Macedoniae acta archaeologica 1 (1975) · стр. 133–153

Нови сондажни и систематски археолошки ископувања на локалитетите Сува Чешма, Три Челусти и Вртуљка во и подножјето на село Горенци

Содржина
  1. И ВРТУЛКА ВО И ПОДНОЖЈЕТО НА СЕЛО ГОРЕНЦИ
  2. СУВА ЧЕШМА
  3. ТРИ ЧЕЛУСТИ
  4. ИСПИТУВАЊЕ
  5. BPTYAKA
  6. ЗАКЛУЧОЦИ

И ВРТУЛКА ВО И ПОДНОЖЈЕТО НА СЕЛО ГОРЕНЦИ

ВЛАДО МАЛЕНКО -- Охрид

Врз основа на пропишаниот законски режим од страна на Охридскиот и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, во м. март 1972 година, се изведе археолошко рекогносцирање на трасата од западната магистрала Кичево--Охрид, со цел да се утврди затрозеноста на археолошко-споменичките локалитети со изградбата на споменатиот пат.1

Со ова рекогносцирање освен трасата се испита и теренот до 3 км лево и десно од неа, со кое се констатира низа археолошки АОКААНтети, на следните подрачја: источно и западно од црквата св. Еразмо; „Сува Чешма“, „Гри Челусти“ 7 „Вртулка“2 и „Порој“ -- село Горенци; „Забрдо“ „ „Забрдо Умајца“ : „Тумби“ и „Млака" — село Требеништа; „Радеш"“ ѓ „Задлозја“ , „Магла“, ,„Селиште -- Ивинине", „Црвени Bpero-ВН”, „Голема Нива" — село Мешеишта; „Манастирец“ , „Горенци“, „Цусти Куќи" — село Ботун; „Кула“, „Манастириште“ — село Песочани; „Васково", „,Манастирче“, „Старо Село", „Превалец", „Св. Никола" — село Издеглавје; „Градиште“ — село Арбиново; „Горица“, „Петрчани", „Старо Сеао — Стара куќа“ — село Сливово; „Старо Село“, „Хатински гробишта" — село Пополжани; „Градиште“, -- село Подвис; „Косорид“, „Римски гробишта“ — село Извор; „Корија“ — село Поповец: „Палатиште“ -- Кичево.

Од наведените локалитети, локалитетите: св. Еразмо — (западно од црквата), „Сува Чешма“, „Три Челусти“, „Вртулка", „Порој“ и „Голема Нива!"", директно се загрозени, затоа што трасата врви преку нив. Заради ваквата состојба, се одреди следниот заштитен режим:

На локалитетите „Сува Чешма“, „Три Челусти“ и „Вртулка“ обавезно сондажно археолошко испитување, а на локалитетите св. Еразмо (западно од црквата), „Порој“ и „Голема Нива“, обавезно присуство на археолог за време на земјаните работи.

Овој заштитен режим се достави до Републичкиот фонд за патиштата како инвеститор и Градежното претпријатие „Гранит“ како изведувач, со истакнати законски обврски и програма со пресметка.

Благодарение на доброто разбирање од Републичкиот фонд за патишта кои ги финансираше работите, кому на ова место ја изразуваме нашата благодарност, од 20. ГУ до 10. X 1972 година, се вршеа сондаж-

Сл. 1 — Општ поглед па сондите со контролните профили снимено од север Сл. 2 — Општ поглед на откриениот простор снимено од северо-исток Сл. 2 — Општ поглед на откриениот простор снимено од северо-исток
Сл. 1 — Општ поглед на сондите со контролните профили снимено од север Сл. 2 — Општ поглед на откриениот простор снимено од северо-исток Сл. 2 — Општ поглед на откриениот простор снимено од северо-исток
Сл. 3—4. Општ поглед на трите групации снимено од север
Сл. 3—4. Општ поглед на трите групации снимено од север

Појдовна база за нашите ископувања на Гореничкиот регион беше постојниот библиографски фонд, во прв ред: Б. Филов,3 Никола Ву-AuK,4 B. Лахтов-Кастелиц, како фундаментална граѓа, чии автори имаат огромни археолошки истражувања, особено на локалитетот „Сува Чешма“. Се обрна внимание и на коментаторите кои во свои расправи го третираат прашањето на нашиот локалитет.6 Од постојната техничка документација, особено по однос на теренската диспозиција, на одделни сонди и откриени гробови, од страна на споменатите автори и дивите копачи, од голем интерес преставуваат плановите на Р. Берце направени за време на ископувањата во 1953—54 година, од страна на Народниот музеј Охрид.

Заради заштитниот режим ископувањето се одвиваше на просторот од трасата, на која се постави осовината и одбележаа крајните ивици со право на проширување при евентуално откривање на културен материјал-гробна целина, која оди надвор од границите на трасата.

Напоменуваме дека, нашето излагање ќе биде еден вид извештај за изведените работи, со краток осврт врз добиените резултати, не навлегувајќи во детални описи и анализи, без целосната документација, што целосно ќе биде објавено во посебен труд.

Локалитетите: „Сува Чешма“, „Три Челусти“ и „Вртулка", се протегаат во подножјето на с. Горенци, во правец север--југ, скоро на една изохипса, Меѓусобно се граничат со трите пата кои водат во селото јужен, средишен и северен.

СУВА ЧЕШМА

Локалитетот „Сува Чешма“ се протега на југозападното подножје од с. Горенци, во должина од 320 м, во правец север--југ. Ограничен е од северната страна со јужниот пат, а од јужната со мала суводолица.

Со цел, да се што подетално испита просторот што го зафаќа трасата и не постават сонди на оние места каде веќе е работено од претходните истражувачи, се реши состојбата на постојниот план од Р. Берце да се пренесе на теренот.

Откривме 16 сонди, со вкупно 412 м должина, со ширина од 1-- 1,5 м просечна длабочина од 0,90—1,80 M, а во контролните сонди поставувани на одделни места од сондите, се одеше до 2,40 м длабочина. Сондите ги поставуваме во различни правци и на одредено растојание едни од други, како и од одбележаните испитани простори, за да се избегне евентуалната можност од неоткривање на културен слој или гробна целина во колку тие постојат.

Освен сондажното испитување, извршивме испитување и со дупчење. Дупчењата ги изведувавме со специјално изработена цилиндрич-

Илустрација, стр. 137

на дупчалка, со која се работи на принципот дупчење со сврдел. Извршивме 17 дупчења со проечна длабочина од 1,10--1,70 м. Напоменуваме дека стратиграфските податоци добиени од откриените сонди и дупчењата се идентични.

При откривањето на сондите, се раскопуваше светло кафеава земја со присуство са ситни и осредни песочни камчиња во горните слоеви, а во долните потемно кафеава-сивкаста земја, со поинтензивно присуство на песочни камчиња. На јужниот АСА покомпактна, а светло-жолтеникава со поинтензивно присуство на поситни и покрупни ресочни камчиња во северниот.

Во сондите: 2, 7 и 9 се констатираа укопи од поранешните испитувања. Остатоци од горетини сс открија во сондата 11, а во сондите 15 и 16, покрај укопите и остатоци од осредни и поситни камења, меѓу кои за одбележување е бордо-црвениот камен, кој е многу лесен и сличен на добро пречистена и добро печена керамика. Во сондата 4 оТкривме канал. Бочните страни на каналот, чија внатрешна димензија изнесува од 0,10 до 0,20 м, изведени се со слободно наредени камења, преку кои се поставени плочести камења. Дното на каналот е слободно. Овој канал каптира вода од соседните изворчиња (вода линит над целиот јужен АСА од локалитетот) и ја носи до изворот „Сува Чешма“. Бо сондата 14 на две места се открија наредени осредни камења. Сондата ја проширивме во правец на протегањето на камењата. Откривме остатоци од два гроба, ограбени од диви копачи, честа појаво во овој регион, по богатите откривања во 1919 година. При расчистувањето се открија фрагменти од садова керамика, земјан пирамидален тек со квадратна основа и ситни железни фрагменти.

При откривањето (раскопувањето) на сондите, во горните хоризонти се најдуване на многу ретки фрагменти од груба садова керамика. Изработена е од непречистена земја, со присуство на ситни песочни камчиња и е лошо печена. Освен изнесените податоци, се констатира стерилност на сите сонди.

Врз основа горе изнесеното, земајќи ги во предвид и поранешните испитувања, на просторот што го зафаќа трасата, со сигурност можеме да кажеме, деска нема ненспитан простор H не остана да лежи никаков културен хоризонт под новиот пат.

ТРИ ЧЕЛУСТИ

При рекогносцирањето како единствен индикатор, беа неколкуте фрагменти од садова керамика со доста неодредена провиниенција. Локалитетот „Три Челусти“ се протега на западното подножје од с. Горенци во должина од 372 м, во правец север--југ, помеѓу јужниот и средишниот пат. Овој локалитет го поделивме на три сектори од ПО 124 м, и тоа: северен, средишен и јужен.

Во јужниот и средишниот сектор откривме 12 сонди со вкупно 107 м должина, а ширина 1 м, и просечна длабочина од 0,70--0,80 м. Во контролните сонди се одеше до 2,40 м длабочина, со цел да се добие целосна стратиграфија на теренот, (иако се копаше стерилна, светлокафеава песочлива земја), потребна за: ориентација при откривањето на сондите; констатира евентуалната можност да се работи на терен кој е покриен со нанос, заради скоро песочливата земја, како и за споредување со добиените резултати од извршените 25 дупчења со просечна длабочина од 1,10--1,20 м.

Освен ретките аморфни фрагменти од садова керамика, со различни фактури, облици и периодска припадност, кои се најверојатно донеени под дејството на флувијална ерозија, на просторот од овие два сектора не наидовме на културен хоризонт-материјал. Просторот е стерилен.

На северниот сектор, каде што теренот се спушта од југоисток спрема северозапад, извршивме 23 дупчења со просечна длабочина од 0,50 до 1,40 м. Скоро на целиот северен сектор, откривме културни слоеви. Во слоевите откривме фрагментована груба садова керамика -- идентична со керамиката од локалитетот „Сува Чешма“, горетини, цо светлокафеавкастата обработлива земја, растресита темнокафеавкаста која преминува во црна, во која интензитетот на керамиката е најголем, како и на хоризонт камења кој се протега на поголем простор. На оние места, каде што интензитетот на камењата и керамич-КНОТ материјал беше поголем, поставивме сонди. Поставивме 9 сонди, кои ги одбележавме од 13—21. Со исклучок на сондата 16, која е стерилна, во другите сонди, на длабочина од 0,20—0,50 м, од хоризонтот на земјата, се откри хоризонт на наредени и расфрлени камења, со различна големина, состав и боја, и хоризонт на фрагментована груба и фина садова керамика.

Проширувајќи ги сондите спрема протегањето на хоризонтот камења и фрагментованата садова керамика, откривме простор од 1125 м" со просечна длабочина од 0,20—1,10 м, долг над 100 м, а широк 15 м, во правец север-југ, одвојувајќи ги со контролни профили од 0,20 м (Ca. 1).

На откриениот простор на сондите 13, 14, 15, 18, 19, 17, се констатираа три групации кои припаѓаат на еден комплекс -- простор, претходно припремен и парцелисан. Обграден беше со мозаично поставени камчиња во најдолната кота на ниво на здравата земја, кои како фриз го обвиваа комплексот, граничејќи го од здравата земја и местимично поставувани осредни и поголеми камења, како меѓа на горната кота -- хоризонтот камења. Тие се разликуваа по распоредот и интензитетот на камењата -- присуството на покрупни и поситни, како и поинтен-ЅМВНОТО присуство на фрагментованата садова керамика (СА. 2, 3).

Првата групација се протегаше на просторот од сондите 13, 14 и крајниот северен дел од сондата 15, во правец североисток—југозапад. Во неа интензитетот на големи камења беше голем (0,80 5 0,70 X 0,60; 140,60 <0,50), а присуството на фрагментована садова керамика мал, наоѓајќи је на хоризонт од камења, помеѓу и под нив. Камењата образуваа неправилни елипсести, тркалезни и правоаголни форми, меѓусеб-

Илустрација, стр. 140

ваа бели камења, местимично беа поставувани црвени и розови, а ги имаше и зеленкасти. Просторот меѓу нив беше исполнет со поситни камења (20 х 15 X 6; 10 х8 5 X 3), нешто чакал и земја. Од средишниот дел према исток, камењата се спуштаа пострмо, наоѓајќи се на пониски коти, а од западната благо.

Втората групација се протеѓа долж сондата 15, западниот крај од сондата 18, во правец север-југ, западниот дел од сондата 19, и во сондата 17 во правец југо-исток- северо-запад. Во неа интензитетот на поситни камења и фрагментована садова керамика беше голем, а интензитетот на големи камења сосема мал. Големите камења (1 х 0,80 х 040) местимично 6еа присутни и стрчеа над хоризонтот на поситни камења (0,20 х 0,10 X 7) и фрагментованата садова керамика.

Третата групација се протегаше на просторот од средишниот и источниот крак од сондата 18, продолжувајќи према исток. Неа ја карактеризираат селипсести и правоаголни групации, оформени од ПОкрупни и осредни повеќе плочестии камења, ориентирани исток—3апад, образувајќи засебни целини. Просторот помеѓу нив беше исполнет со земја, со ретко присуство на ситни керамички фрагменти, поситни камења и плочки.

Во сондите 20 и 21 наидовме на растурен керамичен и бронзен материјал, ситни фрагменти од човечки коски со присуство на горетина и горена земја. Тие претставуваат една целина, каде е интервенирано засега во непознато време и е уништена. На просторот источно од тие СОНАН Ке треба да се преземат нови ископувања со цел да се даде одговор за карактерот на овој откриен и уништен простор.

Многу интересен елемент е транспортирањето на каменот како и местимичното присуство во трите групации на бордо-црвениот и многу лесен камен, идентичен со опишаниот на локалитетот „Сува Чешма“. Камењата се носени од 3--5 км далечина, а можно е поедини камења и од подалеку да се носеќи. Белиот камен го има на просторот Требенишко Кале, а црвениот, розовиот и зелениот, во поблиската и подалечна околина. За бордо-црвениот, крехок и многу лесен камен, на кој се изврши геолошка анализа и констатира вулканско потекло. Со сигурност не можеме да кажеме од каде е носен. Во околината на Охрид постојат два згаснати вулкана, Дебарскиот и Коселскиот. Но дали овој камен постои таму, НАН е носен од друго место, засега останува отворено прашање.

ИСПИТУВАЊЕ

По поставувањето на квадратната мрежа 2 X 2 м и остранувањето на контролните профили, на целиот откриен простор се отпочна со испитувања. Секоја групација се испитуваше поодделно. Кај сите се примена единствен метод, отстранување на поситните и по некој осредни камења, со расфрлените керамички фрагменти, а оставувајќи ги осредните и покрупните камења и групираната фрагментована садо-Откривме деветнаесет гробни целини, со 27 костура, од кои: 16 гроба со 22 костура, групирани на два простора. Во првата групација: еден во втората и два гроба со четири костура во третата групација.

Разликуваме четири типа на гробни архитектури:

1. Гробови поставени со камени плочи, правоаголно оивичени со местимично поставени големи и осредни камења, покриени со земја, со присуство на чакал и фрагментована садова керамика и со нафрлени поситни и покрупни камења (сл. 4).

2. Гробови поставени со камени плочи, елипсесто оивичени, со местимично поставени осредни и големи камења, покриени со земја, со присуство на чакал и фрагментована садова керамика, и со нафрлени поситни и покрупни камења (Сл. 5).

3. Длабока правоаголна дупка, оивичена со усправно поставени камења, исполнета наизменично со земја, со присуство на ситни фрагменти од садова керамика и осредни и големи камења (Сл. 6).

4. Плитка правоаголна дупка, оивичена со усправно поставени осредни камења и плочки, исполнета со земја, со присуство на фрагментована садова керамика и со осредни камења и плочи во наколку реда (Са. 7).

Одредено правило во ориентација при сохранувањето нема. Сохранувано е во сите можни правци. Интересна и за одбележување е појавата на накнадни сохранувања, која не е ретка на нашиот објект, во толку што костурите лежат еден наспрама друг, со обратна ориентација. Во сите гробови немаше гробни прилози. Со исклучок на гробот 17, во кој -- што се открија најповеќе прилози и е сочуван, а се наоѓа вон парцелисаниот простор, останатите гробови се сиромашни.

Сите костури беа фрагментарно сочувани. Таквата состојба е овозможена од гробната архитектура и ниските коти (0,40--0,60 м), наоѓајќи се под стално дејство на атмосферлиите — обработувањето на земјата (Сл. 8).

Како гробни прилози прилагани се: накитот, земјани садови, орудија, оружје и храна со присуство на свинско и говедско месо (констатирано врз основа на пронајдените коски и свински заби).

Од 170 ситни наоди: бронзените белгзии, чии краишта геометриски се орнаментирани и се преклопуваат, завршувајќи четвртасто, триаглесто и со стилизирани змијски глави; двојните бронзени игли, со различни глави: гама, полугама, триаглесто и спирално; лачните фибули; сантелеоните; железни орудија и оружје: чеканчиња, сор, ножици, копја, ножиња; земјаните биконични пршлени, заземаат посебно место (Са. 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18).

Керамичкиот материјал беше најинтензивен во втората групација. Иако наместа се наидуваше на групирани фрагменти од еден сад, општа констатација е, дека, тој е растурен и некомплетен. Застапен е со груба ју! фина керамика, керамика автохтона, импортована и автохтона работена по узор на импортованата.

Грубата керамика е застапена со разни форми на дршки венци, равни дна, претежно бомбасти форми на садови, многу лошо печена,

Ca. 9—10.
Сл. 9—10.
Ca. 11—12.
Сл. 11—12.

11 со присуство на ситни песочни камчиња. Таа има локално обележје и CACMCHTH.

Импортованата керамика е слабо присутна, со фрагменти од фина керамика, изработена од добро пречистена земја и добро печена, фирнисована со кафеав и црн фирнајс.

Домашниот мајстор се труди да ги имитира импортованите форми, но тоа го прави невешто. Оваа керамика е изработена од нешто подобро пречистена земја и осредно печена.

При испитувањето на втората групација, се обрна посебно внимание. Се наиде на доста ситни фрагменти од човечки и животински кости. Фрагментованиот керамичен материјал, беше наместа групиран и расфрлен на поголем простор, наоѓајќи фрагменти од ист сад, на растојание повеќе од 4—5 м. Бронзените и железните наоди, цели и фрагментарно сочувани, се наоѓаа на разни коти и места. Покрупни камења во горниот хоризонт нема, каков е случајот во другите две групации.

Од сето горе изнесено заклучуваме дека гробовите од оваа групација се уништени за време на подеценни сохранувања, користејќи го каменот а не и просторот.

Гробот 17, кој се откри во третата групација, претставува засебна целина. Тој е одвоен од обградениот парцелисаниот простор. Во него сс открија три костура, од кои два со ориентација запад--исток, а еден исток-запад. Како прилози се приложени 6 земјани сада, 2 железни прстена, 4 копја и други ситни железни предмети, сеуште неидентификовани (се наоѓаат на обработка). Архитектурата на гробот е плитка правоаголна дупка, оивичена со наместа поставени осредни камења и плочки, во која костурите лежат на земја, и се покриени со земја со присуство на ситни фрагменти од груба садова керамика и осредни камења и плочи нафрлени во 3—4 реда. Ориентирана исток-- запад. Од керамичките садови посебно интересен е црно фирнисованиот киликс, на кој што има натпис со грчки букви „НАНОС“

и што на него е интервенирано уште за време на неговата употреба. Тој бил скршен и споен повторно, заливен со олово на скршените делови (Са. 19).

BPTYAKA

Локалитетот „Вртулка“ се протега во западното подножје од селото Горенци, во должина од 50 м, во правец север--југ, помеѓу средишниот и северниот пат. На овој простор се открија 252 м“, со просечна длабочина од 0,50—1,30 м, извршија 18 дупчења, со просечна длабочина од 0,60—2,10 м. Овој откриен простор го означивме со сон-

Откриениот простор се наоѓаше на јужниот АСА од локалитетот. Оддалечен е 12 м од северниот крај на локалитетот „Три Чељусти“ протегајќи се на иста изохипса. Тој претставуваше една целина, во која постојат три групации (Са. 20).

Сл. 13-14,
Сл. 13-14,

Правата групација се протегаше на јужниот дел со правец исток— запад.

Втората групација се протегаше на средишниот дел со правец исток--запад.

По својот состав и двете се идентични со првата и втората групација на локалитетот „Три Челусти“.

Третата групација се протегаше на северниот дел со правец исток--запад. Таа се разликуваше од опишаните групации на локалитеот „Три Челусти“, и претставуваше посебна целина, окарактеризирана со покриен простор на чакал и земја, од кој наместа стрчат осредни камења и плочи образувајќи неправилни елипсести форми.

Се примена истиот метод на испитување како и на локалитеот „Три челусти“. Откривме седум гробни целини, од кои една во првата, а шест во третата групација. Сите гробови немаа гробни прилози. Костурите се фрагментарно сочувани, а ориентацијата на гробовите е различна.

Гробната архитектурата на гробовите од третата групација се разликува од констатираните на локалитетот „Три Челусти“, и претста-Буба петта групација. Поставувани се камени плочи H обични осредни помали камења, како подлога, оивичени или не, со местимично поставувани осредни камења и плочи, покриени со чакали земја.

Пред да прејдеме на заклучоците, по сето гореизнесено за едбележување е и општата констатација која се однесува за двата локалитета, кои претставуваа посебни единки со скоро идентични — заеднички состави, да на обата е интервенирано од поодделни места земани се камења, на што ќе се обрати посебно внимание во нашиот конечен труд.

ЗАКЛУЧОЦИ

Врз основа на наодитеи антрополошките теренски согледувања и испитувања на костурите, се констатира да на целиот оивичен парцелисан простор, со исклучок на гробот 17, кој е надвор од него и еден детски гроб од кого е сочуван фрагментарно черепот, откриен под еден поголем камен, сохранувани се само жени.

Општо ориентационо правило при сохранувањето не постои сохранувано е во сите можни правци. Гробовите ги групиравме во групацијата сиромашни гробови од овој регион.

Добиениот керамички, бронзен и железен материјал, може хронолошки да се одреди од VII—IV век пред нашата ера, одреден врз основа на типолошките поредувања со наодите од југозападниот дел на Балканското подрачје.

Присуството на ситни керамички фрагменти, од грубата керамика, во земјата од гробот 17, и протегањето на третата групација према исток, датирана спрема наодите во IV век пред нашата ера, упатува на претпоставка дека каменот е землн од втората групација, за време на подоцнешните сохранувања. Со сигурност ќе може да се одговори на ова прашање, по дооткривањето на третата групација. 15

Илустрација, стр. 148
Ca. 15—16.
Сл. 15—16.
Илустрација, стр. 148

Присуството на црвениот камен на и во гробовите, од Требенишко-Горенишкиот регион --- (Требенишко Кале, Сува Чешма, Три Челусти и Вртулка), е многу интересна и по наше мислење доста значајна појава и елемент, за разјаснување на поедини мислења и претпоставки од доста автори за некрополите на овој регион. Тоа најверојатно е правено со одредена цел која наведува на неколку претпоставки.

— Дали тој претставува свет камен--боја на живот;

—-* ја означува половата припадност;

— или племенската и сталешката припадност.

Нашите согледувања во врска со оваа појава-обичај, упатуваат на можноста да тне ја означуваат половата припадност.

Разгледувајќи ги резултатите од досегашните истражувања на подножјето од Гореничкиот регион, откриените гробови образуваат четири групации, од кои три на локалитетот Сува Чешма, еден на локалитетот Три Челусти и Вртулка, откриени од:

— Првата на југоисточниот леа од страна на Шкорпил и Вулиќ,

— Втората на средишниот северозападно од првата, од страна на Вулиќ, 9—13, недооиспитана.

— Третата на североисточниот дел, од страна на Вулиќ, Лахтов и Кастелиц, од 14—27, недоиспитана.

Трите групации се протегаат во правец север-југ, зафаќајќи простор од 80—100 м, а оддалечени една од друга од 80—150 м.

И нашата групација, четвртата, се протега во правец север--југ, во должина од 130 м, оддалечена за 400 м од третата групација. Сите групации лежат на сдна изохипса. Дали четирите групации претставуваат родовски гробници или сталешка класна припадност на една племенска заедница, во која родот игра сеуште видна улога, за што постојат индиции, а на кое не наведува нивниот распоред и хронолошки распон, ќе може да се каже повеќе со натамошната истражувачка работа на поедини пунктови, од ова подрачје, кои ќе помогнат да се даде одговор на отвореното засега прашање. Уште едно отворено прашање, доста значајно, е локацијата на нивната населба, тоа е прашате на кое доста автори се зафатиле да одговорат, за кое треба што поскоро да се преземат акции, со чии резултати ќе може да се одговори на досега сеуште недоволно разјаснети проблеми. Со сигурност не може да се каже без извршени подетални и покомплексни испитувања, но на основа нашите обиколувања на теренот, земајќи ги во предвид и Вулиќевите истражувања во врска со ова прашање, може да се претпостави дека таа се наоѓа на североисточниот дел од селото, или над самото село, каде мештаните го викаат Манастири — св. Никола.

Са. 17-18,
Сл. 17-18,
Са. 19—20. Сл. 20 — Општ поглед на откриениот простор со трите групации снимено од северо-запад
Сл. 19—20. Сл. 20 — Општ поглед на откриениот простор со трите групации снимено од северо-запад

завода за заштита на спомениците на културата, Катедрата за Антропологија на Биотехничкиот факултет од Љубљанскиот5 Универзитет, Екипата ја сочинуваа следните членови: Владо Маленко, археолог-конзерватор, Дејан Рувинов, архитект-техничар — Завод за заштита на спомениците Охрид; Живојин Винчиќ археологконзерватор — Републички завод за заштитата на спомениците на културата; Гордана Спасовска, археолог-конзерватор -- Скопски завод за заштита на спомениците на културата; Елена Чипан, археолог-приправник, Петар Алчев, конзерватор-фотограф, Ѓорѓи Крстевски — графички цртач — Народен музеј Охрид; Марија Стефановин, асистент на кстадрата за антропологија на Биотехничкиот факултет од Љубљанскиот Универзитет; Вероски Светомир, градежен техничар6 -- Водовод Охрид; Илија Муцески, геометар -- Градежно претпријатие „Гранит“ — Охрид: Даница Рапава и Кузманоски Паско -- студенти по археологија на Белградскиот универзитет.

Со исклучок на корени риот7 torre Петар Алчев и раководителот на ископувањето конзерватор-археолог Владо Маленко, присуството на сибе други членови од горе наведената екипа, беше повремено.

3 D+ Bogdan Filow, Die Archaische Nekropole von Trebenischte am Ochrida See, Berlin und Leipzig, 1927.

4 Никола Byauh, — Један нов гроб код Требеништа, Гласник Скопског науч-Hor друштва, Скопје 1933; Нови гробови код Требеништа, Споменик ска LXXVII, Београд 1934; Требениште, Споменик сан XCVII, I оддел Друштвених наука 77, Београд 19445. ;

Васил Лахтов и J. Кастелиц, Нови истражувања на некрополата Требениште 1953—54, Лихнид I Годишен зборник на Народен музеј Охрид 1957.

® Разни коментатори: J. Корошец, M. Bacuh, A. Керамопулос, В. Чајкановин, M. Гарашанин, И. Muxyauuh И др.

7 Лихнид | -- плановите на Р. Берце.

Кога зборуваме за идентичност, ја земаме во обзир структурата на откриениот простор и пронајдениот материјал, како и сите останати елементи.

" Коските се собраа, за да се над нив изврши кабинетско антрополошко испитување и одредување.

Шкропил, Byauha, Лахтов-- -Кастелиц, и нашите.

Белешки

  1. и систематски археолошки ископувања и надзор на земјаните работи, на наведените локалитети.2 но испреплетени, ке образувајќи посебни целини. Во цив преовладува керамика. ↩
  2. Екипата ја сочинуваа: Владо Маленко, Живојин Bununh, и Саржо Саржоски, Охридски и Републички завод за заштита на спомениците на културата. ↩
  3. Работите ги изведуваше Заводот за заштита на спомениците на културата -- Охрид, во соработка со Народниот музеј Охрид, Републичкиот и Скопскиот ↩
  4. After the field survey on the trace of the western main road Kiéevo—Ohrid, carried out by the experts of the Ohrid and the Macedonian Republic Institute for1 the Protection of the Monuments of Culture, it was stated that the trace leads through few sites. The contract has been concluded with the investitor, the Republic Road Fund, that the archaeological protecting sondage researches of01 the sites »Suva GeSma«, „Ти Celjusti« and »Vrtulka« may take place, as well as the supervision of the earth works in the sites at the village Gorenci — »Proroj« and »Golema Niva«. ↩
  5. The works were done by the Institute for the Protection of the Monuments of Culture, Ohrid with their proficient service and own staff, by the experts from the National Museum in Ohrid, from the Macedonian Republic and the City Institute for the Pretection of the Monuments of Culture, Skopje, as well as by the experts from the University in Ljubljana, Department for Anthropology. The works were managed by the archaecologist-conservator Vlado Malenko. ↩
  6. The starting point for the excavation in the Gorenci area were the books written by B. Filov, N. Vulic, V. Lahtov and Kastelic. ↩
  7. that the protection might be carried out, the digging was done in the area of the trace itself. It should be noted that this expounding will represent a form of a report on the works carried out, but that we shall not enter into detaiof orientation. The appearance of secundary burials with reversed orientation was also traced. The grave goods include: bronze jewelry, pottery, implements, arms and food. These finds can be chronologically ranged in the period from the 7th till the 4th century B. C. on the basis of the typology of the finds deriving from the south-western part of this region. ↩

Summary

New Sondage and Systematic Archaeological Excavations in the Sites »Suva Češma«, »Tri Čeljusti« and »Vrtuljka« in the Outskirts of the Village Gorenci

led descriptions and anylises prior the complete documentation is at hand, as it has to be published in a separate work.

The sites »Suva CeSma«, »Tri Celjusti« and »Vrtulka« lie at the outskirts of the village Gorenci in the direction north-south.

The site »Suva Ce$ma« and the southern part of the site »Tri Celjusti«, in the space comprised by the trace did not give finds of importance. In the northern part of the site »Tri Celjustix« and in the southern part of the site »Vrtulka« there were two areas (one of 1500 sqm and the other of 252 sqm), each with three groups in a complex of spaces previously prepared and parcelled for a necropolis. They differ in the arrangement and quantity of stones and finds of pottery. The dug-up graves show four types of architectural structures. There were no rules in respect