Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 127–146
Археолошки истражувања на Глоска Чука Грчиште кај Валандово
Локалитетот Глоска Чука се наоѓа на 4 км јужно од валандовското село Грчиште, на самиот лев брег на реката Вардар (сл. 1). Претставува повеќеслојна, комплексна населба од градински тип, со силно изразен средишен - акрополски дел и пониски тераси, радијално организирани околу него (сл. 2 и 3).
Акрополата преставува зарамнета елипсовидна површина со димензии 70 х 40 метри, која доминира над целата околина и коритото на Вардар. Реката тече веднаш под локалитетот, долж неговата западна и воедно нај непристапна страна. На останатите страни, околу акрополата, скалесто се распоредени населбинските тераси (ел. и 4).
Влезот во населбата е јасно назначен со пристапна рампа која води од надворешната комуникација дирекно на источната тераса. Денешната конфигурација на тој дел од теренот и евидентните интервенции во карпестата основа јасно ја определуваат линијата на некогашниот пат, што се простирал долж целата источна страна на локалитетот, во правец север-југ или по линијата на денешниот црн пат што ги поврзува селата Грчиште и Ѓавато. Од таа комуникација. преку широка пространа рампа се стигнувало до источната, најниска тераса, а оттаму по внатрешни патеки, преку двете повисоки тераси, до акрополата. Некогашниот пат продолжувал кон Југ, а долж него, од двете страни биле распоредени некрополите на локалитетот.
Ваквите сознанија лесно се воочуваат само врз основа површинските опсервации на теренот. Видливиот археолошки материјал, било како вообичаени површински наоди во рамките на населбата или како наоди од растурени гробови во нејзината близина, обезбедуваат доволно податоци за првична определба на локалитетот. Но за потврда и продлабочување на тие сознанија неопходни беа соодветни археолошки ископувања.
Самиот локалитет Глоска Чука1 се наоѓа во рамки на пошироката локација Глос. На него, до 2006 година не беа вршени археолошки работи, единствено беа познати поедини наоди од два случајно откриени железнодопски гробови во непосредна близина, на југ од Глоска Чука.
Истражувањето на локалитетот се изведуваше во текот на месеците јуни и јули 2006 година и беше реализирано како меѓународен наставно-научен проект на Филозофскиот факултет од Скопје.2
Основните цели на истражувачките активности беа наметнати од самиот карактер на проектот и, пред се, од претпоставените потенцијали и загрозеноста на локалитетот. Во таа смисла, требаше да се открие неговиот карактер и основните археолошки карактеристики, поточно, да се оствари што е можно поцелосно негово вреднување. Најпрво требаше да се утврдат просторните и хронолошки рамки на локалитетот и одделните фази на живеење или други активности што се случувале на тој простор. Затоа беше неопходно да се откријат што е можно повеќе и поречити археолошки ситуации што ќе ги дефинираат: карактерот, културните и хронолошки особености на тие фази.
За остварување на тие цели беа преземени комбинирани теренски активности. Од една страна, беше одреден поширок простор за т.н. систематско или хоризонтално ископување на самата Акропола, додека, од друга страна, беа преземени поедини сондирања на Северната и Источна тераса (сл. 4). Добиените резултати со истражувањата на наведените пунктови ги надминаа очекувањата, поточно, дадоа извонредни податоци погодни не само за вреднување на локалитетот Глоска Чука, туку и за значајно збогатување на постоечките сознанија, посебно
за железното време и предримскиот период
Првото чувство, по завршувањето на истражувачката кампања 2006 година, е дека локалитетот Глоска Чука по своите археолошки потенцијали не заостанува зад соседните. истовремени и веќе добро познати локалитети, на север Исар-Марвинци?3 и на југ Вардарски Рид-Гевгелија.4 Напротив, по својата интактност, како и по специфичната културна, хронолошка и географска позицинираност, овој локалитет ги понуди токму оние моменти кои на Исар и на Вардарски Рид од разни причини недостасуваат. Со тоа се покажа големиот рањето на поцелосна слика за културно-историските вредности на регионот на Долно Повардарје или античка Амфакситида.
Во натамошниот текст ќе ги презентираме основните резултати од ископувањата на поедини истражувани позиции на Глоска Чука.
Акропола"
Истражувањата на Акрополата на Глоска Чука или на нејзиниот највисок и најдоминантен дел беа концентрирани на позициите каде што беа документирани неколку посериозни оштестувања, направени со диви копања (сл. 5). По санирањето на оштетувањата и по целосното истражување на тие површини беа откриени низа археолошки целини со разновидни архитектонски и движни наоди од 4 до 2 век пред Христа.
Во крајните североисточни и северозападни делови беа откриени делови од внатрешниот фортификациониот систем, што ја штител Акрополата (сл. б и 7). Низа објекти од последната употреба на тој простор, во текот на 3 и 2 век пред Христа, беа откриени во непосредна врска со бедемот, од неговата внатрешна страна. Откриените ситуации документираат остатоци од различни градби идентификувани како: магацински простори, работилници, станбени објекти, сите организирани во единствена урбана целина, што ја покрива целата Акропола.
Изворноста на откриените ситуации на Акрополата како и откриениот инвентар во објектите овозможи да се согледа карактерот на активностите и динамиката на развојните фази на тој простор. Во таа смисла, за издвојување се објектите откриени долж североисточнот раб на Акрополата, кои беа зачувани во изворна положба на рушење (сл. 8).
По своето значење тие објекти, како и движните наоди поврзани со нив, заслужуваат во посебен труд да бидат презентирани и археолошки анализирани.6 Сепак, заради согледување на локалитетот во целост, во оваа прилика ќе ги споменеме барем основните сознанија што произлегоа од истражувањата на Акрополата.
Најстарите наоди на просторот на Акрополата потекнуваат од железното време. Ме-Ѓутоа, тие не претставуваат остатоци од куќи за живеење, керамика или други вообичаени населбински наоди во културен слој од тоа време. Напротив, беа откриени само поединечни наоди како: камен острач, бронзена пинцета, бронзена фибула и дел од наочареста фибула, расфрлани со фундирањето на подоцнежните објекти во слоевите од предримско или раноримско време (сл. 9). Репертоарот на самите наоди зборува за вообичаени предмети од личен карактер, типични за полното железно време. Притоа, тие лесно можат да се поврзат, главно. со машки носители. Пинцетата и острачите претставуваат дел од Т.Н. машки или војнички тоалетен сет, вообичаен прилог во бројните машки гробови од железнодопските некрополи во Повардарјето, додека слична определба можат да имаат и фибулите.7
Според тоа, а најповеќе на основа контекстот на откривањето на споменатите наоди, може да се заклучи дека просторот на Акрополата бил користен уште во текот на 7-6 век пред Христа, но не како стамбен простор. Најверојатно бил ползуван како стратешка-воена позиција на железнодопската населба, која била позиционирана подолу, на пониските тераси на локалитетот, главно. на Северната и Источната тераса.
Континуирана употреба на Акрополата како населба е документирана во периодот од 4 до 2 век пред Христа. Тогаш, на тој простор биле позиционирани различни градби, градени од камен во долните зони и плитар во горните партии на зидовите, покриени со воедначени покривни тегули. Од тој културен хоризонт, што речиси во целост одговара на шестата, последна населба на соседниот Вардарски Рид во Гевгелија, јасно се документирани вкупно четири градежни фази.8 Употребата на акрополата завршила некаде во текот на 2-от век пред Христа или со продолжена употреба во текот на 1-от век, што е речиси идентично со ситуацијата откриена на т.н. Источна тераса на Вардарски Рид.9 Притоа, бројни се наодите што укажуваат дека акрополата и во тоа време немала вообичен населбински карактер, туку била користена, пред се, како стратешка позиција за војнички цели.
Сл. 9. Глоска Чука, поединечни наоди од железното време, откриени на Акрополата.
Истражениот простор на Акрополата покажа дека градбите биле организирани главно долж фортификациониот зид. Карактерот на откриените простории зборува за активности што ги задоволувале заеднички потреби, како: магацински, занатски, култни и слично. Нивниот распоред и меѓусебна поврзаност упатува на единствена функционална целина, одредена, не толку од станбените потреби, колку што била во служба на одбранбениот систем.
Војничкиот карактер на активностите што се одвивале на Акрополата, главно во текот на 3-2 век пред Христа, го потврдуваат самите движни наоди и контекстот на нивното окривање.10 Такви се на пример бројните наоди на шајки-нитни од војнички обувки, мамузи, различни типови оружје (копја, стрели, ножеви), токи за војнички ремени и слично (сл. 10). Од друга страна, во истражените простории исто така е откриен инвентар поврзан со подготовка, конзумирање и складирање храна, разни алатки, орадија, култни предмети и друго. Посебна категорија наоди се монетите, од кои повеќето се откриени на подовите на самите простории, поврзани со различни градежни фази, во периодот од 3 до | век пред Христа. Во таа смисла застапени се монетите на последните македонски владетели, најповеќе Филип У и Персеј, монети на автономните градови, како и првите римски емисии во Македонија.11
Откриениот инвентар во објектите од овој предримски хоризонт упатува на динамични активности поврзани со чести рушења и обновувања на градбите. Од друга страна, се работи за високо ниво на локалната предримска - македонска култура, добро позната од соседните наоѓалишта како Исар-Марвинци на север и Вардарски Рид на југ. Сепак, покрај нив, присутни се и поедини наоди дојдени од страна, како израз на продорот на т.н. Дако-келтска култура во Македонија. од тоа време (фибули. керамика и друго).12
Со истражувањата во 2006 година е достигнат степен на истраженост на Акрополата од околу 30%. Откриените архитектонски и археолошки појави на тој простор ја налагаат неопходноста од нејзино целосно истражување, со што би се добила единствена целина од тој вид и време.
Источна тераса
Со сондирањата на најниската терасата, која од северната и источна страна ја заградува Глоска Чука, беше истражен простор од вкупно 250 м? (ел. 5). Беа откриени остатоци исклучиво од железното време, стратифицирани во три последователни културни слоеви, кои можат да се сместат во хронолошките рамки. главно на полното железно време, или во текот од 8 до 6 век пред Христа.
Најстарите остатоци претставуваат делови од специфична архитектура - куќи со дрвена скелетна конструкција облепена со глина и покрив од органска материја, фундирани на т.н. темелни греди вкопани во самата карпа (сл. 11-13). Јасно беа определени и добро документирани остатоците од два такви станбени објекти.
Иако, поради сондажниот карактер на ископувањето овие куќи не беа откриени во целост, сепак е извесна нивната стратиграфска позиција, основните архитектонски белези, како и правоаголната форма. втемелена во карпа, од најстариот слој и остатоци од помлади
Куќата во Сонда 2, била градби над неа.
позиционирана во правец запад-исток, а од неа е откриен само нејзиниот западен дел. Евидентна е темелната партија вкопана во меката карпа, во форма на тесен канал-негатив од евентуалната темелна греда. На самите агли беа откриени отисоците - јами во карпата од носечките дрвени столбови на покривната конструкција (сл. 11). Исто така, беа документирани и поедини речни камења, наредени долж темелната греда, со кои била обезбедувана поголема цврстина и фиксирањето на темелот. Во непосредна близина на куќата, е откриена складишна јама длабоко вкопана во карпестата здравица.
Слична ситуација беше откриена и во Сондата 3. Таму, на целата површина, беа откриени најразлични интервенции во карпестата основа како: темелни греди и јами од дрвени столбови од станбени објекти, заедно со различни складишни јами во нивна непосредна близина (ел. 12). Тие појави во природната карпа, во најголем дел се поврзани со најстариот слој или првата градежна фаза на тој простор. Во таа смисла, најречита ситуација беше откриена во источниот дел на сондата, со поголем дел од станбен објект, речиси идентична куќа на прсетходната во Сонда 2 (сл. 13). На правоаголна основа ориентирана во правец север-југ беше истражен западниот дел од куќата по целата нејзина должина. Темелната партија била вкопана во карпа, при што на соодветните места беа евидентни остатоците во негатив од носечките дрвени столбови, засилени со групирани речни камења. На поедини места во внатрешноста карпестата основа била израмнета - нивелирана за поставување подни нивоа и за организирање на внатрешниот простор и инвентарот во него. Така, во северозападниот агол на куќата беа откриени остатоци од огниште, директно поставено врз зарамнетата карпа (ел. 13). Западно од куќата беа откриени поедини кружни структури, исто така вкопани во карпата, најверојатно складишни Јами со дрвена скелетна конструкција во надземниот дел, евидентна на основа распоредот на јамичките од дрвени колци.
Откриените движни наоди, најчесто садова керамика во овие куќи се карактеристични за По деструкцијата на овие куќи фундирани директно на карпа, рушевинскиот слој бил изнивелиран за нови објекти. Тие, во голема мера ја следат диспозицијата на постарите градби. при што и нивните носечки столбови биле вкопувани во карпестата здравица. Сепак, новата архитектура не користела темелни греди во карпа, туку градбите биле директно подигани врз нивелираниот слој земја, со поголемо користење на редени камења во најдолната зона (сл. 13). Во таа смисла, може да се смета дека истата лесна архитектура со дрвена скелетна конструкција и куќен леп била практикувана и во помладите фази. Беа откриени доста остатоци од такви градби, при што најдокументарен пример беше куќата во Сонда | (ел. 14). Инвентарот во неа беше најзачуван, а движните наоди најбројни.
Остатоците од куќата се откриваа на многу мала длабочина, веднаш под денешната површина на земјата, а наместа нејзината архитектура беше речиси во целост разнесена со орањето на почвата. Сепак, во повисоките партии на теренот поедини делови од куќата беа целосно зачувани. Таму беа евидентни делови од подната површина, со остатоци од една калотна печка и огниште. Печката и огништето биле градени од глина, на супструкција од кршена керамика, поточно фрагменти од поголеми складишни садови. Притоа, за посебно одбележување се остатоците од печката, каде беа сочувани сите елементи за нејзина реконструкција, вклучувајќи ја и колабираната калота врз измазнетата глинеста површина на реципиентот (сл.15 и 16).
Во споменатиот најмлад слој како чести наоди се јавуваат делови или цели камени дробилки - рачни мелници за жито. Повеќето од нив биле секундарно користени како градежен материјал за објектите од најмладата градежна фаза (сл. 17 ).
Меѓу движните наоди од трите последователни слоја на Источната тераса на Глоска Чука, доминира садовата керамика. Речиси со целиот свој репертоар таа е присутна во сите три слоја, без некоја забележителна разлика меѓу нив. Единствено, сиво печената керамика на витло, иако во мал обем се документира како појава дури во последниот, најмлад слој. Според неа, лесно може да се заклучи дека со последната употреба, населбата навлегува во б век пред Христа. Сепак, при одредеувањето на хронолошките рамки на локалитетот не смее да се заборави дека со ископувањата 2006 годена беа истражени само 4 сонди. сите на Источната тераса, така што постои се уште голем простор за дополнување на таквата стратиграфска
слика со евентуалните идни ископувања.
Меѓу откриената керамика најголемиот дел е работена на рака, иако се откриени и поедини фрагменти од окер и споменатата сиво печена керамика на витло. Во секој случај, сите застапени форми ги имаат вообичаените белези. карактетеристични за полното железно време по долината на Вардар.13
Грубата керамика е застапена со неколку форми на складишни питосоидни садови, најчесто украсувани со пластични ленти со отисоци од прсти. како и огнишни садови (садови - пирустии или puranoi) (Т.І:1-15). Иако се работи за долготраечки форми, редовно ги среќаваме во слоевите од железното време во Повардарјето на сите досега истражувани населби и во поедини некрополи (Кастанас, Вардарски Рид, Сопот, Бучинци и др.)."“14
Меѓу најзастапените форми садови во куќниот инвентар се издвојуваат длабоките шолји, работени на рака, во кантаровидна верзија со две или само со една вертикална држалка (T.ИЛ: 1-7). Неретко, кантаровидните шолји на највисокиот дел од држалките имаат изведено јазичесто, копчесто до печуркасто испакнување (Т.П:3-4). Со слична застапеност се и бокалите со косо засечена задна страна од вратот, кои работени на рака, најчесто имаат коленесто прекршена или широко канелирана држалка (Т.П:8-11).
Длабоките шолји и бокалите претставуваат водечки форми во керамографијата на железното време во Македонија, при што во Долновардарската културна група се познати најмногу преку погребните сетови работени во карактеристичната долновардарска продукција, од окер печена и на колце моделирана керамика. Нашите примероци ја изразуваат рачно работената продукција на ваквите садови наменети за населбинска, поточно, за кујнска употреба.15 Притоа, со наведените типолошки белези тие се карактеристични за раната фаза на полното железно време, кога се уште се присутни низа елементи од претходното, рано железно време, како што се коленестите држалки или печуркастите додатоци.16
Како најчести керамични наоди во куќниот инвентар се јавуваат зделите или длабоки паници. Застапени се форми исто така карактеристични за полното железно време, најчесто длабоки чинии со рамен или во различен степен вовлечен обод. Тие можат да бидат со посебно истакнат обод, украсен со пластична лента со отисоци, со обично врежување или со плитки, вертикални или коси канелури околу самиот отвор, во појасот до рамото на садот (Т.П!:1-9). Држалките на ваквите садови се јазичесто извлечени или хоризонтално поставени на самиот обод (Т.Ш:5, 6, 10, 11).
Во севкупниот керамички репертоар садовите работени на грнчарско тркало се малку застапени, но доволно за да ја документираат поврзаноста на населбинскиот живот со соодветните некрополи, во кои, пак, доминантно место има токму таквата керамиката.17 |? Во основа, се работи за истите форми како кај опишаната рачно работена керамика, но со форми што се најзастапени во некрополите. Така, присутни се, главно, држалки од бокали со засечена задна страна од вратот, од кантаровидни шолји и хоризонтални држалки од длабоки чинии, секако продуцирани во карактеристичната долновардарска продукција, било да е тоа окер печената, лентесто боена или сиво печената продукција (Т.ІІ:12-14).
Меѓу сите наоди од железнодопските слоеви на Глоска Чука за посебно издвојување е делот од лак од малоазиска, поточно, фригиска бронзена фибула (сл. 18:3). Претставува единствен наод од тој тип откриен во Македонија или засега најрана форма од големото семејство малоазиски фибули, кои во Македонија ќе се развиваат доста интензивно. дури и низ вековите од раната антика. Нашиот наод одбележува неочекувано рано присуство на вакви фибули во Македонија. Досега појавата на малоазиски фибули во Македонија обично се поврзуваше со персиските освојувања, така што на нивен локален развиток можеше да се смета дури по крајот на 6 век пред Христа, поточно, од 5-3 век пред Христа.
Фибулата од Глос содржи многу повеќе конструктивни белези на пораните, железнодопски фибули, што биле мошне популарни на широкиот фригиско-малоазиски простор во периодот на 8-7 век пред Христа, отколку на подоцнежните раноантички примероци од Македонија. Таа сведочи за постоење контакти на заедниците од Македонија со Мала Азија уште во текот на железното време, доста пред персиските продори во Македонија. Со своите типолошки карактеристики во изведбата на лакот, едноставно не би требало да се датира подоцна од 7 век пред Христа, на што упатува и останатиот археолошки материјал откриен со неа.
Друга исклучителна појава откриена со истражувањата на Источната тераса на Глоска Чука е погребувањето во убаво градена гробна конструкција вкопана под подот на една од куќите од помладата фаза, во рушевинското ниво на постариот слој (ел. 19). Гробот преставува мала циста од камени плочи во која биле инхумирани детски остатоци (сл. 20). Погребувањето било изведено на стандарден начин, добро познат од бројните железнодопски некрополи во околината.18 3a жал, освен делови од детскиот скелет (ситни парчиња од черепот и делови од долгите коски) во гробот не беа откриени други наоди.
Според сите откриени наоди со истражувањата на Глоска Чука во 2006 година, може да се заклучи дека тој простор бил одреден за населба уште кон крајот на раната фаза од железното време, некаде околу 8-7 век пред Христа. Од таа иницијална населба се откриени делови од куќи за живеење и други придружни објекти фундирани директно во карпестата здравица, кои ја зафаќаат целата Источната тераса на Глоска Чука. Тие го одбележуваат почетокот на организиран населбинскиот живот во железното време по долен Вардар, поточно, формирањето и стабилизизирањето на моќната Долновардарска или Гевгелиска културна група, која интензивно ќе се развива во следните векови.19 Оваа населба, засега е единствениот пример од тој вид и време, со остатоци откриени во форма што обезбедува доволно податоци за организацијата на населбата, станбената архитектура и инвентар.
Заедно со наодите од железнодопските слоеви во повеќеслојните населби на Исар-Марвинци и Вардарски Рид-Гевгелија, населбата од Глос ги дава првите конкретни информации за населбинскиот живот во рамките на Долновардарската културна група. Таа е засега единствениот пример на населба од тој вид и време, неоштетена со подоцнежни интервенции или посериозно неоптоварена со помлади - антички слоеви.
Долго време населбинскиот живот во Долновардарската (Гевгелиска) група преставуваше вистинска загатка, така што тој регион, несомнено еден од економски и културно најразвиените на Балканот во железното време, го познававме главно по погребувањата и бројните некрополи.20 Оттаму, остатоците од железнодопската населба на Источната тераса на Глоска Чука, бараат неодложно продолжување со теренските истражувања.
Според досегашните сознанија, може да се каже дека железнодопската населба егзистирала континуирано некаде до 6 век пред Христа, најповеќе на основа присуството на карактеристичната сиво печена керамика работена на витло, во најмладиот слој. Со тоа, оваа населба го покрива речиси целиот развиток на т.н. Долновардарска културна група.
Позначајни остатоци или населбински слоеви од следните векови на раната антика (5 и 4 век пред Христа) на Глоска Чука досега не се откриени. Тоа значи дека во времето на развитокот на т.н. класични населби на соседните Вардарски Рид и Исар-Марвинци. локалитетот на Глоска Чука не бил така актуелен. Уште помалку може да се смета за еден од центрите на рана Македонија, што Тукидид ги спомнува во историскиот поход на Ситалк 429 г. пред Христа. Во тоа време единствено што може да се претпостави е евентуалното присуство на македонска воена единица на Акрополата на Глоска Чука, како извонредна стратешка позиција, пред се, за заштита на градските центри на Вардарски Рид и Исар-Марвинци. Сепак, и за таквата претпоставка неопходно е продолжување на ископувањата на Акрополат а. Тоа што е сигурно е значајното место и улога на Глоска Чука, поточно, неговата Акропола во следниот период од 3-1 век пред Христа. Во тоа време Акрополата била фортифицирана и организирана како простор што имал големо воено-стратешко значење.
После Александровиот поход на исток, Македонија била крајно податлива и привлечна за пљачкашки притисоци од надвор. Најголемата опасност во таа смисла доаѓала од келтските продори од север. по долината на Вардар. Економски богатата, а политички слаба Македонија во тоа време на подолг рок ги привлекувала и насочувала освојувачите и пљачкаши од север кон југ и обратно, најповеќе по главната комуникација, Вардарско-моравскиот пат. Тоа најпрво го откриваат Бреновите Келти на својот поход кон Делфи (279 г. пред Христа), а потоа во повеќе наврати ќе го користат Скордисците и сличните на нив, се до целосното стабилизирање на римската власт во Македонија.
Таквите историски околности, исполнети со постојани воени судири, биле педантно забележани од античките автори.21 Од друга страна, оставиле бројни археолошки потврди, кои се почесто излегуваат на виделина.22 Меѓу нив, наодите од Акрополата на Глоска Чука заземаат можеби клучно место, отварајќи една нова, мошне значајна, а се уште недоволно позната страница во културно-историскиот развиток на Македонија.
Драги Митревски Филозофски факултет - Скопје dragimit@yahoo.com DRAGI MITREVSKI Faculty of Philosophy - Skopje
ARCHEOLOGICAL EXCAVATIONS AT GLOSKA CUKA - GRCISTE
NEAR VALANDOVO
Белешки
- Пашиќ P., 1995, 49-60; Митревски Д., 1997, кат. бр. 20, 290. ↩
- Мешана македонско-американска екипа со учество на студенти од Македонија и други земји (САД, В. Британија, Чешка, Грција). ↩
- Соколовска В., 1986; Микулчиќ И., 1999. ↩
- Митревски Д. и други, 2005. ↩
- Деталните резултати од истражувањата на Акрополата се презентирани во трудот на С. Блажевска, во истото ова списание. ↩
- Во трудот на С. Блажевска се содржани сите наоди и податоци што произлегуваат од истражувањата на просторот на Акрополата на Глоска Чука. ↩
- Георгиев З., 1982; Митревски Д., 1997. ↩
- Митревски Д.. 2005, 16-32. ↩
- Јованов М., 2005, 315-322. ↩
- е Детали види во трудот на С. Блажевска. ↩
- Преглед на откриените монети од Акрополата со условите на откриевање дадени се во трудот на С. Блажевска, во истото ова списание. ↩
- Митревски Д., 2008, 363-379. пораните фази на полното железно време (8-7 век пред Христа). ↩
- Vasić R, 1987; Митревски Д., 1997, 117-121. ↩
- Hochestheter A., 1984, sloj 11-6; Видески З., 2005, T.III, T-IX. ↩
- Папазовска A., 2005, 150-157. ↩
- Митревски Д., 1997, 100; Георгиев З., 1988; Папазовска А., 2005, Т-II. ↩
- Митревски Д., 1997, 119. ↩
- Митревски Д., 1997, 82-86. ↩
- Vasić R., 1987, 701. ↩
- Vasić R., 1987; Митревски Д., 1997, 82. ↩
- Papazoglu F., 1969, 226-241. ↩
- Митревски Д., 2008, 363-377. ↩
Summary
Archeological Excavations at Gloska Čuka- Grčiste near Valandovo
The site of Gloska Cuka is located 4 km south from the village GrviSte, near Valandovo, situated on the left bank of river Vardar (Fig. 1). The site represents a multilayer complex settlement, with a high acropolis and lower terraces radially set around it (Figs. 2-3). It is part of the wider “Glos” area. Until 2006 there were not any excavations carried out. There were only two graves dated to the Iron Age, accidently found south of Gloska Cuka.
The excavations in 2006 were carried out as an international educational project of the Faculty of Philosophy in Skopje. Two locations were excavated: systematically on the Acropolis and a test trench on the Eastern terrace.
At the northeastern and northwestern parts on the Acropolis remains of inner fortification system were found (Figs. 6, 7). Several structures from 3" and 2"8 cent. BC were found near the fortification wall, from its inner side. The discovered situations show remains from different buildings: a warehouse, workshops, houses, all organized in a single urban system, covering the entire Acropolis.
The oldest finds from the Acropolis are from the Iron Age. However, the finds are not ones that are usually discovered in a settlement context (for example pottery), but only individual finds (Fig. 9). The find repertoire shows common personal items typical for the Iron Age, which can be strongly linked to male carriers. Hence, the Acropolis was used during 7" - 6" century BC, but not as a settlement complex. Most probably the site was used as a strategic military position of the Iron Age settlement, positioned on the lower terraces, mainly on the North and Eastern terrace.
Continuous usage of the Acropolis as a settlement is documented during 4" - 2™ century BC. In this cultural strata, that entirely corresponds to the last (sixth) settlement from the neighbor site of Vardarski Rid in Gevgelija, four building phases have been separated. The buildings were organized along the fortification wall. The rooms that were discovered imply activities for the needs of the community, as a functional whole, set up as a security system of military character.
With the test trenches on the eastern lower terrace of Gloska Cuka, an area of 250 m² was excavated (Fig. 5). Exclusively Iron Age remains were found stratified in three consecutive layers mainly of the advanced Iron Age or during 8" - 6" century BC. The oldest remains are parts of specific architecture - houses with wooden scaffold construction bound with clay and roofs made of organic materials, with foundations cut into the bedrock (Figs. 11-13). Two such objects were clearly defined and well documented. The small finds, mostly pottery, in these houses, are characteristic for the early phases of the advanced Iron Age (8" - 7“ cent. BC).
After the destruction of these houses, the ruins were leveled for new objects; they were directly built on leveled layers of soil, with stone foundation in several rows (Fig. 13). The finds from three continuous layers of the Eastern Terrace are mostly pottery, implying to what it can be easily concluded that the last settlement can be put in the 6" cent. BC.
The pottery is mostly handmade although several fragments of ochre and wheel made gray ware. Anyhow, all of the pottery has the usual characteristics for the advanced Iron Age along the Vardar Valley.
Among all finds, the fragment of a bow fibula, or to be more precise - Phrygian bronze fibula stands out (Fig. 16:3). It is the an unique find of this type discovered in Macedonia so far, the earliest from the large family of bow fibulae, that should not be later than 7" cent. BC, according to its typological characteristics and all the other archaeological material found along with it.
According to all the finds from the Gloska Cuka 2006 excavations, it can be concluded that this area was set to be a settlement from the end of the early phase of the Iron Age, somewhere around 8" - 7“ cent. BC. From the initial settlement, parts of houses and other adjacent buildings funded directly in the bedrock have been discovered, covering the entire Eastern Terrace of the Gloska Cuka. They mark the beginning of the organized settlement life in the Iron Age along the Lower Vardar region, or more accurately the forming and stabilizing of the powerful lower Vardar region group, which will develop intensively in the following centuries.
The Iron Age settlement continually existed until 6 cent. BC, mostly based on the presence of the distinctive wheel made gray ware, in the earliest layer (T.III:14-10), Thus, the settlement covers the entire development of the so called lower Vardar region cultural group.
Significant remains or settlement layers of the following centuries of Early Antiquity (5" - 4" cent. BC) at Gloska Cuka have not been discovered so far. This means that in time of development of the so called classical settlements nearby Vardarski Rid and Isar — Marvinci, the Gloska Cuka site was not that popular. During those times the only thing that could be assumed is the possible presence of a Macedonian military unit in the Gloska Cuka Acropolis, as an incredible strategic position, important mostly in defending the city centers of Vardarski Rid and Isar-Marvinci.
In the following period, 3" - 1“ cent. BC, Gloska Chuka, and the Acropolis had a significant role. The Acropolis was fortified and organized as a place of incredible military - strategic importance.
Библиографија
- Vasié R., 1987, Gevygelijska grupa starijeg gvozdenog doba, PJZ И Sarajevo
- Видески 3., 2005, Бронзено време на Вардарски Рид, Вардарски Рид, Том 1, Скопје
- Георгиев 3., 1982, Apxajcxu тоалетни реквизити од Долното Повардарје, гзфф 8, Скопје
- Јованов М., 2005, Крајот на животот на Вардарски Рид. Вардарски Рид, Том 1, Скопје
- Mikuléié 1., 1999, Antike Stadte in der Republik Makedonien, MANU Тот 8, Skopje |
- Митревски ЈІ., 1997, Протоисториски заедници, Р33СК, Скопје
- Митревски Д. и други, 2005, Вардарски Рид Том 1, Скопје
- Митревски Д., 2005, Вардарски Рид - истражувања 1995-2004, Вардарски Рид, Том 1, Скопје
- Митревски Д., 2008, Келти во Македонија - според археолошките податоци, гзфф ки. 61, Скопје
- Папазовска A., 2005, Слоеви од железното време на Вардарски Рид, Вардарски Рид, Том 1, Скопје
- Papazoglu F., 1969, | Srednjebalkanska plemena и predrimsko doba, CBI XXX Kn.1, Sarajevo
- Пашиќ P., 1995, Локалитетот Глос кај село Грчиште кај Валандово, Зборник на Музејот на Македонија - Археологија, Нова серија 1, Скопје
- Соколовска В., 1986, Исар-Марвинци и Повардарјето во античко доба, Скопје
- Hochstetter A., 1984, Kastanas-Die handgemachte keramik, P45 Band1 3, Berlin