Macedoniae acta archaeologica 1 (1975) · стр. 155–164

Сондажни истражувања на дел од хеленистичката некропола под Марковите Кули во Варош

Истражениот дел од некрополата во местото Под Кули — Bapom, лежи на јужната падина под Марковите кули, непосредно над патот Прилеп--Кичево, на самиот влез во населбата Варош.

До сега се истражени околу 250 м простор во ораниците кои беа засадувани со тутун, а сега употребени како градежни парцели. Теренот на кој лежи некрополата, има природен пад кон југ, а здравицата која е спила или црвенкаста тврда земја е релативно плитка. Како резултат на интензивната обработка на земјата природниот доста стрм над на теренот, како и ерозивните дејства на атмосверилиите, во дел од некрополата настанале промени и пореметувања за кои ќе стане збор во понатамошниот текст. Бидејки некрополата беше истражувана дел по дел, односно габарит по габарит, зависно од времето на подигнувањето на станбените згради, така и ке преминеме кон извештаите односно описите на гробовите од некрополата.

ЗГРАДА 15.

Гроб 1

Ориентација з3--и, со мал отклон кон север, димензии: 2,00. 0,89 м. на длабочина од 0,50 м. Гробот беше сместен во северозападниот дел од габаритот, конструкција не беше најдена, гробната јама беше де-ЛУМНО вкопана во црвенкаста здравица, а нејзината јужна страна беше фланкирана со поголема гранитна стена. Од скелетот беа очувани само долните екстремитети а гробните прилози беа распоредени вдолж целата гробна јама.

— две олпи, од кои седната премачкана со сребренкаст премаз а другата е сива со груба фактура и делумно оштетена, Т. I, са. 4.

— две плитки патери, едната по мала и премачкана со црн фирниз, Т. 1, ед. 3, а другата поголема светло сива и со погруба фактура.

— еден сад во облик на катарос премачкан со црн фирниз, со ниско прстенасто дно и делумни оштетувања.

— четири делови од златен накит, од кои една мала розета работена во техника на филигран и гранулација, Т. II, са. 1. — една фрагментирана фибула од сребро од малоазиски тип, Т. II,

сл. 4.

два фрагментирани сада од бронза од кои едниот поголем и плиток, а другиот мал, висок, со јако извлечен хоризонтален раб.

— два фрагментирани прстени од бронза, со негатив пластичен приказ на човешка седеча фигура.

-- еден врв од железно копје,

— две фрагментирани карики од бронза.

Гроб 2

Ориентација з--и, димензии: 1,70 < 0,50 м. на длабочина од

Гробот беше сместен во југозападниот дел од габаритот, од гробната конструкција не беше сочувано ништо а јамата беше вкопана во црвенкастата здравица. Скелетот беше јако уништен, најдени беа само делови од лобањата и нозете на покојникот. Во западниот дел од јамата најдени беа следните прилози:

— еден фрагментиран сад во облик на кантарос со црвенкаста соја и груба фактура.

— фрагментиран тулец од железно копје.

Гроб 4

Ориентација з--и, димензии: 1,900,80 м. на длабочина од 0,70 м.

Гробот беше сместен во југозападниот дел од габаритот, покриен со четири грубо обработени шкрилести плочи. Во гробната јама не беше најдено ништо сем неколку ситни коски од скелетот.

Гроб 5

Оргентација з--и, димензии: 1,60 0,50 м. на длабочина од 0,30 м.

Гробот беше сместен во јужниот дел од габаритот, од неговата конструкција најдени беа само три камена и тоа во неговиот западен дел, а од скелетот беа најдени само неколку коски од нозете. Прилозите беа сместени во западниот дел од гробот и тоа:

— еден мал биконичен сад со жолтеникава боја, целиот излупен и изронет од надворешната страна.

Гроб 6

Ориентација 3—u, димензии: 1,60::0,50 м. на длабочина од 0,50 м.

Гробот беше сместен во јужниот дел од габаритот, гробната јама заградена со неколку камења од северната и западната страна, од скелетот најдени беа делови од кичменит столб и нозете. Како прилог во овој гроб беше најден еден мал бомбаст сад со една дршка и оранж Соја. Садот од надворешната страна беше украсен со споени 5 орнаменти изведени во темно црвена боја.

Илустрација, стр. 157

Гроб 7

Овој гроб беше најден нешто јужно од гробот бр. 6, вероватно поради неговата плиткост, иситот бил разнесен со орањето на земјата.

Деловите од гробот — растурени ситни камења и делови од скелет — беа најдени околу а истит лежел на длабочина од 0,20 м.

ЗГРАДА 19

Гроб 1

Овој гроб бил уништен од страна на власникот на градежната парцела со копањето на јамата за гаснење на вар, од сочуваните елемен-ТН More да се заклучи дек се работи за гроб со ориентација С—Ј, и димензии 1,600,50 м. Према зборовите на власникот наоди во гробот немало.

Гроб 2

Ориентација 3—H, димензии: 1,60 X 0,40 м, на длабочина од 0,35 м.

Гробот лежеше непосредно крај јужниот профил на габаритот, гробната јама беше вкопана во црвенкастата здравица, оградена беше со еден ред од кршен камен и фрагменти од тегули. Скелетот беше во многу лоша состојба, делови од истиот имаше испретурано низ целата јама, прилози во гробот не беа најдени.

Гроб 3

Ориентација С--Ј, димензии: 1,70Х.0,50 м. на длабочина од 0,30 м. Гробот беше откопан во средниот дел од габаритот, јамата беше вкопана во црвенкастата здравица, од скелетот беа најдени само коските од долните екстремитети. Наоди во гробот не беа најдени.

Гроб 4

Ориентација 3—H, димензиите не можеа да се одредат точно 30- што гробната јама беше поставена во песочен слој, а од гробната конструкција немаше сочувано ништо. Од скелетот најдени беа само коските на долните екстремитети на длабочина од 0,30 м, без други прилози. И овој гроб вероватно страдал при орањето на земјата, поради својата плиткост.

Гроб 5

длабочина од 0,30 м.

Ориентација 3--И, сместен во северозападниот дел од габаритот, гробна конструкција не беше најдена, освен неколку коски ОД АОАННте екстремитети друго не беше најдено. Деловите од скелетот лежеа

Гроб 6

Ориентација 3—H, димензии: 1,700,40 м. на длабочина од 0,40 м.

Гробот беше сместен во северниот дел од габаритот, зачуваниот дел од гробната јама сместен во тврда жолтеникава земја имаше во себе само дел од скелстот и тоа: кичменнот столб, карлицата и делови од нозете. Наоди во овој гроб не беа откриени.

Гроб 7

Ориентација 3--И, димензии: 1,60 X. 0,40 м. на длабочина од 0,40 м. Гробот беше сметен во североисточниот дел од габритот, со сочуван дел од кровот кој се состоеше од неколку поголеми грубо обработени шкрилести плочи. Сочуван беше исто така и дел од оградниот ѕид од кршен камен а во гробната јама освен неколку ситни коски од скелстот не беше најдено ништо друго.

Гроб 8

Сместен во поширокиот југоисточен дел од габаритот на длабочина од 0,30 м. судејки према темната флека вкопана во жолтеникавата песоклива земја, гробот бил ориентиран во правец 3--И. Од гробната конструкција не беше пронајдено ништо, во темно сивата земја беше најден еден вретенест лакримариум-флакон, со црвенкаста боја а украсен со три хоризонтално поставени паралелни линии изведени во бела боја. T. I, са. 2.

ЗГРАДА 20

Гроб 4

Ориентација С—Ј, димензии: 1,60 0,50 м. на длабочина од 040 м.

Гробот беше сместен во североисточниот дел од габаритот, без гробна конструкција. Гробната јама беше директно вкопана во црвенкастата здравица а скелетот поставен на плеќи и доста оштетен. Во јамата беа најдени следните наоди:

Во пределот на главата фрагментиран сад во облик на кантарос со мрка боја и груба фактура,

помеѓу стопалата две мали бронзени фибули од малоазиски тип,

вдолж целиот скелет, поставени на еднакви отстојанија по средината на истиот, пет фрагментирани железни окови.

Гроб 5

Ориентација 3—H, димензии: 1,70::0,40 м, на длабочина од 0,30 м. Гробот беше сместен во северниот среден дел од габаритот, од конструкцијата имаше само неколку фрагменти од тегули забодени во црвенкастата здравица. Во гробната јама освен неколку растурени ситни коски од скелетот друго не беше најдено.

Гроб 6

Ориентација С--Ј, димензии: 2,40 0,80 м. на длабочина од 0,40 м. Овој гроб бил највероватно срушен и оплачкан. Оградните зидови на гробната јама беа изведени во сувозид од поголеми гранитни блокови, счувани беа само северниот и јужниот зид и тоа во висина од 0,75 м. а останатите два ѕида срушени до дното на јамата. Во ископаната земја најдени беа коски од скелетот од површината на јамата па се до нејзиното дно, како и неколку фрагментирани гробни прилози.

— една бронзена монета од Филип П или Александар III.

— фрагментирана двојна дршка од бронзен сад, Т. II, са. 3.

-- фрагментиран тулец од железно копје

— ситни и танки фрагменти од бронзен сад.

Гроб 7

Ориентација 3—H, димензии: 1,700,60 м, на длабочина од 0,40 м. Гробот беше сместен во средниот дел од габаритот. Тоа е гробна циста направена од две големи шкрилести плочи, без оградните плочи од исток и запад и без кров. Во ископаната земја од цистата освен неколку испретурани коски од скелетот друго не беше најдено.

Гроб 8

Овој гроб беше најден без гробна конструкција во западниот дел од габаритот, деловите од скелетот беа слободно поставени во жолтеникавата песоклива земја на длабочина од 0,30 м. Од скелетот беа најдени фрагменти од лобањата, кичмениот столб и делови од прстите на рацете. Како прилог најден беше фрагментиран вретенест лакримариум-флакон со темно црвена боја. На 1 метар источно од овој гроб во земјата беше најден уште еден вретенест лакримариум-флакон, што вероватно му припаѓал на овој гроб.

Гроб 9

Ориентација 3--И, димензии: 700,45 м. на длабочина од 0,50 м.

Сместен беше во средниот јужен дел од габаритот, покриен со неколку грубо обработени плочи. Скелетот беше поставен на плеќи, наоди немаше.

Гроб 10

Ориентација 3--И, димензии: 1,60%0,70 м. на длабочина од 0,35 м.

Овој гроб е циста сместена во западниот дел од габаритот. Цистата беше направена од четири шкрилести плочи а најдена без кров. Во откопаната земја освен неколку ситни коски од скелетот не беше најдено ништо друго.

Во фебруар месец 1968 година со орањето на соседната нива на овој габарит на околу 5 метра западно од овие гробови, беа изорани неколку поголеми гранитни кршени камење. По покана на сопствени-

Илустрација, стр. 161

кот на нивата, беше извршена интервенција од наша страна и беше утврдено, дека, на тоа место постоел гроб, кој е највероватно накнадно срушен и ограбен. Од затекнатата ситуација можеше да се констатира дека, се работи за гроб со конструкција во сувозид, чија западна и северна страна била срушена, а делови од источната и јужната беа најдени in situ. После чистењето беше можно да се констатира дека, гробната јама била делумно вкопана во црвенкастата здравица и ориентисана во правец С—Ј, со димензии: 2,20Х 1,10 mM. Во темно сивата земја со која беше исполнета гробната јама, најдени беа испретурени коски од скелетот и четири железни клина со правоаголен пресек.

Надвор од гробната јама т.е. нешто западно од неа најдени беа следните прилози:

— еден кантарос целниот во фрагменти, премачкан со разблажен црн фирниз, украсен со две гирланди изведени во бела и црвена боја.

— прстенесто дно со АСА од телото на кантарос од типот Спана,

— стилизиран бобичест плод од печена земја со траги од позлата од надворешната страна и зашилен трн со дел од бронзена жичка од внатрешната страна. T. II, са. 2.

Према затекнатата ситуација на гробната конструкција и распоредот на гробните прилози, на мислење сме дека, се работи за ограбен гроб, што не е реткост на оваа некропола бидејки слична ситуација имавме и кај гробот бр. 6 од зградата 20.

Од напред реченото можеме да констатирамае дека се работи за дел од некропола во која се присатни неколку врсти на гробови, односно конструкции и дека е тоа некропола со инхумирани покојници. Тука преовладуваат овални гробни конструкции, чија архитектура се состои од ред кршени камења или пак само неколку, обично поставени во пределот на главата. Присутни се и гробни конструкции слободно поставени или пак делумно вкопани во здравицата, без употреба на градежен камен и плочи. По слабо застапени се гробните цисти направени од големи камени плочи. Во два наврата се појавуваат поголеми гробни конструкции, изведени во сувозид со големи гранитни блокови од кои едниот има поплочано дно. И на оваа некропола се потврдува случајот како и на други од тоа време, да гробовите бидат ориентисани во правец 3--И и С—Ј.1 Повеќето слаби гробни конструкции и делумната пореметеност на истите, на мислење сме дека се должи на релативната плиткост на истите, интензивната обработка на земјата во која биле поставени и на ерозивните дејства на атмосверилиите. Од тука произлегува некомплетноста на многу скелети, недостатокот на крововите на цистите и спорадичните наоди на предмети помегју гробовите.

Ако се обратиме на наодите откриени на оваа некропола, можеме Аа констатираме дека се работи за предмети претежно од локална из работка, со исклучок на неколку предмети кои претставуваат импорт. Што се однесува до керамичките садови, на оваа некропола се присут ни стандардните форми на кантароси, вретенести лакримариуми-флакони, плитки патери, олпи и други форми, изработени по класичните узорци на поширокото подрачје на Пелагонија.2 Останатите напред цитирани предмети како и фибулите од сребро и бронза од малоазиски тип, толку чести на нашето подрачје)3 се исто така производ на некоја локална работилница во Пелагонија. Импорт би преставувале, дното на прстенаста нога со дел од телото на кантаросот од Gnatia тип, премачкано со фин црн фирниз, фрагментираните бронзени садови, и деловите од златен накит најдени во гробот 1 од зградата бр. 15. Поготово е сигурно од импорт, малата розета со данче и топче на крајот, изработена во некоја позната златарска работилница на Халкидик.4 На оваа некропола биле закопани и неколку војници за што сведочат наодите на врвови и тулци од железни копја, како врвот од копје искоен масивно и појачан во средината, какви се чести на пелагонските некрополи од тоа време.5 Носители на овие предмети највероватно биле локалните Деуриопи или пак Пелагонци, кои свои настанби вероватно имале во полите на Марковите Кули. Ако би покушале да го определиме времето во кое настанала и била користена оваа некропола, ке мораме да се послужиме со наодите кои ги носи во себе, како и со слични на нив од поширокото подрачје на Пелагонија.6 На мислење сме дека оваа некропола му припаѓа на времето на раниот и развиениот хеленистички период т.е. некаде од крајот на IV па се до крајот на III век од старата ера. Во прилог на ваквото датирање на некрополата зборуваат, поготово наодите од монети најдени на габаритот на зградата бр. 20. Бронзената монета на Филип П или Алексан-Аар III со јако уништен реверс, најдена во оплачканиот гроб бр. 6, како и монетата на Деметрие II, најдена на длабочина од 0,50 м. помеѓу гробовите на габаритот од зградата бр. 20. Во прилог на горното датирање зборуваат, исот така и сребрената фибула од малоазиски тип од гробот 1 на зградата бр. 15,7 металната двострука дршка од сад од гробот 6 на зградата 208 наодите на керамички садови западно од зградата 20,8 врвот од копје и фрагментите од тулци од железни копја од гробовите | и 2 од зградата 15,9 како и други предмети најдени во гробовите. За присуството на времето од подоцниот хеленистички период на оваа некропола, зборуваат, чифтот мали бронзени фибули од малоазиски тип од гробот 4 на зградата Ор.-20,"10 вретенестите лакримариуми-флакони11 и други предмети.

Бидејки целата некропола не е истражена -- истата највероватно се протега кон запад -- со нејзиното доистражување вероватно ке се добијат нови елементи и податоци, со што ке можеме поточно времен: ски и етнички да ја датираме, односно определиме.

Белешки

  1. И. Микулчић, Једна хеленистичка некропола из околине Битоља. Старинар, нова серија, књига XV—XVI/1964—1965, Београд 1966. стр. 227—238. ↩
  2. И. Микулчиһ, Једна античка некропола из околине Битоља, Старинар XXI 1970, Београд 1972. стр. 139—143. I. Mikulčić, Dissertationes, tome III, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Skopje—Beograd 1966. str. 55. ↩
  3. Tbid., str. 42, 43, 57, 58. Б. Китановски, Фибули од V—III век во Нар. музеј во Прилеп, Зборник на A. М. IV—V, Скопје 1966, стр. 1—12. ↩
  4. И. Muxvyauuh, Старинар, нова серија, књига XV—XVI/1964—1965, стр. 242; Истиот, Dissertationes, tom III, str. 59. ↩
  5. Истиот, Старинар XXI, 1970, стр. 143. ↩
  6. Истиот, Dissertationes tom III. ↩
  7. Ibid., str. 57, 58. ↩
  8. Истиот, Старинар XXI, Т—І, u—406. ↩
  9. Истиот, Dissertationes tom III, str. 58. ↩
  10. Tbid., str. 57, 58. ↩
  11. Ybid., str. 51. ↩

Summary

The Sondage Excavations of a Part of the Hellenistic Necropolis under the Markove Kule in the Settlement Varoš

The researched part of the necropolis is situated on the southern slope of the hill Markove Kule, immediately above the road leading to the settlement Varo.

In this necropolis were found few kinds of grave constructions. Mostly these are oval pits fenced with a row of broken stones, pits dug in undersoil without stone construction, two cysts and two graves, the construction of which consisted of bigger stone blocks in stonewall technique. The majority of the grave pits is oriented in the direction west-east with a slight declination to the north and to the south respectively, but there are also few graves oriented in the direction north- -south. The dead in this necropolis were inhumed. A number of the graves were without grave goods, while few of them were very rich, such as the grave 1 in the building No. 1, which contained 19 pieces of grave inventory. Most often these were ceramic2 vessels chiefly of local production, but made after the classical forms of the vessels, e.g. shallow pateras, »olpa« vessels, spindle-shaped lacrimarium-flacons, cantharuses, etc., except a fragmented cantharus of the Gnatia type, which was by all means imported. The parts of gold jewelry were also unquestionably imported, especially a small rosette with a chain and small ball at the en made in fine filigree. In the grave 6, in the building No. 20 was found a bronze coin of Alexander III and few meters away from this grave a coin of Demetrius II. The metal Koe inventory consists of few Прше5 of Asia Minor type of bronze and silver, ragmented metal vessels, a double bronze handle with fine patina, iron heads of spears and quivers and fragmented bronze rings with incised images in negative. On the basis of these rather modest grave goods we can state that the necropolis belongs to the time of the early and developed Hellenistic period. Taking into consideration that the whole necropolis has not been investigated, we cannot date it with ee however, we trust that we shall be able to do so through later re-