време (XII-XI век пр. н.е). Тенеш Дол кај Приштина, лоциран над реката Лаб, покажува сите карактеристики на населба од овој период. Потврда за оваа дата досега има дадено и Градиште-Кршевица, каде се откриени траги од објект и керамички наоди карактеристични за брњичката култура, што зборува за правецот на движењето на нејните носители.17 Подетални ископувања на овие населби би дале повеќе информации за животот во постарите епохи.
Во текот на постарото железно време нашите градишта-градини добиваат своја постојана физиономија, која ќе се задржи до крајот на животот на нив. Според општото уверување, сите особености, односно карактеристики по кои ги препознаваме настанале во ова време. Како заедничка карактеристика на населбите од типот градиште, односно градина, може да се каже следното: забележано е дека кај сите е ист избор на локација која овозможува природна заштита; сите населби фортифицирани се според иста концепција, која содржи како типичен стратешки елемент одбранбен ров ископан на најлесно пристапната страна со заштитен тумул, добро утврдено чело и единствен влез од „тангенцијален“ тип, секогаш поставен на левата страна на испакнатото чело. Ваква слика даваат сите познати градишта-градини во скопско-кумановската регија, на Косово, како и во Врањско-прешевската Котлина.
Сите спомнати елементи зборуваат дека на овие простори се работи за единствен систем на фортифицирање кој бил востановен и практикуван во регионот истовремено. Материјалот кој ги следи, макар што не е секогаш стратиграфски издвоен, покажува апсолутна истородност. Тоа се однесува на постарото железно време кога се воочени локални појави, како и на подоцнежниот период, во времето на У и ГУ век пр. н.е., кога материјалната култура попримува особености кои недвосмислено зборуваат за нејзниот хеленизиран карактер.
Една, мошне маркантна појава ги поврзува населбите на просторот на Агријаните. Тоа се објекти изградени во висока техника на градежништво. Меѓу првите треба да се спомнат објектите на локалитетот Кракра кај Перник каде бедемите и поедини згради се изградени од прецизно делкани блокови со барботин и анатироза (сл. 5а). Во соседната Пауталија (денешен Кустендилќ, во многу римски објекти се вградувани блокови истоветни со тие на Кракра кои припаѓале на раноантички објекти на Пауталија (сл. 56). Иста техника на делкање камен и прецизност во градењето е присутна на владетелската гробница во Бразда кај Скопје (сл. ба, 6). Добро е позната гробницата во Тетово која своевремено била мошне добро зачувана!“ (сл. 7). На Кале-Кршевица, во
8 Чангова, 1981, 52 и н., Обр. 5-13; Русева, 1989, 84, 92, 112, 113 и н: Микулчиќ, Соколовска, 1990, 79 и н.; Радојчиќ, 1933, сл. | и 2. Овие објекти говорат дека населбите каде се подигани биле регионални центри, најверојатно седишта на локални принчеви за кои овие гробници биле подигнати. Во врска со Пелагија и Сарноа мошне индикативни се размислувањата на J. M. F. May (May 1939, 27 и н.). Врз основа на типовите, стандардот и стилот на нивните монети, May заклучува дека двата града се наоѓале во соседство. За Сарноа, според податокот кај Marcellinus заклучува дека се подоцнежни објекти кои веројатно пропаѓаат на IV век пр. н.е., вградени се прецизно делкани блокови од базалт (сл. 8), од кои некои имале бордура која се издвојувала од средишниот погруб дел блокови.19 Истоветни блокови се вградувани во селските куќи во Кршевица во значителен број. Оваа околност зборува дека овие блокови припаѓаат на некој мнонументален објект лоциран во непосредна близина. Оттука произлегува дека овој објект е значително постар, бил изграден во текот на У век пр. н.е. и дека најверојатно претставувал монументална гробница на некој локален владетел, одн. племенски старешина. Тоа би значело дека во извесен момент гробницата го изгубила своето значење кое дотогаш го имала и дека нејзите блокови, кога населбата била обновена, односно проширена биле користени како градежен материал за поскромни економски објекти и куќи. Во секој случај, присуството на оваа висока градежна техника зборува за влијание од југ. Без сомнение, овие објекти изградени се во урбани регионални средишта на просторот на Агријаните, во кои најверојатно треба да се бара Пелагија. Сарноа и Дапарија. Сите објекти за кои станува збор датираат во втората половина на У век пр. н.е.
И уште една појава заедничка за сите градини на просторот на Агријаните. Тоа е крај на животот на сите населби во исто време, појава предизвикана од ист настан кој довел до крај на нивната егзистенција. Сите истражувачи кои се занимавале со овој проблем се сложуваат дека тоа се случило кон крајот на владеењето на Аудолеон или по неговата смрт, односно во време наездата на Келтите од 280/279 год. пр. н.е., кога доаѓа до наглото ширење на Дарданците.20 Животот на овие населби подоцна не е обновуван. Меѓутоа, некои населби како Кале-Кршевица, а секако и други како Градиште-Нерези кај Скопје, се користени како упоришта на Скордисците21 за време на нивните плачкашки походи на Македонија И Грција кои се одигравале во текот на Пи Г век пр. н.е., констатација потврдена со наоди на латенска керамика карактеристична за областите на Сава и Дунав што ги населувале Скордисците.
Присуство на македонско-пајонски бронзи
Предметите познати под име „македонски бронзи“ беа предмет на истражување на многу учени кои се занимавале со постарото железно време на Македонија.22 Во времето на нивната појава постоеле незначителен број најдени под грчките храмови, како и неколку наоди од Гевгелија и Радање кај Штип. Почнувајќи од 1976 год., кога во рамките на проектот „Долината на Вардар во | милениум пр. н.е. започнаа ископувања во Повардарјето, бројот на овие наоди достигна неверојатна бројка, со што постарото железно време на овие простори поприми потполно друга слика. Се работи за украсни и утилитарни предмети кои припаѓаат на категоријата накит, како и култни предмети чија намена се уште не е објаснета во потребна мерка.23 Меѓу наодите присутни се предмети кои имаат широка распространетост - од Халштат во Австрија, преку Гласинац во Босна до Вергина во Грција - како што се големите и фибули во облик на очила со или без осумка, потоа игли, гривни со прекрстени краеви, копчиња, токи, разни приврзоци итн. Во текот на проучувањето на овие бронзи дојдено е до сознание дека поедини. мошне карактеристични форми се јавуваат на простори населени со пајонска популација, при што е оформен термин македонско-пајонски бронзи. Меѓу овие, како најтипични треба да се спомнат минијатурни бокали со косо засечен врат, сатчиња во форма на афионова чашка во повеќе варијанти, мошне впечатливи приврзоци во форма на птици и многу форми на приврзоци (сл. 9). Во науката се смета дека нивното потекло е поврзано со северен Кавказ, односно со Кимерците и нивниот сојуз со Едоните го спомнува Страбон (С 329, фр. 11), меѓутоа, останува сознанието дека се тоа локални уметнички креации во кои се изразени суштествени религиозни идеји. Нивното датирање во VII, УП и VI век пр. н.е., го дефинира постарото железно време на просторот населен со пајонска популација.
Од територијата на Аријаните познати се наодите од Горна Љубата, потоа од Перник и околината на Ќустендил во Бугарија. Од Косово потекнуваат наодите од Широко, Влаштица и Белаѓевац.24 Одделни примероци од спомнатите локалитети имаат директни аналогии со наодите од територијата на Пајонија. Кон југ, во скопско-кумановскиот регион, откриени се голем број наоди од македонски бронзи. Досега ги дадоа Градиште-Бучинци, Градиште-Бразда, Волково, Оризари кај Скопје. како и некрополата кај Катланово. Наодот од Кумановската Бања е познат уште од времето на Н. Вулиќ. Кон овој се приклучува уште еден гробен наод со интересна содржина. Во источна Македонија познати се наоди од Радање објавени од Иван Венедиков“25 (сл. 9-16).
Македонско-пајонските бронзи не се типични само за агријанскиот простор. На наоѓалиштата во Пајонија најдени се во голем број - во источна Македонија Кршлански Гумења кај Виница, а особено во јужното Повардарје: Лисичин Дол-Марвинци, Глос-Грчиште, Вардарски Рид-Гевгелија и др. Во Пелагонија се откривани на повеќе локалитети, како и во самиот Охрид, каде под Самуиловата тврдина е откриена некропола од постарото железно време и архајскиот период. На поедини локалитети во северна Грција откриен е значителен број предмети од овој вид.26 та ранохристијанска базилика, најдени се предмети типични за репертоарот на пајонските бронзи, со што се потврдува моето мислење дека Охридскиот регион во текот на постарото железно време и архајскиот периода бил населен со пајонска популација. За тоа, види: Соколовска, 1997, 23 и н., 84и н.
“8 За Дероните и Лајаите во поново време кај: Соколовска, 1990: Соколовска. 1994: Петрова, 1999, 9Зи н.
(денешен Кустендил во Бугаријаќ, додека за Дероните се смета дека го населувале источниот дел на Република Македонија, опфаќајќи го целиот тек на Брегалница.31 На некои примероци од истиот стил и со исти претстави се наоѓаат имиња EKGONOS и EUERGETES (еден примерок е најден кај Штип во Македонија.32 Нема сомнение дека се тоа имиња на локални владетели, на кои мора да им се припише деронска етничка припадност (сл. 17, г, д).
Што се однесува до датирањето на сериите монети на Дероните и Лајаите, постојат различни мислења. Постарите истражувачи како Неаԁ и Gaebler сметаат дека тие настанале во периодот од крајот на VI век до 480 год. пр. н.е. Поаѓајки од својата констатација за пајонскиот успон во регионот, Hammond ги става овие серии во време од 540-511 год. Јурукова изнесува поинакво мислење. Таа смета дека монетите на Дероните со претстава на Хермес кој држи керикеон се постари и припаѓаат на периодот околу 500-480 год.,33 додека монетите од типот трискел ги датира нешто подоцна, те. околу 475-465 год." Кога се има предвид времето во кое настанале, нивната вредност и територијата на која се издавани, се поставува прашање кои се тие племиња лоцирани далеку во заднината на Егејското Море кои ја познавале технологијата на во обработката на раудата и техниката на монетоковање. Тоа морале да бидат племиња и мајстори кои одржувале контакти со југот, од каде што е прифатена техниката на монетоковањето, а секако и претставените сцени на аверсот и реверсот. Во секој случај, одделни парчиња - наодот од Садовик, како и оставата од Врање зборуваат дека нивната употреба, како и концентрацијата се врзуваат за простор кој во архајскиот период (како и пред и потоа) го населувале Агријаните.
Концентрација на дамастионски монети
Во науката веќе е доста пишувано за монетите на градот Дамастион, за кој, според Страбон (VII, 7, 8; VIII, 6, 16) се знае дека е основан во Илирија од колонисти - бегалци од Егина и Менде во 423 год. пр. н.е. Дамастион ковал сребрени монети34 во периодот од околу 420-320 год. Во следните типови и вредности:
Тетрадрахми: ав. Глава на Аполон со ловоров венец на л.; РВ. Троножац во вдлабнат квадрат и натпис AAMAXTINON.
Арахми: ав. Женска глава ; РВ, AAMAZTINON и слитак.
Тетроболи: ав. Глава на Аполон со ловоров венец. рр. AAMAXTINON, троножац и пиук.
Во недостиг на попрецизни информации поставувано ¢ прашањето за убикацијата на Дамастион и неговите рудници на сребро. Уште во далечните 30-ти години на XX век J. М. Е. Мау во своето извонредно дело меѓу првите истражувачи забележал дека концентрацијата на дамастионските монети е најголема во скопско-кумановскиот регион и на Косово, а Скопје го означил како жариште од каде се ширеле патиштата во дисперзијата на дамастионските монети. Притоа, востановено е дека на овие простори се наоѓани примероци од мала вредност кои биле во современа употреба како платежно сретство.
Како поединечни примероци монети на Дамастион најдени се во Прилеп, Скопје, село Кучевиште кај Скопје, Куманово и Кумановска Бања, во регионот на Кратово, кај Врање, потоа познатата остава од Јањево на Косово. Извесни парчиња најдени се во Призрен, Ѓаковица, на Широко и во Пеќ, во Приштина, Косовска Митровица, во Режанци на исток кон бугарската граница. Оставата од Кутина кај Лесковац откриена 1923 год. содржела околу 100 парчиња од кои два примероци доспеале во Народниот музеј во Белград и 12 примероци во Виена?35
Судејќи според одделни примероци, ковницата во Дамастион ја користеле градовите ΠΕΛΛΑΓΙΑ, ΣΑΡΝΟΑ (Сл. 22) и ΔΑΠΑΡΡΙΑ. Тоа се помали серии монети. Еден тетрабол на Пелагија најден е кај Скопје.(сл. 19a) На Градиште-Градец најдена е монета на Пелагија (сл. 196). Во Кршевица е најден примерок на Пелагија (сл. 198) Една монета на Пелагија најдена е во долината на реката Ибар.36 Една тетрадрахма на Дапарија најдена е во Македонија (сл. 20). Оставата од Кутина содржела еден примерок тетрадрахма на 21 МОМО“, (сл. 21), кој, како и NIKAPHOSY, можат да бидат имиња на локални владетели.
Овие податоци, веке сами по себе наметнуваат заклучок дека дамастионските монети биле во употреба во скопско-кумановскиот регион, на Косово и во областа на јужна Морава, околност која своевремено, покрај другите аргументи, ме наведе на заклучок дека овие простори ги населувало племе кое се наоѓало на високо цивилизациско ниво, кое упечатливо се разликува од културните појави на северните региони. Тоа можеле да бидат само Агријаните.
Увоз и неговите карактеристики
По студиозното излагање на резултатите од ископувањата на Карагач, Драгослав Срејовиќ заклучува дека областа на Косово, регионот на јужна Морава и скопскиот басен во времето од VII до IV век пр. н.е. претставуваат една културна целина. За ова време се врзува појавата на фортифицирани населби, појава на сива локална керамика со грчки формиа, појава на увезена керамика од атички тип во стил на црвени фигури. Покрај Карагач, како што забележал Срејовиќ, овие манифестации се присутни на Гадимље, Широко и Церница, потоа на Кале-Кршевица кај Врање. Ораовица кај Прешево, во Липково и Пелинце кај Куманово, а во Скопскиот Басен на Градиште-Бразда, Кале, Нерези, Студеничани.37
Растко Васиќ, од своја страна, овој простор го определува како една културна група која на запад се граничи со Гласиначката културна група, а на исток со Цепинската културна група, вклучувајќи го Скопско-кумановскиот Басен. Покрај претходно спомнантите локалитети, во оваа група вклучени се Белаќевац, Горње Гадимље, Јањево, Маѓедонци, Горња Љубата и др.38
Овис констатации на нашите еминентни археолози се сложуваат наполно со просторот кој го имаме дефинирано како агријански. Од крајот на У век и во текот на ГУ век пр. н.е., кога на овие простори започнуваат влијанијата од југ, археолошките ископувања покажаа висок степен на хеленизација. На исток, во пернишко-радомирскиот регион, како што спомнавме порано, доминирала утврдената населба Кракра кај Перник. Архитектонските објекти - бедеми и други, го одразуваат силното медитеранско влијание. Изградени се од прецизно делкани блокови во техника на барботин и анатироза (сл. 5). Истата техника се среќава на неодамна откриената владетелска гробница на Градиште во село Бразда кај Скопје (сл. 6), како и на познатата гробница во Тетово“39 (сл. 7).
Увозот на керамиката во стил на црвени фигури на црна основа е се поброен и поизразен. Се добива впечаток дека примероците од Олинт, а веројатно и од други производни центри на северна Егеја се бројни, макар што производите на атичките работилници се јавуваат во значителен број.41 Репертоарот на формите е воедначен. Застапени се најчесто скифоси, Св. Валентин кантароси во постари варијанти, потоа хидрии, ихтии, калемасти пиксиди, ехинус панички и ар. (сл. 23). Тоа е керамика која се среќава на многу локалитети надвор од Атика, но со многу добар квалитет. Од керамичките предмети треба да се спомнат теговит, во најчеста пирамидална форма со втиснати печати од Ораовица какви се наоѓани на Исар-Марвинци во голем број"! (ел. 24). За друг вид увоз веќе е пишувано. Да спомнеме само стелата од Скопско Кале, сребрените фибули од Жданец кај Скопје (сл. 25) накитот од Катланово и др.42
Металургија
Ископувањата на локалитетот Исар-Марвинци, недалеку од Валандово, дадоа повеќе примероци камени блокови со необикновена форма, изработени од тврд камен од вулканско потекло.43 Дотогаш непознати на нашите локалитети, овие блокови го привлекоа нашето внимание. Се воспостави дека соодветни примероци се наоѓани на Тасос, во Олинт и на други локалитети во Грција, каде се потврдени како дробилки за руда користени уште во претхеленистичкиот период. Во меѓувреме. се воспостави дека исти камени дробилки се наоѓани на повеќе локалитети во Македонија. Почнувајќи со Вардарски Рид (Гортинија) кај Гевгелија, па преку Исар-Марвинци (Добер) кај Валандово, Градиште и други локалитети кај Неготино на Вардар (Антигонеја), потоа на Градиште-Бразда кај Скопје, на локалитети во околината на Штип, на север до Кале-Кршевица кај Врање во Србија, на сите населби откриени се бројни соодветни направи за дробење на руда (сл. 26).
Се работи за направи по правило изработени од сив камен-андезит. Тоа се правоаголни блокови со рамно дно со косо обликуван реципиент и издолжен процеп на дното. На спротивните страни се наоѓаат жлебови каде биле вглавени метални шипки кои служеле како цврста потпора на толчниците со кои рудата е дробена. Сите досега познати дробилки имаат иста форма и приближно иста големина - 30 x 40 cm. Нивното мноштво на спомнатите локалитети е без сомнение потврда за развиената металургија и ист технолошки процес применуван на овие простори, што е резултат на контактите со југот.
На Исар-Марвинци дробилките за руда откривани се во шутот од срушените доцноантички бедеми, како и во хеленистичките слоеви, со што нивното попрецизно датирање е оневозможено. За време на сондажните ископувања на Градиште-Бразда кај Скопје е откриена една дробилка за руда во внатрешноста на еден објект, сигурно датиран во раноантичкото време. Наодите од Кале-Кршевица ја потврдуваат нивната употреба во раноантичкото време.
Монетите на Пелагија, Дапарија и Сарноа, за кои се знае дека се исковани во ковницата на Дамастион, како што и самиот не многу оддалечен од Дамастион основан на илирска територија, како и архајските монети на Дероните и Лајаите, ги потврдуваат податоците од изворите каде се вели дека Пајонија во антиката била позната по рудници на сребро и злато. Тоа се и денес добро познатите богати лежишта на оловно-сребрена руда на планинските ревири на Осогово, Козјак, како и Копаоник на Косово. Рударството претставувало поткрепа за економскиот развој на агријанскиот простор. И. Микулчиќ со право смета дека Пелагија, Сарноа и Дапарија се основани од хеленски колонисти заради експлоатација на сребрените рудни лежишта и дека нивниот просперитет е резултат на користењето на рудата и развијената металургија.44 Еден топилничарски центар се наоѓал во градот на Градиште-Бразда код Скопје“45
Карактеристики на локалната керамика
Како маркантна одлика на локалитетите од постарото железно време, од. 7. и 6. век пр. н.е. на просторот на Агријаните се јавува локално изработената керамика со определени форми и своевидна усталена и препознатлива декорација. Се работи најчесто за пехари со две дршки или крчази со една рачка која го надвишува венец на садот. Изработени се рачно од недоволно пречистена глина. Декорацијата која ги следи се состои од триаголници ромбови исполнети со шрафирање поставени во една низа која хоризонтално го обвиткува најширокиот дел од меот на садот. Како дополнување на орнаментот се користи радла или низови од убоди.
Оваа керамика откривана е во тумулите во Прчево, во Ромаја и на Широко кај Сува Река (сл. 27а-ѓ) на Косово.46 Во источна Македонија откриена е на локалитетите Горно Поле и Орлови Чуки кај Караорман. (ел. е, ж) Највпечатливи аналогии потекнуваат од Криви Дол-Радање кај Штип (сл. 3, к), каде што е откриена во рамките на гробовите со наоди на македонскопајонски бронзи.47 На локалитетите на пајонскиот простор (Кршла, Коколов Рид кај Виница (сл. 27и), Марта Зовик кај Прилепќ, датирана во VII и VI век пр. н.е., керамиката е исклич ително украсувана со триаголници како основен и единствен декоративен елемент.
Се добива впечаток дека на оваа керамика И била пример керамиката од локалитетите во долното Повардарје, откривана исклучиво на некрополите. Тоа е керамика работена од фина окераста глина, со мат сликани орнаменти во форма на издолжени триаголници. овој пат изведени со темна боја. Керамичките садови на агријанскиот простор се знатно попримитивни по фактура и прецизност во изработката, но, останува впечатокот дека како пример И била керамиката од јужното Повардарје, која, од своја страна, во литературата е нарекувана како родско-јонска.
Следната, според хронолошкиот редослед, е керамиката која припаѓа на раноантичкиот период. Веќе одамна е вооочено дека на северните простори од Република Македонија, во скопско-кумановскиот регион, потоа на утврдените населби на Косово и Врањско-прешевската Котлина е изработувана керамика на која и била пример грчката керамика со своите форми. Работена е на витло во сива добро пречистена глина, со мазна површина. Од формите најчести се: хридрии, скифоси, кантароси, панички и други садови за секидневна употреба“48 (сл. 28 а, б). Сите форми кои потекнуваат од разни локалитети се подудараат меѓусебно до таа мера што се добива впечаток дека во поразвиените населби постоеле работилници кои производеле роба во големи количини од каде се снабдувале околните населби. Откривана е во поголеми населби, како што се Градиште-Кнежје (каде се претпоставува дека се наоѓала Билазора) и Градиште-Бразда во големи количини.
Погребување
Погребниот ритуал кој ги следи погребувањата е еден од важните елементи кои ја определуваат етничката припадност на поедини популации. Со други зборови, кога се зборува за единство на материјалната култура на одделни простори, треба да се осврнеме на начинот на погребувањето практикуван во одредени епохи. На вака големиот простор што го имаме припишано на Агријаните и временското раздобје на нивната егзистенција, а покрај тоа, во ситуација на недоволна истраженост на теренот, илузорно би било да се очекуваат воедначени појави во погребувањата на сите делови од нивната територија. Притоа, треба да се има предвид дека во текот на долгиот временски период можеле да настанат изместувања на популациите како последица на ширењето или губењето на простори, како и влијанијата на популациите кои во меѓувреме пристигнувале и извесно време се задржавуле во поедини региони. Во случајот на нашите Агријани се насетуваат извесни моменти кои се вклопуваат во општата слика за нивното присуство на овие простори.
Ако ги оставиме на страна добро документираните рамни некрополи со урни од типот Доња Брњица-Горња Стражава и Клучка-Хиподром кај Скопје кои припаѓаат на ХІІІ-Х1 век пр. н.е., чии носители се народите од север (Дорци?), следниот временски термин за кој имаме јасни информации за погребувањата е периодот на постарото железно време. Тоа е веќе време чии некрополи можеме да ги припишеме на Агријаните. Тука спаѓаат, како највпечатливи, некрополите кај Прчево-Бока, Ромаја, Горње Гадимље, Влаштица, Караорман, Криви Дол-Радање, Волково кај Скопје. а секако и други за кои немаме доволно податоци.49 Во прашање се хумки кои формираат гробна конструкција во рамките на тумули. Во Волково веќе се присутни цисти со инхумирани покојници, кои како нова гробна архитектура продираат од југ, каде што, намерно во јужното Повардарје се јавуваат масовно, заменувајќи ја постарата фаза на камени хумки каде што покојниците биле полагани директно во земја.50 Сосема ретка, но сепак присутна е појавата на погребување во питоси. Еден таков случај откриен е во Скопје кај с. Средно Нерези на локалитетот Круша.51 Гробниот наод - салталеони, масивни гривни со префрлени краеви, припаѓаат на постарите форми на накитот од овој вид, чиви најблиски аналогии се откриени на локалитетите во Бразда, Волково и Бучинци кај Скопје, а потоа на Сува Река и Влаштица на Косово. Наодите го датираат ова погребување до средината на VII век пр. не. Во секој случај тоа покажува влијание од југ како и врските со долното Повардарје. каде погребувањата во питоси се позната појава.
Гробните прилози кои го следат овој период се состојат од метални предмети на т.н. македонско-пајонски бронзи. Карактеристиките на локалните керамички садови се наведени во поглавјето на локалната керамика.
Додека за периодот на VII и VI век пр. н.е. јасно се издвоуваат истоветни типови на гробови, како и гробниот инвентар за раноантичкиот период ситуацијата е нешто посложена. Пред се, недостасуваат информации од ископувања. За погребувањата во овој период може да се суди според поединечни случаи. На локалитетот Жданец кај Скопје е откриен гроб од типот циста со инересна содржина: 8 сребрени фибули, чунести наушници украсени со гранули, сребрена тоалетна кутија и железен меч. Гробниот наод припаѓа на крајот на или почетокот на IV век пр. н.е“52 (ел. 25). Кај Катлановска Бања се откриени гробови формирани од камени плочи во типот циста. И тука се најдени типични предмети - фибули, чунести обетки, огрлица од стаклена паста, прстени, а од керамика еден амфориск и еден лекит арибалос. Гробот е датиран во крајот на V век, односно почетокот на IV век пр. н.е.53 Тоа е токму време кога нашите утврдени градишта добиваат своја физиономија каква што ќе се задржи до крајот на животот на нив.
Заклучок
Од досега анализираните карактеристики на материјалната култура која се јавува на просторот на Агријаните се наметнуваат следните констатации:
Агријаните припаѓаат на античките народи кои имале свои постојани населби со одбрана локација и добро смислен и востановен план. Нивните утврдени населби, градини или градишта, ги карактеризира ист тип и положба со истоветни елементи кои ги следат начинот, односно системот на фортифицирање - бедеми во сувозид, одбранбен ров и заштитен тумул, тангенцијален влез во градината.
Сите градини-градишта, независно од времето кога настанале, најголем подем достигнале во раноантичкото време, кога материјалната култура потпаѓа под сестрано хеленско влијание. Тоа значи дека контактите со југот во тоа време се директни и интензивни. Тоа се случува на целиот простор кој го населувале Агријаните уште од постарото железно време, чии граници можат приближно да се определат: од Грделичката Клисура на север до Скопската Котлина на југ, од Перники Ќустендил на исток, до Прекорупје, висорамнината која го дели Косово Полье од Метохија на запад. Материјалните остатоци покажуваат дека Прчево-Бока, Ромаја и Хисар биле населени со агријанска популација.
Територијата која ја имаме дефинирано како агријанска, во текот на УП, УП и VI век пр. н.е. ја поврзуваат наоди на македонско-пајонски бронзи (афионови чашки, минијатурни бокали, приврзоци во форма на птици и др. се откривани исклучиво како гробен инвентар, што зборува за единство на духовните сфаќања на популацијата која го населувала овој простор.
На просторот од Агријаните кон крајот на VI и почетокот на У век пр. н.е. во промет биле монетите на Дероните и Лајаите наоѓани во депоа. Наодот од Величково кај Пазарџик, кој веќе припаѓа на Тракија треба да се сфати како остава какви што деловните луѓе имале како свој капитал, на ист начин какви што се оставите на дамастионските монети од Рисан и Кутина кај Лесковац. Прашањето за лоцирањето на нивната ковница останува отворено, макар што злетовско-кратовските рудоносни ревири можат да се сметаат како најверојатни.
На територијата од Агријаните во текот на IV век пр. н.е. во промет биле монетите на Дамастион во мали номинали, макар што ни оставите не се за занемарување.
Горенаведените наоди се резултат од присуството на среброносните ревири со кои Пајонија била позната на античките писатели. Затоа на овие простори се ковани монетите на Дероните и Лајаите. Богатството на сребрената руда ги привлекло хеленските колонисти да се оддалечат од егејското крајбрежје и населат далеку во внатрешноста на Балканот. Заради тоа тука се основани рударските населби: Пелагија, Сарноа, Дапарија, Дарадо, како и соседниот Дамастион на илирска, односно аутаријатска територија. Мошне впечатлив, повеќепати нагласен во археолошката наука, е фактот дека на овие простори животот на сите населби е прекинат насилно и во исто време, што зборува дека во тоа време се одиграл крупен историски настан кој довел до крај на сестраниот подем на еден народ населен на широк простор. Материјалните остатоци на теренот се сложуваат со историските податоци: настаните што се одиграле малку пред или по инвазијата на Келтите од 280/79 год. доведе до потполн крај на животот на сите населби. Тогаш престанале сите контакти со југот. Ковницата на Дамастион која се наоѓала на аутаријатска територија (на Копаоник, претпоставениот тип. D. D.) прекинала со работа. Во исто време престанале да издаваат свои монети агријанските градови Пелагија, Сарноа, Дарадо и Дапарија, кои ја користеле дамастионската ковница. Тоа се промени кои настанале со дарданските освојувања на територијата која до тогаш припаѓала на Агријаните.
Како последица на тоа, на овие простори наполно недостасува археолошки материал кој припаѓа на хеленистичкто време, што зборува за потполниот прекин на врските со југот и едно драстично осиромашување, за разлика од територијата на Пајонија, каде во времето на хеленизмот настанува повторно економско издигнување и расцут на културата по извесната стагнација предизвикана со упадот на Келтите.
Со освојувањето на овие простори од страна на Дарданците керамиката со хеленските форми, која доминираше на сите градини на територијата населена со Агријани во текот на раната антика, сега наполно отсуствуваа, увозот исто така. Сите врски со југот се прекинати, што наведува на заклучок дека просторот освоен од Дарданците веќе не се наоѓал под хеленско влијание.54
Целиот агријански простор со сите карактеристики на материјалната култура од постарото железно време и раната антика што ги наведовме, пред да биде освоен од Дарданците, се разликува впечатливо од северните региони, што зборува за етничкото единство на популацијата во културна и духовна смисла.
Сега станува јасно дека материјалната култура припишувана на Дарданците во постарото железно време и раната антика, всушност припаѓа на Агријаните. Граничниот појас кој ги разделува/дели Дарданците на запад од Агријаните на исток го сочинуваат Дреница, Црнојева, Језерска Планина и Жар. Со други зборови, висорамнината Прекорупље која географски го дели Косово55 од Метохија претставувала граница меѓу Агријаните на исток и Дарданците на запад, со тоа што населбите кај Сува Река: Широко, Хисар и Дубичек припаѓале на Агријаните. Тоа во потполност се поклопува со изречената констатација дека „територијата на која се простира културата Kyxc, Чинамак, Круме во текот на VI-V век пр. н.е. оди по линијата од Жљеб и Мокра Гора преку Метохија и Подримље кон Скадарското Езеро. Таа се разликува од културата која истовремено се развива на останатиот дел на Косово. На оваа констатација ние само би додале дека тоа е култура на Дарданците, за разлика од културната појава на исток, која драстично се разликува од претходната, а која им припаѓа на пајонските Агријани.56 Како што е повеќепати истакнато, од својата матична територија, Проклетије Мошне интересни забелешки во врска со проблемот на кнежевските гробови на среднобалканскиот простор има искажано пред десетина години А. Палавестра. Со оглед на тоа што неговите констатации се совпаѓаат со моето мислење, ќе ги цитирам неговите заклучоци: „Узимајући у обзир сточарски карактер палеобалканског становништва и изразиту геоморфолошку погодност подручја за трансхумантно и номадско сточарство“ - како он каже – „ако се кнежевски гробови могу сматрати хипотетичним, симболичним, центрима територија, шематски се граница тих територија могу донекле сагледати путем познатих ‛Тисенових‘ полигона. …Територија кнежевског гроба из Новог Пазара, захватала је Голију, Рогозну, Копаоник, Новопазарску котлину - једину низију у региону - као и клисуре Ибра, Рашке и Дежеве. Област коју је контролисала" Пеќа Бања, простирала се на источне обронке Проклетија, планина Русулију и Мокру гору, Руговску клисуру и северни део Метохије“. Види, Палавестра, 1995, 50.
На ова место можеби треба да се спомнат размислувањата на истражувачите на Врањско-прешевската Котлина кои уште во тоа време својот труд го завршила со зборовите: „Само по себи Hamehe се питање од када је Ораовица дарданска. За сада, по свему ономе што знамо, можемо сматрати да се ако не гвозденодобна, а оно сигурно хеленистичка Ораовица може поуздано приписати Дарданцима.... Међутим, археолошки се овај процес, за сада, не може пратити. Још увек су нам недоволно познате карактеристике Дарданска материјалне културе“. Vukmanovié - Popovic, 1982. 207.
7 Види заб. 21. Судејќи според керамиката со карактеристичните "5“ орнаменти и други одлики кои се припишуваат на Трибалите, може да се заклучи дека во текот на 8. век е дојдено до продор на Трибалите на просторот на Агријаните. Тешко е да се каже до кога нивното присуство траело.
Во текот на постарото железно време и раноантичкиот период на овие простори суверено владеат Агријаните со сите карактеристики на културата кои ги наведовме. Нивната граница претставувала Грделичка Клисура, на исток ја опфаќале територијата на Кустендил и Перник, на југ Скопско-Кумановската котлина и тетовско-гостиварскиот полоки регион. Кон запад се простирале до Прекорупље, опфаќајќи го регионот на Сува Река.
Присуството на Бригите на просторите од Агријаните, на кои им се припишуваат тумулите како посебна форма на погребување, потврдено е на повеќе локалитети. На нашите простори оваа појава се одиграла во моментот на распаѓањето на родовското општество, чија манифестација се токму родовските тумули со централен гроб. Оваа појава што ја познаваме уште од времето на Круг А и Круг Б во Микена е зачувана на просторите од Пајонија и Агријанија на повеќе локалитети и по одењето на Бригите од Балканот и нивното населување во Мала Азија - Фригија. Податоци за бригиските енклави на Балканот се зачувани кај Херодот (VI, 45) и Страбон (УП, 7, 8), а се однесуваат на времето на персиските освојувања на Балканот и подоцна.
Историските моменти поврзани за Агријаните не беа предмет на овој труд. Би спомнала само дека територијата на Агријаните, според мојата констатација, била приклучена кон Пајонија за време на славниот владетел Басилеус Аудолеон, така што по неговата смрт Дарданците освојуваат дел од агријанската територија која веќе била во состав на Пајонија. Во меѓувреме, источните делови на Агријанија ги заземаат тракиските Дентелети, кои, како И Медите во тоа време се шират од тракиската територија кон запад, освојувајќи ги најисточните територии на Пајонија и Агријанија.
Податоците за Скордисците кои поминувала по моравско-вардарската магистрала при нивните упади во Македонија и Грција и повремено се задржавале на веќе постоечките населби потврдени се со наодите од Кале-Кршевица.
Новите сознанија до кои имаме дојдено, а кои се однесуваат на материјалната култура на разгледуваните простори и нивната етничка атрибуција, драстично се разликуваат од мислењата која владееја и cè уште владеат во археолошката наука. Навистина, тие постепено продираат во свеста на истражувачите кои се бават со среднобалканскиот простор во | милениум пр. н.е. Сепак, ќе биде потребно многу време за да овие гледишта бидат сфатени и прифатени. Дотогаш, се надевам, ќе дојде до нови откритија кои ќе ги дополнат и потврдат
Сл. 12. Бронзани приврзоци во форма на двојна латинска буква У. а) Широко кај Сува Река. 7-6 век пр.н.е. (Каталог 1998, 175) 6) Кршлански Гумења, Виница в) Крива Паланка Ваквите привезоци се многу честа појава на некрополите од постарото железно време во Пајонија.
Сл. 18. Тетрадрахма на Дамастион од оставата од Кугина. Според May припаѓа на Ш група. May, 1939, РІ. 1, 10. Сл. 19. a) Тетрабол на градот Пелагија. најден во Скопје. На аверсот е прикажана женска глава со коса собрана во мрежа, на реверсот е слитак и нож. (May, 1939, РІ. LX 9). 0) Монета на Дамастион прекована во Пелагија, најдена на Градиште-Градец. На аверсот е глава на Аполон и да(М?). На реверсот троножац, нож и полумесец и натпис пела (Соколовска, 1990, 29, Сл. 20). в) Монета на Пелагија најдена на Кале-Кршевица. На аверсот е прикажана машка глава са ловоров венец. На реверсот троножац, полумесец и нож. Драхма. (Popovic, 2005b, Plate V, 5) Одговара на May, 1939. Сл. 20. Тетрадрахма на градот Дапарија, најдена во Македонија. На аверсот е прикажана глава на Аполон овенчана со ловоров венец, а на реверсот е троножац и натпис ААТІАРРІА. (May 1939, РІ. [X, 1) Сл. 21. Тетрадрахма на Симонос најдена во оставата од Кутина. На аверсот с овенчана глава на Аполон, на реверсот троножац и натпис ΣΙΜΟΝΟΣ. (May 1939, 189). Сл. 22. Монета на градот Сарноа. На аверсот е овенчана глава на Аполон, на реверсот троножац, нож и полумесец и натпис TDAPNOATON. (May 1939, 195)
VIKTORIJA SOKOLOVSKA
Museum of Macedonia - Skopje
CHARACTERISTICS OF THE MATERIAL CULTURE
OF THE AGRIANES
Белешки
- Тоа не е случај само со Агријаните. Ни за Пајонците, како ни за другите народи на Балканот, античките извори не даваат пооширни податоци, особено кога е во прашање нивната територија. ↩
- Упатувам на моите трудови за Агријаните: Соколовска, 1990: Иста. 1992; иста, 1996, 13 и н.; иста, 2003, 27 и н.; иста, 2005, 107 и н. За настаните во кои Агријаните учествувале, види: Папазоглу, 1969, 25, 30, 38, 48, 50, 75, 79-81, 221. ↩
- Herod. IV, 49 вели дека реката Ангрос која извира од илирска земја се влева во Трибалската рамница во реката Бронгос, а Бронгос во Истар и дека е одалечена 15 дана одење од Агријаните; Thuk. II, 96, кога зборува за походот на тракискиот крал Ситалк на Македонија во 429 год. пре Н.е., вели дека во тоа време неговото царство се простирало на запад до Агријаните и Лајаите, од каде почнувала земјата на независните Пајонци; Str. VII, frg. 36, изричито вели дека не само Стримон, туку и Аксиос извира од областа на Агријаните: Arr. Anab. I, 5. зборува за враќањето на Александар Македонски од походот на Трибалите од Дунав во 335 год. кога поминува преку земјата на Агријаните и Пајонците, кога Лангар го известил дека Аутаријатите се подготвуваат да го нападнат на поминување. За ова и за други податоци од изворите на кои се повикувам, поопширно во мојот труд, Соколовска 1990, 17 и н.; исто и 2003, ЗГи н. ↩
- Види ги моите трудови во заб. 2; Според Тукидид. Агријаните своевремено се лоцирани околу горниот тек на реката Струма. Комбинирајки ги податоците со археолошките наоди установив дека тие опфаќале значително поголем простор од што е до тогаш сметано. Е. Петрова, (Петрова, 1999, Карта 1) го прифаќа моето лоцирање, со тоа што за Косово смета дека припаѓа на Дарданците. ↩
- Сите локалитети регистрирани се во: Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, Скопје 1996. Види и: Микулчиќ, 1999, 113 и н.; Пашиќ, 1976, 145 и н. ↩
- Vukmanović - Popović, 1982, 189 и н. ↩
- Микулчиќ - Јовановиќ, 1968, 355 и н. ↩
- Поповиќ, 2005, 25 и н.; истиот, 20056, 141 и н. ↩
- Каталог 1998, 545, 540, 561 и 565 со цитираната изворна литература. ↩
- Локалитетот Градиште-Пелинце откриен е за време на рекогносцирањето во 1964 год.. објавен како праисториско наоѓалиште, Соколовска, 1966. 104: Георгиевски. 1993, 51 и н. ↩
- Георгиев, 1990-1991, 91 и н. ↩
- Види заб. 6. ↩
- Види заб. 9. ↩
- Георгиев, 1992, 105 и н. ↩
- Трајковска, 1999, 47 и н. ↩
- Gergova, 1995, 31 и н. ↩
- Каталог 1998 |. 122: Поповиќ. 2005a, 28. наоѓал во близина на Скопје. Според тоа, Пелагија не била далеку. Што се однесува до Дапарија, Мау (Мау 1939, 168) заклучува дека се наоѓала во областа каде било доминантно дамастионското монетоковање. ↩
- Popovié, 2005b, Fig. 18, 27; Јеремиќ, 2005, 229 и н., сл. 23, 24, 28. ↩
- Микулчиќ, 1982, 20; Соколовска, 1990, 21 и н. ↩
- Годината 84 пр. н.е., кога Корнелије Сципион Азијаген им задал конечен удар на Скордисците, се смета како дата кога е напуштено келтското упориште на Кале-Кршевица. Тоа е констатација на истражувачите на Кршевица, со што се потврдени историските податоци. Види, Поповиќ, 2005а, 46. та ранохристијанска базилика, најдени се предмети типични за репертоарот на пајонските бронзи, со што се потврдува моето мислење дека Охридскиот регион во текот на постарото железно време и архајскиот периода бил населен со пајонска популација. За тоа, види: Соколовска, 1997, 23 и н., 84 и н. ↩
- Во оваа прилика ги споменувам: Bouzek, 1974; Killian-Dirlmeir, 1979. ↩
- Пашиќ, 1983; Митревски, 1988. ↩
- Каталог 1998, 155-1159 од Влаштица; исто 165 од Карагач: исто 168-178 од локалитетот Широко, со цитираната изворна литература. ↩
- За македонските бронзи од Македонија постоји обемна стручна литература. Во оваа прилика ги наведувам трудовите кои се однесуваат на наодите од територијата на Агријаните: Вулиќ. 1948, 221: Венедиков, 1948, Обр. 60-67; Гарашанин, Гарашанин, 1958-1959, сл. 67-68; Кораќевиќ, 1977, 57 и н., но. 3, 4; Пашиќ,1978, 59 и н.; Георгиев, 1978, 69-80. Крстевски - Соколовска, 2005, 65-87. ↩
- Пашиќ, 1977, 43 и н.; Видески, 91 и н. Во самиот Охрид, на локалитетот Плаошник, како и на просторот под Самуиловата тврдина, откриена е некропола од постарото железно време и архајскиот период (каде меѓу останатите наоди е откриена златна погребна маска слична на требенишките). На Плаошник, под мозаичниот под на голема- ↩
- Svoronos, 1979; Head, 1911, 9.199; Gaebler, 1935, 55. ↩
- За Дероните и Лајаите во поново време кај: Соколовска, 1990; Соколовска, 1994; Петрова, 1999, 93 и н. ↩
- Поповиќ, 2005a, 49. ↩
- Svoronos, 1979, Pl I, 1-16 и Pl. II, 1-24. ↩
- За лоцирањето на Дероните во источните делови на Република Македонија, опфаќајки го текот на реката Брегалница, античкиот Астибос, види кај: Соколовска, 1990, Карта 1; исто кај: Петрова, 1999, Карта П. ↩
- Svoronos, 1979, 9 и н., но. 18 најден во Штип, Pl. II, 5; 12 и н., но. 20. 18, најден во Штип, Pl. II, 7; Исто кај Соколовска,1990, сл. 5 и 6. ↩
- Gaebler, 1935, 55; Hammond, II, 85; Јурукова, 1989, 5. Не впуштајќи се во попрецизно датирање на монетите на Дероните и Лајаите, сакам само да спомнам дека монетите на Дероните и Лајаите во поглед на стилот драстично се разликуваат од монетите на Александар I. Кај првите очигледен е архајскиот стил. ↩
- J. M. E. May, Coinage of Damastion, London 1939, ↩
- Покрај Мау, преглед на сите наоди на дамастионските монети има дадено Ујес, Ромиќ, 1996, 11, 77 и н. ↩
- May, 1939, 169 и н.; 195 и н. 164 и н. Види и мојот труд, Соколовска 1990, 9 и н. Наодите на дамастионските монети, покрај други моменти, упатуваа на заклучок дека тие монети ги користеле племиња кои се наоѓале на повисоко цивилизациско ниво. Во исто време, сфатив дека Дамастион, каде тие монети биле исковани, морало да се наоѓа во близина. Тогаш увидов дека градот се крие во остатоците на населбата кај Сочаница каде се откриени три епиграфски споменици со скратено име на градот, одн. муницпиумот: ТИП. D. D., во кое гледам Municipium Damastion Dardanorum. Види исто така мојот труд: Соколовска 2005, 6ди н. ↩
- Srejović, 1973, 62 и н. ↩
- Vasić, 1987, 673 и н. ↩
- Види заб. 18. ↩
- Крстиќ, 2005, 191 и н. T. I-VI; За увозот во скопско-кумановскиот регион. види: Раѕі¢, 1976, T 11 И: Микулчиќ, 1982, 20; Ископувањата на Костопелската Карпа кај с. Нагоричино кај Куманово, дадоа квалитетни примероци на грчка сликана керамика во стил на црвени фигури. како и мноштво на сива локална керамика со хеленски форми. ↩
- Vukmanović - Popović, 1982, T. V, Сл. 3-6. Соколовска, 1986, T.36; T. 76, 1-9. Голем број тегови во форма на пирамида и астрагали откриен е на Кале-Кршевица, некои со втисната печати. види: Popović, 2008, 309 и н. Plate I-V. ↩
- За имортот во Скопскиот регион: Соколовска. 1986. 38 и н. 35, Сл. 5, 1-10 и Сл. 6, 1-11.: види и заб. 5| и 52. ↩
- Соколовска, 1986, 90, T. 38, 5-7. ↩
- Микулчиќ, 1999, 114. ↩
- Колиштрковска Настева, 1995, 23 и н. ↩
- е Каталог 1998, но. 183-185 од локалитетот Широко; исто, Каталог но. 189-194 од Прчево; исто, Каталог но. 201, 202, 204 од Ромаја, со тамо цитираната литература. За керамиката и другите наоди од Широко, кај: Dasic, 1975. ↩
- Гарашанин - Гарашанин, 1958-1959, 9 и н.; Микулчиќ, 1960-61, Штип, 47 и н.: Пашиќ, 1972, 129 и н.: Напев - Јованов, 1996, 45 и н. ↩
- Соколовска, 1993, 141 и н.; Соколовска. 1986. 38. ↩
- Види заб. 9 и 47. ↩
- Митревски, 1991; Пашиќ и др., 1987, 75 и н. ↩
- Ристов, 1996, 25 и н. ↩
- Соколовска, Пашиќ 1975, 231 и н. ↩
- Ристов, 1999, 113 и н. ↩
- Само летимичен поглед на Каталогот „Археолошко благо Косова и Метохије“ покажува отсуство на материјал од полниот и доцниот хеленистички период. Освен неколку хеленистички здели од типот Мегара од најмладиот хоризонт на некрополата под хумки во Ромаја, како и одделни парчиња монети на Аполонија и Дирахион од П-! век, од крајот на IV7 век пр. н.е. до П-1 век се гледа потполн хијатус во материјалната култура. ↩
- Shukriu-Hoti, 1979, според, Тасиќ, Налазишта гвозденог доба. Каталог 1998, 160. ↩
- е Имајќи ги предвид информациите од античките извори, истраживачите на Ромаја искажале мислење дека покојниците погребани под тумулите во Ромаја не биле Дарданци. Согледувајќи ја разликата меѓу3 културата на Метохија и онаа на Косово, која според нив припаѓа на Дарданците, стојат на мислење дека жителите на Ромаја били Аутаријати. Од моја гледна тачка на овој проблем сметам дека Аутаријатите, независно од времето на нивното поместување кон исток, секогаш се наоѓале северно од линијата Рогозна-Копаоник, вклучувајќи го Тип. D. D. Кога во 310 год. пр. н.е. тие вршат притисок врз Пајонија заради природните непогоди што им се случиле. тие се наоѓале некаде во лесковачкиот крај, во секој случај северно од Грделичката Клисура. нашите констатации. ↩
Summary
Characteristics of the Material Culture of the Agrianes
In my study “Pajonskoto pleme Agrijani i vrskite so Damastion, with a summary in French, (see Note 2), I tried to define the territory inhabited by the Paeonian tribe Agrianes. Their territory spread from Pernik in Bulgaria in the east to Kosovo Polje in the west, and from Grdelica Gorge in the north to Skopje and the Kumanovo region in the south. On this occasion I want to emphasise the cultural features that appear on that territory, having in mind to confirm that this culture belonged to the Paeonian tribe Agrianes. After analysis of all the available evidence, i.e., the fortification system, the presence of Macedonian-Paeonian bronzes, the finds of the coins of the Derrones, the presence of coins of Damastion, the developed metallurgy, and the presence of imported goods from the south, I came to the following conclusion.
The Agrianes belonged to the ancient people who had their permanent settlements (gradissta or gradine) with carefully chosen location and established scheme; they were built on accessible hills with the acropolis on the top, fortified with strong ramparts made of worked or partly worked stones. In addition they had defensive trenches and protected tumuli. Such gradinas are evident in the whole area in question, in the Vranje-Preschevo region (Kale-Krsevica, Kaljaja-Bustranje, Vucitrn-Samodraza, Gradina-Belacevac); on theKosovo Plain (Hisar, Siroko, Prcevo-Boka, Romaja); in the Skopje-Kumanovo region (Kale-Skopje, Gradiste-Nerezi, Kale-Varvar, Isar-Studenicani, Gradiste-Brazda, Zajcev Rid-Zlokukani, Gradiste-Pelince. Glavucica-Lipkovo); in other words, on the whole territory settled by Agrianes.
Independent of the time of their origin, (some have their beginning in the Early Bronze Age, some at the end of the Bronze Age), all of them had their climax in the Early Classical Period, in the 5th and 4th centuries B.C. when they received Hellenic influence. This conclusion is based on the presence of imported red-figured Attic pottery, loom weights, (some with stamps), jewellery, implements for grinding ore, et alia.
The space, which we defined as belonging to the Agrianes during the Early Iron Age (end of 8th, 7th and 6th centuries B.C.), is linked with the so-called “Macedonian-Paeonian bronzes” discovered as grave finds, which confirm the unity of religious beliefs and spiritual rites of the population.
Within the territory of the Agrianes at the end of the 6th and beginning of the 5th century B.C. circulated the coins of the Derrones and Laiaians, Paeonian tribes mentioned by Thucydides (II, 96). The question of their minting remains open, but the mining region of Kratovo-Zletovo should first come to mind.
On the territory attributed to the Agrianes circulated coins of Damastion. This mysterious town, mentioned by Strabo (VII, 7, 8, 326), which minted silver coins during the 4th century B.C., was situated in Illyrian territory; its location, in my opinion, was Municipium D. D. at Socanica, north of Kosovska Mitrovica.
A very impressive fact is that all settlement came to an end in the same time. It happened after the death of the Paeonian king Audoleon c. 284 B.C., or after the intrusion of Celts in 280/79 B. C. when life stopped in all the settlements on the whole territory. The archaeological material shows that all contacts with south had ceased. At that time Damastion stopped minting its coins. At the same time ended the coinage of the Agrianian towns Pelagia, Sarnoa, Daparia, and Darado, which used, as it is known, the Damastion mint. As a result of this situation, in this territory the archaeological material from the Hellenistic period is entirely lacking, especially the locally made pottery with Greek shapes, which was so abundant in the previous period.
All these changes are the results of the invasion of the Dardanians, who, from their original region (Prokletije and Mokra Gora), began their expansion to the Skopje-Kumanovo region on the south, on the north to the Valley of the Ibar River and the Kopaonik Mountain where Damastion was situated, and to the east to the South Morava region, where Kale-Krséevica was situated. During that event all the Agrianian settlements were occupied, destroyed, and never rebuilt again.
Now, it becomes clear that the culture attributed by archaeologists to the Dardanians in fact belonged to the Agrianes. The border that divided the Agrianes on the east and Dardanians on the west during the Early Iron Age (7th /6th centuries B.C.) and the Classical Period (5th-4th centuries B.C.) was Drenica, Jezerska Planina and Zar, in other words the table-land Prekoruplje which in a geographical sense divides the Plain of Kosovo from Metochia.
This conclusion is quite a new opinion in archaeological science. It completely differs from the opinion that has prevailed among investigators of the Middle Balkan region during the Ist millenium B.C. It will be necessary for more time to pass in order for this opinion to be accepted. In the meantime, I believe that new discoveries will confirm our hypotheses.