Macedoniae acta archaeologica 20 (2011) · стр. 1–34

Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура во Македонија

Содржина
  1. Неолитски населби и куќи во Република Македонија“
  2. Куќата како социјален и симболички ентитет
  3. Социјалниот аспект на колективноста во неолитските населби
  4. Орнаментирањето на архитектурата како визуелен идентитет
  5. Архитектонскиот простор и формирањето идентитети
  6. Доместикација на смртта
  7. Погребување во и околу неолитските куќи
  8. Погребување на деца
  9. Погребување на возрасни женски и машки индивидуи
  10. Фрагментирање НМ балсамирање на починатите
  11. Концептуално дефинирање на просторот за погребување
  12. Отелотворување на куќите како заклучок
  13. GOCE NAUMOV

Куќата е место во кое се концентрира и генерира нуклеусот на едно семејство, но во исто време претставува и центар преку кого се манифестира идентитетот на домаќинството. Таа определува конкретен простор кој е заграден, т.е. оbѕидан и покриен, на тој начин издвојувајќи го животот на куќната заедница од околната средина. Ваквата, пред се, практична традиција, воведува нови механизми кои овозможуваат развивање на локалните специфики и нивно промовирање во рамките на заедницата. Секојдневните домашни активности (спиење, готвење, јадење, произведување. ритуално однесување НТН.) се испреплетуваат со колективните норми, при што И овозможуваат на куќата да се афирмира како средиште во кое се дефинираат бројни вредности, тенденции и принципи. Затоа, во неа и околу неа се одвиваат мноштво социјални и симболички процеси кои ја определуваат куќата како комплексна целина каде што се создаваат, развиваат и одржуваат суштинските елементи за егзистирање и афирмирање на семејствата кои живеат во нив.

До неодамна, во историјата на археологијата, куќите се разгледуваа како статични форми, кои, главно, беа третирани преку нивните технички аспекти: позицијата, квантитетот, материјалите за изградба и состојбата на зачуваност. Иако неопходни за елементарно проучување на куќите, овие карактеристики не беа доволни за вистинско разбирање на нивните функции и следење на активностите во рамки на домаќинствата и заедниците. Затоа, во последните неколку децении се сугерираше дека куќата во неолитот треба да се перципира како органска целина, која во себе ги соединува сите можни форми на егзистенцијално и општествено делување.1 На тој начин, третирајќи ја куќата како живо активно тело, полесно би можеле да се разберат моделите на нејзиното функционирање и значењата кои и се придодавале од страна на неолитските заедници. Во таа смисла, лесно би се воочило нејзиното економско и социјално ангажирање, преку формите на договорени норми и производството?2 или, пак, нејзиното симболичко дефинирање како ритуален простор.3 Г. Наумов, Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура...

Ваквото „очовечено“ осмислување на куќата во археолошкото истражување, всушност и не е многу далеку од начинот на кој луѓето во неолитот ги перципирале нивните куќи. Секако, не културолошките анализи, туку секојдневните и долготрајните искуства и предизвици ги наведе неолитските популации да ја третираат куќата преку механизмите на човековото тело. Оваа. навидум современа практична референца за антропоморфно дефинирање на светот, било далеку понеопходно да се примени и аплицира во неолитот отколку што тоа сега ние го чиниме како археолози. Во секој случај, и неолитските популации, како и археолозите, многу полесно ќе го применат моделот на сопственото тело (она што најдобро го познаваат) во обидот да ги објаснат функционирањето на куќата како целина отколку да пристапат кон расчленето апстрактно систематизирање на сите сегменти од нејзиното настанување до напуштањето или уништувањето. И денес во истражувањата се следи животот на куќите,4 проучувајќи го нивното создавање (раѓање), активности (егзистенција) и замирање (смртта), така што тоа не не оддалечува од начинот на кој неолитските луѓе ги објаснувале своите живеалишта. Во случајот со неолитот, тогашните заедници многу повеќе биле соочени со економските и социјалните процеси и неизвесности кои се одвивале во рамките на куќите и населбите и особено во домен на нивното ритуално ангажирање. Затоа, како резултат на ваквите серии активности, антропоморфното дефинирање на неолитските куќи се афирмирало како модел кој мошне логично ги објаснувал сите сфери од животот на куќата.

Дали овој модел се аплицирал генерално за сите куќи или, пак, тој се однесувал само за конкретни живеалишта и конструкции во населбите, останува да се открие во наредните истражувања. Сепак, прашање е дали тој бил карактеристичен за територијата на цела Европа или, пак, само за одредени нејзини региони. Примената на ваквото отелотворување на куќите може да се следи кај неолитските заедници на Балканот,5 иако како можност не треба да се исклучи и за останатите делови на Европа. Од тие причини, во оваа пригода ќе се направи осврт на неолитските куќи од Македонија,6 како и на керамичките модели кои дополнително го потврдуваат отелотворувањето на неолитската архитектура. Иако недоволно познати во археолошките кругови, пред се, заради слабото публикување на ископувањата и откриениот материјал, неолитските архитектонски традиции во Македонија можат да придонесат за нашето разбирање на одредени технолошки и симболички концепти кои се прифаќале. развивале и пренесувале низ одредени европски региони. Затоа, подолу ќе бидат приложени неколку сегменти карактеристични за неолитските куќи од овој ареал, вклучувајќи го социјалниот третман на куќата како посредник, но и нејзиното вклучување во рамките на обредните активности.

Неолитски населби и куќи во Република Македонија“

Во последните шеесетина години истражени се бројни неолитски локалитети во Македонија, но, за жал, информациите и извештаите за нив се сиромашни и недоволно опширно публикувани, иако постои изобилство податлив материјал. Од тие причини, и архитектурата е ретко продлабочено разгледувана, така што постојат само неколку труда кои прават генерален осврт на градежните традиции во овој регион,7 и повеќе извештаи кои подетално се однесуваат на одредени технички аспекти на куќите детектирани во некои неолитските населби (сл. 1).8 Сепак, сите овие прелиминарни или подетални публикации овозможуваат да се направи некаков увид во архитектонските обележја на неолитските куќи, а благодарение на останатиот материјал и да се детектираат одредени соодноси меѓу куќите и социјалните и симболичките процеси кои се одвивале во нив. Не постојат многу податоци за тоа како се одвивал животот во домаќинствата (на ниво на продукција, конзумација и дистрибуција), но, во секој случај, некакви практики и концентрација на производство можат да се следат меѓу неколку откриени куќи. За среќа, постојат многу повеќе сознанија за обредните активности во куќите и населбите.9 така што поопширно може да се зборува за примената на симболичките концепти во дефинирањето на функциите и значењата на неолитските куќи.

Сл. 1. Планови на неолитски куќи: a) Породин (Grbié i dr. 1960, T. IV); 6) Маџари (Санев 1988, Пл. П).
Сл. 1. Планови на неолитски куќи: a) Породин (Grbié i dr. 1960, T. IV); 6) Маџари (Санев 1988, Пл. П).

Што се однесува до самите неолитски населби во Македонија, важно е да се напомене дека засега се потврдени три стандардни форми, кои на одреден начин се однесуваат и на развивањето на различните традиции на градење куќи. Населбите се најчесто поставувани во котлини, покрај реки и езера, а поретко и на повисоки надморски висини.10 Токму од нивната позиција, како и еколошките фактори, зависи и начинот на кој тие биле формирани и приспособени во природната средина.11 Заради географските карактеристики, најголем број од населбите се подигнати на рамни тераси покрај реките, а формирани се и тумби во мочурливите средини. !" Најмалобројни се наколните населби покрај езерата, каде е констатирана архитектура која не ги следи стандардните "континентални" традиции, туку е вклопена во условите кои ги сугерирала самата средина. Така, на крајбрежјето од Охридското Езеро констатирани се неколку палафити со куќи изградени на дрвени платформи над водата. Г. Наумов, Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура...

Засега, неолитски живеалишта не се истражувани во пештерите, иако во периодот на палеолитот некои пештери во Македонија биле приспособени за животот на тогашните заедни-13 ци. Од изведените проспекции, единствено во пештерата Макаровец, покрај реката Бабуна, има показатели за нејзино користење во неолитот, што, пак, е сугерирано преку остатоците од керамички предмети карактеристични за овој период.14 Натамошните истражувања би требало да потврдат дали има можност за архитектонско модифицирање на ваквиот амбиент и во останатите региони, иако во одредени делови на Балканскиот Полуостров пештерите се потврдени како погодни за формирање и одржување на неолитски населби.15

Куќата како социјален и симболички ентитет

Куќата е простор што зафаќа конкретна површина, а во кој индивидуи од една или две заедници реализираат различни или синхронизирани функции. Ваквата раздвиженост во и околу куќата генерира одредена динамика преку која се формираат социјалните релации. Таа се дефинира како место во кого се вградуваат колективните идентитети на населението и од кого се манифестираат индивидуалните, т.е. семејните идентитети. Како таква, таа добива свој автономен културен идентитет, преку кого и ќе се препознава во рамките на заедницата. Имајќи го предвид моделот на Gosden и Marshall, живеалиштето преку ваквите активности постепено ја создава својата биографија.16 Таа е третирана и перципирана како органско битие кое се раѓа живее и умира, кое притоа ја користи динамиката на домаќинството во процесот на одржување на социјалниот живот. Токму преку овие три егзистенцијални етапи куќата може да се разбере и дефинира, но и да се следат нејзиното создавање (градење и материјали), одржување (употреба, традиции и значење) и згаснување (горење).

Ваквиот едноставен модел на отелотворување на архитектурата е присутен и секако може да се примени и за неолитските населби во Македонија, каде во зависност од интензитетот на истражувањата можат да се констатираат од една до три куќи во иста фаза. Нивниот умерен квантитет дава можност да се следат одредени традиции, активности и значења кои говорат за социјалниот и ритуалниот живот на живеалиштата во рамките на една или повеќе генерации. Почнувајќи од создавањето на куќите, тие веќе биле предодредени да го дефинираат карактерот на домаќинството, т.е. жителите и делумно да ги изолираат од остатокот на заедницата, со што и го зајакнувале својот се идентитет. Тоа секако доведува до нови промени во контекст на предисториското дефинирање на просторот. Со градењето на неолитските куќи, за првпат во Македонија се определува одредена површина. која е центар на помала група луѓе, а која е издвоена од заедницата. Иако ваквото живеалиште функционира во рамките на колективните интереси на населбата, сепак им овозможува на жителите да се концентрираат и на личните, т.е. семејните перспективи. На тој начин куќата почнува да се ползува и како простор за приватно складирање храна, но и акумулирање други ресурси (животни, садови, алат итн.), што натамошно ќе бидат искористени и за екстраполирање на семејниот идентитет. Тоа секако го стимулира поседувањето како важен психолошки и социолошки фактор, кој ќе формира делумен натпревар меѓу домаќинствата, но и елементи на љубомора и завист.17

Социјалниот аспект на колективноста во неолитските населби

Самото создавање на куќите не секогаш подразбира и манифестирање на личните потреби и амбиции. Напротив, градењето на едно живеалиште се темели на колективен ангажман од повеќе индивидуи кои придонесуваат за потребите на одредено семејство. Имајќи ги предвид димензиите на неолитските куќи во Македонија, може да се забележи дека за нивното градење биле неопходни повеќе членови на заедницата. Самото градење одзема подолг временски период, што, пак, ги зајакнува социјалните врски меѓу неколку различни роднински нуклеуси, го истакнува чинот на архитектонско ангажирање и доведува до негово помнење и сеќавање.18 “ Тоа покажува дека и овие заедници во голема мера придонесуваат кон заемните интереси и во најмала рака, преку градењето повеќе куќи, определуваат поголема површина во пејсажот, што, пак, го стимулира функционирањето во заедништвото. Ваквото колективно ангажирање се одразило и на концептите врз кои ќе се темели архитектонската и социјалната организација на неолитските населби, т.е. нивниот отворен карактер. За разлика од централна Анадолија, каде што има населби на ниво на живеалишта концентрирани во поголеми конструктивни блокови, на Балканот тие се автономни и формирани од повеќе независно распоредени куќи.19 Иако ова би требало натаму да го интензивира аспектот на внатрешен натпревар меѓу заедниците од балканските населби, сепак слободниот простор меѓу живеалиштата отворил можности за нови елементи на зајакнување на социјални врски меѓу повеќе семејства.

Во контекст на горенаведеното, треба да се истакне комплексот на сандаци пронајдени на широк отворен простор во Маџари.20 Концентрацијата на 16 конструкции од лепеж и печка организирани во три групи е далеку од потребите на едно семејство. Токму нивната бројност и поставувањето надвор од живеалиштата, сугерира дека тие биле користени од повеќе помали заедници, а можеби функционирале и во интерес на целата населба. Се уште не може да се дефинира нивната намена, но присуството на печка и "алатки“ за подготовка и декорација на лебот навестуваат дека тука се обработувале житарките. Постојат претпоставки дека лебот во некои населби се подготвувал јавно, при што печатите се користеле за негово обележување од страна на домаќинството кое треба да го конзумира.21 Градењето на огништа, печки и амбари, констатирани надвор од куќите во Породин, Ангелци и Анзабегово,22 дополнително го потврдува јавниот карактер на одредени домашни функции. Готвењето на отворено доведува и до споделување на храната меѓу соседите,23 што повторно оди во прилог на зајакнување на врските меѓу семејтвото како колективна заедница.

Орнаментирањето на архитектурата како визуелен идентитет

Треба да се посочи дека ваквиот аспект на колективизам се одвивал во рамките на одредени стопански активности (градење, жнеење, пасење животни, набавување ресурси итн.). Тие ја определувале територијата што и припаѓа на заедницата (населба, пасишта и мајдани), а со тоа и заемната поврзаност на семејните нуклеуси. Во домен на домаќинствата, реализацијата и ефектите на овие активности добивале поинаква манифестација. Куќата како простор е поразлично дефиниран од оној на населбата и воедно доаѓа до одредена дихотомија меѓу инте-Г. Наумов, Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура...

Сл. 2. Конструкции од внатрешостта на куќите и парче од зид: а) Врбјанска Чука (Миткоски 2005, Пл. 1): 6) Породин — без размер (Grbi¢ i dr. 1960, T. V); в) Зелениково (Гарашанин и Билбија 1988,
Сл. 2. Конструкции од внатрешостта на куќите и парче од зид: а) Врбјанска Чука (Миткоски 2005, Пл. 1): 6) Породин — без размер (Grbi¢ i dr. 1960, T. V); в) Зелениково (Гарашанин и Билбија 1988,

ресите на домаќинството и заедницата.24 Во неа се акумулираат храната и ресурсите, а со тоа паралелно се истакнува и аспектот на независност на домаќинството. Делумната автономност на домаќинствата придонесува во развивањето на семејниот идентитет,25 кој постојано се манифестира преку производството и архитектурата.

Имено, голем дел од предметите изработени од домаќинствата се декорираат со орнаменти, кои можат да имат симболичко значење, но и да придонесат во визуелното истакнување на идентитетот. Во таа смисла, и куќата како претставник на домаќинството одиграла важна улога во реализацијата на овој социјален сегмент. На зидовите, на дел од куќите во Велушка Тумба, Анзабегово, Породин и Вршник, констатирано е декорирање на зидовите или, пак, нивно премачкување со бела или црвена боја.26 Истото се забележува на површината на конструкциите кои се наоѓаат во внатрешноста од живеалиштата во Зелениково, Чашка и Врбјанска Чука.27 и тоа особено на оние кои се наменети за подготовка и печење на лебот, или чување и процесирање на житариците (сл. 2).

Во голема мера, орнаментиката и нејзината сличност со декорацијата на останатите керамички предмети, има за цел симболички да го зајакне овој простор и да придонесе во ефективната реализација на функциите на овие конструкции и артефакти.28 Тоа може да се потврди особено преку конструкцијата во Врбјанска Чука, на чии зидови се аплицирани скалести мотиви, идентични со оние на "жртвеникот“ депониран во нејзината внатрешност, но и со мношвото други карактеристични за регионот.29 Примената на декорацијата во рамките на архитектурата30 во голема мера е во релација со симболичкото дефинирање на архитектурата, што, пак, од друга страна, е во контекст и на структуралното и симетричното организирање на населбата.31 Заради тоа може да се смета дека визуелните форми на истакнување на идентитетот на домаќинствата се пренеле и врз оние на заедницата, или обратно, она што било дефинирано како колетивна норма на визуелно препознавање и симболичка комуникација, било вградено и во домен на ентериерот на домаќинствата.

Архитектонскиот простор и формирањето идентитети

Имајќи го предвид моделот на куќата како органско тело, афирмирањето и зајакнувањето на идентитетот на домаќинството се реализирало и со самото создавање (раѓање) и одржување (егзистенција) на живеалиштето. Најраните фази на куќите во Анзабегово покажуваат користење материјали и техники кои не се вообичаени за населбите во Македонија. Примената на плитари, основи од камен и зидови од набиена глина,32 се архитектонски традиции карактеристични за Анадолија и одредени делови на Грција. Тоа покажува дека овие домаќинства го граделе својот идентитет врз основа на релациите со минатото и просторот од каде потекнува нивната генеза. Новите генерации во оваа населба, во средниот неолит се приспособуваат на амбиентот, ги менуваат техниките на градење (при што користат преплет и лепеж) и ги обновуваат (премачкуваат) зидовите и подовите во подолг период. На тој на-Г. Наумов, Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура... чин тие го продолжуваат нејзиниот континуитет преку новите стандарди, иако во рамките на просторот за живеење ги одржуваат и врските со минатото. Имено, во оваа населба се констатирани 37 погребувања, со тоа што повторно во домен на идентификувањето на семејствата со починатите постојат невоедначености. Така, во раните фази, најголемиот број од интрамурални погребувања се на новороденчиња, додека во средниот неолит нивното присуство значително се намалува и се минимизира во однос на погребаните жени.33 Тоа покажува дека, во зависност од тенденциите и потребите на повеќето генерации домаќинства, куќите се користат како социјален и симболички центар преку кого се идентификуваат и манифестираат различни идентитети на една иста роднинска единица.

Говорејќи за социјалните аспекти на смртта, нужно е да се спомене дека таа како концепт била присутна и во самото дефинирање на куќите, така што животот на куќата завршувал со нејзиното напуштање или уништување. Бројни примери на Балканот потврдуваат дека тие биле намерно ropeHH,™34 што укажува на тоа дека самите жители придонесувале во „убивањето“ на куќите. Ваквиот чин, исто како и оној на градењето, траел одредено време и веројатно оставил некаков ефект меѓу жителите на населбата.35 Од тие причини, се создавале и одржувале одредени спомени, што можеби и делувало врз мотивите за повторно градење на куќи на истото место. И во Македонија се констатирани опожарувања на неолитските куќи во Породин, Анзабегово, Маџари, Зелениково и Чашка,36 иако нема податоци дали е тоа резултат на случајност или намера, како во примерите со останатите куќи од Балканот. Сепак, повторното градење на куќи врз рунираните остатоци од лепеж, дава можност за сличен симболичен однос и кон архитектурата на некои населби во Македонија. На тој начин, применувајќи или менувајќи ги градежните традиции, жителите на овие населби придонеле кон повторното "раѓање" на куќите, како и во нивното инволвирање во формирањето нови идентитети на живеалиштата и домаќинствата.

Доместикација на смртта

Во археолошки контекст, неолитските куќи најчесто се рагледуваат и проучуваат преку нивниот материјален и утилитарен карактер. Еден чекор понатаму се социјалните анализи на архитектонските структури кои значително придонесуваат во разбирањето на односите меѓу индивидуите, домаќинствата и заедниците. Но, сепак, заради претпазливоста на археолозите, најмалку се посветува внимание на ритуалниот потенцијал на куќите. Иако не постојат премногу податоци за јасно дефинирање на овој сегмент од животот на неолитските заедници, сепак досегашните теренски и теориски истражувања покажаа дека можат да се следат мноштво процеси преку кои живеалиштата, но и населбите се третираат како обреден простор. Дури отворена е можноста и за заемно испреплетување на секојдневните функции и ритуалниот карактер на живелиштата во предисториските населби.37 “7

Доколку се уште се придржуваме до моделот на Трингам и Бејли, т.е. дека куќите треба да се третираат како органско битие, тогаш неизбежен е и симболичкиот аспект што една или повеќе куќи можат да го содржат во рамки на заедницата или пак регионот. Како претставник на домаќинствата и индивидуите што живеат во неа, куќата е посредник и на нивните активности и идеи, така што со неа се формира специфична субјективност, преку која жителите го објаснуваат светот.38 На тој начин таа се афирмира како микрокосмос кој претставува референца за структуирање на нештата во просторот, т.е. светот.39 Со тоа куќата се развива и како автономна единица преку која се прави проекција на тенденциите и ставовите на домаќинствата или во себе ги вградува колективните идеологии. Затоа, обредите изведувани во рамките на куќите или од страна на нејзините жители, зборуваат за начинот на кој едно семејство се поставува во однос на симболичките процеси во заедницата, како и за примената на општо прифатените принципи преку домашните обреди.

Погребување во и околу неолитските куќи

Во таа смисла, погребувањата се можеби најподатлив сегмент во домен на ритуалниот живот, и тоа особено оние изведувани во населбите и внатрешноста, т.е. под куќите. Вакви форми на неолитско погребување се констатирани насекаде во релација од Блискиот Исток до централна Европа,40 така што може да се следи нивниот ефект во ритуалното дефинирање на архитектонскиот простор. Особено се интересни регионалните варијации во рамките на половатаи возрасната доминација на погребаните индивидуи, како и изборот на места, објекти и предмети во кои се поставуваат починатите, притоа вклучувајќи ги и гробните прилози. Во тој контекст, неолитските населби од Македонија одиграле важна улога во реализацијата на овие комплексни обредни практики, како и во нивното интегрирање во рамките на локалните традиции и принципи. Тоа секако се одразило и врз начинот на кој овие заедници ја објаснувале смртта и ја отелотвориле преку примената на материјалната култура и архитектурата.

Досега во Македонија се пронајдени 44 погребани индивидуи во неолитските населби, повеќето меѓу градбите, а дел од нив и во нивната внатрешност.41 Во зависност од локалитетот и интезитетот на неговото истражување, варираат контекстите во кои се погребани починатите, но и нивната старосна и полова припадност. Токму овие податоци даваат натамошен увид во традициите и родовите концепти применети преку вклучувањето на смртта во рамките на населбите, како на локално така и на регионално ниво. Општо земено, на територијата од Република Македонија најбројни се погребувањата на женските индивидуи (24 женски и 11 машки), додека во однос на старосните групи 23 индивидуи им припаѓаат на деца и 18 на јувенили и возрасни.42 За 12 индивидуи постојат ограничувања во определувањето на нивниот пол и возраста (9 со непознат пол; 3 со непозната возраст). Иако ваквиот регионален преглед не дава доследна слика за родовите и возрасните тенденции во контекст на интрамуралните погребувања, сепак овозможува да се согледа одредено фаворизирање на жените и децата при овој обреден чин (Таб. Іа).

Во однос на локалните традиции на погребување, најдобар увид се има во оние откриени при ископувањата во Анзабегово. Таму се детектирани 34 индивидуи, од кои, според Nemeskeéri и Lengyel се потврдени 17 деца, 5 јувенили и 12 возрасни“? а меѓу нив 20 жени, 8 мажи и 6 полово недефинирани скелети (Таб. Гр). Според истражениот простор од насел-Г. Наумов, Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура... бата, само во раниот неолит се погребани 16 деца, 8 јувенили и возрасни, т.е. 13 женскии 7 машки индивидуи, исклучувајќи ги оние кои не можат да се дефинираат. Во средниот неолит нивниот сооднос се сведува на 6 погребани жени и 1 маж (не вклучувајќи една полово недефинирана индивидуа), односно 4 деца и 4 јувенили/возрасни. Ваквиот сооднос укажува на фактот дека децата и жените биле преферирана група која ритуално се интегрирала и по нивниот живот. Доминацијата на жените и децата во интрамуралните погребувања е присутна и на локалитетите во Србија, Бугарија и Грција, иако нивната процентуална застапеност треба понаму да се ревидира.43

Таб. I. Статистика на погребани индивидуи откриени во неолитските населби: а) Македонија: 6) Анзабегово.
Таб. I. Статистика на погребани индивидуи откриени во неолитските населби: а) Македонија: 6) Анзабегово.

Погребување на деца

Благодарение на мноштвото нови податоци поврзани за погребувањата, причините за ваквиот афинитет стануваат се појасни. До неодамна, децата беа запоставени во истражувањата на социјалните и симболички аспекти на неолитските живеалишта. Најновите сознанија покажуваат дека тие играле многу значајна улога во формирањето на општествениот живот,44 со тоа што придонесувале во стопанското одржување на семејствата, како и во нивното етаблирање во рамки на заедницата. Преку нив се одржувала демографската стабилност, акумулирањето на ресурсите (земјоделство и сточарство), а секако имале удел и во промовирањето на семејството (иницијација и свадба). Тие го продолжувале континуитетот на домаќинството и го зајакнувале или модифицирале неговиот идентитет. Од тие причини, било неопходно заедниците да преземат одредени мерки со кои би го стимулирале присуството или повторното раѓање на оние кои прерано умирале.

Сл. 3. Реконструкција на погребување од Анзабегово, изведена според распоредот на скелетите 9 (новороденче во сад), 7 и 8 (според Санев 2009, црт би сл. 9).
Сл. 3. Реконструкција на погребување од Анзабегово, изведена според распоредот на скелетите 9 (новороденче во сад), 7 и 8 (според Санев 2009, црт би сл. 9).

“ . Г. Наумов, Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура...

На симболичко ниво задржувањето на починатите деца во населбата го потврдувало нивниот општествен статус, со тоа што заедницата сметала дека тие и понатаму ќе придонесуваат за добробитта на домаќинствата. Токму нивното посмртно интегрирање и погребување под подот на куќата45 или некоја друга конструкција укажува на силниот потенцијал кој со себе го носел концептот на симболичкото преродување. Таков е примерот со новороденчето од Маџари, погребано до зидот на куќата“ или, пак, оној со детето пронајдено под амбарот во Анзабегово.46 Нивното присуство во рамките на овие конструкции требало да го пренесе ефектот од нивната симболичка регенерација врз идните поколенија во семејството или, пак, врз житарките и полињата каде што се чуваат и одгледуваат. За да се зајакне овој симболички ефект, некои новороденчиња во неолитските населби од југоисточна Европа биле закопувани во и покрај печките или, пак, во садови кои ги претставувале семантичките компоненти на женскиот потенцијал за раѓање.47 “" Тоа го потврдува погребаното новороденче од Анзабегово, кое било наопаку поставено во сад со намерно откршени рачки и дно,48 a со цел тој симболички да се поистовети со матката (сл. 3). Погребувањето на возрасна жена со нејзините бутни коски врз садот со новороденчето, дополнително го потврдува овој ритуален концепт, а дури ја отвора можноста и за нивно роднинско сродство.49 Ваквата практика на погребување деца во близина или под куќите, печките и амбарите продолжува и во останатите периоди, а се применувал до неодамна меѓу мноштво народи во светот, што јасно го сугерира симболичкиот потенцијал на овој ритуален чин.50

Погребување на возрасни женски и машки индивидуи

Во врска со горенаведените погребувања од Анзабегово, важно е да се напомене дека тие се вкопани до куќата 2, во чија близина се пронајдени уште три женски индивидуи од истата ранонеолитска фаза.51 За разлика од нскои неолитски локалитети на Блискиот Исток, каде што оваа обредна форма е практикувана само во куќите.52 во Македонија, но и останатите региони од Балканот погребувањето се изведува и меѓу живеалиштата. Тоа секако не го минимизира значењето на овие индивидуи, особено што тне остануваат постмортем интегрирани во рамки на населбата. Во овој случај треба да се нагласи големото присуство на погребани жени, како во Анзабегово така и во Ново Село.53 Нивната фреквентност во фунерарните ритуали и не зачудува, бидејќи во домен на домашните активности и одржувањето на континуитетот на семејствата, жените имаат јасна улога во овие неолитски заедници. Поновите истражувања на родовите аспекти во предисториските и племенските општества посочуваат на тоа дека одговорностите на жената во набавка и обработка на ресурсите, но и нејзиниот удел и дефинирањето на семејниот идентитет бил многу поголем отколку што се мислеше порано.54 ““

Но ваквата ангажираност на жените не значи и нивна доминација во однос на општествените одлуки. Неолитските заедници го согледале нивниот родилен потенцијал и колку тој придонесува во обезбедувањето нова работна сила која ќе го одржува општеството, така што телото на жената го интегрирале во сферата на симболичките форми (ритуали и визуелна култура). Сите сегменти на материјалната култура, вклучувајќи ги особено керамиката и фигурините, биле ползувани да се означи позицијата на жените во домаќинствата, но и да се истакне значењето и нивниот придонес во роднинските врски, што, пак, било контролирано од страна на општеството.55 Во таа смисла, логично е и зачестеното погребување жени во Населбите, што во една насока ја нагласува нивната социјална позиција, а во друга, со самото присуство и по смртта, го интензивира симболичкиот ефект врз добробитта на заедницата.

Говорејќи за родовите аспекти на погребувањата во населбите. важно е да се напомене дека во Анзабегово се пронајдени само две возрасни машки индивидуи (во две различни фази), од кои онаа од раниот неолит е и најстарата констатирана на локалитетот, со возраст меѓу 59 и 68 години.56 Реткото присуство на мажи меѓу скелетите од оваа населба го отвора прашањето за улогата на мажот по неговата смрт. Имајќи ја предвид доминацијата на мажот во креирањето на социјалната и архитектонската инфраструктура на општеството, зачудува фактот што на овој локалитет тој е речиси занемарен во фунерарните ритуали. Сепак, ваквата состојба и не би требало да зачудува, бидејќи дури и во доменот на антропоморфните фигурини машкото тело е неспоредливо помалку присутно во однос на женското.57 Со натамошните истражувања на неолитските погребни форми и визуелната култура во Македонија би можело да се потврди или да се негира дали машките индивидуи се намерно исклучени или редуцирани од овие симболички сфери. Тоа во голема мера може да придонесе и за осознавање на социјалните функции на мажите во неолитските заедници и дефинирањето на просторот каде што тие ја манифестирале својата доминација.

Фрагментирање НМ балсамирање на починатите

Настрана од инхумираните комплетни скелети, во неолитските населби од Македонија се погребуваат и делови од телото на починатите, и тоа најверојатно намерно издвоени. Во Говрлево пред среднонеолитска куќа е пронајден сад во кого е депонирана мандибула од млада машка индивидуа (сл. 4),58 додека во Маџари во близина на остатоци од лепеж е констатирана иста ваква мандибула, но од возрасна жена.59 За разлика од овие два локалитета, во Анзабегово е пронајден добро зачуван скелет кому му недостасуваат само мандибулата и стапалата.60 Може да се смета дека и во двата случаи станува збор за ексхумација, што како појава е потврдена на повеќе локалитети во Македонија каде што се пронајдени други делови од телото. Ваквото одвојување на коските од скелетот, и тоа особено на оние од главата, ја нагласува силната симболичка улога на идентитетот манифестиран преку најзначајниот и најпреставителниот дел од човечкото тело. Погребување на черепи и мандибули е честа практика во населбите од Балканот, Анадолија и Блискиот Исток“61 што дополнително ја потврдува важната улога на главата како реликвија и средство преку кое домаќинството или селската заедница се идентификува со починатиот.

Исто така, треба да се напомене дека мошне често е и пресекувањето на скелетите при градењето на куќите, што секако изненадува, имајќи го предвид значењето на починатите во Г. Наумов, Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура... рамките на заедницата. Во Говрлево, Вршник и Анзабегово“62 ваквите скелети сугерираат дека ова не била практика единствено за расчистување на теренот за основата на живеалиштето. Напротив, целата горна половина на телото се уште била задржана до куќите, така што доколку жителите немале однос кон починатиот, т.е. доколку неговиот скелет пречел, тогаш тие целосно би го отстраниле. Ова пак го отвора прашањето за тоа колку навистина близината на погребаните тела му сметала на населенито, во смисла на нивното биолошко распаѓање и релативно малата длабочина на гробовите. Доколку не се презеле мерки за нивна санација, миризбата што го испушта телото во распаѓање, како и концентрацијата на ларви и бактерии, сигурно би имале негативно влијание врз оние кои престојувале во куќата или, пак, биле активни околу неа. Затоа, некои археолози, водејќи се од етнографските примери, сметаат дека дури и во неолитот починатите тела се балсамирале (т.е. им се ваделе внатрешните органи) или, пак, се посипувале со вар.63 Присуството на вар покрај некои од скелетите во Анзабегово оди во прилог на ваквите размислувања.64 што секако отвора само една од можностите за третманот на починатите во рамки на домаќинството.

Сл. 4. Мандибула погребана во сад откриена во Говрлево (фотографија Борис Кавур).
Сл. 4. Мандибула погребана во сад откриена во Говрлево (фотографија Борис Кавур).

Не би требало да се исклучи и можноста дека дел од починатите биле поставувани на платформи надвор од населбите и подоцна погребувани во и покрај куќите. Тоа делумно и би ro објаснило честото повремено присуство на коските во населбите или евентуалната релевантност на прашањето за ексхумацијата. Исто така, дел од погребаните индивидуи во Анзабегово биле поставени на грб, но во згрчена положба.65 сугерирајќи ја веројатноста за нивно погребување во торби, што како практика е потврдено на Балканот.66 Во тој случај, за да се избегне негативниот ефект од распаѓањето на починатиот, овие торби биле полнети со сол. Тоа донекаде може и да се потврди и преку некои современи етнографски примери на Балканот, Америка, Нов Зеланд и Тахити.67 што донекаде ја објаснува и неолитската економија врзана за набавка и дистрибуција на солта.68

Концептуално дефинирање на просторот за погребување

Во целина, може да се забележи дека погребувањето на починатите во неолитските населби од Македонија се манифестира преку разни форми на поставување на починатите во или до куќите, нивно намерно фрагментирање, есхумација, како и различен третман на ’балсамирање‘. Ваквата разновидност на интрамуралните погребувања наведува на тоа дека основната општествена идеологија, изразена преку врската на починатите со куќите, т.е. населбата, била силен елемент во дефинирањето на просторот предвиден за социјално и симболичко делување. Тоа во одредена мера ја потврдува посочената општествена структура на неолитските населби и нивната околина, како удвоен ентитет на концептите domus и agrios.©69

Иако ова концептуално раздвојување се однесува и на самите архитектонски конструкции, сепак тоа може да се примени и на ниво на погребувањата во и надвор од населбинскиот простор. Во контекст на domus принципот би биле сите интегрирани починати индивидуи во населбата, додека оние што биле погребани во некрополите надвор од селата би ја следеле идејата за agrios. Притоа, јасно е дека неолитските заедници вршеле селекција при примената на ваквиот дуалистички концепт, бидејќи во рамки на населбите не биле погребувани сите починати индивидуи. Од целосната популација во неолитските села само мал дел по својата смрт се задржувал во и до домаќинствата, и тоа претежно деца и жени. Може да се претпостави дека дури и во нивниот случај се правела селекција само на одредени припадници на овие старосни и полови групи, бидејќи морталитетот на оваа популација е далеку поголем од бројот на скелетите погребани во населбата. Тоа укажува дека овие индивидуи значително го стимулирале симболичкиот ефект на domus, со тоа што нивното присутво и по смртта придонесувало во одржувањето на континуитетот и зајакнувањето на идентитетите врзани за куќите, семествата и заедницата.

Отелотворување на куќите како заклучок

Истражувањата покажаа дека има силна врска меѓу индивидуите, семејствата и заедницата од една страна и куќата, домаќинството и населбата од друга. Просторот за живеење се афирмира како центар во кого се промовираат индивидуалните тенденции и колективните принципи. Колку што населбата претставува целина во која се договараат нормите, толку куќите се манифестираат како медиум преку кого се застапува идентитетот на жителите, те. домаќинството. На тој начин. куќата се проектира како отелотворувач на колективното посредништво со другите куќи во општеството.70 Заради тоа, таа во неолитот се перцепира како жива форма во која се реализира динамиката на социјалните и симболичките процеси врзани за семејството или заедницата. Постепено куќата започнува да се идентификува со сите или барем некои од нејзините жители при што се манифестира и како нивни претставник. Од тие причини, нејзиното фунционирање симболички се објаснува преку механизмот на човечкото тело, при што се аплицираат и одредени карактеристики специфични за реалните или мистките индивидуи што таа ги застапува.

Тоа делумно го потврдуваат и бројните антропоморфни модели на куќи пронајдени на територијата на Република Македонија (сл. 5). Тие се состојат од два дела, модел на куќа во долната половина и над него цилиндер со човечка претстава, вклучувајќи раце, стомак, гради Г. Наумов, Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура... и лице. Овие предмети во неколку наврати се истражувани, така што детално се обработени нивните технички, типолошки, хронолошки и регионални обележја.71 Направени се обиди да се образложат нивната можна функција и значење, при што се приложени неколку опции кои би можеле да придонесат во разбирањето на овие предмети.72 Но досега тие се ретко разгледувани во контекст на неолитската архитектура и социјалните процеси кои се одвивале во и меѓу домаќинствата во населбите. Во таа смисла, особено важна улога играат погребувањата вршени во и до куќите, што донекаде симболички се врзува за ликовниот и функционалниот аспект на антропоморфните модели. Имајќи предвид дека починатите, те. предците се изедначуваат со идентитетот на куќата. постои веројатност овие модели да ги претставуваат индивидуите погребани во нејзиниот внатрешен простор или околината.73 Доколку се укаже на тоа дека досега се потврдени само модели со женски атрибути (пубис, гради и стомак во бременост), што во одредена мера оди во релација со бројноста на погребаните женски индивидуи, тогаш ваквото изедначување има повеќе смисла. Секако, не треба да се исклучи можноста дека меѓу овие антропоморфни модели на куќи не се прикажувани деца или машки индивидуи, бидејќи голем дел од нив немаат никакви полови обележја. Тоа дополнително ги проширува можностите за толкување на овие предмети, особено доколку се имаат предвид отворите на темето, покривот и зидовите од моделите, а кои служеле за депонирање предмети и намирници. Овие отвори и остатоците од горење околу нив, дури и посочуваат на можноста моделите да биле користени и како ламби, што повторно оди во релација со нивното врзување за конкретни реални или митски ликови.74

Сл. 5. Модели на антропоморфни куќи: а) Породин — в. 25.5 см (Колиштркоска - Настева 2005, сл. 43); 6) Суводол — в. 16.0 cm (Колиштркоска — Настева 2005, сл. 45); в) Говрлево — 35.0 см (Чаусидис 1995, сл. 6).
Сл. 5. Модели на антропоморфни куќи: а) Породин — в. 25.5 см (Колиштркоска - Настева 2005, сл. 43); 6) Суводол — в. 16.0 cm (Колиштркоска — Настева 2005, сл. 45); в) Говрлево — 35.0 см (Чаусидис 1995, сл. 6).

Ваквото идентификување на починатите индивидуи (или предците) со куќата, можело да доведе до евентуално нивно митологизирање. Тоа постепено генерирало и суштества изедначувани со куќата или, пак, и такви кои биле нејзини заштитници. Етнографските примери укажуваат на вакво митологизирање на живеалиштата и особено на генерализирано антропоморфизирање на самите куќи и населбите.75 Отслотворувањето на неолитските куќи е мошне јасна и логична симболичка појава, дотолку што антропоморфизмот како визуелен и обреден концепт е применет и во други сфери на материјалната култура. Имено, не само на моделите на куќи, туку и на садовите, печатите, жртвениците и моделите на печки им се аплицираат делови од човечкото тело.76 Ваквото поставување на хибридни врски меѓу утилитарните предмети77 или конструкции и човекот, имало за цел да ја промовира телесноста како медиум преку кого може да се објасни симболичкото и ритуалното функционирање на овие предмети. Во таа смисла, антропоморфизирањето на куќите ја имало истата семантичка логика, да го очовечи просторот за живеење за да ги објасни индивидуите или процесите кои биле дел од нејзината суштина. Затоа може да се смета дека антропоморфните модели на куќи го претставувале човечкиот идентитет на живеалиштата или, пак, биле керамички споменици на конкретна индивидуа или самата куќа.

Сл. 6. Модели на куќи: а) Велушка Тумба — без размер (Василева 2005, 40): 6) Породин — без размер (Василева 2005, 27); в) Породин -- без размер (Василева 2005, 40).
Сл. 6. Модели на куќи: а) Велушка Тумба — без размер (Василева 2005, 40): 6) Породин — без размер (Василева 2005, 27); в) Породин -- без размер (Василева 2005, 40).

Тука би можеле да се посочат и останатите модели на куќи кај кои е прикажан изгледот на реалните градби (ел. 6). Доколку се укаже на тоа дека се пронајдени големи парчиња лепеж идентични со оние од моделите на куќите (сл. 26), може да се смета дека конструкции од овој вид биле градени барем во Пелагонија. Ваквите модели можеби и не се однесувале само на живеалиштата, туку и на други видови градби (амбари, менструални колиби, платформи за погребување или светилишта), имајќи ги предвид нозете на кои се поставени, а кај некои и богатото врежано декорирање.78 Тоа покажува дека не само станбениот простор туку и другите архитектонски конструкции се симболички интегрирани во визуелната култура, што секако го нагласува и нивното социјално или семантичко значење. Големото присуство на модели на куќи во Македонија, но и на Балканот,79 ја истакнува важната улога на живеалиштата, како во сферата на реалните процеси во населбата така и во домен на нивното минијатурно пресликување во материјалната култура. Овие модели дополнително го потврдуваат динамизмот кој се одвивал во и околу куќите, така што не случајно тие биле вградени во обредите преку кои се афирмирале и зајакнувале клучните социјални и симболички компоненти на градбите. Затоа натамошното внимателно проучување на архитектурата, домаќинството. обредите, НОН нивното прикажување преку моделите, може значително да придонесе во нашето разбирање на неолитските заедници и на нивното перцепирање и отелотворување на куќите. Г. Наумов, Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура...

GOCE NAUMOV

Institute for Art History and Archaeology, Faculty of Philosophy - Skopje

EMBODIED HOUSES: THE SOCIAL AND SYMBOLIC COMPONENTS

OF NEOLITHIC ARCHITECTURE IN MACEDONIA

Белешки

  1. Bailey 1990; Tringham 1991. ↩
  2. Nanoglou 2008. ↩
  3. Hodder 1990; Bradley 2005. ↩
  4. Bailey 1996, 146. ↩
  5. Naumov 2010a. ↩
  6. Во својата првична верзија на англиски јазик именувана како Embodied7 houses: social1 and7 symbolic agency of Neolithic architecture in the Republic of Macedonia, за публикацијата на Hoffman, D. и Smyth, J. (уред.) Tracking the Neolithic house in Europe - sedentism, architecture and1 practice (New York: Springer), овој труд содржи и обемен осврт на архитектонските и контекстуалните карактеристики на ентериерот и екстериерот на неолитските куќи во Македонија. Меѓутоа, во оваа пригода, заради предвиденото ограничување на бројот на страници во списанието, ова поглавје е значително скусено. За натамошен увид во овие аспекти на неолитската архитектура може ла се користи трудот во неговата првична верзија. ↩
  7. Стално 1968; Санев 1988; Здравковски 1990; Санев 1995; Толевски 2007; Толевски 2009; Стојанова Канзурова 2008. ↩
  8. Grbié et al. 1960; Симоска и Санев 1975; Gimbutas 1976; Санев 1988; Kitanoski et al. 1990. ↩
  9. Naumov7 2007; Наумов 2009; Санев 2009. ↩
  10. Санев 1994; Толевски 2009. ↩
  11. Поопширно за локацијата и литературата врзана за населбите на рамни тераси и тумби во Толевски 2009: 55 - 58. 2 Benac 1979; Kuzman 2009. ↩
  12. Кузман 1995; Кузман 2008: Шаламанов Коробар 2006; Шаламанов Коробар 2008. ↩
  13. Кузман 2008, 14. ↩
  14. Миков и Џамбазов 1960; Milošević 1976; Petruso et al. 1994; Kyparissi Apostolika 2000; Kotsakis 2001. ↩
  15. Gosden and Marshall 1999. ↩
  16. Flannery 1993, 111. ↩
  17. Nanoglou 2008, 145. ↩
  18. Düring and Marciniak 2005. ↩
  19. Kanzurova Stojanova in print. ↩
  20. Budja 2003, 119. ↩
  21. Grbić i dr. 1960; Санев 1986; Санев 2009. ↩
  22. Halstead 1989, 74. ↩
  23. Hillier and Hanson 1984: Yates 1989: Bogucki 1999. ↩
  24. Наумов 2005; Naumov 2009; Naumov 2010b. ↩
  25. Симоска и Санев 1975, 43; Корошец и Корошец 1973, 17; Grbi¢ i dr. 1960, 28; Гарашанин и Гарашанин 1959, 62. ↩
  26. Гарашанин и Билбија 1988, 34; Јовчевска 1993, 35; Миткоски 2005, 35. ↩
  27. Naumov 2008а, 193; Наумов 2009б, 226. ↩
  28. Миткоски 2005; Naumov 2011. ↩
  29. McGuire and Schiffer 1983, 281. ↩
  30. Moore 1982; Washburn 1983. ↩
  31. Gimbutas 1976, 32; Garašanin 1979, 89. ↩
  32. Nemeskéri and Lengyel 1976. ↩
  33. Stefanovié 1997; Chapman 2000; Tringham 2005; Gheorghiu 2007. ↩
  34. Whittle 1996, 107; Borić 2008, 130. ↩
  35. Grbić i dr. 1960, 12; Корошец и Корошец 1973, 16; Санев 1988, 12; Гарашанин и Билбија 1988, 33; Јовчевска 1993, 35. ↩
  36. Bradley 2005; Чаусидис 2009. ↩
  37. Barret 1987. ↩
  38. Carsten and Hugh-Jones 1995; Joyce and Gillespie 2000: Чаусидис 2005. ↩
  39. Ucko 1969; Hodder 1990; Triantaphyllou 2001; Бъчваров 2003; Düring 2003; Naumov 2007. ↩
  40. Гарашанин и Гарашанин 1959; Nemeskéri and Lengyel 1976; Вељановска 2000; Вељановска 2006; Naumov 2007; Санев 2009: фиданоски и Tomax 2010. Податоците за скелетите од Оптичари, Маџари и Грнчарица се добиени од антрополошките извештаи на Фаница Вељановска, за што најсрдечно ѝ се заблагодарувам. Информациите за хронолошкото детерминирање на погребаната индивидуа од Грнчарица се добиени од Зоран Читкушев и од формуларот со анализи од Универзитетот во Глазгов. Во оваа пригода и нему му упатувам голема благодарност за разбирањето и обезбедувањето на податоците. ↩
  41. Nemeskéri and Lengyel 1976, 410. ↩
  42. Stanković 1992, 58–73: Bailey 2000, 123; Borić and Stefanović 2004, 532; Бъчваров 2003, 23-98; Perlès 2001, 274– 280; Triantaphyllou 2001. ↩
  43. Olsen 1998; Kamp 2001; Moses 2006; Crawford and Shepherd 2007. ↩
  44. Вељановска 2000, 45. ↩
  45. Санев 2009, 43. ↩
  46. Garašanin 1979, 160; Gimbutas 1989, 151; Gimbutas 1989, 148; Бъчваров 2003, 28, 60, 69, 88, 184; Moses 2006, 182. ↩
  47. Garašanin 1971, 137. ↩
  48. Санев 2009, 64. Во неолитската населба кај Оптичари исто така се пронајдени женски и детски скелет, иако не е потврдено дали биле во идентичен контекст. Податоците за полот и возраста на скелетите се добиени од антрополошкиот извештај на Фаница Вељановска. ↩
  49. James 1963, 45; Scot 1999; Durman 2004, 24, 27; Наумов 2006; Bacvarov 2006; Bacvarov 2008. ↩
  50. Санев 2009, 62 — 64. ↩
  51. Guerrero et al. 2009. ↩
  52. Nemeskéri and Lengyel 1976; Велановска 2006. ↩
  53. Gero and Conkey 1991; Claassen and Joyce 1997. ↩
  54. Hodder 1984, 62; Naumov 2010a; Naumov in print. ↩
  55. Nemeskéri and Lengyel 1976. ↩
  56. Naumov 2009; Naumov in print. ↩
  57. Naumov 2007. ↩
  58. Kanzurova Stojanova in print. Информациите за полот и возраста на индивидуата на која И припаѓа мандибулата се добиени од разговорот со Фаница Вељановска. ↩
  59. Санев 2009, 61. ↩
  60. Бъчваров 2003, 84; Stanković 1992, 60; Talalay 2004; Fletcher et al. 2008. ↩
  61. Фиданоски и Tomax 2010; Гарашанин и Гарашанин 1959; Санев 2009. ↩
  62. James 1963 125. ↩
  63. Санев 2009, 61. ↩
  64. Санев 2009, 62, 63. ↩
  65. Бъчваров 2003, 33; Borić and Stefanović 2004, 539. ↩
  66. Антонијевић 1982, 134; James 1963, 123 – 127. ↩
  67. Tasić 2000; Chapman et al. 2003. ↩
  68. Hodder 1990. ↩
  69. Gell 1998. ↩
  70. Санев 1988; Наумов 2006; Чаусидис 2007; Наумов 2009. ↩
  71. Чаусидис 2005; Sanev 2006; Naumov 2007; Чаусидис 2008; Naumov 2009; Chausidis 2010. ↩
  72. Наумов 2009, 210- 212. ↩
  73. Чаусидис 2008; Наумов 2009. ↩
  74. Bradley 2005, 51; Чаусидис 2007, 59; Ковач 2007, 91 -- 95; Devyatkina 2004, 67, 71. ↩
  75. Наумов 2006; Naumov 2008; Naumov 2009; Naumov 2011. ↩
  76. Naumov 2010a. ↩
  77. Galloway 1997; Чаусидис 2009; Bradley 2002; Bradley 2005, 5, 50; Naumov 2011. ↩
  78. Gallis 1985; Bailey 1993; Marangou 1996; Mantu Lazarovici 2004; Naumov 2011. 115 - 130. Ljubljana. ↩

Summary

Embodied Houses: The Social and Symbolic Components of Neolithic Architecture in Macedonia

Until recently, in the history of archaeology, houses were considered static forms, which were mostly treated through their technical aspects: position, size, construction materials, and state of preservation. Although essential for basic study of houses, these characteristics were insufficient for a true understanding of their functions and for tracing the activities within the confines of households and communities, Therefore in the last few decades the suggestion has been made that the house in the Neolithic should be perceived as an organic whole that unites in itself all the possible forms of existential and social activity. In this way, by treating the house as a living, active body, it would be easier to understand the models for its functioning and the meanings added to it by Neolithic communities. In this sense, its economic and social engagement would be easily seen, through the forms of agreed upon norms and production, or its symbolic definition as ritual or ceremonial space.

Such “humanized” assignment of meaning to the house in archaeological investigation is, in fact, not very distant from the way in which people in the Neolithic perceived their houses. Of course, not only cultural analyses but also daily and long term experiences and challenges led Neolithic populations to treat the house through the mechanisms of the human body. It was much more necessary that this seemingly contemporary practical reference to anthropomorphic definition of the world be accepted and applied in the Neolithic than that we as archaeologists now think about it. In any case the Neolithic populations as well as archaeologists would more easily apply the model of their own body (that which they know best) in the attempt to explain the functioning of the house as a whole rather than to approach the analyzed abstract systematization of all segments from its origination to abandonment or destruction. And today in investigations the life of houses is traced, by study of their creation (birth), activities (existence), and disappearance (death), so that we are not distanced from the way in which Neolithic people explained their habitations. In the case of the Neolithic, the communities of that time were more often faced with economic and social processes and uncertainties, which unfolded within the confines of the houses and settlements, and particularly in the scope of their ritual or ceremonial engagement. Therefore, as a result of such series of activities, the anthropomorphic definition of Neolithic houses was affirmed as a model that quite logically explained all spheres of the life of the house.

Whether this model was applied generally to all houses or it pertained only to specific habitations and structures in the settlements, remains to be discovered in future investigations. Nevertheless, the question is whether this was characteristic for the entire territory of Europe or only for certain regions. The application of such personification of houses can be followed in several Neolithic communities in the Balkans, and as a possibility it need not be ruled out for the remaining parts of Europe. For these reasons, at this opportunity the Neolithic houses of Macedonia are reviewed, as well as the ceramic models that further confirm the personification of Neolithic architecture. Even if they are insufficiently known in archaeological circles, first of all because of poor publication of excavations and material, Neolithic architectural traditions in Macedonia can contribute to our understanding of certain technological and symbolic concepts that were accepted, developed, and carried through specific European regions. Therefore, in the work are included several segments characteristic of Neolithic houses from this area, including the social treatment of the house as mediator, and its inclusion in ritual or ceremonial activities.

The house is a space that occupies a specific surface, in which individuals from one or two communities carry out their different or synchronized functions. Such movement in and around the house generates a certain dynamic through which social relations are formed. This is defined as a place in which the collective identities of the population are incorporated and from which individual or family identities are manifested. As such, it received its autonomous cultural identity, through which it would be recognized within the community. Through such activities the habitation gradually created its biography. It was treated and perceived as an organic being that was born, lived, and died, which at the same time used the dynamic of the household in the process of maintenance of social life. Through these three stages of existence, the house is able to be understood and defined, and its creation (construction and materials), maintenance (use, traditions, and significance), and its destruction (burning) can be traced.

Such a simple model of the personification of architecture is present and of course can be applied to the Neolithic settlements in Macedonia where, depending on the intensity of the investigations, from one to three houses in the same phase can be determined. Their moderate quantity makes it possible to follow specific traditions, activities, and significances, which tell about the social and ritual life of the habitation during one or more generations. From the creation of the houses, they were destined to define the character of the household, i.e., of the inhabitants, and partly to isolate them from the rest of the community, and thus to strengthen their family identity. This of course led to new changes in the context of prehistoric definition of space. With the construction of Neolithic houses, for the first time in Macedonia a precise surface was designated, which was the center of a smaller group of people, but which was distinguished from the community. Although such a habitation functioned within the limits of the collective interests of the settlkement, nevertheless it enabled the inhabitants to concentrate on personal, i.e., family, perspectives. In this way the house began to be used also as space for private storage of food and for accumulation of other resources (animals, vessels, tools, etc.), which would later be used also for the extrapolation of the family identity. This of course stimulated possession as an essential psychological and sociological factor, which would bring about competition among households, and even elements of jealousy and envy.

In an archaeological context, Neolithic houses most often are considered and studied through their material and utilitarian character. One step beyond are the social analyses of architectural structures, which significantly contribute to the understanding of the relations among individuals, households, and communities. Nevertheless, because of the precautions of archaeologists, they devote very little attention to the ritual or ceremonial potential of houses. Although there is not a great deal of data for the clear definition of this segment of the life of Neolithic communities, nevertheless both field investigation and theoretical research until now indicate that it is possible to trace a multitude of processes through which habitations, and even communities, are treated as ritual or ceremonial space. The possibility is open even for mutual interweaving of daily functions and ritual character of habitations in prehistoric settlements.

As the representative of households and individuals who live in them, the house is the mediator of their activities and ideas, so that a particular subjectivity is formed with it, and through that subjectivity they explain the world. In this way, the house is affirmed as the microcosm that represents a reference for the structuring of something in the space, i.e., the world. Thus the house develops as an autonomous unit through which the tendencies and attitudes of the households are projected or it incorporates in itself the collective ideologies. Therefore the rituals or ceremonies performed within the houses, or by their inhabitants, speak to the manner in which one family establishes itself in relation to the symbolic processes in the community, as well as for the application of the generally accepted principles through domestic rituals. Г. Наумов, Отелотворени куќи: социјалните и симболичките компоненти на неолитската архитектура...

Библиографија