Macedoniae acta archaeologica 1 (1975) · стр. 173–197

Топографија на Еу(да)рист

Содржина
  1. НАОЃАЛИШТА ОКОЛУ ДРЕНОВО И СЕВЕРНО ОД РАЕЧКА
  2. НАОЃАЛИШТА ИСТОЧНО ОД ЦРНА
  3. НАОГАЛИШТА ЗАПАДНО ОД ЦРНА И ЈУЖНО ОД ДРЕНОВО

Во рамките на С. Р. Македонија егзистирал во класично-хеленистичкото и раноримско време поголем број мали градови — околу 30.1 Оформени и израснати како племенски упоришта, тие се развиле во регионални стопански и управни центри, трговишта и седишта на племенската аристократија. Тие се всушност средишта на мали географски целини — најчесто котлини или долини, опфатени делумно или целосно со рамка од планински венци, или се одредени со некоја друга природна граница.2

Интересно е што овие градчиња со својата територија ја задржале административната самоуправа и во раноримско време; тогаш добиле и соответна урбана физиономија -- во зависност од нивната големина и економската моќ. Во повеќето од нив откриени се почесни натписи со поменот на нивното име и градските самоуправни органи, или постојат други археолошки потврди за ова (Лихнид, Хераклеја, Стибера, Достонеји, Apr, Неапол, безимените градчи:ња кај Мојно, Витолиште, Демир Капија, Марвинци).

Дури по големото разурнување на Готите во втората половина на III век, кога сите наши градчиња биле срамнети со земјата, прекинува и оваа долга самоуправна традиција. Опустошените области со проредчено население немале сили ниту потреба сите да ги обноват; најголем дел од нив останале во урнатините, напуштени и умрени засекогаш. Новата доцноримска административно-управна политика и посилни централистички тенденции биле бесомнено пресудни, да се обноват и форсираат само неколку позначајни пунктови. Тогаш новите градови можеби ги апсорбирале и соседните територии кои останале без поранешните центри;3 ова, всушност, само го наслутуваме, но новата распределба на териториите не ја знаеме ниту приближно.

Археолошките истражувања на теренот не биле досега доволно ефикасни ниту сразмерни со пишаните извори со кои располагаме. Најголем број градови чие што постоење е забележано, сеуште не се „бицирани на теренот. Нашите истражувачи имаат често не многу јасна претстава за истите. Сепак, тие постојат на теренот, сеуште недокументирани. Топографско снимање на остатоците и контурите на градовите не е условено со скапите и бавни ископувања, зад кои обично се кријат истражувачите. Релативно добрата видливост на површинските остатоци — пред се архитектурата вклопена во јасна рамка на одбрамбените градски зидови — овозможува веќе денес да дојдеме до техничките снимки (планови) на повеќето од овие непознати градчиња; да ги упоредуваме, извлекуваме одредени заклучоци за типот на истите, големината, значајот и др.

Едно од спомнатите градчиња лежи кај селото Дреново. Го запознав во текот на рекогносцирањата во 1966, 1967 и 1969 година, а во 1972 и 1973 топографски го снимив, заедно со некои од околните наоѓалишта. Локалитетот лежи на 19 км југозападно од денешната крстосница кај Градско, односно 18 км од Стоби. Оваа позиција точно се совпаѓа со станицата Еурист, забележена во Табулата Појтингериана (Tab. Peut. УП. 5. VIII, 1: Stopis — XII Euristo — XXIIII — Сегаmis). Во досегашната литература Еурист е третиран само како попатна станица на спомнатиот пат, без други податоци, со позицијата која била приближно лоцирана4 4

На 4,5 км западно од устието на Раечка Река во Црна, 2 км с/3 од с. Дреново и 2 км с/и од с. Раец, се издига рид од варовнички карпи, наречен Градиште или Девол-град. Видот ја затвора речната долинка и собраќајната артерија од Повардарието кон Пелагонија. Вдолж северното чело на Градиштето, низ сосем тесна клисура, се пробива Раечка река. Низ клисурава просечен е и модерниот пат Градско-- Прилеп, стеснет под карпите кои речиси вертикално се дигаат нагоре, 90—110 м, до платото на врвот од ридот (Градиште). Од јужната страна, ридот терасесто слегува во блага преседлина, преку која врвела античката магистрала CroOu—Kepamue (в. са. 3 план на градот).

На рбетот од ридот, во протоисториско време било изградено утврдено градче. Западната и северната страна се потпирале на работ од бездната и стрмно карпесто чело на ридот, а јужниот и источен градски зид биле изградени на висока насипана тераса. Портите од ова градче можат да се препознаат на западниот и j/u крај, каде постојат мали приодни тераси и двојни зидови (бр. 2 и 3 на сл. 3).

Оваа полисма, долга 400 м (3--И) и широка до 110 м во правецот С--Ј, зафаќала површина од преку 3 хектари. Југоисточниот дел од населбата, над големата јужна тераса (бр. 4 на сл. 3), изобилува со подвижни наоди; секој посетител ќе остане навистина изненаден од изобилноста на грнчарија, со која е покриена површината. Евидентирани се ретки парчиња на родоско-јонски вази од архајскиот период, многу повеќе од атичките црвенофигурни и црнолакирани вази од V—III век, бројни техники и форми на хеленистичката керамика, како и помало количество на раноримска.

Препечени и деформисани фрагменти на сивата, но и црвенопечената грнчарија со лак, зборуваат за рана и силна локална продукција. Раните и тесни врски со егејскиот свет потврдени се и со метални наоди и бројни монети од IV Век ст. с. па натаму (македонски владетели и макед. градови); тука е ископана и убава бронзена статуета -- гола жена што се капи (са. 6),5 потоа дел од златна обетка -- привесок во вид на Ерос со огледало (III—II в. ст. с.)ви др.

Во раноримско време, градчето се проширило низ падината кон југ, допирајќи со долгото јужно чело речиси до средина на преседлината. зидовите од овој град не се откопани и за нивната техника на

Са. 1 -- Археолошка карта на западна Тиквешија, Витачево и источно Мориово
Сл. 1 -- Археолошка карта на западна Тиквешија, Витачево и источно Мориово
Са. 4 -- Исечок од карта 1: наоѓалишта околу Ресава и Бегниште
Сл. 4 -- Исечок од карта 1: наоѓалишта околу Ресава и Бегниште

изведба незнаеме ништо; над нив се протега само јасен насип од градежен шут и земја, со стрмно надворешно чело. Се назира и позиција на j/3 градска порта (бр. 8 на сл. 3). На ј/и агол постојат 2 тераси; долната тераса, нако населена, била изгледа надвор од градскиот ѕид, или тука имаме двострук одбрамбен појас бидејќи ова е еден од најосетливите сектори за одбрана (бр. 9 на сл. 3).

Бедемите опфаќаат површина, голема 490 х 250 (170) м односно точно 9 хектари. Према ова, Еурист спаѓа меѓу поголемите наши градови од тоа време. Кон ова треба да се придодаде и овалното плато Плоча, големо 150 “: 70 м (површина од 0,85 ха), што стои до јужната периферија на градот, тачно на средина на преседлината (бр. 10 на са. 3). Околу северниот крај на ова плато врти длабок пресек, низ кој се провлекувала античката магистрала преку ССААОТО. Плочата има сосем стрмни, високи страни и зарамнета површина, со дебели насипани слоеви околу острата периферија; сето ова, како и положбата на овој загопсетен MNYHKT АО самата магистрала а на врвот од седлото, ни наметнуваат бројни претпоставки за некогашниот значај и улогата на истиот.

Во раноримско време, од падините на Девол била донесена вода низ керамички тубули до во ј/и дел од градот. Таму е раскопан завршетокот на овој водовод и чешмата (тубули, пружени низ заштитно камено корито; бр. 7 на сл. 3). За да не ја изгуби висината на секторот на седлото, водата била превлечена преку платото Плоча; а преку пресеците до јужниот и северен крај на Плоча, била секако премостена. Во средишниот дел на Плоча се распознаваат урнатини од една голема градба. Према исказот на мештаните кои тука копале, тоа е „голем бунар“; бесомнено цистерна, во која преведената планинска вода се смирувала и акумулирала, пред да ја помине последната делница од 110 м до градската чешма.

Остатоци од темели, 5идани со малтер, најчести се во ј/Н АСА од градот, околу чешмата; најверојатно тука треба да го бараме и градскиот центар. Мермерни обработени блокови како украси од јавните граѓевини лежат и до јужниот градски ѕид, али и на врвот од ридот (бр-5 и 6 на са. 3; са. 10, 11). Сепак изгледа, дека во раноримско време горните тераси биле слабо настанати. Раноримска керамика најбројно се среќава на долната тераса -- во новиот дел од градот, на горните тераси, во рамките на предримскиот опидум, истата е многу поретка.

На Градиштето стоел „град“, населба заштитена со 5идини. Мегутоа и во потесната околина лежат незаштитени (отворени) населени површини. Така, во западното подножје од ридот, на местото каде преседлината се состава со долинката на Раечка река, среќаваме едно подградие, големо околу 2—2,5 ха (бр. 5 на сл. 2). Тука сеуште јасно се распознаваат два крака на стариот пат што одел кои Пелагонија: едниот се спуштал низ усек до реката, ја преминувал и продолжувал натаму по левиот брег. Другиот крак се извлекувал по ниската коса до трасата на денешниот локален Раечки пат. Јужно од подградиево, нагоре по тесната коса Валевица, лежи западната градска некропола (бр. 6 на сл. 2). На нејзиниот јужен крај, на 800 м далеку од градот, лежат и денес на површината од ридот 10 мермерни блокови -- урнатини од една репрезентативна гробна меморија или мал храм (фронтон со штит, профилирани делови од венец, стилобат и др.; сл. 12, 13). Граѓевината стоела на извонредно доминан-ТНО место.

Во источното подножје на Градиштето, под денешните варници, се протега големата источна некропола — секако главно градско гробишта (бр. 3 на са. 2). На падината над нејзината јужна периферија, се среќаваат остатоци од уште едно подградие, поголемо од претходното. Мештаните тука изорале бројни темели, питоси, грнчарија, ситни наоди. Изваден е и многу голем мермерен постамент од некој јавен споменик (бр. 4 на сл. 2).7 За разлика од наодите на Градиштето (пред се керамичните) кои временски се ограничени и чисти, тука имаме мешани рано- и касноримски наоди.

Значајно е што во текот на доцноримскиот период, животот во рамките на разурнатото раноримско градче не се обновува. Благодарение на ова, поранешните (раноримски и предримски) слоеви останале чисти и непокриени; доцноантичка керамика навистина сосем спорадично се среќава на Градиштето. Али затоа наспроти градот, на јужната страна од седлото (потез Плочи-Валевица, бр. 2 на сл. 2), израснала голема неутврдена населба. Се протега на повеќе тераси, на импозантна површина од околу 20 хектари. (Да потсетам дека доцноримскиот град стоби опфаќал површина од само 14-15 ха!). Со ерозијата тука се разголеми бројни темели од граѓевини, насекаде лежат ќерамиди и грнчарија од ова доцно време (IV и У век). Тие се пратат по северната падина на ридот Девол, со прекиди, се до неговиот врв, каде на тесното плато стоел помал рефугиј (бр. 7 на

Населбата од оваа доцна етапа немала оформен урбанистички лик, таа небила повеќе „град“ и покрај својата големина и бесомнениот значај. Да напомнам дека кај Дреново е најден натпис од почесен споменик, подигнат во слава на победата на Теодосие I над Готите -- по битката што се случила секако на ова место.8 Потоа, постои една голема ранохристијанска базилика чии што мермерни украси ги збунувале поранешните истражувачи (сл. 7—9).9 Димензиите и изведбата на некои од овие украси сосем се блиски на слични наоди од Стоби; бидејќи порано никој не им обраќал соодветно внимание на урнатините околу Дреново, била прифатлива идејата мермерните делови да се донесени ваму од Стоби. Сега ги знаеме и мадемите близу Дреново и позицијата на базиликата од која селаните ги ископале овие украси — таа лежи повлечена далеку на југ, во планинската долинка Мотичански Дол (бр. 8 на сл. 2), на стариот пат кон планинските населби и тврдината над Грбавец.

Положбата на прикажаната населба е извонредна. Еурист го контролирал магистралниот пат и сите продири од Повардарието кон Пелагонија. Во источното подножје на градот започнува плодното

Са. 3 — Градиште, Дреново, топографска скица: антички Еурист.
Сл. 3 — Градиште, Дреново, топографска скица: антички Еурист.
Са. 5 -- Градот Тиквеш, Ресава, топографска скица:
Сл. 5 -- Градот Тиквеш, Ресава, топографска скица:

1 -- Зона на римскиот град. 2 -- Источна градска порта со кула. 3 -- Римска некропола („Горни лозја“). 4 — Тераса со доцноримски гробови. 5 — Средновековен град Тиквеш. 6 -- Просечниот преслап Порта.

Дреновско поле, а југоисточно — Тиквеш; ова земјиште му припа-Faao на Еурист. Околу 7 км северно од градот, на падините на Руен (над селото Мрзен-Ореовец), стојат негибнати римски мадеми, кои Eypucr и соседно Стоби ги снабдувале со бречест црвеножилен мермер.10 На Еурист избиваат и планинските патишта од рудоносниот бассен на Кожуф — по долините на Црна и Царевиќка река. На крајот од антиката, кога животот во долините веќе сосем замрел, на високите карпи на врвот Грбовечка Кула (5,5 км јужно од Градиштето) стои голема јустинијановска тврдина--град, како последно упориште за цел овој регион (бр. 58 на сл. 1). Во времето кога Византија владее во овие краеви, повторно е согледан значајот на позицијата кај Дреново: тука е изградена големата Дреновска црква, најверојатно уште во XI век,11 како духовна жижа за овој крај.

Ке се осврнам и на другите наоди од овој крај, со обид да го одредам обемот на територијата чие што средиште бил Еурист. Досега најисцрпен географски и демографски приказ на овие краеви потекнува од В. Радовановиќ.12 И во одредувањето на нашите граници ќе се базирам максимално на заклучоците и опаски на овој истражувач, кои се впрочем и единствено прифатливи. Радовановиќ пра-ВНАНО заклучи дека широката област Тиквеш е составена од ПОвС ке мали целини, со свои географски рамки и етнички и стопански подвоености. Областта, врзана најтесно за Дреново, опфаќа делови од 2 речни долини: на Црна со притоките почнувајќи од клисурата помеѓу селата Полошко и Куманичево на југ, до нискиот пробој Бизевска (Трстеничка) Сатеска на север. Потоа долината на Раечка река од пробојот меѓу карпите на Стража (Фаришка клисура) на запад, до нејзиното устие во Црна.

Планинската рамка околу оваа територија е висока, непрекината и јасно уочлива. Северната линија се движи по сртот на Руен (висок до 1005 м), слегува по карпестите ограноци до Црна река кај Манастирец; тука се префрлува во импозантниот Љубеш чии северни огранци допираат до Црна а јужните наставуваат во непрекинат венец Амзовец (630 м) — Казаринов Рид — Висока Грамада (846 м) — Раковец (942 м), се до ограноците на Кожуф. Од запад, границата води по ограноците на Руен до Фаришката клисура и преку кањонот на реката наставува во масивот Галичен (1514 м) и врти заедно со планинскиот венец кон исток; наставува во масивот на Голема Рудина (1430 м), во иста насока до клисурата на Црна; се качува од другата страна во карпите на Синокос (1039 м) и се поврзува со високите тераси на Раковец.

На запад од нашиот регион лежи басенот на Царевиќка и Тројачка река, планинска област тесно врзана за с/и дел од Пелагонија. Во античко време тука егзистирал значаен број на станишта и населби (дел од истите прикажан с на са. 1). Уште Н. Вулиќ забележал поголем број камени споменици во тој крај.13 И Радовановив (u. д., 507 —515) бележи низа стари места и наоди во тој регион. Сепак, вистинскиот лик на античката археолошка карта го оформиле Б. Бабик и Б. Китановски по опсежните рекогносцирања на овој терен.14 Побогати остатоци лежат кај Беловодица, Царевиќ, Смолани, Топлица, но сѐуште не е откриено едно регионално средиште со обележја на едно градче. Најчести се малите селца и доцноантички полски имоти, расфрлени по планинските тераси. Сепак може да се заклучи, дека географската положба на овој крај, обележјата на археолошките наоди, камени споменици и др., зборуваат за едно силно гравитирање ко: запад, кон Пелагонија; тоа е и денес нераздвоен дел од прилепскиот крај.

Јужно од нашата јужна линија лежи пространа планинска област — најисточниот дел од котлината Мориово. Географски и етнографски, границите на истата се јасни и денес; сепак, изменетите стопански услови во наше време кои речиси наполно го раселиле овој пасивен крај, условиле источниот дел на Мориово административно да се припои кон Тиквешијата (Кавадарци). На картата -- са. 1, ro прикажав и овој дел поради тесните врски што постоеле со нашиот регион. За наоѓалиштата во античко време ќе зборувам на крајот од овој приказ.

Северно од нашиот регион лежат муниципалитетите Стоби и Неапол. Разграничувањето на овие територии тука е доста јасно. Денес, тоа е дел од јужната граница на општината Т. Велес.

Источната граница води по разводната линија меѓу нашиот регион и сливот на Ваташка река (Луда Мара). Таму лежи денешниот центар на целата Тиквешија, Кавадарци. Меѓтоа, во античко време тука немало поголем центар, макар што бројот на камените споменици регистрирани како „од Кавадарци“ е импозантен и може лесно Аа заведе.15 Сливот на Ваташка река гравитирал кон средиштето источно од неа, наводната Анатигоне во Повардарието.

Нашиот регион има форма на трапез, со средна должина од 25 км (С-Ј) и ширина од 15--17 км. Во овие рамки егзистирале до скоро 2U-uHa села; голем дел од нив иселен е и напуштен денес сосема или во голем дел, особено западната половина од нашиот регион (Горни Села), која (со исклучок на Дреновско поле) заостанува далеку по плодноста и производните можности зад источната половина. Тоа важи ин за античкиот период.

Поради обемноста на граѓата која неможе да биде прикажана на ова место, ќе дадам само преглед на наоѓалиштата, со понекоја напомена за нивната големина. Инаку, нивното детерминисање е претставено на сл. | со соответни знаци. Кај одделни наоѓалишта, ќе наведам и специфични наоди кои неможам да ги премолчам (питоси, монети, надгробни стели, ранохристијански цркви). Инаку, основните наоди што се среќаваат на секој локалитет (грнчарија, тегули, темели и др.), опфатени се во поимот на зборот „населба“, „полски имот“, „кастел“ и друго.

Податоците од терен ги собирав и обработив по повеќегодишните рекогносцирања во овој крај; се користам и со постарите белешки -- ца В. Радовановин, кој за жал се ограничил само на имињата на локалитетите, со поменот дека таму има „старини, грамади“ и др. Потоа на Археолошката карта на Н. Byauh, кој ни оставил само ориентациона схема базирана воглавно врз наодите на камени споменици, дури

Са. 6 — Bponsena статуета од Градиште, Дреново; сл. 7, 8 -- мермерен капител и импост, Мотичански Дол, Дреново; сл. 9 — мермерен квадер изделкан од капителот со орли, Дреновска црква; са. 10, 11 — мермерни елементи од Градиште, Дреново
Сл. 6 — Bponsena статуета од Градиште, Дреново; сл. 7, 8 -- мермерен капител и импост, Мотичански Дол, Дреново; сл. 9 — мермерен квадер изделкан од капителот со орли, Дреновска црква; са. 10, 11 — мермерни елементи од Градиште, Дреново
Са. 12, 13 — Мермерни елементи од МаВ30АејоТ на Валевица, Дреново
Сл. 12, 13 — Мермерни елементи од МаВ30АејоТ на Валевица, Дреново

it без нивното место на наодот. Во поново време A. Керамитчиев го рекогносцирал подетално овој терен, делумно и со потпишаниот, вршел и ископувања. За жал, голем дел од наодите сеуште не е објавен.

НАОЃАЛИШТА ОКОЛУ ДРЕНОВО И СЕВЕРНО ОД РАЕЧКА

И ЦРНА РЕКА

До јужната периферија на с. Дреново, на падината се до Дреновската црква а на површина од близу 3 ха, лежат остатоци од римска населба (бр. 9 на сл. 2). Вода од изворот кај црквата спроведена е низ тубули во населбава. И самото место на средновековната црква, сред мистичната тектонска увала опкружена со вертикален карпест ѕид, индицира прастаро култно место.

На питомата коса Картозов Рид, на 04 км северно од селото, на 2 тераси лежат остатоци од богата полска вила (бр. 15 на сл. 2; ископани мерм. колони, подови од хидростатен малтер, монети). На карпестата чука Врано Брдо (0,9 км ист. од селото) што доминира над поширока околина (бр. 10 на сл. 2), стои мал утврден доцноримски рефугиј (одбр. зидови). Во неговото j/3 подножје (notes Колиби) лежи доциноримско селце, а во источното подножје, под стрмното чело на ридот, кај Беќирчева Чесма (бр. 11 на са. 2) раскопани се доцноримски гробови (камени цисти). Источно од оваа чесма, на ниската коса Грамаѓе среде разбранетите падини (бр. 13 на сл. 2), разголени се контури на полска вила (централна зграда опкружена со споредните; сев. од овие, во подножјето, римски гробови; надгр. стела, датирана во 106 г./7).17 Јужно од Беќирева Чесма, на голата коса Пенур, вдолж еден порој, стојат разголени доцноантички гробови (бр. 12 на

сл. 2; камени цисти). На ниската чука Ѓупски Рид, 2 км с/и од селото, има остатоци од помало селце од римско време (бр. 14 на Са. 2).

Западно од комплексот на Еурист, на просторот Ао Фаришката клисура која е чувана од еден кастел на карпите на Стража (бр. 53 на сл. 1), регистриран е мал број наоди. Под с. Раец, до сел. црквиче, на падината Стари Гробишта (бр. 16 на са. 2), откопани се доцноримски гробови (и надгр. стели со грчки натпис --- Радовановив, 516). Северно од ова, во подножјето на Тисавец на работ од долината, лежи Грамаѓе со остатоци од античко селце или полски имот и доцноримски гробови (монети, вази; бр. 17 на са. 1).

Под с. Кесендра (1,5 км на сси), на терасата кај врелото Извор, лежи Црквиште (бр. 18 на сл. 1) со траги од помала римска населба и некропола; надгр. стела со грчки натпис (Спом. 75, бр. 140).

Теренот северно од Раечка и Црна река е претежно планински и КаМСННСТ, со поволни УСАОВН 3a развој воглавно во долината на Црна. Тука се регистрирани следните наоѓалишта:

— кај с. Мрзен--Ореовец лежат веќе спомнатите мадеми за мермер „Стоби“ на падините на Руен, 2,5 км зсз од с. (бр. 59 на сл. 1). На потезот Оливара, кај сел. црква источно од с., има остатоци од помала римска населба (питоси, монети доцноримски) и некропола, надгр. стели (Спом. 75, бр. 130-132). Малото плато Падарница 2 км ј/и од с. (Ор. 61 на сл. 1) носи остатоци од помала утврдена населба (бројни монети од II век ст. е.—І в. н. е. и потворно [V—VI в. н. е.).

Во с. Дебреште (бр. 62 на сл. 1) има траги од мала населба (монети од 1V век); од порано е ископан мерм. столб со посвета на Зевс (Спом. 75, бр. 124).

Под с. Камендол, на работ од долината, лежи лок. Грамаѓе (бр. 63 на сл. 1), со остатоци од доцноримско селце (монети од Диоклецијан и Јустин I).

Дреновското поле затворено е од северната страна со ниската превлака Макарија, низ која Црна просекла мала клисура на патот кон Вардар. Тука стоело с. Бизевик, денес раселено. На ј/и падина на ридот Макарија (1 км j/3 од c. Трстеник; бр. 19 на са. 1), се простирала голема доцноримска утврдена населба, на површина од неколку хектари. Трасата на одбрамбениот зид јасно се прати по сртот на ридот до неговото ј/3 и с/и подножје, каде врти кон реката. Изгледа дека овој опидулум егзистирал сосем кусо време.

НАОЃАЛИШТА ИСТОЧНО ОД ЦРНА

Источно од с. Шивец, во подножјето на Љубеш, на потезите Паwunu Грамади и Селиште (бр. 20 на са. 1), изоравани се бројни остатоци од помали населби (питоси, монети од IV в.); надгр. стели со грчки натписи (Радовановив, 447).

На ниската чука Хусков Рид над работ на с. Манастирец (бр. 21), стоела помала римска населба (питоси, многу вази; 3 грнчарски печки -- према Радовановин, 450; монети). Во самото село (Средсело), откупувани се римски гробови (монети од III, IV и VI век; осуар со грчки натпис — Спом. 75, бр. 127). Континуумот на оваа некропола и населбата се прати од раноримско време до крајот на антиката.

На 2 км јужно од с. Возарци, доминира над излезот од клисурата на Црна висока чука Кале, како северен завршеток на венецот Утовец. Чуката е опфатена со кружен камен зид (бед малтер 2) — мал додоцноримски рефугиј голем 80 × 90 м, со насип и ров од ј. страна (бр. 22). Во зап. подножје на Кале, во клисурата на Црна, раскопано (1966 г.) повеќе доцноримски гробови (камени цисти). И на левата обала на Црна карти Калето, на сев. крај на Голема Страна на излезот од клисурата (бр. 23), ископувани се остатоци од доцноант. селце (питоси) и гробови (Радовановиќ, 446). Во сеѕ. подножје на Кале, на падината над црквичето Св. Илија (Долно Кале), има остатоци од доцноримско селце (1966—67. ископани се бројни питоси) и гробови (бр. 24).

На 1 км с/и од с. Брушани, на јужниот крај на венецот Пржалте, се издвојува врвот Градиште кој доминира над широката околина (бр. 25 на сл. 1). Се карактеризира со идеално зарамнета површина и стрмни падини од сите страни; сепак, лесно с пристапен. Во с/ѕ ТІОАножје има извор. Платото било обградено со одбрамбени ѕид (форма

Са. 14 — Градиште, Дреново, позиција на античкиот град (поглед од југозапад) Сл. 15 — Поглед од Градиште кон источното подградие и некрополата: во позадината Дреповско поле Сл. 15 — Поглед од Градиште кон источното подградие и некрополата: во позадин
Сл. 14 — Градиште, Дреново, позиција на античкиот град (поглед од југозапад) Сл. 15 — Поглед од Градиште кон источното подградие и некрополата: во позадината Дреповско поле Сл. 15 — Поглед од Градиште кон источното подградие и некрополата: во позадината Дреповско поле
Сл. 16 -- Градиште, Дреново -- поглед од запад Сл. 17 -- Клисура вдолж северната страна на Градиште. A. 18 -- Поглед од Градиште на западното подградие и долината Раец
Сл. 16 -- Градиште, Дреново -- поглед од запад Сл. 17 -- Клисура вдолж северната страна на Градиште. A. 18 -- Поглед од Градиште на западното подградие и долината Раец
Илустрација, стр. 189

на неправилен четвероагол со заокружени агли, со површина од 2,6 ха). Во средишниот дел се гледаат контурите на помало внатрешно утврдување; ова има чиста правоаголна форма, големо е 90 X 49 (30) м, со силна северна кула која испаѓа неправилно вон линиите на 5идовите. Ora градче изградено е бесомнено по разурнувањето на големата рамничарска населба близу до неговото ј/и подножје (бр. 41 на са. 1 -- в. за тоа понатаму); меѓутоа према уочените елементи, и ова големо упориште имало сосем кус век и по некоја провала било сосем напуштено.

На атарот на с. Ресава лежи најголем концентрат на антички остатоци, разместени воглавно во питомата долинка на Тиквешица. Западниот дел од долинава, од устието на Тиквешица во Црна па се до просекот Бучало под денешното село, се вика Тиквеш, со бројни антички и средновековни локалитети.18 Прво нив ќе ги прикажам.

Над устието на Тиквешица во Црна се издига купест рид Градот (висок 110 м), поврзан само преку тесното седло Порта со планината Илимица (бр. 29 на сл. 4; сл. 5; сл. 17). Градот одгоре е зарамнет, со единствен пристап од седлото; Портата е вештачки просечена, приодот да биде уште потежок. Квадратен простор, голем близу 2 ха, опфатен е со одбрамбен ѕид граден од камен со малтер и дебел 1,60—2,20 м. На источната страна откопана е главната градска порта, фланкирана со четвртеста кула (8 X 7 м). Во внатрешноста на градчето откопани се темели од стамбени згради и подвижен материјал, во распонот од ІТІ— Vi век. На западната падина од ридот, се протега долга тераса, во која се закопувани доцноримски гробови.19 Инаку, една поголема некропола од римско време стои на падинката Г. лозја, околу 400 м северно од градчето (гробови од тегули — „на две води“ и камени плочи; бр. 30 На сл. 4). Во градчето била доведена вода од изворот Косовец на Илимица, низ керамични тубули; преку усекот на Портата водата била секако премостена.

На површината на доцноримското градче заедно со западната пониска тераса лежела претходно поголема утврдена населба од класично-хеленистичкиот период (наоди од IV—I век ст. е.). Напоменувам и дека во XI—XII век тука постои веќе мала тврдина (голема околу 50 < 40 м) -- средновековниот Град Тиквеш.

Околу 0,5 км с/и од Градот, на потезот на средновековниот Манастир Тиквеш, треба да се бара помала ранохристијанска црква. Оттука се извадени и пренесени во Ресава делови од мермерни колони и базис (Радовановин, 434), до соседната Шакалица голем каменен столб, надвратник, постамент за столб и др."“,20 а на местото лежат повеќе мермерни делови. Источно од ова место, по јужната периферија на долината, на местата Шакалица--Грнчаровец и Разбиеница (бр. 33 и 34 на сл. 4) лежат остатоци од римски полски имоти; на Разбиеница е откопан (во 1967 г.) речиси целиот комплекс"!21

На северната страна на долината, на Ежовите Падини (бр. 31 на сл. 4), лежела отворена населба; источно од неа, на чуката Подриод (бр. 32 на сл. 4), помала римска некропола (ископувања во 1967). И во долината источно од Ресава остатоците се бројни. На потезот Ааха (бр. 35 на сл. 4), во бавчите до селото, откопано е неколку гробови од тегули и тули. На 1,3 км источно од Ресава, до воденицата на Тиквешица, од сев. страна, раскопани се темели од мала ранохристијанска црква; на падината северно од неа — доцноримски гробови (ор. 36 на са. 4). Источно од овие, вдолж ниската тераса Чаковец, се протегала поголема римска населба. Околу 0,5 км с/3 од оваа, на висока тесна тераса (сеуште Чаковец), лежат остатоци од полска вила, во омеѓен простор, со семејна некропола на j/3 крај (бр. 37 на са. 4); откопано е неколку гробови од П и IV Вех.22 Околу 0,5 км северно од вилата, во долчето Ст. лозја (бр. 38 на сл. 4), има помала доцноримска пскропола.

На јужната периферија на долината, на високото плато карти Чаковец, на потезот Црвеникаво Брдо кој наставува во Равниште во атарот на с. Бегниште (бр. 40 на сл. 4), се протегала поголема римска населба. И јужно од Ресава, на падината Ушите (бр. 39 на са. 4), има остатоци од помало селце. На 1,5 км северно од Ресава, во рамништето над почетокот на Кривиот Дол, на потезите Диво Бачило и Upeena Земја (бр. 41 на сл. 4), лежела голема римска населба. До неа е поголема некропола. Од 9-re надгробни стели што Вулиќ ги евидентирал во Ресава (Спом. 71, бр. 173—177, 632 и 634; Спом. 75, бр. 135—137), оттука потекнуваат 3, (и 2 од Манастир Тиквеш, 1 од Разбиеница, 2 од Чаковец). Бесомнено оваа населба побарала засолниште преселувајќи се на блиското Брушанско Градиште (в. напред).

И во с. Дабниште (бр. 42 на са. 4) раскопани се доцноримски гробови, во некои од нив вградени раноримски стели (Спом. 75, бр.

Прикажаниот концентрат на наоди наставува и на атарот на с. Бегниште, јужно од претходните. Над селото се дига заоблена чука Марково Кале (бр. 43 на сл. 4), со траги од мала утврдена населба ---з кастел доцноримски и гробовите на падината под ова (бр. 43 на сл. 4). Преку потезот Мисан Камен — пространа преседлина помеѓу карпестиот венец Голема Страна и разбранетите ридчиња, се качувал стариот пат што доаѓал од југ по клисурата на Црна и оттука наставувал на север кон долината на Тиквешица. Тука егзистирала поголема населба, развлечена на површина од многу хектари (еден викус; бр. 44 ua сл. 4). Ископувани се бројни питоси, бронзена пластика, римски монети (II, III u IV век), мерм. столбови и капители од ранохристијанска базилика (РадовановиН 427, 428, наведува вакви камени наоди и на Чернец); римски гробови, бројни надгр. стели (Crom. 71, бр. 130-134; Спом. 75, бр. 104, 105; Спом. 98, бр. 109-112 и нови необјавени). И j/3 од Писан Камен, на потезот Чернец што се издига над устието на Каменица во Црна (бр. 45 на сл. 1), има остатоци од помала населба, гробови; надгр. стели (према Радовановиќ, 428).

Натаму на југ, во планинскиот терен кој станува се потежок за живеење, по малите долини, регистрирано е неколку наоди. Над с. Кошани, на малата карпеста чука Задрид наднесена над долинката (бр. 46 на сл. 1), стои мал кастел — рефугиј за околината, а 0,5 км северно од него, на падината Врчвата, остатоци од доцноантичко селце (бр. 47). На местото, каде планинскиот пат слегува оттука во долината на р. Каменица, на падината Белутрак 3 км јужно од Кошани (бр. 48 на сл. 1), лежела исто една мала населба (питоси; надгр. стели).

Околу 2,5 км јужно од с. Горниково, во изворишниот АСА На р. Каменица, во долинката на потезот Селиште и Дабјата (бр. 49 на са. 1), изорани се остатоци од помала населба и доцноримски гробови.

Околу 3 км јужно од с. Драгожел, на високата планинска тераса под гребенот Сокол, лежи потез Селиште (бр. 50) со остатоци од помала доцноримска населба.

Во тесната долина на Црна, на широкото плато околу среднове-КОВННОТ Манастир Полошки, стоело поголемо селце (питоси, римски монети; бр. 51 на са. 1); јужно од ова, на Клинскиот Пат близу Црна, ископувани се надгр. стели со грчки натписи (према Радовановив, 415). И на десната обала на Црна, до северниот крај на с. Полошко (денес раселено), на ридчето Старо Село (бр. 52), ископувани се питоси и др. од мала доцноримска населба.

НАОГАЛИШТА ЗАПАДНО ОД ЦРНА И ЈУЖНО ОД ДРЕНОВО

Теренот на Горните Села е изразито планински, со шума и високи пасишта и слаби услови за нормална егзистенција. Овис села рано се спомнуваат во средновековните документи и се одржале без поголеми потреси до денес; дури во најново време крајов запустил поради го-АСМа миграција кон долините. Од античко време регистрирано е само неколку точки по течението на рекичката Дреновица.

Така, | км јужно од с. Драдња, над речната клисура и бочна раседлина, штрчи висока и тесна јазичеста тераса Варвара, со урнатини од римска населба (бр. 54 на сл. 1); до неа лежат Илимски Гробишта, со раскопани римски гробови (према Радовановиħ, 442 — и надгр. стели со грчки натпис). С/и од населбава, на работ на планинската површ, наднесено над кањонот на Дреновица и спомнатата раседлина, доминира ридот Градиште со остатоци од помал кастел (бр. 55). Под него-ВОТО чело, близу до средновек. пештерна Маркова Црква, лежи Манастириште со извор и остатоци од постара црква, веројатно доцноантичка.

Наспроти оваа населба, на јужната страна од кањонот на Дреновица, на терасите под с. Шешково, лежи Тумба со остатоци од помала населба (големи питоси, римски монети) и доцноримски гробови

Во изворишниот дел на Дреновица, над с. Грбовец (денес раселено), стои Преслап, блага преседлина преку која од долината на Дреновица патот преминува на север, кон Мотичанскиот Дол и долината на Раец. На преслапот има урнатини од помала населба (монета на Ал. Север) и некропола (према Радовановин, 440, 441, ископана е и надгр. стела со грчки натпис). Западно од Преслапот се издига многу високо брдо Грбавечка Кула (1170 м). Има зарамнето плато на врвот, долго околу 350 м (С—Ј) и широко 40—80 м; северната и западна падина се високи вертикални карпи; пристап има само од с/и крај. На врвот стојат остатоци од силен и многу голем кастел-град, подигнат на крајот на антиката (опус на градење, повеќе монети од Јустинијан; бр. 58 на сл. 1). Како што спомнав напред, ова е бесомнено едно од іОСАСАННТе големи упоришта за широкото ОКОАНО подрачје над кое доминира; се гледа од долината на Раечка река и голем дел на Тиквешијата -- се до Стоби и понатаму на североисток. Да напомнам дека во неговото с/3 подножје, 2 км далеку, лежи селцето Кесендра. Да не € ова спомен на некогашното име на градот, Касандреја?

Аа направиме еден мал заклучок, што може Аа се извлечи од Наведените податоци. Животот во овој регион може да се прати континуирано од Железното време; над устието на Дреновица во Црна, стои мала купеста чука Шешковско Градиште на која бил изграден многу голем халштатски опидум — вистински „град“ со акропола и 3 утврдени подградија (бр. 28 на сл. 4). Истовремени тумули стојат на планинските тераси западно од него, а ги има и над с. Брушани источно од Црна. Некаде во V—IV век, населбата е веќе преселена на Тиквешкиот Град и тука ќе живее со амплитуди до крајот на антиката.

Од друга страна, северно од овие пунктови, веќе во архајскиот период израснал уште еден центар, Еударист; благодарејќи и пред се на положбата покрај Пелагонската магистрала, изложен на директни контакти меѓ Повардарието и Пелагонија, Еударист станал вистински стопански ценатр на прикажаното подрачје, достигнувајќи и соответна големина и богатство. Во раноримско време Еударист е бесомнено регионален управен центар и има одредени урбани обележја.

Во раноримско време, во плодните региони источно од Црна, егзистираат големи земједелски населби — кај Манастирец, Ресава, Бегниште. Целиот регион е многу цивилизиран, за што зборуват надгробните стели (сите со грчки натписи), наоѓани и во најдалечните планински населби. Токму овие стели — а тие се дел од познатата „кавадаречка група“ — со свои оригинални елементи, уште необјаснета симболика и „искварен“ грчки јазик, ни го наговестуваат оној широк антички дах, можеби малку задоцнет али сепак толку силен да стане опште прифатен од населението и да се разлие рамномерно по селата, селцата и дури планински бачила. Впрочем, тоа е дел од јадрото на античка Пеонија.

Во доцноримско време, кога Еурист ги изгубил градските обележја а веројатно и многу од своите поранешни функции, населбите исто-НО ОА Црна како да добиваат во сила, некои од нив изградуваат свои цркви, некои и одбрамбени зидови, и блиски се до изгледот на доцноантичките градчиња. Утврдената коме на Макарија кај Трстеник сеуште не збунува со својата големина, положбата и временскиот распон во кој постоела. Го регистриравме и случајот на Брушанското Градиште — голема утврдена коме која не успеала подолго да опстани во замислениот обем и замислената форма.

Меѓу тоа, коме на тиквешкиот Град успеала да опстане и да се наметна како мало регионално средиште, макар што била помала од претходните. Најверојатно благодарејќи И на извонредната позиција, добро утврдена и тешко освоива; а тоа е и математичко и географско средиште на нашиот регион. Градот лежи и на внатрешниот пат кон рудниците на Кожуф а подалеку е од пелагонската магистрала која БО овие доцни времиња носела само опасности и пустошења. Градчето на тиквешкиот Град незагрозено то доживеало и крајот на антиката. Сепак е чудно што Византија по обновувањето на својата власт тука, не изградила упориште кај Дреново (или ние уште не го откривме 2), туку пак тука. Тоа е „градот Тиквеш“, потврден веќе со наоди од XI и XII век; всушност малецок кастел, чие име му се наметнало на речиси целото Средно Повардарие.

Ке направам и еден сосем кус осврт на територијата јужно од нашиот регион, планинската област до врвовите на Кожув и Кајмакчалан; напред рековме, тоа е најисточниот дел од Мориово. Крајов е некомуникативен, со сурови и оскудни услови за живеење: малку сточарење, сечење на шума, малку рударење.

Остатоците од античкото време се ретки и скромни. Над с. Куманичево, на терасите Грамаѓе лежело доцноримско селце (питоси, обраб. блокови; бр. 64 на сл. 1). Северно од него и селото, се дига импозантно брдо Град (бр. 65), со непристапни карпести страни кои паѓаат во клисурата на Црна; на Hero — утврдена доцноантичка населба (многу питоси). Околу 3 км ј/3 од Куманичево, во големиот завој на Црна, опкружен од 3 страни со реката, штрчи тесен јазичест рид Градот. Има зарамнета површина, на која стоел опидум во предримско и раноримско време (бр. 66 на сл. 1).

Ова е скромно и бедно средиште на овој посен регион; тука слегувал патот од рудоносните планински ревири до клисурата на Црна и по неа наставувал на север. Источно од Градот и реката откопани се римски гробови.

На истиот пат, под с. Клиново, регистрирани се остатоци од помала населба (питоси, доцноримски монети) и гробови (бр. 67). Продолжувајќи по истиот пат на југ, доаѓаме до с. Рожден. Над селото се дига ридот Градиште (бр. 68), со остатоци од помала утврдена населба — кастел (римски и рановизант. монети). Западно од него, на планинските падини на потезот Арничко (бр. 69), лежат остатоци од рударска населба (питоси, монети), доцноримски гробови; блиску се и рударски поткопи и шлакишта. Продолжувајќи по долинката на Мадемска река на југ, високо во масивот на Кожуф, лежи нова рударска населба Мајдан (Алшар), во чија околина има бројни траги од рударењето во антиката (бр. 70). И далеку на исток оттука, 5,5 км ј/и од с. Мрежичко, скриен во масивот на Кожуф стои Власов Град (Росол-град); тоа е високо купесто брдо со непристапни страни, на чиј врв стоела позначајна рударска утврдена населба --- кастел (силна фортификација; бројни монети од III—IV век; бр. 71).

Да спомнеме уште 2 точки: малата доцноантичка утврдена населба на ридот Градиште над с. Градиште (бр. 72) и наодите покрај с. Бојанчиште; тука стоела мала планинска населба, гробови (према РадовановиБ, 419 — и надгробни стели со грчки натписи), потоа огромен блок — ара со букранион — на потезите Керамидница и Св. Атанас

Рударството било најверојатно причина, и во овој крај да стигне дахот на цивилизацијата. Интересувањето за антимон и железо од овој крај започнало можеби уште во хеленистичко време; тогаш би можеле да објасниме што барале тука тетрадрахмите на Атина, откриени кај Витолиште и Мелница, а тетрадрахма на I макед. област во Галиште (бр. 74); во Витолиште е закопана и поголема остава на римски републикански денари.

Во раноримско време кај с. Витолиште израснало богато рударско градче, со јавни граѓевини, почесни статуи и споменици од мермерни др. -- едно вистинско изненадување во оваа пустелија. Да потсетам дека тука е најден и загонетниот натпис со поменот на населбите Генеатии ...касини, едно од ТНС имиња најверојатно е во врска со некогашниот град кај Витолиште. Континуум на животот тука се прати до доцната антика (бр. 75 на сл. 1).

И кај соседното с. Полчиште, на местото на раселената Мелница (бр. 76) лежат остатоци од богата мала населба — можеби пак едно градче — со големи почесни и вотивни статуи од мермер, јавни згради и др. што се таму ископани. За жал, овој пункт не е доволно проучен на теренот. Инаку, од Витолиште преку Мелница може да се прати антички пат кон Гуѓаково на Црна (бр. 77), откаде преку ниско седло и по долината на Царевиќка река избивал на пелагонската магистрала.

Овој рударски крај бил географски б(комуникативно) тесно врзан со подрачјето на Eypucr и преку него излегувал во свет. Сепак, тоа с засебна географска и стопанска целина која треба да се третира одделно од првата.

Белешки

  1. Преглед на сите овие „градови", заснован врз археолошките остатоци на теренот, уште не е составен. Досегашните прегледи засновани врз литерарните податоци (пред се на Ф. Папазоглу, Макед. градови у римско доба, Скопје 1957, 186—256), не ја покриваат целата наша република. Не е решен докрај ни проблемот, што сè подразбирале античките автори под поимот „град", прашање кое и спомнатиот автор во н. д. повеќе пати поставува. Од археолошка гледна точка, ја истакнувам потребата за известно рангирање на нашите „градови", со соодветна терминологија (уп. I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheol. nalaza, Skopje—Beograd 1966, 65 и д., 84, 85 — обиди, базирани врз сведоштвата на Полибие и Ливие). Ова е уште поактуелно за доцноантичкиот период кога и формата и ка- Фил. факултет кн. 23, Скопје 1971, 269—283, и особено карта 2 — преглед на локалитетите во оваа долина; обемен приказ на средновековните остатоци дава В. Радовановић, н. д., 433, 434. ↩
  2. Релефот, што толку јасно ја дели Македонија во низа помали и затворени географски целини, еден е од елементите со пресуден значај при одредувањето на културните или етнички рамки и меѓусобните комуницирања или подвоености, особено во раната историја и преисторија. Ова е уочено и истакнувано уште од порано (Casson, Heurtley, во најново време и Hammond; ro потенцирав и јас -- в. Pelagonija, I—4 u T. 1: -- исто и: Непознат-ант. град кај Мојно, Год. Зборник на Фил. факултет кн. 22, Скопје 1970, 338—340 и сл. 2). ↩
  3. Ф. Папазоглу, во н. д., почесто инсистира на многу поголема територија околу1 познатите градови, исклучувајќи ја со тоа можноста за егзистирање на други, уште ig рее самоуправни општини кои преку теренските наоди веќе се наговестени. Нејзините заклучоци сосема се прифатливи за доцноримско време. Претпоставевото присоединување на поранешните самостојни територии кон новите AOWHOPHMCKH градски центри мислам дека е одбележано и литерарно: безименото раноримско градче јужно од Суводол, во познатиот натпис од поч. на IV век, веќе с коме (на Хераклеја?) — в. Ф. Папазоглу, н. д., 197; Н. Вулић, Спом. ↩
  4. N. Vulić, A K J. Blatt Kavadarci, Beograd 1938, C. 3, 10; — истиот, Споменик ска 71, Београд 1931, бр. 146—147; Споменик 75 (1933), бр. 126; Спом. 98 (1941—48), бр. 127-130. -- Ф. Папазоглу, н. д., 243. — За можното идентификување со Аударист: истата, н. д., 211, 244 и наведените спомнувања кај Птолемеј (III, 12, 31) и Плиние (ТУ, 35). Со дубезноста на Б. Јосифовска, наведувам и еден нов податок (кај Б. Петракоу, во Архаиол. Делтион 23, Атина 1968, 99—110) — епитаф на пеонецот Ниќанор од EyAapucr, најден во Еретрија. Старините околу7 Дреново ги спомнува и В. Радовановиќ, Тиквеш и Рајец, Насеља и порекло становништва књ. 17, Београд 1924, 444, 445. ↩
  5. Ископана во ј/и дел на Градиште во 1950 г., откупена за Археол. музеј во Скопје -- в. к. бр. 444. Висока 59 тт. ↩
  6. Во приватен посед во Дреново, евидентирана во 1967 г. Идентични обетки од wo kaj G. Daux, Chronique des fouilles ... en 1958, BCH 83, 1959—II, p. 706, fig. 26. ↩
  7. Ова постолје, составено од 2 голема мерм. блока, можеби носело една коњаничка статуа; го евидентиравме во 1967 година, а набргу по тоа сопственикот ги исекол и пренел во Дреново, за мелење на шарлаган. ↩
  8. Н. Byauh, Спом. 71, бр. 147. ↩
  9. Р. Егер, Градска црква у Стобима, гснд 5, Скопље 1929, 33—36 (дури и за пластиката од XI век од Дреново!): -- Б. Бошковин, Архитектура Средњег века, Београд 1957, 132 и нап. 13 (за колони со капители во црквата). ↩
  10. Во 1972 г. екипата на Геолошкиот институт ги евидентирала овие мадеми и ни укажала за истите („Стоби I, II и III"); меѓу7 останатото, на местото лежи и еден голем недовршен доцноантички столб. ↩
  11. Б. Бошковиќ, н. д., 132. ↩
  12. B. Paaosanosnh, н. д., 131-565. . ↩
  13. N. Vulić, AKJ, Blatt Prilep—Bitolj, Beograd 1937 — наоди kaj селата Беловодица. Тројаци, Топлица, Ракле, Никодим, Радобили и Царевиќ. ↩
  14. Рекогносцирања во текот на 1962—1965 r.; материјал припремен за новата8 Археол. карта на Југославија roe за податоците им благодарам на наведените1 стручњаци од Нар. музеј во Прилеп. ↩
  15. Н. Byauh, и 71, бр. gia С- Спом. 75, бр. 89—97; -- Спом. 98, бр. 133—158; — уп. и Ф. Папазоглу, H. A., ; ↩
  16. И. Микулчиќ, Една античка villa rustica во Тиквеш, Год. зборник на Фил. факултет кн. 23, Скопје 1971, 269—285, и особено карта 2 — преглед на Локалитетите во оваа долинка; обемен приказ на средновековните11 остатоци дава B. Радовановивн, н. д., 433, 434. ↩
  17. А. Керамитчиев, н. д., А. П. 3, 121—124. ↩
  18. A. Керамитчиев, Чаковец- Ресава, A. П. бр. 2, Београд 1960, 106--109; — 1 A. Керамитчиев, н. A., A. П. 2, 106--109; И. Микулчиќ, н. д., 281. ↩
  19. Микулчиќ, Една нова остава на тетрадрахми и преглед на монетните наоди од V—Il4 рее ст. е. во Македонија, Год. зборник на Фил. фак. КН. 24, Скопје 1973, 167, 168. : : Ши ↩
  20. Kazarow, vo BCH 47, 1923, 175 и д.; N. Vulić, AKJ, Blatt Prilep—Bitolj, 7, 34; — И. Muxyaunh, Старо рударство кај Витолиште, Crpemex XIII, бр. 7, Прилеп 1967, 46—53. ↩
  21. Н. Вулић, Спом. 71, бр. 420, 421 и нови, необјавени наоди; — истиот, акј, Blatt P—B, 31. ↩

Zusammenfassung

Zur Topographie von Euristus (Audaristus)

Nach der Tabula Peutingeriana (VII. 5—VIII. 1: Stobis — XII —Euristo — XXIIII —Ceramis), kann man Euristus mit den Ruinen auf dem Felsen Gradiste zwischen dem heutigen Drenovo und Raec identifizieren. Vielleicht ist das auch Eudaristus (Audaristus), eine paéonische Stadt in mehreren antiken Schriftquellen erwahnt*.4 Die topographische Aufnahme der Bodenfunde zeigte zuerst, dass Euristus ein Stadtchen (Polisma) war; dabei sind auch die Lebensetappen dieser Siedlung ansichtig geworden.

Von der4 spatarchaischen bis in_die rémische Zeit existierte da ein befestigtes oppidum, drei Hektar gross. In der Friihkaiserzeit hatte das Stadtchen eine Flache von 10 Ha innerhalb der Mauern, wie auch kleinere Vorstadte an der24 westlichen, bstlichen und siidlichen Seite des Fusses des Berges (Abb. 2 und 3).

Nach der grossen Katastrophe in der zweiten Halfte des III. Jhs. wurde9 e'ne neue Siedlung erbaut, jetzt aber an dem Bergabhang siidlich von Gradiste (gegeniiber den Alteren Resten; No. 2, Karte 2); diese war3 nicht befestigt und hatte keine stadtische Merkmale. Als markante Funde spatrémischer Zeit sind Reste einer grésseren Basilika zu erwahnen, deren Marmorplastik (Abb. 7—9) friiher2 als von Stobi nach Drenovo verschleppte Funde erklart wurden’. Das gleiche gilt auch fiir das Denkmal, das zu Ehren des Sieges des Theodosius I. iiber die Goten aufgestellt worden war’. Das Schlachtfeld lag ohne Zweifel vor dem Engpass von Euristus.

Der Verfasser bemiihte sich auch die Grenzen des Territoriums festzustellen, welches zuerst als Stammesgebiet zu Euristus gehdrte und Црег welches spater die Stadt als wirtschaftliches und Regierungszentrum herrschte. Die grésste Konzentration der antiken Reste liegt in dem fruchtbaren Gebiet 6stlich vom Erigon (Crna reka), vor allem im Tikvestal (Abb. 4); als Hauptpunkt erscheint hier das befestigte oppidulum auf Tikves—Gradot, daB von der klassisch-hellenistischen Zeit bis zum Ende der Antike besiedelt war (No. 29, K. 4; Abb. 5, 19).

Die grosse Zahl der steinernen Grabplatten (II. und III. Jh.), die regelmassig iiber dem ganzen Gebict und bis in die weiteste Peripherie zerstreut sind, spricht fiir ein volles Romanisicren 4. h. Hellenisieren. Die Denkmiler gehGren der lokalen Gruppe »von Kavadarci« an mit originalen Merkmalen, Symbolik u.a., welche noch nicht geniigend erforscht sind.

Hervorragend ist auch die grosse Festung auf der Bergspitze Grbavetka Kula (1170 m; Mo. 58, Abb. 1), ein justinianischer Bau und einer der gréssten letzten Stiitzpunkten in der weiten Umgebung.

Am Ende sind auch Merkmale des Gebietes siidlich von unserem Territorium Cargestellt. Der Bergbau (Eisen, Antimon) schenkte dieser прене oe Gebirgsgegend nur einen reicheren Ansiedlungspunkt — bei VitoliSte und Melnica (No. 45,