Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 157–175

Требенишките кратери и митот за Кадмо и Хармонија

Содржина
  1. Женска фигура со распирени зооморфизирани нозе (Т.ІІІ:5, 6)
  2. Фриз од коњаници (Т.П:4-6)
  3. Метаморфозата на Кадмо и Хармонија
  4. NIKOS CAUSIDIS
  5. THE TREBENISTE CRATER AND THE MYTH OF KADMUS AND HARMONIA

Сред богатите прилози откриени во кнежевските гробови од Требениште важно место заземаат двата бронзени кратери украсени со богата пластична декорација (T.1:6; Т.П:6). Во досегашните студии тие, главно, беа истражувани од аспект на нивната морфологија, хронологија (VI - V век пр. н.е), типологија и технологија на производство, а во тие рамки е проучувано и нивното потекло, односно местото на изработка.1 Во ова наше истражување ќе предложиме некои хипотези околу еден друг аспект на овие садови - нивната богата иконографија и семиотика, односно митско-симболичките значења содржани во нив.2

Двата кратери имаат слична форма, и тоа како во глобални рамки, така и во поглед на некои од употребените фигурални мотиви. Обата имаат по пар волутести рачки, чиј долен дел е дополнет со фигура на зооантропоморфно митско суштество налик на Горгона-Медуза, облечено во панцир т.е. кошула од крлушки (Т.ІІ:1; Т.ІІІ:5,6). Прикажана е до половината во вид на жена, а од половината надолу со раширени и нагоре извиени нозе оформени во вид на змии, кои во пределот на стопалата завршуваат со змиски глави. Во обата случаи околу вратот на кратерот се протега фриз од леани фигури кои формираат две сосема различни иконографски целини. На кратерот од музејот во Белград е прикажана низа од 4 голи јавачи на коњи кои се претставени во скок (Т.ІІ:5, 6), додека на кратерот од музејот во Софија, фризот го сочинува колона од 6 крави (Т.І: 6-8). Со кратерот од Белград е зачуван и триножникот, исто така украсен со неколку зооморфни и антропоморфни фигури, но овојпат тој нема да биде вклучен во нашите анализи.

Во изминатите години при истражувањата на ликовните елементи присутни на античките метални вази тие се најчесто третирани како украс наменет исклучиво за декорација на садовите. Но од последните децении на минатиот век се почесто се акцентира семиотиката на ваквите претстави. Притоа, се покажува дека не станува збор за празна декорација, без религиско значење, туку за добро осмислен систем од знаци, симболи и сцени, чиј одбир и комбинирање биле детерминирани од карактерот и намената на ваквите предмети. Земајќи предвид дека требенишките кратери се изработени надвор од матичната културна средина (најверојатно во коринтските, лаконските или јужноиталските торевтички центри), постоењето наовој семиотички систем би подразбирало поинтензивна комуникација меѓу производителите и купувачите на овие предмети, на ниво на нивната иконографија и симболика. Иако овој предлог на прв поглед се чини неверојатен, бројни примери го покажуваат спротивното - дека хеленските производители биле мошне заинтересирани за барањата и вкусот на странските купувачи, па затоа често своите вештини (а во тис рамки и специфичниот хеленски стил и иконографија) го приспособувале на содржините и деталите кои биле дел од нивната варварска култура. Сосема е веројатно дека сложените и скапи предмети, како што се бронзените кратери, биле изработувани според однапред изведени нарачки и врз основа на добро простудирани проектни нацрти.3

Освен наведените два, познати се уште неколку4 бронзени кратери кои имале иконографија слична на требенишките: грандиозен примерок од Викс - Франција (Т.Ш:4); цел кратер од јужна Италија (музеј во Минхен Т.Ш:1); пар волутести рачки со претстава на Горгона - Медуза од непознато наоѓалиште во јужна Италија (едната во Лувр - Париз, а другата во градот Ним Т.Ш:3); аналогна рачка од Арменто, јужна Италија (Британски музеј - Лондон Т.Ш:2); аналогна рачка од непознат локалитет (колекција на James E. и Elizabet J. Ferrell-T-III:8); апликации во вид на кобила и на јавач (втората аналогна со оние на кратерот од Белград), пронајдени во Додона, (Археолошки музеј - Атина Т.П:4). Други примери, поразлични од требенишките, и тоа особено во однос на парот Медузи се откриени во Дидима, Делфи, Самос, Киликија и Украина (Т.Ш:7).“

Дали сличностите во иконографијата на наведените садови, пронајдени во разни делови на Европа и Медитеранот, треба да значат дека зад нив не стоела некоја детерминирана митска или религиска идеја на купувачите, туку обична мода диктирана од трговците? Навидум се чини дека е така. Но токму ова истражување има за цел да фрли сомнеж на ваквиот став и да покаже дека зад некои од кратерите стоел определен митско-религиски систем кој бил апсолвиран од страна на производителите и дистрибуиран низ пошироките простори на Медитеранот и Европа. Во прилог на оваа теза одат некои мошне индикативни релации меѓу иконографските елементи на кратерите од Требениште и одредени дејствија од митовите поврзани со Кадмо и Хармонија.5

Женска фигура со распирени зооморфизирани нозе (Т.ІІІ:5, 6)

На парот волутести рачки од обата требенишки кратери се прикажани женски фигури, чии нозе се метаморфозирани во змии. Такви рачки имаат и другите аналогни примероци (Т.ІІІ). Во овие фигури ја наоѓаме првата врска меѓу кратерите и митовите од посочениот циклус. Притоа ги имаме предвид расказите во кои Кадмо и неговата сопруга Хармонија, во текот на животот или по смртта се претвораат во змии (целосно или од појасот надолу).“6

Категоријата на митски ликови со зооморфизирани нозе во неколку наврати веќе беше цел на нашите истражувања. Најчесто станува збор за женски ликови, т.е. божества кои во Европа, Медитеранот и Азија се јавуваат почнувајќи од бронзеното и особено од железното време, а траат се до раниот среден век, по што започнува процесот на нивна постепена

Илустрација, стр. 159

демитизација.7 Наспроти ова, во одредени поконзервативни средини наведениот лик може да се следи и во наредните периоди, се до наше време (етнографски традиции). Во разни епохи и култури оваа фигура се јавува во неколку варијанти, кај кои раширените и извиени нозе завршуваат не само со змиски протоми, туку и со протоми на други животни: птици, коњи, јарци, овнови. грифони итн. (Т.ГУ). Нашите досегашни анализи укажуваат на тоа дека се работи за зооантропоморфна божица со функција на родилка, при што присуството на зооморфизираните нозе го објаснивме на неколку начини:8

- како знак на нејзиниот некогашен чист зооморфизам (можеби како животински лик со карактер на тотемски предок).

- расширените нозе се знак на родилната функција на божицата, и тоа сфатена како прародилка, те. создателка на вселената или на некој конкретен етнос и/или династија.

- доколку се земе предвид хтонската симболика на змијата и другите животни во кои се претворени нејзините нозе, присуството на нивните протоми може да се оправда со желбата за означување на хтонскиот карактер на овој лик, и тоа како застапничка и покровителка на нижните зони на вселената (земја, подземје, земни води).

- двојната персонализација на нозете (т.е. парот протоми) ја објаснивме како показател на дуалната, т.е. двојна природа на божицата, сфатена како ентитет во кој е содржан факторот на животот, т.е. позитивното начело (застапени преку раширените нозе и гениталиите на кои тие алудираат) и факторот на смртта, т.е. негативното начело (застапени преку „верската забеста уста - алузија на vagina dentata, која го продира, т.е. враќа во себе сето она што претходно го родила).9 Се чини дека на тука прикажаните аспекти добро им прилега поимот хармонија кој е воедно и име на змијоногата сопруга на Кадмо.10 !?

Во рамките на посочениот тип кратери зооморфизираните родилки се вклопени во круг што го формира широкото устие на садовите, а кој тие со својата симетрична позиција всушност го делат на две половини (Т.:1.6; Т.П:6). Оваа констелација, на семиотичко рамниште, би можела да се протолкува на следниот начин. Кружниот венец на кратерот кодира некои циклични процеси во вселената, при што парот родилки поставени дијаметрално - на двата негови краја, ги означуваат митските ликови кои се во некаков однос со двете полуфази на овие процеси. Ако се земе предвид дека сите циклични појави се состојат од прогресивна и регресивна етапа, овие ликови би можеле да ја кодираат секоја од овие полуфази или, пак, да ги означувааат двата спротивни ентитети кои нив ги условуваат. Ако циклусот го разбереме во календарска смисла (како ден, месец или година), едната родилка ќе ја кодира прогресивната половина (зора, утро, претпладне, пролет, лето, новина, т.е. млада месечина), односно божицата која го условува раѓањето на денот, растот на месечината или годината. Притоа, другата родилка ќе ја означува регресивната фаза од овие циклуси (попладне, ноќ, есен, зима, погибел, т.е. снемување на месечината), односно божицата која го враќа назад, те. уништува денот, месецот, те. годината. Доколку, пак, овој круг го сфатиме во неговиот

Илустрација, стр. 161

витален, т.е. вегетативен аспект, првата родилка би била господарка на раѓањето, растот и животот на човекот и сите други суштества, додека втората - покровителка на нивното замирање, стареење и смрт.11 Засновајќи се на овие и другите тука искажани факти и тези, се чини веројатна претпоставката дека хеленските мајстори ја претставиле зооморфизираната фигура на овие вази во контекст на се уште живото присуство на митскиот лик со ваков изглед и функции во духовната култура на оние популации за кои садовите биле наменети.

На наведените значења на зооморфизираните родилки упатуваат и фризовите што се протегаат меѓу нивните фигурини, долж вратот на обата требенишки кратери. Како што рековме, на кратерот од Софија е прикажан фриз од крави, додека на оној од Белград фриз од коњаници.

Фриз од крави (1.1:6-8)

Во циклусот митови посветени на Кадмо и Хармонија, кравата или пошироко - говедото, имаат важна сакрална улога: Кадмо основа град (Теба, во Беотија) на местото кон кое го упатила една крава, што во принцип, ова животно го определува како сакрално суштество, гласник или инкарнација на боговите; Европа, сестрата на Кадмо, била обљубена од страна на Зевс претворен во бик, што исто така имплицира на нејзината зооморфна епифанија во вид на крава; во некои извори Хармонија носи епитет *кравоока*; на Кадмо и Хармонија им било пророчено дека качени во воловска кола и претворени во змии ќе предводат силна варварска војска која ќе стане победничка.12 !?

Митологизацијата и сакрализацијата на кравата е мошне силна во рамките на индоевропските традиции, при што генезата на овие феномени може јасно да се следи се до неолитскиот период. Симболичкото и религиско значење на ова животно се заснова врз реалната улога што тоа ја имало во рамките на стопанството, т.е. егзистенцијата (месо, млеко, влечна сила), но и врз архетипските мајчински аспскти содржани во него (парадигма на родилка и доилка). Поради овие компоненти, кравата се претворила во симбол и инкарнација на Божицата-Мајка, со функции на родилка и хранителка која на космолошко рамниште се поистоветила со земјата што раѓа и храни, со небото и неговите витални течности (дожд -- млеко,13 облаци -- вимиња, крави), па дури и со месечината (млада месечина = рогови; бела месечева светлина = млеко).

На прв поглед, на кратерот од Софија се прикажани реалистични крави чии фигури не носат никакви митски или симболички обележја. Но тоа и не е сосема така, ако се земе предвид дека на секоја од нив, под очите се забележуваат по три куси брановидни бразди (T.1:7,8). Со оглед на доминантното значење на брановидната линија - како идеограм на вода и позицијата на која се тие претставени, може да се претпостави дека станува збор за шематизирани солзи, односно тежнеење да се претстават крави кои плачат. Во контекст на бројни ликовни аналогии и компарации кои се однесуваат на вербалните и на ликовните митски традиции (Т.1:2-5; T.V:3), може да се претпостави дека на овој начин, уште еднаш, на симболичко рамниште, е кодирана небеската димензија на кравата, како митека дарителка на дождот (солзи = вода = дожд).14 Но, освен наведената хранителна функција, во разни култури кравата НОСН и други значења од кои во овој случај ќе ја издвоиме симболиката на временските циклуси. Во сопот на фараонот, опишан во Светото писмо (Книга на постанокот, 41) седумте слаби и седумте угоени крави се симболи на годините15 што следат (сиромашни или богати со летнина). Слично значење имаат и кравите на Хелиос од Одисеја (ХИ, 127-133, 260-264), со оглед на тоа што се бели, златороги и 350 на број (денови во годината). Во релација со наведените примери, колоната од крави што кружи околу вратот на требенишкиот кратер би можела да кодира и одредени временски, т.е. календарски циклуси кои се одвиваат меѓу парот зооморфизирани родилки, а најверојатно се условени од нивната создавачка и уништувачка моќ (Т.1:1.б).

Обете апострофирани значења на кравите се поврзани со небеската симболика на овие животни, на што упатува и самата нивна позиција во горниот дел на кратерот, се разбира, доколку тој се согледа во еден космолошки контекст - како модел на вселената. Но без оглед на наведените две небески значења и високата позиција на фризот од крави во рамките на требенишкиот кратер, не треба да се занемарат и хтонските аспекти на ова животно, т.е. неговото изедначување со земјата и нејзините функции (создавање, оживување, раѓање, хранење и обновување).

Двата кратери од Требениште и кратерот од Викс се пронајдени како дел од погребните прилози положени во гробовите на видни покојници - најверојатно владетели. Ова ни дава за право да претпоставиме дека и нивната функција и дизајн биле во релација со ваквиот статус на умрените. Со оглед на изворната намена на овие садови, користени за мешање и налевање вино, нивното присуство во гробот секако било во некаква врска со свештениот (во случајов фунерарен/есхатолошки) карактер на овој или некој сличен пијалок. Во одредени случаи, кратерите можеле да ја носат и функцијата на урни во кои биле положени (или миени во вино) остатоците на покојникот, по чинот на неговата кремација или ексхумација. Би сакале, во овој контекст, значењето на наведените иконографски елементи да го побараме во погребната димензија на овие садови, оставени во гробот за да учествуваат во позитивниот исход на задгробната судбина на покојникот. Одредени аргументи во таа смисла ни нудат аналогиите од древноегипетските, но и пошироко - медитеранските традиции. Дополнително оправување во однос на овие паралели дава потеклото на Кадмо од Феникија или поширокиот блискоисточен регион, кој во текот на II и | милениум пр. н.е. бил под значително влијание на древноегипетската култура.

Во египетските верувања небото е претставувано како крава (Мехет Урт) или жена (божица Нут) надвисната над земјата (T.V:1,2). Наутро таа го раѓа златното теле, кое, растејќи во текот на денот се претвора во бик (Ра - богот сонце), а навечер стапува со неа во полов контакт. Потоа божицата го проголтува, за наутро повторно да го роди (T.V:1). Оваа концепција се провлекува и во Текстовите од пирамидите каде во овој круг на препородување се вклучува фараонот, очевидно изедначен со Ра (прикажуван е како цица млеко од вимето на небеската крава - Т.У:5). Се смета дека одраз на оваа концепција на препородување на мртвите се и илјадата души (изедначени со звезди), заклучени во утробата на небеската крава. На бројни ритуални садови, небеската крава е претставувана во пар - на двете страни од еден лотос, на кој седи новороденото Сонце. Во Египет овие традиции ќе бидат интегрирани и во ликот на божицата Хатхор, прикажувана и како крава (T.V:5). Мошне силни ќе бидат и во хеленистичкиот период, фокусирани во ликот на Изида. Според Плутарх (За Изида и Озирис), оваа божица исто така замислувана во вид на крава, ги собира во својата утроба мртвите (чија парадигма е Озирис) и ги запознава со бесмртниот живот.16 Слични концепции се евидентирани и на Балканот, во рамките на орфизмот и другите мистеријални култови, особено Дионисовите во кои овој бог се изедначува со теле или бик (обред на островот Тенелос: обред буфонија; Дионис Таурос; жртвуваье крава и бик (во чест на Хера и Зевс) кое во Беотија се реализирало секои 60 години (Павсаниј. Опис на Хелада, ШО). Во сиве овие обреди се алудира на периодичното препородување на овој бог (парадигма на вокреснувањето) низ утробата на неговата божествена мајка претставена како крава.

Фриз од коњаници (Т.П:4-6)

Се наметнува прашањето како во горе предложената интерпретација се вклопува другиот требенишки кратер (од музејот во Белград), каде наместо кравите е претставен фриз од коњаници (Т.П:5,6, аналогија од Додона: 4)?

Сметаме дека во овој случај, фризот што циркулира меѓу двете зооморфни родилки го кодира самиот покојник, претставен во вид на коњаник за да се нагласи неговиот хероизиран статус, т.е. изедначеноста со бесмртните богови. Притоа, коњот на кој јава тука е присутен поради две свои симболички значења. Според првото, ова животно € симбол на движењето, па поради тоа го носи значењето на митскиот фактор кој го обезбедува пренесувањето и преминот од едно место на друго (во случајов - преносот на покојникот, од овој на оној свет). Второто значење на коњот се заснова врз неговиот карактер на свето животно и епифанија на обоготвореното Сонце. Преку улогата. те. фигурата на јавач, покојникот се изедначува со божествениот херој (најверојатно инкарнација на соларниот бог) кој умира за да се роди повторно, при што кружниот фриз од неговите мултиплицирани фигури ја кодира неговата динамика, движењето, односно цикличната егзистенција во просторот и времето. Како што Богот-Сонце циклично умира, спуштајќи се во утробата на Мајката-Земја (или Космичката Родилка) и повторно воскреснува излегувајќи од неа, така и видниот покојник се погребува во земјата за потоа повторно да воскресне како божество, породен низ нејзината утроба (T.IL:1).17 Мултиплицираниот јавач всушност циклично се движи низ венецот на кратерот, од едната до другата фигура на зооморфизираната божица-родилка, при што едната ја означува нејзината деструктивна хипостаза (смртта), додека другата - создавачките аспекти (животот) (спореди со Т.1:1). Ова движење сугерира на периодичната егзистенција на покојникот, по примерот на вечните и непрекинливи циклуси на вселената. ?

Во рамките на оваа концепција може да се разбере и присуството на златните маски на лицето на починатите владетели од некрополата во Требениште (Т.ІІ:2,3) и пошироко - на златните фолии со кои биле обложени и останатите делови на нивното тело. што не биле покриени со облека (фолии за дланките, за табаните и за градите). Симболичкото значење на овие златни облоги се заснова врз две реални обележја на овој метал. Едното е неговата постојаност, т.е. вечност, односно отпорноста на стареење, кородирање и распаѓање. Второто обележје е во контекст на претходното и се однесува на блескаво жолтата боја на златото која наликува на блесокот на вечно обновливото сонце. Во рамките на овие значења, покривањето со вакви облоги треба да се разбере како желба, покојникот да се позлати и со тоа да се направи вечен и неуништив како златото или, пак, да се изедначи со сонцето кое е способ-

Илустрација, стр. 165

но постојано да се препородува и циклично да се враќа од мртвите20 (Т.П:1). Парадигмата на овој чин на воскреснување, а можеби и улогата на нашите кратери во него, најдобро ја одразува верувањето дека Хелиос, по заоѓањето во земјата на Хесперидите, влегувал во златен крилест пехар (дело на Хефест) кој со огромна брзина го враќал преку море на исток?!21

Вака подготвен и симболички означен, покојниот владетел го започнувал мистичниот процес на својата посмртна трансформација. ставајќи се себе си во две улоги. Една е улогата на дете кое се враќа во утробата на својата мајка за од неа да биде подмладен и повторно роден, додека втората - улогата на сопруг кој влегувајќи во утробата на земјата стапува со неа во свет брак (хиерогамија), ја зачнува и со тоа го обезбедува сопственото воскреснување, т.е. реинкарнација во облик на детето што таа ќе го роди (како негов и нејзин син) (Т.П:1). Освен есхатолошката. во овој митско-симболички модел е содржана и општествената, т.е. владетелска димензија која е исто така кодирана и во митолошкиот циклус за Кадмо и Хармонија. Кадмо е дојденец кој пристигнува оддалеку во една туѓа земја, со намера да стане нејзин господар, т.е. владетел.22 Притоа, оваа цел ја постигнува и ја легитимира така што во брак стапува со Хармонија - можеби некогашна митска застапничка на таа земја. Станувајќи нејзин сопруг, тој станува и нејзин господар, а со тоа и законски сопственик и владетел на земјата што ја застапува таа божица (од туѓинец станува нашинец). Со тоа тој се претвора и во татко, основач и владетел на автохтониот народ кој живее во таа земја. Митови со истава концепција се однесуваат и на други територии, како што е примерот со подрачјето на северното Прицрноморје. И во нив. во земјата на Скитите доаѓа дојденец - овојпат Херакле (веројатно хеленска интерпретација на локалниот бог Таргитај), кој стапува во полов однос со местната божица (веројатно Табити или Апи), која врз основа на своето престојувалиште (пештера) и изглед (змијски нозе) е инкарнација на скитската земја и/или глобално - на земјата како космички елемент (Т.ГУ:1-5,7). Од оваа врска се раѓа скитскиот народ, т.е. првите зачетници на династијата и родот на скитските

На прв поглед се работи за две сосема различни сфери (есхатолошка и општествена). Но, оваа диференцијација не е толку23 остра, ако се земе предвид дека во архаичните култури, божеството, кралот и хероизираниот покојник често влегувале во една иста категоријата на натприродни суштества што ги обединувала компонентата бесмртност. Да се биде бесмртен или херој, значело да се биде бог. Да се биде крал исто така значело да се биде херој и бог, па и бесмртен. Моќта и авторитетот на исконските митски ликови ја гарантирале посмртната судбина на покојникот (на оној свет), но исто така го втемелувале и легитимирале владетелскиот статус на кнезовите и кралевите (на овој свет).

Метаморфозата на Кадмо и Хармонија

Споредбата меѓу претставените митови и аналогии ја наметнува релацијата меѓу Хармонија и скитската змијонога божица (спореди Т.Ш и Т.ГУ:1-5,7). Иако немаме експлицитни информации за изгледот и атрибутите на првиот лик, оваа врска може да се поткрепи со фактот дека таа (како и самиот Кадмо) се претвора во змија (според некои извори само во долната половина од телото). На ова место се наметнува прашањето зошто во митот за

Илустрација, стр. 167

Кадмо и Хармонија, обата сопружници на крајот од својот живот доживуваат ваква метаморфоза?24

Ова дејствие може да се протолкува на неколку начини. Рековме дека композитната митска фигура со зооморфизирани нозе во принцип припаѓа на женската сфера, пред се, поради раширените нозе кои алудираат на породилната поза. Но во митот таков облик добива и телото на Кадмо. Се чини дека во прилог на ова имаме и археолошки потврди, и тоа не од подрачјето на Балканот, каде се одвива овој мит, туку пошироко - од источниот Медитеран. Станува збор за подоцнежни гностички примери на ликовни претстави, присутни, главно, на амулетите, кои прикажуваат машка фигура (со војнички обележја), чии нозе се лачно или брановидно извиени и завршуваат во вид на змијски протоми (Т.ГУ:10-12). Овој мистичен лик го претставува Врховното суштество (Abraxas/Anguipede, но и Yahve и Satan) во кое се олицетворени космичките циклуси (името Абраксас има симболичка вредност 365).25 Еден детаљ ни дава за право овие предмети неспосредно да ги поврземе со Кадмо. Имено, на сите претстави овој лик е прикажан со глава на петел, што се поклопува со некои описи според кои Кадмо на главата има кикиришка.26

Земајќи ги предвид реалните обележја на оваа птица, присуството на нејзините елементи не води кон двете веќе посочени значења - едното поврзано со машкиот принцип и оплодувањето, а второто - со сферата на сонцето и неговото секојдневно изгревање. Претпоставуваме дека змиските нозе, прикажаниот митски лик можел да ги стекне по линија на сродство со божицата-мајка, те. карактерот на нејзин син. Слична е ситуацијата и со Гигантите од хеленската митологија кои, меѓу другото, можеле да добијат змиски нозе по линија на тоа што се деца на Геа, при што кај самата неа ова обележје со време било заборавено (Т.У:4).

Некои традиции зачувани до неодамна во балканскиот фолклор упатуваат на можноста дека змискиот изглед на телото на мажот може да € во релација со половиот контакт со митско суштество кое има такво тело.27 Митската логика на оваа концепција би се засновала на тоа што за време на коитусот мажот се наоѓа внатре во утробата на жената, што му дава статус аналоген на нејзиното дете коешто, исто така, се наоѓа во нејзината утроба. Според тоа, може да се претпостави дека и Кадмо го стекнал таквиот изглед по половиот контактот со Хармонија или можеби уште пред тоа - во својата прататковина, преку контактот со некоја тамошна божица со змиски нозе.

Еден нов археолошки наод од Р. Македонија би можел да оди во прилог на оваа концепција на изедначување на покојникот со божествената родилка која ја инкарнира земјата. Неодамна во јавноста се појавија информации во врска со едно богато погребување од село Корешница кај Демир Капија, кое во текот на 1995 година било ограбено од страна на нелегални ископувачи. Меѓу другите прилози од овој гроб, се спомнуваат и неколку бронзени шлемови и парови кнемиди, како и голем бронзен кратер, најверојатно сличен на погоре - спомнатите. При недамнешните ревизиони ископувања на ограбеното и оштетено погребување, покрај други наоди, е пронајдено и мноштво тенки посребрени плочки со еден заоблен раб и перфорации наменети за зашивање. Изгледа дека тие сочинувале кошула во вид на панцир, која со оглед на кревкоста на плочките немала воена туку обредно-церемонијална намена?“28 Во контекст на

Илустрација, стр. 169

горепретставените тези е мошне индикативно што таква кошула носат зооморфизираните родилки од обата требенишки кратери и од другите аналогни примери29 (Т.Ш:3-6, 8). Оттука, се наметнува како веројатна претпоставката дека таа му била наменета на видниот покојник кој се положувал во гробот или пред тоа на кладата за кремирање, облечен во кошулата на митската прародилка на неговиот народ и/или на династичкиот клан.

Која била смислата на овој чин? Кошулата во вид на панцир во која се облечени змијоногите божици од нашите кратери е само една доцнежна реминисценција на нивната кожа (змиска или рибина) покриена со крлушки. Во тој контекст, облекувањето на покојникот во една ваква кошула повторно го добива значењето на негово внесување во кожата на оваа митска родилка, односно влегување во нејзината утроба, и тоа во контекст на двете30 горе - наведени функции - како нејзин сопруг и оплодувач и како нејзино дете. Во обата случаи тоа бил условот за негово воскреснување (на персонално ниво), а, пак, на општествено - за возобновување и продолжување на владетелскиот род, т.е. династијата на која 5 припаѓал

Одредени аргументи го ставаат под сомнеж фактот дека нозете на прикажаните родилки се (или некогаш биле) змијски. Имено, сите географски пунктови на кои се одвива митолошкиот циклус за Кадмо и Хармонија, на разни начини се означени со присуството на јагули и со етнонимот Енхелејци / Енгелани, во чија основа е содржано значењето „јагула“: грч. eyyedng, лат. anguilla, алб. ngjalé31 (T.Y:6,7):

- такви риби имало во Беотското Езерото - Копаиди (близу Теба), каде доаѓа Кадмо и се спомнуваат Енхелејци;

- ги има и во Лихнидското Езеро (Охридско Езеро), каде исто така доаѓа Кадмо и каде стапува на чело на Енхелејците;

- јагули живеат и кај устието на Дрилон, те. Дрим и целиот негов тек, од каде тие стигнуваат до Охридското Езеро и се враќаат назад во Јадранското Море. Според митовите, кон крајот на својот живот таму заминуваат Кадмо и Хармонија, каде стануваат владетели, го основаат својот град Бутое, и на крајот ќе бидат погребани.

Во неколку антички извори е јасно нагласена сакралната димензија на овие животни (почитување како свето животно, нивно погребување, припитомување, ритуално хранење, китење со сребрени и златни наушници, табу за ловење итн.) Во неколку извори беотските јагули се прикажани како девици, невести, божици и како животни кои во древни времиња се принесувале на жртва, пред тоа опсипувани со молитви, со зрна од јачмен и китени со венци.32

Сево ова ја прави легитимна претпоставката дека зад змиите спомнати во овој циклус всушност некогаш стоеле Јагули кои со оглед на нивното реално присуство во спомнатите области и присуството на етнонимот Енхелејци/ Енгелани, очевидно играле важно место во реалната егзистенција на луѓето, но и во нивните митско-религиски претстави. Може да се претпоставки дека живеејќи покрај спомнатите водни површини и засновајќи ја својата егзистенцијата врз ловот на овие риби, спомнатите народи и сопствената генеалогија ја пронашле во некоја митска божица-јагула која го родила нивниот род. Во тој контекст, и фигурите на родилката со змиски нозе прикажани на требенишките и на некои од останатите кратери (Т.П), би можеле да ги разбереме како зооантропоморфизирана варијанта на оваа некогашна тотемска родоначалничка на Енхелејците која и самата била претставувана во вид на митска јагула или жена-јагула. Можеби овој митски лик, живеејќи во водите на езерото Копаиди, Лихнидското Езеро, текот на реката Дрилон и нејзиното устие во Јадранското Море, како и самите јагули, циклично, секоја година патува некаде далеку на запад (каде античките народи го лоцирале оној свет, т.е. светот на мртвите) и оттаму33 секогаш повторно се враќа на своите матични територии. Во овој контекст може да се протолкува и чинот на претворањето на Кадмо и Хармонија во змии (те. јагули), кој најчесто се лоцира на крајот од нивниот живот и повторно на западниот раб на тогашниот познат свет (светот на мртви-

Кај почитувачите на еден животински тотем е вообичаено верувањето дека по смртта, неговите припадници, на разни начини му се враќаат на својот животински прародител, меѓу другото, така што влегуваат, се претопуваат и се идентификуваат со него. Поради тоа и покојниците често биле внесувани во утробата, т.е. кожата на тотемните животни или во артифициелни објекти (ковчези, колиби, костими, маски) кои нив ги претставувале.34 Оттука и наведената метаморфоза на нашите ликови (и облекувањето на посочената сребрена кошула од крлушки) треба да се поврзат со чинот на посмртната идентификација на покојникот со почитуваното тотемско животно, т.е. во нашиот случај змијата или можеби поверојатно - со митската јагула.

Во прилог на ваквиот повеќе воден и рибен отколку земјен и змиски карактер на 300- морфните родилки од требенишките кратери говорат уште два аргументи. Првиот се тезите според кои зад неименуваното скитско змијоного божество, всушност, се крие скитската божица на водата Апи. Вториот е митската генеалогија на Пајонците (блиски соседи на Енхелејците), која според Хомер исто така се засновала врз водните, т.е. во случајов речни богови. Имено, според Илијада (Ф, 140-145), родот на Пајонците произлегува од бракот меѓу речниот бог Аксиј (река Вардар) и нимфата Перибоја. Коренот акси- содржан во името на ова божество-река (во значење на темен/црн) е присутен во иметно на трите божества - Кабири. Врз основа на хеленските божества со кои овие биле изедначувани (Аксиерос = Деметра, Аксиокереа = Персефона и Аксиокерсос = Плутон / Хад), може да се претпостави дека и спомнатиот пајонски речен бог Аксиј, заедно со Периобија сочинувал некаква посложена семејна група на црни хтонски божества. Многу аргументи ја актуализираат врската меѓу овие богови и Кадмо. Меѓу другото, тоа е нивното источното (можеби и феникиско) потекло, металургијата, Теба и фактот што едното од четирите божества - Кабири го носи името Кадмилое.35

Никос Чаусидис

NIKOS CAUSIDIS

Faculty of Philosophy - Skopje

THE TREBENISTE CRATER AND THE MYTH OF KADMUS AND HARMONIA

Белешки

  1. За основната литература: Кузман П.. 1997, 61-62: види и: Василев В. П., 1988; La tombe, 2003. ↩
  2. Нашите први истражувања на оваа тема: Чаусидис H., 2005, 176-179. ↩
  3. a учеството на хеленските мајстори во формирањето и одржувањето на иконографијата на нехеленските етноси: Маразов И., 2003, 202-209; Маразов И., 1992, 159, 160; Раевскии Д.С., 1985. ↩
  4. La tombe, 2003; Кузман П., 1997; Василев В.П.. 1988: Padgett Ј.М., 319-322. ↩
  5. За изворите и разните историско-археолошки толкувања на овој митолошки циклус: Katičić R., 1977; Lisičar P., 1953; Šašel Kos M., 1993; Domić Kunić A., 2006; Митревски Д., 1997, 217-221; Proeva N., 2006. Врската на овој циклус со наодите од Требениште е веќе посочувана од наведените автори. ↩
  6. Аналогни змијски обележја се проицирани и во ликот на нивниот син Илирие. Напуштен од родителите, тој ќе биде одгледан од змија, што ќе му обезбеди сила за да загосподари со истоимениот народ (Katičić R., 1977, 22- 29, 57-78, за Илирие: 64, 65). ↩
  7. Демитизацијата на змијоногата божица се следи и на нашите кратери. Познати се примероци, аналогни на требенишките, на чии рачки е прикажана обична Горгона-Медуза, со за неа типичните расчекорени човечки нозе, при што змиските протоми се сосема издвоени од нејзиното тело (види: Т.ІІІ:7; други примери: La tombe, 2003, 99, 100). ↩
  8. Чаусидис H., 2005, 168-197; Chausidis N., 20096; Чаусидис H., 1994, 184-190. ↩
  9. На дршките од кратерот од Минхен и од Британскиот музеј (Т.І1:1,2) ликот на Горгона - Медуза, со обете раце го држи работ на својата кошула, во гест кој алудира на нејзино поткревање и можеби откривање на гениталиите. Овој гест упатува на традициите поврзани со митскиот лик Баубо: откривање на вулвата и нејзина персонализација (Devereux G., 1990). ↩
  10. Хармонија е ќерка на Арес и Афродита (персонифицирани спротивставености). Кај Хомер, таа значи мир и согласие, а кај Питагора - внатрешна врска меѓу нештата и појавите, обединувач на противречностите и услов за постоењето на светот. Кај Хераклит, акцентот, од рамнотежата е префрлен на борбата меѓу нејзините елементи, благодарение на што, хармонијата се постигнува и се урива. Кај Платон, хармонијата е издвоена од елементите и продолжува да егзистира како структурирачки принцип, дури и по нивното уништување (Маразов И., 2003, 240, 341, 342; Kasirer E., 1985, 136, 137). ↩
  11. Neumann E., 1963, 120-208; Чаусидис Н. 1994, 234-256. ↩
  12. Во оваа смисла, би можело да биде интересно што во регионите каде се одвива циклусот, се јавуваат топоними и етноними со коренот Bov- / Во-, кој коинцидира со Бове / Вос (крава, говедо, бик): - Воиоти (земја на говеда кај Теба); BovOon (градот на Кадмо основан на Јадранскиот Брег - кај Илирите); - Bottia, Bottiatot, област, т.е. народ во Ематија, т.е. Долна Македонија, наречени според Ботон - предводникот на тука населените Критјани (Страв., Geographia, 7, 11). За наведените факти: Katitié R., 1977, 23, 25, 28, 29, 52; Sasel Kos M., 1993, 115, 116; Cpejosuh Д. - LlepmManosuh A., 1987, 187-189, 446, 447. ↩
  13. S Денисова И.М., 2003; Chevalier J. - Gheerbrant A., 1987, 303, 304: Нон M., 1993, 2-42. ↩
  14. ТЕ 2 (Месопотамија), 4 (орнамент на неолитски сад, Am3aGerozo, Р. Македонија), 5 (Мала Азија); T.V:3 (Heres, Израел). За нас е особено индикативно окото на небеската крава Хатор (T.1:3). За односот солзи = дожд: Чаусидис H., 2005, 290, 291; Gimbutas, M., 1989, 51-54. ↩
  15. Според Апијан (Римска историја, XVII, 116), Хелиос се восхитувал како овие негови вечно млади животни секое утро се креваат на небо и секоја вечер се спуштаат во Океанот. ↩
  16. Антес Р., 1977, 55-121; Мифы народов мира, Том 2, 230, 584, 585; Денисова И.М., 2003, 26. Слично митско сиже постоело и кај Хетитите (Попко М., 1983, 170, 171) и кај Хелените, поврзано со Ија и Хера (Срејовиħ Д. - Цермановиħ А., 1987, 165, 166, 458-460). Грозданова В., 1985). ↩
  17. Маразов И., 1994, 108, 109. Crarya на Дионис Таурос е евидентирана и во Р. Македонија (Битракова - Грозданова В., 1985). ↩
  18. Маразов И.. 1999, 225-249: Маразов И.. 2007; Chevalier J. - Gheerbrant A., 1987, 792-793. ↩
  19. Срејовић Д. - Цермановић А., 1987, 456. Во обата случаи, садовите се застапници на архетипот на матката која го препородува покојникот (види: Neumann E., 1963, 120-146; Чаусидис Н.- Николов Г., 2006; Naumov G., 2009, 59-72). ↩
  20. Покрај другите етимологии, името на Кадмо има врска и со семитскиот корен kdm = источен, дојденец од Исток. За ова и други аргументи во прилог на неговото источно потекло: Šašel Коѕ M., 1993, 117, 125 - 129. ↩
  21. Детално за овие митови со литература и каталог на приложените наоди: Чаусидис. Н.. 2005, 174-176. ↩
  22. Нивното претворање во змии, едни текстови го лоцираат кај Енхелејците, други во земјата на Илирите (како казна за убивањето на змејот - син на Арес), додека трети - дури по нивната смрт (Katičić R., 1977). ↩
  23. За овој лик и за приложените илустрации: Мифиг народов мира. Том. 1, 22: Campbell J., 294 - Fig. 274: Bohak G., 2004, 5, 6; Lexicon iconograficum 1981, T. 1/2, 6-13. ↩
  24. Сенека, Becnuom Херакле, 392-394 (според: Katitié R., 1977, 24, 25). ↩
  25. Во некои варијанти на Baradama за мајката и синот претворен во змија, тој се претвора од појасот надолу во змија така што се повлекува во дивина, каде се заљубува или стапува во брак со жена-змија (либе-змеица, смокиња, змија грамадница), некаде прикажана како дои со 9 боски (Калоянов А., 2000, 88-107; наши толкувања: Чаусидис H., 2005, 183-184). ↩
  26. Јованов M., 2008. И на Требенишко Кале кај Охрид, според наодите на месното население, бил најден златен панцир (Lisivar Р., 1953, 255). ↩
  27. На свадбата на Кадмо и Хармонија, Хефест им подарил прекрасен фустан/пеплос (некаде опишан и како златен), кој ќе им донесе несреќа (Cpejosuh Д. - Цермановиви A., 1987, 446, 447; 20, 144). Можеби зад него се крие наметка аналогна на тука наведената, особено со оглед на тоа што нејзиниот дарувач е металург. ↩
  28. Не е исклучена и апотропејската улога на оваа кошула, употребена како магиска заштита на покојникот. Како аналогија на овој чин може да се земе епизодата од гигантомахијата, при која Атена ја дере кожата на гигантот Палант и ја облекува на себе во функција на панцир (Мифы народов мира, Том 1, 301, 302). ↩
  29. Katicié R., 1977, 9, 54; SaSel Kos M., 1993, 118, 119, 128; Lisiéar P., 1953, 248 (kako клански знак). ↩
  30. Katičić R., 1977, 9-14, 73, 74, 79; Šašel Kos M., 1993, 119, 128. ↩
  31. За претворањето во змии: Katičić R., 1977, 22-27, 76-78; Šašel Коѕ M., 1993, 119, 128. ↩
  32. Prop V.J., 1990, 309-321. ↩
  33. Lisiéar P., 1953, 251; Маразов И.. 1994, 80-85; Маразов И., 1999, 119-133. За епитетот црн кај трите хеленски божества: Петровин (Петрушевски) М.Д., 16, 28. Детално за ова: Causidis N. 2009a. ↩
  34. За релациите сонце - коњ - бесмртност - владетел: Кузьмина Е.Е., 1977; Бонгард-Левин Г.М. - Грантовский 9.A., 1983, 102, 103; Маразов И.. 1999, 68, 103; Чаусидис H., 1994, 279-295. ↩
  35. Сличен однос може да се проектира и меѓу Одисеј (како и Кадмо - дојденец), чија еротска врска со чудовишната Калипсо (живее во пештера, на морски остров лоциран далеку на запад) му обезбедува вечна младост, т.е. бесмртност. Во контекст на ова дејствие, како и кај требенишкиот кратер, се појавуваат крави (остров со 350-те крави на Хелиос). Katičić R., 1977, 9, 54; Šašel Kos M., 1993, 118, 119, 128; Lisičar P., 1935, 248 (како клански знак). ↩

Summary

The Trebenište Crater and the Myth of Kadmus and Harmonia

This article is an attempt at interpretation of two bronze craters from the TrebeniSte necropolis and their iconography as well as their connection with the well-known myth of Kadmus and Harmonia. The legitimacy of this connection can be found in a few versions of this myth according to which the historical or mythical Kadmus spent part of his life in the Lihnidos region — an area where the above-mentioned bronze vessels were excavated. A few iconographical elements emphasize the connections with this well-known myth. Firstly, the pair of female mythical creatures, applied under the handles of both craters, were formed in the shape of goddesses with Gorgon — Medusa heads and widespread snakelike legs that end in snake heads. So far our studies have shown that the figures with this kind of markings in Europe and Asia represent the primordial mythical woman in childbed, whose functions are connected with the Cosmic proto-woman in childbed, Mother — Earth, Proto-woman in childbed of the Ethnos, but also with the Goddess of death. Namely, certain totemic aspects related to the cosmic waters had been incorporated into their zoo-anthropomorphic appearance. The best known example of this kind is the Scythian “Serpent-legged Goddess38, who after her contact with Heracles or Zeus, or their Scythian equivalent, gave birth to the Scythians. Although they were not always acknowledged in verbal mythical forms, a few analogous zoomorphic Birth-giving Women were also found in the Luristan bronzes, Eastern Mediterranean, Etruria, and in the Early Middle Ages in the pagan cultures connected with the German, Slavonic and Finno-Ugric populations. The connection to Kadmus is also visible in the fact that in the myths, the bottom part of the body of both spouses is transformed into serpents, and Kadmus has a crest (cock’s crest?) on top of his head. In that context the examples of male mythical figures (Abraxas / Anguipede) who beside the serpentlegs also have a cock’s head appear. The second possibility would be the plausible identification of the zoomorphic legs of the TrebeniSte “Gorgons39, not with the serpents but with eels that are actually specific for the faunal characteristic of that area where the mythical cycle of Kadmus and Harmonia flows (the lake Kopaidi near Thebes, Ohrid Lake, the river Drim and its delta). Ancient sources have shown that in most of these locations, the eel was considered a sacred animal, which refers to its totemic character of a proto-Birth-giving Woman of the local ethnos. Furthermore the ethnonym Encheleae / Engelans, literally means “human-eels”. In this constellation, the serpentlegged goddess from the TrebeniSte craters could be identified with Harmonia - Kadmus’ wife in the role of proto-mother of the Encheleans. The presence of these mythical creatures inside the graves of the TrebeniSte monarchs (perhaps applied on vessels that were used as urns) could be explained by the concept according to which the death of the monarch was considered as a marriage between him and the Mother Earth. A marriage that will result in mastering death (- as personal deification, i.e. heroisation of the deceased monarch - as a continuation of the dynasty in the name of his heirs). The first aspect could be found in the cavalry column in the upper zone in one of the craters (the horses symbolizing motion and epiphany of the sun’s deification, which as well as the deceased dies and is born in the same circle of life). Regarding the cow column, applied on the second crater, it could be related to the important role of this animal in the previously mentioned myth of Kadmus (as a paradigm of the zoomorphic Goddess - Mother or paradigm of the time cycles). The parallels of the Egyptian culture (Nut, Isis, Hathor) motivate the presumption that the cow’s presence is in the role of divine characters that will ensure the rebirth of the buried monarch. The presence of similar iconographic images on the craters that belong to other cultures (for example, the one from Vix) shows the presence of similar mythical concepts among the other barbarian populations in Europe.

Библиографија