Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 447–461
Антрополошки особености на скелетните наоди од локалитетот Средсело - с. Лажец, Битола
Содржина
Предмет на текстот е малата скелетна серија од некрополата на локалитетот Средсело, с. Лажец, Битола, пронајдена при интервентните истражувања во 2005 год.
Истражувањата се водени од Завод и Музеј - Битола, а раководител на истите е археолог Гордана Филиповска-Лазаревска.
Истражени се 11 гроба, прелиминарно одредени како погребувања од XIV до XVI век.1
Ова е прва антрополошки истражена скелетна серија од регионот на Битола, која припаѓа на доцносредновековниот период и периодот на турското средновековие.
1. Материјал и методологија на антрополошката анализа
Од вкупно 11 гроба кои се откриени, подигнати се 18 скелети за антрополошка обработка.
Гробовите се нумерирани со арапски бројки. Кај оние каде постои двојно погребување, покрај редната арапска цифра, скелетот е назначен и со редна буква од абецедата. Кај групацијата на коски, секој одвоен скелет е нумериран со ознака ВВ 1 (без број) и буква од абецедата покрај него (пр.ВВ І/а).
Гробовите се означени со броевите: 3, 4, 5, 6 (скелет 6/a и 6/b),7, 8, 9, 10(скелет 10/а и 10/b), BB I (a, b, ¢, d, e, f, e) и гроб 12.
Од нив 7 скелети се добро зачувани, нецелосни, а 11 се слабо зачувани, и Т.Н. нецелосни.
Антрополошката анализа беше направена во рамките на стандардната методологија во физичката антропологија. По миењето. сушењето и реконструктивното лепење на одкршените коски, се премина на нивно истражување.
При антрополошката анализа, кај оној скелетен материјал каде за тоа постоеја зачувани елементи, беше одреден полот и индивидуалната возраст на покојникот, според методите на Ачади-Немешкери2 и Бротвел.3
скелет (/. tuber frontalia et parietalia; 2. glabella et arcus superciliaris; 3. protuberantia occipitalis externa; 4. squama occipitalis; 5. processus mastoideus; 6. margo supraorbitalis et linea orbitae; М. Велова-Граорковска, Антрополошки особености на скелетните наоди од локалитетот Средсело... 7. facies malaris; 8. arcus zygomaticus; 9. corpus mandibulae; 10. angulus mandibulae; 11. capitulum mandibulae; 12. trigonum mentale; 13. pelvis maior; 14.pelvis minor; 15.angulus pubis; 16.incisura ischiadica maior; 17.foramen obturatum; 18. sacrum; 19. caput femoris; 20. linea aspera; 21.clavicula). Елементите се проценувани на скала од -2 (хиперфеминин) до +2 (хипермаскулин). Исто така, пресметуван е и коефициентот на сексуализација.
Индивидуалната возраст на покојниците е одредувана според неколку елементи (во зависност од старосните категории (деца, јувенили и возрасни): ерупција на млечни и возрасни заби, најголемата должина на коските од горните и долните екстремитети и окостување на прешлените од "рбетниот столб (кај деца); окостување на епифизите на коските од екстремитетите и сраснувањето на сфено-окципиталниот шев (јувенили); степен на атриција на моларите, облитерација на кранијалните шевови, изгледот на препонската симфиза и компактноста на спонгиозата на caput femoris et humeri (возрасни).
Кај дел од скелетите извршени се кранијални и посткранијални мерења според упатствата на Мартин и Залер4. Кранијални мерки можеа де се земат кај 4, а посткранијални кај 6 индивидуи.
Во антропоморфолошката анализа користени се упатствата на Мартин-Салер, Кун,5 Бротвел7 и Серџи".
Телесниот раст е одредуван преку најголемата должина на фемурите и хумерусите. според таблиците на Брајтингер“8 (за мажи) и Бах9 (за жени).
Кај сите скелети избрани се и следени се епигенетските варијации на кранијалниот и посткранијалниот скелет, според повеќе истражувачи,10 како и патолошките траги на целиот
Во рамките на анализата изработени се и табели за поделба на групата во старосни групи, по пол и возраст, како и табела со статистички показатели на кранијалните мерки и индекси на машките черепи и индивидуалните вредности на истите мерки и индекси на женскиот череп од скелетот бр. 5, како и прилог со табела за посткранијалните мерки.
Краниумите се фотографирани во 4 пози: Порта facialis-однапред, Порта lateralisстранично, Порта occipitalis-одназад и Порта verticalis - озгора.
2. Каталошки приказ на индивидуалните скелети
1. Гроб бр. 3, скелет бр. 3
Слабо зачуван, нецелосенскелет на дете, кое починало на возраст од 3-4 години.
2. Гроб бр. 4, скелет бр. 4
Слабо зачуван, нецелосен скелет на маж кој починал на возраст од 35-40 години.
Скелетот е многу робустен, со висок телесен раст од 177 см. Фемурите се стеномерични и немаат пиластер.
Како патолошки траги е забележана интервертебрална дископатија и слаба спондилоза на лумбалните пршлени, а на дијафизите од двете улни инфективен процес на покосницата (периостит). 3. Гроб бр. 5, скелет бр. 5
Добро зачуван, нецелосен скелет на жена (-1.33), која починала на возраст од 50 до 55 год.
Краниумот е зачуван без поголем дел од фацијалниот скелет, така што можеа да се земат само неколку мерки, коишто дадоа индекси со вредност: тапсинокран; акрокран. Мандибулата е долихостеномандибуларна, слаба, со билатерална, ниска и рамна брада, со умерено нагласен ментум.
Черепот во вертикалната проекција е ромбоид; во латералната е кус, висок, и курвоокципитален. Ламбдата е висока, лачна, а окципиталната норма е во форма на куќа.
Посткранијалниот скелет е грацилен.
Од епигенетските варијации черепот имаше обостран париетален форамен, а менталниот форамен се наоѓа под вториот премолар.
На посткранијалниот скелет има перфорација на хумерусот во пределот на фоса олекрани, со средна големина, како и двоен трансверзален форамен на цервикалните прешлени.
Патолошки промени: претсмртно извадени сите мандибуларни премолари и молари. Постои и кариес на десниот трет молар, додека левиот е рудиментиран (многу11 помал во однос на десниот). Атрофијата на мандибулата е умерена.
На посткранијалниот скелет постојат патолошки траги на торакалните и лумбалните пршлени, во вид на слаба спондилоза и умерена остеопороза.
4. Гроб бр. 6, скелет бр. 6/a
Добро зачуван, нецелосен скелет на маж, кој починал на возраст од 20 до 25 години.
Посткранијалниот скелет е умерено робустен, со средна телесна висина 168 см.
Патолошките траги покажуваат интервертебрална дископатија на лумбалните пршлени и слаб периостит на левата улна.
Скелет бр. 6/6
Минимални остатоци од скелет на јувенил, кој најверојатно починал на возраст од 15 до 18 години.
5. Гроб бр. 7, скелет бр. 7
Добро зачуван, нецелосен скелет на маж (+0.73), кој починал на возраст од 45 до 50 год.
Неврокраниумот е брахикран, хипсикран/тапеинокран, акрокран/хипсикран, стенометоп.
Коренот на носот е тап, многу тенок, длабок и висок, со рамни носни коски.
Вертикалната норма е ромбоид, латералната е куса, висока, курвоокципитална. Окципутот е висок и лачен, а окципиталната норма е парабола.
Глабелата е јака (Вгоса 4), а окципиталната протуберанца слаба (Broca 1).
Посткранијалниот скелет е умерено робустен, со висока телесна висина од 173 см. Фемурите се платимерични и имаат пиластер.
Епигенетски варијации: Париетален форамен од десната страна; двостран супраорбитален форамен; горна нухална линија; птерион во форма на Н.
Патолошки траги: Интервертебрална дископатија на неколку торакални прешлени; голема егзостоза на линеа аспера и периостит на дијафизата од десниот фемур; како и умерена кранијална крибра, како последица на долготрајна анемија.
6. Гроб бр. 8, скелет бр. 8
Фемурите се платимерични на граница со еуримерични и немаат пиластер, тибиите се мезоеурикнемични.
Добро зачуван, нецелосен скелет на маж, кој починал на возраст од 45-50 год. Зачуван е само посткранијалниот скелет, и тој е умерено робустен. Има средна телесна висина од 168 М. Велова-Граорковска, Антрополошки особености на скелетните наоди од локалитетот Средсего...
Патолошки промени: Егзостоза на пубичната коска од левото карлично крило; егзостози на првите три фаланги од десното стапало; егзостоза на левата фибула; остеофити на двата калканеуса, и на десната патела како последица на силен артритис, како и слаба спондилоза на лумбалните прешлени.
7. Гроб бр. 9, скелет бр. 9
Слабо зачуван, нецелосен скелет на дете, кое починало на возраст од 6-7 год. Не се забележани патолошки траги на скелетот.
8. Гроб бр. 10, скелет бр. 10/а
Слабо зачуван, нецелосен скелет на маж?, јувенил кој починал на возраст од 15 до 17 год.
Воочени се само патолошките промени: Кариес на левиот прв молар и на десниот прв премолар од мандибулата, на оклузалната површина.
Скелет бр. 10/6
Слабо зачуван, нецелосен скелет на дете, кое починало на возраст од 7-9 год. Патолошки траги не се забележани.
9. Гроб ВВ Ге групација од 7 скелети, означени со букви од абецедата.
Скелет бр. ВВ Г/а
Слабо зачуван, некомплетен скелет на дете, кое починало на возраст од 7 до 9 год.
Скелет бр. ВВ 1)
Слабо зачуван, нецелосен скелет на маж, кој починал на возраст од 45 до 50 год.
Од кранијалниот скелет зачуван е сводот, кој не можеше да се мери, така што беа воочени само неколку карактеристики.
Краниумот е планоокципитален, окципиталната норма е со форма на куќа, со умерена окципитална протуберанца (Broca 3).
Според коските на черепниот свод, истиот бил робусен, и на него се забележуваат неколку епигенетски варијации: двострана супраорбитална инцисура, париетален форамен од лево, интерсутурални коски во ламбдоидалниот шев, повеќеделна оѕ арісіѕ. Менталниот форамен се наоѓа под првиот премолар, а на Ш цервикален прешлен присутен е двоен трансверзален форамен.
Патолошки траги: сите молари, премолари и централните инцизиви од долната вилица се претсмртно отстранети, а присутни се страничните инцизиви и канините. Атрофијата на мандибулата е силна, поради големиот број на извадени заби.
Скелет бр. ВВ І/с
Слабо зачуван, нецелосен скелет на маж кој починал на возраст од 30 до 35 год.
Посткранијалниот скелет е умерено робустен, со висока телесна висина од 171 см.
Патолошки траги: Остеофити на горниот зид од форамен обтуратум, кој покажува артритични промени на карлицата, со умерен интензитет.
Во мандибулата постојат повеќе патолошки траги: интерпроксимален кариес на десниот трет молар, интерпроксимален и оклузален кариес на ВІОРНОТ молар десно, како и радикуларна циста под левиот прв молар настаната поради гноен процес. Долната вилица е мерена и покажува вредност на долихостеномандибуларна.
Скелет бр. ВВ 1/4
Добро зачуван, нецелосен скелет на маж (+0.58) кој починал на возраст од 25 до 30 год.
Кранијалниот скелет е зачуван, без мал фрагмент од горната вилица.
Неврокраниумот е ултрабрахикран; хипсикран/тапеинокран; хипсикран/акрокран.
Челото е метриометоп, заоблено, со умерена глабела (Broca 3).
Фацијалниот скелет е хипереурипросоп, лептен, многу широк. Орбитите се хипсиконхи, четвртести, носот е мезорин, со умерено широка назална апертура. Коренот на носот е тап, плиток, висок и многу широк. Назалната спина е умерена (Вгоса 3), хоризонтална. Doca канина е длабока и ниска, а обликот на алвеоларниот лак е параболид, широк. Оклузијата е со лабидонција.
Мандибулата е долихостеномандибуларна. јака, со билатерална, висока и испакната брада, со силно нагласен ментум.
Окципиталната протуберанца е умерена (Вгоса 3). Ламбдата е ниска и рамна, а окципиталната норма е во форма на парабола. Фацијалната норма е високо и многу широко лице. Вертикалната норма е сфероид. Черепот во латералната норма е многу кус, висок и планоокципитален.
Епигенетски варијации: Двострани супраорбитални форамени и инцисури; париетален форамен на лева страна; зигоматично-фацијален форамен е двостран по еден; постои туберкулум на зигоматичните коски; дополнителни форамени на зигоматичните и носните коски; менталниот форамен е под вториот премолар; горна нухална линија; птерион во форма на Н.
Патолошки промени: Кранијална крибра; кариес на мандибуларните прв и втор молар од двете страни; хипоплазија и каменец со слаб интензитет; ресорпцијата на алвеоларниот раб ит. е со слаб интензитет.
Скелет бр. ВВ е
Добро зачуван, краниум, од кој недостасува десната темпорална коска, и фрагмент од мандибулата. Покојникот е маж (+1.11), кој починал на возраст од 45-50.
Неврокраниумот е мезокран на граница со брахикранија; ортокран/тапеинокран; хипсикран/акрокран. Челото е метриометоп, со силна глабела (Вгоса 4). Лицето е месен, орбитите се хипсиконхи, квадратни, носот е лепторин, со тесна, висока и крушкаста назална апертура, тап, длабок, многу широк и висок назален корен, умерена, хоризонтална спина, и конвексни назални коски. Фоса канина е плитка и висока, алвеоларниот лак е со форма на елипсоид, мандибулата е јака, со лачна и испакната брада.
Ламбдата е висока и лачна, со умерена окципитална протуберанца (Вгоса 3) и окципитална норма со форма на куќа. Фацијалната норма е ниско и широко лице, вертикалната норма е овоид, а черепот во латералната норма е краток, висок и курвоокципитален.
Епигенетски варијации: Супраорбитален форамен и инцисура десно; двостран париетален форамен; зигоматично фацијален форамен има од двете страни по еден; туберкулум на зигоматичните коски; форамен ментале се наоѓа под вториот премолар; горна нухална линија; птерион во форма на X.
Патолошки траги: Умерена кранијална крибра; возможна фрактура меѓу десната назална коска и максилата: остеофити на десната фронтотемпорална линија; 2 остеоми на фронталната коска и | остеом кај левиот астерион.
Претсмртно отстранети заби се сите молари од десната страна во мандибулата, целата лева половина на заби во максилата и десните инцизиви и канинот, така што ресорпцијата е многу силна, и двете вилици се многу атрофирани.
Скелет бр. ВВ I/f
Минимални остатоци од скелет на јувенил. Поради тоа не постоеше можност за попрецизно возрасно одредување.
Скелет бр. ВВ I/g
Слабо зачуван, нецелосен скелет на дете, кое починало на возраст од 3 години, со силна фронтална и париетална крибра, како последица на анемија.
10. Гроб бр. 12,cxener бр. 12
Слабо зачуван, нецелосен скелет на дете кое починало на возраст од 7-10 год.
3. Антрополошки профил на групата од с. Лажец, Битола
3.1. Палеодемографски карактеристики
Вкупниот број на скелети од некрополата е 18, погребани во 10 гроба. М. Велова-Граорковска, Антрополошки особености на скелетните наоди од локалитетот Cpenceno...
Кај оваа мала скелетна група 6 скелети се на деца кои починале до 10 годишна возраст, 3 се на јувенили до 20 години, 9 се на возрасни до 60 години. Од нив само еден скелет припаѓа на женски покојник.
Поради малиот број скелети палеодемографска анализа не е направена. Направена е табела за старосни групи по пол и по старост.
Табелата покажува дека 15 година не ја доживеало 33.3 % од погребаното население. Од нив 11.1 % или 2 деца починале во возраста до 6 год., а 22.2 % или 4 се деца кои починале од 7 до 14 години. 16.6 95 се јувенили до 20 години. Мажите сочинуваат 44.4 95, a од нив најмногу починале во возраста од 40 до 50 години (22.2%). Од 30 до 40 година починале 2 (11.1 %), а и во третата деценија починале само две индивидуи. Шестата деценија од животот ја доживеала само жената. Најголема смртност има од 7 до 14 година и од 40 до 50 година.
Високата смртност на деца и јувенили го прави просечниот животен век многу краток, односно 29 години. Кај мажите просечниот живот изнесува 42.5 год. (Табела 1).
3.2. Антропоморфолошки карактеристики
Кај антрополошкиот материјал постојат п.с. скелети со слаба и добра зачуваност, но нецелосни, а само еден е многу добро зачуван. Кранијални мерки се земени од 4 машки краниуми и еден женски (Табела 2). Мерки од посткранијалниот скелет се земани од 5 индивидуи (Прилог 1).
Машките краниуми се просечно: многу куси; високи во однос на должината/ниски во однос на ширината; високи кај ушната висина; со тесни чела; многу широко цело лице; тесно горно лице; многу широки лица во пределот на долната вилица; високи орбити; умерено широк нос; долги и тесни мандибули.
Женскиот неврокраниум е низок во однос на ширината, мерено од базата; и висок во однос на неговата ширина, мерено од висина на ушите.
Лицето кај сите краниуми е високо, а има и со ниско лице, додека во однос на ширината тоа е широко или многу широко. Окципиталната норма е со форма на куќа или парабола. Вертикалната норма е варијабилна, така што се појавува формата на овоид, ромбоид и сферод - (кај ВВ І/ԁ). Кај латералната норма почеста е курвоокципиталијата, а кај 2 краниуми воочена е планоокципиталија.
Мерењето на посткранијалните скелети покажа дека најчесто фемурите се платимерични и платимерични на граница со еуримерични, а кај една индивидуа стеномерични. Пиластричниот индекс кај сите мерени фемури покажа вредност под 100, што значи дека немаат пиластер. Тибиите се мезоеурикнемични. Телесната градба кај мажите е умерено робусна и робусна, кај жената е грацилна. Телесниот раст се движи од 168 см до 177 см или двајца мажи се вбројуваат во средно високи, а останатите во високи мажи (Прилог 1).
Антропотиполошката припадност можеше да се одреди кај 4 машки краниуми и кај еден женски. Кај 2 краниуми од нив антропотиполошката припадност е одредена со веројатност.
Три машки краниуми се брахикрани, курвокципитални, така што може да се сместат кај робусниот автохтон динаро-медитерански тип со висок раст, со тоа што се забележуваат повеќе динарски елементи. Два машки краниума се брахикрани, планоокципитални, т.ш.? може со веројатност да се одредат како припадници на динарскиот тип.
Женскиот краниум е проценет како веројатно динаро-медитерански тип, според оние морфолошки карактеристики кои можеа да се следат.
3.3. Епигенетски карактеристики
Поради некомплетната зачуваност на скелетниот материјал, многу од избраните епигенетски варијации, не можеа да се следат кај сите скелети, односно се следеа само оние кои се наоѓаат на зачуваните делови од скелетот.
Најчесто се јавува двостраниот париетален форамен. Супраорбиталниот форамен се појавува двострано или само оддесно. Супраорбиталната инцисура е двострана само кај една индивидуа, а кај еден покојник постои комбинација на инцисура и форамен. Зигоматично фацијалниот форамен се појавува од двете страни по еден. Кај еден череп постојат дополнителни форамени на зигоматичните и назалните коски (скелет бр. ВВ 1/4). Туберкулум на зигоматична коска имаат три покојника. Foramen ментале најчесто е сместен под вториот премолар и кај еден случај под првиот премолар. Кај една индивидуа постојат интерсутурални коски во ламбдоидалниот шев и повеќеделна ОЅ АРІСІЅ (ВВ I/b). Од прекубројните шевови на черепот, само кај една индивидуа постои метопичен шев, кој е делумно сраснат (ВВ 1/0). Горната нухална линија е забележана кај 2 индивидуи (мажи) и таа е со слаб интензитет. Птерионот се појавува во X или Н форма.
Од епигенетските особености на посткранијалниот скелет, кај жената се појавува перфорација на левиот хумерус, а кај два скелети двоен трансверзален форамен на цервикалните пршлени.
3.4. Траги на заболувања
Како и следењето на епигенетските варијации, така и следењето на болестите кои оставаат траги на скелетот не беше во целост возможно, поради слабата и нецелосна зачуваност на скелетниот материјал. Но, и покрај тоа, кај оваа група постојат голем број примери кои покажуваат траги на одредени болести.
Оние патолошки траги кои беа воочени, се поделени на патологија на кранијалниот и посткранијалниот скелет и на дентална патологија.
Кај краниумите од оваа група најчесто се среќаваат кранијалните крибри со слаб до силен интензитет, а се среќаваат кај едно дете до 3 година, еден јувенил до 20 години и кај еден возрасен до 50 год. Крибрата се јавува како последица на долготрајна анемија од дефицит на железо.12
Кај еден череп се присутни 3 остеоми (коскени бенигни тумори, со кружна форма и мали димензии) и остеофити (коскени шилести формации) на фронтотемпоралната линија (ВВ Це). Кај истата индивидуа е забележана трага на фрактура меѓу десната назална коска и мак-М. Велова-Граорковска, Антрополошки особености на скелетните наоди од локалитетот Средсело...
Кај патолошките промени на рбетниот столб, најчесто се среќаваат спондилозата со слаб интензитет, п.с. на торакалните и лумбалните пршлени, кај индивидуи постари од 40 год., како и интервертебрална дископатија и остеопороза и.т. со слаб и умерен интензитет.
Од другите патолошки промени на посткранијалниот скелет, кај еден скелет воочен е многу силен дегенеративен артритис на карлицата (скелет ВВ 1/с), a силен артритис деформанс на колената и петите има само кај еден маж на возраст од 45 до 50 години (скелет бр. 8), придружен со остеофити на пателите и калканеусите.
Егзостозите (коскени тумори) се присутни кај две индивидуи: кај еден маж на пубичната коска, фибулата и прстите од стапалото (скелет бр. 8); а егзостозата кај другиот маж е на дијафизата од фемурот, кој има и периостит (скелет бр. 7).
Периостит (инфективен процес на покосницата) е забележан кај 3 индивидуи, од кои кај двајца мажи на возраст од 25 до 35 години тој е лоциран на улните (скелет бр. 4; 6/а). Кај маж на возраст од 45-50 години лоциран е на фемурот (скелет бр. 7).
Не се забележани фрактури или траги на повреди на посткранијалниот скелет.
Најмногу патолошки траги има кај забите. Најчести се претсмртно отстранстите повеќе заби во една вилица, кај индивидуи постари од 40 години, коишто условуваат и силни ресорпции на алвеоларниот раб и силни атрофии на вилиците.
Кариесот, кој се јавува п.е. на моларите и премоларите е најчесто сместен на оклузалната површина, но сепак е со слаб интензитет за возраста која ја имаат индивидуите, а го има кај два јувенила и двајца возрасни. Кај еден скелет постои и радикуларна циста под кариозниот заб во мандибулата, како последица на гноен процес (скелет ВВ І/с). Хипоплазијата и каменецот се со слаб до умерен интензитет.
Скелетната група од Средсело, с. Лажец, Битола, (истражувања во 2005 год.) засега се состои (некрополата не е целосно истражена) од 10 гроба, со погребани 18 скелети (6 деца, 4 јувенили, и 8 возрасни, 7 мажи и една жена).
Заедно со скелетниот материјал од покојниците беа присутни и животински коски, како и железни клинци пронајдени во гробовите.
Железните клинци покажуваат погребување во дрвени сандаци, додека присуството на животински коски укажува на одредени погребни ритуали во кои се жртвувале животни или друга храна како попатнина за мртвиот.
Присутни се кај населението на Балканот, особено во средновековниот период. Притоа најчесто, во овој период кај поголемиот дел од некрополите на Балканот, во гробовите и јамите за отпад се среќаваат коски на коњи, говеда, овци, кози и живина.13
Според тоа, истражувањето на животинските коски кои потекнуваат од гробовите на некрополата во Лажец, ќе донесе заклучок за присуството на одредени животни, најверојатно домашни, кои биле одгледувани од населението на оваа населба.
Кај поголем дел од скелетите имаше доволно зачувани елементи за попрецизно одредување на возраста (со интервал од 5 год.), како и за полот кај возрасните и дел од јувенилите (возрасните се 7 мажи и една жена, а јувенилите се машки ). Најголем дел од покојниците се деца и јувенили. Смртноста кај нив е 55.5 %, а останатите се возрасни. Кај возрасните најголема смртност има во возраста од 40 до 50 год. Единствената жена починала во шестата деценија од животот.
Просечниот животен век на групата изнесува 29 години. кај мажите тој е 44.2 год.
Кранијалните индекси покажуваат хомогена група. Краниумите се п.с. многу куси и курвоокципитални, високи, со тесно, заоблено чело, широко цело лице, тесно горно лице, високи орбити, умерсно широк нос, односно просечно се хипербрахикрани, стенометопи, хипереурипросопи, хипсиконхи и мезорини.
Телесната градба на мажите е умерена или робусна, а телесниот раст се движи од 168 до 177 см, односно спаѓаат во категоријата на мажи со среден и висок раст.
Антропотиполошката припадност на краниумите кои се брахиморфни и курвоокципитални е одредена како мешавина на робусни динаро-медитераниди, со повеќе примеси на динарскиот тип и динариди.
Бидејќи динарскиот и медитеранскиот антрополошки тип е присутен на овие простори уште од Ил милениум пр. н.е. а и.т. и робусниот медитеранид на територијата на Македонија е широко присутен на сите некрополи и во средновековниот период,14 овие пет черепи од Лажец појаснуваат дека населението од доцносредновековниот период од оваа населба може да се смета за автохтоно.
ОД епигенетските карактеристики кои поретко се појавуваат за разлика од останатите, а се присутни кај групата, се издвојуваат интерсутуралните коски во ламбдоидалниот шев, метопичниот шев, повекеделна оѕ арісіѕ.
Следењето на патолошките траги покажува дека жителите на оваа населба најмногу боледувале од болести кои се карактеристични за минатото и често се наоѓаат на скелетите.
Мимица Велова-Граорковска ул. „Желево“ бр. 3-2/4 Скопје mimicavelova@hotmail.com М. Велова-Граорковска, Антрополошки особености на скелетните наоди од локалитетот Средсепо...
М. Велова-Граорковска, Антрополошки особености на скелетните наоди од локалитетот Средсепо...
М. Велова-Граорковска, Антрополошки особености на скелетните наоди од локалитетот Средсело...
MIMICA VELOVA-GRAORKOVSKA
Skopje
ANTHROPOLOGICAL CHARACTERISTICS OF THE SKELETAL REMAINS FROM SREDSELO - VILLAGE OF LAZEC, BITOLA
Белешки
- Усна информација од раководителот на истражувањата. ↩
- Acsadi G.-Nemeskeri J.,1970. ↩
- Brothwell D.R.,1981. ↩
- Martin R.-Saller K.,1957, 1959, ↩
- Coon C.S., 1972. ↩
- Sergi G., 1957. ↩
- Breitinger E., 1938. ↩
- Bach H., 1965. ↩
- Brothwell D.R., 1981; HoSovski E.-Mikié Z., 1995; igen Cpejuh M., 1995. ↩
- HoSovski E.- Mikié Z., 1995; Lovrinéevié A.- Mikié Z.,1989; Бурин Cpejuh M., 1995; Живановин C., 1985; Hillson S., 1986: Hillson S., 1996. ↩
- Hošovski E. - Mikić Z., 1995. ↩
- Блажевић С., 1995, 343/344. ↩
- Вељановска Ф, 2000. ↩
Summary
Anthropological Characteristics of the Skeletal Remains from Sredselo- Village of Lazec, Bitola
During the excavations at the archaeological site of Sredselo, village of Lazec-Monastery, the archaeological team of the Institute and Museum of the Monastery together with the archaeologist who guided the excavations, Gordana Filipovska Lazarevska, discovered a part of the necropolis which had been placed around one medieval church.
Ten graves were discovered, with the skeletal remains of 18 individuals. The burials were preliminarily dated in the period from XIV to XVI centuries.
All of the 18 skeletons were collected for anthropological analysis.
Exactly one half of the skeletons belongs to deceased adults, while the others belong to six children and three juveniles. Only one skeleton belongs to a female deceased.
One half of this small group did not reach 21 years of age. Adult mortality was greatest in the fifth decade of life. Therefore the average age of the population was very short, ca. 29 years.
The skeletons from from Lazec are well preserved. Partial cranial measurements were done on the four male and one female crania, while measurements on the postcranial skeleton were taken from five examples.
Cranial measurements show a homogeneous group of brachycephalic and curvooccipitalic skulls. Only one male skull is separate from the group as ultrabrachycranial and planooccipital (BB 1/4).
The stature of men is moderate and robust, and the stature of the woman is gracile. The population is characterized by high body growth.
Anthropologically, this small group can be typed as dinaro-mediterranean.
Metopical suture, multipart os apicis and perforation on the humerus are present as epigenetic variations with infrequent appearance.
Anemia is the most common pathological trait.
Spondilosis, intervertebral discopathia, osteoporosis, arthritis deformans and inflammatory process of periost are present on the male skeletons older than 40 years of age, but with low or moderate intensity. There are no traces of injury or fractures.
Concerning dental pathology, on some skeletons who died in the fifth decade of their lifes, were noted more extracted teeth in either jaw, which resulted in strong atrophy of the jaws. Also are present caries and dental hipoplasia, but on a smaller part of the group and with slight intensity. On one jaw there was a periapical radicular abscess.
All these elements indicate that the population lived peacefully, although on some skeletons there
Библиографија
- Acsadi, Gy. - Nemeskéri, J., 1970, History of3 Human Life Span and Mortality. Budapest: Akadémiai Kiad6
- Bach, H., 1965, Zur Berechnung der K6rperhdhe aus den langen Gliedmassenknochen weiblicher Skelette. Anthropologischer Anzeiger 29
- Блажић С., 1995, Остаци животињских врста са локалитета на траси ауто-пута кроз Срем, Археолошка истраживања дуж ауто пута кроз Срем, Нови Сад
- Breitinger, E., 1938, Zur Berechnung der Korperhéhe aus den langen Gliedmassen-knochen mannlicher Skelette. Anthropologischer Anzeiger 14
- Brothwell, D. R., 1981, Digging up Bones. 3" ed. Oxford: Oxford University Press
- Coon, C. 5., 1972, The Races of Europe. Connecticut: Greenwood Press
- Hillson, S., 1986, Teeth. Cambridge, New York
- Hillson, S., 1996, Dental7 Anthropology. Cambridge: Printed in Great Britain at the University Press
- HoSovski, E.-Mikié, Z., 1995, Paleopatologija coveka. Uzice: Narodni Muzej UZice
- Lovringevié, A. - Mikié, Z., 1989, ATLAS Osteopatoloskih promjena па istorijskim populacijama Jugoslavije. Sarajevo: Svjetlost
- Martin, R. - Saller, K., 1957, 1959, Lehrbuch der Anthropologie. Band I-II, Stuttgart
- Вељановска, ®., 2000, AnmpononowKu карактеристики на населението на Македонија од неолит до среден век. Скопје: Републички завод за заштита на спомениците на култура, Скопје
- Живановић, С., 1985, Болести древног2 човека. Београд: Српска књижевна Задруга
- Ђурић Срејић, М., 1995, Увод у физичку антропологију древних популација. Београд : Завод за уџбенике и наставна средства