Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 463–470
Хемиски анализи на златната маска од Охрид и на контекстот на наодот
Содржина
Народна банка на рм, Отсек за нумизматика - Скопје
ХЕМИСКИ АНАЛИЗИ НА ЗЛАТНАТА МАСКА ОД ОХРИД И НА КОНТЕКСТОТ НА НАОДОТ
Посветено на почитуваниот колега и пријател - Пере Тошев
Вовед
Примената на егзактните науки во разрешувањето на археолошките прашања уште еднаш се покажа како нужна и неизбежна, и тоа не само за идентификација на хемиските конституенти и на нивната квантитативна застапеност или избор на оптимален метод за конзервација, туку и по однос на добивање информации кои ќе послужат како сигурен показател за начинот на изработка, оригиналноста, потеклото и староста на археолошките наоди.
Во оваа статија се претставени резултатите од хемиската анализа на еден исклучително важен, ако не и најважниот археолошки артефакт откриен во Република Македонија во последните години - златната погребна маска од Охрид. На 30 септември 2002 година, од страна на тимот археолози предводени од археологот Паско Кузман, во гробот 132, во непосредна близина на Горна Порта, беа откриени наоди со ислучително значење: златна погребна маска, златна ракавица со златен прстен, како и седумдесетина гробни прилози од различен материјал: керамика, килибар, стаклени предмети, железо, бронза, сребро и злато.1 Покрај анализите на златната погребна маска, во овој труд се презентирани и резултатите од анализата на составот на материјалот на дел од наодите од гробовите 61, 130 и 132, како и на составот на примероци на почвата во кои беа откриени предметите.
Воедно, предложените хипотези поврзани со составот и технологијата на изработка видени низ призмата на неархеолошките науки се надевам дека ќе бидат поттик за идно многу почесто аплицирање на природните науки во обидот на археолозите да ги расветлат непристапните елементи во толкувањето на материјалната култура и осознавањете на различните аспекти на минатите општества.
1. Испитување и методи за анализа 1.1. Примероци
Предмет на студијата се хемиските аспекти на златната маска од гробот 132 и наодите од гробовите 61, 130 и 132. Во гробот, покрај златната маска, се откриени и повеќе златни розети, од кои беа земени милиметарски примероци за деструктивна хемиска анализа, чија цел беше да се утврди составот на употребениот материјал за нивна изработка. Овие златни прилози беа откриени во непосредна близина на маската, така што нашата претпоставка беше дека сите златни предмети присутни во гробот биле изработени во едно исто време и за нив бил употребен еден и ист вид на материјал.
Другиот фактор кој не принуди да ги анализираме златните листови откриени во гробот 132, а не самата маска, е секако ексклузивноста на ваквите видови наоди. Според моите сознанија, ниедна од досега пронајдените златни погребни маски од античкиот период во егејскиот регион, какои требенишките наоди од Охрид, не е подложена на хемиска анализа со која би се утврдил составот на металот, како и технологијата на изработка.
1.2. Методи на анализа
Врз земените примероци беа спроведени стандардни хемиски анализи за квалитативен и квантитативен состав на металот:
- за образец со злато: спектрометрија со индуктивно спрегната плазма (ІСР spectrometry).
Златото, среброто, бакарот и другите елементи во примерокот од злато се анализирани со спектрометрија со индуктивно спрегната плазма (ІСР spectrometry). Примерокот е растворен на вообичасн начин за ваков тип легури (царска вода, односно смеса на хлороводородна и азотна киселина во однос 3:1).
За калибрација на спектрометарот се користени стандардни раствори на елементи (злато, сребро, бакар итн.) од различни производители, главно, МЕКСК, Германија. Спектрометарот e од фирмата ARL (Applyed Research Laboratory) од сад.
Што се однесува до анализата на примероците од налеп на земја, анализата е вршена со класични мокрохемиски методи и со атомска апсорпциона спектрометрија (ДАС);2 на иснструмент со модел Perkin Elmer 375:
- co AAC ce работени: Mn, Fe, Cu, Ni, Cr, Zn и Pb;
- СО мокрохемиска анализа Са, Mg. Наведените испитувања покажаа дека чистотата на златото од маската е околу 17 карати34 и дека најверојатно станува збор за самородно злато. Интересно е што анализата покажа висок процент на присуство на сребро, односно дека станува збор за електрум (легура со содржина на сребро повеќе од 20%). Тоа едновремено ја објаснува и светложолтата боја на употребениот материјал за изработка на погребните предмети. Покрај злато и сребро, во материјалот се откриени и примеси на бакар, олово и железо во незначителни траги кои исто така се карактеристични како примеси на природниот електрум.5 Сепак, идни изотопски анализи на примесите на олово би можеле да ни дадат попрецизни резултати за потеклото на рудата, односно би можела да се утврди и геолошката старост на употребениот материјал кои, за жал, истите не се достапни во нашата држава.6
Хипотеза за видот на „корозијата“
е масата на чисто злато во легурата, е вкупната маса на легурата.
При обидот хемиски да се испита златото од кое се изработени предметите, се наметна уште еден интересен проблем. Златната маска на која се гледаа црни налепи, за кои се претпоставуваше дека потекнуваат или од остатоците на спалените покој ници (органски компоненти), или од евентуалните елементи од органско потекло користени во погребната процесија (свеќи, дрвен капак со кои биле покриени и слично), се испитаа преку7 екстракција со различни органски растворувачи. Микроскопските анализи укажаа на тоа дека црните дамки најверојатно не се хемиски врзани за металот, туку се отстрануваат механички. Меѓутоа, црниот слој е толку тенок што беше невозможно да се отстрани примерок од дамката во доволна количина потребна за анализа, а да не се оштети површината на златниот предмет, особено поради малата тврдина и малата дебелина на предметите. Од таа причина, златната розета со идентични црни дамки ја екстрахиравме во сокслеров апарат за екстракција, при што како растворувачи беа користени ацетон, метанол, бензен. Дамките не отпаѓаа заради што беше исклучена можноста дека станува збор за органски компоненти.
Оттука, исклучувајќи ја можноста за органско потекло на црните налепи, се наметна претпоставката дека тие веројатно се продукти на некој вид корозија која се манифестира со ваков вид на белези, односно микробиолошка или електрохемиска корозија. Првата, иако мошне ретко и во строго одредени специфични услови, сепак се појавува кај предмети длабоко закопани в земја и пројавува такво обојување, додека другата, како најчесто застапен вид на деградационен процес на археолошките предмети во средини каде што има присуство на влага, исто така, меѓу другите, остава и таков вид корозивни продукти.
Од тие причини, како и поради неможноста да се изолира материјал со екстракција, златните предмети беа дополнително микроскопски анализирани на Институтот за билогија со цел да се потврди или отфрли претпоставката за микробиолошка корозија, односно да се утврди дали црните дамки се резултат на слој на залепени мембрани од бактерии. Резултатите од Институтот за биологија покажаа дека постои ваква можност, но бидејќи примерокот беше подложен на претходното испитување (екстрахирање) бактериите беа умртвени, така што не беше возможно да се направи хранилиште и колонија со размножување, со што дефинитивно би се утврдила точноста на претпоставката и секако, поттипот на Clostridium бактеријата.
Во кисела средина со рН меѓу 4.7 и 5.9 и анаеробни услови, златото може да биде растворено под дејство на анаеробните бактерии, Clostridium regulare и Clostridium irregulare. Бактеријата Clostridium, инаку во медицината е позната по тоа што лачи егзотоксини кои спаѓаат во најотровните органски супстанци. Механизмот на оваа акција не е се уште доволно разјаснет, но се претпоставува дека одговорноста лежи во деградационите продукти од распаѓањето на вегетацијата предизвикана од овие бактерии. Златото се раствора во контакт со раствор кој ги содржи овие продукти, и тоа по тринеделен контакт е најдено присуство на извесно количество растворено злато, поточно, меѓу 0.25 те/ и 0.50 те/1. Претпоставката за електрохемиска корозија се наметна по анализата на составот на златото, за кое се утврди дека е 17 каратно, односно дека станува збор за златна легура која не е толку отпорна на корозија како чистото злато. Во зависност од составот на металот и условите на средината, електрохемиската корозија се манифестира меѓу другите и со такво обојување, црни или темни корозивни продукти на површината на металот, слични на оние присутни на златната маска и златната розета. Корозијата кај легурите на злато може да биде екстремно брза како резултат на формирање на галванска ќелија со легираните метали, а степенот на корозија ќе зависи од содржината на легираните компоненти во златната легура. Особено се отпорни легурите кои содржат до 20% други метали, што не се случај со златната легура од која е изработена маската кај која се присутни повеќе од 2895 други метали.
Златото легирано со повеќе од еден метал, како бакар, сребро, железо, најчесто е прекриено со продуктите на корозија типични 3a тие метали и предметот е со матен изглед. Црното обојување на делови од маската може да е резултат на хлоридот на сребро кој како корозивен продукт се појавува во форма на сив прашок или темни дамки кои се таложат на површината од металот и/или, пак, на сулфурни соединенија присутни во земјата или воздухот кои ги потемнуваат предметите кои не се од чисто злато.8
Xunome3a за потеклото на рудата
Она кое е познато од пишуваните извори, а кое се однесува на извори на соодветни наоѓалишта на скапоцен метал, во периодот од VIII до VI век пр.н.е. најексплоатирани рудници на злато и сребро биле оние во областите околу планината Пангај, бреговите на Егејското Море кај Халкидик, Дисорон, како и островот Тасос. Добиеното злато и сребро од овие рудници одиграло огромна улога во ковањето монети во Македонија, чијшто почеток е исто така кон VI век пр. н.е. Искористувањето на пангајските рудници интензивно продолжило и во времето на Филип II, кога тој за првпат во монетарниот систем на античка Македонија ги вовел и златните статери. Исто така, постојат податоци и за богатство од златна руда во долината на реката Стримон и особено во Пајонија, каде често биле откривани големи парчиња од самородно злато. Ако се земе предвид и податокот дека во денешно време е потврдено дека реките во Гевгелиско и Валандовско (Анска, Конска) се богати со златоносен песок, се наметнува претпоставката дека златото можеби е речно.9
2.2. Сребрена количка!"
Покрај анализата на златниот материјал од гробот 132, беше анализиран и примерок од земја11 од сребрена вотивна количка со цел да се утврди дали околната почва може да биде подложена на анализа без притоа да се вршат деструктивни анализи на самиот предмет, а кои би помогнале да се добијат првични сознанија за составот на материјалот употребен за изработка на предметот. Компаративните анализи на предмет од Гробот 61, прикажани подолу, укажуваат дека почвата во непосредна близина на артефактот ги содржи истите елементи како и предметот. Очигледен е недостатокот на елементи кои би придонеле за цврстината на легурата, што упатува на заклучок дека технологијата за добивање сребро од сребрена руда © изразено примитивна и дека најверојатно рудата не била подложена на процес на прочистување. 2.4. Метален предмет
Покрај примероците од почвата непосредно до вотивната количка, од Гробот 132 беа земени и анализирани и примероци од металниот предмет од неидентификуван вид и функција. Иако се работи за метален, односно железен предмет, анализите укажаа дека нема остатоци
Дијана Ванчевска нбрм, Отсек за нумизматика
Бул. „Кузман Јосифовски — Питу“, бр. 1, 1000 Скопје vancevskad@nbrm.gov.mk
DIJANA VANČEVSKA
National Bank of Macedonia, Department of Numismatics - Skopje
CHEMICAL ANALYSIS OF THE GOLDEN MASK FROM OHRID
AND THE CONTEXT OF THE FINDINGS
Белешки
- Ја изразувам мојата длабока благодарност на археологот Паско Кузман кој ми овозможи да биде реализирано ова истражување и што ми ги направи достапни деталите на ова откритите. ↩
- Тошев IT. et al., 1999, 375-379. ↩
- Ја изразувам мојата огромна благодарност до тимот соработници: проф. д-р Зоран Здравковски, д-р Драган Михајловиќ, како и колегите од Институтот за биологија што ми помогнаа во анализирањето на сите приложени примероци. ↩
- Еден карат (karat) е стара мерна единица која ја покажува чистотата на златните легури, како сооднос помеѓу златото и конкретната легура, поточно, тежински делови на злато во 24 делови на легурата. Каратноста на златото се пресметува според следново равенство: ↩
- = 24 Mg/Mm каде: ↩
- каратниот однос на легурата, ↩
- Stambolov T., 1985, 201. ↩
- Blenderleith H. J.. 1956, 207-210. ↩
- Renfrew2 C. — Bahn P., 1991, 318-319. ↩
- Stambolov T., 1985, 199-200. ↩
- Керамидчиев A., 1977, 103-113. ↩
- Конзерваторски зафати за зачувување и реконструкција на овој како и на останатите наоди, предмет на овој труд, совршено се изведени од страна на Климент и Билјана Балеви од охридскиот музеј, врз кои се аплицирани голема умешност и знаење. ↩
- Оваа како и останатите анализи подолу се однесуваат на растворливи компоненти во хлороводордна киселина (пр. калциум сврзан во форма на силикати не е вклучен). ↩
Summary
Chemical Analysis of the Golden Mask from Ohrid and the Context of the Findings
The application of the hard sciences in resolving archaeological questions once again proved to be necessary and inevitable, not only for the identification of the chemical constituents and their quantitative representation or their choice of12 optimal method of13 preservation, but also with respect to obtaining information that will serve as reliable indications of the manner of manufacture, authenticity, origin and age of the archaeological findings.
The chemical analysis of the gold from grave number 132 confirms that it is electrum, i.e., an alloy of gold and silver in the approximate ratio 1:3, where the purity of the gold is only 17 Carats. The analysis also showed that the composition of the soil in the immediate vicinity of the object often contained elements present in the alloy and that it could be a substitute for proper examination of the surface layer of the alloy from which the item was made, without further damage, especially14 in cases of fragile mineralized artefacts, as for example the silver wheeler. At the same time, the analysis only confirmed the well-known fact about the soil’s chemical - biological impact on the discovered objects, even on those made of precious metals.
Certainly this is a debatable subject and leaves room for more research and answers, which I hope in future to clarify, after acquiring proper equipment to perform all the necessary analyses.
Библиографија
- Керамидчиев А., 1977, Извори за рударство и металургијата во античка Македонија. Масеԁ. acta archaeol. 3, 103-115, Прилеп
- Plenderleith H. J., 1956, The Conservation of Antiquities and7 Works of Art; Treatment, Repair and7 Restoration, 207-211, London
- Renfrew C. — Bahn P., 1991, Archaeology, Theories, Methods and7 Practice, 318-319, London
- Stambolovy T., 1985, The corrosion and7 conservation of metallic antiquities and7 works of arts, 201, Amsterdam
- Тошев П. - Стојанов Р. - Здравковски 3., 1999, Физичко-хемиски испитувања и конзервација на некои археолошки наоди од Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 15, 373-383, Скопје