Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 49–84
Мариово во праисторијата
Содржина
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп
МАРИОВО ВО ПРАИСТОРИЈАТА
Мариово е највисока и најпространа котлина во Република Македонија и претставува природно изолирана област. На север е затворена со планината Дрен, на запад со планината Селечка, на југ се планините Козјак и Ниџе, а на исток е долината на реката Блашица. Низ Мариово, во правец југозапад- североисток минува Црна Река, така што го дели на два дела, Горно (Старо) и Долно (Ново) Мариово.1 Оваа област со соседните подрачја комуницира преку2 премините Писокал кај селото Бонче, Лигураса кај село Беловодица и Клен кај село Дрен. Според територијалната поделба на Република Македонија од 1996 година Мариово е поделенено на три општини: Витолиште со 14, Старавина со 10 и Конопиште со 5 населени места.
Ако се земе предвид обемот на досегашните проучувања, Мариово претставува се уште непознато подрачје за археолошката наука. Главно, повеќето сознанија за најстарите траги на овие простори се врз основа на материјал собран при рекогносцирања и од неколку локалитети на кои се евидентирани одреден број случајно откриени гробови. На мошне мал број локалитети од праисторискиот, античкиот и средновековниот период се вршени археолошки истражувања. Ова се однесува на општините Витолиште и Старавина, додека за подрачјето на општина Конопиште не постојат никакви теренски информации.3 ?
Врз основа на наведените истражувања, сепак, не може да се формира поконкретна слика за подалечното минато во Мариово, особено во прецизно хронолошко разграничување на одделните епохи, а во нивни рамки и разграничувањето на интерните културни групи со сите локални и други специфичности.
Во овој труд ќе се задржиме на досегашните археолошки истражувања вршени на локалитети од праисториските периоди на подрачјето во Мариово. Со рекогносцирања се евидентирани повеќе праисториски населби и тумули.4 Населби се евидентирани долж коритото на Црна Река и покрај неколкуте нејзини притоки: Бутурица, Вепрчанска Река, Крушевичка Рска, Дуњска Река и Задна Река. Утврдено е постоење на два типа населби: во првиот тип спаѓаат рамничарски населби поставени на благи падини, лесно пристапни и обично покрај вода, река или поток, а во втората група која е побројна, се оние населби сместени на повисоки и потешко пристапни места, со извонредна доминантна положба над пошироката околина. Во атарот на село Бешиште остатоци од населба која егзистирала во праисторијата е евидентирана на локалитетот Врља Грамада;5 кај село Вепрчани на локалитетот Градиште; кај село Витолиште на локалитетот Грамади; и Царацина Нива6 кај село Дуње на локалитетите Милошова Тумба и Прчинога:7 кај село Крушевица на локалитетите Ковчезите и Cmpaeama;8 кај село Кален на локалитетот Казан; кај село Манастир на локалитетите Брест, Градиште, Плевење, Лаштигер, Црните Тумби, Трештена Стена?9 и Yyraeume; кај село Мелница на локалитетот Пешта;10 кај село Пештани на локалитетот Пештера - манастир Св. Илија и кај село Чаниште на локалитетите Богданова Нива, Ѓерамиди, Ташова Ливада, Главицата и Кукулати Камен.11 Кај некои од наброените населби животот продолжил и во античкиот и средновековниот период: Црните Тумби, Пештера - манастир Св. Илија?12 Богданова Нива"13 и Градиште“14 кај с. Манастир.
На просторот во Мариово се евидентирани и поголем број тумули, и тоа во атарите на следните села: село Крушевица на локалитетите Byxnomo (1), Падината (1), Дупенец (1), Испраен Камен (1), Падиште (3), Падарница (1), Скапците (1), Страгата (1), Таламбасица (4), Три Дабици (3) и Широк Пат (2); село Чаниште на локалитетите Барата (3), Дашков Гроб (1), Каменица (1), Лочката (3), Острилата покрај патот Чаниште - Маково (3), Острилата покрај патот Чаниште - Црна Река (1), Попов Нос (4), Смесите (2), Чакрева Корија (2), Ѓѓ ерамиди (1), Гуркова Ливада (1), Чука (1) и Говедарник (1); село Дуње на локалитетот Радов Рид (6); село Вепрчани на локалитетот Сламите (5); село Витолиште на локалитетот Света Ilemxa (2);15 село Орле на локалитетот Стари Лозја16 (6), село Рапеш на локалитетот Сламите,17 село Бешиште на локалитетот Лајкови Орници (1).
Археолошки ископувања изведени се само на неколку од горе набројаните локалитети: Грамади,18 кај с. Витолиште, Трештена Стена"19 кај с. Манастир, Три Дабици и Страгата“20 кај с. Крушевица, Bapama”' кај с. Чаниште и Сламите (Возишта - Каменот) с. Рапеш.22
Што се однесува до најраните остатоци од живот на луѓето во Мариово, посебно внимание заслужува размислувањето на археологот Паско Кузман, кој смета дека во просторите со плеистоценски наслаги каде што се констатирани квартерни фосилни остатоци од фауна и флора треба да се очекуваат палеолитски наоѓалишта. На подрачјето во Мариово за таков се смета просторот меѓу селата Манастир и Бешиште, каде што се констатирани наслаги од најстариот плеистоцен (вилафранциум).?"23
Најстарите потврдени траги потекнуваат од времето на неолитот. Единствени податоци што укажуваат на неговото присуство се скромните површински наоди од населби откриени со рекогносцирањата. Затоа што досега не се преземени никакви археолошки ископувања, поконкретни информации за видот и организацијата на населбите, стратиграфијата, матери-Јалните остатоци, односно за утврдување на културниот и хронолошкиот карактер на неолитот од овој регион недостасуваат.
Наоди од овој период се констатирани на локалитетите / рамади кај с. Витолиште, Прчинога кај с. Дуњеи Ѓ ерамиди кај с. Чаниште.
Локалитет Грамади се наоѓа северно од село Витолиште и на него учителот Стефанов С. во 1917 година направил пробни археолошки ископувања, при што утврдил дека на тој простор егзистирала населба во неолитското време. Притоа се пронајдени повеќе фрагменти од керамички садови, од кои повеќето биле со груба изработка и со поголеми примеси на лискун и ситни камчиња, а помал дел од наодите биле со механички мазнети површини. Садовите најчесто имале кафеава, црвена или сива боја во повеќе нијанси. Украсувањето било со отпечатоци од прсти, редови од врежани втиснувања, врежани паралелни линии или пластични ребра. На еден фрагмент на дното на садот се забележува отпечаток од ткаенина. Биле евидентирани и повеќе фрагментирани орудија од камен, претежно камени секири со сечило острено од двете страни.24
Локалитетите Прчинога кај с. Дуње и Ѓерамиди кај с. Чаниште спаѓаат во првиот тип (рамничарски населби сместени покрај проточна вода) едната покрај Дуњска, а другата покрај Крушевичка Река. Со повеќегодишните нивни рекогносцирања е пронајден броен движен археолошки материјал. Преовладуваат керамичките садови со средна фактура, во помал број се присутни оние со фина изработка, додека грубата фактура се среќава многу ретко. Бојата на садовите обично е сива и кафеава во повеќе нијанси, а ретко црвеникава. Кај оние со пофина фактура е присутно премачкувањето со црна, а поретко со црвена боја. Се издвојуваат неколку типа дршки, додека во украсувањето доминираат линеарните мотиви изведени со едвај видливи вертикално или косо поставени канелури, втиснувања, врежување, пластична лента украсена со вдлабнувања од прсти и импресо орнаментика (Т.1, Т.П, Т.Ш, T.IV, 1-6, 11-12, 15-16,25 19, T.V, 12-20). Посебно интересен е фрагментот од сад од локалитетот / ерамиди украсен во импресо техника со назабена Cardium школка, со која се изведени двојни низи од плитки втиснувања (T. IV, 15)?“ Од пластиката се пронајдени глава и гор-
на половина од антропоморфна фигурина со nmuyje лице (Т. IV, 6) со нагласен нос изведен со пластично извлекување, десна нога од дводелна фигурина што седи, како и фрагментиран жртвеник на четири нозе. Евидентираните орудија се изработени од камен со сива или сивозеленкава боја (Т.1, 1-5, Т.Ш, 1-5). :
Движниот археолошки материјал од населбите на локалитетите Прчинога и Ѓерамиди типолошки може да се смести во времето на доцниот неолит, така што тие културолошки се врзуваат за населбите кои припаѓале на Винчанскиот културен круг.26
Овие две населби продолжиле да егзистираат и во времето на енеолитот, а движен археолошки материјал од овој период пронајден е и на следните локалитети: Трештена Стена (T.V, 1-11; T. VI, 1-15), Градиште кај с. Манастир (Т. XII, 4, 5) и Пештера - манастир Св. Илија кај с. Пештани27 (Т. IV, 7-8, 14).
Локалитетот Трештена Стена се наоѓа на околу 5 км североисточно од село Крушевица, 100-тина метри западно од пристапниот пат за село Чаниште, а во атарот на село Манастир. Тој претставува доминантен купесто извишен карпест врв ориентиран во правец западисток, со помал отклон кон југозапад и се забележува од поголема далечина. Со сондажните археолошки ископувања изведени во 2001 година беше утврдено дека во случајов се работи за праисториска населба која егзистирала низ енеолитскиот период. За да се добие целосна слика за населбата на овој локалитет од аспект на општествената организација, стопанството, економијата, материјалната и духовната култура, во 2003, 2005, 2008 и во 2009 година истражувањата продолжија како систематски и се уште се во тек.?:28
Од профилите јасно се гледа дека населбата имала еден културен стратум со најмалку шест хоризонти на живеење. Животот се одвивал во непрекинат континуитет, а тоа се поткрепува со непостоење стерилни меѓуслоеви. Во текот на животот на населбата, во сите хоризонти е евидентна појавата на големи пожари, при кои објектите биле најверојатно целосно уништувани. Со завршувањето на истражувањата, во иднина, ќе се утврди дали пожарите ја зафаќале целата населба или биле со ограничено дејство на одделни објекти. Воочливо е дека обновувањето на населбата во пооделните фази на нејзиното егзистирање се вршело на тој начин што врз урнатините на постарите хоризонти биле подигнувани објектите од помладите хоризонти. Како по правило, меѓу културните хоризонти се забележува слој компактна жолтеникава глинеста земја, кој најверојатно претставувал нивелација на теренот.
Откриените архитектонски остатоци потврдуваат дека жителите на енеолитската населба на локалитетот Трештена Стена граделе надземни куќи во вообичаената праисториска техника од дрвена граѓа и лепеж, во рамките на востановените градителски традиции со определени норми за нивниот облик, димензии и внатрешен распоред. Одделни парчиња од леnex, дебели од 0.15 до 0.20 м, а со отпечатоци од тркалезни дрва. цепени штици и помали гранки, како и повеќето слоеви од премачкувања, укажуваат на масивна конструкција и долго користење на станбените објекти. Подовите биле од цврсто набиена глина. Неколкуте култни објекти откриени во самите живеалишта говорат за високо развиен духовен живот на луѓето од оваа населба.29
Едно од позначајните откритија во досегашните истражувања на локалитетот Дрештена Стена претставува градбата која се наоѓа во југоисточниот дел од истражуваниот простор во рамките на Хоризонт 4. Имајќи предвид дека таа не е целосно истражена, не може со сигурност да се утврди нејзиниот карактер и намена. Внатрешноста на градбата е поделена на два дела, односно на една поголема и една помала просторија (План 1). Во поголемата просторија на подот е откриена рачна мелница, на која, пак, лежеше антропоморфна женска фигурина со поголеми димензии. Фигурината е без глава, а е претставена во седечка положба со пластично назначени гради, свиткани раце, така што се потпираат на колковите, споени нозе кои завршуваат конусно заоблено, додека пубичниот дел е предимензионирано назначен со врежан триаголник.30 Северозападно од овој вреден наод, а во близина на еден поширок вертикален столб, е откриен букранион од животно со рогови (најверојатно овен), а североисточно е пронајден голем зооморфен жртвеник во облик на бик со реципиент на грбот, култно погребан во една јама. Пред фигурината, односно источно од истата, се наоѓа поголема јама (Јама 1). Јамата е сместена во југоисточниот агол на градбата и има недефинирано правоаголна форма во горниот и кружна форма во долниот дел. На дното, во нејзиниот источен дел, се откри помал, потесен и подлабок дел. идовите во јужниот дел на јамата се речиси вертикално засечени, а останатите нејзини профили се поблаги. Јамата беше исполнета со мека земја со кафеникава боја, а на подот е најден подебел слој од пепел, како и фрагменти од керамични садови, кремен, орудија од коска, прешлен и речни школки. Во јужната половина околу Јамата | се открија неколку помали јами за колци, полукружно распоредени, што укажува на тоа дека можеби била покриена со некој вид настрешница (План 1). Вака издвосената јама во рамките на самата градба, упатува на размислување дека просторот околу неа претставувал посебно место со култна намена. Сличен култен простор е откриен во Вучидол, односно во две вкопани ниши на чии подови с евидентиран исто така подебел слој од пепел и гареж, како и фрагменти од искршен сад, а се претпоставува дека во него бил вртен мистичен култ со хтонско-аграрен карактер.31
Во северозападниот дел на помалата просторија се открија неколку култни објекти. Жртвената маса со правоаголна форма и димензии 1.45 (1.26) х 1.12 (1.23) х 0.40 (0.10) м е подигната директно на подот од поголема маса кал, во средината исполнета со неколку слоеви од покрупен и поситен аморфен камен, фрагменти од керамични садови, антропоморфни фигурини и животински коски. Реципиентот има под од подебел слој глина и ситно кршен камен. На источниот ЅНІ, а поблиску до југоисточниот агол на масата, е залепена помала конструкција од која се зачувани западната и североисточната страна, која, пак, од надворешната страна била украсена со конкавно изведени ножиња. Подот на конструкцијата бил покриен со тенок слој убаво мазнета глина. Покрај североисточниот агол на жртвената маса се појави подебел слој гареж, а југоисточно од неа е пронајден поголем сад со остатоци од некоја житарица.
На околу 0.20 м северозападно од жртвената маса, на подот од помалата просторија во градбата, се откри конструкција направена од глина со правоаголна форма и зачувани димензии 1.01 х 0.25 (0.30) х 0.02 (0.07) м. На едниот крај се наоѓа полукружен испакнат дел, додека од надолжната и едната потесна страна се забележуваат отпечатоци од цепена штица. Се добива впечаток како да стоела конструкцијата во просторот над жртвената масата, но вклопена во рамките на некаква дрвена конструкција. На југоисточниот агол од конструкцијата лежеа антропоморфен сад, повеќе кружни прешлени. минијатурно сатче во форма на пехар, предмет од камен во форма на фалус, малку подвиен нагоре, а покрај северозападниот агол тесто од земја во облик на сомунче или леб.
Западно од оваа конструкција се откри огниште со правоаголна форма, ориентирано во правец североисток-југозапад. Поради големата оштетеност, неговите димензии не можеа да се определат. Од него е зачуван само еден зид во должина од 0.91 м, граден од дрвени штички, хоризонтално поставени и густо наредени една до друга, како и покрупен и поситен аморфен камен и повеќе премачкувања од глина. Подот на огништето беше покриен со прегорен тенок слој од глина, а на него гареж и пепел. На околу 0.70 м југозападно од огништето се појави оштетена конструкција со издолжена форма и масивно столбесто тело. Ориентирана е во правец север-југ, со помал отклон кон североисток и димензии (0.77 х 0.38 х 0.10 (0.15)) м. Оформена е од набиена глина со окер боја и аморфен камен со убаво зарамнет горен дел, на кој се наоѓаат траги од гореници. Од нејзината северна страна и на пониско ниво од неа е залепена помала конструкција со нерамен под од набиена глина со многу гореници. Под подот се пронајде помало жртвено сатче со кантаровидна форма (План 1).
Опишаните култни објекти во градбата од Хоризонт 4 се со различни форми и големини, како и со различни начини на градење, кои зависеле од функцијата која ја имале во рамките на обредните дејствија. Единствено заедничко за сите нив е тоа што на секоја поголема конструкција додадена (налепена) е помала. Најверојатно конструкциите биле во функција на обредниот чин поврзан со култот на плодноста. Ваквата претпоставка во голема мера е поткрепена со присуството на женската фигурина, букранионот, големиот зооморфен жртвеник во облик на бик и камениот предмет во форма на фалус. Во култната симболика бикот и овенот ја содржат моќта на плодноста и светлината, односно огнот. Врската меѓу овенотбикот и огнот се темели на целокупниот огнен симбол на се што е живо, па оттаму и на семејната плодност во сите делови на постоењето.32 "2
При истражувањето на локалитетот Трештена Стена е откриен доста богат движен археолошки материјал, кој во многу ја надополнува претставата за секојдневието на жителите од енеолитската населба. Најмногу се застапени керамички садови, фрагментирани или целосно зачувани, од кои некои се украсени со браздесто врежување, со кружни, правоаголни или триаголни втиснувања, со плитки канелури, со орнаменти во техника на гребење на сјајното премачкување, со врежување, со пластични ребра украсени со вдлабнувања од прсти, со графитно сликање, како и сликање со бела, односно темнокафеава боја. Сликањето на мотивите во crusted техника е доста ретко. Секако специфичен начин на украсување, непознат кај досега дефинираните праисториски култури на подрачјето на Република Македонија, претставува браздестото врежување, односно орнаментирањето со куси отсечни зарешки (поврзани врежувања, врежувања во бразди) изведени со шилесто орудие (T.VI, 2; T.VII; Т.ХІ, 8).333 Овој начин на украсување е познат како furchenstich техника и првпат се јавува во населбите од Костолачката енеолитска културна група,34 која, распространувајќи се во својата доцна фаза кон југ доаѓа во допир со последната фаза на Бубањ-Салкуца-Криводол културниот комплекс.35 Furchenstich техниката на украсување претставува една од основите во формирањето на вучедолскиот стил во рамките на таа доцносенеолитска култура.36 Исто така, единствена е појавата на јазичестата, пластично извлечена дршка која се јавува во неколку варијанти. Таа може да биде проширена и заоблена во горниот дел, со плочест горен дел или со зооморфен горен дел продупчен на едно или две места (T.VIII, 6, 10, 11, 12). Овој вид дршка е непознат културен елемент на овие простори заради што е означен како дршка тип трештена. Неколку нејзини варијанти се пронајдени на локалитетот Големи Камен“37 кај с. Лопатица, а како поединечни наоди и на локалитетите Маркови Кули38 Прилеп, Могила c. Cenoxoc,39 и Тумба40 “9 кај с. Боротино.
На локалитетот покрај оние погореопишаните, се пронајдени и поголем број други движни наоди поврзани со духовниот живот на населението - антропоморфен сад, голем број стоечки или седечки фигурини, некои со отвор за всадување на главата, зооморфни жртвеници и фигурини, жртвеници со рамен реципиент, како и жртвеници на четири нозе со рамен реципиент и овална форма. Откриени се и орудија од камен и коска, ножиња од кремен, поголеми тегови со овална форма, пинтадери, прешлени и кружни плочки, некои во средината кружно продупчени.
При археолошките истражувања на локалитетот евидентиран е голем број животински коски и речни школки, што укажува на фактот дека оние кои го населувале просторот на Трештена Стена се занимавале покрај со сточарство и со лов и риболов. Рачните мелници, еленските рогови приспособени за обработка на земјата, како и неколкуте садови со карбонизирани зрна од семе на некоја житарица се потврда за развиено земјоделството,
Локалитетот Три Дабици се наоѓа на околу 2 км северозападно од селото Крушевица. Тоа с поголем карпест рид со издолжена форма и ориентација во правец северозапад-југоисток. На овој локалитет се наоѓаат три тумули со различна големина, од кои два од нив се речиси целосно уништени. Тумулот Ш се наоѓа на поголема дистанца од претходните два, поставен е на највисокиот дел од ридот и е со кружна форма со пречник од 12 м41 во основата и височина од околу 0.82 M. Имал калота од нафрлен аморфен камен, а од сите страни бил опкружен со оградниот 5ид. ЅНОТ целосно и најдобро е зачуван во јужната половина на тумулот, додека во северозападниот дел е оштетен. Од внатрешната страна направен е од убаво реден поситен аморфен камен, поставен најмногу во три реда во висина од околу 0.35 м (0.45 м) и широчина од околу 0.55 м. Од надворешната страна оградниот зид е поткрепен со уште два до три реда крупни, делумно обработени камени блокови и поголеми камени плочи, нерамномерно распоредени, заради што, неговата широчина е варијабилна и се движи од 1.50 м до околу 2.70 м. Во западниот дел од тумулот недостасува еден дел од зидот во ширина од околу | м (1.20 м). Од овој дел кон внатрешноста на тумулот продолжува тесна патека (шир. од 0.25 м до 0.60 м), која ја опкружува централната камена конструкција. Од ова може да се заклучи дека во случајов се работи за влез.
Во средината на тумулот се наоѓа споменатата конструкција од камен, со кружна форма, благо куполасто подигната и косо поставена, со благ пад кон север. Градена е во техника на сувозид од поситен и поедар, делумно обработуван камен, со тенденција за хоризонтално редење на истиот. Конструкцијата е со пречник од 5.70 м и со формиран простор со приближно овална форма во средината, кој е со димензии од 2.80 м во правец север-југ и 2.35 м во правец исток-запад. Широчина на зидот на конструкцијата варира и се движи од 1.20 м. до околу 1.60 м., а неговата височина од 0.40 до 0.68 м. Конструкцијата од камен е поставена на природна карпа, која делумно е засечена и убаво зарамнета од горната страна. Во овој простор не беа констатирани никакви траги од извршени погребувања или какви било други дејствија (План Al.
Тумулите во кои не е вршено погребување A. Бенац ги смета за кенотафи или почесни ритуални тумули подигнати во чест на умрените родовски првенци или, пак, како култни објекти.42
Бидејќи ова е прво откритие на ваков објект на подрачјето на Република Македонија, истиот нема соодветни аналогии на потесното подрачје. За негово попрецизно детерминирање недостасуваат хронолошки осетливи наоди. Низ насипот и меѓу камењата од централната камена конструкција беа пронајдени мал број фрагменти од керамични садови, повеќето со груба фактура со примеси на лискун и ситни камчиња, а во помал број со механички мазнети површини. Дршките на садовите биле брадавичести, лентести и јазичести, обично поставени на најширокиот дел. Бојата добиена при печењето на садовите с во неколку нијанси, од кафеава до сива. Сепак, врз основа на основните типолошки карактеристики овие наоди можат да се стават во пошироки рамки на бронзеното време (Т. X).
Локалитетот Страгата се наоѓа на околу 2.5 км источно од село Крушевица. На пониските падини од ридот, на левиот брег од Крушевичка Река се наоѓа тумул со поголеми димензии. Со археолошките ископувања извршени во 2001 година се утврди дека истиот бил користен низ подолг временски период, од доцното бронзено време, преку доцноантичкиот период, па се до средниот век. Врз основа на западниот надолжен пресек, може да се заклучи дека примарниот тумул бил со пречник од околу 15 м и височина од околу 0.80 м (План 3).“?43
Со ископувањата се констатирани 77 гробни конструкции. Од нив неколку се радијално распоредени околу еден централен гроб, поставен44 приближно во средината на тумулот. Сите гробови се од типот циста, градени од погрубо или подобро обработени камени плочи, комбинирани на неколку начини. За поголема цврстина на гробните конструкции била употребена глина, обично поставена во аглите по целата должина на подовите од комората, како и за прицврстување на покривните плочи. Повеќето гробови имале покривна конструкција изведена со една, две или повеќе камени плочи, попречно или надолжно поставени. Погребувањето е поединечно, но евидентирано е и погребување на два покојника45 во еден гроб, кои меѓу себе имале некаква временска дистанца, на што ни укажуваат изместувањата и дислоцираните коски од едниот скелет. Групираните скелетни остатоци од постариот покојник редовно се откриваа во висина на нозете на новоположениот покојник.
Врз основа на архитектонските белези и внатрешниот распоред на гробовите, може да се заклучи дека тумулот на локалитетот Страгата припаѓа на т.н. родовско-клановски тип.
Инаку, не постојат интактни гробови од примарниот тумул, туку само бројни наоди, неврзани со одредена ситуација. најчесто расфрлани во насипот на могилата или откриени во основата на нивото на протохумусот. Од покарактеристичните ќе ја спомнеме фрагментираната лентеста дршка46 СО H3- влечен јазичест додаток на највисокиот дел, изработена
во групата монохромна ке-
нета површина, украсен со декорација изведена со црве-
2 &Q мулот во близина на гробовите 10 и 11, од кои најверојатно
повеќе фрагменти од помали
нусен врат, со топчест или
проширен стомак, со слабо назначено дно и делумно или убаво механички мазнети површини48 (Т.ХГ).““
Врз основа на наодите кои потекнуваат од растурените гробови, а се пронајдени во насипот на тумулот на локалитетот Страгата, почетоците на погребување во него треба да се бараат кон крајот на бронзеното време или евентуално во преодниот период (од бронзено во железното време). Поради големите оштетувања на тумулот со подоцнежните вкопувања, остануваат отворени повеќе прашања поврзани со бројот на гробови во примарниот тумул, начинот на погребување, половата диференцијација на покојниците, повеќекратно погребување во еден гроб, начинот на полагањето на гробните прилози, оставањето на прилози вон гробовите и друго. Местото на кое била подигната доцноримската, а подоцна и средновековната могила, не било одбрано случајно. Меѓутоа, во сегашниот степен на истраженост на Мариово може само да се претпостави врската на оваа појава со култот на предците кај локалното население.
Со рекогносцирањата извршени на подрачјето во општина Витолиште на повеќе локалитети е откриен движен археолошки материјал, кој според првичните анализи може да се смести во поширок временски интервал, односно во рамки на бронзеното време, преодниот период и железното време.49 Идните археолошки истражувања ќе овозможат негово попрецизно хронолошко детерминирање, а со тоа и на населбите од кои потекнува овој материјал. Станува збор за локалитетите Богданова Нива, Брест, Градиште кај с. Вепрчани, Градиште кај с. Манастир, Лаштигер, Милошева Тумба, Пешта, Плевење, Црните Тумби и Кулавите. Евидентирани се фрагментирани. грубо изработени поголеми садови за складирање, со две или четири масивни јазичести дршки поставени на рамото, понекогаш седлесто вдлабени, со дршки во вид на поголеми двојни пластични брадавици или со вертикални дршки со елипсовиден или кружен пресек. Најчесто тие се поврзуваат со пластично ребро украсено со вдлабнатинки од прсти или коси засеци.50 Пронајдени се и фрагменти од поголеми садови со пошироки вертикални лентести дршки на стомакот, со краеви кои продолжуваат во пластични ребра.51 Присутни се исто така и поголеми садови со кус цилиндричен врат и вертикални лентести дршки кои го надвишуваат венецот, при што го спојуваат со рамото. Врз темето од дршките се наоѓаат две испупчувања во облик на рог, додека лево и десно од нивниот корен поаѓаат хоризонтални пластични ребра со отпечатоци од прсти.52 Евидентирани се и големи садови со огниште, т.н. пуранои, садови со псевдо-тунелести дршки без перфорација, украсени со попречни канелури.53 чинии со вовлечен и канелиран венец (т.н. turban disch) и со хоризонтални дршки на рамото,54 како и вертикални лентести дршки со извлечени јазичести или петличести додатоци на највисокиот дел од нив, односно коленеста дршка на бокал со косо засечен врат55 (T.IV, 9, 10, 13; T.VI, 16-19, T.IX; T.XII; T.XIII; T.XV).
Локалитетот Барата се наоѓа на околу56 1.5-2 км северозападно од с. Чаниште и на него се наоѓаат три тумули. Во 1994 год. беа извршени археолошки ископувања на Тумулот I, при што се утврдија неговиот пречник од околу 15 м и височина од околу 1.25 (1.33) м. Тумулот имал калота од нафрлен аморфен камен и од сите страни бил опкружен со ограден зид. Со ископувањето беа констатирани 10 гроба, од кои 9 гробни конструкции се од типот циста. Осум од нив се радијално распоредени околу еден поголем гроб - гроб 9, поставен во јужната половина на тумулот. Гробните комори кај четири гробови се поплочени со камени плочи, додека во останатите покојниците биле положени директно на земја. Гробовите биле покриени со еден ред тенко цепени камени плочи, поставени попречно врз гробната комора. Гробот 10, кој не е ориентиран кон централниот гроб е последен гроб од гробовите со инхумација. Гробот 8 се издвојува од останатите гробови како по конструкцијата, така и по начинот на погребувањето. Претставува убаво оформена мала циста во која биле положени остатоците од кремирана возрасна индивидуа. што укажува на тоа дека тумуларните обичаи биле доста долго одржувани, најверојатно како одраз на конзерватизмот на заедниците кои го населувале просторот. Овој гроб го најавува новиот начин на погребување - кремирање, како и периодот на раната антика.57 *7
Централниот гроб, означен како гроб 9, е ориентиран во правец исток-запад и со своите димензии и конструкција се издвојува од останатите гробови. Со димензии од 3.40 x 2.70 ми заоблени страни бил граден од поголеми камења и делумно обработени камени блокови, погруби во просторот на зидот, а подобро обработени во просторот за гробна комора. Гробната комора е со правоаголна форма и димензии: 1.90 x 0.60 x 0.40 ми е поплочена со поголеми камени плочи. Капакот врз комората бил направен од поголеми делумно обработени камени плочи, наредени во подебел слој. Врз вака оформениот гроб биле нафрлени неколку слоја поситен камен, кој најверојатно ја покривал целата конструкција во форма на хумка. На крај, преку оваа конструкција могилата била насипана со земја со ширина од околу 4.40 м.58 Во централниот гроб не беше пронајден никаков остеолошки, ниту, пак, каков било друг движен материјал. Меѓутоа. според димензиите на гробната комора може да се претпостави дека бил со скелетно погребување на покојник во испружена положба. Гробот е доста оштетен со подоцнежно вкопување на друг гроб од типот циста, означен како гроб 2, при што наседнал врз
неговиот северен зид. Околу гробот 2 бил подигнат ограден зид со елипсовидна форма од покрупен и поситен аморфен камен, кој налегнал директно на јужниот и источниот 5ид од централниот гроб 9. Во основа, овде се работи за тумул од типот на т.н. двојни тумули, каде што најпрво била насипана могилка врз централниот гроб (гроб 9), а дури потоа, во текот на железното време со помладите погребувања околу него, се формирал големиот заеднички тумулус. Со поставувањето во центарот на гробот 2 над гробот 9 и подигањето на зид со елипсовидна форма околу него, најверојатно е нагласено преземањето на улогата на централен гроб. Во дадениов случај овој двоен тумул бил со двојно централно погребување (План 4).
Што се однесува до движните наоди во самите гробови, само во гробот | беше откриен целосно зачуван керамичен сад. додека во гробот 8 на купот од кремирани коски беше откриен фрагментиран железен нож.59 Низ насипаната земја беа откриени бројни фрагменти од керамички садови,60 најверојатно кршени и расфрлани во погребниот ритуал. Според начинот на изработка, овие садови се доста слични, те. изработени од недоволно прочистена земја помешана со лискун и ситни камчиња, добро печени, со претежно кафеава боја во повеќе нијанси. Површината им била делумно мазнета, а како новина се забележува употреба на грнчарско колце. Украсувањето се вршело со потесни или пошироки доста плитки канелури, обично куси, вертикално поставени на стомакот на садовите (T.XIV, 1, 3, 4, 5). Оваа типично железновременска садова керамика, сепак, не може прецизно да го датира формирањето на тумулот, како и времето до кога истиот бил во употреба. Претпоставуваме дека погребувањето најверојатно започнало уште во раната фаза на железното време, додека најголемиот број од гробовите припаѓале на полното железно време.
Локалитетот Каранка се наоѓа на околу | км северно од с. Рапеш. Во 1972 година при обработка на земјата случајно се откриени наоди од растурен гроб или повеќе гробови. Најверојатно се работи за гробови-цисти под ниски тумули. Наодите се состоеле од керамички садови и накит од бронза. Накитот го сочинуват две лачни еднојазолни фибули од бронза - либурнски тип, со две прстенести задебелувања на лакот кој во средината е задебелен, а по целата површина украсен со врежани линии - мотив на рибина коска (T.XVI, 1, 2). Фибулите хронолошки се осетливи и се сместуваат кон крајот на XI и во текот на X пр. н.е.61
Локалитетот Марта се наоѓа на околу | км северно од с. Зовиќ, по долината на Црна Река. Со рекогносцирања во 1963 година на овој локалитет се евидентирани два гроба, претходно отворени од мештаните. Се работи за гробови-цисти. масивни и солидно градени од монолитни камени плочи. Ориентирани се во правец север-југ, а погребувањето е скелетно во испружена положба. Во гробот | е пронајден керамички сад со мат боена декорација, а во гробот 2 дел од железно копје.62 Керамичкиот сад е со мешесто тело и две лентести дршки што го поврзуваат венецот со рамото на садот и имаат пластични додатоци со зарамнет врв на највисокиот дел. Садот е украсен со брановидни линии и шрафирани триаголници и ромбови. исполнети со шаховски полиња, дополнети со паралелни линии што одат до неговото дно, насликани со кафеава боја на црвеникава основа (T.XVI, 3). Декорацијата на стомакот од садот одговара на раната фаза на мат геометриски
сликаната керамика, а обликот на истиот и особено пластичните додатоци со зарамнет врв, помагаат кон негово датирање во фазата Трен Ш, која хронолошки одговара на протогеометрискиот период и првите фази на геометрискиот период или на железното време Ib.63
При обработка на земјиштето од страна на селани нестручно се отворени гробови и на ло-
калитетите Најденка кај село Орле и Пешта кај село Градешница. И во двата случаи се ра-
боти за гробови од типот цисти градени од монолитни камени плочи со скелетно погребување. На локалитетот Најденка во случајно откриениот гроб се пронајдени керамички сад и фибула во облик на очила со осумка меѓу дисковите изработена од бронзена жица (T.XVI, 4). Наодите од гробот се датираат широко од X-VII век пр. н.е.64
Во гробовите на локалитетот Шешта се пронајдени керамички садови, железен врв од копје, повеќе минијатурни бронзени бокалчиња со косо засечен врат, две широки белезици од ребрест бронзен лим, една фибула во облик на очила и една лачна бронзена фибула на шарнир (T.XVI, 24). Наодите се датираат во временскиот период на УП-У век пр. н.е.65
Овде треба да се спомнат и приврзоците обликувани во форма на стилизирана барска птица од селото Крушевица (T.XVI, 25) и од локалитетот Каменот кај селото Рапеш (T.XVI, 21). Шупливо леани во бронза со топчесто тело, лепезест или зашилен опаш, стилизирана глава, нозе и алка на грбот, овој тип наоди Венедиков И. ги става во две варијанти - висулци со раздвоени нозе и во втората оние со конусно изработена нога. Припаѓаат на типот македонски, те. пајонски бронзи и веројатно освен што служеле како накит, имале и култна намена.66
Локалитетот Сламите се наоѓа на околу 1.5 км североисточно од селото Рапеш. Всушност, се работи за две локации Возишта и Каменот оддалечени 400 м една од друга. На локацијата Возишта се откриени три погребувања во гробови-цисти со поголеми димензии под тумул, како и уште четири други гробови што биле секундарно вкопани во доцноантичко време. Во основа, тумулот имал елипсовидна форма со пречник 10.2 х 8.6 м, со калота од нафрлени камења и ограден зид од наредени крупни аморфни камења (План 5).67 Во гробовите се пронајдени бројни наоди од метал: бронзена нога во облик на песочен часовник од двонавојна лачна фибула (T.XVI, 5), бронзена појасна тока украсена со паралелни хоризонтално врежани линии (T.XVI, 9), фрагментирана бронзена цевка со ромбоиден пресек украсена со по два реда триаголни отвори на секоја страна (T.XVI, 10), бронзени салталеони (T.XVI, 11), една белегзија од тенка бронзена жица во фрагментирана состојба, железен нож (T.XVI, 12), брич (T.XVI, 8) и две мониста од килибар (T.XVI, 6, 7). Во површинскиот слој на тумулот е откриена белегзија од тенка бронзена жица (T.XVI, 16), како и фрагментирана двонавојна лачна фибула со лак украсен со топчести задебелувања (T.XVI, 14). Керамиката, главно, е работена на колце, но се пронајдени и рачно изработени садови, украсени во халштатски манир на врежување на линии и геометриски мотиви68 (T.XVI, 22). 58
На вторта локација Каменот откриени се шест гробови со доста оштетени конструкции и скромни прилози. Како затворен наод откриено е само едно железно копје во гробот 4 (T.XVI, 23). Концентрацијата на камења во културниот слој и поставеноста на гробовите, асоцираат на погребување под тумули, и тоа на два помали со по неколку покојници.69 За нивно прецизно хронолошко детерминирање на во голема мера помагаат движните наоди пронајдени во еден нестручно отворен гроб од страна на мештаните во 1963 година. Во него се пронајдени керамички сад (бокал) со косо засечен врат (T.XVI, 20), две раскошно украсени бронзени белегзија со прекрстени краеви од типот прилеп или т.н. јањево белезици (T.XVI, 17), минијатурно бронзено бокалче со косо засечен врат (T.XVI, 19), минијатурни бронзени приврзоци во облик на птица (T.XVI, 21) и фигуринка од бронза во облик на желка70 (?) (T.XVI, 18). Наодите се датираат во временскиот период на VII-V век пр. н.е. При ископувањето на локацијата Возишта се откриени и неколку антропоморфни стели - камени правоаголни плочи со изделкана контура на врат и глава, а биле вертикално поставени до челната страна на камената циста - гроб 7. Тие претставуваат значајна појава во сферата на погребните обичаи и освен на оваа локација се евидентирани на уште неколку локалитети: Пешта кај с. Градешница и во гробот 1/ во тумулот од Висои. Нивното потекло се уште не е разјаснето.71
Во овој преглед е даден целосен приказ на досегашните археолошки истражувања поврзани со праисторијата на подрачјето во Мариово. Заради слабата истраженост, не беше можно прецизното хронолошко разграничување на одделните епохи, а со тоа и формирање на целосна слика за подалечното минато во Мариово, највисоката и најпространата котлина во Република Македонија.
Александар Миткоски
НУ Завод и Музеј - Прилеп Александар Македонски 142 7500 Прилеп amitkoski@yahoo.com
ALEKSANDAR MITKOSKI
National Institute for Monument Protection and Museum Prilep
MARIOVO IN PREHISTORY
Белешки
- Башески И., 1994, 53 и др. ↩
- Со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија од 2004 година, општината Витолиште влегува во рамките на општината Прилеп, општината Старавина во рамките на општината Новаци, а општината Конопиште во рамките на општината Кавадарци. ↩
- Vulié N., 1939, 25-31, 35, 46-49; Траичев Г., 1942, 21-22; Венедиков H., 1948, 93; Мики ке 1., 1966, 14-15, 28; Микулчиќ И.. 1967, 46-53; Керамидчиев A., 1976, 237-247; Керамидчиев А., 1978, 113-125; Симоска ЈІ. - Санев B., 1976, 54, сл. 271, 55, сл. 272, 273, 57, сл. 297, 58, сл. 300: Китаноски Б., 1986, 115 - 118: Кепески Ли К. - Китаноски Б., 1986, 115-123; Чаусидис Н., 1993, 213-226; Василева M., 1993, 69 - 80; Кепеска ЈІ., 1995, 3 и др.; Микулчиќ И., 1996, 145-148, сл. 23, 24, 261-264, сл. 111, 112, 113, фот. 21, 22; Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, Скопје, 1996, 151; Митревски Д., 1997, 289, 295, 303, 308-309; Миткоски A., 1999, 29-61; Миткоски A., 2002, 3 - 32: Кепеска Л., 2006, 425-437: Liléié V., 2006, 593-598, Т.1- УП. ↩
- Кепески Л и К. - Китаноски Б., 1986, 115-123; Стручна екипа на НУ7 Завод и Музеј - Прилеп под раководство на A. Миткоски, археолог - виш кустос во 2001 година го реализира проектот Археолошки рекогносцирања на подрачјето на општина Витолиште. Мариово, при што беа евидентирани голем број нови археолошки локалитети. Постојан придружник за цело време на овие и повеќе други рекогносцирања беше публицистот Тренчо Димитриоски, голем познавач на овој регион за што и овојпат му се заблагодарувам. ↩
- Керамидчиев А.. 1978, 115. ↩
- Кепески Ли К. - Китаноски B., 1986, 121. ↩
- Китаноски Б., 1961, 47-48. ↩
- Миткоски А., 2002, 4; Во насипот на тумулот беа пронајдени дислоцирани парчиња од куќен лепеж, голем број фрагменти од керамички садови од кои еден украсен во Furchenstich техника, десна нога од фигурина, главата од фигурина со птичје лице со очи претставени со коси засеци, фрагментирана камена секира, ножиња од кремен, земјена топка за праќа и фрагментирано орудие од коска. Наодите се датираат во неолитскиот и енео-JIMTCKHOT период. ↩
- Темелкоски ЈІ. - Миткоски A, 2008, 125. ↩
- Повеќе фрагменти на праисториска керамика се пронајдени и во пештерата која се наоѓа над самиот локали тет, а се наоѓа на јужните падини на ридот Пешта. ↩
- Ретки фрагменти од праисториска керамика се наоѓаат и на локалитетите: Валјето кај с. Пештани, Големиот Рид кај с. Дуње. Садевите кај с. Мелница и Убава Глава кај с. Чаниште. ↩
- Лилчиќ В., 2005, 3-20. ↩
- Кепески Л и К. - Китаноски Б., 1986, 121. ↩
- Чаусидис Н., 1993, 220-221, сл. 1,2, 3, 4. ↩
- S Миткоски А.. 1999, 56-58, карта на стр. 30 и сл. на стр. 41. ↩
- Mikulčić, I, 1966, 14. ↩
- Василева М., 1993, 69, 73. ↩
- Керамидчиев A., 1978, 115. ↩
- Темелкоски Д. - Миткоски А., 2008, 125. ↩
- Миткоски A., 2002, 3-32, план 1. ↩
- Миткоски А., 1999, 27, план 1 и 2, сл. на стр. 43, 47. ↩
- Василева М., 1993, 69-80. ↩
- Кузман П., 1993, 15. ↩
- Vulić N., 1939, 47- 48. ↩
- Batovič Š., 1962, 80, sl.7,1,2, Sl. 8, 1,3,5, Sl. 62 - 67 ↩
- Kitanoski B., 1969, 19 - 20, T. V. 1; Garašanin M., 1979, 167, 172, Sl.12,12; Санев В. - Стаменова М., 1989, 19, T.III,3, T. VIII, 11; Темелкоски Д.- Миткоски А.,2008a, 105; ↩
- Симоска Д. et al., 1976, 55, 57, 61, сл. 6, 7, T. II, 7, T. VI, 4, T. V,1; T. VI, 3, T. XI, 1; Симоска Д. et al., 1977, 12, сл. 4, 5 стр. 19, сл. 3, 6; Цнотливи Е., 1990, 63, Ил. 41, 1, 5, 7; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 125 ↩
- Темелкоски Д. - Миткоски A, 2008, 123; Археолошките истражувања се под раководство на A. Миткоски, археолог - виш кустос при ну Завод и Музеј - Прилеп. ↩
- Јовчевска Т.. 2008, 47-52. ↩
- Колиштркова - Настева И., 2005, 98, кат. бр. 82. ↩
- Cpejosuh Д., 1957, 132; Јовчевска T., 2006, 48. ↩
- Јовановић Б. - Глишић Ј., 1961, 131-132, 134; Tasič N. et al., 1979, 451, T.XII, 4; Санев В., 1999, 15-22; Јовчевска Т., 2006, 41-42; Јовчевска Т., 2008, 41, 61. ↩
- Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 125. ↩
- Гарашанин М.,1973, 231; Tasič N., 1979, 256. ↩
- Гарашанин М.,1973, 228; Tasič N., 1979, 264. ↩
- Tasič N., 1979, 259. ↩
- Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 119, Т.3, 18, 19, Т.4, 1, сл. 5. ↩
- Цнотливи E., 1990, 66, Ил. 41, 7, 44, 4. ↩
- Темелкоски Д. - Миткоски А, 2006, 62. ↩
- Археолошки рекогносцирања изведени од А. Миткоски и Д. Темелкоски во 2000 година. ↩
- Археолошките ископувања беа изведени под раководство на археолог - виш кустос А. Миткоски, во временскиот период од 22.07. до 17.08 2002 год. ↩
- Вепас A., 1986, 41, 83. ↩
- Миткоски A., 2002, 3-32, план 1: Миткоски A., ( во печат). ↩
- Миткоски A., 2002, 8-9, T.VI, сл. на стр. 31. ↩
- Миткоски А., 2002 12, T.IV, T.VI, сл. на стр. 29. ↩
- Видески З., 2005, 98-100, T.VI, 5, 6, 7. ↩
- Митрески Д., 1997, 49-50, сл. 12. ↩
- Hochstetter A., 1984, 62, Abb. 15, Tafel 75, Schich 12:3; Tafel 39, Schich 14b:10: Папазовска A.. 2005, 387, TL. 1. ↩
- Покрај проектот Археолошки рекогносцирања на подрачјето на општина Витолиште, Мариово, реализиран во 2001 година, А. Миткоски - археолог виш кустос, на истиот простор има извршено и бројни парцијални рекогносцирања во временскиот период 1995-2009 година. Дел од археолошкиот материјал е добиен како подарок од страна на публицистот Гренчо Димитриоски за што уште еднаш му изразувам благодарност. ↩
- Санев В., 2002, 14, T.I; Видески З., 95, 98, T.III, T.IV, 1; T.VIII, T.IX. ↩
- Симоска Д., 1983-84, 8, сл. 7. ↩
- Hochstetter A., 1984, Tafel 78, 6. ↩
- Hochstetter A., 1984, 155-163, Abb. 43; Булатовиќ А., 2007, 75, 283, T.II, 2, T.LXXXVIII, 49. ↩
- Hochstetter A., 1984, 89-92, Abb, 22; Митревски Д., 1997, 46, 110, 117, сл. 10, 11 13, 29, 32, 34; Mitrevski D., 2006, 85-95, fig. 1. ↩
- Hochstetter A., 1984, 51-58, Abb. 12; Папазовска A., 2005, 128, TI, 15 и 17, 140, T.VI, 54. ↩
- Миткоски A., 1999, 27, план 1 и 2, сл. на стр. 43, 47. ↩
- Миткоски А.. 1999, 40, 42, сл. на стр. 53, 55, 57, 59, 60 4 61. ↩
- Миткоски A., 1999, 38, 40, план 2, Ти II, сл. на стр. 51. ↩
- Миткоски А., 1999, 42, 46, T.III, 2 и T.IV, 12. ↩
- Миткоски А., 1999, 44, 46, T.III, T. IV. ↩
- Симоска Д. - Санев В., 1976, 54 -55, Кат. бр. 272, 273; Митрески Д., 1997, 103, 308-309. ↩
- Mikulčić I., 1966, 28, T.VII, 14 d; Митрески Д., 1997, 295. ↩
- Петрова E., 1996, 102, T. XXXVI, 3. ↩
- Симоска Д. - Санев B., 1976, 57-58, сл. 300; Митрески Д., 1997, 303. ↩
- Mikulčić, I, 1966. 28, 30, 31, T.IX, 18 f; Митрески Д., 1997, 289. ↩
- Венедиков И., 1948, 93; Mikulčić, I, 1966, 30-31, T.IX, 17 b, e; Митрески Д., 1997, 128, сл. 25. ↩
- Василева М., 1992, 69, сл. 2, 5, 6, 8. ↩
- Василева М., 1992, 69-71, 72-73, сл. 10, сл. 12. ↩
- Василева М., 1992, 73, сл. 1, 3, 4, 9, сл. 11, 1, 2, 3. ↩
- Василева М., 1992, 72-73, сл. 4-7. ↩
- Василева М., 1992, 77, сл. 7. ↩
Summary
Mariovo in Prehistory
If one takes into consideration the range of recent studies, Mariovo is still an unknown area for archaeological science. Mainly, most of the known facts regarding the oldest traces in these areas are based on material collected during the surveys of a number of accidentally discovered graves. During the archaeological surveys, more prehistoric settlements and tumuli were documented, but archaeological excavations have been carried out on only a few sites. Prehistoric settlements have been documented in the villages of Веќе, Vepréani, VitoliSte, Dunje, KruSevica, Kalen, Manastir, Melnica, PeStani, and Cani8te.
The oldest confirmed traces of life in Mariovo come from the Neolithic period and have been found on the sites “Préinoga” near the village of Dunje and “Gjeramidi” near the village of Cani&te. Archaeological finds from the Eneolithic period have been found on the sites of “GradiSte” and “TreStena Stena” near the village of Manastir and “PeStera” - monastery St. Ilija near the village of Pe&Stani. On the sites: “Bogdanova Niva”, “Brest”, “Gradi8te”, “LaStiger”, “MiloSova tumba”, “Plevenje”, “PeSta’”, “Crnite tumbi” and “Kjuljavite”, through survey, archaeological material that can be put in the wider Bronze and Iron Age range has been found.
Around the Mariovo area a large number of tumuli have been documented, especially in the villages of Bešište, Veprčani, Vitoliste, Dunje, Kruševica, Orle, Rapeš and Čanište. With the excavations on tumulus Ш on the site “Tri Dabici”, it was revealed that in this instance the grave was empty, probably an honorary ritual tumulus or a cult object. The tumuli on sites “Stragata” near the village of KruSevica and “Barata” near the village of Cani8te, based on the grave forms and the position of the graves, belong to the so called “Tribal” type. On the site “Slamite” near the village of Rapes, excavations on tumuli have been carried out on two locations,“VoziSta” and “Kamenot”.
Библиографија
- Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, Скопје 1996
- Batovié 5., 1962, Neolitsko nalazi8te u Smiléi¢u, Diadora sy. 2 ( 1960-1961), Zadar
- Башески И., 1994, | Мариово и Меглен, природни и социо-економски карактеристики, Зборник, фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен, Прилеп
- Benac A., 1986, Praistorijski tumuli na Kupreškom polju, Djela, knj. LXIV, Centar za balkanološka istrazivanja Kaj. 5, Sarajevo
- Булатовиќ A., 2007, Врање, културна стратиграфија праисторијских локалитета у Врањској регији, Београд - Врање
- Василева М., 1993, Некрополата од железно време кај с. Рапеш, Масеԁ. acta archaeol. 13 (1992), Скопје
- Венедиков И., 1948, Баргала, Разкопки и проучванија I, Софии
- Видески 3., 2005, Бронзеното време на Вардарски Рид, Вардарски Рид Том I, Скопје
- Vulié N., 1939, Archeologische karte von Jugoslavien, Blatt Prilep-Bitolj, Beograd
- Garaganin M., 1979, Centralnobalkanska zona, Praistorija jugoslovenskih zemalja II, Sarajevo
- Јовановивн Б. - Глишив J., 1961, Енеолитско населје код Кормадину, Старинар Н.С. XI, Београд
- Јовчевска T., 2008, Kaze, енеолитска куќа, Велес
- Јовчевска Т., 2006, Светилиште на култот на плодноста, локалитет ѕунивер, с. Извор, Масеԁ. acta archaeol. 17 (1999 - 2001), Скопје
- Кепески ЈІ. и К. - Китаноски B., 1986, Мариово - рекогносцирања, Arheoloski pregled2 25, Ljubljana
- Кепеска Л., 1995, Задна Река - Грмајте, Прилеп
- Кепески ЈІ. и К., 2006, Доцноантичка населба Трпчева Црква, Folia Archaeologica Balkanica I, Ѕкорје
- Керамидчиев A., 1976, за старото рударство на Мариово, Масеԁ. acta archaeol. 2, Прилеп
- Керамидчиев A., 1978, за старото рударство на Мариово, Масеԁ. acta archaeol. 4, Прилеп
- Китаноски Б., 1961, Праисториски наоѓалишта во прилепскиот крај, Стремеж: 2, Прилеп
- Kitanoski B., 1969, Ali Cair, Arheoloski pregled7 11, Beograd
- Китаноски B., 1986, Средновековна некропола во село Манастир, Зборник посветен на Б. Бабиќ, Прилеп
- Колиштркова — Настева И., 2008, Праисториските дами од Македонија, (каталог), Сколје
- Кузман П., 1993, Палеолитот во Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 13 (1992), Скопје
- Лилчиќ B., 2005, AOXTQNEON ТО KOINON, убикација, Македонско наследство 25, Скопје
- Liléé V., 2006, An attempt at reconnaissance of the town of Pelagonia, Homage to Milutin Garasanin, Belgrade
- Mikul€ié, I, 1966, Pelagonija и svetlosti arheoloskih nalaza od7 egejske seobe do Augusta, DISS Ш, Skopje-Beograd
- Микулчиќ И., 1967, Crapo рударство кај Витолиште, Стремеж 7, Прилеп
- Митрески Д., 1997, Протоисториските заедници во Македонија, преку3 погребувањето и погребните манифестации, Скопје
- Mitrevski D., 2006, | Genesis of the Iron Age Culture in Macedonia, Folia Archaeologica Balkanica I, Скопје
- Миткоски A., 1999, "Железното време во Мариово, Тумулот I од Барата кај Чаниште, Македонско наследство 9, Скопје
- Миткоски A., 2002, Три средновековни некрополи од прилепско, Македонско наследство 19, Скопје
- Миткоски A., Тумулот од локалитетот Страгата кај село Крушевица. Мариово. Зборник, Музеј на Македонија, н.с. бр. 3, археологија, Скопје (во печат)
- Петрова E., 1996, Бригите на централниот Балкан во I] u I милениум пред3 н.е., Скопје
- Папазовска А., 2005, Слоеви од железното време на Вардарски Pun, Вардарски Рид Том I, Скопје
- Санев B., 1999, Теракотна глава на овен од археолошката збирка на Музејот на Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 15, Скопје
- Санев В. - Стаменова M., 1989, Неолитска населба Страната во село Ангелци, Зборник на трудови, Струмица
- Санев B., 2002, Керамиката како прилог на одредувањето на културните граници на раното бронзено време на Македонија, Музејски гласник 7-9, Куманово
- Симоска ЈЈ. - Китаноски Б. - Тодоровиќ J., 1976, Населбата Црнобуки и проблемот на истоимената култура во светлината на новите археолошки истражувања, Масеԁ. acta archaeol. 2, Прилеп
- Симоска ЈІ, - Санев В., 1976, Праисторија во централна Пелагонија (Каталог), Битола
- Симоска Д. - Китаноски Б. - Тодоровиќ Ј., 1977, Праисториска населба Тумба во село Карамани кај Битола, Maced. acta archaeol. 3, Прилеп
- Симоска Д., 1983/84, Висок Рид. праисториска, повеќеслојна населба (прелиминарен извештај), Зборник на трудови 4-5, Битола
- Срејовић Д., 1957, Критско - микенски симболи у Баденско - вучедолској култури, Жива Антика VII7 - 1, Скопље
- Траичев Г., 1942, Мариово, Софил
- Темелкоски Д. - Миткоски A, 2006, Праисториска населба Могила Сенокос, Масеԁ. acta archaeol. 17 (1999 - 2001), Скопје
- Темелкоски Д. - Миткоски A, 2008, Енеолитски локалитет Големи Камен кај село Лопатица, Масеԁ. acta archaeol. 18 (2002 - 2004), Скопје
- Темелкоски Д. - Миткоски А., 2008а, Доцнонеолитска населба на локалитетот Кутлине кај село Ракле, Maced. acta archaeol. 18 (2002 - 2004), Скопје
- Hochstetter A., 1984, Kastanas, Die Handgemachte Keramik, Prdhistorische Archdologie in Siidoseuropa, Band 3, Berlin
- Цнотливи Е., 1990, Праисториското карпесто живеалиште2 на падините на Маркови Кули, Известаи од работите на мисијата 1984-1988, Warszawa
- Чаусидис Н., 1993, Неколку доцноантички градишта во Мариово, Масеԁ. acta archaeol. 13 (1992), Скопје