Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 415–430
Археолошки истражувања во 2005 година на локалитетот Средсело во село Лажец - Битолско
Содржина
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Битола
АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО 2005 ГОДИНА НА ЛОКАЛИТЕТОТ СРЕДСЕЛО ВО СЕЛО ЛАЖЕЦ - БИТОЛСКО
Селото Лажец се наоѓа околу 15 км јужно од Битола, на надморска висина од 596 м, во близина на граничниот премин „Меџитлија“, кон Грција. На запад од Лажец се планинските потпелистерски села: Острец, Велушина, Кишава, Граешница, на југозапад е Драгош, во рамнината Пелагонија, на север е Породин, на североисток Меџитлија, во соседна Грција на исток е Ники (Негочани) и на југ Агија Параскеви (Св. Петка). Западно од селото Лажец е стариот пат Битола - Лерин, кој ги поврзува потпелистерките села, а на теренот има индиции дека тука минувал воено - трговскиот пат Via Egnatia.
Заради тој пат, просторот околу селото и во селото Лажец во минатото бил културно врзан со древните цивилизации кои цветале, како на исток така и на запад, кои, пак, оставиле трагови од различни времиња. Лажец како населба!1 егзистирала од неолитот до денес.
Локалитетот Средсело?2 или кп 2405, ко Лажец (геометриска точка 440), е сместен на јужната падина на северозападниот (лев) брег од Лажечка Река, т.н. Селска Река, во близина на мостот пред кој се влива Драгошка Река. Мостот го врзува горниот (повисокиот, западен) и долниот (понискиот, источен) дел на селото. Парцелата има површина од 1138 м“ од кои 105 м² биле под џамија.3
На површината од локалитетот“4 беа затекнати две мермерни сполии: капител со димензија 0.85 х 0.85 м и јонска база од столб со дијаметар 0.65 м, како и остатоци од градежен материјал: речен и кршен камен, фрагменти од тули, имбрекси, варов малтер. Поведени од површинските Г. Филиповска Лазаровска, Археолошки истражувања5 ВО 2005 година на локалитетот Средсело... наоди се очекуваше на ова свето место да се открие ранохристијанска градба, врз чии остатоци во првата половина на XIX век бил изграден исламски сакрален објект - џамија.
Како методолошки пристап во археолошките истражувања“ се одбра ров кој се постави по дијагоналата на парцелата (североисток-југозапад) и пет сонди кои се вклопени во квадратна мрежа која се постави со големина на квадрати 5 х 5 м, во правец север-југ. Се сондираше на север каде што теренот има највисока кота (597.26) до најниската на југоисток (596.30). Со истражувањата се доби пресек на стратиграфските слоеви6 за околу 1024 м од парцелата со површина 1138 м?. Се истражуваше до здравица.
Ров 1. Димензии: должина 27 м, ширина 2 м, максимална длабочина 2.50 м. Површината во средината на ровот е највисока, кон североисток и југозапад опаѓа. Од површината во длабочина се одделуваат неколку земјени слоеви, и тоа: првиот е хумусниот слој од 0.00 до 0.20 м, кој наместа го сочинува глинеста тврда земја со светлокафеава боја, а наместа е со потемно кафеава боја измешана со коренчиња од коров. Во него се најдени фрагменти од градежен шут: тули кои се со стандардни димензии 0.23 х 0.12 х 0.5 см, на чија површина се втиснати големи релјефни печатни грчки букви (АУ.К), ознака на работилница за изработка на тули, фрагменти од покривна керамика - ќерамиди т.н. турска керамида, крупни и ситни парчиња од бел варов малтер. Од движни наоди се најдени фрагменти од керамички садови кои припаѓаат на различни периоди од XIV и ран XV век се до XIX и првата половина од XX век,
Најдени се повеќе железни предмети, доста шајки и потковица за коњ"7 која се употребувала во ЗИМСКИ услови. Потковицата е издолжена сплескана железна плочка која ковање е свиткана во полукруг и е сосема затворена. Од страна на врвот (овалот) е заоблена и свиткана нагоре за да не се чуствува болка при одењето. Назад плочката е свиткана надолу со цел за да не се лизга при одење по снег и мраз. Потковицата има 6 дупки. Долга е 14 см, а широка 10 см.
Боева топка“8 (д- 6 см) се употребувала за фрлање од прачка. Војниците-прачкари, вооружени со прачка и боеви топки, дејствувале заедно со стрелците и копјеносците. Изработена е од црвеникав варовник или песочник, камен кој добро се обработува и има сверична форма и добро измазнета површина. Најдени се и во средновекониот град Червен.
Вториот слој е од 0.20 до 0.60 м земја со светлокафеава боја. Во средишниот дел на сондата меѓу 11-от и 17-от метар мерејќи од североисточен профил се откри западниот агол од исласмска сакрална градба - минаре од џамија. Темелот на минарето е широк 2.00 м, изграден е со две лица и полнетица меѓу нив. Употребен е камен, полуобработен, врзан со бел варов малтер. Врз надворешното лице на темелот е зачуван само еден ред од 5ид изработен со тули врзани со бел варов малтер и коса фуга?9 која служела како окапница. Овој ЅНІ од запад кон север продолжува и преминува преку друг темел широк 0.90 м со правец североисток-југозапад, иззидан со речен камен и делумно обработен камен врзан со малтер од кал врз кој се зачувани две нецели хоризоинтални редици од зид во кој се употребени тули со димензии 0.30 х 0.15 х 0.05 м врзани со малтер од кал. Фасадата на зидот била прво малтарена со кал, преку кој бел нанесен втор слој варов малтер. При градењето на двата темели е употребен различен материјал. Меѓусебе не се врзани, варовиот малтер наместа ги исполнува празнините меѓу камењата во темелот со кал, што дава показатели дека темелите не биле едновремено градени. Прво бил изграден темелот со кал, а потоа темелот со вар. ЅНОТ со тули ги обединува двата темели.
Во земјата доминира градежен шут составен од дислоцирани тули од ЅНОТ, фрагментирана т.н. „Ѓупска“ или „турска ќерамида“ со различни димензии, но со слична форма, градежен камен (кршен и речен), два фрагменти од мермер, парчиња од поголеми и помали грутки од врзивен и фасаден бел варов малтер, фрагменти од стакло, железни бруќа (3, 6, 11, 13, 15 см), фрагментирана потковица (ширина 10 см) со полукружен внатрешен простор (4 см), а од керамичките садови кои припаѓаат на доцносредновековна керамика може да се издвојат: фрагмент од тава висока 3 см (8 x 5 x 3 см), која однатре е украсена со зелена глеѓ врз бела енгоба. Грне со рачка, чиј венец е рамно завршен. На вратот под венецот однадвор е извлечен хоризонтален дел од кој излегува рачката, врз кој се потпирал капакот со кој се затворал садот. На рамото се вдлабени две канелури. Внатрешноста, венецот и дел од рачката се глеѓосани со зелена глеѓ без подлога од енгоба.
Третиот слој е длабок од 0.60 до 1.20 м, односно 1.50 м кај темелот од минарето. Земјата има окер до светлокафеава боја, а наместа во североисточниот дел од ровот е констатирана Г. Филиповска Лазаровска, Археолошки истражувања во 2005 година на локалитетот Средсело... изместеност на хоризонталниот слој со вкопување полукружни јами исполнети со градежен материјал. Се најде кружна и елипсеста тула.10
Движен материјал - откриени се фрагменти од керамички садови за домашна употреба кои припаѓаат на подолг временски период од доцниот среден век,11 поточно, најстарите потекнуваат од XIV век" (1.22 м). Фрагмент од стомак на грне со украс изведен со чешлеста алатка во вид на длабоки канелури кој по своите особености на изработка и декорација припаѓа на XIV век. Другиот фрагмент е од венец на византиска зграфито керамика од XTV век, третиот фрагмент е од прстенесто дно на сад од крајот на XIV и почеток на XV век, фрагментот од стомак на сад (XV век); фрагментот од дно од мал сад од почетокот на XVI век. Откриени се железни бруќа. Четвртиот слој е од 1.20 м на југозапад, односно 1.50 м кај темелот од северозападниот ѕид до 2.50 M кај минарето. Земјата е компактна, тврда глина, по боја жолтеникава, без наоди - здравица.
Со истражувањата во длабочина низ третиот и четвртиот слој се откри првиот ред од темелот на минарето кој е фундиран на 2.50 м мерено од површината, додека првиот ред на темелот со малтер од глина (кал), кој е дел од северозападниот зид на џамијата, се појави на 1.50 м.
Во североисточниот дел од ровот (Кв. 4/1), на дллабочина 1.30 м, се откриени гробните јами бр.12 1,? и бр. 2. Нема надземни гробни обележувања и тешко се разликува дното на јамата. Во гробот | се откри скелет положен на плеќи со испружени раце покрај телото. Главата е на запад гледа кон исток. Има отклон кон север. Прилози немаше. Од покојникот во гробот 2 се зачувани само долните екстремитети.
Conga ПЛ
Во северниот, највисокиот дел од парцелата, јужно од селската подавница (колонијал), се постави првата сонда со правец север-југ. Димензии: должина 5.00 м, ширина 2,00 м, а се стигна во длабочна до 1.50 м.
Опис на слоевите - првиот, хумусниот слој е од 0.10 до 0.20 M, кој на места го сочинува глинеста земја со темнокафеава боја, помешана со корења од коров. Во него има фрагменти од тули кои се со стандардни димензии 23 x 12 x 5 см и втиснати релјефни грчки букви, на пример .2.К“ како ознака на работилницата -тулана. Има и многу фрагментирантирана покривна керамика - ќерамиди. Вториот слој е од 0.20 до 0.50 м земјата е со кафеава боја, а на 0.25 м се појави ниво од тврда набиена земја. Во северозападниот агол се појави дел од тесен и плиток темел кој продолжува во северниот и во западниот профил. Од него, на растојание од 3.00 м на истата длабочина, веднаш под површинскиот слој, во близина на Југозападниот агол, се појави друг темелен зид со ширина 0.40 м зидан со две лица споени со малтер од кал. Темелот има ориентација с/и-ј/3 и продолжува под источниот и под западниот профил. Два помали зида излегуваат од него - едниот од северното лице и продолжува под западниот профил, додека вториот излегува од јужното лице и продолжува под источниот профил. Внатрешниот простор меѓу северниот и јужниот зид зафаќа простор од 3.00 м х 1.70 м. Во овој простор на длабочина од 0.25 м се појави тврда набиена земја - подно ниво. Под ова ниво (0.30 м) во средината и во близина на источниот профил доминира градежен шут измешан со многу гареж, пепел, плитар13 (8 х 15 х 30 см) и поголеми или помали парчина од плитар, многу од нив вертикално поставени, и фрагментирани покривни ќерамиди со различни димензии кои ги имаше по целата површина. особено во средишниот дел. Меѓу гарежот се откриени бројни фрагменти од стаклена згура и фрагменти од железна згура, како и фрагменти од керамички садови.
Третиот слој е до 1.20 ми е со окер до светлокафеава боја. Во овој слој беше присутен градежен материјал: распаднат плитар и ќерамида. Во југозападниот агол на сондата се појави друг пошиток темел (0.70 м) со иста ориентација на предходниот, се појави на 0.50 M, но темелен е подлабоко на 1.40 м. Изграден с од речен камен со две лица (надворешно и внатрешно) и полнетица од ситен кршен камен врзан со кал, кој продолжува под западниот и источниот профил.
Четвртиот слој е жолтеникава компактна и тврда глина - здравица, во која нема наоди, а се појави на 1.40 м.
Движен материјал - фрагмени од садови за домашна употреба изработени од глина, кои припаѓаат на доцната средновековна керамика од XIV век. Мал фрагмент од длабока паница, рачки од садови украсени со зелена"“14 глеѓ врз бела енгоба, потоа керамика од поствизантискиот период (XV и XVI век), како и понови кои припаѓаат на османлискиот период.
Мала кружна тока15 или пафта е дел од накит кој се носел околу појасот. Токата е изработена од бронза со леење, има полусверична форма со диаметар 4.7 см. Предната страна е украсена и лесно поткрената во средината, а од опачината има остаток од алка или копец, кој дава Г. Филиповска Лазаровска, Археолошки истражувања во 2005 година на локалитетот Средсело... показатели дека постоел втор дел, кој исто така се завршувал со кука или алка. Украсот е плиток релјеф кој имитира филигран, имитацијата на тордирани телчина кои се групирани: три концентични кругови на периферијата и два околу центарот и затвораат кружно фризно поле во кое е изведен флорален орнамент. Во центарот има розета со пет ливчиња. Делот од кружна пафта најден во Лажец не можеме со сигурност да го датираме, но бидејќи во сондата не е најдена постара керамика од XIV век, долната граница ја врзуваме 3a XIV век, а горната ја врзуваме со втората половина на XVIII и првата половина на XIX век, кога настанала забрзана исламизација на населенисто.16 по што оваа локација престанала да се користи за погребување,17 а останала само свето место каде што подоцна пред 1850 година била изградена џамија.
Сонда П/2
Се наоѓа југоисточно од Сондата18 Ш/1 и е ориентирана во правец север-југ. Сондата се наоѓа на терен кој има изразена косина. Разликата во висината од северниот до јужниот профил изнесува 0.80 м. Димензии на сондата: должина 5.00 м, ширина 2.00 м, а се стигна во длабочина максимално до 2.05 м под северниот профил.
Опис на слоевите - првиот слој е тревен покривач од 0.00 до 0.17 м составен од глинеста земја со светлокафеава боја помешана со корења од коров. Во него има многу фрагменти од кровна ќерамида т.н. „Ѓупска“ или „турска“. Вториот слој е од 0.17 до 0.70 м. Земјата има кафеава боја, во него доминира градежен шут, составен од бројни фрагментирани имбрекси со слична форма, фрагменти од поголеми и помали парчиња плитар. како и фрагменти од керамички садови. На 0.45 до 0.70 м. по целата површина се појавија неколу групирани и поединечни плочести камења, кои поизразено ги има во јужниот дел на сондата. Третиот слој е до 1.80 м. ие со окер до светлокафеава боја. Присутни се фрагменти од градежен материјал, но не со толкав интензитет како во претходниот слој. Откриени се гробните јами ориентани во правец запад-исток со отклон кон север. Главата на покојникот е на запад. Гробот 3 (1.60 M) се наоѓа во средината на сондата и не е целосно истражен, бидејќи од лактите на рацете продолжува под источниот профил. Погребано е дете на 3-4 годишна возраст. Покојникот во Гробот 4 има најсеверна локација во сондата и во истражениот дел на некрополата. И овој скелет не е целосно истражен. Долните екстремитети продолжуваат под североисточниот профил. Во северозападниот агол на сондата, на 0.40 м мерено од површината, има долго
Г. Филиповска Лазаровска, Археолошки истражувања во 2005 година на локалитетот Средсело... (0.60 м) вертикално поставено камено столпче со квадратен пресек,19 кој дава можност да се претпостави дека е нагробна ознака, во случајов, за друг покојник кој би требало да постои под северниот профил. Во гробот 4 е погребан (1.70 м) возрасен маж на 35-40 години кој лежи на плеќи со рацете испружени покрај телото. Заедно со коските од скелетот се откриени и животински коски.20 Гробот 5 (1.90) се наоѓа под истражениот гроб 3. Во него е погребана возрасна жена меѓу 50-55 години. Меѓу коските од скелетот се најдени фрагменти од садови кои датираат во XIV век. Четвртиот слој е здравица со жолтеникава боја, која се појави од 1.85 м, а се работеше до 2.05 м.
Најдени се разновидни предмети.21 железни клинци и фрагменти од садова керамика за домашна употреба, како и фрагменти од луксузна византиска трпезна доцносредновековна керамика со карактеристики кои ја датираат во XIV век, како и венец од паница изработена со луксузната зграфито техника“"?.22 Зачуван е мал дел од украсот на кој се врежани концентрични кругови кои формираат поле кое е исполнето со светлозелена глеѓ врз енгоба“:23 и мал фрагмент од стомак на здела со сјајна зелена глеѓ врз бела енгоба од раниот ХУ век. Фрагменти кои датираат во XVI век, како и фрагменти кои припаѓаат на развиениот османлиски период.
Сонда ГУ/2
Југозападно од Сондата Ш/Л се постави третата сонда со правец север-југ. Сондата се наоѓа на незначително закосен терен. така што разликата во висина од северниот до јужниот профил изнесува 0.20 м.
Димензии: должина 5.00 м. ширина 2.00 м, а се стигна во длабочина до 1.50 м мерено под североисточниот профил.
Опис на слоевите - првиот, тревниот слој, е од 0.00 до 0.15 м составен од глинеста земја со светлокафеава боја помешана со корења од коров. Во него има фрагменти од кровни ќерамиди - имбрекси. Вториот слој земја е до 0.70 м има кафеава боја и во него доминира градежен шут составен од фрагментирана т.н. „ѓупска“ или „турска ќерамида“ со различни димензии, а слична форма. Потоа фрагменти од плитар, како и фрагменти од керамички садови. На 0.50 до 0.70 м во средината на северниот и јужниот профил с истражена јама - секундарно вкопана исполнета со разновиден градежен шут и фрагменти од грчарија. Третиот слој е до 1.20 ми се одликува со посветла кафеава боја. Во него е констатирано дното на истата јама. Бројноста на наодите е слична како и во претходниот слој. Четвртиот слој е до длабочина од 1.50 ми претставува жолтеникава компактна и тврда г. лина, здравица во која нема наоди.
Со истражувањата се добиени следните резултати: на 0.30 м мерено од површината во северозападниот агол се појави темел со две лица внатрешно и надворешно, 5идан со речен камен врзан со малтер од кал, кој има правец на протегање с/3-ј/3. Првиот ред е фундиран на 0.90 м, има зачувана висина од 0.60 м. Темелот продолжува под јужниот и западниот профил.
На спротивната страна во југоисточниот агол на сондата, на 0.75 м мерено од површината се појави темел со две лица ориентиран во правец ј/и-с/и, изработен од речен камен поврзан со малтер од кал. Тој продолжува под источниот и под јужниот профил. Првиот ред од темелот е фундиран подлабоко, на 1.50 м
Движен материјал - фрагменти од садови за домашна употреба изработени од глина кои припаѓаат на XV и XVI век, како и оние кои биле употребувани во развиениот османлиски период. Треба да се издвои мал фрагмент најден на 1.20 м. Тој е увоз, мајолика, украсена со уметнички сликан мотив™24 со кобалт сина боја вкрстени/шрафирани линии кои формираат коцки на бела заднина.
Сонда ГУ/3
Јужно од Сондата ГУ/2 се постави четвртата сонда со правец север-југ. Сондата се наоѓа на речиси рамен терен, така што разликата во висината од северниот до јужниот профил изнесува 0.10 м. Врз површината од оваа сонда беше нанесен насип од земја направен при рамнење на околниот терен со булдожер.25 Димензии: должина 2.50 м, ширина 2.50 м, а се стигна во длабочна максимално до 1.65 м покрај северниот профил. Г. Филиповска Лазаровска, Археолошки истражувања во 2005 година на локалитетот Средсело...
Опис на слоевите - првиот, тревен слој е од 0.00 до 0.10 м составен од глинеста земја со светлокафеава боја помешана со корења од коров. Во него има фрагменти од ќерамиди - имбрекси. Вториот слој е до 0.60 м има кафеава боја во кој има градежен шут, составен од бројна фрагментирана т.н. „Ѓупска“ или „турска ќерамида“, потоа фрагменти од плитар, фрагменти од керамички садови. На длабочина 0.70 до 120 м, почнувајќи од западниот профил, се појавија три големи речни камења групирани во еден ред со правец ј/3-с/и со непозната намена. Третиот слој е до 1.50 м. и е со окер до светлокафеава боја. Во овој слој беа вкопани гробовите: 7, 9, и 11. Четвртиот слој се појави од 1.65 м и претставува жолтеникава компактна и тврда глина - здравица во која нема наоди. Гробовите се ориентирани во правец исток-запад (j/3-c/u). Покојникот во гробот 7 е маж на возраст од 45-50 години (1.20 м) кој лежи на грб, а рацете се испружени покрај телото. Главата, торзото, карлицата и бутните коски се откриени,
потколениците продолжуваат под северниот профил. Врз левото рамо и околу левата страна на скелетот е пронајдена група од собрани“26 човечки коски. Со антрополошката анализа се констатирани скелети и присуство на животински коски. 1, дете на возраст: 7-9 години, 2. е маж. Возраст: 30-35. 3. маж на возраст: 18-20 год. 4. маж на возраст: 45-50. 5. јувенил чиј пол и возраст не се одредени.
Покојникот од гробот 9 се појави на 1.35 м мерено од источниот профил. Има раце прекрстени на стомакот, а десната нога во коленото му е свиткано. Според скелетниот материјал се работи за дете на возраст од 6-7 год. Покојникот од гробот 11 е погребен на 1.50 м меѓу27 гробовите 7 и 9, а долните екстремитети и карлицата не постои.
Движен материјал - во гробовите нема прилози. Фрагменти од садови за домашна употреба изработени од глина се откриени во текот на ископувањето во околниот простор и не се разликуваат од претходните.
Сонда 1/4
Југоисточно од Сондата П/2 се постави петтата сонда со правец север-југ. Сондата се наоѓа на терен речиси рамен. Разликата во висина од северниот до јужниот профил изнесува 0.10 м. Сондата е во близина на реката. Димензии: должина 2.50 м, ширина 2.50 м, а се истражи максимална длабочна до 1.25 м под западниот профил.
Првиот тревен слој с составен од глинеста земја со светло кафеава боја помешана со корења од коров. Во него има фрагменти од кровна керамида-имбрекси. Вториот слој е од 0.15 до 0.60 м. земјата е со кафеава боја, во која има градежен шут, составен од фрагментирани од ТН. „Ѓупска“ или „турска ќерамида“. Најдени се фрагменти од плитар и фрагменти од керамички садови. Во вториот и третиот слој се откри темел со првец ј/3-с/и, кој продолжува под западниот и во аголот на источниот профил. Откриена е должина од 2.70 м темелот има ширина од 0.70 ми е изграден со две лица од речен камен и полнетица од ситен камен, а во средината врзивото е малтер од глина.
Третиот слој е до 1.10 м. Земјата е компактна со окер до светлокафеава боја. Во овој слој беа откриени два нецелосно истражени скелети, а третиот гроб е всушност група од собрани коски од тројца покојници.
Покојниците се погребани во јами вкопани во земја. Ориентацијата е исток-запад со отклон кон север. Покојникот во гробот 6 се појави на длабочина 0.75 до 0.95 м западно од зидот. Овде е погребан млад маж на возраст од 20-25 години со рацете прекрстени во пределот на стомакот. Долните екстремитети му продолжуваат под северниот профил. Гробната јама 8 е ископана источно од зидот кој ја дели сондата по дијагонала (ј/3-с/М) на длабочина 0.95 до 1,20 м. Погребан е возрасен маж на возраст од 45-50 години со телесна висина од 168 см, кој бил погребан во дрвен сандак-киур, од кој се најдени остатоци од вертикална штица од десната страна и мала попречна штица преку долните екстремитети. Левата потколеница е дислоцирана. Рацете му28 се прекрстени во пределот на карлицата. Торзото и черепот продолжуваат под јужниот профил. Гробната јама 10 е вкопана западно, од левото рамо на покојникот во гробот 6 на оклоу 0.30 м. растојание. Со антрополошката анализа се определени остатоци од тројца покојници: дете на 7-9 годишна возраст, два јувенили: едниот од 15-18 години, а вториот е машко на 15-17 години. Дали се целина со покојникот од гроб 6, не може да се тврди. Не се најдени гробни прилози. Четвртиот слој се појави од 1.25 м и претставува жолтеникава компактна и тврда глина, здравица во која нема наоди. Г. Филиповска Лазаровска, Археолошки истражувања во 2005 година на локалитетот Средсело...
Со археолошките истражувањата се откриени делови од објекти кон не се целосно истражени. Остатоците од откриените градби се лоцирани на највисоката кота во парцелата на север (Сонда ІІІ/1), на северозапад (Сонда ГУ/2), каде се заштитени од непостојаните води на широки (0.70 м), може да се очекува дека објектите на коишто им припаѓале по површина биле поголеми. Вторите темели се потесни (0.40) и најверојатно биле помошни објекти. Големиот број вертикално паднати ќерамиди,29 гареж, бројните парчиња од стаклена згура, дава показатели дека тука постоела печка или работилница каде се топело стакло. Бројот на згурата од железо30 исто така дава показатели дека освен стакло тука се преработувало и железо.
Жслезни бруќа - шајки31 се откриени во сите сонди. Употребата на железни клинци укажува на употреба на дрвото во архитектурата. Се употребуваат при градењето или при спојување на дрвени делови од конструкцијата. Повеќето се со четириаголен пресек на остриот дел, помал дел се со тркалезен пресек. Должината им е различна од 3, 6, 11 до 14 см. Некои имаат широки кружни глави. Нивната употреба укажува дека дрвото било користено не само како градежен материјал туку и за внатрешно уредување. Тие биле употребувани за декоративни опкови на врати, мебел, кофчези и др.
Постоењето фрагменти од трпезна луксузна византиска керамика (сликана, зграфито или мајолика украсена со сликан мрежест цртеж со кобалтно сина боја) кои датираат од XIV век, укажува дека тука живееле луѓе кои припаѓале на повисоките класи. Врз основа на употребуваната керамика, остатоците од откриените градби можат да се определата како профани објекти од доцниот среден век кои биле дел од населба која постоела на левиот брег од реката во XIV век.
Откако градбите чии темели се откриени престанле да се употребуваат и се разградиле, истиот простор се користи како некропола. Некрополата се простира на север во Сондата П/2, а на југозапад во Сондата ГУ/3 на исток покрај реката во Сондата 1/4. На југозапад, исто така, имало гробови од кои се најдени само дислоцирани коски во југозападната третина на ровот 1. Овие гробови најверојатно биле уништени во Првата светска војна при копање на ровови. Сите покојници во гробовите се полагани на грб, со главата на југозапад, а гледаат кон североисток во правец на сонцето кое изгрева во лето. Покојниците кои се погребени на западниот дел од парцелата имаат испружени раце покрај телото.32 додека рацете на покојниците кои се погребени на исток се прекрстени во пределот на стомакот или во пределот на карлицата. Покојникот во гробот 8 е погребан во дрвен сандак. Во гробовите не се најдени прилози. Од истражените скелети, седум беа мажи на возраст од 20-25 години, една жена на возраст од 50-55 и осум деца и јувенили од 3-18 години.
Тоа што двата покојника од гробот 6 и гробот 8 се погребани од двете страни на темелот е доказ дека градбата му претходела на погребувањето. Југоисточно од темелот бил погребан покојникот во гробот 8 на поголема длабочина, а северозападно покојникот во гробот 6, а собраните коски во гробот 10 се погребани поплитко. Тоа покажува дека конфигурацијата на теренот на север порано била повисока. Подоцна настанало израмнувањето на теренот.
Најстари пишани извори за историјата на селото Лажец се зачувани во опширните пописни дефтери од ХУ век, поточно, од 1468 година, кои ги водел чиновничкиот апарат на Турската Империја во новоосвоените територии на Балканскиот Полуостров. Во нив се водела евиденција на населението кое плаќало данок по број на семејства и вероисповед. Селото Лажец. кое во 1468 година спаѓало во Битолската нахија го сочинувале вкуно 85 семејства, од кои 80 се христијански. По 14 години во 1481/1482 година во селото Лажец живееле 93 самостојни христијански семејства. Со пописот од 1544/1545 година во селото Лажец опаднал бројот на Г. Филиповска Лазаровска, Археолошки истражувања во 2005 година на локалитетот Средсело... христијански семејства на 62. За првпат во 1760 год. на 21 октомври се споменува дека во селото Лажец, Битолска каза, починал Мустафа Кетхуда Абдулах.33 Тоа значи дека до втората половина на XVIII век населението во с. Лажец било компактно и со единствена христијанска религија.
На просторот од некрополите на кои се погребуваат христијани секогаш постои гробна црква. Веројатно и тука постоела црква посветена на св. Аранѓел, како што е зачувано во преданието на староседелците во с. Лажец. Со појава на новата вероисповед, старите гробишта на кои се погребувале дотогашните христијани биле напуштени како иноверни. Уште тогаш новите припадници на исламот почнале да се погребуваат на парцелата од денешните муслимански гробишта. Меѓутоа, старата локација на некрополата им останала во сеќавање како свето место. Бидејќи Куранот нема забрана да изгради џамија на иноверно светилиште, подоцна на ова место е изградена џамија која во 1850 година веќе се споменува во официјални документи.
Доколку се преземат понатамошни истражувања на оваа локација, откриените темели и зидови од плитар кои денес се одвоени од целината со систематски истражувања ќе станат целини од објекти кои имале своја намена дел од населба за која ќе добиеме појасна слика, како за објектите така и за семејствата и нивното секојдневно живеење во XIV век, без да се исклучат поновите историски периоди.
Гордана Филиповска Лазаровска
GORDANA FILIPOVSKA LAZAROVSKA
National Institute for Monument Protection and Museum - Bitola
EXCAVATIONS AT THE SITE SREDSELO - VILLAGE OF LAZEC, BITOLA
Белешки
- Археолошка карта, том II, 1996, 34, 6p. 53 е евидентиран локалитетот Тумба, праисториска населба. на североисточната периферија на селото покрај брегот на Лажечка Река, пречник 40 x 40 mM, височина 2.20 м. ↩
- Околните семејства, староседелци, локацијава Средсело ја именуваат Црква Св. Аранѓел; Стара црква во средината на селото споменува британскиот конзул во Битола, Чарлс Калверт во писмо од 24 декември 1866 година, за која христијанското население добило дозвола од султанот да се обнови, Британски документи, том 4, 2003, стр. 167-169, документ бр. 29: Лажец се споменува во Турски документи од XV7 век, том II, 1973, стр. 156: Турски документи, том Ш 3a XVI век; Турски документи, том IV, 3a XVII век, Скопје 1972; Битолски кадиски документи-Сиџил бр. 8 за XVII век; Сиџил бр. 55 за XVIII век, Архив на Битола, необјавени преводи. ↩
- Во Битолски кадиски сиџил бр.106 3a XIX век се споменува џамија во 1850 Во с. Лажец: Во катастарскиот предмер ко Лажец од 1932 г. постои парцелата и џамијата. Исто така види фонд: Српски документи 1932; Поседовен лист од 1932, издаден од Државен завод за геодетски работи-Битола. ↩
- Согласно член 67 од Законот за заштита на културното наследство (Сл. весник на P. M, бр. 20/04) Управата за заштита на културното наследство - Скопје, орган во состав на Министерството за култура на рм. на ден 14.07.2005 г. со документ бр. 08-1025/8 донесе Решение за привремено запирање на работите за изградба на нов објект. ↩
- Археолошките истражувања се интервентни и заштитни. Екипа: Раководител: дипл. археолог Гордана Филиповска Лазаровска, советник кустос, дипл. истор. на уметност и археолог Жанета Мицковска, на сектор, д.и.а. Зоран Николовски. документатор; д.и.а. Зоран Алтипармаков, техничка документација, Славе Стојановски, фотограф, Ирина Талевска, конзерватор за метал, Е. Димовски, виш конзерватор за керамика, дипл. историчар на уметност, Радмила Петкова, советник - стручен консултант за исламска архитектура; Димитар Лазаровски, студент по информатика, за компјутерска обработка: Сашко Ѓорговски, геометар, скелетниот материјал од гробовите го обработи Мимица Веловска - поздипломец, која на 19 Симпозиум на манд во Делчево прочита реферат (ментор д-р Фаница Вељановска, антрополог од Музејот на Македонија, Скопје), д-р Бранислав Ристевски, археолог, специјалист за керамика, директор на Институтот за проучување на старословенската култура-Прилеп, изврши експертиза на пронајдените керамички фрагменти. ↩
- Се утврди постоење населба и некропола од доцен среден век и исламски сакрален објект-џамија од прва половина на XIX век, се определи северозападната и источната граница на некрополата, со тоа се обезбедија релевантни податоци, сознанија и материјални вредности од значење за натамошното задржување на статусот на заштитено добро. ↩
- Николова Я., том 2, 1974, 311, 321 обр 122, 313. ↩
- Николава Я., том 2, 1974, 296 обр 107, ↩
- Ракоција М., 1991, 20, нап. 55. Ваквите коси фуги со улога на окапници се сочувале како градежна традиција која на овие простори се користела под влијание на Византија уште во X! век и подоцна во доцниот среден век во сакралните градби. ↩
- е Веројатно се дел од вертикалата која е конструктивен елемент со кој се фиксираат кружните скалила во минарето. Е ↩
- Георгиева С.. том 2, 1974, 120-140: Чангова U., том III, 1992, 92. ↩
- Скелетниот материјал од гробот 1 и гробот 2 не е испратен на антрополошка анализа, бидејќи беа оставени на терен заради увид на Комисија формирана од Управата за заштита на културното наследство. По извршениот увид (21.12.2005) коскениот материјал е покриен со земја. ↩
- Локалното население ги вика „грутки“. ↩
- Георгиева С.. том 2, 1974, 134, обр 86. ↩
- Токата-пафта е најдена на длабочина 0.95 м. на растојание од 1.30 м. мерено ол северниот и на 0.60 м. од западниот профил. Георгиева С, том 2, 1974, 396, 398, обр.3, С. Георгиева, напоменува дека во ископувањата на други некрополи и во други објскти кои датираат од епохата на Втората држава се наоѓани пафти, кои покажуваат дека употребата на тој вид на токи веќе бил познат во тоа време. Георгиева С.Том 2,1974, 146-148; Капцова И., том III, 1992. 116. фр. со кафеава боја. ↩
- Axmapos Г, Codus 2002, 21-22. „...След приемането на ислама те срответно са сменали и местата на погребение, защото при мюслюманите е забранено погребването в гробищата на иноверци. Аналогични изоставени гробиша не се срешат при други народи...“. ↩
- Гробиштата на кои се погребува месното муслиманско население. од втората половина на XVIII и XIX век исто како во BG. 4 и денес се наоѓаат надвор од селото на аголот што го прават два патишта, едниот е Битола =Сс. Драгош, вториот е кон c. Граешница. ↩
- S Можно е тука да минувала линијата на ровот во Првата светска војана (1916-1918). ↩
- Два исти вакви вертикални камени столбчиња со квадратен пресек се откриени во ровот 1. Првиот во аголот на северозападниот профил. а вториот во самиот профил. Со истражувањата не се откриени остатоци од погребување. Затоа може да се претпостави дека тука за време на Првата светска војна имало ровови, а овие камени столбчиња најверојатно биле дел од ограда на одбранбен појас. ↩
- Попатнина е обичај да се става храна со покојникот практикуван кај Словените кога биле пагани. ↩
- Во сите сонди во првиот слој и дел во вториот се најдени предмети употребувани во Првата световна војна, како, на пример, амбалажа од прехранбени продукти: конзерви, чаури од муниција и др. ↩
- Георгиева C., 1974, 134. ↩
- Чангова И том Ш, 1992, 90 110. ↩
- Георгиева С.том 2,1974, 146-148; Чангова И. том Ш, 1992, 110. фр. со кобалт сина боја. ↩
- По кажување на мештаните. ↩
- На локалитетот Горно Маало - Битола (2007) се вршени заштитни археолошки истражувања и се откриени гробовите 1 и 2, чија гробна јама е вкопана во карпа. Од левата страна на скелетот во пределот на рамото се најдени собрани коски од претходните покојници. Извештај од истражувањата доставен во Управата за заштита на културното наследство – Скопје. ↩
- Во селото повеќето постари куќи во кои и денес се живее имаат иста ориентација, види ко Лажец 1932 и 1965 година . ↩
- Во селото, како и во други полски села како основен градежен материјал е користена глина за правење плитар. И денес, но се поретко, куќите за живеење и помошните објекти се изградени од плитар, врз темел кој е повисок од површината на дворот во висина меѓу 0.30 до 0.40 м. ↩
- Во селото Лажец, во дворното место на куќата со бр. 43 (изградена во 1918 год.) има помошен објект, летна кујна, во кој има фурна за печење леб. Делот кој се користел за печење завршен со купола која е направена од вертикално поставени ќерамиди наредени во круг. ↩
- На местото на денешната продавница за прехрамбени продукти која се наоѓа на север од парцелата во која се истражува пред 30 години постоела ковачница во која работел селскиот ковач. ↩
- Николова A., 1974, 248 обр 71 и 249 обр 72 ↩
- Jelovina D, 1976, 126, TLXXX, на лок. Скрадин-Смрдалје во VIII, IX-X] Век има покојници кои се погребани со рацете покрај телото. ↩
- Сицил бр. 55, лист 620, 195, името Абдулах обично го добива потурченик, и е еден од првите христијани кон ТО примиле исламот. ↩
Summary
Excavations at the Site Sredselo - Village of Lažec, Bitola
During the archaeological excavations parts of structures were discovered. The remains of the discovered buildings are on the highest level in the parcel to the north (trench III/1) and to the northwest (trench IV/2), protected from the waters of the mountain river. To the east the structure from trench 1/4 is at the lowest level of the parcel, by the river. The remains of the foundations have an orientation northeast - southwest. All the foundations are built of stone, while the upper parts were built with mudbricks. The other two foundations (0,70 m) are wider and are located in the trenches Ш/1 and I/4. They were probably part of residential structures. The second foundations are narrower and probably belonged to auxiliary buildings. The large number of roof tiles, many pieces of glass waste suggests that there could have been a furnace or a workshop where glass was melted. The amount of metal slag also indicates that besides glass, metal was also worked in the structure.
The remains of the uncovered buildings can be distinguished as profani gradbi in the late medieval period, and they were a part of the settlement which existed on the left bank of the river.
After the buildings in the settlement were abandoned, the area was used as a cemetery. A part of the northern necropolis was found in trench II/2, to the southwest in trench IV/3, and to the east by the river in trench 1/4. To the southwest bones from the graves were found in the southwestern third of ditch 1. These graves were destroyed by the digging of ditches during World War I. All the deceased were placed on their backs, with the head to the southwest. The hands of the deceased buried to the west were outstretched alongside the body, while those buried to the east had their arms crossed in the area of the stomach. The deceased in grave 8 was buried in a wooden coffin. No offerings were found in the graves. The skeletons found are as follows: seven of them were men (20 - 50 years), one of them was a woman (50 - 55 years), eight children and juveniles (3 - 18 years).
The oldest written sources for the history of the village of Lazec are in the Turkish defteri from the 15th century AD, precisely from 1468. In the defteri all the villagers who paid taxes were recorded as to the number of family members and their religious beliefs. It is written that 80 Christian families lived in the village. For the first time on 21 October 1760, it is mentioned that in the village Mustafa Kethuda Abdulah, a high Turkish official, died. This shows that a part of the villagers changed their religion, and because of this, the necropolis was abandoned. In the memory of the Muslims from the village, the location is a sacred one. Because the Koran doesn’t forbid building a mosque on another sacred place, the mosque was probably built in 1850, when it is mentioned for the first time. During the excavations the western corner of the mosque was discovered.
If thorough systematic archaeological excavations are carried out in the future, the stone and mudbrick walls would be attached to buildings, and we would get a more complete picture of the type and the function of the buildings and of everyday life in the 14th century AD. Г. Филиповска Лазаровска, Археолошки истражувања во 2005 година на локалитетот Средсело...
Библиографија
- Археолошка карта на Р Македонија, том И, Скопје 1996
- Ахмеров Г., 2002. История на Волжка България, Булгар тарихъ, София, 2002, второ издание, (превод и коментар Татяна Яруллина библиотека “Елбеген", Издателска къща (ИК) “Огледало", (Гайнетдин Ахмеров, Булгар тарихъ. Казан 1909) Битолски кадиски сиџил - Сиџил бр. 8, - Битолски кадиски судски документи за XVII век- сиџил бр. 8, Архив на Битола, необјавен превод Битолски кадиски сиџил, бр. 55. - Битолски кадиски судски документи за XVIII вексиџил бр. 55, Архив на Битола, необјавен превод Битолски кадиски сицил бр. 106. - Битолски калиски сицил бр. 106 за 19 век, Архив на Битола, необјавен превод Британски документи, том 4, 2003. Британски документи за историјата на Македонија, том 4, (1857-1885), Скопје 2003, документ бр. 29
- Георгиева C., 1974. Керамиката от двореца на Царевец, Царевград Тернов, Дворецет на белгарските царе през втората българска държава, (Керамика. битови предмети и въоръжание, накити и текани), том 2, Софи, 1974, ван, 7-186
- Георгиева C., 1974, Накити и части тъкани от двореца на Царевец. Царевград Търнов, Дворецът на българските царе през втората българска държава, том 2. София, 1974, BAN, Jelovina D., 1976, Starohrvatske nekropole па podrucju izmedju rijeka Zrmanje i Setine, Split 1976
- Николова 4., 1974, Домашният бит и въоръжанието в двореца на Царевец според археологическия материал. Царевград Търнов, том 2, София, 1974, BAN. 187-386
- Ракоција M., 1991, Црква у Горњем Матејевцу2 код Huma, Саопштења ХХІІ-ХХІІ, Београд 1990-1991, Српски документи за 1932. Српски документи од 1920-1940 г. за 1932 година постои џамија, Архив на Битола, необјавени Турски документи том II, 1973. Турски документи за историјата на македонскиот народ, оширните пописни дефтери од XV7 век, том II, Скопје 1973 Турски документи том III, 1972. Турски документи за историјата на македонскиот народ, оширните пописни дефтери од XVI век, Tom Ш, Скопје 1972 Турски документи том IV, 1972. Турски документи за историјата на македонскиот народ, оширни пописни дефтери од XVII век, том IV, Скопје 1972
- Чангова I, 1992, Перник, том III, Крепоста Перник (VIII –XIV7 в.,) София, 1992